Институт за јавно здравје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institut-za-javno-zdravje/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 09:16:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Институт за јавно здравје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institut-za-javno-zdravje/ 32 32 Секоја среда и петок од 11 до 13 часот стручни лица од ИЈЗ на телефон ќе нудат персонализирани совети за оние што сакаат да се откажат од пушње https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sekoja-sreda-i-petok-od-11-do-13-chasot-struchni-litsa-od-ijz-na-telefon-ke-nudat-personalizirani-soveti-za-onie-shto-sakaat-da-se-otkazhat-od-pushne/ Fri, 08 Nov 2024 09:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=835399

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) започнува телефонска линија за советување, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето, информираат утрово од Институтот.

Како што појаснуваат, линијата ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Заинтересираните да се откажат од пушење, може да се јават на телефонскиот број 078 285 873 и да добијат совети.

Од Институтот порачуваат да не се чека, да се почне со патот кон подобро здравје.

The post Секоја среда и петок од 11 до 13 часот стручни лица од ИЈЗ на телефон ќе нудат персонализирани совети за оние што сакаат да се откажат од пушње appeared first on Република.

]]>

Нови 25 случаи на голема кашлица за една недела, од нив осум се бебиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novi-25-sluchai-na-golema-kashlitsa-za-edna-nedela-od-niv-osum-se-bebina/ Sat, 07 Sep 2024 14:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=814141

Институтот за јавно здравје – ИЈЗ информира дека од 30 август до 5 септември во Македонија пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, кога беа регистрирани 17 новозаболени.

Најголем број заболени се во Скопје -14 каде случаи се регистрирани во сите скопски општини; во Тетово – 5, Кратово – 3, Куманово – 2 и еден случај во Крива Паланка.

Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи
се од возрасната група под една година (n=8; 32,0%). Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 заболени се хоспитализирани“, велат од Институтот за јавно здравје.

Од институтот исто така наведуваат дека заклучно со вчерашниот ден во Македонијасе регистрирани вкупно 1.074 случаи на голема кашлица, со инциденца од 58,5/100 000 жители, а 159 заболени биле хоспитализирани.

Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019- 2023 година), кога беа регистрирани вкупно 10 случаи“, нагласуваат од Институтот за јавно здравје.

The post Нови 25 случаи на голема кашлица за една недела, од нив осум се бебиња appeared first on Република.

]]>

Институтот за јавно здравје – ИЈЗ информира дека од 30 август до 5 септември во Македонија пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, кога беа регистрирани 17 новозаболени. Најголем број заболени се во Скопје -14 каде случаи се регистрирани во сите скопски општини; во Тетово – 5, Кратово – 3, Куманово – 2 и еден случај во Крива Паланка.
Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година (n=8; 32,0%). Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 заболени се хоспитализирани“, велат од Институтот за јавно здравје.
Од институтот исто така наведуваат дека заклучно со вчерашниот ден во Македонијасе регистрирани вкупно 1.074 случаи на голема кашлица, со инциденца од 58,5/100 000 жители, а 159 заболени биле хоспитализирани.
Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019- 2023 година), кога беа регистрирани вкупно 10 случаи“, нагласуваат од Институтот за јавно здравје.
 
The post Нови 25 случаи на голема кашлица за една недела, од нив осум се бебиња appeared first on Република.

]]>
Среќа што веднаш реагиравме, последиците ќе беа ненадоместли, вели Андоновска откако некој ги исклучил фрижидерите во ИЈЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sreka-shto-vednash-reagiravme-posleditsite-ke-bea-nenadomestli-veli-andonovska-otkako-nekoj-gi-iskluchil-frizhiderite-vo-ijz/ Thu, 01 Aug 2024 09:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=802243

