интелегенција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/intelegencija/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jul 2024 08:08:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интелегенција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/intelegencija/ 32 32 Македонците 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-49-ti-vo-svetot-spored-prosechniot-koefitsient-na-inteligentsija/ Tue, 09 Jul 2024 08:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=794790

Македонските граѓани се 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција, покажува рангирањето објавено на страницата „International IQ test“. Листата е составена врз основа на резултатите од 1.691.740 лица од целиот свет кои направиле еден ист тест за интелигенција во 2023 година.

Според оваа листа, Македонците имаат просечен коефициент на интелигенција од 98,83. Тоа е блиску до општиот просек којшто изнесува коефициент 100. Претходниот минатогодишен резултат за македонските граѓани бил 98,21 коефициентен поен.

Во првите 10 земји се наоѓаат: Јужна Кореја (со просечен коефициент на интелигенција од 107,54), Кина (106,99), Иран (106,84), Јапонија (106,18), Сингапур (106,18), Австрија (102,71), Канада (102,6), Германија (102,36), Словенија (102,31) и Монголија со просечен коефициент 102,3.

Од нашето поблиско опкружување, Бугарите имаат просечен коефициент 101,71, Србите – 100,66, Хрватите – 99,73, Босанците – 99,57, Црна Гора има 99,34 просечни поени, Грција е со коефициент 97,51 и Албанија има просек од 97,28 коефициентни поени.

The post Македонците 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција appeared first on Република.

]]>

Македонските граѓани се 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција, покажува рангирањето објавено на страницата „International IQ test“. Листата е составена врз основа на резултатите од 1.691.740 лица од целиот свет кои направиле еден ист тест за интелигенција во 2023 година. Според оваа листа, Македонците имаат просечен коефициент на интелигенција од 98,83. Тоа е блиску до општиот просек којшто изнесува коефициент 100. Претходниот минатогодишен резултат за македонските граѓани бил 98,21 коефициентен поен. Во првите 10 земји се наоѓаат: Јужна Кореја (со просечен коефициент на интелигенција од 107,54), Кина (106,99), Иран (106,84), Јапонија (106,18), Сингапур (106,18), Австрија (102,71), Канада (102,6), Германија (102,36), Словенија (102,31) и Монголија со просечен коефициент 102,3. Од нашето поблиско опкружување, Бугарите имаат просечен коефициент 101,71, Србите – 100,66, Хрватите – 99,73, Босанците – 99,57, Црна Гора има 99,34 просечни поени, Грција е со коефициент 97,51 и Албанија има просек од 97,28 коефициентни поени.

The post Македонците 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција appeared first on Република.

]]>
Aко ги имате овие особини вие сте интелегентна личност https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/ako-gi-imate-ovie-osobini-vie-ste-intelegentna-lichnost/ Tue, 18 Jun 2024 09:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=788685

Емоционалната интелигенција често се наведува како една клучна вештина за професионален успех, но се чини, исто толку е важна и во љубовта и односот кон партнерот воопшто.

Кенди Виенс е авторка на книгата „Имунитет против исцрпеност: Како емоционалната интелигенција може да Ви помогне да изградите отпорност и да ја залечите Вашата врска со работата“ (Burnout Immunity: How Emotional Intelligence Can Help You Build Resilience and Heal Your Relationship with Work). Таа посочува четири признаци за тоа дека една личност е емоционално интелигентна. Следи појаснување за секој од нив.

„Здрави“ конфликти и судири

Надминувањето непријатни случки и конфликти со емоционално интелигентна личност, значи дека Вие и партнерот / партнерката не ги избегнувате кавгите и проблемите. Караниците коишто се остават нерешени, на крајот се претвораат во гнев и „експлозија“ од лоши зборови што неретко причинуваат и непоправлива штета.

Партнерот кој се впушта во „здрав судир“ не е несклон кон конфликти и не е пасивно-агресивен. Тој / таа не доминира во разговорот, не го напаѓа другиот и не користи навредлив јазик или однесување. Тие луѓе може да се налутат, па дури и да се развикаат, но брзо се смируваат и ја преземаат одговорноста за улогата што ја имале во кавгата. Способни се и да се извинат кога тоа е потребно.

