интерконектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/interkonektor/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 13:01:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интерконектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/interkonektor/ 32 32 Бектеши: Утре ќе биде објавен огласот за избор на изведувач за изградба на гасниот интерконектор со Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-utre-ke-bide-objaven-oglasot-za-izbor-na-izveduvach-za-izgradba-na-gasniot-interkonektor-so-grtsija/ Thu, 23 Nov 2023 13:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=715536

Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу  Македонија и Грција, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Утре се објавува тендерот за почнување на изградба на новиот гасен интерконектор со Република Грција што ќе ни даде одлична можност како држава постепено да направиме енергетска транзиција, особено во делот на работата на РЕК Битола и РЕЦ Осломеј. Гасот ќе се користи како транзициски енергенс до 2040 година и ќе биде последниот проект од фосилни горива што го инвестираат ЕБОР и ЕИБ - рече Бектеши на денешниот брифинг за новинари во пресрет на СОР28.

Дополнително, додаде, во спецификацијата од страна на „Номагас“ е предвидено во иднина откако ќе се развие технологијата во нашата држава двете термоелектрани да се пренаменат на водород.

Предвидено е гасниот интерконектор да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа до Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. Гасниот интерконектор треба да биде завршен до средината на 2025 година.

Грчкиот оператор за природен гас ДЕСФА го презеде и управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ Македонија, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“.

Како што истакна Бектеши, во моментов имаме фотонапонски централи од над 600 мегавати вклучени на мрежа, до март се очекува да се вклучат дополнителни 150 мегавати од ветерни електрани.

Со договорот со ЕБОР презедовме задача да не отвораме нови копови на јаглен што позитивно ќе придонесе за животната средина, а можно е во скопскиот регион да има нова топлинска или когенеративна централа на гас која ќе произведува и топлинска и електрична енергија - рече Бектеши.

Посочи дека транзицијата на енергетиката во наредните пет до десет години ќе чини неколку милијарди евра. Тоа, како што кажа, нема да бидат средства само од државата туку и од приватниот сектор. Затоа, додаде, целата легислатива ја правиме со цел да го отвориме пазарот особено во делот на склад на енергијата односно со батериите за електрична енергија и зајакнувањето на преносната мрежа. Додаде дека земјава во наредните пет години ќе мора да изгради дополнителен интерконектор во делот на преносната мрежа и да го заврши интерконекторот со Албанија кој е веќе почнат преку МЕПСО. Веќе, како што кажа, се прави план за дополнителен интерконектор во делот на преносната мрежа со Грција за да можат сите капацитети кои се во делот на обновливи извори да извезуваат и на надворешните пазари, а не само да продаваат на македонскиот пазар.

Македонскиот пазар согласно динамиката на зголемување на БДП и потрошувачката на електрична енергија за која имаме намера да ја намалиме што е можно повеќе, ќе има поголем капацитет од тоа што е потребно да се пласира на домашниот пазар - посочи Бектеши.

Од мај до октомври, како што рече, домашната потрошувачка на електрична енергија не надминува повеќе од 700 мегавати на час, а тоа може да се обезбеди само од фотонапонските централи доколку времето е поволно за нивна работа. На тој начин за баланс на енергија ќе ни биде потребен само еден блок од ЕСМ што би влијаело негативно во делот на ефикасноста и стабилноста на ЕСМ за да работи во наредните години.

Порача дека до 20230 година само во секторот енергетика ќе се направат инвестиции од над три милијарди евра во кои ќе биде вклучен и приватниот сектор.

Најавена е поддршка од четири милијарди евра од страна на Европската Унија за да се ослободиме од јагленот. Токму денеска министерот за финансии Фатмир Бесими со тим од различни институции е во Брисел и разговара за динамиката и за средствата кои ќе бидат употребени за нашата држава. Во склоп на СОР директно ќе бидеме поддржани од страна на ЕБОР и Светска банка. Ќе ја разгледаме и можноста да привлечеме средства и од други институции - рече Бектеши.

Нагласи дека стратешките документи кои веќе ги имаме во државата ќе одлучат кои се приоритетите проекти што ќе се реализираат за декарбонизација.