Се проверува дали има оштетени реагенси во Институтот за јавно здравје, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат, ова денеска го потврди за МИА, директорката Марија Андоновска, која очекува Јавното обвинителство да покрене постапка околу тоа кој се имал пристап и до осигурувачите за струја за фрижидерите каде се чуваат реагенси за целата држава. Од Институтот, за случајот ги информирале сите надлежни државни органи.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-ijz-vraboten-gi-iskluchil-komorite-so-reagensi/

Можно е ова да се има случено во периодот помеѓу 14.30 и 15.30 часот. Фрижидерите и коморите што ги имаме се во посебни простории под клуч. Во случајов се работи за широк ходник во кој лево и десно има лаборатории, а во кој исто така се сместени разводни табли со осигурувачи за струја во фрижидерите. Среќа што ние бевме сѐ уште на работа и хигиеничарката, која доаѓа по вработените кои заминуваат, забележа дека има некаков проблем кај разводните табли, таа алармираше, појасни директорката во изјава за МИА.

Симптоматично е, рече таа, тоа што биле исклучени само тие што се однесуваат на фрижидерите и коморите, каде се чуваат сите реагенси за целата држава.

Ако не бевме тука и не реагиравме веднаш, денеска ќе имавме огромно загрозување на општата состојба на граѓаните, загрозување на животот и здравјето нивно, согласно на кривичниот закон, дополнителна штета во милиони. Ќе немавме ниту еден реагенс. Среќа што бевме таму и веднаш реагиравме, повикавме институции да го утврдат тоа и очекуваме дека Јавното обвинителство ќе реагира. Последиците ќе беа ненадоместливи, среќа што бевме таму, подвлече Андоновска.

Сега се преземаат безбедносни мерки за алармирање, доколку некој чепка во тие разводни табли. Првичните информации, според неа, се дека тоа го има направено, некој што точно знае каде треба да се исклучи за да останат баш тие фрижидери без струја, затоа што само тие биле исклучени.

По вакво нешто, таа рече дека ќе бара дозвола за поставување камери од Министерството за внатрешни работи.

Во моментов се испитува дали има уништени реагенси, се зема мостра од сите нив, но, таа се надева дека нема да има штети, бидејќи многу брзо се реагирало. Стручната проверка ќе покаже дали има штета или не, на некои од тие реагенси. Бидејќи, како што рече, секој си има колку време може да стои на одредена температура.

Очекувам да реагира Јавното обвинителство за ваква сериозна работа. Тоа е многу важно за да не се повторуваат вакви работи. Јас ќе ги преземам сите мерки на контрола, колку што ми дозволуваат можностите. Јас сум само пет дена тука. Ако нема истрага од Обвинителството, загрижена сум, да не продолжат ваквите работи, додаде директорката.

The post Среќа што веднаш реагиравме, последиците ќе беа ненадоместли, вели Андоновска откако некој ги исклучил фрижидерите во ИЈЗ appeared first on Република.

