Институт за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institut-za-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Feb 2024 13:29:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Институт за македонски јазик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institut-za-makedonski-jazik/ 32 32 Македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-jazik-e-tsvrst-stolb-na-nasheto-opshtestvo-na-koj-mozheme-i-na-koj-treba-site-da-se-potpirame/ Wed, 21 Feb 2024 13:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=746589

Јазиците се важни, тие не се само средство за комуникација, туку и интегрална компонента на индентитетот на секој поединец и нација, начин на зближување на различностите, толеранција и меѓусебно прифаќање. Нашиот мајчин јазик, македонскиот јазик е реалност во светската ризница на јазици, низ науката, културата и образованието, заштитен, недопирлив, единствен.

Ова го истакна министерката за култура,  Бисера Костадиновска-Стојчевска, на прославата на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик што се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Таа подвлече дека со Институтот се добри партнери при тоа потенцирајќи го значењето на Законот за употреба на македонскиот јазик.

-Со Институтот сме навистина многу добри партнери во многубројни проекти не само во однос на дигитализацијата на картотеките, туку и во еден од подолгите процеси и позначајните, а тоа е донесувањето на новиот закон за употреба на македонскиот јазик којшто без максималната вклученост на членовите на Советот за македонски јазик, како и на сите вработени тука во овој Институтот немаше да стане реалност. Што значи дека се движиме во правилна насока во однос на заштита на македонскиот јазик, меѓутоа и промоција на сите јазици коишто се зборуваат на територијата на нашата држава, нагласи во изјавата за медиуми Костадиновска - Стојчевска честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Таа нагласи дека заедно со директорката на Институтот и со сите членови работат заедно на унапредување на правата не само на говорителите на македонскиот јазик, туку и на сите други јазици кои се говорат, но и на изданија кои се финансираат преку Министерство за култура токму од оваа област.

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, истакна дека Институтот како најголем промотор и овластен за заштита на македонскиот јазик, годинава со гордост одбележува 150 години од раѓањето на патронот Крсте Петков Мисирков (18.11.1874г.) и прв неформален кодификатор на македонскиот јазик, како и 80 години од Првото заседание на АСНОМ(2.08.1944) на кое е конституирана македонската држава, а македонскиот е заведен како службен јазик во неа.

-Македонците по многу вековна борба, се изборија за признавање на мајчиниот македонски јазик. Затоа ние ја почитуваме желбата на нашите сограѓани, но и на сите луѓе во светот да зборуваат на својот мајчин јазик, рече Јованова Грујовска.

Прашана дали можеме да кажеме дека на завидно ниво го владееме мајчиниот јазик имајќи ја предвид преводната култура, квалитетот на преводите кај нас, таа ќе посочи дека токму на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик точно секој од нас треба да се запраша кое ни е нивото на познавање на мајчиниот јазик.

-Институтот за македонски јазик се грижи и единствен овластен субјект за заштита на македонскиот јазик, меѓутоа и го проучува на сите рамништа, го штити и го промовира. Секогаш има потреба за уште нешто. Независно од тоа што имаме исклучително добра продукција на книги, на изданија секоја година, кај нас станува збор пред се за научни изданија, секогаш можеме да кажеме дека може уште и дека и следнава година конкретно сега 2024 година ќе објавиме барем 10-ина научни трудови што се поврзани со македонскиот јазик, нагласи Јованова-Грујовска.

Таа подвлече дека за да си го знаеме и за да си го почитуваме мајчиниот јазик треба да ги знаеме и луѓето околу нас што живеат.

-Затоа, Институтот за македонски јазик последниве години на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ги отвора своите врати за сите зборувачи на различни јазици што живеат кај нас и на тој начин покажуваме почит, но покажуваме и желба за запознавање на различностите затоа што ние меѓу себе ќе се почитуваме и ќе се сакаме само доколку ги почитуваме различностите и ги прифатиме различностите. На овој начин всушност гледаме како другите си го почитуваат својот јазик и тука доаѓаме до преводливоста. Зошто? Затоа што многу автори коишто творат на турски јазик не само кај нас туку и во Турција се преведуваат овде на македонски јазик. Е, тука се гледа нашето ниво на познавање на јазикот, на познавање на културата, конкретно сега по примерот на турскиот. Меѓутоа, значи, на оној јазик што го преведуваме на македонскиот или од македонски на друг јазик за да прошета по светот нашата литература и нашиот културен код, да биде достапен за луѓето во светот, вели директорката на Институтот заблагодарувајќи се при тоа и на Министерството за култура за сета поддршка што им ја дава во издавачката дејност, но и на МОН кое овозможува и други услови што им се потребни.

Проф. д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во своето обраќање истакна дека токму на овој ден треба да се посочи на потребата за грижата за мајчиниот јазик и упати порака до учениците од основни и средни училишта кои зборуваат на сите јазици во земјава, но и пошироко, а кои присуствуваа на манифестацијата, да ги чуваат почитуваат и негуваат своите мајчини јазици бидејќи тие не учат, образуваат, не обликуваат, но упати и на потребата од владеење на македонскиот јазик.

-На овој ден освен што ќе ве потсетам на должноста на грижата за својот мајчин јазик, сакам и да ви порачам, сакајте го и македонскиот јазик, без разлика кој е вашиот мајчин јазик, зашто македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме, тој е мост за јазично и културно и духовно собитисување, потенцира проф. Арсов.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува од 2000-та година и е востановен од УНЕСКО. Според ООН, во светот постојат околу 7000 јазици. Поради процесот на глобализација на многу јазици им се заканува целосно исчезнување. Според атласот на загрозени јазици на УНЕСКО, само меѓу 1950-та и 2010 година исчезнале 230 јазици, а за загрозени се сметаат најмалку 45 проценти од посочените 7000 јазици што се зборуваат во светот, беше истакнато.

The post Македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме appeared first on Република.