Во Стратегијата за развој на енергетика до 2040 година се предвидени лепеза од мерки кои треба да бидат реализирани пред да се усвои планот за СОР28. Сите институции доставија свои приоритети согласно рамката што ја имаме одобрено од ЕБОР и Светска банка во вредност од 85 милиони евра. Голем дел од тие средства ќе бидат во вид на грант, а еден дел ќе биде во вид на поволни кредити - прецизира Бектеши.

The post Бектеши: Утре ќе биде објавен огласот за избор на изведувач за изградба на гасниот интерконектор со Грција appeared first on Република.

]]>

Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу  Македонија и Грција, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Утре се објавува тендерот за почнување на изградба на новиот гасен интерконектор со Република Грција што ќе ни даде одлична можност како држава постепено да направиме енергетска транзиција, особено во делот на работата на РЕК Битола и РЕЦ Осломеј. Гасот ќе се користи како транзициски енергенс до 2040 година и ќе биде последниот проект од фосилни горива што го инвестираат ЕБОР и ЕИБ - рече Бектеши на денешниот брифинг за новинари во пресрет на СОР28.
Дополнително, додаде, во спецификацијата од страна на „Номагас“ е предвидено во иднина откако ќе се развие технологијата во нашата држава двете термоелектрани да се пренаменат на водород. Предвидено е гасниот интерконектор да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа до Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. Гасниот интерконектор треба да биде завршен до средината на 2025 година. Грчкиот оператор за природен гас ДЕСФА го презеде и управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ Македонија, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“. Како што истакна Бектеши, во моментов имаме фотонапонски централи од над 600 мегавати вклучени на мрежа, до март се очекува да се вклучат дополнителни 150 мегавати од ветерни електрани.
Со договорот со ЕБОР презедовме задача да не отвораме нови копови на јаглен што позитивно ќе придонесе за животната средина, а можно е во скопскиот регион да има нова топлинска или когенеративна централа на гас која ќе произведува и топлинска и електрична енергија - рече Бектеши.
Посочи дека транзицијата на енергетиката во наредните пет до десет години ќе чини неколку милијарди евра. Тоа, како што кажа, нема да бидат средства само од државата туку и од приватниот сектор. Затоа, додаде, целата легислатива ја правиме со цел да го отвориме пазарот особено во делот на склад на енергијата односно со батериите за електрична енергија и зајакнувањето на преносната мрежа. Додаде дека земјава во наредните пет години ќе мора да изгради дополнителен интерконектор во делот на преносната мрежа и да го заврши интерконекторот со Албанија кој е веќе почнат преку МЕПСО. Веќе, како што кажа, се прави план за дополнителен интерконектор во делот на преносната мрежа со Грција за да можат сите капацитети кои се во делот на обновливи извори да извезуваат и на надворешните пазари, а не само да продаваат на македонскиот пазар.
Македонскиот пазар согласно динамиката на зголемување на БДП и потрошувачката на електрична енергија за која имаме намера да ја намалиме што е можно повеќе, ќе има поголем капацитет од тоа што е потребно да се пласира на домашниот пазар - посочи Бектеши.
Од мај до октомври, како што рече, домашната потрошувачка на електрична енергија не надминува повеќе од 700 мегавати на час, а тоа може да се обезбеди само од фотонапонските централи доколку времето е поволно за нивна работа. На тој начин за баланс на енергија ќе ни биде потребен само еден блок од ЕСМ што би влијаело негативно во делот на ефикасноста и стабилноста на ЕСМ за да работи во наредните години. Порача дека до 20230 година само во секторот енергетика ќе се направат инвестиции од над три милијарди евра во кои ќе биде вклучен и приватниот сектор.
Најавена е поддршка од четири милијарди евра од страна на Европската Унија за да се ослободиме од јагленот. Токму денеска министерот за финансии Фатмир Бесими со тим од различни институции е во Брисел и разговара за динамиката и за средствата кои ќе бидат употребени за нашата држава. Во склоп на СОР директно ќе бидеме поддржани од страна на ЕБОР и Светска банка. Ќе ја разгледаме и можноста да привлечеме средства и од други институции - рече Бектеши.
Нагласи дека стратешките документи кои веќе ги имаме во државата ќе одлучат кои се приоритетите проекти што ќе се реализираат за декарбонизација.
Во Стратегијата за развој на енергетика до 2040 година се предвидени лепеза од мерки кои треба да бидат реализирани пред да се усвои планот за СОР28. Сите институции доставија свои приоритети согласно рамката што ја имаме одобрено од ЕБОР и Светска банка во вредност од 85 милиони евра. Голем дел од тие средства ќе бидат во вид на грант, а еден дел ќе биде во вид на поволни кредити - прецизира Бектеши.