]]>

Се проверува дали има оштетени реагенси во Институтот за јавно здравје, откако вчера некој ги исклучил фрижидерите во кои се чуваат, ова денеска го потврди за МИА, директорката Марија Андоновска, која очекува Јавното обвинителство да покрене постапка околу тоа кој се имал пристап и до осигурувачите за струја за фрижидерите каде се чуваат реагенси за целата држава. Од Институтот, за случајот ги информирале сите надлежни државни органи. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-ijz-vraboten-gi-iskluchil-komorite-so-reagensi/
Можно е ова да се има случено во периодот помеѓу 14.30 и 15.30 часот. Фрижидерите и коморите што ги имаме се во посебни простории под клуч. Во случајов се работи за широк ходник во кој лево и десно има лаборатории, а во кој исто така се сместени разводни табли со осигурувачи за струја во фрижидерите. Среќа што ние бевме сѐ уште на работа и хигиеничарката, која доаѓа по вработените кои заминуваат, забележа дека има некаков проблем кај разводните табли, таа алармираше, појасни директорката во изјава за МИА.
Симптоматично е, рече таа, тоа што биле исклучени само тие што се однесуваат на фрижидерите и коморите, каде се чуваат сите реагенси за целата држава.
Ако не бевме тука и не реагиравме веднаш, денеска ќе имавме огромно загрозување на општата состојба на граѓаните, загрозување на животот и здравјето нивно, согласно на кривичниот закон, дополнителна штета во милиони. Ќе немавме ниту еден реагенс. Среќа што бевме таму и веднаш реагиравме, повикавме институции да го утврдат тоа и очекуваме дека Јавното обвинителство ќе реагира. Последиците ќе беа ненадоместливи, среќа што бевме таму, подвлече Андоновска.
Сега се преземаат безбедносни мерки за алармирање, доколку некој чепка во тие разводни табли. Првичните информации, според неа, се дека тоа го има направено, некој што точно знае каде треба да се исклучи за да останат баш тие фрижидери без струја, затоа што само тие биле исклучени. По вакво нешто, таа рече дека ќе бара дозвола за поставување камери од Министерството за внатрешни работи. Во моментов се испитува дали има уништени реагенси, се зема мостра од сите нив, но, таа се надева дека нема да има штети, бидејќи многу брзо се реагирало. Стручната проверка ќе покаже дали има штета или не, на некои од тие реагенси. Бидејќи, како што рече, секој си има колку време може да стои на одредена температура.
Очекувам да реагира Јавното обвинителство за ваква сериозна работа. Тоа е многу важно за да не се повторуваат вакви работи. Јас ќе ги преземам сите мерки на контрола, колку што ми дозволуваат можностите. Јас сум само пет дена тука. Ако нема истрага од Обвинителството, загрижена сум, да не продолжат ваквите работи, додаде директорката.

The post Среќа што веднаш реагиравме, последиците ќе беа ненадоместли, вели Андоновска откако некој ги исклучил фрижидерите во ИЈЗ appeared first on Република.

]]>
Институтот за јавно здравје ќе одбележи 100 години постоење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/institutot-za-javno-zdravje-ke-odbelezhi-100-godini-postoene/ Fri, 26 Apr 2024 07:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=771201

Институтот за јавно здравје денеска свечено ќе одбележи 100 години постоење.

Основан пред еден век, ЈЗУ Институт за јавно здравје стои како темелник на превентивната здравствена заштита, посветена на служење на интересите и благосостојбата на сите граѓани. Овој значаен настан не е само прослава на долговечноста, туку и доказ за непоколебливата посветеност на Институтот за јавното здравје. Во првите редови на превентивната здравствена заштита, Институтот вредно работеше на заштита на здравјето и благосостојбата на заедницата, поставувајќи преседан како прва и единствена здравствена институција во државата, што постигнува да одбележи 100 години од своето формирање и успешно функционирање, информираа претходно од Институтот.

Најавено беше и дека Институтот ќе издаде сеопфатна монографија со наслов „100 години Институт за јавно здравје на Република Македонија 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“.

Оваа публикација служи како хроника на трајното наследство на Институтот и неговата неуморна посветеност на јавното здравје во изминатиот век. Ќе се одржи свечена церемонија, со бројни ценети гости од домашните институции, како и од европските и светските здравствени организации, соработници и поддржувачи на потфати на Институтот. Овој настан ќе послужи како доказ за длабокото влијание на Институтот врз заедницата и неговата непоколеблива посветеност на унапредување на иницијативите за јавно здравје, беше соопштено од Институтот.

Директорот, доктор Шабан Мемети во писмена изјава подвлече дека се неизмерно горди што го слават овој јубилеј од 100 години.

Ова достигнување е доказ за посветеноста и напорната работа на нашиот тим, како и за непоколебливата поддршка од нашите партнери и вработени, минати и сегашни. Додека размислуваме за изминатиот век, ние сме порешителни од кога било да продолжиме со нашата мисија за заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, истакна директорот.

