Институт за демократија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institut-za-demokratija/ За подобро да се разбереме Thu, 11 May 2023 11:55:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Институт за демократија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institut-za-demokratija/ 32 32 Институт за демократија: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов од Софија за меѓувладината конференција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/institut-za-demokratija-vnesuvaneto-na-bugarite-vo-ustavot-ne-e-edinstven-uslov-od-sofija-za-meguvladinata-konferentsija/ Thu, 11 May 2023 11:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=639711

Во освртот на Институтот за демократија опфатени се Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Република Бугарија од 17 јули 2022 во Софија.

Ден потоа се одржа состанокот на Советот на ЕУ по пат на пишана процедура без одржување состанок со физичко присуство, на кој беа усвоени следните документи: Заклучоците на Советот на ЕУ за Македонија; Заедничката позиција на ЕУ за Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во Европската Унија; Општата позиција на ЕУ (Изјавата на ЕУ за отворање на МВК; Преговарачката рамка и Практичните аранжмани) за пристапните преговори со Македонија; Процедурите за пристапните преговори со Македонија (интерни аранжмани) и Декларација на Советот на ЕУ (поврзана со едностраната изјава на Бугарија за македонскиот јазик, со што се нотира позицијата на Бугарија).

Од анализата на сите овие документи произлегува дека Преговарачката рамка е одобрена, но од формално-правен аспект не е и официјализирана. За да се заокружи процесот на отворање на Меѓувладина конференција е потребно комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, а тоа значи дека Македонија треба да ги исполни сите предуслови за одржување на втората Меѓувладина конференција за да се комплетира процесот на официјално отворање на пристапните преговори.

А тоа, освен уставните измени, значи и прашањата од историјата што ги отвори Бугарија, измени во програмите по историја, нови учебници, натписите на некои споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење, како и релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост. Рокот за ова е две години.

„Земајќи го предвид процесот на правење вакви суштински измени, овој утврден рок е прекраток и може да доведе до заобиколување на одредени институции кои не се под капата на Владата или нивно потиснување поради запазување на рокот. Исто така, не е утврден начин на кој двете страни ќе се информираат за ваквите измени кои можат да опфаќаат различни методи и пристапи кон истата проблематика. Ова може да доведе до различни периоди потребни за имплементација на истото нешто во двете држави.

Иако не е експлицитно напомнат, Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на (сите) малцинствата или заедниците (и на бугарското), вклучително, меѓу другото, на полето на недискриминација, борба против говорот на омраза, образование, како и воспоставување на ефективни мерки, механизми за известување и идентификување на соодветните одговорни институции ќе биде од круцијално значење за напредок/динамизирање на процесот. Овој акциски план ќе биде прилог кон Патоказот за владеење на правото кои ги опфаќа поглавјата 23 и 24“, се вели во анализата на Институтот за демократија во која се напоменува и на нерамноправноста и асиметријата што постои во процесот во однос на преземените обврски на Македонија и на оние на Бугарија.

Во однос на барањето за рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период, Македонија презема обврска за создавањето на сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Дилемата што се појавува е врз основа на кои меѓународни пракси и стандарди ќе се утврдува исполнувањето на оваа обврска.

„Темата за историјата е столбот на кој се потпираат сите билатерални барања на Република Бугарија кон Македонија, и од кој извираат недоразбирањата, вклучително и негирањето на македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ. Согласно со Протоколот, државите ќе ги објават на интернет страниците на двете влади сите веќе усвоени препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, во рок од еден месец. Ако ова е договорената пракса, дали е тоа направено и во чиј интерес е нивното необјавување е прашање кое треба да се постави на двете влади“, тврдат претставниците на Институтот за демократија.

Транспарентноста во билатералните односи меѓу двете држави е во целосна корист за македонската страна и на тоа треба да се инсистира по секоја цена.

„Во овој дел интересна е едностраната обврската на Владата на Македонија да достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Македонија на тема Самоилова држава. Навидум едноставна обврска која не би требало да предизвика никакви проблеми. Но, се работи за специфична тема за која има несогласувања меѓу двете држави, а исто така е интересно и е избегнувањето на специфичното поимање на учебникот. Обврската на конкретна тема Самоил може да наметне притисок за наоѓање на решение по секоја цена. Од друга страна, зборот подготовката во реченицата која се однесува на доставувањето на урнекот најавува т.е може да претставува воспоставување на одреден преседан кој ќе биде применуван во иднина. Ако читањето на оваа обврска оди во оваа насока, тогаш ова треба да биде институционално и правно регулирано имајќи предвид дека вакви интервенции ќе бидат барани од бугарската страна во повеќе наврати во процесот на европска интеграција. Препораките на заедничката Комисија имаат смисла само доколку се дефинирани и усогласени со заемно разбирање и согласност и имаат влијание на образовните програми од двете страни, реципрочно“, пишува во анализата.

