инсулин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/insulin/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Aug 2023 16:56:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инсулин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/insulin/ 32 32 Осум месеци немаме инсулински игли, ленти за мерење шеќер, зошто нема антидијабетна терапија, а договорите се потпишани пред три месеци, прашуваат дијабетичарите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/osum-mesetsi-nemame-insulinski-igli-lenti-za-merene-sheker-zoshto-nema-antidijabetna-terapija-a-dogovorite-se-potpishani-pred-tri-mesetsi-prashuvaat-dijabeticharite/ Thu, 10 Aug 2023 16:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=670872

Осум месеци немаме инсулински игли, ленти за мерење шеќер, глукомери, зошто нема антидијабетна терапија, а договорите се потпишани пред три месеци, прашуваат дијабетичарите во отвореното протестно писмо испратено до јавноста кое е е потпишано од Диме Велев, Претседател на Созујот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ).

Нашето трпение се потроши повеќе и од инсулинските игли, лентите за мерење на шеќерот, глукомерите и исто како што и терапијата ни ја снемува по некој месец! Предоволно и премногу е да продолжиме да бидеме игнорирани, дискриминирани и понижени. Доста е!

Денеска како Сојуз на Здруженија на дијабетичари го изразуваме нашиот голем револт и гнев, но и став дека е недозволиво ОСУМ месеци да нема(в)ме инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер. Тука сме да го изразиме нашиот револт и што на крајот на секој тендер и почетокот на нов тендер речиси по правило немаме доволно инсулин и друга антидијабетична терапија. Револтирани сме и поради тоа што не можеме ни да Ве пофалиме за новата терапија која ни ја обезбедувате на тендер ама и по неколку месеци не можеме да ја добиеме. Прашуваме, каде Ви е сега „пречката или проблемот“ и после 90 дена потпишани договори за набавка на Антидијабетна терпија ја нема?!, се вели во писмото.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, само минатата година новодијагностицирани се 7.460 пациенти, а вкупниот број на евдиентирани случаи со дијабетес во нашата држава е 135.690.

Тоа значи дека речиси 136 илјади граѓани во оваа држава мака мачат, живеат под сериозен стрес и имаат секојдневни проблеми поради нивната хронична состојба. Ако се додат и семејствата, бројката е навистина многу поголема, односно скоро една четвртина од вкупното население во Македонија се соочува со последиците од дијабетесот.

Наместо државата да ни помогне и да ни го олесни секојдневното живеење, ние сме соочени и доведени во ситуација да не знаеме дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудиме следното утро и ќе ги видиме нашите деца, родители, баби и дедовци.

Доведени сме во ситуација на дополнителен стрес којшто влијае врз нашата и така влошена здравствена состојба. Зошто? Поради тоа што постојано помегу две тендерски постаки сме оставени без доволни количини на потребни инсулини или таблети, незамисливо и недозволиво 8 месеци немаме апаратчиња и ленти за мерење на шеќерот во крвта.

Од вкупно 12 месеци во една година 8 месеци сме оставени самите на себе, да се снаоѓаме како знаеме и умееме за да преживееме, за замислете за сето тоа време имаме здравствено осигурување, реагираат од СЗДМ.

Во писмото се вели дека во 21. век, пациенти меѓу себе си разменуват од терапијата, од иглите, од лентите и од апаратчиња за шеќер.

Наместо да им олесниме на децата и да не ги боцкаме по 10 пати во денот, наместо да им овозможиме убаво детство, тие секојдневно се мачат. Каде се сензорите? Заглавени повторно во „трач муабет на пациентите“ „кај плачковците пациенти и родители“ или во Ваши некакви правни лавиринти!

Ние знаеме колкава е болката кога нашите деца плачат за лек, за сензори, за ленти за мерење на шеќерот, а ние немаме финансии да им го обезбедиме тоа! Но, дали и тие, одговорните за овој плач и болка, знаат колку боли и дали се свесни за болката што ни ја предизвикуваат?!

