интернет игри на среќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/internet-igri-na-sreka/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 05:47:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интернет игри на среќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/internet-igri-na-sreka/ 32 32 Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-gi-ukina-litsentsite-za-internet-igri-na-sreka/ Tue, 24 Sep 2024 14:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=819334

Владата денеска донесе одлуки со кои  се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа.

Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување,  соопшти владината прес-служба, Владата  ја разгледала и усвоила информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.

- Се задолжува Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје се задолжува да ги преземе потребните активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од глобалната интернет мрежа, согласно Автентичното толкување на членот 7 ставови (2), (3) и (4) од Законот за игрите на среќа и забавните игри, информира Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски пред одржувањето на владината седница рече дека лиценците за онлајн казината се незаконски и со нивно одземање ќе се реализира предизборното ветување.

- Денеска на седница на Влада се  одлуките за онлајн казината, усогласени со закон. Да, тоа што беше предизборно ветување денеска ќе се реализира, тие лиценци кои се незаконски според нас, а и според начелното правно мислење кое го добивме од ресорот, ќе бидат одземени,  изјави Мицкоски, на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.

The post Владата ги укина лиценците за интернет игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Владата денеска донесе одлуки со кои  се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа. Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување,  соопшти владината прес-служба, Владата  ја разгледала и усвоила информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.