Институт за македонска литература Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institut-za-makedonska-literatura/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 09:20:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Институт за македонска литература Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institut-za-makedonska-literatura/ 32 32 Научен собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nauchen-sobir-po-povod-60-godini-od-smrtta-na-gorgi-abadhiev/ Thu, 05 Oct 2023 09:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=688103

Научниот собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи на 6.10.2023 година (петок), со почеток во 11:00 часот во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков" - Скопје.

Поздравна реч на проф. д-р Наташа Аврамовска
За животот и делото к е говорат:
проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева
Културната меморија во книжевниот опус на Ѓорѓи Абаџиев
проф. д-р Валентина Миронска-Христовска
Ѓорѓи Абаџиев и Македонскиот литературен кружок
проф. д-р Гоце Смилевски
Индивидуалното и историското во романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев

The post Научен собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев appeared first on Република.

]]>

Научниот собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи на 6.10.2023 година (петок), со почеток во 11:00 часот во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков" - Скопје. Поздравна реч на проф. д-р Наташа Аврамовска За животот и делото к е говорат: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева Културната меморија во книжевниот опус на Ѓорѓи Абаџиев проф. д-р Валентина Миронска-Христовска Ѓорѓи Абаџиев и Македонскиот литературен кружок проф. д-р Гоце Смилевски Индивидуалното и историското во романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев  

The post Научен собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев appeared first on Република.

]]>
Аврамовска: Нашето денешно читање е одредено од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/avramovska-nasheto-deneshno-chitane-e-odredeno-od-aktuelniot-komunikatsiski-mig-shto-go-zhiveeme-i-apsolutno-ne-mozheme-da-pobegneme-od-toa/ Wed, 01 Mar 2023 08:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=614463

Во организација на Институтот за македонска литература и Британската амбасада се одржа трибина на тема „Книжевноста како браник на слободата“, како дел од проектот „Книжевни рефлексии – платформа за креативен дијалог и критичко размислување“ со фокус на култни британски автори меѓу кои  Џорџ Орвел, Олдос Хаксли, Салман Ружди, Оскар Вајлд, Марк Хадон и Дејвид Херберт Лоренс.

Низ нивните дела се загатнуваат важни општествени прашања слобода на говор, цензурирана книжевност, гласот на маргинализираните, родова еднаквост.

Литературата ја има моќта да го пренесе внатрешниот дијалог на луѓето, да ги прикаже промените во општеството преку она што се одвива во душата на еден човек, забележа британскиот амбасадор Метју Лосон.

Мислам дека во британски контекст книгата која најчесто се поврзува со цензура е „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел. Во исто време интересно е да се спореди зошто „Животибска фарма“ и зошто „Љубовникот на Леди Четерли“ од Дејвид Херберт Лоренс биле забранети и во каков контекст, Причината зошто беше забранета „Љубовникоте на Леди Четерли“ беше намерата на писателот да даде уметнички израз на најинстинктивните карактеристики на човековата природа, додека големиот успех на „Животинска фарма“ е тоа што го отвора прашањето за моќта и како таа влијае на меѓучовечките односи, како се користи за манипулација, за пропаганда, во крајна линија и за контрола, рече амбасадорот Лосон.

Директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска посочи дека тоа што денеска го читаме и за што дебатираме зависи од актуелниот комуникациски миг.

Читањето се менува, зависно од парадигмите. Ние денес живееме во тој период на интерпретациски пресврт после осумдесеттите кога политичкото, етичкото, естетското се променети и ние така и читаме. Нашето денешно читање и нашиот денешен разговор е одреден од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа, смета проф. д-р Наташа Аврамовска.

Во првата дебата учествуваа проф. д-р Гоце Смилевски, писател и универзитетски професор, Метју Лосон, Амбасадор на Обединетото Кралство, проф. д-р Наташа Аврамовска, директор на Институт за македонска литература – Скопје, УКИМ и проф. д-р Александар Прокопиев, писател и универзитетски професор, кои секој од свој аспект проговори за Книжевноста како браник на слободата (Цензурирана книжевност; Слобода на говор; Глас на маргинализирани) преку извонредна група на автори во фокус.