Зарем како систем сме толку незрели и не можеме да научиме од сопствените грешки и истите да не ги повторуваме на секои две години. Ако не сме кадарни да научиме тогаш ајде да немаме тендери, дајте ни можност за слободен пристап до нашата потребна терапија и потребните помагала, се додава во писмото.

Неодговорно е во инсулинските аптеки постојано да ни се вели : „Дојди утре, дојди за два дена, дојди следната недела“, “ти следуваат пет пенкала ама ќе ти дадеме 3, другите две наредниот месец ако има”, “крај на тендер е немаме од тој инсулин оди кај докторот да ти ја смени листата на тоа и тоа (тоа што се нашло во аптека)” и т.н.

Од Сојузот потсетуваат дека имале средба со министерот за здравство Фатмир Меџити.

После средбата со Министерот за здравство и неговиот кабинет, заедно, на 21 јули 2023 година со Претседателот на Националната комисија за дијабетес и Директорот на Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, на која Баравме а не преговаравме, на која Инсистиравме а не договоравме, ВИЕ како МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО И ПИСМЕНО ни ветивте:

- АНТИДИАЈБЕТНА ТЕРАПИЈА за сите ќе биде достапна од 27 јули 2023 год.

- Ленти и Глукомери за сите ќе биде достапно за 10 дена, а затоа што знаевме и бевме убедени дека НЕМА да ги добиеме дадовме уште 10 дена!

ДЕНЕС НЕМА ЛЕНТИ И ГЛУКОМЕРИ! Договорниот економски оператор „Др. Пановски“ кажува едни информации, Вие како МЗ други информации, во договорот стојат најлошите рокови за сите нас!

ДЕНЕС ИМА ПАРЦИЈАЛНА АНТИДИЈАБЕТНА ТЕРАПИЈА само за дел од постојните пациенти, пред да се потпишат новите договори од новите тендери!

Една држава е здрава и силна само доколку инвестира во јавниот здравствен сектор и истиот го одржува во кондиција, редовно и навремено да има терапија и третман за секого!

Нашата крајна цел е токму тоа, континуирано обезбедување на современа инсулинска и друга антидијабетична и таблетарна терапија и помагала за мерење на шеќер за сите пациенти во секое време!

На крај би сакале да Ве потсетиме дека сите ние сме даночни обврзници и плаќачи на придонеси за задолжително социјално осигурување, средства од кои Вие како администрација која треба да биде во служба на граѓаните ги земате Вашите плати, се вели во протестното писмо.

 

The post Осум месеци немаме инсулински игли, ленти за мерење шеќер, зошто нема антидијабетна терапија, а договорите се потпишани пред три месеци, прашуваат дијабетичарите appeared first on Република.

