интерпол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/interpol/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 11:53:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интерпол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/interpol/ 32 32 Тошковски на средба со претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал-Раиси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-na-sredba-so-pretsedatelot-na-interpol-ahmed-naser-al-raisi/ Tue, 26 Nov 2024 11:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=841881

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски работната посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати ја искористи за средба со претседателот на Интерпол Ахмед Насер Ал-Раиси.

Како што соопштуваат од МВР, на средбата се разговарало за поефикасно користење на базите на податоци на Интерпол со цел поефикасна борба со транснационалниот криминал во сите негови облици, поддршка на прекуграничните заеднички истраги и континуираност на обуките.

Со претседателот Раиси се сложивме дека заедничка е одговорноста за сериозен пристап во полициското делување и подготвеноста за справување со сите идни предизвици. Изминатите 30 години, преку членство во најголемата светска полициска организација, се сведоштво на нашата посветеност и подготвеност за активна глобална полициска соработка и борба против криминалот и корупцијата, потенцираше министерот Тошковски.

The post Тошковски на средба со претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал-Раиси appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски работната посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати ја искористи за средба со претседателот на Интерпол Ахмед Насер Ал-Раиси. Како што соопштуваат од МВР, на средбата се разговарало за поефикасно користење на базите на податоци на Интерпол со цел поефикасна борба со транснационалниот криминал во сите негови облици, поддршка на прекуграничните заеднички истраги и континуираност на обуките.
Со претседателот Раиси се сложивме дека заедничка е одговорноста за сериозен пристап во полициското делување и подготвеноста за справување со сите идни предизвици. Изминатите 30 години, преку членство во најголемата светска полициска организација, се сведоштво на нашата посветеност и подготвеност за активна глобална полициска соработка и борба против криминалот и корупцијата, потенцираше министерот Тошковски.
 
The post Тошковски на средба со претседателот на Интерпол, Ахмед Насер Ал-Раиси appeared first on Република.

]]>
Мега-операција на Интерпол во 116 земји, уапсени 2500 лица меѓу кои Албанци и Македонци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mega-operatsija-na-interpol-vo-116-zemji-uapseni-2500-litsa-megu-koi-albantsi-i-makedontsi/ Wed, 06 Nov 2024 21:45:18 +0000 https://republika.mk/?p=834945

Интерпол финализираше мега операција во која се уапсени 2.500 лица поврзани со мафијата и организираниот криминал. Операцијата „Либерта II“ била спроведена во 116 земји и територии, во периодот од 29 септември до 4 октомври, а финализирана на 5 ноември, вклучувајќи ја Албанија и Македонија, објави Ора њуз.

Оваа операција на Интерпол е преземена во рамки на акцијата за борба против трговијата со луѓе.

-Интерпол успеа да спаси 3.222 потенцијални жртви, меѓу кои малолетници принудени да работат на фарми во Аргентина, мигранти во ноќни клубови во Албанија и во Македонија, питачи во Ирак, домашни работници на Блискиот Исток, додава телевизијата.

Операцијата овозможи да се откријат онлајн центрите за измами кои ги експлоатираат жртвите на трговија со луѓе. Поточно на Филипините, полицијата упадна во магацин каде што повеќе од 250 луѓе, главно Кинези, биле вклучени во измама.

The post Мега-операција на Интерпол во 116 земји, уапсени 2500 лица меѓу кои Албанци и Македонци appeared first on Република.

]]>

Интерпол финализираше мега операција во која се уапсени 2.500 лица поврзани со мафијата и организираниот криминал. Операцијата „Либерта II“ била спроведена во 116 земји и територии, во периодот од 29 септември до 4 октомври, а финализирана на 5 ноември, вклучувајќи ја Албанија и Македонија, објави Ора њуз. Оваа операција на Интерпол е преземена во рамки на акцијата за борба против трговијата со луѓе. -Интерпол успеа да спаси 3.222 потенцијални жртви, меѓу кои малолетници принудени да работат на фарми во Аргентина, мигранти во ноќни клубови во Албанија и во Македонија, питачи во Ирак, домашни работници на Блискиот Исток, додава телевизијата. Операцијата овозможи да се откријат онлајн центрите за измами кои ги експлоатираат жртвите на трговија со луѓе. Поточно на Филипините, полицијата упадна во магацин каде што повеќе од 250 луѓе, главно Кинези, биле вклучени во измама.

The post Мега-операција на Интерпол во 116 земји, уапсени 2500 лица меѓу кои Албанци и Македонци appeared first on Република.

]]>
Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/priznanie-od-interpol-za-makedonskata-politsija-za-uchestvo-vo-globalnata-aktsija-liberterra-ii/ Wed, 06 Nov 2024 13:57:58 +0000 https://republika.mk/?p=834809

Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно, професионално и посветено преземаа мерки во рамки на операцијата LIBERTERRA II на ИНТЕРПОЛ, која беше промовирана во текот на Генералното собрание во Глазгов, Обединетото Кралство, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

На почетокот на октомври 2024 година, МВР беше домаќин на Европскиот оперативен штаб, воспоставен во рамки на меѓународната операција LIBERTERRA II, координирана од страна на ИНТЕРПОЛ, со учество на 116 држави од светот.

Глобалната операција беше насочена кон идентификување, откривање и сузбивање на криминалните групи кои се инволвирани во криумчарење мигранти, трговија со луѓе и други поврзани криминални активности.

Во текот на оперативните активности на LIBERTERRA II, покрај присуство на државите од Европскиот регион, од особено значење беше и присуството на обвинители од регионот, со цел координирање на заедничките оперативни случаи на трговија со луѓе и илегална миграција. Преку координиран пристап на сите релевантни служби на национално ниво пред се, а потоа и на регионално и меѓународно ниво, оваа операција забележа значителни успеси и доведе до реализација на зацртаните цели, велат од МВР.

Во рамки на сите фази, пред-оперативната, оперативната и пост-оперативната фаза, спроведени биле акциски контроли и извршени детални проверки на лица, возила и документи, како и HOTSPOT операција со присуство на претставници од Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ во прифатните центри за илегални мигранти.