]]>

Јазиците се важни, тие не се само средство за комуникација, туку и интегрална компонента на индентитетот на секој поединец и нација, начин на зближување на различностите, толеранција и меѓусебно прифаќање. Нашиот мајчин јазик, македонскиот јазик е реалност во светската ризница на јазици, низ науката, културата и образованието, заштитен, недопирлив, единствен. Ова го истакна министерката за култура,  Бисера Костадиновска-Стојчевска, на прославата на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик што се одржа во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Таа подвлече дека со Институтот се добри партнери при тоа потенцирајќи го значењето на Законот за употреба на македонскиот јазик. -Со Институтот сме навистина многу добри партнери во многубројни проекти не само во однос на дигитализацијата на картотеките, туку и во еден од подолгите процеси и позначајните, а тоа е донесувањето на новиот закон за употреба на македонскиот јазик којшто без максималната вклученост на членовите на Советот за македонски јазик, како и на сите вработени тука во овој Институтот немаше да стане реалност. Што значи дека се движиме во правилна насока во однос на заштита на македонскиот јазик, меѓутоа и промоција на сите јазици коишто се зборуваат на територијата на нашата држава, нагласи во изјавата за медиуми Костадиновска - Стојчевска честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Таа нагласи дека заедно со директорката на Институтот и со сите членови работат заедно на унапредување на правата не само на говорителите на македонскиот јазик, туку и на сите други јазици кои се говорат, но и на изданија кои се финансираат преку Министерство за култура токму од оваа област. Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, истакна дека Институтот како најголем промотор и овластен за заштита на македонскиот јазик, годинава со гордост одбележува 150 години од раѓањето на патронот Крсте Петков Мисирков (18.11.1874г.) и прв неформален кодификатор на македонскиот јазик, како и 80 години од Првото заседание на АСНОМ(2.08.1944) на кое е конституирана македонската држава, а македонскиот е заведен како службен јазик во неа. -Македонците по многу вековна борба, се изборија за признавање на мајчиниот македонски јазик. Затоа ние ја почитуваме желбата на нашите сограѓани, но и на сите луѓе во светот да зборуваат на својот мајчин јазик, рече Јованова Грујовска. Прашана дали можеме да кажеме дека на завидно ниво го владееме мајчиниот јазик имајќи ја предвид преводната култура, квалитетот на преводите кај нас, таа ќе посочи дека токму на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик точно секој од нас треба да се запраша кое ни е нивото на познавање на мајчиниот јазик. -Институтот за македонски јазик се грижи и единствен овластен субјект за заштита на македонскиот јазик, меѓутоа и го проучува на сите рамништа, го штити и го промовира. Секогаш има потреба за уште нешто. Независно од тоа што имаме исклучително добра продукција на книги, на изданија секоја година, кај нас станува збор пред се за научни изданија, секогаш можеме да кажеме дека може уште и дека и следнава година конкретно сега 2024 година ќе објавиме барем 10-ина научни трудови што се поврзани со македонскиот јазик, нагласи Јованова-Грујовска. Таа подвлече дека за да си го знаеме и за да си го почитуваме мајчиниот јазик треба да ги знаеме и луѓето околу нас што живеат. -Затоа, Институтот за македонски јазик последниве години на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик ги отвора своите врати за сите зборувачи на различни јазици што живеат кај нас и на тој начин покажуваме почит, но покажуваме и желба за запознавање на различностите затоа што ние меѓу себе ќе се почитуваме и ќе се сакаме само доколку ги почитуваме различностите и ги прифатиме различностите. На овој начин всушност гледаме како другите си го почитуваат својот јазик и тука доаѓаме до преводливоста. Зошто? Затоа што многу автори коишто творат на турски јазик не само кај нас туку и во Турција се преведуваат овде на македонски јазик. Е, тука се гледа нашето ниво на познавање на јазикот, на познавање на културата, конкретно сега по примерот на турскиот. Меѓутоа, значи, на оној јазик што го преведуваме на македонскиот или од македонски на друг јазик за да прошета по светот нашата литература и нашиот културен код, да биде достапен за луѓето во светот, вели директорката на Институтот заблагодарувајќи се при тоа и на Министерството за култура за сета поддршка што им ја дава во издавачката дејност, но и на МОН кое овозможува и други услови што им се потребни. Проф. д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во своето обраќање истакна дека токму на овој ден треба да се посочи на потребата за грижата за мајчиниот јазик и упати порака до учениците од основни и средни училишта кои зборуваат на сите јазици во земјава, но и пошироко, а кои присуствуваа на манифестацијата, да ги чуваат почитуваат и негуваат своите мајчини јазици бидејќи тие не учат, образуваат, не обликуваат, но упати и на потребата од владеење на македонскиот јазик. -На овој ден освен што ќе ве потсетам на должноста на грижата за својот мајчин јазик, сакам и да ви порачам, сакајте го и македонскиот јазик, без разлика кој е вашиот мајчин јазик, зашто македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме, тој е мост за јазично и културно и духовно собитисување, потенцира проф. Арсов. Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува од 2000-та година и е востановен од УНЕСКО. Според ООН, во светот постојат околу 7000 јазици. Поради процесот на глобализација на многу јазици им се заканува целосно исчезнување. Според атласот на загрозени јазици на УНЕСКО, само меѓу 1950-та и 2010 година исчезнале 230 јазици, а за загрозени се сметаат најмалку 45 проценти од посочените 7000 јазици што се зборуваат во светот, беше истакнато.

The post Македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме appeared first on Република.

]]>
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го одбележува Денот на мајчиниот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov-go-odbelezhuva-denot-na-majchiniot-jazik/ Wed, 21 Feb 2024 08:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=746546

Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска со почеток во 12 часот ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Овој ден ќе биде одбележан и на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот каде што ќе биде одржан „Македонистички час“.

Поздравни обраќања на настанот во Институтот за македонски јазик ќе имаат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и директорката на Институтот, професор д-р Елена Јованова-Грујовска и професор д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот.

По завршувањето на настанот е предвидена и посета на спомен-собата на Мисирков.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, исто така, организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот.

The post Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го одбележува Денот на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>

Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска со почеток во 12 часот ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Овој ден ќе биде одбележан и на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот каде што ќе биде одржан „Македонистички час“. Поздравни обраќања на настанот во Институтот за македонски јазик ќе имаат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и директорката на Институтот, професор д-р Елена Јованова-Грујовска и професор д-р Борче Арсов, научен советник при Институтот. По завршувањето на настанот е предвидена и посета на спомен-собата на Мисирков. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска, исто така, организира „Македонистички час“ на Лекторатите по македонистика на странските универзитети во светот.