]]>

Осум месеци немаме инсулински игли, ленти за мерење шеќер, глукомери, зошто нема антидијабетна терапија, а договорите се потпишани пред три месеци, прашуваат дијабетичарите во отвореното протестно писмо испратено до јавноста кое е е потпишано од Диме Велев, Претседател на Созујот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ).
Нашето трпение се потроши повеќе и од инсулинските игли, лентите за мерење на шеќерот, глукомерите и исто како што и терапијата ни ја снемува по некој месец! Предоволно и премногу е да продолжиме да бидеме игнорирани, дискриминирани и понижени. Доста е! Денеска како Сојуз на Здруженија на дијабетичари го изразуваме нашиот голем револт и гнев, но и став дека е недозволиво ОСУМ месеци да нема(в)ме инсулински игли, ленти, апаратчиња за мерење на шеќер. Тука сме да го изразиме нашиот револт и што на крајот на секој тендер и почетокот на нов тендер речиси по правило немаме доволно инсулин и друга антидијабетична терапија. Револтирани сме и поради тоа што не можеме ни да Ве пофалиме за новата терапија која ни ја обезбедувате на тендер ама и по неколку месеци не можеме да ја добиеме. Прашуваме, каде Ви е сега „пречката или проблемот“ и после 90 дена потпишани договори за набавка на Антидијабетна терпија ја нема?!, се вели во писмото.
Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, само минатата година новодијагностицирани се 7.460 пациенти, а вкупниот број на евдиентирани случаи со дијабетес во нашата држава е 135.690. Тоа значи дека речиси 136 илјади граѓани во оваа држава мака мачат, живеат под сериозен стрес и имаат секојдневни проблеми поради нивната хронична состојба. Ако се додат и семејствата, бројката е навистина многу поголема, односно скоро една четвртина од вкупното население во Македонија се соочува со последиците од дијабетесот.
Наместо државата да ни помогне и да ни го олесни секојдневното живеење, ние сме соочени и доведени во ситуација да не знаеме дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудиме следното утро и ќе ги видиме нашите деца, родители, баби и дедовци. Доведени сме во ситуација на дополнителен стрес којшто влијае врз нашата и така влошена здравствена состојба. Зошто? Поради тоа што постојано помегу две тендерски постаки сме оставени без доволни количини на потребни инсулини или таблети, незамисливо и недозволиво 8 месеци немаме апаратчиња и ленти за мерење на шеќерот во крвта. Од вкупно 12 месеци во една година 8 месеци сме оставени самите на себе, да се снаоѓаме како знаеме и умееме за да преживееме, за замислете за сето тоа време имаме здравствено осигурување, реагираат од СЗДМ.
Во писмото се вели дека во 21. век, пациенти меѓу себе си разменуват од терапијата, од иглите, од лентите и од апаратчиња за шеќер.
Наместо да им олесниме на децата и да не ги боцкаме по 10 пати во денот, наместо да им овозможиме убаво детство, тие секојдневно се мачат. Каде се сензорите? Заглавени повторно во „трач муабет на пациентите“ „кај плачковците пациенти и родители“ или во Ваши некакви правни лавиринти! Ние знаеме колкава е болката кога нашите деца плачат за лек, за сензори, за ленти за мерење на шеќерот, а ние немаме финансии да им го обезбедиме тоа! Но, дали и тие, одговорните за овој плач и болка, знаат колку боли и дали се свесни за болката што ни ја предизвикуваат?! Зарем како систем сме толку незрели и не можеме да научиме од сопствените грешки и истите да не ги повторуваме на секои две години. Ако не сме кадарни да научиме тогаш ајде да немаме тендери, дајте ни можност за слободен пристап до нашата потребна терапија и потребните помагала, се додава во писмото.
Неодговорно е во инсулинските аптеки постојано да ни се вели : „Дојди утре, дојди за два дена, дојди следната недела“, “ти следуваат пет пенкала ама ќе ти дадеме 3, другите две наредниот месец ако има”, “крај на тендер е немаме од тој инсулин оди кај докторот да ти ја смени листата на тоа и тоа (тоа што се нашло во аптека)” и т.н. Од Сојузот потсетуваат дека имале средба со министерот за здравство Фатмир Меџити. После средбата со Министерот за здравство и неговиот кабинет, заедно, на 21 јули 2023 година со Претседателот на Националната комисија за дијабетес и Директорот на Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни состојби, на која Баравме а не преговаравме, на која Инсистиравме а не договоравме, ВИЕ како МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО И ПИСМЕНО ни ветивте: - АНТИДИАЈБЕТНА ТЕРАПИЈА за сите ќе биде достапна од 27 јули 2023 год. - Ленти и Глукомери за сите ќе биде достапно за 10 дена, а затоа што знаевме и бевме убедени дека НЕМА да ги добиеме дадовме уште 10 дена! ДЕНЕС НЕМА ЛЕНТИ И ГЛУКОМЕРИ! Договорниот економски оператор „Др. Пановски“ кажува едни информации, Вие како МЗ други информации, во договорот стојат најлошите рокови за сите нас! ДЕНЕС ИМА ПАРЦИЈАЛНА АНТИДИЈАБЕТНА ТЕРАПИЈА само за дел од постојните пациенти, пред да се потпишат новите договори од новите тендери! Една држава е здрава и силна само доколку инвестира во јавниот здравствен сектор и истиот го одржува во кондиција, редовно и навремено да има терапија и третман за секого!
Нашата крајна цел е токму тоа, континуирано обезбедување на современа инсулинска и друга антидијабетична и таблетарна терапија и помагала за мерење на шеќер за сите пациенти во секое време! На крај би сакале да Ве потсетиме дека сите ние сме даночни обврзници и плаќачи на придонеси за задолжително социјално осигурување, средства од кои Вие како администрација која треба да биде во служба на граѓаните ги земате Вашите плати, се вели во протестното писмо.  

