интеграција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/integracija/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 12:33:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png интеграција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/integracija/ 32 32 Пријателите на Западен Балкан предлагаат мерки за соработка на регионот со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prijatelite-na-zapaden-balkan-predlagaat-merki-za-sorabotka-na-regionot-so-eu/ Mon, 13 Nov 2023 12:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=701063

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг заедно со групата „Пријатели на Западен Балкан“ покренаа иницијатива чија цел е да го намали влијанието на Кина и Русија во Југоисточна Европа и поблиску да ги поврзе балканските земји со Европската унија.

Иницијативата треба да биде корисна за двете страни. Тоа треба да им овозможи на земјите кандидати за членство во ЕУ погласно да ги артикулираат своите барања, а во исто време да развијат поголема солидарност и европско единство во надворешно-политичките прашања, што, според австриски медиуми, се уште не е изразено во некои земји, пренесе Бета.

На тој начин треба да се обезбеди „приспособување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија“, се вели во документот што денеска беше претставен на средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел.

Австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг на 23 јуни на Европскиот форум Вахау ја претстави групата „Пријатели на Западен Балкан“. Станува збор за група членки на ЕУ кои се за забрзување на пристапот на регионот во Унијата и сакаат да ги приближат земјите од Западен Балкан до ЕУ уште пред вистинското членство.

Австрија ја основа таа група заедно со Грција, Италија, Хрватска, Словачка, Словенија и Чешка.

Во „нон пејперот“, кој денеска беше презентиран на состанокот на Советот на министри на ЕУ, меѓу другото се бара земјите од Западен Балкан да учествуваат најмалку еднаш на секои шест месеци на тие состаноци на шефовите на ЕУ дипломатија.

Бидејќи регионот е изложен на дестабилизирачки фактори, како што се малигното влијание на трети земји, хибридни закани, дезинформации и илегална миграција, оваа агенда исто така треба да даде нови импулси за соработка во заедничката надворешна и безбедносна политика и да воспостави редовна структурирана размена на ставови со нашите партнери во согласност со воспоставениот процес на ЕУ и нејзината политика, се вели во документот.

Бидејќи очекуваме нашите партнери да се ориентираат кон надворешната политика на ЕУ, веруваме дека таков поинтензивен дијалог ќе го продлабочи разбирањето на позициите на ЕУ. Соработката ќе ни овозможи да се спротивставиме на надворешниот притисок и на руските и другите штетни наративи во регионот кои се некомпатибилни со вредностите на ЕУ и меѓународен поредок заснован на правила, пишува во „нон пејперот“.

Во документот се предлага и учество на земјите од Западен Балкан на неформални состаноци на амбасадорите на ЕУ, покоординирани посети на регионот, како и усвојување правила за заеднички речник кога станува збор за трети земји.

Беа предложени и редовни работни средби со експерти од областа на заштитата на човековите права, кои ќе ги надополнат преговорите меѓу ЕУ и кандидатите поврзани со судството и владеењето на правото. Се споменува и зајакнувањето на соработката во областа на кибер безбедноста.

Еден од предлозите е обука на млади дипломати од Западен Балкан во земјите потписнички на иницијативата.