The post Бектеши: Утре ќе биде објавен огласот за избор на изведувач за изградба на гасниот интерконектор со Грција appeared first on Република.

]]>
Постигната конечна инвестициска одлука за изградба на интерконекторот меѓу Грција и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/postignata-konechna-investitsiska-odluka-za-izgradba-na-interkonektorot-megu-grtsija-i-makedonija/ Wed, 25 Oct 2023 12:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=694941

Компаниите НОМАГАС од Македонија и ДЕСФА од Грција постигнале конечна инвестициска одлука за интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, а изградбата се очекува да започне на почетокот на следната година, соопшти извршната директорка на ДЕСФА Мариа Рита Гали, јави дописничката на МИА од Атина.

Гали, говорејќи на конференцијата на Економист што се одржува во Грција, рече дека „меѓу важните проекти на компанијата е и новата рута за извоз со  Македонија“.

Вчера со нашиот партнер НОМАГАС постигнавме конечна инвестициска одлука, па така проектот сега и официјално подготвен и ќе ја започнеме изградбата на почетокот на следната година, откри извршната директорка на ДЕСФА и паралелно им се заблагодари на грчките институции и на амбасадата на САД во Грција за поддршката и напорите.

Минатиот месец НОМАГАС и ДЕСФА потпишаа договорот за вршење на надзор над изградбата, а финансирањето на надзорот и административната поддршка за реализација на проектот е обезбедено преку програмата WBIF, со Договор за инвестициски грант потпишан со ЕИБ во висина од 2.475.00 евра.

Од НОМАГАС тогаш соопштија дека тоа беше значаен чекор за побрзо започнување на изградбата на интерконекторот, со оглед дека изборот на надзор над градбата е услов за избор на изведувач.

Интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција предвидено е да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на водород.

Во октомври 2016 година беше потпишан Меморандумот за разбирање меѓу Националните енергетски ресурси (НЕР) на Македонија и Националниот оператор за пренос на гас на Грција (ДЕСФА).

Нешто помалку од пет години подоцна двете земји потпишаа договор на политичко ниво, а во октомври 2021 година извршните директори на двете компании го потпишаа договорот за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји.

Проектот предвидено е да биде финализиран на средината на 2025 година.

The post Постигната конечна инвестициска одлука за изградба на интерконекторот меѓу Грција и Македонија appeared first on Република.

]]>

Компаниите НОМАГАС од Македонија и ДЕСФА од Грција постигнале конечна инвестициска одлука за интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, а изградбата се очекува да започне на почетокот на следната година, соопшти извршната директорка на ДЕСФА Мариа Рита Гали, јави дописничката на МИА од Атина. Гали, говорејќи на конференцијата на Економист што се одржува во Грција, рече дека „меѓу важните проекти на компанијата е и новата рута за извоз со  Македонија“. Вчера со нашиот партнер НОМАГАС постигнавме конечна инвестициска одлука, па така проектот сега и официјално подготвен и ќе ја започнеме изградбата на почетокот на следната година, откри извршната директорка на ДЕСФА и паралелно им се заблагодари на грчките институции и на амбасадата на САД во Грција за поддршката и напорите. Минатиот месец НОМАГАС и ДЕСФА потпишаа договорот за вршење на надзор над изградбата, а финансирањето на надзорот и административната поддршка за реализација на проектот е обезбедено преку програмата WBIF, со Договор за инвестициски грант потпишан со ЕИБ во висина од 2.475.00 евра. Од НОМАГАС тогаш соопштија дека тоа беше значаен чекор за побрзо започнување на изградбата на интерконекторот, со оглед дека изборот на надзор над градбата е услов за избор на изведувач. Интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција предвидено е да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на водород. Во октомври 2016 година беше потпишан Меморандумот за разбирање меѓу Националните енергетски ресурси (НЕР) на Македонија и Националниот оператор за пренос на гас на Грција (ДЕСФА). Нешто помалку од пет години подоцна двете земји потпишаа договор на политичко ниво, а во октомври 2021 година извршните директори на двете компании го потпишаа договорот за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји. Проектот предвидено е да биде финализиран на средината на 2025 година.