The post Осум месеци немаме инсулински игли, ленти за мерење шеќер, зошто нема антидијабетна терапија, а договорите се потпишани пред три месеци, прашуваат дијабетичарите appeared first on Република.

]]>
Пациенти кои се на инсулин се жалат дека немаат ленти, министерот за здравство вели нема пријаено дека има таков проблем https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/patsienti-koi-se-na-insulin-se-zhalat-deka-nemaat-lenti-ministerot-za-zdravstvo-veli-nema-prijaeno-deka-ima-takov-problem/ Wed, 21 Jun 2023 11:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=653704

Во Министерство досега нема пријавено дека има таков проблем, одговори министерот за здравство Фатмир Меџити на новинарско прашање, дека пациенти кои се на инсулин немаат ленти, па дали ќе побара одговорност бидејќи овие луѓе, според закон, мора да имаат редовно и инсулин и ленти, а се случува нешто да нема.

Сите пациенти се снабдени со сѐ. Не е само тоа, сега ќе има и сензори за првпат во државава, во здравството за тие пациенти од тој вид болест, што никогаш немало досега и со тоа нормално ќе се подмират сите работи, рече Меџити.

Прашан околу рефундирање на парите на оние кои сами си купиле ленти, тој одговори дека доколку има такви барања во Министерството, согласно закон, би се разгледале и ќе се одлучи за нив.

 

The post Пациенти кои се на инсулин се жалат дека немаат ленти, министерот за здравство вели нема пријаено дека има таков проблем appeared first on Република.

]]>

Во Министерство досега нема пријавено дека има таков проблем, одговори министерот за здравство Фатмир Меџити на новинарско прашање, дека пациенти кои се на инсулин немаат ленти, па дали ќе побара одговорност бидејќи овие луѓе, според закон, мора да имаат редовно и инсулин и ленти, а се случува нешто да нема.
Сите пациенти се снабдени со сѐ. Не е само тоа, сега ќе има и сензори за првпат во државава, во здравството за тие пациенти од тој вид болест, што никогаш немало досега и со тоа нормално ќе се подмират сите работи, рече Меџити.
Прашан околу рефундирање на парите на оние кои сами си купиле ленти, тој одговори дека доколку има такви барања во Министерството, согласно закон, би се разгледале и ќе се одлучи за нив.  

The post Пациенти кои се на инсулин се жалат дека немаат ленти, министерот за здравство вели нема пријаено дека има таков проблем appeared first on Република.

]]>
Сали тврди дека нема инсулинска криза во државата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sali-tvrdi-deka-nema-insulinska-kriza-vo-drzhavata/ Wed, 25 Jan 2023 13:21:03 +0000 https://republika.mk/?p=600896

Министерот за здравство Беким Сали тврди дека нема инсулинска криза во државата.

Не треба да се паничи јавноста дека нема да има инсулин затоа што тендерот што е завршен, ние го обвезбедуваме со анекси за одредени типови на инсулини. Тоа не е само еден тип, тоа се повеќе типови на инсулин што ги обезбедуваме навремено. Така што, пациентите не треба да бидат загрижени за недостиг на инсулин или што било. Тендерот е веќе отворен, чекаме да поминат роковите што се неопходни за почитување на, односно, според законот за јавни набавки, рече министерот.

The post Сали тврди дека нема инсулинска криза во државата appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали тврди дека нема инсулинска криза во државата. Не треба да се паничи јавноста дека нема да има инсулин затоа што тендерот што е завршен, ние го обвезбедуваме со анекси за одредени типови на инсулини. Тоа не е само еден тип, тоа се повеќе типови на инсулин што ги обезбедуваме навремено. Така што, пациентите не треба да бидат загрижени за недостиг на инсулин или што било. Тендерот е веќе отворен, чекаме да поминат роковите што се неопходни за почитување на, односно, според законот за јавни набавки, рече министерот.