The post Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го одбележува Денот на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>
Јазикот се штити со дела, а не со заплашувања, вели проф. д-р Весна Костовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирокв“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/jazikot-se-shtiti-so-dela-a-ne-so-zaplashuvana-veli-prof-d-r-vesna-kostovska-od-institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirokv/ Wed, 24 Jan 2024 17:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=736433

На денешната панел-дискусијата на која учествуваше министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, „Инвестициите во инфраструктурата и во културата – траен влог за идните генерации“, проф. д-р Весна Костовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ истакна дека со новиот Закон за употребата на македонскиот јазик низ конкретни и суштински чекори се потврдува вистинската и искрена заложба за заштитата на македонскиот јазик.

Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ посочи дека со доследна примена на овој закон, ќе се пристапи кон вработување на лектори по македонски јазик во сите државни институции и агенции, во училиштата, во издавачките куќи, во медиумите и секако со тоа ќе се зголеми интересот за студирање македонски јазик.

Костовска потсети дека минатата година, после цели 24 години, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ се вработиле 16 млади кадри и додаде:

Постојано се повторува дека нашиот јазик е загрозен, не е загрозен. Доказ за тоа се активностите во Институтот за македонски јазик. Со новите вработувања на млади кадри, она што стагнираше, сега би рекла дека се случува бум во заштитата на македонскиот јазик, иако не одекна така во јавноста. Различни генерации во Институтот одлично соработуваат, се надополнуваме. Ние поискусните им го пренесуваме нашето знаење на помладите колеги, но и од младите учиме за современиот пристап кон јазикот и новите технологии“.

Голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик, нагласи Костовска, ќе биде и стипендирањето на ученици од четврта година средно образование и на додипломски и докторски студии, новина која што е предвидена со Законот за употребата на македонскиот јазик, кој се изработи во широка јавна расправа, со консултирање на голем број лингвисти, чии забелешки беа прифатени.

Осврнувајќи се на придобивките од донесувањето на новиот закон, кој в петок е на дневен ред на собраниска седница, Костовска потсети дека со законот пропишано е задолжително лекторирање на сите материјали со објавување на лекторот и задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власт.

Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков, зборувајќи за тековни проекти, потенцираше дека оваа установа е успешна приказна, која, како што рече, изминатите неколку години има плоднотворна соработка со Министерството за култура, Министерството за образование и наука и Владата и токму затоа се реализирани капитални проекти важни за македонскиот јазик.

Костовска го спомена и капиталниот проект за дигитализација на сите картотеки на зборови на македонски јазик, со кој дигитализирани и трајно заштитени се пет милиони ливчиња на кои е запишано богатството на македонскиот јазик, кое со децении го собирале многу генерации истражувачи.

„Потребни се дела, а не зборови и заплашувања. Така се штити јазикот“, рече Костовска, која повика да се усвои Законот за употребата на македонскиот јазик кој во себе има добри решенија за унапредување на состјбите во јазикот и е основна рамка за почитување на стандардниот јазик.

The post Јазикот се штити со дела, а не со заплашувања, вели проф. д-р Весна Костовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирокв“ appeared first on Република.

]]>

На денешната панел-дискусијата на која учествуваше министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, „Инвестициите во инфраструктурата и во културата – траен влог за идните генерации“, проф. д-р Весна Костовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ истакна дека со новиот Закон за употребата на македонскиот јазик низ конкретни и суштински чекори се потврдува вистинската и искрена заложба за заштитата на македонскиот јазик. Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ посочи дека со доследна примена на овој закон, ќе се пристапи кон вработување на лектори по македонски јазик во сите државни институции и агенции, во училиштата, во издавачките куќи, во медиумите и секако со тоа ќе се зголеми интересот за студирање македонски јазик. Костовска потсети дека минатата година, после цели 24 години, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ се вработиле 16 млади кадри и додаде:
Постојано се повторува дека нашиот јазик е загрозен, не е загрозен. Доказ за тоа се активностите во Институтот за македонски јазик. Со новите вработувања на млади кадри, она што стагнираше, сега би рекла дека се случува бум во заштитата на македонскиот јазик, иако не одекна така во јавноста. Различни генерации во Институтот одлично соработуваат, се надополнуваме. Ние поискусните им го пренесуваме нашето знаење на помладите колеги, но и од младите учиме за современиот пристап кон јазикот и новите технологии“.
Голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик, нагласи Костовска, ќе биде и стипендирањето на ученици од четврта година средно образование и на додипломски и докторски студии, новина која што е предвидена со Законот за употребата на македонскиот јазик, кој се изработи во широка јавна расправа, со консултирање на голем број лингвисти, чии забелешки беа прифатени. Осврнувајќи се на придобивките од донесувањето на новиот закон, кој в петок е на дневен ред на собраниска седница, Костовска потсети дека со законот пропишано е задолжително лекторирање на сите материјали со објавување на лекторот и задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власт. Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков, зборувајќи за тековни проекти, потенцираше дека оваа установа е успешна приказна, која, како што рече, изминатите неколку години има плоднотворна соработка со Министерството за култура, Министерството за образование и наука и Владата и токму затоа се реализирани капитални проекти важни за македонскиот јазик. Костовска го спомена и капиталниот проект за дигитализација на сите картотеки на зборови на македонски јазик, со кој дигитализирани и трајно заштитени се пет милиони ливчиња на кои е запишано богатството на македонскиот јазик, кое со децении го собирале многу генерации истражувачи.
„Потребни се дела, а не зборови и заплашувања. Така се штити јазикот“, рече Костовска, која повика да се усвои Законот за употребата на македонскиот јазик кој во себе има добри решенија за унапредување на состјбите во јазикот и е основна рамка за почитување на стандардниот јазик.
 
The post Јазикот се штити со дела, а не со заплашувања, вели проф. д-р Весна Костовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирокв“ appeared first on Република.

]]>
Урошевиќ: Мисирков бил визионер во борбата за националниот и културниот идентитет на Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/uroshevik-misirkov-bil-vizioner-vo-borbata-za-natsionalniot-i-kulturniot-identitet-na-makedontsite/ Mon, 26 Jun 2023 18:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=655471

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од денеска до 30 јуни ги организира Отворените денови кои годинава се во знакот на 70 години од неговото основање и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

Академик Влада Урошевиќ во излагањето „Наследниците на Мисирков“ рече дека Мисирков бил визионер во борбата за националниот и културниот идентитет на Македонците.

