Интермецо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/intermeco/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Aug 2023 08:31:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Интермецо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/intermeco/ 32 32 „Мош“ и „Интермецо“ повторно прегласни, ако не ги платат казните ќе одат на суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mosh-i-intermetso-povtorno-preglasni-ako-ne-gi-platat-kaznite-ke-odat-na-sud/ Fri, 04 Aug 2023 08:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=668567

Општина Центар информира дека минатата недела е извршено мерење на бучава во угостителските објекти „Мош“ и „Интермецо', по што се спроведени инспекциски постапки со платен налог за глоба за сторен прекршок согласно Законот за заштита од бучава во животна средина. Правните лица можат да платат половина од казната во рок од осум дена.

По извршените мерења на бучава, овластената лабораторија за животна средина ги достави извештаите од мерењата, врз основа на кои се спроведени инспекциски постапки, со платен налог за глоба за сторен прекршок согласно Законот за заштита од бучава во животна средина, соопштија од Општината.

Оттаму посочуваат доколку не се платат казните во висина 13.000 евра, овластениот инспектор ќе достави барања за поведување прекршочна постапка пред Основен суд, Оддел за прекршоци.

Акцијата за мерење на бучавата се организираше од страна на Секторот за инспекциски работи со овластена лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“ Скопје, по пријави од граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти.

Како што информираат општинските власти, акциите биле спроведени на цела територија на Општина Центар, при што беа поминати клучните точки, односно локалите за кои што редовно има пријави од граѓани, конкретно во населените места Дебар маало, Буњаковец, Центар и Капиштец.

Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава. Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина, се вели во соопштението на Општината.

The post „Мош“ и „Интермецо“ повторно прегласни, ако не ги платат казните ќе одат на суд appeared first on Република.

]]>

Општина Центар информира дека минатата недела е извршено мерење на бучава во угостителските објекти „Мош“ и „Интермецо', по што се спроведени инспекциски постапки со платен налог за глоба за сторен прекршок согласно Законот за заштита од бучава во животна средина. Правните лица можат да платат половина од казната во рок од осум дена.
По извршените мерења на бучава, овластената лабораторија за животна средина ги достави извештаите од мерењата, врз основа на кои се спроведени инспекциски постапки, со платен налог за глоба за сторен прекршок согласно Законот за заштита од бучава во животна средина, соопштија од Општината.
Оттаму посочуваат доколку не се платат казните во висина 13.000 евра, овластениот инспектор ќе достави барања за поведување прекршочна постапка пред Основен суд, Оддел за прекршоци. Акцијата за мерење на бучавата се организираше од страна на Секторот за инспекциски работи со овластена лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“ Скопје, по пријави од граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти. Како што информираат општинските власти, акциите биле спроведени на цела територија на Општина Центар, при што беа поминати клучните точки, односно локалите за кои што редовно има пријави од граѓани, конкретно во населените места Дебар маало, Буњаковец, Центар и Капиштец.
Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава. Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина, се вели во соопштението на Општината.

The post „Мош“ и „Интермецо“ повторно прегласни, ако не ги платат казните ќе одат на суд appeared first on Република.

]]>
„Интермецо“ и „Мош“ добија забрана за работа од 10 дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/intermetso-i-mosh-dobija-zabrana-za-rabota-od-10-dena/ Tue, 28 Mar 2023 09:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=624585

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во соработка со Државен пазарен инспекторат изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали, соопштија од општината.

Информираат дека поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“ пазарната инспекција им изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена. Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден по што истите ќе бидат пломбирани.

Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава. Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина, велат од Општина Центар.

The post „Интермецо“ и „Мош“ добија забрана за работа од 10 дена appeared first on Република.

]]>

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во соработка со Државен пазарен инспекторат изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали, соопштија од општината. Информираат дека поради пречекорување на работното време до 1 часот по полноќ на кафулињата „Интермецо“ и „Мош“ пазарната инспекција им изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена. Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден по што истите ќе бидат пломбирани.