Откриени се значителен број на мигранти, најмногу со потекло од Сирија, Палестина и Египет, а за одбележување се успешно реализираните случаи на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, меѓу кои се вбројуваат разбивањето на една од позначајните мрежи за криумчарење мигранти во државата, полициска операција под кодно име „Кипер“, при што од слобода беа лишени седум осомничени лица, членови на организирана криминална група за криумчарење мигранти од Сирија, Конго, Ирак, Нигерија, преку територијата на Македонија во Србија, како полициската операција „Шипка”, при што разбиена е организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, при што беа лишени 13 лица, а откриени 35 странски државјанки од Украина, Русија, Србија, Молдавија, Албанија, Колумбија и Македонија, соопштува МВР.

Потенцираат дека во нашиот регион, сè уште се активни предизвиците поврзани со мигрантската криза, а криумчарењето мигранти останува еден од најатрактивните криминални пазари.

И покрај фактот што обидите за илегално транзитирање низ нашата држава се со намален тренд, транзитната западно балканска рута и понатаму останува активна, чија флексибилност се користи од криумчарите за креирање нови модуси, со употреба на софистицирани технолошки средства. Меѓународната соработка и учеството на нашата држава во оперативните активности координирани од страна на ИНТЕРПОЛ говори за нашата целосна посветеност за соработка, спроведување меѓународни истраги, како и развивање на механизми за брза размена на информации. Нашите секојдневни заложби за позиционирање на македонската полиција во релевантен фактор во борбата против меѓународниот криминал се видливи и препознаени од страна на нашите партнери, велат од МВР.

The post Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II appeared first on Република.

]]>

Огромно признание за македонската полиција која рамо до рамо со полициите од преку 116 земји низ светот, успешно, професионално и посветено преземаа мерки во рамки на операцијата LIBERTERRA II на ИНТЕРПОЛ, која беше промовирана во текот на Генералното собрание во Глазгов, Обединетото Кралство, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. На почетокот на октомври 2024 година, МВР беше домаќин на Европскиот оперативен штаб, воспоставен во рамки на меѓународната операција LIBERTERRA II, координирана од страна на ИНТЕРПОЛ, со учество на 116 држави од светот. Глобалната операција беше насочена кон идентификување, откривање и сузбивање на криминалните групи кои се инволвирани во криумчарење мигранти, трговија со луѓе и други поврзани криминални активности.
Во текот на оперативните активности на LIBERTERRA II, покрај присуство на државите од Европскиот регион, од особено значење беше и присуството на обвинители од регионот, со цел координирање на заедничките оперативни случаи на трговија со луѓе и илегална миграција. Преку координиран пристап на сите релевантни служби на национално ниво пред се, а потоа и на регионално и меѓународно ниво, оваа операција забележа значителни успеси и доведе до реализација на зацртаните цели, велат од МВР.
Во рамки на сите фази, пред-оперативната, оперативната и пост-оперативната фаза, спроведени биле акциски контроли и извршени детални проверки на лица, возила и документи, како и HOTSPOT операција со присуство на претставници од Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ во прифатните центри за илегални мигранти.
Откриени се значителен број на мигранти, најмногу со потекло од Сирија, Палестина и Египет, а за одбележување се успешно реализираните случаи на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, меѓу кои се вбројуваат разбивањето на една од позначајните мрежи за криумчарење мигранти во државата, полициска операција под кодно име „Кипер“, при што од слобода беа лишени седум осомничени лица, членови на организирана криминална група за криумчарење мигранти од Сирија, Конго, Ирак, Нигерија, преку територијата на Македонија во Србија, како полициската операција „Шипка”, при што разбиена е организирана криминална група за посредување во вршење проституција и илегална трговија со дрога, при што беа лишени 13 лица, а откриени 35 странски државјанки од Украина, Русија, Србија, Молдавија, Албанија, Колумбија и Македонија, соопштува МВР.
Потенцираат дека во нашиот регион, сè уште се активни предизвиците поврзани со мигрантската криза, а криумчарењето мигранти останува еден од најатрактивните криминални пазари.
И покрај фактот што обидите за илегално транзитирање низ нашата држава се со намален тренд, транзитната западно балканска рута и понатаму останува активна, чија флексибилност се користи од криумчарите за креирање нови модуси, со употреба на софистицирани технолошки средства. Меѓународната соработка и учеството на нашата држава во оперативните активности координирани од страна на ИНТЕРПОЛ говори за нашата целосна посветеност за соработка, спроведување меѓународни истраги, како и развивање на механизми за брза размена на информации. Нашите секојдневни заложби за позиционирање на македонската полиција во релевантен фактор во борбата против меѓународниот криминал се видливи и препознаени од страна на нашите партнери, велат од МВР.
 
The post Признание од ИНТЕРПОЛ за македонската полиција за учество во глобалната акција LIBERTERRA II appeared first on Република.

]]>
Жена барана од Интерпол уапсена на „Табановце“, Косовар се обидел да ѝ избега на полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-barana-od-interpol-uapsena-na-tabanovtse-kosovar-se-obidel-da-izbega-na-politsijata/ Mon, 21 Oct 2024 10:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=829388

Две лица барани од Интерпол вчера биле уапсени на македонските гранични премини.

Во првиот случај, во 12.45 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.К.(40) од Косово затоа што при извршена проверка констатирано било дека евидира со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Австрија.

З.К. се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Во исто време на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода И.К.(35) од Словачка, затоа што при извршена проверка било констатирано дека била барана од Интерпол–Словачка.

Таа била предадена на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

The post Жена барана од Интерпол уапсена на „Табановце“, Косовар се обидел да ѝ избега на полицијата appeared first on Република.

]]>

Две лица барани од Интерпол вчера биле уапсени на македонските гранични премини. Во првиот случај, во 12.45 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.К.(40) од Косово затоа што при извршена проверка констатирано било дека евидира со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Австрија. З.К. се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Тетово за понатамошна постапка. Во исто време на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода И.К.(35) од Словачка, затоа што при извршена проверка било констатирано дека била барана од Интерпол–Словачка. Таа била предадена на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

The post Жена барана од Интерпол уапсена на „Табановце“, Косовар се обидел да ѝ избега на полицијата appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин баран по потерница од Интерпол уапсен во Солун https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzhavjanin-baran-po-poternitsa-od-interpol-uapsen-vo-solun/ Fri, 18 Oct 2024 09:56:16 +0000 https://republika.mk/?p=828399

41-годишен македонски државјанин е уапсен од страна на грчката полиција во Солун. Против него била распишана црвена потерница од Интерпол. Потерницата била издадена затоа што додека издржувал вкупно 14 години и 9 месеци затвор за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот и не се вратил.

