Интерарт културниот центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/interart-kulturniot-tsentar/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 10:21:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Интерарт културниот центар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/interart-kulturniot-tsentar/ 32 32 Продолжува проектот „Простор за разговор“ на Интерарт културен центар и „Хера“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prodolzhuva-proektot-prostor-za-razgovor-na-interart-kulturen-tsentar-i-hera/ Thu, 16 May 2024 10:21:42 +0000 https://republika.mk/?p=778732

Интерарт културниот центар во соработка со Хера – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, најавува продолжување на проектот „Простор за разговор“ со кој, преку уметнички активизам сака да ја подигне свеста за родовата еднаквост. Проектот се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии ќе бидат отсликани преку современ танцов перформанс. Директорот на Интерарт културен центар, Матеа Мијановиќ, кој го води проектот, смета дека е „важно да се продолжи со делувањето, па така и „Простор за разговор“ го продолжува својот пат, бидејќи како што истакна и претходно, важно е да се постават прашања во однос на темата и јавно да се разговара за истата“.

„Простор за разговор“ е проект кој се базира на истражувања на темата за родова еднаквост и кој, преку уметнички активизам, лични искуства, вистински приказни на лица од различен род, возраст, различно јазично говорно подрачје и социјално опкружување, создава уметничка рефлексија во форма на современ танцов перформанс. Посебен аспект на проектот е истражувањето на спецификите на темата, социолошкото опкружување, разбирањето на темата, посебно на лица кои се директно инволвирани во ситуации, во кои не се почитува правото на еднаквост на жените и мажите, кои се клучни за рамномерен развој на едно општество, каде што ќе владее мир, одржливата демократија и економскиот развој.

Проектот се фокусира на проблемите со кои се соочуваме на темата на родова еднаквост и сакаме да го свртиме вниманието на јавноста кон овој горлив проблем. Лично, како уметник, сакам преку уметнички активизам да допринесам во ослободување и поголемо социјализирање на општеството. Досегашното искуство ни покажа дека е неопходно да се делува, да се разговара, посебно со младата популација за да можат на поадекватен начин да се справат со проблемите кои ги засегаат и сметам дека сите треба да делуваме во таа насока, да создадеме едно похумано и по грижливо општество, во кое секој ќе го најде своето место и ќе може да живее без стеги и страв. Им благодарам на сите соработници и партнери низ градовите во земјава, каде ќе се одржуваат настаните на проектот“ – вели кореографката и универзитетски професор Рисима Рисимкин.

„Простор за разговор“ се состои од краток филм и танцов перформанс, кои претставуваат уметничка рефлексија на темата и ќе бидат изведени од танчерите на Скопје танцовиот театар. По перформансот ќе има разговор на темата за родова еднаквост со публиката, со цел справување на проблемите на младите. Поканети се социолози, активисти и психолози, кои ќе говорат за тоа каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост, воедно ќе се споделуваат искуствата. Проектот „Простор за разговор“ (волумен 2) е поддржан од Германија, преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи на Западен Балкан.

Настаните ќе се одржат во повеќе градови и тоа на 20 мај, во 12 часот во Куманово на сцената на НУКЦ „Трајко Прокопиев“; на 21 мај, во 12 часот во Штип на сцената на Мултимедијалниот центар на УГД; на 22 мај во 12 часот, во Велес, на Малата сцена Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“; на 23 мај во 12 часот во Битола на Новата сцена на Народниот театар и Домот за култура; 3 јуни во 20 часот во Охрид во Младинскиот центар и на 4 јуни во 12 часот во Струга на сцената на Културниот центар „Браќа Миладиновски“.

 

The post Продолжува проектот „Простор за разговор“ на Интерарт културен центар и „Хера“ appeared first on Република.

