Интернационалан фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/internatsionalan-festival-na-duodrama-branko-gorchev/ За подобро да се разбереме Mon, 15 May 2023 08:24:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Интернационалан фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/internatsionalan-festival-na-duodrama-branko-gorchev/ 32 32 Бобан Алексоски и Лео Поповиќ ја добија наградата за најдобра партнерска игра на Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/boban-aleksoski-i-leo-popovik-ja-dobija-nagradata-za-najdobra-partnerska-igra-na-festivalot-na-duodrama-branko-gorchev/ Mon, 15 May 2023 08:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=640868

Бобан Алексоски и Лео Поповиќ се добитници на наградата за најдобра партнерска игра на вториот Интернационален фестивал на „Бранко Ѓорчев“ што синоќа заврши во Неготино.

Алексоски и Поповиќ наградата ја добија за улогите во претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска во продукција на Театар „Златен Елец“, заради органичниот партнерски однос и заради веризмот и документаризмот, во партнерскиот актерски третман, на една жестоко – актуелна и социјално ангажирана тема, соопшти жири - комисијата која ја сочинуваа Роберт Ристов, Васил Зафирчев и Селпин Керим.

Наградата за најдобра женска улога на фестивалот ја доби актерката на Драмски театар Скопје Биљана Драгиќевиќ Пројковска, за улогата во претставата „За нас почнува живот“ во режија на Дејан Пројковски, заради повеќеслојниот актерски израз во градењето на улогата и умешниот спој на комичната со мелодрамската игра.

Награда за најдобра машка улога, е доделена на Љубомир Керекеш за улогата на молерот во претставaта „Беба“, заради непосредниот актерски израз во градењето на улогата и заради умешното владеење на жанрот на комедијата.

Награда за најдобра претстава се доделува на претставата „Брачна комедија“ во режија на Иван Томашевиќ во продукција на „Сцена маска“, заради прецизната поставеност и организираност на комичното дејство и заради живиот непосреден и шармантен актерски израз коj одлично комуницира со публиката.

The post Бобан Алексоски и Лео Поповиќ ја добија наградата за најдобра партнерска игра на Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ appeared first on Република.

]]>

Бобан Алексоски и Лео Поповиќ се добитници на наградата за најдобра партнерска игра на вториот Интернационален фестивал на „Бранко Ѓорчев“ што синоќа заврши во Неготино. Алексоски и Поповиќ наградата ја добија за улогите во претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска во продукција на Театар „Златен Елец“, заради органичниот партнерски однос и заради веризмот и документаризмот, во партнерскиот актерски третман, на една жестоко – актуелна и социјално ангажирана тема, соопшти жири - комисијата која ја сочинуваа Роберт Ристов, Васил Зафирчев и Селпин Керим. Наградата за најдобра женска улога на фестивалот ја доби актерката на Драмски театар Скопје Биљана Драгиќевиќ Пројковска, за улогата во претставата „За нас почнува живот“ во режија на Дејан Пројковски, заради повеќеслојниот актерски израз во градењето на улогата и умешниот спој на комичната со мелодрамската игра. Награда за најдобра машка улога, е доделена на Љубомир Керекеш за улогата на молерот во претставaта „Беба“, заради непосредниот актерски израз во градењето на улогата и заради умешното владеење на жанрот на комедијата. Награда за најдобра претстава се доделува на претставата „Брачна комедија“ во режија на Иван Томашевиќ во продукција на „Сцена маска“, заради прецизната поставеност и организираност на комичното дејство и заради живиот непосреден и шармантен актерски израз коj одлично комуницира со публиката.

The post Бобан Алексоски и Лео Поповиќ ја добија наградата за најдобра партнерска игра на Фестивалот на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ appeared first on Република.

]]>