– 41-годишен странски државјанин приложил лажен идентитет. При полициската проверка е утврдено дека организирал и нелегално повторно влегување на свој сограѓанин во земјата. Интерпол против него издала црвена потерница бидејќи додека отслужувал вкупна затворска казна од 14 години и 9 месеци за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот на соседната земја и не се вратил – соопшти Генералната полициска управа на Солун.

При извршените полициски проверки во текот на вчерашниот ден во Солун грчката полиција уапси вкупно седум лица за различни кривични и прекршочни дела, објавија грчките медиуми.

Уапсените ќе бидат спроведени до надлежните судски органи, а полициските проверки продолжуваат систематски и секојдневно.

The post Македонски државјанин баран по потерница од Интерпол уапсен во Солун appeared first on Република.

]]>

41-годишен македонски државјанин е уапсен од страна на грчката полиција во Солун. Против него била распишана црвена потерница од Интерпол. Потерницата била издадена затоа што додека издржувал вкупно 14 години и 9 месеци затвор за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот и не се вратил.
– 41-годишен странски државјанин приложил лажен идентитет. При полициската проверка е утврдено дека организирал и нелегално повторно влегување на свој сограѓанин во земјата. Интерпол против него издала црвена потерница бидејќи додека отслужувал вкупна затворска казна од 14 години и 9 месеци за измама, разбојништво, тешки телесни повреди и трговија со дрога, добил неколкудневно отсуство од затворот на соседната земја и не се вратил – соопшти Генералната полициска управа на Солун.
При извршените полициски проверки во текот на вчерашниот ден во Солун грчката полиција уапси вкупно седум лица за различни кривични и прекршочни дела, објавија грчките медиуми. Уапсените ќе бидат спроведени до надлежните судски органи, а полициските проверки продолжуваат систематски и секојдневно.

The post Македонски државјанин баран по потерница од Интерпол уапсен во Солун appeared first on Република.

]]>
Во Улцињ пронајдено БМВ, вредно 150.000 евра што го бара Интерпол https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-ultsin-pronajdeno-bmv-vredno-150-000-evra-shto-go-bara-interpol/ Sun, 14 Jul 2024 10:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=796599

Постапувајќи по оперативни сознанија дека на територијата на општина Улцињ има патничко моторно возило од висока класа, за кое постои сомнение дека е предмет на претрес, полициските службеници од Одделението за безбедност Улцињ дознале дека наведеното возило се наоѓа во областа Велика Плажа.

Возило БМВ со словенечки регистарски таблички било пронајдено при обиколка на паркингот во споменатиот простор.

Преку НЦБ Интерпол Братислава, извршени се проверки, при што е потврдено дека меѓународната потрага по возилото е на сила, а сопственик на возилото е Ф.Г., словенечки државјанин.

Вредноста на возилото е околу 150.000 евра, а во врска со истото ќе бидат извршени потребните проверки и вештачења.

The post Во Улцињ пронајдено БМВ, вредно 150.000 евра што го бара Интерпол appeared first on Република.

]]>

Постапувајќи по оперативни сознанија дека на територијата на општина Улцињ има патничко моторно возило од висока класа, за кое постои сомнение дека е предмет на претрес, полициските службеници од Одделението за безбедност Улцињ дознале дека наведеното возило се наоѓа во областа Велика Плажа. Возило БМВ со словенечки регистарски таблички било пронајдено при обиколка на паркингот во споменатиот простор. Преку НЦБ Интерпол Братислава, извршени се проверки, при што е потврдено дека меѓународната потрага по возилото е на сила, а сопственик на возилото е Ф.Г., словенечки државјанин. Вредноста на возилото е околу 150.000 евра, а во врска со истото ќе бидат извршени потребните проверки и вештачења.

The post Во Улцињ пронајдено БМВ, вредно 150.000 евра што го бара Интерпол appeared first on Република.

]]>
Албанец баран од Интерпол уапсен на „Блаце“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/albanets-baran-od-interpol-uapsen-na-blatse/ Fri, 17 May 2024 11:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=779162

Вчера во 21.55 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(26) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка апси по барање на Интерпол – Париз, Франција.

Лицето било спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

The post Албанец баран од Интерпол уапсен на „Блаце“ appeared first on Република.

]]>

Вчера во 21.55 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(26) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка апси по барање на Интерпол – Париз, Франција. Лицето било спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.  

The post Албанец баран од Интерпол уапсен на „Блаце“ appeared first on Република.

]]>
Маж од Студеничани со украден џип од Италија се обидел да влезе во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-od-studenichani-so-ukraden-dhip-od-italija-se-obidel-da-vleze-vo-makedonija/ Thu, 28 Mar 2024 11:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=759717

Вчера во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Р.(39) од с.Црн Врв, општина Студеничани.

При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидирало во базата на Интерпол како украдено, соопшти МВР.

Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Маж од Студеничани со украден џип од Италија се обидел да влезе во Македонија appeared first on Република.

Во Драч уапсен 45-годишен македонски државјанин баран од Интерпол https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-drach-uapsen-45-godishen-makedonski-drzhavjanin-baran-od-interpol/ Tue, 10 Oct 2023 10:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=689833

Во пристанишниот град Драч, албанската полиција уапсила 45-годишен македонски државјанин, при обид да ја напушти Албанија со пасош на српски државјанин.

По деталните проверки извршени од страна на полицијата, во соработка со Интерпол Тирана, се потврди дека лицето Џенгиз Сејди алијас Џенгиз Исеини се бара од органите на РСМ, откако од страна на Обвинителството е одредена безбедносна мерка затворски притвор за сторено кривично дело „убиство“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека Интерпол Тирана во соработка со македонските колеги ги продолжува процедурите за екстрадиција на уапсеното лице.

Полицијата предупредува дека покрај секојдневните заложби за обезбедување квалитетна услуга на граѓаните кои влегуваат/излегуваат од земјата, службите на граничната полиција на пристаништето Драч имаат „засилени контроли и проверки, со цел да ги спречат граѓаните на кои им е сигнализирано дека се бараат и се обидуваат да влезат или да влезат надвор од овој граничен премин“.

The post Во Драч уапсен 45-годишен македонски државјанин баран од Интерпол appeared first on Република.

Се додава дека Интерпол Тирана во соработка со македонските колеги ги продолжува процедурите за екстрадиција на уапсеното лице. Полицијата предупредува дека покрај секојдневните заложби за обезбедување квалитетна услуга на граѓаните кои влегуваат/излегуваат од земјата, службите на граничната полиција на пристаништето Драч имаат „засилени контроли и проверки, со цел да ги спречат граѓаните на кои им е сигнализирано дека се бараат и се обидуваат да влезат или да влезат надвор од овој граничен премин“.  