The post Пријателите на Западен Балкан предлагаат мерки за соработка на регионот со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг заедно со групата „Пријатели на Западен Балкан“ покренаа иницијатива чија цел е да го намали влијанието на Кина и Русија во Југоисточна Европа и поблиску да ги поврзе балканските земји со Европската унија. Иницијативата треба да биде корисна за двете страни. Тоа треба да им овозможи на земјите кандидати за членство во ЕУ погласно да ги артикулираат своите барања, а во исто време да развијат поголема солидарност и европско единство во надворешно-политичките прашања, што, според австриски медиуми, се уште не е изразено во некои земји, пренесе Бета. На тој начин треба да се обезбеди „приспособување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија“, се вели во документот што денеска беше претставен на средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Брисел. Австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг на 23 јуни на Европскиот форум Вахау ја претстави групата „Пријатели на Западен Балкан“. Станува збор за група членки на ЕУ кои се за забрзување на пристапот на регионот во Унијата и сакаат да ги приближат земјите од Западен Балкан до ЕУ уште пред вистинското членство. Австрија ја основа таа група заедно со Грција, Италија, Хрватска, Словачка, Словенија и Чешка. Во „нон пејперот“, кој денеска беше презентиран на состанокот на Советот на министри на ЕУ, меѓу другото се бара земјите од Западен Балкан да учествуваат најмалку еднаш на секои шест месеци на тие состаноци на шефовите на ЕУ дипломатија. Бидејќи регионот е изложен на дестабилизирачки фактори, како што се малигното влијание на трети земји, хибридни закани, дезинформации и илегална миграција, оваа агенда исто така треба да даде нови импулси за соработка во заедничката надворешна и безбедносна политика и да воспостави редовна структурирана размена на ставови со нашите партнери во согласност со воспоставениот процес на ЕУ и нејзината политика, се вели во документот. Бидејќи очекуваме нашите партнери да се ориентираат кон надворешната политика на ЕУ, веруваме дека таков поинтензивен дијалог ќе го продлабочи разбирањето на позициите на ЕУ. Соработката ќе ни овозможи да се спротивставиме на надворешниот притисок и на руските и другите штетни наративи во регионот кои се некомпатибилни со вредностите на ЕУ и меѓународен поредок заснован на правила, пишува во „нон пејперот“. Во документот се предлага и учество на земјите од Западен Балкан на неформални состаноци на амбасадорите на ЕУ, покоординирани посети на регионот, како и усвојување правила за заеднички речник кога станува збор за трети земји. Беа предложени и редовни работни средби со експерти од областа на заштитата на човековите права, кои ќе ги надополнат преговорите меѓу ЕУ и кандидатите поврзани со судството и владеењето на правото. Се споменува и зајакнувањето на соработката во областа на кибер безбедноста. Еден од предлозите е обука на млади дипломати од Западен Балкан во земјите потписнички на иницијативата.

The post Пријателите на Западен Балкан предлагаат мерки за соработка на регионот со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски од Рејкјавик: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е инвестирање во безбедноста на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-od-rejkjavik-integratsijata-na-zemjite-od-zapaden-balkan-vo-eu-e-investirane-vo-bezbednosta-na-evropa/ Wed, 17 May 2023 11:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=641762

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на четвртиот Самит на Советот на Европа, учествуваше на Тралезна маса зад затворени врати, на која се разговараше за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици по истата.

Во дискусијата, претседателот на Владата Ковачевски се осврна на обврската на сите земји силно да ја осудат агресијата против основните принципи на меѓународното право и светскиот поредок, меѓу кои и денократијата, како и да покажат солидарност и единство во одбраната на моралните вредности, посебно во време на глобални предизвици. Секоја форма на агресија и страдање на цивилно население, како средства за постигнување цел, беше оценета како  неприфатлива.

Беше нагласена и важноста од брза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како инвестиција во зацврстување на безбедноста на Европа, за што развојот на демократијата и човековите права се основни темели.

Со Тркалезната маса, на Самитот на Советот на Европа, ко-претседаваа претседателот на Романија Клаус Јоханес и премиерот на Луксембург Хавиер Бетел, а учествуваа претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, претседателката на Словачка Сузана Чапутова, премиерите на Грузија Иракли Гарибашвили, Норвешка Јонас Гар Сторе и Италија Џорџија Мелони.

The post Ковачевски од Рејкјавик: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е инвестирање во безбедноста на Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на четвртиот Самит на Советот на Европа, учествуваше на Тралезна маса зад затворени врати, на која се разговараше за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици по истата. Во дискусијата, претседателот на Владата Ковачевски се осврна на обврската на сите земји силно да ја осудат агресијата против основните принципи на меѓународното право и светскиот поредок, меѓу кои и денократијата, како и да покажат солидарност и единство во одбраната на моралните вредности, посебно во време на глобални предизвици. Секоја форма на агресија и страдање на цивилно население, како средства за постигнување цел, беше оценета како  неприфатлива. Беше нагласена и важноста од брза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како инвестиција во зацврстување на безбедноста на Европа, за што развојот на демократијата и човековите права се основни темели. Со Тркалезната маса, на Самитот на Советот на Европа, ко-претседаваа претседателот на Романија Клаус Јоханес и премиерот на Луксембург Хавиер Бетел, а учествуваа претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, претседателката на Словачка Сузана Чапутова, премиерите на Грузија Иракли Гарибашвили, Норвешка Јонас Гар Сторе и Италија Џорџија Мелони.