The post Институт за демократија: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов од Софија за меѓувладината конференција appeared first on Република.

]]>

Во освртот на Институтот за демократија опфатени се Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Република Бугарија од 17 јули 2022 во Софија. Ден потоа се одржа состанокот на Советот на ЕУ по пат на пишана процедура без одржување состанок со физичко присуство, на кој беа усвоени следните документи: Заклучоците на Советот на ЕУ за Македонија; Заедничката позиција на ЕУ за Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во Европската Унија; Општата позиција на ЕУ (Изјавата на ЕУ за отворање на МВК; Преговарачката рамка и Практичните аранжмани) за пристапните преговори со Македонија; Процедурите за пристапните преговори со Македонија (интерни аранжмани) и Декларација на Советот на ЕУ (поврзана со едностраната изјава на Бугарија за македонскиот јазик, со што се нотира позицијата на Бугарија). Од анализата на сите овие документи произлегува дека Преговарачката рамка е одобрена, но од формално-правен аспект не е и официјализирана. За да се заокружи процесот на отворање на Меѓувладина конференција е потребно комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, а тоа значи дека Македонија треба да ги исполни сите предуслови за одржување на втората Меѓувладина конференција за да се комплетира процесот на официјално отворање на пристапните преговори. А тоа, освен уставните измени, значи и прашањата од историјата што ги отвори Бугарија, измени во програмите по историја, нови учебници, натписите на некои споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење, како и релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост. Рокот за ова е две години. „Земајќи го предвид процесот на правење вакви суштински измени, овој утврден рок е прекраток и може да доведе до заобиколување на одредени институции кои не се под капата на Владата или нивно потиснување поради запазување на рокот. Исто така, не е утврден начин на кој двете страни ќе се информираат за ваквите измени кои можат да опфаќаат различни методи и пристапи кон истата проблематика. Ова може да доведе до различни периоди потребни за имплементација на истото нешто во двете држави. Иако не е експлицитно напомнат, Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на (сите) малцинствата или заедниците (и на бугарското), вклучително, меѓу другото, на полето на недискриминација, борба против говорот на омраза, образование, како и воспоставување на ефективни мерки, механизми за известување и идентификување на соодветните одговорни институции ќе биде од круцијално значење за напредок/динамизирање на процесот. Овој акциски план ќе биде прилог кон Патоказот за владеење на правото кои ги опфаќа поглавјата 23 и 24“, се вели во анализата на Институтот за демократија во која се напоменува и на нерамноправноста и асиметријата што постои во процесот во однос на преземените обврски на Македонија и на оние на Бугарија. Во однос на барањето за рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период, Македонија презема обврска за создавањето на сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Дилемата што се појавува е врз основа на кои меѓународни пракси и стандарди ќе се утврдува исполнувањето на оваа обврска. „Темата за историјата е столбот на кој се потпираат сите билатерални барања на Република Бугарија кон Македонија, и од кој извираат недоразбирањата, вклучително и негирањето на македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ. Согласно со Протоколот, државите ќе ги објават на интернет страниците на двете влади сите веќе усвоени препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, во рок од еден месец. Ако ова е договорената пракса, дали е тоа направено и во чиј интерес е нивното необјавување е прашање кое треба да се постави на двете влади“, тврдат претставниците на Институтот за демократија. Транспарентноста во билатералните односи меѓу двете држави е во целосна корист за македонската страна и на тоа треба да се инсистира по секоја цена. „Во овој дел интересна е едностраната обврската на Владата на Македонија да достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Македонија на тема Самоилова држава. Навидум едноставна обврска која не би требало да предизвика никакви проблеми. Но, се работи за специфична тема за која има несогласувања меѓу двете држави, а исто така е интересно и е избегнувањето на специфичното поимање на учебникот. Обврската на конкретна тема Самоил може да наметне притисок за наоѓање на решение по секоја цена. Од друга страна, зборот подготовката во реченицата која се однесува на доставувањето на урнекот најавува т.е може да претставува воспоставување на одреден преседан кој ќе биде применуван во иднина. Ако читањето на оваа обврска оди во оваа насока, тогаш ова треба да биде институционално и правно регулирано имајќи предвид дека вакви интервенции ќе бидат барани од бугарската страна во повеќе наврати во процесот на европска интеграција. Препораките на заедничката Комисија имаат смисла само доколку се дефинирани и усогласени со заемно разбирање и согласност и имаат влијание на образовните програми од двете страни, реципрочно“, пишува во анализата.

The post Институт за демократија: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов од Софија за меѓувладината конференција appeared first on Република.

]]>
Граѓаните ги оценија пратениците со двојка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gragjanite-gi-ocenija-pratenicite-so-dvojka/ Wed, 13 Jul 2022 13:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=528128

Институт за демократија, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка денеска во Собранието, за пратениците и претставниците на собраниските службите, организираше презентација на резултатите од теренската анкета за работата на Собранието на Република Македонија реализирана во периодот од 19 февруари до 10 март 2022 година.