The post Во Драч уапсен 45-годишен македонски државјанин баран од Интерпол appeared first on Република.

]]>
Во Драч уапсен македонски државјанин баран од Интерпол https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-drach-uapsen-makedonski-drzhavjanin-baran-od-interpol/ Tue, 10 Oct 2023 10:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=689828

Во пристанишниот град Драч, албанската полиција уапсила 45-годишен македонски државјанин, при обид да ја напушти Албанија со пасош на српски државјанин.

- По деталните проверки извршени од страна на полицијата, во соработка со Интерпол Тирана, се потврди дека лицето Џенгиз Сејди алијас Џенгиз Исеини се бара од органите на РСМ, откако од страна на Обвинителството е одредена безбедносна мерка затворски притвор за сторено кривично дело „убиство“, стои во полициското соопштение.

Се додава дека Интерпол Тирана во соработка со македонските колеги ги продолжува процедурите за екстрадиција на уапсеното лице.

Полицијата предупредува дека покрај секојдневните заложби за обезбедување квалитетна услуга на граѓаните кои влегуваат/излегуваат од земјата, службите на граничната полиција на пристаништето Драч имаат „засилени контроли и проверки, со цел да ги спречат граѓаните на кои им е сигнализирано дека се бараат и се обидуваат да влезат или да влезат надвор од овој граничен премин“.

The post Во Драч уапсен македонски државјанин баран од Интерпол appeared first on Република.

]]>

Во пристанишниот град Драч, албанската полиција уапсила 45-годишен македонски државјанин, при обид да ја напушти Албанија со пасош на српски државјанин. - По деталните проверки извршени од страна на полицијата, во соработка со Интерпол Тирана, се потврди дека лицето Џенгиз Сејди алијас Џенгиз Исеини се бара од органите на РСМ, откако од страна на Обвинителството е одредена безбедносна мерка затворски притвор за сторено кривично дело „убиство“, стои во полициското соопштение. Се додава дека Интерпол Тирана во соработка со македонските колеги ги продолжува процедурите за екстрадиција на уапсеното лице. Полицијата предупредува дека покрај секојдневните заложби за обезбедување квалитетна услуга на граѓаните кои влегуваат/излегуваат од земјата, службите на граничната полиција на пристаништето Драч имаат „засилени контроли и проверки, со цел да ги спречат граѓаните на кои им е сигнализирано дека се бараат и се обидуваат да влезат или да влезат надвор од овој граничен премин“.

The post Во Драч уапсен македонски државјанин баран од Интерпол appeared first on Република.

]]>
Србин баран од Интерпол уапсен на „Табановце“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/srbin-baran-od-interpol-uapsen-na-tabanovtse/ Thu, 25 May 2023 11:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=644534

На Граничниот премин Табановце, вчера во 11:50 часот на влез во државата по извршена пасошка контрола било констатирано дека А.М.(32) од Србија се наоѓа во оперативната евиденција со распишана меѓународна потерница од Интерпол Германија, соопшти МВР.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

The post Србин баран од Интерпол уапсен на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>

На Граничниот премин Табановце, вчера во 11:50 часот на влез во државата по извршена пасошка контрола било констатирано дека А.М.(32) од Србија се наоѓа во оперативната евиденција со распишана меѓународна потерница од Интерпол Германија, соопшти МВР. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.  

The post Србин баран од Интерпол уапсен на „Табановце“ appeared first on Република.

]]>
Дали некој ви е познат: Интерпол бара помош од сите за да ги реши „студените досиеја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dali-nekoj-vi-e-poznat-interpol-bara-pomosh-od-site-za-da-gi-reshi-studenite-dosieja/ Wed, 10 May 2023 12:51:09 +0000 https://republika.mk/?p=639331

Интерпол започна кампања насочена кон пошироката јавност, со чија помош се надева дека ќе ги идентификува телата на 22 жени пронајдени во текот на неколку децении во Германија, Белгија и во Холандија и ќе постигне напредок во истрагата на овие таканаречени „студени досиеја“.

Првото тело било пронајдено на паркинг крај автопат во Холандија во октомври 1976 година, а последното во парк во Белгија во август 2019 година. Телата не можеле да бидат идентификувани од националните полициски служби „делумно“ бидејќи жените не биле од тие земји, велат од Интерпол.

„Можно е овие тела да се оставени таму каде што се пронајдени за да се отежне истрагата за злосторствата“, нагласуваат во своето соопштение од меѓународната организација за полициска соработка.

Таа на својата веб-страница и на социјалните мрежи ќе објавува информации кои претходно биле за внатрешна употреба и се содржани во нејзините „црни билтени“, со кои бараат информации за неидентификувани човечки останки. За секоја од 22-те жртви ќе биде објавена фотографија базирана на технологија за реконструкција на лицето, како и информации за локацијата и датумот на откривање на телото, лични предмети, облека.

Сите индиции за кои се сметаше дека се неопходни за решавање на овие случаи се разгледани. Истрагите се во застој и се надеваме дека вниманието на јавноста ќе им овозможи да напредуваат. Семејството, пријателите, колегите кои еден ден престануваат да го гледаат дадениот човек, би можеле да дадат информации, дури и мала трага – изјави Франсоа-Ксавиер Лоран, шеф на ДНК базите на податоци во Интерпол.

Се верува дека некои од овие жени доаѓаат од области во Источна Европа. Тоа би можеле да бидат жени кои решиле да одат на туристичко патување, но и потенцијални жртви на трговија со луѓе, се додава во соопштението.

Кампањата за идентификација подоцна може да биде проширена и на други случаи.

The post Дали некој ви е познат: Интерпол бара помош од сите за да ги реши „студените досиеја“ appeared first on Република.