The post Ковачевски од Рејкјавик: Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ е инвестирање во безбедноста на Европа appeared first on Република.

]]>
Османи-Пич: Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-pich-obedinetoto-kralstvo-kje-prodolzi-silno-da-ja-poddrzuva-evropskata-integracija-na-severna-makedonija/ Thu, 27 Oct 2022 11:03:44 +0000 https://republika.mk/?p=566308

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи денес оствари средба со Специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, кој е во дводневна работна посета на нашата земја.

 

Османи на средбата го поздрави интензивниот ангажман на Пич во регионот на Западниот Балкан, што е потврда за континуираната посветеност на Обединетото Кралство на нашиот Регион.

 

Министерот го запозна специјалниот пратеник Пич со процесот на отпочнувањето на преговорите со Европската унија и отворањето на процесот на скрининг, уверувајќи дека истиот ќе придонесе за неизбежен напредок во евроинтеграциите, преку стабилен прогрес во имплементацијата на ЕУ реформите во земјата.

 

Двајцата соговорници се осврнаа на успешната соработка меѓу двете земји и во други области од взаемен интерес. Обединетото Кралство продолжува да биденашиот втор најголем трговски партнери еден од најголемите странски директни инвеститори во нашата земја.

 

Специјалниот претставник Пич, од своја страна, увери дека Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Македонија и процесот на одржување на безбедноста и стабилноста на целиот Западен Балкан, со цел надминување на сите ризици и последици, предизвикани со војната во Украина. Ја поздрави улогата и цврстата посветеност на Македонија како сојузник во НАТОво насока на зачувување на глобалниот мир и безбедност.

The post Османи-Пич: Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи денес оствари средба со Специјалниот пратеник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, надлежен за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, кој е во дводневна работна посета на нашата земја.   Османи на средбата го поздрави интензивниот ангажман на Пич во регионот на Западниот Балкан, што е потврда за континуираната посветеност на Обединетото Кралство на нашиот Регион.   Министерот го запозна специјалниот пратеник Пич со процесот на отпочнувањето на преговорите со Европската унија и отворањето на процесот на скрининг, уверувајќи дека истиот ќе придонесе за неизбежен напредок во евроинтеграциите, преку стабилен прогрес во имплементацијата на ЕУ реформите во земјата.   Двајцата соговорници се осврнаа на успешната соработка меѓу двете земји и во други области од взаемен интерес. Обединетото Кралство продолжува да биденашиот втор најголем трговски партнери еден од најголемите странски директни инвеститори во нашата земја.   Специјалниот претставник Пич, од своја страна, увери дека Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Македонија и процесот на одржување на безбедноста и стабилноста на целиот Западен Балкан, со цел надминување на сите ризици и последици, предизвикани со војната во Украина. Ја поздрави улогата и цврстата посветеност на Македонија како сојузник во НАТОво насока на зачувување на глобалниот мир и безбедност.

The post Османи-Пич: Обединетото Кралство ќе продолжи силно да ја поддржува европската интеграција на Македонија appeared first on Република.

]]>
Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво: Рама разочаран од односот на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/putin-e-bolen-no-ne-mozam-da-kazam-deka-ovaa-kukja-ovde-izgleda-zdravo-rama-razocharan-od-odnosot-na-eu/ Thu, 23 Jun 2022 14:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=518996

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Брисел, по самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, изрази разочарување од односот на Унијата кон европската интеграција на регионот, наведувајќи дека не е проблем само Бугарија, туку и дека ЕУ е уморна на проширувањето, јави дописничката на МИА од Тирана.

На заедничката прес-конференција со лидерите на Србија и  Македонија, Рама рече дека Македонија чека 17 години да се отворат преговорите за членство во ЕУ, а Албанија осум години.

Од една заедничка визија и заедница, ЕУ стана инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота. Едната земја наметнува нешто свое, а другите 26 не можат ништо да направат околу тоа. Има многу наводи дека (рускиот претседател Владимир) Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво - изјави Рама, пренесува Топ чанел.