The post Институтот за јавно здравје ќе одбележи 100 години постоење appeared first on Република.

Расте бројот на заболени од грип: Ресен, Кавадарци и Кратово особено зафатени од вирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/raste-brojot-na-zaboleni-od-grip-resen-kavadartsi-i-kratovo-osobeno-zafateni-od-virusot/ Fri, 02 Feb 2024 07:00:27 +0000 https://republika.mk/?p=739543

Повторно е регистриран пораст на заболени лица од грип во државата, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во три извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во осум сезонска, во 12 средна, во Дебар - висока и во три - Ресен, Кавадарци, Кратово - многу висока активност на вирусот на грип.

Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Република Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Во текот на четвртата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнале 67 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19.

Притоа, детектирани се 20 позитивни случаи на Инфлуенца: 14 Инфлуенца А(H1) пдм09, 2 Инфлуенца А(Х3), 3 Инфлуенца А - несубтипизиран и 1 Инфлуенца B - неодредена линија. Регистриран е еден пациент со САРС-КоВ-2, пишува во извештајот.

Во однос на возрасната дистрибуција, 982 лица се на возраст од 15 до 64 години, 342 се деца на возраст до четири години, 256 се деца на возраст од пет до 14 години и 254 случаи се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 238, Битола – 196, Кавадарци - 184, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците.

Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 20 и 36 години од Скопје и Демир Хисар, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети - хематолошки, кардиоваскуларни, обезитас и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Инфлуенца А(Х1)пдм09, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип изнесува 7.009 , според податоците на Институтот.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 37,3 проценти, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 26,1 отсто.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување.

Заклучно со четвртата недела од 2024 година, во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 61.543 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

The post Расте бројот на заболени од грип: Ресен, Кавадарци и Кратово особено зафатени од вирусот appeared first on Република.

]]>

Повторно е регистриран пораст на заболени лица од грип во државата, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во три извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела, се регистрира многу ниска, во осум сезонска, во 12 средна, во Дебар - висока и во три - Ресен, Кавадарци, Кратово - многу висока активност на вирусот на грип.
Во текот на четвртата недела од 2024 година од 22 до 28 јануари, во Република Македонија се пријавени 1.834 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грип, 9,5 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со четвртата недела од минатата сезона, е зголемен за 2,1 пати, се наведува во извештајот на ИЈЗ.
Во текот на четвртата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнале 67 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и Ковид-19.
Притоа, детектирани се 20 позитивни случаи на Инфлуенца: 14 Инфлуенца А(H1) пдм09, 2 Инфлуенца А(Х3), 3 Инфлуенца А - несубтипизиран и 1 Инфлуенца B - неодредена линија. Регистриран е еден пациент со САРС-КоВ-2, пишува во извештајот.
Во однос на возрасната дистрибуција, 982 лица се на возраст од 15 до 64 години, 342 се деца на возраст до четири години, 256 се деца на возраст од пет до 14 години и 254 случаи се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години. Заболените се пријавени од 27 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 238, Битола – 196, Кавадарци - 184, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 150, покажуваат податоците.
Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 20 и 36 години од Скопје и Демир Хисар, кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети - хематолошки, кардиоваскуларни, обезитас и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Инфлуенца А(Х1)пдм09, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Во сезоната 2023/2024, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип изнесува 7.009 , според податоците на Институтот. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 37,3 проценти, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има зголемување од 26,1 отсто. Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со четвртата недела од 2024 година, во Република Македонија, вакцинирани се вкупно 61.543 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

The post Расте бројот на заболени од грип: Ресен, Кавадарци и Кратово особено зафатени од вирусот appeared first on Република.

