интернет измама Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/internet-izmama/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Jan 2023 08:17:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интернет измама Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/internet-izmama/ 32 32 Кедев: Повеќе од 10 месеци надлежните институции не открија кој ми го злоупотреби името https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kedev-poveke-od-10-mesetsi-nadlezhnite-institutsii-ne-otkrija-koj-mi-go-zloupotrebi-imeto/ Thu, 12 Jan 2023 08:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=595988

Случајот е пријавен пред повеќе од десет месеци, но досега никој од надлежните институции не се потруди ништо да направи. Никој не откри која е фирмата која седи во позадина, иако на телефон се јавувале локални оператори од Македонија. Тоа значи, дека се уште чекам“, изјави кардиологот Сашко Кедев кој пред неколку месци се најде на листата на злоупотребени за побрза заработувачка.

На непознат портал беше објавено интервју, наводно со него, во кое тој промовира лек за прочистување на вени.

Тој лани, при средината на мај, случајот го пријавил во Министерството за внатрешни работи, но како што вели од таму се уште нема повратни информации, објави Фокус.

За  Сашко Кедев известено е Основното јавно обвинителство за веб страните што биле посочени. Страните повеќе не постојат и се чекаат насоки од ОЈО за постапување“, тврдат од МВР за „Фокус“.

На непознат портал беше објавено интервју, наводно со него, во кое тој промовира лек за прочистување на вени. Интервјуто беше јавно достапно, а поголемиот дел од граѓаните можеа да прочитаат и да се излажат да порачаат лек, кој докторот Кедев воопшто не го рекламира.

И микробилогот проф. д-р Никола Пановски е жртва на интернет реклама и демантира дека рекламира чај за паразити, лек или лековито средство.

Тој е револтиран од институциите во држвата што со години не преземаат ништо против лажните реклами во интернет просторот.

Не рекламирам ни чај за паразити, ниту некогаш ќе рекламирам некој лек или лековито средства, вели д-р Пановски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-nikola-panovski-zrtva-na-internet-reklama-ne-reklamiram-chaj-za-paraziti-aram-da-vi-e-platata-mvr-ujp-malmed/

The post Кедев: Повеќе од 10 месеци надлежните институции не открија кој ми го злоупотреби името appeared first on Република.

]]>

Случајот е пријавен пред повеќе од десет месеци, но досега никој од надлежните институции не се потруди ништо да направи. Никој не откри која е фирмата која седи во позадина, иако на телефон се јавувале локални оператори од Македонија. Тоа значи, дека се уште чекам“, изјави кардиологот Сашко Кедев кој пред неколку месци се најде на листата на злоупотребени за побрза заработувачка. На непознат портал беше објавено интервју, наводно со него, во кое тој промовира лек за прочистување на вени. Тој лани, при средината на мај, случајот го пријавил во Министерството за внатрешни работи, но како што вели од таму се уште нема повратни информации, објави Фокус.
За  Сашко Кедев известено е Основното јавно обвинителство за веб страните што биле посочени. Страните повеќе не постојат и се чекаат насоки од ОЈО за постапување“, тврдат од МВР за „Фокус“.
На непознат портал беше објавено интервју, наводно со него, во кое тој промовира лек за прочистување на вени. Интервјуто беше јавно достапно, а поголемиот дел од граѓаните можеа да прочитаат и да се излажат да порачаат лек, кој докторот Кедев воопшто не го рекламира. И микробилогот проф. д-р Никола Пановски е жртва на интернет реклама и демантира дека рекламира чај за паразити, лек или лековито средство. Тој е револтиран од институциите во држвата што со години не преземаат ништо против лажните реклами во интернет просторот.
Не рекламирам ни чај за паразити, ниту некогаш ќе рекламирам некој лек или лековито средства, вели д-р Пановски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-nikola-panovski-zrtva-na-internet-reklama-ne-reklamiram-chaj-za-paraziti-aram-da-vi-e-platata-mvr-ujp-malmed/

The post Кедев: Повеќе од 10 месеци надлежните институции не открија кој ми го злоупотреби името appeared first on Република.

]]>
Сто илјади Срби наседнале на пирамидална измама на кинеската компанија „Кенгуру трежр“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sto-iljadi-srbi-nasednale-na-piramidalna-izmama-na-kineskata-kompanija-kenguru-trezr/ Tue, 11 Oct 2022 18:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=559797

Околу 100.000 граѓани на Србија се оштетени во пирамидалната измама на кинеската компанија „Кенгуру трежр“, пишува Нова.рс.  Според проценката на оштетените, секој од нив е со загуба од најмалку неколку десетици илјади и до неколку милиони динари. Некои, верувајќи во лесна заработка на Интернет, земале кредити.

Фирмата била регистрирана во април годинава за трговија на мало преку пошта или интернет, а како сопственик и исновач се јавува извесен Либо Лиу, државјанин на Кина.

Компанијата се рекламирала како платформа за правен бизнис на Интернет.