Тој апелираше до лидерите на ЕУ да не ја убиваат вербата на Албанците во европската иднина, наведувајќи дека неговата земја ќе остане на европскиот пат со верба дека ќе стане дел од ЕУ.

Рама изрази жалење и што ЕУ сè уште не го либерализирала визниот режим за граѓаните на Косово.

Албанскиот премиер повтори дека ЕУ треба да има разбирање за Србија и дека не е добро да се бара од Белград да се приклучи на сите санкции што ги воведе кон Русија.

Рама рече дека „реалноста е сосема поинаква“ во Србија и дека на средбата со европските лидери „се обидел да објасни“ дека 80 отсто од српските граѓани го поддржуваат рускиот претседател Путин.

The post Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво: Рама разочаран од односот на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Албанија Еди Рама денеска во Брисел, по самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, изрази разочарување од односот на Унијата кон европската интеграција на регионот, наведувајќи дека не е проблем само Бугарија, туку и дека ЕУ е уморна на проширувањето, јави дописничката на МИА од Тирана. На заедничката прес-конференција со лидерите на Србија и  Македонија, Рама рече дека Македонија чека 17 години да се отворат преговорите за членство во ЕУ, а Албанија осум години.
Од една заедничка визија и заедница, ЕУ стана инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота. Едната земја наметнува нешто свое, а другите 26 не можат ништо да направат околу тоа. Има многу наводи дека (рускиот претседател Владимир) Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво - изјави Рама, пренесува Топ чанел.
Тој апелираше до лидерите на ЕУ да не ја убиваат вербата на Албанците во европската иднина, наведувајќи дека неговата земја ќе остане на европскиот пат со верба дека ќе стане дел од ЕУ. Рама изрази жалење и што ЕУ сè уште не го либерализирала визниот режим за граѓаните на Косово. Албанскиот премиер повтори дека ЕУ треба да има разбирање за Србија и дека не е добро да се бара од Белград да се приклучи на сите санкции што ги воведе кон Русија. Рама рече дека „реалноста е сосема поинаква“ во Србија и дека на средбата со европските лидери „се обидел да објасни“ дека 80 отсто од српските граѓани го поддржуваат рускиот претседател Путин.

The post Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво: Рама разочаран од односот на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Интеграцијата на мигрантите не успеа, имаме паралелни општества и реалност, се пожали шведската премиерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/integracijata-na-migrantite-ne-uspea-imame-paralelni-opshtestva-i-realnost-se-pozali-shvedskata-premierka/ Sun, 01 May 2022 19:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=496146

Шведска не успеа во интеграцијата на голем број имигранти што ги прими во последните две децении, што резултираше со создавање на паралелни општества и насилство од банди, рече во четвртокот премиерката Магдалена Андерсон, покренувајќи серија на иницијативи за борба против организираниот криминал.

Бројни Швеѓани беа изненадени и шокирани од немирите на почетокот на овој месец, во кои беа повредени повеќе од 100 полицајци.

 

Насилствата избувнаа по палењето на Куранот на митинг организиран од шведско-дански политичар, кој најави дека ќе одржува митинзи во имигрантските населби.

Во Малме насилството ескалираше во средината на април во протестите против екстремно десничарското движење предводено од Расмус Палудан, кога беа запалени канти за ѓубре, автомобили и продавници, а полицијата беше гаѓана со камења и пиротехнички средства.

The post Интеграцијата на мигрантите не успеа, имаме паралелни општества и реалност, се пожали шведската премиерка appeared first on Република.

]]>

Шведска не успеа во интеграцијата на голем број имигранти што ги прими во последните две децении, што резултираше со создавање на паралелни општества и насилство од банди, рече во четвртокот премиерката Магдалена Андерсон, покренувајќи серија на иницијативи за борба против организираниот криминал. Бројни Швеѓани беа изненадени и шокирани од немирите на почетокот на овој месец, во кои беа повредени повеќе од 100 полицајци.   Насилствата избувнаа по палењето на Куранот на митинг организиран од шведско-дански политичар, кој најави дека ќе одржува митинзи во имигрантските населби. Во Малме насилството ескалираше во средината на април во протестите против екстремно десничарското движење предводено од Расмус Палудан, кога беа запалени канти за ѓубре, автомобили и продавници, а полицијата беше гаѓана со камења и пиротехнички средства.