]]>

Интерарт културниот центар во соработка со Хера – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, најавува продолжување на проектот „Простор за разговор“ со кој, преку уметнички активизам сака да ја подигне свеста за родовата еднаквост. Проектот се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии ќе бидат отсликани преку современ танцов перформанс. Директорот на Интерарт културен центар, Матеа Мијановиќ, кој го води проектот, смета дека е „важно да се продолжи со делувањето, па така и „Простор за разговор“ го продолжува својот пат, бидејќи како што истакна и претходно, важно е да се постават прашања во однос на темата и јавно да се разговара за истата“. „Простор за разговор“ е проект кој се базира на истражувања на темата за родова еднаквост и кој, преку уметнички активизам, лични искуства, вистински приказни на лица од различен род, возраст, различно јазично говорно подрачје и социјално опкружување, создава уметничка рефлексија во форма на современ танцов перформанс. Посебен аспект на проектот е истражувањето на спецификите на темата, социолошкото опкружување, разбирањето на темата, посебно на лица кои се директно инволвирани во ситуации, во кои не се почитува правото на еднаквост на жените и мажите, кои се клучни за рамномерен развој на едно општество, каде што ќе владее мир, одржливата демократија и економскиот развој.
Проектот се фокусира на проблемите со кои се соочуваме на темата на родова еднаквост и сакаме да го свртиме вниманието на јавноста кон овој горлив проблем. Лично, како уметник, сакам преку уметнички активизам да допринесам во ослободување и поголемо социјализирање на општеството. Досегашното искуство ни покажа дека е неопходно да се делува, да се разговара, посебно со младата популација за да можат на поадекватен начин да се справат со проблемите кои ги засегаат и сметам дека сите треба да делуваме во таа насока, да создадеме едно похумано и по грижливо општество, во кое секој ќе го најде своето место и ќе може да живее без стеги и страв. Им благодарам на сите соработници и партнери низ градовите во земјава, каде ќе се одржуваат настаните на проектот“ – вели кореографката и универзитетски професор Рисима Рисимкин.
„Простор за разговор“ се состои од краток филм и танцов перформанс, кои претставуваат уметничка рефлексија на темата и ќе бидат изведени од танчерите на Скопје танцовиот театар. По перформансот ќе има разговор на темата за родова еднаквост со публиката, со цел справување на проблемите на младите. Поканети се социолози, активисти и психолози, кои ќе говорат за тоа каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост, воедно ќе се споделуваат искуствата. Проектот „Простор за разговор“ (волумен 2) е поддржан од Германија, преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи на Западен Балкан. Настаните ќе се одржат во повеќе градови и тоа на 20 мај, во 12 часот во Куманово на сцената на НУКЦ „Трајко Прокопиев“; на 21 мај, во 12 часот во Штип на сцената на Мултимедијалниот центар на УГД; на 22 мај во 12 часот, во Велес, на Малата сцена Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“; на 23 мај во 12 часот во Битола на Новата сцена на Народниот театар и Домот за култура; 3 јуни во 20 часот во Охрид во Младинскиот центар и на 4 јуни во 12 часот во Струга на сцената на Културниот центар „Браќа Миладиновски“.  

The post Продолжува проектот „Простор за разговор“ на Интерарт културен центар и „Хера“ appeared first on Република.

]]>
Во Гевгелија продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-gevgelija-prodolzhuva-natsionalnata-turneja-na-proektot-prostor-za-razgovor/ Mon, 08 May 2023 09:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=638261

На 9 мај, во 20 часот во Гевгелија во Домот на културата „Македонија“ продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ на Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје.

Во рамки на настанот ќе се изведе претставата „Простор за разговор“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, а костимите се на Благој Мицевски.

Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, како и Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска и Стефанија Милевска Враниќ, студенти на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“.

Ќе биде прикажан и филмот кој е специјално подготвоен на таа тема. Планирано е да говорот директорката на Домот за култура Мирјана Крстева Масети, Петар Јанчев, член на Интерсекторска група за родова еднаквост во Општина Гевгелија и Рисимкин, уметничкиот автор на проектот кои ќе зборуваат на темата за родова еднаквост и семејно насилство.

Националната турнеја на овој активистички проект се случува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.

Премиерата на „Простор за разговор“, беше на 26 ноември 2022 година во Мала станица во Скопје.

Во мај турнејата ќе продолжи низ повеќе градови во земјава.

The post Во Гевгелија продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ appeared first on Република.

]]>

На 9 мај, во 20 часот во Гевгелија во Домот на културата „Македонија“ продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ на Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје. Во рамки на настанот ќе се изведе претставата „Простор за разговор“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски, а костимите се на Благој Мицевски. Настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Бобан Русески, како и Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска и Стефанија Милевска Враниќ, студенти на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“. Ќе биде прикажан и филмот кој е специјално подготвоен на таа тема. Планирано е да говорот директорката на Домот за култура Мирјана Крстева Масети, Петар Јанчев, член на Интерсекторска група за родова еднаквост во Општина Гевгелија и Рисимкин, уметничкиот автор на проектот кои ќе зборуваат на темата за родова еднаквост и семејно насилство. Националната турнеја на овој активистички проект се случува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со темата на родово еднаквост и родово базирано насилство. Премиерата на „Простор за разговор“, беше на 26 ноември 2022 година во Мала станица во Скопје. Во мај турнејата ќе продолжи низ повеќе градови во земјава.

The post Во Гевгелија продолжува националната турнеја на проектот „Простор за разговор“ appeared first on Република.

]]>