Наспроти сите неповолни околности што му се закануваат на физичкото и духовното опстојување на неговиот народ, па дури ја загрозуваат и неговата лична егзистенција, тој успева да ја создаде својата слика на иднината и со цврста верба и убедлива образложеност да ја постави како единствена можност. Тој е визионер затоа што точно го насетува патот по кој треба да се оди и го наложува неговото следење како неопходност. А визионер е, секако, пред се, затоа што во тој миг неговите идеи не произлегуваат од реалната состојба на Балканот и во светот. Затоа што во тој миг не можат да се согледаат никакви услови за нивното остварување – рече Урошевиќ.

Неговата книга од 1903 година „За македонцките работи“ ја нарече пророчка затоа што во миг кога „сликата што ја нуди македонската стварност е длабоко трагична“ Мисирков со сета свест за размерите на несреќата која се струполила врз македонскиот народ пишува за јазикот и ги поставува неговите темели.

Се залага за еден друг вид борба, онаа на културен план, поставува задачи што треба да се исполнат, создава планови за иднината. Затоа книгата „За македонцките работи“, и покрај своето критичко согледување на дотогашните резултати од борбата за остварување на правата на македонскиот народ е оптимистичка книга. Во нејзината основа лежи цврстата увереност на нејзиниот автор дека крајната цел е остварлива. И покрај судската забрана, и покрај физичкото уништување на најголемиот дел од тиражот, таа книга ќе продолжи да живее и да ги шири своите идеи, рече Урошевиќ.

Проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, рече дека ликот и делото на Мисирков природно добиле своја институција во Институтот за македонски јазик којшто, како што рече, со гордост го носи неговото име.

Блаже Конески го втемели македонскиот литературен стандарден јазик во општествениот живот на новата македонска држава, АСНОМ го озакони, така што денес со гордост истакнуваме дека нашата држава е рамноправен член на современото семејство на држави во Европа и светот, дека нашиот јазик е прифатен и признаен во Обединетите нации и во Европската Унија, во НАТО и насекаде – рече Спасов.

Осврнувајќи се на работата на Институтот за македонски јазик, истакна дека се направени многу работи, но дека времето наметнало и нови задачи – изработка на нормативно-правописен речник на македонскиот јазик, корпусот на македонскиот јазик, етимолошки речник…

Почетокот на Отворените денови беше означен со поздравни говори на директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска, заменик-министерот за образование и наука Агим Нухиу и ректорот на Скопскиот универзитет, Никола Јанкуловски.

Во осмата деценија од постоењето на Институтот, имаме картотеки, богата издавачка дејност, започнати проекти, постдипломски и докторски студии. Имаме знаење, искуство и енергија да продолжиме храбро и со визија кон новите предизвици – рече директорката на Институтот.

Јубилеите ги честиташе заменик-министерот Нухиу кој истакна дека Институтот останува водечка научна институција во земјава која се грижи и го негува македонскиот јазик.

Верувам дека поткрепата која Институтот и ја дава на државата во изминатите 70 години е доволен доказ за посветеноста и негувањето на македонскиот јазик кој денес е еден од официјалните јазици во Европската Унија – рече Нукиу.

Додаде дека МОН е партнер во професионализација на кадарот на Институтот и за студентите кои се запишуваат на студиските програми Македонски јазик и Македонска книжевност за кои обезбедува стипендии од оваа академска година.

Ректорот на УКИМ во своето излагање посочи дека Институтот, придружна членка на Универзитетот, израснал во славистички еминентен центар за проучување на македонскиот јазик на сите рамништа и дека е единствена лексикографска школа во земјава за што, рече, сведочат речниците што континуирано се објавуваат.

The post Урошевиќ: Мисирков бил визионер во борбата за националниот и културниот идентитет на Македонците appeared first on Република.

]]>

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од денеска до 30 јуни ги организира Отворените денови кои годинава се во знакот на 70 години од неговото основање и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков. Академик Влада Урошевиќ во излагањето „Наследниците на Мисирков“ рече дека Мисирков бил визионер во борбата за националниот и културниот идентитет на Македонците.
Наспроти сите неповолни околности што му се закануваат на физичкото и духовното опстојување на неговиот народ, па дури ја загрозуваат и неговата лична егзистенција, тој успева да ја создаде својата слика на иднината и со цврста верба и убедлива образложеност да ја постави како единствена можност. Тој е визионер затоа што точно го насетува патот по кој треба да се оди и го наложува неговото следење како неопходност. А визионер е, секако, пред се, затоа што во тој миг неговите идеи не произлегуваат од реалната состојба на Балканот и во светот. Затоа што во тој миг не можат да се согледаат никакви услови за нивното остварување – рече Урошевиќ.
Неговата книга од 1903 година „За македонцките работи“ ја нарече пророчка затоа што во миг кога „сликата што ја нуди македонската стварност е длабоко трагична“ Мисирков со сета свест за размерите на несреќата која се струполила врз македонскиот народ пишува за јазикот и ги поставува неговите темели.
Се залага за еден друг вид борба, онаа на културен план, поставува задачи што треба да се исполнат, создава планови за иднината. Затоа книгата „За македонцките работи“, и покрај своето критичко согледување на дотогашните резултати од борбата за остварување на правата на македонскиот народ е оптимистичка книга. Во нејзината основа лежи цврстата увереност на нејзиниот автор дека крајната цел е остварлива. И покрај судската забрана, и покрај физичкото уништување на најголемиот дел од тиражот, таа книга ќе продолжи да живее и да ги шири своите идеи, рече Урошевиќ.
Проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик, рече дека ликот и делото на Мисирков природно добиле своја институција во Институтот за македонски јазик којшто, како што рече, со гордост го носи неговото име.
Блаже Конески го втемели македонскиот литературен стандарден јазик во општествениот живот на новата македонска држава, АСНОМ го озакони, така што денес со гордост истакнуваме дека нашата држава е рамноправен член на современото семејство на држави во Европа и светот, дека нашиот јазик е прифатен и признаен во Обединетите нации и во Европската Унија, во НАТО и насекаде – рече Спасов.
Осврнувајќи се на работата на Институтот за македонски јазик, истакна дека се направени многу работи, но дека времето наметнало и нови задачи – изработка на нормативно-правописен речник на македонскиот јазик, корпусот на македонскиот јазик, етимолошки речник… Почетокот на Отворените денови беше означен со поздравни говори на директорката на Институтот Елена Јованова-Грујовска, заменик-министерот за образование и наука Агим Нухиу и ректорот на Скопскиот универзитет, Никола Јанкуловски.
Во осмата деценија од постоењето на Институтот, имаме картотеки, богата издавачка дејност, започнати проекти, постдипломски и докторски студии. Имаме знаење, искуство и енергија да продолжиме храбро и со визија кон новите предизвици – рече директорката на Институтот.
Јубилеите ги честиташе заменик-министерот Нухиу кој истакна дека Институтот останува водечка научна институција во земјава која се грижи и го негува македонскиот јазик.
Верувам дека поткрепата која Институтот и ја дава на државата во изминатите 70 години е доволен доказ за посветеноста и негувањето на македонскиот јазик кој денес е еден од официјалните јазици во Европската Унија – рече Нукиу.
Додаде дека МОН е партнер во професионализација на кадарот на Институтот и за студентите кои се запишуваат на студиските програми Македонски јазик и Македонска книжевност за кои обезбедува стипендии од оваа академска година. Ректорот на УКИМ во своето излагање посочи дека Институтот, придружна членка на Универзитетот, израснал во славистички еминентен центар за проучување на македонскиот јазик на сите рамништа и дека е единствена лексикографска школа во земјава за што, рече, сведочат речниците што континуирано се објавуваат.