]]>

Интерпол започна кампања насочена кон пошироката јавност, со чија помош се надева дека ќе ги идентификува телата на 22 жени пронајдени во текот на неколку децении во Германија, Белгија и во Холандија и ќе постигне напредок во истрагата на овие таканаречени „студени досиеја“. Првото тело било пронајдено на паркинг крај автопат во Холандија во октомври 1976 година, а последното во парк во Белгија во август 2019 година. Телата не можеле да бидат идентификувани од националните полициски служби „делумно“ бидејќи жените не биле од тие земји, велат од Интерпол. „Можно е овие тела да се оставени таму каде што се пронајдени за да се отежне истрагата за злосторствата“, нагласуваат во своето соопштение од меѓународната организација за полициска соработка. Таа на својата веб-страница и на социјалните мрежи ќе објавува информации кои претходно биле за внатрешна употреба и се содржани во нејзините „црни билтени“, со кои бараат информации за неидентификувани човечки останки. За секоја од 22-те жртви ќе биде објавена фотографија базирана на технологија за реконструкција на лицето, како и информации за локацијата и датумот на откривање на телото, лични предмети, облека. Сите индиции за кои се сметаше дека се неопходни за решавање на овие случаи се разгледани. Истрагите се во застој и се надеваме дека вниманието на јавноста ќе им овозможи да напредуваат. Семејството, пријателите, колегите кои еден ден престануваат да го гледаат дадениот човек, би можеле да дадат информации, дури и мала трага – изјави Франсоа-Ксавиер Лоран, шеф на ДНК базите на податоци во Интерпол. Се верува дека некои од овие жени доаѓаат од области во Источна Европа. Тоа би можеле да бидат жени кои решиле да одат на туристичко патување, но и потенцијални жртви на трговија со луѓе, се додава во соопштението. Кампањата за идентификација подоцна може да биде проширена и на други случаи.

The post Дали некој ви е познат: Интерпол бара помош од сите за да ги реши „студените досиеја“ appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Интерпол е  клучната организација за обезбедување на глобалната безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-interpol-e-kluchnata-organizatsija-za-obezbeduvane-na-globalnata-bezbednost/ Mon, 08 May 2023 11:16:43 +0000 https://republika.mk/?p=638360

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во својство на домаќин на јубилејната 50. Европска регионална конференција на Интерпол што се одржува во Охрид, пред медиумите потсети дека трите децении членство во организацијата се сведоштво за посветеноста и подготвеноста за активна глобална полициска соработка, континуирана размена на идеи, оперативни податоци и заеднички активности чија цел е глобална безбедност преку поврзување на полициите во едно глобално полициско семејство.

„Последните геополитички случувања на глобално ниво, надополнети со дигитализацијата и технолошкиот развој, покажаа дека сме исправени пред софистицирани заеднички безбедносни предизвици, кои бараат и заедничка одговорност, здружен пристап и обединети напори“, посочи Спасовски.

Тој на прес-конференцијата со Генералниот секретар на Интерпол Јирген Шток потсети дека Интерпол е  клучната организација за обезбедување на глобалната безбедност, „наш сериозен партнер за соработка, за размена на информации и обезбедување на синергии меѓу многуте глобални и регионални напори и иницијативи“.

Македонскиот министер за внатрешни работи нагласи дека како членка на Интерпол државата разменува информации со членките и Генералниот секретаријат, а има и увид во глобалните криминалистички бази на податоци.

„Но, ние како држава и придонесуваме кон меѓународната полициска соработка која оваа организација ја негува. Нашата посветеност кон Интерпол се одразува во бројните активности на национално, регионално и глобално ниво, а нашите заложби се насочени кон размена на круцијалните податоци за поддршка на истрагите ширум светот. Континуирано се фокусираме кон аплицирање на модерни методологии што ќе обезбедат исклучителна и ефикасна превенција, примена на најиновативни решенија за полициските и безбедносните прашања, а со тоа и зајакната борба против глобалниот криминал“, рече тој.

Во контекст на одбележувањето на стогодишнината на Интерпол, тој посочи некои од многуте успешни активности и операции реализирани последнитее неколку години, спроведени во рамки на оваа воспоставена соработка. Истакна дека Националното централно биро на Интерпол во Скопје, во рамки на МВР, континуирано разменува оперативни информации, сознанија и податоци од областа на меѓународните потраги по лица и возила, насилниот криминал и тероризам, финансискиот криминал, недозволената трговија со дрога и оружје, проверки за оригиналност на документи, идентификација на лица и слично.

„Нашето Министерство активно учествува во оперативни акции координирани од Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ, насочени кон воспоставување механизам за размена на податоци за сомнителни профили на лица инволвирани во терористички активности, кои ги користат мигрантските рути заради полесно инфилтрирање, како и за употреба на импровизирани експлозивни направи. Интензивно се одвива и соработката со странските полиции во споделување податоци заради поуспешно справување со актуелните предизвици во областа на криумчарење мигранти и трговија со луѓе“, рече Спасовски. Тој потсети дека во рамки на една од таквите операции на Интерпол се идентификувани трaнсконтинентални рути за криумчарење мигранти, трговија со луѓе, илегални мигранти, спроведени се контроли на гранични премини и иницирани нови меѓународни истраги, при што во земјата се идентификувани 270 илегални мигранти. Како други активности тој посочи на активностите за спречување илегална трговија со украдени возила, спречување шверц и илегална трговија на животни, недозволена трговија со културни добра и предмети од културно и археолошко значење...

„Ова е уште еден показател дека борбата против целокупните современи глобални  предизвици е зајакната, поуспешна и поефикасна преку неопходниот глобален и регионален пристап, активната оперативна соработка и заедничките стратегии во делувањето. Особено имајќи ја предвид геостратешката позиционираност на нашата држава, во која се вкрстуваат и многу криминални рути, поврзувајќи го Истокот и Западот. Со оглед на активноста што МВР ја има на полето на регионалната и меѓународната соработка, како и на спроведените сериозни реформи во институцијата, можеме да се пофалиме  со  намалување на криминалитетот и постигнати најдобри резултати во последниве 30 години во справувањето со современите безбедносни предизвици, како што се недозволената трговија со дрога и оружје, нелегалната миграција и криумчарењето на мигранти, трговијата со луѓе и слично, што придонесе да бидеме оценети како кредибилен партнер за соработка и пример во регионот“, рече министерот Спасовски