Управување со емоциите на здрав и продуктивен начин

Способноста да се насочат сопствените емоции не значи - да се потиснуваат или негираат своите чувства. Напротив, ова значи способност да се толерираат негативните емоции и стресните искуства без да се реагира импулсивно. Умешното смирување по вознемирувачко искуство - е клучна компонента на емоционалната интелигенција и во здравите врски.

Дозволи ѝ / му да биде она што навистина е!

Емоционално интелигентните партнери не гледаат „закана“ во меѓусебните разлики и не бараат ексклузивно внимание. Тие не очекуваат од другиот да биде совршен /-а, или да се менува за да му угоди на другиот во врската или да се приспособи на неа / него, на неговите или нејзините афинитети, претпочитања и интереси, па дури и на она што не ѝ / му се допаѓа. Тие ги почитуваат Вашите интереси, граници и желбата да ги правите работите сами, на пр. - да се гледате со своите пријатели, да негувате свое хоби или едноставно да уживате во своето време сами.

Емпатија

Можеби една од клучните одлики на емоционалната интелигенција е емпатијата, којашто е од суштинско значење за градење доверба и однос со партнерот, дури и кога двајцата не се согласуваат. Може да се изрази во различни случаи, а тоа како особина добро се препознава, на пр. ако партнерот поставува прашања и покажува интерес за другиот во врската.

The post Aко ги имате овие особини вие сте интелегентна личност appeared first on Република.

]]>

Емоционалната интелигенција често се наведува како една клучна вештина за професионален успех, но се чини, исто толку е важна и во љубовта и односот кон партнерот воопшто. Кенди Виенс е авторка на книгата „Имунитет против исцрпеност: Како емоционалната интелигенција може да Ви помогне да изградите отпорност и да ја залечите Вашата врска со работата“ (Burnout Immunity: How Emotional Intelligence Can Help You Build Resilience and Heal Your Relationship with Work). Таа посочува четири признаци за тоа дека една личност е емоционално интелигентна. Следи појаснување за секој од нив. „Здрави“ конфликти и судири Надминувањето непријатни случки и конфликти со емоционално интелигентна личност, значи дека Вие и партнерот / партнерката не ги избегнувате кавгите и проблемите. Караниците коишто се остават нерешени, на крајот се претвораат во гнев и „експлозија“ од лоши зборови што неретко причинуваат и непоправлива штета. Партнерот кој се впушта во „здрав судир“ не е несклон кон конфликти и не е пасивно-агресивен. Тој / таа не доминира во разговорот, не го напаѓа другиот и не користи навредлив јазик или однесување. Тие луѓе може да се налутат, па дури и да се развикаат, но брзо се смируваат и ја преземаат одговорноста за улогата што ја имале во кавгата. Способни се и да се извинат кога тоа е потребно. Управување со емоциите на здрав и продуктивен начин Способноста да се насочат сопствените емоции не значи - да се потиснуваат или негираат своите чувства. Напротив, ова значи способност да се толерираат негативните емоции и стресните искуства без да се реагира импулсивно. Умешното смирување по вознемирувачко искуство - е клучна компонента на емоционалната интелигенција и во здравите врски. Дозволи ѝ / му да биде она што навистина е! Емоционално интелигентните партнери не гледаат „закана“ во меѓусебните разлики и не бараат ексклузивно внимание. Тие не очекуваат од другиот да биде совршен /-а, или да се менува за да му угоди на другиот во врската или да се приспособи на неа / него, на неговите или нејзините афинитети, претпочитања и интереси, па дури и на она што не ѝ / му се допаѓа. Тие ги почитуваат Вашите интереси, граници и желбата да ги правите работите сами, на пр. - да се гледате со своите пријатели, да негувате свое хоби или едноставно да уживате во своето време сами. Емпатија Можеби една од клучните одлики на емоционалната интелигенција е емпатијата, којашто е од суштинско значење за градење доверба и однос со партнерот, дури и кога двајцата не се согласуваат. Може да се изрази во различни случаи, а тоа како особина добро се препознава, на пр. ако партнерот поставува прашања и покажува интерес за другиот во врската.

The post Aко ги имате овие особини вие сте интелегентна личност appeared first on Република.

]]>