The post Урошевиќ: Мисирков бил визионер во борбата за националниот и културниот идентитет на Македонците appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Аманетот на Мисирков е испочитуван, успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со другите официјални јазици во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kovachevski-amanetot-na-misirkov-e-ispochituvan-uspeavme-da-go-postavime-makedonskiot-jazik-na-ednakvo-ramnishte-so-drugite-ofitsijalni-jazitsi-vo-evropa/ Tue, 20 Jun 2023 12:16:18 +0000 https://republika.mk/?p=653367

Зборовите на Мисирков денес се реалност, неговиот аманет е испочитуван. Успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со сите други официјални јазици во Европа, со ланското отворање на преговорите со Европската Унија, а со тоа и македонскиот народ и идентитет на исто рамниште со другите народи кои ја сочинуваат ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски на свечена академија по повод 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков по кого Институтот е именуван.

Како што рече, факт е дека македонскиот јазик беше оспоруван во општествено-политичкиот свет, во и меѓу државите кои функционираат низ политички одлуки и дека и самиот Мисирков во својата книга од 1903 година, покрај за создавањето на современиот македонски стандарден јазик, зборува и за политичките, економските, културните и јазичните предуслови за формирањето на современата македонска нација.

Но, конечно минатата година, рече Ковачевски, „со стратешкото лидерство и со храбрите одлуки со коишто ги почнавме преговорите со Европската Унија, ставивме крај на внимателните политички формулации дека говориме јазик на Блаже Конески, на Ацо Шопов или на Матеја Матевски“.

Политичките лидери и државни раководства на земјите во светот, од ланскиот јули ја сменија реториката. И без задршка денес зборуваат за македонски јазик и за нас како Македонци. Денес македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во Европската Унија. Првиот договор помеѓу Европската Унија и Република Македонија, Договорот за гранично управување со ЕУ, е веќе потпишан на чист македонски јазик. Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик. Дури и нашите европски пријатели, како што се нашите пријатели од германскиот Бундестаг, со Резолуција ги признаа постоењето на нашиот засебен македонски јазик, засебна македонска култура и засебен македонски идентитет и како такви не очекуваат и даваат поддршка за да станеме дел од ЕУ, истакна претседателот на Владата.

Меѓутоа постои и фактот, рече Ковачевски, дека во актуелниот контекст и околности „некои сили внатре во нашата држава и надвор од нашата држава, веројатно со ист извор, се обидуваат да го забават или запрат напредокот на нашата држава и на европската иднина на нашите деца“.

Тоа го прават со лаги, дезинформации и злоупотреби, за најчувствителната точка, за нашиот македонски идентитет. И нанесуваат огромна штета токму на нашите идентитетски определби, со тоа што ги доведуваат во прашање. Затоа добро е и неопходно е да посочуваме и ќе посочуваме на успесите што не потврдуваат како македонски народ кој говори свој македонски јазик во европското семејство а народи и јазици, рече Ковачевски.

Тој порача дека Владата ќе направи сѐ што е во нејзина моќ државата да стане и формално дел од Европа и да обезбеди европски квалитет на живот, затоа што, како што рече, „сè додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик, тој ќе постои, а со тоа и ние Македонците, а и нашата татковина, Македонија“.

Во таа насока, според него, е од огромно значење соработката со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Тој посочи дека Владата ги поддржува сите проекти на Институтот, меѓу кои беше и дигитализацијата на лексичкиот материјал во картотеките, по 24 години, лани се одобрени 16 вработувања во Институтот, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки.

Верувам дека сум премиер кој во една година најмногу пати дошол во овој Институт. И сум единствен премиер во последните 20 години којшто со лична заложба од министерот за финансии и за образование, обезбедивме минатата година да има 16 нови доктори и магистри кои ќе работат во Институтот. Тоа е една од работите на кои сум лично многу горд, истакна Ковачевски.

Премиерот кажа и дека Владата го утврди и текстот за новиот закон за употребата на македонскиот јазик што предвидува и формирање инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, а Министерството за образование и наука ќе објави конкурси за стипендирање кадар што ќе го изучува македонскиот јазик. Старото училиште „Димитар Влахов" во село Љубојно, пак, на предлог на Владата се адаптира во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Директорката на Институтот „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска се осврна на мисијата на Институтот во изминатите 70 години, од неговите почетоци во 1953 година, на дејноста на научниците кои придонеле во изградбата на оваа установа.

Таа им се заблагодари на основоположниците на Институтот и на кадарот во пензија за, како што рече, „визионерската моќ и пожртвуваноста во развојот и растежот на оваа институција“, меѓу кои на првиот директор Крум Тошев и на долгогодишниот прв човек д-р Трајко Стаматоски.