The post Сали тврди дека нема инсулинска криза во државата appeared first on Република.

]]>
Инсулин пак нема, дијабетичарите солидарно си делат „пенкала“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/insulin-pak-nema-dijabeticharite-solidarno-si-delat-penkala/ Mon, 14 Nov 2022 15:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=573771

Едни на други си даваат инсулински пенкала. Вака граѓаните со дијабет се снаоѓаат кога нема терапии во аптеките, како што е случај периодов. На годинешното одбележување на Светскиот ден за борба против дијабетот пациентите велат оти дополнителен проблем се термините за преглед на Ендокринологија, оти ги нема, а низ центрите во внатрешноста нема ниту лекари специјалисти во ова поле. Освен на време да има инсулин за сите пациенти, тие бараат државата стратешки да се бори против дијабетот оти се поголем број на деца стануваат пациенти.

Од Асоцијацијата за детски дијабетес потсетија дека повеќе од пет години бараат и чекаат државата да набави сензори за безболно мерење на гликоза во крвта кај децата, што инаку освен маката апаратот да се најде од странство, трошокот годишно е околу 1500 евра.

Според Институтот за јавно здравје, во Македонија, до 2021 година, регистрирани се вкупно 172.949 пациенти со дијагноза шеќерна болест, што укажува дека секој десетти граѓанин боледува од ова сериозно заболување. Само во 2021 година, бројот на новорегистрирани болни со дијабетес изнесувал 7.460 случаи. Според СЗО, во моментов околу 422 милиони луѓе ширум светот боледуваат од шеќерна болест, а секоја година речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво му се препишуваат токму на дијабетесот

Расте бројот на лица што имаат шеќерна болест, не само во земјава туку и на светско ниво. Тоа се должи на животниот стил на светското население и на лошите навики во исхраната, како и на слабата физичка активност.

Но, како што предупредуваат лекарите, бројката е многу поголема, оти има граѓани што ја занемаруваат оваа болест. Дијабетесот е хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостиг или нарушена секреција на инсулин од панкреасот.

Ризик-фактори за оваа болест се прекумерната тежина, слабата физичка активност и затоа неопходно е да се засили скринингот, но и да се подобрат дијагностичките капацитети. Да се подобри и пристапот до нови иновативни лекови.

The post Инсулин пак нема, дијабетичарите солидарно си делат „пенкала“ appeared first on Република.

]]>

Едни на други си даваат инсулински пенкала. Вака граѓаните со дијабет се снаоѓаат кога нема терапии во аптеките, како што е случај периодов. На годинешното одбележување на Светскиот ден за борба против дијабетот пациентите велат оти дополнителен проблем се термините за преглед на Ендокринологија, оти ги нема, а низ центрите во внатрешноста нема ниту лекари специјалисти во ова поле. Освен на време да има инсулин за сите пациенти, тие бараат државата стратешки да се бори против дијабетот оти се поголем број на деца стануваат пациенти. Од Асоцијацијата за детски дијабетес потсетија дека повеќе од пет години бараат и чекаат државата да набави сензори за безболно мерење на гликоза во крвта кај децата, што инаку освен маката апаратот да се најде од странство, трошокот годишно е околу 1500 евра. Според Институтот за јавно здравје, во Македонија, до 2021 година, регистрирани се вкупно 172.949 пациенти со дијагноза шеќерна болест, што укажува дека секој десетти граѓанин боледува од ова сериозно заболување. Само во 2021 година, бројот на новорегистрирани болни со дијабетес изнесувал 7.460 случаи. Според СЗО, во моментов околу 422 милиони луѓе ширум светот боледуваат од шеќерна болест, а секоја година речиси 1,5 милиони од смртните случаи на светско ниво му се препишуваат токму на дијабетесот Расте бројот на лица што имаат шеќерна болест, не само во земјава туку и на светско ниво. Тоа се должи на животниот стил на светското население и на лошите навики во исхраната, како и на слабата физичка активност. Но, како што предупредуваат лекарите, бројката е многу поголема, оти има граѓани што ја занемаруваат оваа болест. Дијабетесот е хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостиг или нарушена секреција на инсулин од панкреасот. Ризик-фактори за оваа болест се прекумерната тежина, слабата физичка активност и затоа неопходно е да се засили скринингот, но и да се подобрат дијагностичките капацитети. Да се подобри и пристапот до нови иновативни лекови.