]]>
Ако деца до 14 години дневно пијат по пола литро од „Прајм хидра“ ќе внесат витамини и минерали кои се несоодветни за нивна возраст, предупредува Институтот за јавно здравје https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ako-detsa-do-14-godini-dnevno-pijat-po-pola-litro-od-prajm-hidra-ke-vnesat-vitamini-i-minerali-koi-se-nesoodvetni-za-nivna-vozrast-predupreduva-institutot-za-javno-zdravje/ Thu, 16 Nov 2023 12:44:44 +0000 https://republika.mk/?p=702129

Ако деца, на возраст од една до 14 години, консумираат пола литро дневно од пијалокот „Прајм хидра“ кој стана многу актуелен меѓу учениците ќе се соочат со зголемен внес на витамини и минерали несоодветен за нивната возраст, само со овој пијалок, објави Институтот за јавно здравје (ИЗЈ).

Како што се вели во извештајот на ИЈЗ „PRIME HYDRATION DRINK“ е безалкохолен пијалок со додадени витамини, минерали и аминокиселини, кој може да се најде на пазарот во Македонија.

Во декларацијата на производот е наведено да се консумира 500ml дневно. Содржината на витамините и минералите одговара на препорачаниот дневен внес на витамини и минерали за возрасен човек. Но, овој производ е многу популарен и широко употребуван од страна на децата, велат од ИЈЗ.

За децата на возраст од 7 до 14 години дневниот внес на витамини и минерали е два пати повисок преку овој пијалок, а ова особено се однесува на липосолубилнните витамини, како што се витамин А и витамин Е.

Овој производ не содржи кофеин, не содржи шеќери, значи не е енергетски пијалок, но затоа содржи засладувачи. Тоа значи дека децата ќе се соочат и со зголемен внес на вештачки засладувачи. Секако дека во текот на денот ќе ги внесуваат истите витамини и преку други прехранбени продукти, велат од ИЈЗ.

Од ИЈЗ додаваат дека консумацијата на PRIME HYDRATION DRINK кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација 500 мл дневно.

Како и секогаш нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови, велат од ИЈЗ, кој додаваат дека возрасните лица дека не треба да консумираат повеќе од 500мл дневно.

Постојат два вида од пијалокот „прајм“ - енергетска, односно кофеинска верзија, која содржи Л-теанин, кој не е дозволен во безалкохолните пијалоци во Европската унија и „прајм хидра“, која се продава кај нас.

Во Словенија и во Хрватска е забранета енергетската верзија на „прајм“.

[caption id="attachment_702157" align="alignnone" width="765"] фото: Индекс.хр[/caption]

Хрватскиот министер за здравство Вили Барош најави итна акција со цел да се ограничи конзумирање на овие пијалоци меѓу младата популација. Барош сака посебно да се огранчи консумацијата на овие производи околу училиштата, но свесен е дека забранетите пијалоци се продаваат онлајн.

„Прајм хидра“ нема никаква врска со „Прајм енергетскиот пијалок“ и тој не е забранет во Хрватска. Се поставува прашањето што е Л-теанин и зошто е забранат во ЕУ и колку е штетен.

Л-теанин е аминокиселина која се наоѓа во чаевите, посебно во зелениот чај и има неколку потенцијални здравствени бенефити. Истражувањата покажале дека Л-теанинот може да помогне во намалување на субјективниот стрес, да ги подобри конгитивните перформанси, да ги подобри сонот. Некои истражувања покажале дека кобинација на Л-теанин и кофеин може да има позитивен исход на млади кои имаат АДХД. Но, иако нуспојави од конзумација на Л-теанин не се пријавени, пиење на големи количини зелен чај, поради додатниот кофеин може да доведе до мачнини, пореметување во желудникот и раздразливост.

Л-теанин во комбинација со високо ниво на кофеин, како што содржат енергетските пијалоци на „прајм“ може да го зголемат влијанието на кофеинот што може да доведе до зголемена раздразливност, несоница и други нус - појави поврзани со кофеинот.