Институтот за македонски јазик израсна во реномиран центар за изучување на македонскиот јазик, а преку трудовите што се појавуваат минатиот период – во еминентен славистички центар... Резултатите од научната дејност на Институтот се вреднувани со највисоките општествени признанија, рече Јованова-Грујовска, која во оваа пригода ги наведе сите позначјани научни трудови и наслови од богатата издавачка продукција на Институтот.

Патот на институцијата е трасиран, рече директорката, но има нови предизвици – поддршка од премиерот Ковачевски и од Владата побара за два следни проекта - Правописен речник и Корпус на македонскиот јазик. Укажа и дека имаат потреба од повисоки плати и повика: време е за зголемување на платите на Институтот за македонски јазик.

Ние сме во рагзовори со премиерот Ковачевски и министерот Шаќири за зголемување на платите. Пред пет години добивме зголемување по цели 13 години и се изедначивме со нашите колеги од УКИМ. Сега повторно се наоѓаме во незавидна ситуација. Со двете зголемувања во основното и средното образование, средношколските професори ќе земаат плати колку нашите вонредни професори или виши научни соработници, додаде Јованова-Грујовска.

На свечената академија за седум децении од Институтот за македонски јазик солистички настап имаше гитаристот Влатко Стефановски.

The post Ковачевски: Аманетот на Мисирков е испочитуван, успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со другите официјални јазици во Европа appeared first on Република.

]]>

Зборовите на Мисирков денес се реалност, неговиот аманет е испочитуван. Успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со сите други официјални јазици во Европа, со ланското отворање на преговорите со Европската Унија, а со тоа и македонскиот народ и идентитет на исто рамниште со другите народи кои ја сочинуваат ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски на свечена академија по повод 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков по кого Институтот е именуван. Како што рече, факт е дека македонскиот јазик беше оспоруван во општествено-политичкиот свет, во и меѓу државите кои функционираат низ политички одлуки и дека и самиот Мисирков во својата книга од 1903 година, покрај за создавањето на современиот македонски стандарден јазик, зборува и за политичките, економските, културните и јазичните предуслови за формирањето на современата македонска нација. Но, конечно минатата година, рече Ковачевски, „со стратешкото лидерство и со храбрите одлуки со коишто ги почнавме преговорите со Европската Унија, ставивме крај на внимателните политички формулации дека говориме јазик на Блаже Конески, на Ацо Шопов или на Матеја Матевски“.
Политичките лидери и државни раководства на земјите во светот, од ланскиот јули ја сменија реториката. И без задршка денес зборуваат за македонски јазик и за нас како Македонци. Денес македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во Европската Унија. Првиот договор помеѓу Европската Унија и Република Македонија, Договорот за гранично управување со ЕУ, е веќе потпишан на чист македонски јазик. Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик. Дури и нашите европски пријатели, како што се нашите пријатели од германскиот Бундестаг, со Резолуција ги признаа постоењето на нашиот засебен македонски јазик, засебна македонска култура и засебен македонски идентитет и како такви не очекуваат и даваат поддршка за да станеме дел од ЕУ, истакна претседателот на Владата.
Меѓутоа постои и фактот, рече Ковачевски, дека во актуелниот контекст и околности „некои сили внатре во нашата држава и надвор од нашата држава, веројатно со ист извор, се обидуваат да го забават или запрат напредокот на нашата држава и на европската иднина на нашите деца“.
Тоа го прават со лаги, дезинформации и злоупотреби, за најчувствителната точка, за нашиот македонски идентитет. И нанесуваат огромна штета токму на нашите идентитетски определби, со тоа што ги доведуваат во прашање. Затоа добро е и неопходно е да посочуваме и ќе посочуваме на успесите што не потврдуваат како македонски народ кој говори свој македонски јазик во европското семејство а народи и јазици, рече Ковачевски.
Тој порача дека Владата ќе направи сѐ што е во нејзина моќ државата да стане и формално дел од Европа и да обезбеди европски квалитет на живот, затоа што, како што рече, „сè додека има луѓе кои го употребуваат македонскиот јазик, тој ќе постои, а со тоа и ние Македонците, а и нашата татковина, Македонија“. Во таа насока, според него, е од огромно значење соработката со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Тој посочи дека Владата ги поддржува сите проекти на Институтот, меѓу кои беше и дигитализацијата на лексичкиот материјал во картотеките, по 24 години, лани се одобрени 16 вработувања во Институтот, од кои 13 научници, магистри и доктори на науки.
Верувам дека сум премиер кој во една година најмногу пати дошол во овој Институт. И сум единствен премиер во последните 20 години којшто со лична заложба од министерот за финансии и за образование, обезбедивме минатата година да има 16 нови доктори и магистри кои ќе работат во Институтот. Тоа е една од работите на кои сум лично многу горд, истакна Ковачевски.
Премиерот кажа и дека Владата го утврди и текстот за новиот закон за употребата на македонскиот јазик што предвидува и формирање инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, а Министерството за образование и наука ќе објави конкурси за стипендирање кадар што ќе го изучува македонскиот јазик. Старото училиште „Димитар Влахов" во село Љубојно, пак, на предлог на Владата се адаптира во Центар за промоција на македонскиот јазик. Директорката на Институтот „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска се осврна на мисијата на Институтот во изминатите 70 години, од неговите почетоци во 1953 година, на дејноста на научниците кои придонеле во изградбата на оваа установа. Таа им се заблагодари на основоположниците на Институтот и на кадарот во пензија за, како што рече, „визионерската моќ и пожртвуваноста во развојот и растежот на оваа институција“, меѓу кои на првиот директор Крум Тошев и на долгогодишниот прв човек д-р Трајко Стаматоски. Институтот за македонски јазик израсна во реномиран центар за изучување на македонскиот јазик, а преку трудовите што се појавуваат минатиот период – во еминентен славистички центар... Резултатите од научната дејност на Институтот се вреднувани со највисоките општествени признанија, рече Јованова-Грујовска, која во оваа пригода ги наведе сите позначјани научни трудови и наслови од богатата издавачка продукција на Институтот. Патот на институцијата е трасиран, рече директорката, но има нови предизвици – поддршка од премиерот Ковачевски и од Владата побара за два следни проекта - Правописен речник и Корпус на македонскиот јазик. Укажа и дека имаат потреба од повисоки плати и повика: време е за зголемување на платите на Институтот за македонски јазик.
Ние сме во рагзовори со премиерот Ковачевски и министерот Шаќири за зголемување на платите. Пред пет години добивме зголемување по цели 13 години и се изедначивме со нашите колеги од УКИМ. Сега повторно се наоѓаме во незавидна ситуација. Со двете зголемувања во основното и средното образование, средношколските професори ќе земаат плати колку нашите вонредни професори или виши научни соработници, додаде Јованова-Грујовска.
На свечената академија за седум децении од Институтот за македонски јазик солистички настап имаше гитаристот Влатко Стефановски.  