The post Постигната конечна инвестициска одлука за изградба на интерконекторот меѓу Грција и Македонија appeared first on Република.

]]>
Со поморски кабел ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет преку Грција до Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-pomorski-kabel-ke-prenesuva-100-zelena-energija-od-egipet-preku-grtsija-do-evropa/ Thu, 18 May 2023 11:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=642254

Copelouzos Group, преку своите филијали DAMCO ENERGY и ELICA MEDITERRANEAN INTERCONNECTION и Infinity Power, заедничко вложување помеѓу Masdar (Abu Dhabi Future Energy Company) и египетската Infinity, потпишаа Меморандум за разбирање за пристап, на не-ексклузивна основа, за можности за заеднички развој на проектите за обновлива енергија, што ќе му овозможи на проектот GREGY електрична интерконекција со извор на зелена енергија.

Проектот GREGY - Green Energy Interconnector вклучува електрична интерконекција на Египет директно со континентална Грција преку подморски кабел со капацитет од 3 000 MW и можност за двонасочен пренос на енергија. Проектот GREGY ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет до Грција и преку Грција до Европа, со што ќе даде одлучувачки придонес во справувањето со климатските промени и ефектот на стаклена градина со значително намалување на емисиите на CO2. Неопходните проекти за обновлива енергија со капацитет од околу 9,5 GW ќе бидат потребни за максимално искористување на GREGY. Проектот ќе обезбеди алтернативни чисти и обновливи извори на енергија и рути за Европа, со што ќе се намали зависноста на континентот од енергијата произведена од фосилни горива.

Меморандумот за разбирање предвидува формирање на Управен комитет, составен од три члена, за да ги координира дискусиите, да разменува информации и да води преговори. Преку нивната соработка, страните ќе настојуваат да ја искористат својата експертиза, искуство и техничко, комерцијално и финансиско знаење, за брз развој, имплементација и успешно функционирање на проектите за обновливи извори на енергија.

Меморандумот за разбирање следи по договорот потпишан минатата година меѓу ОАЕ и Грција, за време на посетата на грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис на Абу Даби, за воспоставување инвестициска рамка во вредност од 4 милијарди евра, помеѓу ADQ и Грчката банка за развој (HDB), Националната развојна банка на Грција и Грчката развојна банка за инвестиции (HDBI).

Многу сме возбудени што работиме заедно преку ова партнерство и очекуваме силен потенцијал за взаемна корист и соработка преку заеднички развој на проекти за обновливи извори на енергија во Египет и трансфер преку проектот за подморски пренос (GREGY) на произведената зелена енергија во Европа. Овој проект е извонредна можност за Египет да има корист преку економскиот развој и растот на приходите. Проектот ќе ја зајакне и енергетската безбедност на земјата и ќе биде клучен потфат во промовирањето на меѓународната соработка. Со снабдување со обновлива енергија во Европа, ние не само што ја зајакнуваме сопствената економија, туку и се позиционираме како клучен играч на глобалниот енергетски пазар. Овој проект совршено се усогласува со нашата визија за одржлива иднина за светот, вели Мохамед Исмаил Мансур, Претседател на Infinity Power.

За Најер Фуад, Извршен директор на Infinity Power изјави ова партнерство отвора поголеми патишта за аспиративни цели и пресвртници.

Не само што придонесуваме за реализација на аспирациите на COP27, туку го предводиме и движењето кон COP28, со тоа што се етаблираме како значаен снабдувач на зелена енергија, надвор од Африка. Придобивките од проектот за подморски пренос меѓу Египет и Грција се далекусежни. Не само што зелената енергија произведена од заеднички развиениот проект за обновливи извори на енергија ќе ја зајакне енергетската безбедност на Египет и ќе обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, туку и ќе генерира работни места и значителен раст на приходите. Нејзиното пренесување преку GREGY во Грција и Европа, исто така, ќе ги поддржи земјите од ЕУ да постигнат енергетска безбедност и декарбонизација. Проектите ќе го промовираат и развојот на обновливите извори на енергија во земјата и ќе ја поддржат транзицијата кон поодржлив енергетски систем, вели Фуад.