The post Аврамовска: Нашето денешно читање е одредено од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа appeared first on Република.

]]>

Во организација на Институтот за македонска литература и Британската амбасада се одржа трибина на тема „Книжевноста како браник на слободата“, како дел од проектот „Книжевни рефлексии – платформа за креативен дијалог и критичко размислување“ со фокус на култни британски автори меѓу кои  Џорџ Орвел, Олдос Хаксли, Салман Ружди, Оскар Вајлд, Марк Хадон и Дејвид Херберт Лоренс. Низ нивните дела се загатнуваат важни општествени прашања слобода на говор, цензурирана книжевност, гласот на маргинализираните, родова еднаквост. Литературата ја има моќта да го пренесе внатрешниот дијалог на луѓето, да ги прикаже промените во општеството преку она што се одвива во душата на еден човек, забележа британскиот амбасадор Метју Лосон.
Мислам дека во британски контекст книгата која најчесто се поврзува со цензура е „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел. Во исто време интересно е да се спореди зошто „Животибска фарма“ и зошто „Љубовникот на Леди Четерли“ од Дејвид Херберт Лоренс биле забранети и во каков контекст, Причината зошто беше забранета „Љубовникоте на Леди Четерли“ беше намерата на писателот да даде уметнички израз на најинстинктивните карактеристики на човековата природа, додека големиот успех на „Животинска фарма“ е тоа што го отвора прашањето за моќта и како таа влијае на меѓучовечките односи, како се користи за манипулација, за пропаганда, во крајна линија и за контрола, рече амбасадорот Лосон.
Директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска посочи дека тоа што денеска го читаме и за што дебатираме зависи од актуелниот комуникациски миг.
Читањето се менува, зависно од парадигмите. Ние денес живееме во тој период на интерпретациски пресврт после осумдесеттите кога политичкото, етичкото, естетското се променети и ние така и читаме. Нашето денешно читање и нашиот денешен разговор е одреден од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа, смета проф. д-р Наташа Аврамовска.
Во првата дебата учествуваа проф. д-р Гоце Смилевски, писател и универзитетски професор, Метју Лосон, Амбасадор на Обединетото Кралство, проф. д-р Наташа Аврамовска, директор на Институт за македонска литература – Скопје, УКИМ и проф. д-р Александар Прокопиев, писател и универзитетски професор, кои секој од свој аспект проговори за Книжевноста како браник на слободата (Цензурирана книжевност; Слобода на говор; Глас на маргинализирани) преку извонредна група на автори во фокус.

The post Аврамовска: Нашето денешно читање е одредено од актуелниот комуникациски миг што го живееме и апсолутно не можеме да побегнеме од тоа appeared first on Република.

]]>
„Книжевни рефлексии“: Прва дебата денеска во Институтот за македонска литература https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizhevni-refleksii-prva-debata-deneska-vo-institutot-za-makedonska-literatura/ Tue, 28 Feb 2023 10:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=614184

Платформата за креативен дијалог и критичко размислување - „КНИЖЕВНИ РЕФЛЕКСИИ“ во соработка со Британската амбасада во Скопје на Институтот за македонска литература денеска ја организира првата дебата.

Станува збор за дебата од затворен тип со селектирана публика од културни работници, писатели, преведувачи, уредници, професори... но ќе споделиме видео материјал и заклучоци. Веќе следната дебата ќе биде на крајот од март како отворен настан со интерактивно учество, велат организаторите.

Во првата дебата со панелистите проф. д-р Гоце Смилевски, писател и универзитетски професор, Метју Лосон, Амбасадор на Обединетото Кралство, проф. д-р Наташа Аврамовска, директор на Институт за македонска литература – Скопје, УКИМ и проф. д-р Александар Прокопиев, писател и универзитетски професор истражуваме и зборуваме на тема: Книжевноста како браник на слободата (Цензурирана книжевност; Слобода на говор; Глас на маргинализирани) преку извонредна група на автори во фокус.

The post „Книжевни рефлексии“: Прва дебата денеска во Институтот за македонска литература appeared first on Република.