The post Спасовски: Интерпол е  клучната организација за обезбедување на глобалната безбедност appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во својство на домаќин на јубилејната 50. Европска регионална конференција на Интерпол што се одржува во Охрид, пред медиумите потсети дека трите децении членство во организацијата се сведоштво за посветеноста и подготвеноста за активна глобална полициска соработка, континуирана размена на идеи, оперативни податоци и заеднички активности чија цел е глобална безбедност преку поврзување на полициите во едно глобално полициско семејство.
„Последните геополитички случувања на глобално ниво, надополнети со дигитализацијата и технолошкиот развој, покажаа дека сме исправени пред софистицирани заеднички безбедносни предизвици, кои бараат и заедничка одговорност, здружен пристап и обединети напори“, посочи Спасовски.
Тој на прес-конференцијата со Генералниот секретар на Интерпол Јирген Шток потсети дека Интерпол е  клучната организација за обезбедување на глобалната безбедност, „наш сериозен партнер за соработка, за размена на информации и обезбедување на синергии меѓу многуте глобални и регионални напори и иницијативи“. Македонскиот министер за внатрешни работи нагласи дека како членка на Интерпол државата разменува информации со членките и Генералниот секретаријат, а има и увид во глобалните криминалистички бази на податоци.
„Но, ние како држава и придонесуваме кон меѓународната полициска соработка која оваа организација ја негува. Нашата посветеност кон Интерпол се одразува во бројните активности на национално, регионално и глобално ниво, а нашите заложби се насочени кон размена на круцијалните податоци за поддршка на истрагите ширум светот. Континуирано се фокусираме кон аплицирање на модерни методологии што ќе обезбедат исклучителна и ефикасна превенција, примена на најиновативни решенија за полициските и безбедносните прашања, а со тоа и зајакната борба против глобалниот криминал“, рече тој.
Во контекст на одбележувањето на стогодишнината на Интерпол, тој посочи некои од многуте успешни активности и операции реализирани последнитее неколку години, спроведени во рамки на оваа воспоставена соработка. Истакна дека Националното централно биро на Интерпол во Скопје, во рамки на МВР, континуирано разменува оперативни информации, сознанија и податоци од областа на меѓународните потраги по лица и возила, насилниот криминал и тероризам, финансискиот криминал, недозволената трговија со дрога и оружје, проверки за оригиналност на документи, идентификација на лица и слично.
„Нашето Министерство активно учествува во оперативни акции координирани од Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ, насочени кон воспоставување механизам за размена на податоци за сомнителни профили на лица инволвирани во терористички активности, кои ги користат мигрантските рути заради полесно инфилтрирање, како и за употреба на импровизирани експлозивни направи. Интензивно се одвива и соработката со странските полиции во споделување податоци заради поуспешно справување со актуелните предизвици во областа на криумчарење мигранти и трговија со луѓе“, рече Спасовски. Тој потсети дека во рамки на една од таквите операции на Интерпол се идентификувани трaнсконтинентални рути за криумчарење мигранти, трговија со луѓе, илегални мигранти, спроведени се контроли на гранични премини и иницирани нови меѓународни истраги, при што во земјата се идентификувани 270 илегални мигранти. Како други активности тој посочи на активностите за спречување илегална трговија со украдени возила, спречување шверц и илегална трговија на животни, недозволена трговија со културни добра и предмети од културно и археолошко значење... „Ова е уште еден показател дека борбата против целокупните современи глобални  предизвици е зајакната, поуспешна и поефикасна преку неопходниот глобален и регионален пристап, активната оперативна соработка и заедничките стратегии во делувањето. Особено имајќи ја предвид геостратешката позиционираност на нашата држава, во која се вкрстуваат и многу криминални рути, поврзувајќи го Истокот и Западот. Со оглед на активноста што МВР ја има на полето на регионалната и меѓународната соработка, како и на спроведените сериозни реформи во институцијата, можеме да се пофалиме  со  намалување на криминалитетот и постигнати најдобри резултати во последниве 30 години во справувањето со современите безбедносни предизвици, како што се недозволената трговија со дрога и оружје, нелегалната миграција и криумчарењето на мигранти, трговијата со луѓе и слично, што придонесе да бидеме оценети како кредибилен партнер за соработка и пример во регионот“, рече министерот Спасовски

The post Спасовски: Интерпол е  клучната организација за обезбедување на глобалната безбедност appeared first on Република.

]]>
Интерпол ја повлекол потерницата по Миле Миленкоски, дипломатот приведен по бегството од Ерменија на Бранислав Димитријевиќ кој сега е во конзорциумот за коридорите 8 и 10Д https://arhiva3.republika.mk/vesti/interpol-ja-povlekol-poternitsata-po-mile-milenkoski-diplomatot-priveden-po-begstvoto-od-ermenija-na-branislav-dimitrijevik-koj-sega-e-vo-konzortsiumot-za-koridorite-8-i-10d/ Wed, 22 Mar 2023 18:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=622580

Поранешниот дипломат Миле Миленкоски на социјалните мрежи објавува дека Интерпол ја повлекол потерницата по него која Ерменија ја издаде поради наводно помагање на бегството на Бранислав Димитријевиќ (обвинет во Ереван за финансиски злоупотреби со средства со надзор на изградба на патишта и еден од сопствениците на фирмата Еуро консалтинг која е дел од конзорциумот за контроверзно доделениот надзор врз коридорите 8 и 10 Д кои ќе ги гради Бехтел и Енка).

Миленкоски, иако со дипломатски имунитет како дипломатски претставник на Македонија во ОБСЕ во Виена, беше уапсен преклани на граничниот премин Табановце по ерменска потерница. Беше ослободен од притвор во Србија, кога тамошните судови утврдија дека нема докази за негово учество во бегството на Димитријевиќ.

Сега и Интерпол ја поништил потерницата.

Комисијата за контрола на работата на Интерпол ја призна грешката на Интерпол, кога беше распишана потерница по брање на Ерменија, а без никакви докази или основа. Потерницата е официјално поништена. Добиена е важна битка, но борбата за правда и вистина продолжува, пишува Миленкоски на Фејсбук.

Според него, Интерпол утврдил дека Ерменија нема јасни информации за негова вклученост во бегството на Димитријевиќ.

Комисијата смета дека, иако Ерменија дала јасни информации за наводнaтa криминалнa шема, не може да препознае елементи на вклученост, знаење и намера на Миленкоски, вклучително и конкретни дејствија што евентуално ги извршил во наводното дело. Од надлежните во Ерменија беше побарано да ја објасни личната и специфичната улога на Миленкоски, но такво нешто не и беше доставено на Комисијата. ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ КОМИСИЈАТА одлучи дека Барањето за Миле Миленкоски не е во согласност со правилата на ИНТЕРПОЛ и дека ќе биде избришано од датотеките на ИНТЕРПОЛ, пишува Миленкоски.

The post Интерпол ја повлекол потерницата по Миле Миленкоски, дипломатот приведен по бегството од Ерменија на Бранислав Димитријевиќ кој сега е во конзорциумот за коридорите 8 и 10Д appeared first on Република.