The post Интеграцијата на мигрантите не успеа, имаме паралелни општества и реалност, се пожали шведската премиерка appeared first on Република.

]]>
Маричиќ – Сагардс: Интеграцијата на Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан е од интерес и на Австрија и на Унијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-sagards-integracijata-na-makedonija-vo-eu-no-i-na-celiot-zapaden-balkan-e-od-interes-i-na-avstrija-i-na-unijata/ Thu, 10 Feb 2022 12:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=456765

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес се сретна со австрискиот европратеник Кристиан Садгардс, во рамки на неговата мини- турнеа низ земјите од Западен Балкан.

Во фокусот на разговорот беше неодамнешната посета на вицепремиерот Маричиќ во Париз и Брисел, како и политичкото расположение во земјава за дијалогот со Бугарија.

Европратеникот Сагардс изрази задоволство и очекување дека соработката помеѓу Македонија и Бугарија за надминување на отворените прашања ќе даде резултат, бидејќи има свежа сила и мотивација во двете нови влади. Вицепремиерот Маричиќ посочи и дека очекува принципиелна и објективна соработка од страна на опозицијата за процесот бидејќи овие прашања се прашања од национален интерес и сите политички чинители во земјава треба да бидат вклучени и да дадат свој придонес.

Во продолжение на средбата вицепремиерот Маричиќ на европратеникот Сагардс му ги предочи приоритетите и целите кои си ги има поставено и лично, но и на Секретаријатот за европски прашања во претстојниот период за подготовка на преговарачката структура, напредок во клучните области како владеење на правото, борбата против корупцијата, заштита на животната средина и спроведување на зелената агенда, како и подобрување на апсорпцискиот капацитет за искористување на европските фондови.

Европратеникот Сагардс изрази поддршка за реформите кои оваа Влада ги спроведува, истакнувајќи дека интеграцијата на Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан е од интерес и на Австрија и на Унијата и стартот на преговорите не треба да се одложува. Вицепремиерот Маричиќ изрази уверување дека новиот состав на Владата има капацитет и е подготвен да продолжи со спроведувањето на зацртаните европски реформи, со целосна посветеност на испорачување резултати, пред сè кон граѓаните.​

The post Маричиќ – Сагардс: Интеграцијата на Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан е од интерес и на Австрија и на Унијата appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес се сретна со австрискиот европратеник Кристиан Садгардс, во рамки на неговата мини- турнеа низ земјите од Западен Балкан. Во фокусот на разговорот беше неодамнешната посета на вицепремиерот Маричиќ во Париз и Брисел, како и политичкото расположение во земјава за дијалогот со Бугарија. Европратеникот Сагардс изрази задоволство и очекување дека соработката помеѓу Македонија и Бугарија за надминување на отворените прашања ќе даде резултат, бидејќи има свежа сила и мотивација во двете нови влади. Вицепремиерот Маричиќ посочи и дека очекува принципиелна и објективна соработка од страна на опозицијата за процесот бидејќи овие прашања се прашања од национален интерес и сите политички чинители во земјава треба да бидат вклучени и да дадат свој придонес. Во продолжение на средбата вицепремиерот Маричиќ на европратеникот Сагардс му ги предочи приоритетите и целите кои си ги има поставено и лично, но и на Секретаријатот за европски прашања во претстојниот период за подготовка на преговарачката структура, напредок во клучните области како владеење на правото, борбата против корупцијата, заштита на животната средина и спроведување на зелената агенда, како и подобрување на апсорпцискиот капацитет за искористување на европските фондови. Европратеникот Сагардс изрази поддршка за реформите кои оваа Влада ги спроведува, истакнувајќи дека интеграцијата на Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан е од интерес и на Австрија и на Унијата и стартот на преговорите не треба да се одложува. Вицепремиерот Маричиќ изрази уверување дека новиот состав на Владата има капацитет и е подготвен да продолжи со спроведувањето на зацртаните европски реформи, со целосна посветеност на испорачување резултати, пред сè кон граѓаните.​

The post Маричиќ – Сагардс: Интеграцијата на Македонија во ЕУ, но и на целиот Западен Балкан е од интерес и на Австрија и на Унијата appeared first on Република.

]]>