Марко Трошановски, Претседател на Институт за демократија (ИДСЦС), потенцираше дека ова е најдолготрајното истражување на тема или институција која што постои во земјата.

Веќе 13 години се следи перцепцијата на јавноста за работата на Собранието и мислам дека е бесценета дата база која што покажува како граѓаните гледаат на Собранието. Длабински ако навлеземе во податоците доаѓаме до заклучок дека граѓаните не сметаат дека Собранието во сите свои функции најдобро ја одразува својата цел. Со исклучок на 2010 година, оваа година имаме најниска оценка за работата на Собранието.  Највисоката оценка до сега, од 3,4 покажа извештајот за 2017 година. Од тогаш има тренд на нагло а потоа и поблаго намалување на оценката на граѓаните за работата на Собранието“, нагласи Трошановски.

На скалата од 1 - најлошо, до 5 - најдобро, во 2022 година граѓаните ја оценија работата на Собранието со средна оценка 2,5 која бележи благ пад на скалата, споредено со изминатите четири години.

Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека Собранието не ја извршува докрај својата надзорна улога, односно 27% од испитаниците сметаат дека Владата има целосна контрола над Собранието. Дополнително, над една третина (36%) од испитаниците сметаат дека Собранието ја зголемува корупцијата, наместо спротивниот ефект. Имајќи ги предвид пратеничките прашања како една од алатките на Собранието за надзор над извршната власт, граѓаните се поделени во однос на тоа дали тие се користат соодветно или служат само за критика или реклама.

Донесувањето на што поквалитетни закони, надгледувањето над трошењето на буџетот и грижата за имплементирањето на законите и политиките, се посочени како најважни функции на Собранието од страна на најголем дел од граѓаните. Сепак, нивното извршување од страна на Собранието е оценето како незадоволително од страна на мнозинството граѓани.

Извештајот ги анализира перцепциите на граѓаните за работата на Собранието генерално, почнувајќи од довербата во Собранието во споредба со другите власти, надзорната улога на Собранието, кого претставуваат пратениците, функциите на Собранието, информираноста за работата на законодавниот дом, како и други реформски процеси клучни за унапредување на работата на Собранието.

The post Граѓаните ги оценија пратениците со двојка appeared first on Република.

]]>

Институт за демократија, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка денеска во Собранието, за пратениците и претставниците на собраниските службите, организираше презентација на резултатите од теренската анкета за работата на Собранието на Република Македонија реализирана во периодот од 19 февруари до 10 март 2022 година. Марко Трошановски, Претседател на Институт за демократија (ИДСЦС), потенцираше дека ова е најдолготрајното истражување на тема или институција која што постои во земјата.
Веќе 13 години се следи перцепцијата на јавноста за работата на Собранието и мислам дека е бесценета дата база која што покажува како граѓаните гледаат на Собранието. Длабински ако навлеземе во податоците доаѓаме до заклучок дека граѓаните не сметаат дека Собранието во сите свои функции најдобро ја одразува својата цел. Со исклучок на 2010 година, оваа година имаме најниска оценка за работата на Собранието.  Највисоката оценка до сега, од 3,4 покажа извештајот за 2017 година. Од тогаш има тренд на нагло а потоа и поблаго намалување на оценката на граѓаните за работата на Собранието“, нагласи Трошановски.
На скалата од 1 - најлошо, до 5 - најдобро, во 2022 година граѓаните ја оценија работата на Собранието со средна оценка 2,5 која бележи благ пад на скалата, споредено со изминатите четири години. Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека Собранието не ја извршува докрај својата надзорна улога, односно 27% од испитаниците сметаат дека Владата има целосна контрола над Собранието. Дополнително, над една третина (36%) од испитаниците сметаат дека Собранието ја зголемува корупцијата, наместо спротивниот ефект. Имајќи ги предвид пратеничките прашања како една од алатките на Собранието за надзор над извршната власт, граѓаните се поделени во однос на тоа дали тие се користат соодветно или служат само за критика или реклама. Донесувањето на што поквалитетни закони, надгледувањето над трошењето на буџетот и грижата за имплементирањето на законите и политиките, се посочени како најважни функции на Собранието од страна на најголем дел од граѓаните. Сепак, нивното извршување од страна на Собранието е оценето како незадоволително од страна на мнозинството граѓани. Извештајот ги анализира перцепциите на граѓаните за работата на Собранието генерално, почнувајќи од довербата во Собранието во споредба со другите власти, надзорната улога на Собранието, кого претставуваат пратениците, функциите на Собранието, информираноста за работата на законодавниот дом, како и други реформски процеси клучни за унапредување на работата на Собранието.

The post Граѓаните ги оценија пратениците со двојка appeared first on Република.

]]>