]]>

Поранешниот дипломат Миле Миленкоски на социјалните мрежи објавува дека Интерпол ја повлекол потерницата по него која Ерменија ја издаде поради наводно помагање на бегството на Бранислав Димитријевиќ (обвинет во Ереван за финансиски злоупотреби со средства со надзор на изградба на патишта и еден од сопствениците на фирмата Еуро консалтинг која е дел од конзорциумот за контроверзно доделениот надзор врз коридорите 8 и 10 Д кои ќе ги гради Бехтел и Енка). Миленкоски, иако со дипломатски имунитет како дипломатски претставник на Македонија во ОБСЕ во Виена, беше уапсен преклани на граничниот премин Табановце по ерменска потерница. Беше ослободен од притвор во Србија, кога тамошните судови утврдија дека нема докази за негово учество во бегството на Димитријевиќ. Сега и Интерпол ја поништил потерницата.
Комисијата за контрола на работата на Интерпол ја призна грешката на Интерпол, кога беше распишана потерница по брање на Ерменија, а без никакви докази или основа. Потерницата е официјално поништена. Добиена е важна битка, но борбата за правда и вистина продолжува, пишува Миленкоски на Фејсбук.
Според него, Интерпол утврдил дека Ерменија нема јасни информации за негова вклученост во бегството на Димитријевиќ.
Комисијата смета дека, иако Ерменија дала јасни информации за наводнaтa криминалнa шема, не може да препознае елементи на вклученост, знаење и намера на Миленкоски, вклучително и конкретни дејствија што евентуално ги извршил во наводното дело. Од надлежните во Ерменија беше побарано да ја објасни личната и специфичната улога на Миленкоски, но такво нешто не и беше доставено на Комисијата. ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ КОМИСИЈАТА одлучи дека Барањето за Миле Миленкоски не е во согласност со правилата на ИНТЕРПОЛ и дека ќе биде избришано од датотеките на ИНТЕРПОЛ, пишува Миленкоски.
 
The post Интерпол ја повлекол потерницата по Миле Миленкоски, дипломатот приведен по бегството од Ерменија на Бранислав Димитријевиќ кој сега е во конзорциумот за коридорите 8 и 10Д appeared first on Република.

]]>
Во мај ќе се организира 50. Европска регионална конференција на Интерпол во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-maj-ke-se-organizira-50-evropska-regionalna-konferentsija-na-interpol-vo-ohrid/ Tue, 21 Mar 2023 18:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=622180

Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи за организирање на 50-та Европска регионална конференција на Интерпол, во мај 2023 година во Охрид.

Ова, како што соопшти владината прес-служба, е за првпат досега да се организира ваква конференција на Интерпол во нашата држава, што се совпаѓа со стогодишнината од постоењето на Интерпол, но и триесетгодишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, притоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан, наведуваат во соопштението.

The post Во мај ќе се организира 50. Европска регионална конференција на Интерпол во Охрид appeared first on Република.

]]>

Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи за организирање на 50-та Европска регионална конференција на Интерпол, во мај 2023 година во Охрид. Ова, како што соопшти владината прес-служба, е за првпат досега да се организира ваква конференција на Интерпол во нашата држава, што се совпаѓа со стогодишнината од постоењето на Интерпол, но и триесетгодишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, организацијата и одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, притоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан, наведуваат во соопштението.

The post Во мај ќе се организира 50. Европска регионална конференција на Интерпол во Охрид appeared first on Република.

]]>
Првпат кандидат од МВР за потпретседател за Европа на Извршниот комитет на Интерпол https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-kandidat-od-mvr-za-potpretsedatel-za-evropa-na-izvrshniot-komitet-na-interpol/ Fri, 21 Oct 2022 07:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=563902

Првпат кандидат од МВР на Македонија беше номиниран за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на Иинтерпол.

Делегацијата што го претставува Министерството за внатрешни работи на Република  Македонија на 90.Генерално собрание на Иинерпол, кое во периодот од 18 до 21 октомври се одржува во Њу Делхи, Индија, присуствуваше на промоцијата на претенденти за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на Интерпол.

Како што објавија од МВР на нивниот фејсбук профил, првпат со свој кандидат учествуваше Националното централно биро при МВР, со началничката Бранислава Стојчевски.

Покрај нашата земја, во конкуренција за позицијата беа кандидати од Андора, Белгија, Руската Федерација и Република Турција, а за потпретседател за Европа во Извршниот комитет на Интерпол беше избран белгискиот кандидат, Петер Де Бушер.

The post Првпат кандидат од МВР за потпретседател за Европа на Извршниот комитет на Интерпол appeared first on Република.

]]>

Првпат кандидат од МВР на Македонија беше номиниран за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на Иинтерпол. Делегацијата што го претставува Министерството за внатрешни работи на Република  Македонија на 90.Генерално собрание на Иинерпол, кое во периодот од 18 до 21 октомври се одржува во Њу Делхи, Индија, присуствуваше на промоцијата на претенденти за позицијата потпретседател за Европа во рамки на Извршниот комитет на Интерпол. Како што објавија од МВР на нивниот фејсбук профил, првпат со свој кандидат учествуваше Националното централно биро при МВР, со началничката Бранислава Стојчевски. Покрај нашата земја, во конкуренција за позицијата беа кандидати од Андора, Белгија, Руската Федерација и Република Турција, а за потпретседател за Европа во Извршниот комитет на Интерпол беше избран белгискиот кандидат, Петер Де Бушер.

The post Првпат кандидат од МВР за потпретседател за Европа на Извршниот комитет на Интерпол appeared first on Република.

]]>
Средби на министерот Спасовски во седиштето на Интерпол во Лион https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredbi-na-ministerot-spasovski-vo-sedishteto-na-interpol-vo-lion/ Fri, 16 Sep 2022 15:42:09 +0000 https://republika.mk/?p=551532

Во рамки на денешната посета на седиштето на ИНТЕРПОЛ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски остварил средби и со Извршниот директор Стефан Кавана и одговорниот на Интерпол за Европа, Франц Шерман.

На мое големо задоволство, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил, беше оценето дека Македонија претставува кредибилен партнер и лидер во имплементацијата на заедничките оперативни активности иницирани од страна на Генералниот секретаријат.

– Ова претставува мотив повеќе за продолжување и интензивирање на соработката со ИНТЕРПОЛ, преку континуирано активно учество во тековните активности на организацијата и несебичниот придонес на нашата држава со сите расположливи капацитети, во повеќе области како што се: јавна безбедност и тероризам, сузбивање криминални организации, нелегална трговија со дрога и оружје, финансиски и компјутерски криминал, трговија со луѓе, како и други форми на оперативна соработка, согласно стратешките приоритети на министерството, објави министерот Спасовски.