Затоа, енергетските напитоци кои ја имаат оваа комбинација секогаш е најдобро да се конзумираат умерено и да се биде свесен за потенцијалните ризици. Енергетските пијалоци, со коеинот и Л-теанин често содржат високо ниво на шеќер, што се заедно може да биде штетно за здравјето ако се пие во големи количини.

„Прајм“ е нова марка на спортски и енергетски пијалоци кои лани почнаа да ги промовираат попларни јутјубери од САД и Велика Британија. Според рекламите, пијалоците содржат разни состојки кои ја подобруваат хидратацијата, перформанските и енергијата.

https://republika.mk/zivot/zdravje/goltka-prajm-za-siromashnite-detsa-50-denari-slikane-so-pijalokot-100/

https://republika.mk/vesti/balkan/sloventsite-go-zabranija-energetskiot-pijalok-prajm-sodrzhi-nedozvolena-sostojka-rizichna-za-zdravjeto-na-detsata/

The post Ако деца до 14 години дневно пијат по пола литро од „Прајм хидра“ ќе внесат витамини и минерали кои се несоодветни за нивна возраст, предупредува Институтот за јавно здравје appeared first on Република.

]]>

Ако деца, на возраст од една до 14 години, консумираат пола литро дневно од пијалокот „Прајм хидра“ кој стана многу актуелен меѓу учениците ќе се соочат со зголемен внес на витамини и минерали несоодветен за нивната возраст, само со овој пијалок, објави Институтот за јавно здравје (ИЗЈ). Како што се вели во извештајот на ИЈЗ „PRIME HYDRATION DRINK“ е безалкохолен пијалок со додадени витамини, минерали и аминокиселини, кој може да се најде на пазарот во Македонија.
Во декларацијата на производот е наведено да се консумира 500ml дневно. Содржината на витамините и минералите одговара на препорачаниот дневен внес на витамини и минерали за возрасен човек. Но, овој производ е многу популарен и широко употребуван од страна на децата, велат од ИЈЗ.
За децата на возраст од 7 до 14 години дневниот внес на витамини и минерали е два пати повисок преку овој пијалок, а ова особено се однесува на липосолубилнните витамини, како што се витамин А и витамин Е.
Овој производ не содржи кофеин, не содржи шеќери, значи не е енергетски пијалок, но затоа содржи засладувачи. Тоа значи дека децата ќе се соочат и со зголемен внес на вештачки засладувачи. Секако дека во текот на денот ќе ги внесуваат истите витамини и преку други прехранбени продукти, велат од ИЈЗ.
Од ИЈЗ додаваат дека консумацијата на PRIME HYDRATION DRINK кај децата треба да биде ограничена и контролирана од страна на родителите, да не се дозволи консумација 500 мл дневно.
Како и секогаш нашата препорака е децата да консумираат вода и природни сокови, велат од ИЈЗ, кој додаваат дека возрасните лица дека не треба да консумираат повеќе од 500мл дневно.
Постојат два вида од пијалокот „прајм“ - енергетска, односно кофеинска верзија, која содржи Л-теанин, кој не е дозволен во безалкохолните пијалоци во Европската унија и „прајм хидра“, која се продава кај нас. Во Словенија и во Хрватска е забранета енергетската верзија на „прајм“. [caption id="attachment_702157" align="alignnone" width="765"] фото: Индекс.хр[/caption] Хрватскиот министер за здравство Вили Барош најави итна акција со цел да се ограничи конзумирање на овие пијалоци меѓу младата популација. Барош сака посебно да се огранчи консумацијата на овие производи околу училиштата, но свесен е дека забранетите пијалоци се продаваат онлајн. „Прајм хидра“ нема никаква врска со „Прајм енергетскиот пијалок“ и тој не е забранет во Хрватска. Се поставува прашањето што е Л-теанин и зошто е забранат во ЕУ и колку е штетен. Л-теанин е аминокиселина која се наоѓа во чаевите, посебно во зелениот чај и има неколку потенцијални здравствени бенефити. Истражувањата покажале дека Л-теанинот може да помогне во намалување на субјективниот стрес, да ги подобри конгитивните перформанси, да ги подобри сонот. Некои истражувања покажале дека кобинација на Л-теанин и кофеин може да има позитивен исход на млади кои имаат АДХД. Но, иако нуспојави од конзумација на Л-теанин не се пријавени, пиење на големи количини зелен чај, поради додатниот кофеин може да доведе до мачнини, пореметување во желудникот и раздразливост. Л-теанин во комбинација со високо ниво на кофеин, како што содржат енергетските пијалоци на „прајм“ може да го зголемат влијанието на кофеинот што може да доведе до зголемена раздразливност, несоница и други нус - појави поврзани со кофеинот. Затоа, енергетските напитоци кои ја имаат оваа комбинација секогаш е најдобро да се конзумираат умерено и да се биде свесен за потенцијалните ризици. Енергетските пијалоци, со коеинот и Л-теанин често содржат високо ниво на шеќер, што се заедно може да биде штетно за здравјето ако се пие во големи количини. „Прајм“ е нова марка на спортски и енергетски пијалоци кои лани почнаа да ги промовираат попларни јутјубери од САД и Велика Британија. Според рекламите, пијалоците содржат разни состојки кои ја подобруваат хидратацијата, перформанските и енергијата. https://republika.mk/zivot/zdravje/goltka-prajm-za-siromashnite-detsa-50-denari-slikane-so-pijalokot-100/ https://republika.mk/vesti/balkan/sloventsite-go-zabranija-energetskiot-pijalok-prajm-sodrzhi-nedozvolena-sostojka-rizichna-za-zdravjeto-na-detsata/