Членовите кои решиле да работат на оваа платформа морале да уплатат минимален депозит од 2.000 динари на сметката на компанијата, кој по уплатата би бил на сметката на платформата Кориника, а со тие пари се извршувале задачи, како на пример пишување рецензии за одредени производи на Амазон, Алибаба, АлиЕкспрес... кои се лошо оценети, за да им го подигнеме рејтингот на страницата. За возврат би добиле 0,1 отсто од сумата што ја плативме. Колку повеќе пари имавме на платформата, толку повеќе задачи добивавме“, објаснува Александар Ивановиќ, еден од жртвите.

Комуникацијата со надредените се одвивала преку Телеграм, а групата секојдневно растела.

По три месеци, членовите добиле известување на групата дека „сметката на компанијата достигнала 200 милиони динари, што е лимитот“, и дека постои ризик „трансакциите да одат од 10% на 20% данок“. Затоа, со нов почетен капитал од 100 динари, се отвора нова компанија „Sassilo group d.o.o.“.

Во оваа фирма одговорно лице е кинески државјанин, извесен Ликун Ли. Добиена е и нова жиро сметка на која членовите вложувале депозити.

Според членовите, платформата функционирала како што треба до крајот на август.

Тогаш добивме известување дека даночната инспекција извршила упад и дека треба да ги платат сите даноци за нашите плаќања. После тоа ни побараа да платиме 43% од вкупната сума што ја имавме на платформата за да можеме да си ги подигнеме парите, а данокот од 43% да ни биде вратен на сметката по седум дена. Одреден број луѓе поверувале и платиле уште 43%, по што не добиле ништо од парите, ниту одговор од поддршката за корисници, вели Ивановиќ, истакнувајќи дека тогаш сфатиле дека биле измамени и дека нема да си ги вратат парите.

Целиот текст ТУКА

The post Сто илјади Срби наседнале на пирамидална измама на кинеската компанија „Кенгуру трежр“ appeared first on Република.

]]>

Околу 100.000 граѓани на Србија се оштетени во пирамидалната измама на кинеската компанија „Кенгуру трежр“, пишува Нова.рс.  Според проценката на оштетените, секој од нив е со загуба од најмалку неколку десетици илјади и до неколку милиони динари. Некои, верувајќи во лесна заработка на Интернет, земале кредити. Фирмата била регистрирана во април годинава за трговија на мало преку пошта или интернет, а како сопственик и исновач се јавува извесен Либо Лиу, државјанин на Кина. Компанијата се рекламирала како платформа за правен бизнис на Интернет.
Членовите кои решиле да работат на оваа платформа морале да уплатат минимален депозит од 2.000 динари на сметката на компанијата, кој по уплатата би бил на сметката на платформата Кориника, а со тие пари се извршувале задачи, како на пример пишување рецензии за одредени производи на Амазон, Алибаба, АлиЕкспрес... кои се лошо оценети, за да им го подигнеме рејтингот на страницата. За возврат би добиле 0,1 отсто од сумата што ја плативме. Колку повеќе пари имавме на платформата, толку повеќе задачи добивавме“, објаснува Александар Ивановиќ, еден од жртвите.
Комуникацијата со надредените се одвивала преку Телеграм, а групата секојдневно растела. По три месеци, членовите добиле известување на групата дека „сметката на компанијата достигнала 200 милиони динари, што е лимитот“, и дека постои ризик „трансакциите да одат од 10% на 20% данок“. Затоа, со нов почетен капитал од 100 динари, се отвора нова компанија „Sassilo group d.o.o.“. Во оваа фирма одговорно лице е кинески државјанин, извесен Ликун Ли. Добиена е и нова жиро сметка на која членовите вложувале депозити. Според членовите, платформата функционирала како што треба до крајот на август.
Тогаш добивме известување дека даночната инспекција извршила упад и дека треба да ги платат сите даноци за нашите плаќања. После тоа ни побараа да платиме 43% од вкупната сума што ја имавме на платформата за да можеме да си ги подигнеме парите, а данокот од 43% да ни биде вратен на сметката по седум дена. Одреден број луѓе поверувале и платиле уште 43%, по што не добиле ништо од парите, ниту одговор од поддршката за корисници, вели Ивановиќ, истакнувајќи дека тогаш сфатиле дека биле измамени и дека нема да си ги вратат парите.

Целиот текст ТУКА

The post Сто илјади Срби наседнале на пирамидална измама на кинеската компанија „Кенгуру трежр“ appeared first on Република.

]]>
Нова интернет измама: Лажни поштари бараат пари за подигање на пратка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nova-internet-izmama-lazni-poshtari-baraat-pari-za-podiganje-na-pratka/ Wed, 09 Feb 2022 10:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=456066

На социјалните мрежи и на приватни електронски адреси се појавуваат информации за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка.

Од АД „Пошта на Македонија“ информираат дека не стојат позади ова и станува збор за неовластено преставување во име на Пошта.

– Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Македонија“ на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка. АД „Пошта на Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека единствено и официјално известување за достава на пратките го вршат нивните пошторазнесувачи.

The post Нова интернет измама: Лажни поштари бараат пари за подигање на пратка appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи и на приватни електронски адреси се појавуваат информации за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка. Од АД „Пошта на Македонија“ информираат дека не стојат позади ова и станува збор за неовластено преставување во име на Пошта.