The post Инсулин пак нема, дијабетичарите солидарно си делат „пенкала“ appeared first on Република.

]]>
Верски фанатици од Австралија и ускратиле инсулин на 8-годишната ќерка – таа починала https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/verski-fanatici-od-avstralija-i-uskratile-insulin-na-8-godishnata-kjerka-taa-pochinala/ Thu, 07 Jul 2022 21:23:35 +0000 https://republika.mk/?p=525709

Австралиската полиција во сојузната држава Квинсленд уапсила 12 членови на религиозна група поради смртта на осумгодишното девојче Елизабет Роуз Струхс.

Како што пишува Гардијан, тие се членови на сектата „The Saints“ од градот Тувумба, а биле уапсени откако на девојката и бил ускратен хормонот без кој личност како неа не може да преживее. Имено, Елизабет имала дијабетес тип 1. Тоа е автоимуна болест кога панкреасот произведува многу малку или воопшто не произведува инсулин.

Дијабетесот тип 1 не може да се спречи, а луѓето со овој тип на дијабетес се зависни од инсулинска терапија. Членовите на сектата не и давале инсулин бидејќи верувале дека Бог ќе ја излечи.

Девојчето починало во семејната куќа во Ранџвил, западно од Бризбејн, на 7 јануари. Полицијата соопшти дека нејзините родители, кои се обвинети за убиство, почнале да и ускратуваат инсулин шест дена претходно.

Полицијата соопшти дека итната помош не била повикана на местото на настанот до 17:30 часот следниот ден, а локалните медиуми наведуваат дека членовите на црковната група веруваат дека девојчето ќе воскресне. Нејзините родители, Кери Елизабет Струхс и Џејсон Ричард Струхс се обвинети за убиство и тортура.

The post Верски фанатици од Австралија и ускратиле инсулин на 8-годишната ќерка – таа починала appeared first on Република.

]]>

Австралиската полиција во сојузната држава Квинсленд уапсила 12 членови на религиозна група поради смртта на осумгодишното девојче Елизабет Роуз Струхс. Како што пишува Гардијан, тие се членови на сектата „The Saints“ од градот Тувумба, а биле уапсени откако на девојката и бил ускратен хормонот без кој личност како неа не може да преживее. Имено, Елизабет имала дијабетес тип 1. Тоа е автоимуна болест кога панкреасот произведува многу малку или воопшто не произведува инсулин. Дијабетесот тип 1 не може да се спречи, а луѓето со овој тип на дијабетес се зависни од инсулинска терапија. Членовите на сектата не и давале инсулин бидејќи верувале дека Бог ќе ја излечи. Девојчето починало во семејната куќа во Ранџвил, западно од Бризбејн, на 7 јануари. Полицијата соопшти дека нејзините родители, кои се обвинети за убиство, почнале да и ускратуваат инсулин шест дена претходно. Полицијата соопшти дека итната помош не била повикана на местото на настанот до 17:30 часот следниот ден, а локалните медиуми наведуваат дека членовите на црковната група веруваат дека девојчето ќе воскресне. Нејзините родители, Кери Елизабет Струхс и Џејсон Ричард Струхс се обвинети за убиство и тортура.

The post Верски фанатици од Австралија и ускратиле инсулин на 8-годишната ќерка – таа починала appeared first on Република.