Тој изразил благодарност до Генералниот секретаријат и до земјите учеснички на 49. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, која се одржа во мај во Лион, на која учествуваше делегација од МВР предводена од директорот на БЈБ Тасевски, кои изразија поддршка и со гласање ја прифатија нашата кандидатура, укажувајќи ни ја честа токму нашата земја да биде домаќин на следната Европска регионална конференција.

– Процесот на подготовки поврзани со организирање и реализирање на конференцијата е веќе започнат на ниво на МВР, а наскоро и на национално ниво, па со особена чест ги информирав нашите денешни домаќини дека датумот за одржување на настанот го избравме непосредно по Денот на полицијата – 7 Мај, со цел учесниците да ја збогатат прославата, но и да дадеме дополнително значење на 30-годишниот јубилеј од членувањето на Македонија во Интерпол и одржувањето на самата Европска конференција, како и за промоција на полициската соработка во меѓународни рамки, но и промовирање на Македонија со нејзините автентични обележја во светот, објави министерот за внатрешни работи Спасовски на фејсбук.

The post Средби на министерот Спасовски во седиштето на Интерпол во Лион appeared first on Република.

]]>

Во рамки на денешната посета на седиштето на ИНТЕРПОЛ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски остварил средби и со Извршниот директор Стефан Кавана и одговорниот на Интерпол за Европа, Франц Шерман. На мое големо задоволство, напиша Спасовски на неговиот фејсбук профил, беше оценето дека Македонија претставува кредибилен партнер и лидер во имплементацијата на заедничките оперативни активности иницирани од страна на Генералниот секретаријат. – Ова претставува мотив повеќе за продолжување и интензивирање на соработката со ИНТЕРПОЛ, преку континуирано активно учество во тековните активности на организацијата и несебичниот придонес на нашата држава со сите расположливи капацитети, во повеќе области како што се: јавна безбедност и тероризам, сузбивање криминални организации, нелегална трговија со дрога и оружје, финансиски и компјутерски криминал, трговија со луѓе, како и други форми на оперативна соработка, согласно стратешките приоритети на министерството, објави министерот Спасовски. Тој изразил благодарност до Генералниот секретаријат и до земјите учеснички на 49. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, која се одржа во мај во Лион, на која учествуваше делегација од МВР предводена од директорот на БЈБ Тасевски, кои изразија поддршка и со гласање ја прифатија нашата кандидатура, укажувајќи ни ја честа токму нашата земја да биде домаќин на следната Европска регионална конференција.
– Процесот на подготовки поврзани со организирање и реализирање на конференцијата е веќе започнат на ниво на МВР, а наскоро и на национално ниво, па со особена чест ги информирав нашите денешни домаќини дека датумот за одржување на настанот го избравме непосредно по Денот на полицијата – 7 Мај, со цел учесниците да ја збогатат прославата, но и да дадеме дополнително значење на 30-годишниот јубилеј од членувањето на Македонија во Интерпол и одржувањето на самата Европска конференција, како и за промоција на полициската соработка во меѓународни рамки, но и промовирање на Македонија со нејзините автентични обележја во светот, објави министерот за внатрешни работи Спасовски на фејсбук.

The post Средби на министерот Спасовски во седиштето на Интерпол во Лион appeared first on Република.

]]>
Aкција на Интерпол во Македонија, одземени 10 возила и мотоцикл под сомнение за фалсификат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/akcija-na-interpol-vo-makedonija-odzemeni-10-vozila-i-motocikl-pod-somnenie-za-falsifikat/ Tue, 06 Sep 2022 08:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=547859

На територијата на Македонија за време на заедничка акција на МВР со повеќе надлежни институции координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, се извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат.

Од МВР информираа дека во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествувале во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол.

Операцијата била спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли.

При преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од МВР.

Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува.

The post Aкција на Интерпол во Македонија, одземени 10 возила и мотоцикл под сомнение за фалсификат appeared first on Република.

]]>

На територијата на Македонија за време на заедничка акција на МВР со повеќе надлежни институции координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, се извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила. Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат. Од МВР информираа дека во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествувале во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол. Операцијата била спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли.  
При преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од МВР.
Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува.

The post Aкција на Интерпол во Македонија, одземени 10 возила и мотоцикл под сомнение за фалсификат appeared first on Република.

]]>
Киев бара Русија да биде исклучена од Интерпол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-bara-rusija-da-bide-iskluchena-od-interpol/ Mon, 28 Feb 2022 19:53:37 +0000 https://republika.mk/?p=465487

Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски побарал Русија да биде исклучена од Интерпол, јавува британскиот весник „Гардијан“.

Киев ја обвинува Москва дека ја злоупотребува организацијата и ја користи за напади врз политичките противници ширум светот и во Украина.

The post Киев бара Русија да биде исклучена од Интерпол appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски побарал Русија да биде исклучена од Интерпол, јавува британскиот весник „Гардијан“. Киев ја обвинува Москва дека ја злоупотребува организацијата и ја користи за напади врз политичките противници ширум светот и во Украина.

The post Киев бара Русија да биде исклучена од Интерпол appeared first on Република.

]]>
Босанец и Албанец барани од Интерпол, приведени во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bosanec-i-albanec-barani-od-interpol-privedeni-vo-makedonija/ Tue, 01 Feb 2022 12:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=452434

На 31.01.2022 во 22:40 часот на Граничниот премин Табановце, при извршена контрола и проверка било утврдено дека С.П.(30) од Босна и Херцеговина бил баран од Интерпол.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 01.02.2022 во 02:40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода К.Л.(37) од Република Албанија, затоа што при извршени проверки било констатирано било дека евидирал со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Грција.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

The post Босанец и Албанец барани од Интерпол, приведени во Македонија appeared first on Република.

]]>

На 31.01.2022 во 22:40 часот на Граничниот премин Табановце, при извршена контрола и проверка било утврдено дека С.П.(30) од Босна и Херцеговина бил баран од Интерпол. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. На 01.02.2022 во 02:40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода К.Л.(37) од Република Албанија, затоа што при извршени проверки било констатирано било дека евидирал со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Грција. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

The post Босанец и Албанец барани од Интерпол, приведени во Македонија appeared first on Република.

]]>