Христос Копелузос, Претседател и Извршен директор на Copelouzos Group смета дека на овој начин може да се поддржи Европа во нејзините напори за постигнување енергетска диверзификација и безбедност и побрзо постигнување на Fit-55 и елиминација на целите за емисија на CO2.

Среќни сме што влегуваме во Меморандум за разбирање со Infinity Power за проценка на можноста за соработка во развојот на еден од најголемите проекти за зелена енергија во Источниот Медитеран за производство на зелена енергија што ќе се пренесе преку GREGY во Грција и преку Грција до Европа, вели тој.

За компаниите

Infinity Power е заедничко вложување помеѓу египетската Infinity и Masdar (Abu Dhabi Future Energy Company) за насочување на проектите за производство на електрична енергија преку обновливи извори на енергија, односно соларни и ветерни технологии на комунално ниво, како и комерцијални и индустриски размери во Африка. Infinity Power ги обединува силните искуства на двете компании во развојот и работењето со средства за обновлива енергија.

Со тековните проекти лоцирани во Египет, Јужна Африка и Сенегал, Infinity Power има за цел да ги прошири своите операции на пазарите во сите 54 африкански земји, обезбедувајќи електрична енергија на сите локации во Африка, на кои струјата им е најпотребна. Вкупниот капацитет на оперативните проекти на Infinity Power е 1,3 GW, што е еднакво на намалување за повеќе од 3 милиони тони емисии на CO2 годишно со користење на конвенционално производство на електрична енергија. Компанијата има и 13,8 GW проекти во подготовка во различни фази на развој.

Copelouzos Group е една од најголемите инвестициски групи во Грција со различни активности, специјализирана за стратешки сектори на економијата и индустријата како инфраструктурен инвеститор и целосно интегрирана организација за развој на бизнисот специјализирана за сектори за стратешки економски развој, каде што нејзината експертиза и знаење тоа го овозможуваат тоа. Компанијата игра клучна улога во конципирањето, развојот и спроведувањето на големи и технички предизвикувачки, индустриски, технолошки и други инфраструктурни проекти. Основните деловни области на Групацијата се енергетски проекти, електрани, природен гас, обновливи извори на енергија, развој и менаџмент на аеродроми, недвижнини, градежништво, туризам, изложбени и конгресни центри и отворено рекламирање. Меѓу другото, Групацијата го развива проектот GREGY-Green Energy Interconnection.

The post Со поморски кабел ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет преку Грција до Европа appeared first on Република.