The post Ако деца до 14 години дневно пијат по пола литро од „Прајм хидра“ ќе внесат витамини и минерали кои се несоодветни за нивна возраст, предупредува Институтот за јавно здравје appeared first on Република.

]]>
Откриена подваријантата стелт омикрон кај пациенти во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/otkriena-podvarijantata-stelt-omikron-kaj-pacienti-vo-makedonija/ Tue, 22 Feb 2022 08:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=461751

Подваријнтата стелт омикрон е регистрирана кај пациенти во Македонија, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај кој се однесува за период од 14 до 20 феврруари 2022 година.

Во Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ во текот на изминатата недела, кај 49 позитивни примероци на САРС-КоВ-2 од болнички и примероци од пунктовите е направено ПЦР тестирање за детекција на Омикрон сојот. Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 14 до 20 февруари од Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Струга, Кочани, Велес, Свети Николе, Штип, Виница и Гевгелија.

Во 29 (59,2%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 20 (40,8%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон - позната уште и како „стелт“, соопшти ИЈЗ.

Регистрирани сe 6.119 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 29,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%.

Според неделниот извештај на ИЈЗ во периодот тестирани се вкупно 23.396 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, со намалување од 11,2% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино, Скопје и Кавадарци.

Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години. Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 31,5% во возрасната група од 20-29 години и 31,2% кај лицата на возраст од 50-59 години.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 863 реинфекции, со намалување за 29,8% во однос на претходната недела. Пријавени се 106 смртни случаи во 23 градови во текот на изминатата недела, за 27,9% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (41). Во однос на возраста, најголем број (95,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (4) и 40-49 години (1).

Заклучно со 20.02.2022, вакцинирани се вкупно 869.763 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848.573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140.455 лица.

The post Откриена подваријантата стелт омикрон кај пациенти во Македонија appeared first on Република.