The post Ковачевски: Аманетот на Мисирков е испочитуван, успеавме да го поставиме македонскиот јазик на еднакво рамниште со другите официјални јазици во Европа appeared first on Република.

]]>
Елена Јованова-Грујовска: Не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, но ги сметаме картотеките на нашиот Институт за непроценливо важни https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/elena-jovanova-grujovska-ne-go-smetame-makedonskiot-jazik-za-zagrozen-no-gi-smetame-kartotekite-na-nashiot-institut-za-neprotsenlivo-vazhni/ Tue, 21 Feb 2023 12:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=611501

Македонскиот јазик е нашиот идентитет, темелот и срцето на нашата нација. Имаме должност да го негуваме, да го заштитиме како наше најголемо духовно и културно наследство, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Посочи дека Владата и Министерството за култура се посветени на оваа цел и неодамна е завршен капитален проект за дигитализација на лексичкиот материјал од картотеките на Институтот со што трајно се заштитени оригинални записи на македонски јазик.

Годинава ќе добиеме и нов закон за употреба на македонскиот јазик со кој ќе ги зацврстиме механизмите на чување, негување, ширење и афирмација на стандардниот македонски јазик, рече министерката, додавајќи дека членовите на Советот за македонски јазик посветено и студиозно пристапиле кон изработка на квалитетно и модерно законско решение.

По јавната дебата на која, како што рече, биле дадени конструктивни забелешки за дооформување на Предлог-законот, тој наскоро ќе биде во владина процедура, а потоа на усвојување во Собранието.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски во поздравното обраќање истакна дека секој треба да го негува и да му оддава почит на својот мајчин јазик, а доколку го цениме сопственото, рече тој, ќе може да го почитуваме и другото. Мајчиниот јазик, додаде Јанкуловски, е мост преку кој се поврзуваме со други јазици и други култури.

Секој има право да го користи својот мајчин јазик, да ги чува спомените, традициите и размислувањата кои се вградени во неговиот јазичен код. Јазикот е културно наследство во кое се обединува духовната и материјалната култура на човештвото. Мајчините јазици со својата разноликост го прошируваат нашиот светоглед и се исклучително важни за идентитетот на секоја личност, рече ректорот.

Директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска, истакна дека во интензивната глобализација, на многу „мали“ јазици им се заканува исчезнување.

Научниците препорачуваат архивирање и документирање на загрозените јазици. Ние не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, но ги сметаме картотеките на нашиот Институт за непроценливо важни. Затоа, со финансиска поддршка од Владата и Министерството за култура, архивиравме пет милиони ливчиња со лексиколошки, ономастички, дијалектолошки и црковнословенски записи за сегашните и идните генерации, рече Јованова-Грујовска.

Во богатиот јазичен материјал трајно заштитен со проектот за дигитализација на картотеките, додаде таа, е и поезијата на Ацо Шопов и пораката на Крсте Мисирков: „Јазикот е средство со кое ние осознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот соговорник“.

Лидија Тантуровска, научен советник во Институтот, одржа час по македонски јазик на кој присуствуваа средношколци и студенти. За нив е отворен конкурс за најдобар есеј со рок за пријавување до 1 април 2023.

Темата на есејот за ученици е „Јазикот наш денешен“, а за студентите – „Шчо напраивме“. Есеите ќе се испраќаат електронски, а победниците на конкурсот ќе бидат објавени на 5 мај – Денот на македонскиот јазик. Информации за конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Институтот.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик годинава се совпаѓа со 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 100 години од раѓањето на Ацо Шопов и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.

На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици.

The post Елена Јованова-Грујовска: Не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, но ги сметаме картотеките на нашиот Институт за непроценливо важни appeared first on Република.

]]>

Македонскиот јазик е нашиот идентитет, темелот и срцето на нашата нација. Имаме должност да го негуваме, да го заштитиме како наше најголемо духовно и културно наследство, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Посочи дека Владата и Министерството за култура се посветени на оваа цел и неодамна е завршен капитален проект за дигитализација на лексичкиот материјал од картотеките на Институтот со што трајно се заштитени оригинални записи на македонски јазик.
Годинава ќе добиеме и нов закон за употреба на македонскиот јазик со кој ќе ги зацврстиме механизмите на чување, негување, ширење и афирмација на стандардниот македонски јазик, рече министерката, додавајќи дека членовите на Советот за македонски јазик посветено и студиозно пристапиле кон изработка на квалитетно и модерно законско решение.
По јавната дебата на која, како што рече, биле дадени конструктивни забелешки за дооформување на Предлог-законот, тој наскоро ќе биде во владина процедура, а потоа на усвојување во Собранието. Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски во поздравното обраќање истакна дека секој треба да го негува и да му оддава почит на својот мајчин јазик, а доколку го цениме сопственото, рече тој, ќе може да го почитуваме и другото. Мајчиниот јазик, додаде Јанкуловски, е мост преку кој се поврзуваме со други јазици и други култури.
Секој има право да го користи својот мајчин јазик, да ги чува спомените, традициите и размислувањата кои се вградени во неговиот јазичен код. Јазикот е културно наследство во кое се обединува духовната и материјалната култура на човештвото. Мајчините јазици со својата разноликост го прошируваат нашиот светоглед и се исклучително важни за идентитетот на секоја личност, рече ректорот.
Директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска, истакна дека во интензивната глобализација, на многу „мали“ јазици им се заканува исчезнување.
Научниците препорачуваат архивирање и документирање на загрозените јазици. Ние не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, но ги сметаме картотеките на нашиот Институт за непроценливо важни. Затоа, со финансиска поддршка од Владата и Министерството за култура, архивиравме пет милиони ливчиња со лексиколошки, ономастички, дијалектолошки и црковнословенски записи за сегашните и идните генерации, рече Јованова-Грујовска.
Во богатиот јазичен материјал трајно заштитен со проектот за дигитализација на картотеките, додаде таа, е и поезијата на Ацо Шопов и пораката на Крсте Мисирков: „Јазикот е средство со кое ние осознаваме што мисли, што чувствува и што сака нашиот соговорник“. Лидија Тантуровска, научен советник во Институтот, одржа час по македонски јазик на кој присуствуваа средношколци и студенти. За нив е отворен конкурс за најдобар есеј со рок за пријавување до 1 април 2023. Темата на есејот за ученици е „Јазикот наш денешен“, а за студентите – „Шчо напраивме“. Есеите ќе се испраќаат електронски, а победниците на конкурсот ќе бидат објавени на 5 мај – Денот на македонскиот јазик. Информации за конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Институтот. Одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик годинава се совпаѓа со 70 години од основањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 100 години од раѓањето на Ацо Шопов и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Мисирков. Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик. На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици.