]]>
Дијабетичарите во Македонија бараат промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за лицата со инсулинска терапија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dijabeticharite-vo-makedonija-baraat-promena-na-modelot-za-nabavka-na-glukomeri-i-lenti-za-licata-so-insulinska-terapija/ Tue, 28 Jun 2022 11:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=520728

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) бара промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за секое лице со дијабетес со инсулинска терапија, со цел нивна навремена дистрибуција и достапност во аптеките, но засега немаат одговор од Министерството за здравсто, ниту од ресорниот министер Беким Сали и покрај обидите во последните шест месеци за воспоставување редовна комункација со него.

Како што изјави на прес-конференција претседателот на СЗДСМ, Диме Велев, како здружение заедно со своите членки пред три месеци поднеле и официјално писмено барање за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти, а за истото барање од канцеларијата на премиерот добиле писмено исвестување дека постапката ја започнале и дека го чекаат министерот за здравство.

Упатуваме барање до претседателот на Владата, Ковачевски како по закон најнадлежен за состојбите во извршната власт да ја заокружат постапката за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти. Бараме лентите и апаратите да се тргнат од тендерската постапка за набавка на инсулин и истите да бидат со дефинирана референтна цена и достапни во сите аптеки. Ако и овој наш предлог не сте во можност да го прифатите и спроведете, тогаш барем одвојте ги двете тендерски постапки-посебен тендер за инсулинска и друга антидијабетична терапија и посебен тендер за апарати, ленти, пумпи, сензори и други медицински помагала. Се работи за 45.000 кои имаат право на квалитетна терапија и на квалитетни медицински помагала - изјави Велев.

Тој при изрази благодарност што во последните неколку години се во можност да користат најсовремена инсулинска и друга терапија набавена преку официјални ланци на снабдување и дека тоа ќе продолжи и во иднина без никакви можности за набавка со паралелен увоз.

Претседателката на „БАЛАНС МК“ Наташа Деспотовска Димитриева изјави дека во земјава има 600 деца до 18 години, односно деца и адолесценти со тип 1 дијабетес, а вкупно 5 илјади лица со тип 1 дијабетес кои се комплетно зависни со инсулин, при што е забележан драстичен пораст на дијабетот тип 1 особено кај детската популација во земјава, но и на глобално ниво.

Ако се зборува за детската популација, значи не само во детската популација туку и воопшто Ковидот влијаеше многу не само кај нас во Македонија туку и во светски рамки, порастот на лица особено со тип 1 дијабетес е во драматичен пораст. Тоа се одрази кај нас. Ако ние на годишно ниво до пред две години имавме во просек од 30 до 40 деца, лани на пример на Детската клиника се дијагностицираа 70 деца. Оваа година која не е ни до пола измината, веќе имаме 30 нови дечиња со дијабетес тип 1 - изјави Деспотовска Димитриева.

Велев, прашан во однос на дистрибуцијата на лентите и глукомерите за лицата со инсулинската терапија, посочи дека во Скопје останува проблемот со ненавремена дистрибуција и редистрибуција.

Другите градови се релативно снабдени и има недостатоци но не драматични, не беа многу високи. Се работи за ден-два. Додека во Скопје имаме појава оваа година каде што во аптеките во здравствените домови овде во Скопје не се врши навреме редистрибуција или дистрибуција. Поточно, Министерството за здравство дава информација, што е точно, дека е доставено до централно депо на инсулинска аптека. За понатаму како се врши никој не може да влеземе во трка затоа што нашите членови во Скопје секој месец по два-три пати мора да интервенираат за да се достават од една до друга аптека лентите и апаратите па пациентите да ги добијат навремено. За жал, тука имаме лица и со тип 1 кои по два-три месеци не можат да си подигнат ни ленти, ни апарат - нагласува Велев.

Тој воедно посочува и дека, покрај кај тип 1 порапидно зголемување на случаи има и кај тип 2 дијабетес особено кај поризичните пациенти кои биле и клинички третирани со КОВИД, па покрај гестациски дијабет веќе имаме и постковид дијабетес и во светски рамки и во земјава, но, вели, се надеваме дека тој ќе биде времен слично како и гестацискиот и дека нема да биде траен.

The post Дијабетичарите во Македонија бараат промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за лицата со инсулинска терапија appeared first on Република.

