инструкции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/instrukcii/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Apr 2022 17:22:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инструкции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/instrukcii/ 32 32 Полска објави инструкции за граѓаните како да се подготват за војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-objavi-instrukcii-za-gragjanite-kako-da-se-podgotvat-za-vojna/ Wed, 06 Apr 2022 17:22:19 +0000 https://republika.mk/?p=484311

Владата на Полска објави водич за граѓаните што содржи упатства како да се подготват за кризна ситуација, како што е војната.

Водичот наведува што да се прави во случај на напад со различни видови оружје, од конвенционално преку хемиско до нуклеарно. Опишани се и системите за јавно предупредување што се користат во такви случаи.

Граѓаните се советуваат да се снабдат со вода, храна, лекови и батериски светилки во случај на прекин на електрична енергија.

Полската Влада наведува дека мора да ги подготви граѓаните за различни сценарија, но негира дека водичот е поврзан со војната во Украина. Претходните слични водичи вклучуваа ситуации како што се поплави и студено зимско време.

Но, заканата од руска инвазија секако е во мислите на дел од граѓани во Полска, која граничи со Украина. Иако Русија ги фокусираше повеќето напади на северот, југот и истокот на Украина, руските сили извршија неколку напади врз градот Лавов, кој се наоѓа на само 60 километри од полската граница.

Засега нема конкретни информации дека Русија планира да ја нападне Полска, исто како што ниту Полска очекува напад, но се стравува дека Москва би можела да ја прошири својата инвазија во соседните земји.

The post Полска објави инструкции за граѓаните како да се подготват за војна appeared first on Република.

]]>

Владата на Полска објави водич за граѓаните што содржи упатства како да се подготват за кризна ситуација, како што е војната. Водичот наведува што да се прави во случај на напад со различни видови оружје, од конвенционално преку хемиско до нуклеарно. Опишани се и системите за јавно предупредување што се користат во такви случаи. Граѓаните се советуваат да се снабдат со вода, храна, лекови и батериски светилки во случај на прекин на електрична енергија. Полската Влада наведува дека мора да ги подготви граѓаните за различни сценарија, но негира дека водичот е поврзан со војната во Украина. Претходните слични водичи вклучуваа ситуации како што се поплави и студено зимско време. Но, заканата од руска инвазија секако е во мислите на дел од граѓани во Полска, која граничи со Украина. Иако Русија ги фокусираше повеќето напади на северот, југот и истокот на Украина, руските сили извршија неколку напади врз градот Лавов, кој се наоѓа на само 60 километри од полската граница. Засега нема конкретни информации дека Русија планира да ја нападне Полска, исто како што ниту Полска очекува напад, но се стравува дека Москва би можела да ја прошири својата инвазија во соседните земји.

The post Полска објави инструкции за граѓаните како да се подготват за војна appeared first on Република.

]]>