Интел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/intel/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Jun 2023 13:18:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Интел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/intel/ 32 32 Германија ќе го субвенционира американскиот електронски гигант https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-ke-go-subventsionira-amerikanskiot-elektronski-gigant/ Tue, 20 Jun 2023 13:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=653407

Германската влада ја намалува зависноста на земјата од глобалните синџири на снабдување, а важен чекор во тоа е изградбата на огромна фабрика за чипови во Магдебург.

Зделката се финализира со американскиот производител „Интел“, вредна повеќе од 30 милијарди евра. Во тој вкупен износ се вклучени 9,9 милијарди евра субвенции од германската влада, според информациите на ДПА. Субвенциите допрва треба да ги одобри Европската комисија, за што претходно објави бизнис весникот „Ханделзблат“.

Во март минатата година „Интел“ објави дека чиповите во Магдебург, на истокот на Германија, ќе почнат да се произведуваат во 2027 година. Во првата фаза треба да се изградат две фабрики за полупроводници кои ќе можат да вработат неколку илјади луѓе. Предвиден е и хај-тек парк за добавувачи.

Интел првично сметаше на сума од најмалку 17 милијарди евра, но во меѓувреме се зголемија трошоците за изградба и енергија. Покрај тоа, компанијата сака да користи уште посовремена технологија за производство. Од владините кругови се дознава дека „Интел“ ја удвоил инвестицијата. Истовремено, субвенциите на Германија растат од 6,8 на 9,9 милијарди евра.

Претставниците на „Интел“ и германската влада треба да го потпишат договорот в понеделник. Двете страни веќе подолго време преговараат за субвенции. На локалитетот во Магдебург веќе почнаа археолошките истражувања и градежните подготовки.

The post Германија ќе го субвенционира американскиот електронски гигант appeared first on Република.

]]>

Германската влада ја намалува зависноста на земјата од глобалните синџири на снабдување, а важен чекор во тоа е изградбата на огромна фабрика за чипови во Магдебург. Зделката се финализира со американскиот производител „Интел“, вредна повеќе од 30 милијарди евра. Во тој вкупен износ се вклучени 9,9 милијарди евра субвенции од германската влада, според информациите на ДПА. Субвенциите допрва треба да ги одобри Европската комисија, за што претходно објави бизнис весникот „Ханделзблат“. Во март минатата година „Интел“ објави дека чиповите во Магдебург, на истокот на Германија, ќе почнат да се произведуваат во 2027 година. Во првата фаза треба да се изградат две фабрики за полупроводници кои ќе можат да вработат неколку илјади луѓе. Предвиден е и хај-тек парк за добавувачи. Интел првично сметаше на сума од најмалку 17 милијарди евра, но во меѓувреме се зголемија трошоците за изградба и енергија. Покрај тоа, компанијата сака да користи уште посовремена технологија за производство. Од владините кругови се дознава дека „Интел“ ја удвоил инвестицијата. Истовремено, субвенциите на Германија растат од 6,8 на 9,9 милијарди евра. Претставниците на „Интел“ и германската влада треба да го потпишат договорот в понеделник. Двете страни веќе подолго време преговараат за субвенции. На локалитетот во Магдебург веќе почнаа археолошките истражувања и градежните подготовки.

The post Германија ќе го субвенционира американскиот електронски гигант appeared first on Република.

]]>
Интел и ИБМ ја напуштаат Русија: Руските компании остануваат без серверите кои доминираат на пазарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/intel-i-ibm-ja-napushtaat-rusija-ruskite-kompanii-ostanuvaat-bez-serverite-koi-dominiraat-na-pazarot/ Wed, 06 Apr 2022 17:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=484237

Американскиот производител на чипови „Интел“ ја прекина работата во Русија, приклучувајќи им се на голем број компании кои ја напуштија земјата по нејзината воена акција во Украина.

Корпорацијата, која минатиот месец ги суспендираше испораките кон клиентите во Русија и Белорусија, соопшти дека имплементирала мерки за континуитет на бизнисот за да ги минимизира нарушувањата во нејзините глобални операции, објави „Ројтерс“.

Интел продолжува да ѝ се придружува на глобалната заедница во осудата на руската војна против Украина и повикува на брзо воспоставување мир - соопшти компанијата.

И компјутерскиот гигант ИБМ исто така ги прекина испораките во Русија, откако Украина ги повика американските софтверски компании да го прекинат бизнисот со земјата.

Серверите на ИБМ, „Дел“ и „Хјуит Пакард“ доминираат на рускиот пазар, при што компаниите и владините агенции се потпираат на технологијата развиена на Запад како основа за сопствените ИТ системи.

The post Интел и ИБМ ја напуштаат Русија: Руските компании остануваат без серверите кои доминираат на пазарот appeared first on Република.

]]>

Американскиот производител на чипови „Интел“ ја прекина работата во Русија, приклучувајќи им се на голем број компании кои ја напуштија земјата по нејзината воена акција во Украина. Корпорацијата, која минатиот месец ги суспендираше испораките кон клиентите во Русија и Белорусија, соопшти дека имплементирала мерки за континуитет на бизнисот за да ги минимизира нарушувањата во нејзините глобални операции, објави „Ројтерс“.
Интел продолжува да ѝ се придружува на глобалната заедница во осудата на руската војна против Украина и повикува на брзо воспоставување мир - соопшти компанијата.
И компјутерскиот гигант ИБМ исто така ги прекина испораките во Русија, откако Украина ги повика американските софтверски компании да го прекинат бизнисот со земјата. Серверите на ИБМ, „Дел“ и „Хјуит Пакард“ доминираат на рускиот пазар, при што компаниите и владините агенции се потпираат на технологијата развиена на Запад како основа за сопствените ИТ системи.

The post Интел и ИБМ ја напуштаат Русија: Руските компании остануваат без серверите кои доминираат на пазарот appeared first on Република.

]]>