The post Елена Јованова-Грујовска: Не го сметаме македонскиот јазик за загрозен, но ги сметаме картотеките на нашиот Институт за непроценливо важни appeared first on Република.

]]>
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/institutot-za-makedonski-jazik-krste-misirkov-i-ovaa-godina-ke-go-odbelezhi-megunarodniot-den-na-majchiniot-jazik/ Tue, 21 Feb 2023 09:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=611401

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик , прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.

На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.  Најавени се поздравни обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  Никола Јанкуловски, директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, и Лидија Тантуровска, научен советник во Институтот.

The post Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик , прогласен од УНЕСКО на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година, а наредната 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во Декларацијата на УНЕСКО за културна разновидност, меѓу другото, е наведено правото на секоја личност да се изразува и да создава на јазик што ќе го избере, а особено на мајчин јазик.
На половината од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, а во околу 200 земји се зборува за мали јазици кои се соочуваат со предизвик да бидат зачувани. Во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици. Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.  Најавени се поздравни обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  Никола Јанкуловски, директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, и Лидија Тантуровска, научен советник во Институтот.

The post Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и оваа година ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик appeared first on Република.

]]>
Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јазик со дигитализација се спасени од пожар и вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rakopisi-stari-500-godini-od-institutot-za-makedonski-jazik-so-digitalizatsija-se-spaseni-od-pozhar-i-voda/ Mon, 02 Jan 2023 14:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=592832

Срцето на македонскиот идентитет – дијалектите, во дигитална форма стигнаа во 14 водоотпорни и огноотпорни куфери од Архивскиот дата центар „Инбокс“ (Inbox) до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, зачувани се и на безбедно место во наредните 500 години години. Благодарение на проектот за дигитализација на картотеките на Институтот, документите веќе нема да се чуваат во кутии и во плакари. Вработените и научниците нема да имаат потреба рачно да ги листаат картотеките, туку ќе си ги симнуваат од компјутерски фолдери.

Дваесетина вработени од фирмата која постои од 2011 како иновативен модел за архивирање и управување со физички и електронски документи, точно една година внимателно и со високо ниво на безбедност работеа на скенирање и архивирање на ракописите каде е содржан целиот дијалектолошки и ономастички материјал на македонскиот јазик собиран со децении на терен.
Станува збор за проект на Министерството за култура и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), кој го изработи „Инбокс“.

Проектот почна лани, кога го најави тогашната министерка за култура Ирена Стефоска, и по точно една година од преземањето на првите документи на 30 декември 2021, вратени се во дигитална форма на 29 декември 2022.

Дигитализирани се 12 збирки, од кои излегле околу 4,5 милиони страни. Збирките се дигитализирани на микрофилмови, сместени во куфери, кои штитат од вода, прашина и од пожар, и кои ќе овозможат заштита без разлика на просторот каде се чуваат.

The post Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јазик со дигитализација се спасени од пожар и вода appeared first on Република.

]]>

Срцето на македонскиот идентитет – дијалектите, во дигитална форма стигнаа во 14 водоотпорни и огноотпорни куфери од Архивскиот дата центар „Инбокс“ (Inbox) до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, зачувани се и на безбедно место во наредните 500 години години. Благодарение на проектот за дигитализација на картотеките на Институтот, документите веќе нема да се чуваат во кутии и во плакари. Вработените и научниците нема да имаат потреба рачно да ги листаат картотеките, туку ќе си ги симнуваат од компјутерски фолдери. Дваесетина вработени од фирмата која постои од 2011 како иновативен модел за архивирање и управување со физички и електронски документи, точно една година внимателно и со високо ниво на безбедност работеа на скенирање и архивирање на ракописите каде е содржан целиот дијалектолошки и ономастички материјал на македонскиот јазик собиран со децении на терен. Станува збор за проект на Министерството за култура и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), кој го изработи „Инбокс“. Проектот почна лани, кога го најави тогашната министерка за култура Ирена Стефоска, и по точно една година од преземањето на првите документи на 30 декември 2021, вратени се во дигитална форма на 29 декември 2022. Дигитализирани се 12 збирки, од кои излегле околу 4,5 милиони страни. Збирките се дигитализирани на микрофилмови, сместени во куфери, кои штитат од вода, прашина и од пожар, и кои ќе овозможат заштита без разлика на просторот каде се чуваат.

The post Ракописи стари 500 години од Институтот за македонски јазик со дигитализација се спасени од пожар и вода appeared first on Република.

]]>
Институтот за македонски јазик го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/institutot-za-makedonski-jazik-go-odbelezuva-megjunarodniot-den-na-majchiniot-jazik/ Mon, 21 Feb 2022 08:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=461276

Во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска во амфитеатарот на Институтот, ќе се одржи манифестација по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Чествувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик го поврзуваме со јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев и поголемиот дел од програмата на манифестацијата им го посветуваме на учениците од општинските основни училишта на територијата на Град Скопје што го носат името на овој голем македонски револуционер, велат од Институтот.

На манифестацијата најавено е обраќање на министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и на државниот секретар во Министерството за образование и наука  Анета Трпевска, а излагање на тема „Мајчиниот јазик, патоказ кон спознавањето“ ќе одржи проф. д-р Весна Костовска.

The post Институтот за македонски јазик го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик appeared first on Република.