]]>

Подваријнтата стелт омикрон е регистрирана кај пациенти во Македонија, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај кој се однесува за период од 14 до 20 феврруари 2022 година. Во Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ во текот на изминатата недела, кај 49 позитивни примероци на САРС-КоВ-2 од болнички и примероци од пунктовите е направено ПЦР тестирање за детекција на Омикрон сојот. Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 14 до 20 февруари од Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Струга, Кочани, Велес, Свети Николе, Штип, Виница и Гевгелија.
Во 29 (59,2%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 20 (40,8%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон - позната уште и како „стелт“, соопшти ИЈЗ.
Регистрирани сe 6.119 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 29,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%. Според неделниот извештај на ИЈЗ во периодот тестирани се вкупно 23.396 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-КоВ-2, со намалување од 11,2% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Неготино, Скопје и Кавадарци. Процентот на позитивност се движи од 16,7% до 31,1%, просечно 25,8%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години. Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 31,5% во возрасната група од 20-29 години и 31,2% кај лицата на возраст од 50-59 години. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 863 реинфекции, со намалување за 29,8% во однос на претходната недела. Пријавени се 106 смртни случаи во 23 градови во текот на изминатата недела, за 27,9% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (41). Во однос на возраста, најголем број (95,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (4) и 40-49 години (1). Заклучно со 20.02.2022, вакцинирани се вкупно 869.763 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848.573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140.455 лица.  

The post Откриена подваријантата стелт омикрон кај пациенти во Македонија appeared first on Република.

]]>
За седум дена починале 97 лица од ковид-19, што е за 76,4 отсто повеќе во однос на минатата недела https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-sedum-dena-pochinale-97-lica-od-kovid-19-shto-e-za-76-4-otsto-povekje-vo-odnos-na-minatata-nedela/ Tue, 25 Jan 2022 16:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=449364

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 17. до 23. јануари пријавени се 97 смртни случаи во 20 градови, што е за 76,4 отсто повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (38). Во однос на возраста, најголем број од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (8), 40-49 години (2) и 30-39 години (2).

Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 23,6% до 34,4%, просечно 29,1%.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25,0% во однос на претходната недела.

Според неделниот извештај на ИЈЗ тестирани се 39.289 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,6% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст 30-39г и 40-49 години. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години. Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група над 0-9 години со зголемување од 30,9% и возрасната група 60+ со зголемување од 17,1% во однос на претходната недела. Се регистрира намалување на бројот на заболени кај возрасните групи од 10-19 години (-15,3%) и 20-29г (-18,0%) во однос на минатата недела.

Со статус „оздравени“ се стекнале 7.627 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

На 17.02.2021 во  Македонија започна вакцинацијата против ковид -19. Заклучно со 22.01.2022, вакцинирани се вкупно 864.759 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 841.143 лица, а со трета доза се вакцинирани 122.752 лица.

The post За седум дена починале 97 лица од ковид-19, што е за 76,4 отсто повеќе во однос на минатата недела appeared first on Република.

]]>

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 17. до 23. јануари пријавени се 97 смртни случаи во 20 градови, што е за 76,4 отсто повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (38). Во однос на возраста, најголем број од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (8), 40-49 години (2) и 30-39 години (2). Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 23,6% до 34,4%, просечно 29,1%. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.559 реинфекции, со зголемување од 25,0% во однос на претходната недела. Според неделниот извештај на ИЈЗ тестирани се 39.289 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,6% во однос на минатата недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст 30-39г и 40-49 години. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години. Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група над 0-9 години со зголемување од 30,9% и возрасната група 60+ со зголемување од 17,1% во однос на претходната недела. Се регистрира намалување на бројот на заболени кај возрасните групи од 10-19 години (-15,3%) и 20-29г (-18,0%) во однос на минатата недела. Со статус „оздравени“ се стекнале 7.627 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. На 17.02.2021 во  Македонија започна вакцинацијата против ковид -19. Заклучно со 22.01.2022, вакцинирани се вкупно 864.759 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 841.143 лица, а со трета доза се вакцинирани 122.752 лица.  

The post За седум дена починале 97 лица од ковид-19, што е за 76,4 отсто повеќе во однос на минатата недела appeared first on Република.

]]>