]]>

Copelouzos Group, преку своите филијали DAMCO ENERGY и ELICA MEDITERRANEAN INTERCONNECTION и Infinity Power, заедничко вложување помеѓу Masdar (Abu Dhabi Future Energy Company) и египетската Infinity, потпишаа Меморандум за разбирање за пристап, на не-ексклузивна основа, за можности за заеднички развој на проектите за обновлива енергија, што ќе му овозможи на проектот GREGY електрична интерконекција со извор на зелена енергија. Проектот GREGY - Green Energy Interconnector вклучува електрична интерконекција на Египет директно со континентална Грција преку подморски кабел со капацитет од 3 000 MW и можност за двонасочен пренос на енергија. Проектот GREGY ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет до Грција и преку Грција до Европа, со што ќе даде одлучувачки придонес во справувањето со климатските промени и ефектот на стаклена градина со значително намалување на емисиите на CO2. Неопходните проекти за обновлива енергија со капацитет од околу 9,5 GW ќе бидат потребни за максимално искористување на GREGY. Проектот ќе обезбеди алтернативни чисти и обновливи извори на енергија и рути за Европа, со што ќе се намали зависноста на континентот од енергијата произведена од фосилни горива. Меморандумот за разбирање предвидува формирање на Управен комитет, составен од три члена, за да ги координира дискусиите, да разменува информации и да води преговори. Преку нивната соработка, страните ќе настојуваат да ја искористат својата експертиза, искуство и техничко, комерцијално и финансиско знаење, за брз развој, имплементација и успешно функционирање на проектите за обновливи извори на енергија. Меморандумот за разбирање следи по договорот потпишан минатата година меѓу ОАЕ и Грција, за време на посетата на грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис на Абу Даби, за воспоставување инвестициска рамка во вредност од 4 милијарди евра, помеѓу ADQ и Грчката банка за развој (HDB), Националната развојна банка на Грција и Грчката развојна банка за инвестиции (HDBI).
Многу сме возбудени што работиме заедно преку ова партнерство и очекуваме силен потенцијал за взаемна корист и соработка преку заеднички развој на проекти за обновливи извори на енергија во Египет и трансфер преку проектот за подморски пренос (GREGY) на произведената зелена енергија во Европа. Овој проект е извонредна можност за Египет да има корист преку економскиот развој и растот на приходите. Проектот ќе ја зајакне и енергетската безбедност на земјата и ќе биде клучен потфат во промовирањето на меѓународната соработка. Со снабдување со обновлива енергија во Европа, ние не само што ја зајакнуваме сопствената економија, туку и се позиционираме како клучен играч на глобалниот енергетски пазар. Овој проект совршено се усогласува со нашата визија за одржлива иднина за светот, вели Мохамед Исмаил Мансур, Претседател на Infinity Power.
За Најер Фуад, Извршен директор на Infinity Power изјави ова партнерство отвора поголеми патишта за аспиративни цели и пресвртници.
Не само што придонесуваме за реализација на аспирациите на COP27, туку го предводиме и движењето кон COP28, со тоа што се етаблираме како значаен снабдувач на зелена енергија, надвор од Африка. Придобивките од проектот за подморски пренос меѓу Египет и Грција се далекусежни. Не само што зелената енергија произведена од заеднички развиениот проект за обновливи извори на енергија ќе ја зајакне енергетската безбедност на Египет и ќе обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија, туку и ќе генерира работни места и значителен раст на приходите. Нејзиното пренесување преку GREGY во Грција и Европа, исто така, ќе ги поддржи земјите од ЕУ да постигнат енергетска безбедност и декарбонизација. Проектите ќе го промовираат и развојот на обновливите извори на енергија во земјата и ќе ја поддржат транзицијата кон поодржлив енергетски систем, вели Фуад.
Христос Копелузос, Претседател и Извршен директор на Copelouzos Group смета дека на овој начин може да се поддржи Европа во нејзините напори за постигнување енергетска диверзификација и безбедност и побрзо постигнување на Fit-55 и елиминација на целите за емисија на CO2.
Среќни сме што влегуваме во Меморандум за разбирање со Infinity Power за проценка на можноста за соработка во развојот на еден од најголемите проекти за зелена енергија во Источниот Медитеран за производство на зелена енергија што ќе се пренесе преку GREGY во Грција и преку Грција до Европа, вели тој.

За компаниите

Infinity Power е заедничко вложување помеѓу египетската Infinity и Masdar (Abu Dhabi Future Energy Company) за насочување на проектите за производство на електрична енергија преку обновливи извори на енергија, односно соларни и ветерни технологии на комунално ниво, како и комерцијални и индустриски размери во Африка. Infinity Power ги обединува силните искуства на двете компании во развојот и работењето со средства за обновлива енергија. Со тековните проекти лоцирани во Египет, Јужна Африка и Сенегал, Infinity Power има за цел да ги прошири своите операции на пазарите во сите 54 африкански земји, обезбедувајќи електрична енергија на сите локации во Африка, на кои струјата им е најпотребна. Вкупниот капацитет на оперативните проекти на Infinity Power е 1,3 GW, што е еднакво на намалување за повеќе од 3 милиони тони емисии на CO2 годишно со користење на конвенционално производство на електрична енергија. Компанијата има и 13,8 GW проекти во подготовка во различни фази на развој. Copelouzos Group е една од најголемите инвестициски групи во Грција со различни активности, специјализирана за стратешки сектори на економијата и индустријата како инфраструктурен инвеститор и целосно интегрирана организација за развој на бизнисот специјализирана за сектори за стратешки економски развој, каде што нејзината експертиза и знаење тоа го овозможуваат тоа. Компанијата игра клучна улога во конципирањето, развојот и спроведувањето на големи и технички предизвикувачки, индустриски, технолошки и други инфраструктурни проекти. Основните деловни области на Групацијата се енергетски проекти, електрани, природен гас, обновливи извори на енергија, развој и менаџмент на аеродроми, недвижнини, градежништво, туризам, изложбени и конгресни центри и отворено рекламирање. Меѓу другото, Групацијата го развива проектот GREGY-Green Energy Interconnection.