]]>

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) бара промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за секое лице со дијабетес со инсулинска терапија, со цел нивна навремена дистрибуција и достапност во аптеките, но засега немаат одговор од Министерството за здравсто, ниту од ресорниот министер Беким Сали и покрај обидите во последните шест месеци за воспоставување редовна комункација со него. Како што изјави на прес-конференција претседателот на СЗДСМ, Диме Велев, како здружение заедно со своите членки пред три месеци поднеле и официјално писмено барање за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти, а за истото барање од канцеларијата на премиерот добиле писмено исвестување дека постапката ја започнале и дека го чекаат министерот за здравство.
Упатуваме барање до претседателот на Владата, Ковачевски како по закон најнадлежен за состојбите во извршната власт да ја заокружат постапката за промена на моделот за набавка на глукомери и ленти. Бараме лентите и апаратите да се тргнат од тендерската постапка за набавка на инсулин и истите да бидат со дефинирана референтна цена и достапни во сите аптеки. Ако и овој наш предлог не сте во можност да го прифатите и спроведете, тогаш барем одвојте ги двете тендерски постапки-посебен тендер за инсулинска и друга антидијабетична терапија и посебен тендер за апарати, ленти, пумпи, сензори и други медицински помагала. Се работи за 45.000 кои имаат право на квалитетна терапија и на квалитетни медицински помагала - изјави Велев.
Тој при изрази благодарност што во последните неколку години се во можност да користат најсовремена инсулинска и друга терапија набавена преку официјални ланци на снабдување и дека тоа ќе продолжи и во иднина без никакви можности за набавка со паралелен увоз. Претседателката на „БАЛАНС МК“ Наташа Деспотовска Димитриева изјави дека во земјава има 600 деца до 18 години, односно деца и адолесценти со тип 1 дијабетес, а вкупно 5 илјади лица со тип 1 дијабетес кои се комплетно зависни со инсулин, при што е забележан драстичен пораст на дијабетот тип 1 особено кај детската популација во земјава, но и на глобално ниво.
Ако се зборува за детската популација, значи не само во детската популација туку и воопшто Ковидот влијаеше многу не само кај нас во Македонија туку и во светски рамки, порастот на лица особено со тип 1 дијабетес е во драматичен пораст. Тоа се одрази кај нас. Ако ние на годишно ниво до пред две години имавме во просек од 30 до 40 деца, лани на пример на Детската клиника се дијагностицираа 70 деца. Оваа година која не е ни до пола измината, веќе имаме 30 нови дечиња со дијабетес тип 1 - изјави Деспотовска Димитриева.
Велев, прашан во однос на дистрибуцијата на лентите и глукомерите за лицата со инсулинската терапија, посочи дека во Скопје останува проблемот со ненавремена дистрибуција и редистрибуција.
Другите градови се релативно снабдени и има недостатоци но не драматични, не беа многу високи. Се работи за ден-два. Додека во Скопје имаме појава оваа година каде што во аптеките во здравствените домови овде во Скопје не се врши навреме редистрибуција или дистрибуција. Поточно, Министерството за здравство дава информација, што е точно, дека е доставено до централно депо на инсулинска аптека. За понатаму како се врши никој не може да влеземе во трка затоа што нашите членови во Скопје секој месец по два-три пати мора да интервенираат за да се достават од една до друга аптека лентите и апаратите па пациентите да ги добијат навремено. За жал, тука имаме лица и со тип 1 кои по два-три месеци не можат да си подигнат ни ленти, ни апарат - нагласува Велев.
Тој воедно посочува и дека, покрај кај тип 1 порапидно зголемување на случаи има и кај тип 2 дијабетес особено кај поризичните пациенти кои биле и клинички третирани со КОВИД, па покрај гестациски дијабет веќе имаме и постковид дијабетес и во светски рамки и во земјава, но, вели, се надеваме дека тој ќе биде времен слично како и гестацискиот и дека нема да биде траен.

The post Дијабетичарите во Македонија бараат промена на моделот за набавка на глукомери и ленти за лицата со инсулинска терапија appeared first on Република.

]]>