институт за педагогија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institut-za-pedagogija/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Apr 2022 10:54:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png институт за педагогија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institut-za-pedagogija/ 32 32 Меѓународна научна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/megjunarodna-nauchna-konferencija-75-godini-institut-za-pedagogija-vospitno-obrazovni-predizvici-i-perspektivi/ Thu, 07 Apr 2022 10:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=484701

Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје одбележува 75 години од неговото основање. Овој Институт е прва и најстара високообразовна институција за образование на педагози, наставници и воспитувачи во нашата држава. Од него потекнале истакнати педагози, министри за образование, декани на факултети, директори на просветни институции, магистри и доктори на педагошки науки.

Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје организира Mеѓународна научна конференција на тема „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“.

Поводот за нејзиното организирање е одбележувањето на 75-годишнината од постоењето на Институтот за педагогија, еден од најстарите институти на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Меѓународната научна конференција ќе се одржи во периодот од 16 до 18 мај 2022 година во х. Инекс Олгица, Охрид.

Конференцијата e под покровителство на Претседателот на државата проф. д-р Стево Пендаровски.

На овaa научнa конференција со меѓународно значење ќе учествуваат истакнати универзитетски професори и стручњаци од праксата од земјата и странство (Македонија, Финска, Хрватска, Србија, Турција, Словенија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Чешка, Словачка, Израел, Обединето Кралство, Украина, Египет, Италија, Албанија, Казахстан, Црна Гора, Косово, Бугарија и Швајцарија). На конференцијата се очекува присуство на 200 учесници и гости – ректори, декани, градоначалници, универзитетски професори, педагози, наставници, воспитувачи и студенти.

Целта на конференцијата е афирмација и промоција на нашата дејност пред пошироката академска јавност, како и создавање можност за продлабочена соработка со универзитетски професори, образовни експерти, истражувачи, едукатори, практичари и студенти од различни земји. По периодот на изолација заради пандемијата, очекуваме на конференцијата да се направи ретроспектива на последните случувања во воспитно-образовната политика, како и научен осврт за реформските зафати во нашиот образовен систем, примери од теорија и практика, да се дискутира за актуелните прашања од сите области и потсистеми на воспитанието и образованието, да се промовираат нови педагошки концепти и идеи и да се споделат резултати од најнови истражувања и иновации.

Треба да се истакне дека програмскиот одбор на оваа Меѓународна конференција го сочинуваат вкупно 45 универзитетски професори од 17 земји. Концептот на конференцијата е од мултидисциплинарен пристап и во објавениот повик се наведени вкупно 41 тема од различни научни области, на пример од областа на психологијата, социологијата, специјалната педагогија, безбедноста, историјата, археологијата, социјалната работа и политика, уметност, физичко и здравствено образование итн.

Објавениот повик за учество на конференцијата е завршен на 10 март и од анализата на пристигнатата документација чест ни е да Ве информираме дека се пријавени 225 автори од 21 земја, кои имаат пријавено 122 научни труда, а истите во оваа фаза ќе бидат објавени во Книга на апстракти. После завршувањето на Меѓународната конференција ќе биде објавен Зборник на научни трудови со меѓународен уредувачки одбор.

Одржувањето на Меѓународната конференција ќе претставува извонредна можност за промоција на нашата земја, на нашиот Универзитет и на развојните достигнувања во областа на педагогијата пред реномиран аудиториум.

Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на веб страницата на конференцијата: pedagogy.fzf.ukim.edu.mk

 

The post Меѓународна научна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ appeared first on Република.

]]>

Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје одбележува 75 години од неговото основање. Овој Институт е прва и најстара високообразовна институција за образование на педагози, наставници и воспитувачи во нашата држава. Од него потекнале истакнати педагози, министри за образование, декани на факултети, директори на просветни институции, магистри и доктори на педагошки науки. Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје организира Mеѓународна научна конференција на тема „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“. Поводот за нејзиното организирање е одбележувањето на 75-годишнината од постоењето на Институтот за педагогија, еден од најстарите институти на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Меѓународната научна конференција ќе се одржи во периодот од 16 до 18 мај 2022 година во х. Инекс Олгица, Охрид. Конференцијата e под покровителство на Претседателот на државата проф. д-р Стево Пендаровски. На овaa научнa конференција со меѓународно значење ќе учествуваат истакнати универзитетски професори и стручњаци од праксата од земјата и странство (Македонија, Финска, Хрватска, Србија, Турција, Словенија, Босна и Херцеговина, Унгарија, Чешка, Словачка, Израел, Обединето Кралство, Украина, Египет, Италија, Албанија, Казахстан, Црна Гора, Косово, Бугарија и Швајцарија). На конференцијата се очекува присуство на 200 учесници и гости – ректори, декани, градоначалници, универзитетски професори, педагози, наставници, воспитувачи и студенти. Целта на конференцијата е афирмација и промоција на нашата дејност пред пошироката академска јавност, како и создавање можност за продлабочена соработка со универзитетски професори, образовни експерти, истражувачи, едукатори, практичари и студенти од различни земји. По периодот на изолација заради пандемијата, очекуваме на конференцијата да се направи ретроспектива на последните случувања во воспитно-образовната политика, како и научен осврт за реформските зафати во нашиот образовен систем, примери од теорија и практика, да се дискутира за актуелните прашања од сите области и потсистеми на воспитанието и образованието, да се промовираат нови педагошки концепти и идеи и да се споделат резултати од најнови истражувања и иновации. Треба да се истакне дека програмскиот одбор на оваа Меѓународна конференција го сочинуваат вкупно 45 универзитетски професори од 17 земји. Концептот на конференцијата е од мултидисциплинарен пристап и во објавениот повик се наведени вкупно 41 тема од различни научни области, на пример од областа на психологијата, социологијата, специјалната педагогија, безбедноста, историјата, археологијата, социјалната работа и политика, уметност, физичко и здравствено образование итн. Објавениот повик за учество на конференцијата е завршен на 10 март и од анализата на пристигнатата документација чест ни е да Ве информираме дека се пријавени 225 автори од 21 земја, кои имаат пријавено 122 научни труда, а истите во оваа фаза ќе бидат објавени во Книга на апстракти. После завршувањето на Меѓународната конференција ќе биде објавен Зборник на научни трудови со меѓународен уредувачки одбор. Одржувањето на Меѓународната конференција ќе претставува извонредна можност за промоција на нашата земја, на нашиот Универзитет и на развојните достигнувања во областа на педагогијата пред реномиран аудиториум. Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на веб страницата на конференцијата: pedagogy.fzf.ukim.edu.mk  

The post Меѓународна научна конференција „75 години Институт за педагогија – Воспитно-образовни предизвици и перспективи“ appeared first on Република.

]]>