The post Со поморски кабел ќе пренесува 100% зелена енергија од Египет преку Грција до Европа appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-interkonektorot-pomegju-severna-makedonija-i-grcija-e-kluchen-energetski-infrastrukturen-objekt-vo-snabduvanjeto-so-priroden-gas/ Sat, 17 Sep 2022 09:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=551662

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија е домаќин на 37 состанок на Регионалниот Координативен Комитет на Југо и Југо – источна регионална иницијатива за природен гас („ 37th Regional Coordination Committee Meeting на GAS REGIONAL INITIATIVE – SOUTH SOUTH-EAST “).

Претставници од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори – АЦЕР, Енергетската Заедница и регулаторни тела меѓу кои експерти за регулативата во секторот за природен гас од Хрватска, Италија, Словенија, Албанија, Грција дискутираа за мерките кои земјите ги преземаат во пресрет на зимата и ги презентираа плановите во однос на снабдувањето со гасот.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на учесниците им посака добредојде и потенцираше дека е чест што РКЕ е домаќини на состанок каде релевантни чинители разговараат за предизвиците и плановите со кои се соочува цела Европа во однос на обезбедувањето на енергенси – природен гас.

„Пред нас се бројни предизвици, национални и регионални кога станува збор за приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, инвестирање во нови технологии во обновливи извори, како и гасификација, кои за нас се неизбежни инвестициски процеси и кои ќе донесат бенефит на долг рок. Еден релевантен проект, кој е од голема важност е интерконекторот помеѓу Македонија и Грција како клучен енергетски инфраструктурен објект со кој ќе се обезбедува повисока конкурентност во снабдувањето со природен гас. Македонија и регионот се зависни од гасот што го снабдува од Гаспром и тие причини треба да се размислува на диверзификација. Интерконекторот за гас помеѓу Грција и Македонија ќе го диверзифицира снабдувањето со енергија за Македонија и регионот и истиот ќе претставува добар напор за соработка.“ истакна Марко Бислимоски, во воведното обраќање.

Состанокот за Гасната регионална иницијатива се реализира благодарение на соработката со АЦЕР и Секретаријатот на Енергетската заедница, а нејзината интенција е интеграција на пазарите, обезбедување исти услови за пристап и правила на пазарот на гас во регионот, како и воспоставување на добро функционален, конкурентен, ликвиден и транспарентен пазар на гас.

The post Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија е домаќин на 37 состанок на Регионалниот Координативен Комитет на Југо и Југо – источна регионална иницијатива за природен гас („ 37th Regional Coordination Committee Meeting на GAS REGIONAL INITIATIVE – SOUTH SOUTH-EAST “). Претставници од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори – АЦЕР, Енергетската Заедница и регулаторни тела меѓу кои експерти за регулативата во секторот за природен гас од Хрватска, Италија, Словенија, Албанија, Грција дискутираа за мерките кои земјите ги преземаат во пресрет на зимата и ги презентираа плановите во однос на снабдувањето со гасот. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на учесниците им посака добредојде и потенцираше дека е чест што РКЕ е домаќини на состанок каде релевантни чинители разговараат за предизвиците и плановите со кои се соочува цела Европа во однос на обезбедувањето на енергенси – природен гас. „Пред нас се бројни предизвици, национални и регионални кога станува збор за приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, инвестирање во нови технологии во обновливи извори, како и гасификација, кои за нас се неизбежни инвестициски процеси и кои ќе донесат бенефит на долг рок. Еден релевантен проект, кој е од голема важност е интерконекторот помеѓу Македонија и Грција како клучен енергетски инфраструктурен објект со кој ќе се обезбедува повисока конкурентност во снабдувањето со природен гас. Македонија и регионот се зависни од гасот што го снабдува од Гаспром и тие причини треба да се размислува на диверзификација. Интерконекторот за гас помеѓу Грција и Македонија ќе го диверзифицира снабдувањето со енергија за Македонија и регионот и истиот ќе претставува добар напор за соработка.“ истакна Марко Бислимоски, во воведното обраќање. Состанокот за Гасната регионална иницијатива се реализира благодарение на соработката со АЦЕР и Секретаријатот на Енергетската заедница, а нејзината интенција е интеграција на пазарите, обезбедување исти услови за пристап и правила на пазарот на гас во регионот, како и воспоставување на добро функционален, конкурентен, ликвиден и транспарентен пазар на гас.

The post Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас appeared first on Република.

]]>