институции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institucii/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 11:58:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png институции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/institucii/ 32 32 Мицкоски: Внимаваме да не ги прекршиме законите при смената на директори на институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vnimavame-da-ne-gi-prekrshime-zakonite-pri-smenata-na-direktori-na-institutsiite/ Tue, 03 Sep 2024 11:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=812692

Владата континуирано внимава да не ги прекрши законите во однос на смената на директори на институциите за да нема тужби со кои ќе биде оштетен државниот буџет, а со тоа и граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе бидат назначени останатите директори.

Процесот на транзиција, според него, е тековен и ќе трае се додека Владата постои без разлика дали ВМРО - ДПМНЕ и оваа коалиција ја предводи или некој друг.

Внимаваме во законските решенија да нема прекршувања, за да може овој процес да заврши со што е можно помалку лузни. Да имаме процес во кој нема да биде оштетен буџетот, а преку буџетот вие граѓаните. Ако во минатото се правеше чистка при промена на власт, спротивно на закон, беше леле видете ги овие колку се лоши прават чиста, партизација итн. Сега одиме полека вниманавме да не прекршиме закон, затоа што тие ќе тужат па ќе добијат, па вие граѓаните ќе треба да плаќате затоа сме толку бавни, нагласи Мицкоски по пуштањето во употреба на доградба на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Како пример го посочи разместувањето на вработени во МВР за што сега државата плаќа 25 милиони евра.

Тужеле, добиле и не само што ги враќаат на старите работни места, туку и вие граѓаните од данокот што го плаќате враќате затоа што некој партиски се реванширал и манифестира хирови. Замислете тој нема кривична одогворност, тој слободно си се шета. додека вие граѓаните плаќаме за неговоите хирови, посочи Мисковски.

The post Мицкоски: Внимаваме да не ги прекршиме законите при смената на директори на институциите appeared first on Република.

]]>

Владата континуирано внимава да не ги прекрши законите во однос на смената на директори на институциите за да нема тужби со кои ќе биде оштетен државниот буџет, а со тоа и граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе бидат назначени останатите директори. Процесот на транзиција, според него, е тековен и ќе трае се додека Владата постои без разлика дали ВМРО - ДПМНЕ и оваа коалиција ја предводи или некој друг.
Внимаваме во законските решенија да нема прекршувања, за да може овој процес да заврши со што е можно помалку лузни. Да имаме процес во кој нема да биде оштетен буџетот, а преку буџетот вие граѓаните. Ако во минатото се правеше чистка при промена на власт, спротивно на закон, беше леле видете ги овие колку се лоши прават чиста, партизација итн. Сега одиме полека вниманавме да не прекршиме закон, затоа што тие ќе тужат па ќе добијат, па вие граѓаните ќе треба да плаќате затоа сме толку бавни, нагласи Мицкоски по пуштањето во употреба на доградба на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.
Како пример го посочи разместувањето на вработени во МВР за што сега државата плаќа 25 милиони евра.
Тужеле, добиле и не само што ги враќаат на старите работни места, туку и вие граѓаните од данокот што го плаќате враќате затоа што некој партиски се реванширал и манифестира хирови. Замислете тој нема кривична одогворност, тој слободно си се шета. додека вие граѓаните плаќаме за неговоите хирови, посочи Мисковски.

The post Мицкоски: Внимаваме да не ги прекршиме законите при смената на директори на институциите appeared first on Република.

]]>
СВП ќе отстапи 64 свои изданија на трајно користење на повеќе институции и здруженија на граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svp-ke-otstapi-64-svoi-izdanija-na-trajno-koristene-na-poveke-institutsii-i-zdruzhenija-na-gragani/ Wed, 20 Mar 2024 08:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=756569

Вкупно 64 наслови од изданијата на „Струшки вечери на поезијата“ ќе бидат дистрибуирани и отстапени на трајно користење без надомест на државни органи, правни лица основани од државата, здруженија на граѓани и фондации кои имаат потреба од нив.

Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ соопшти дека дистрибуцијата до јавните установи веќе била почната, согласно претходна владина одлука.

По претходно спроведена јавна анкета, на установите што изразија заинтересираност за отстапување и трајно користење на изданијата на СВП, во соодветна постапка со владина одлука и по потпишување на договори за давање на трајно користење, веќе почнаа да им бидат доставувани комплетите од изданијата на СВП“, соопшти установата.

Според СВП, универзитети, библиотеки, центри за култура, средни училишта, институтите за македонски јазик и за македонска литература, Друштвото на писателите на Македонија и други ќе ги збогатат своите колекции со репрезентативните изданија на СВП во кои се вклучени добитниците на Златниот венец, „Мостови на Струга“, преведените изданија на добитниците на наградата „Браќа Миладиновци“ и останатите изданија од нивната издавачка дејност.

Овие изданија, додаваат од СВП, не смеат да бидат предмет на слободна продажба и со дистрибуцијата во јавните установи се зголемува нивната достапност до пошироката публика.

СВП најавува дека планираат тоа да се воспостави како редовна пракса, но и да се дигитализира целокупниот книжевен фонд.

 

The post СВП ќе отстапи 64 свои изданија на трајно користење на повеќе институции и здруженија на граѓани appeared first on Република.

]]>

Вкупно 64 наслови од изданијата на „Струшки вечери на поезијата“ ќе бидат дистрибуирани и отстапени на трајно користење без надомест на државни органи, правни лица основани од државата, здруженија на граѓани и фондации кои имаат потреба од нив. Националната установа „Струшки вечери на поезијата“ соопшти дека дистрибуцијата до јавните установи веќе била почната, согласно претходна владина одлука.
По претходно спроведена јавна анкета, на установите што изразија заинтересираност за отстапување и трајно користење на изданијата на СВП, во соодветна постапка со владина одлука и по потпишување на договори за давање на трајно користење, веќе почнаа да им бидат доставувани комплетите од изданијата на СВП“, соопшти установата.
Според СВП, универзитети, библиотеки, центри за култура, средни училишта, институтите за македонски јазик и за македонска литература, Друштвото на писателите на Македонија и други ќе ги збогатат своите колекции со репрезентативните изданија на СВП во кои се вклучени добитниците на Златниот венец, „Мостови на Струга“, преведените изданија на добитниците на наградата „Браќа Миладиновци“ и останатите изданија од нивната издавачка дејност. Овие изданија, додаваат од СВП, не смеат да бидат предмет на слободна продажба и со дистрибуцијата во јавните установи се зголемува нивната достапност до пошироката публика. СВП најавува дека планираат тоа да се воспостави како редовна пракса, но и да се дигитализира целокупниот книжевен фонд.  

The post СВП ќе отстапи 64 свои изданија на трајно користење на повеќе институции и здруженија на граѓани appeared first on Република.

]]>
Само 25 отсто од институциите доставиле податоци за службените возила кои ги користат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-25-otsto-od-institutsiite-dostavile-podatotsi-za-sluzhbenite-vozila-koi-gi-koristat/ Mon, 18 Mar 2024 20:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=756061

Само 25 проценти или 300 институции од вкупно 1 500 ја исполниле законската обврска и доставиле податоци за службените возила кои ги користат до Државната комисија за спречување на корупцијата, вели новата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.

Димитровска, во интервју за МРТВ, посочува дека има слабост на Изборниот законик кој предвидува прекршочна постапка, но не предвидува санкција.

Согласно надлежностите уредени во Изборниот законик, Димитровска појасни дека ДКСК е надлежна да води регистар на службени возила, кои содржи податоци за институцијата која ги користи, бројот и таблицата на возилото.

Новиот состав на ДКСК воспостави соработка со МВР и побара за 1 500 државни институции да достават податоци за службените возила кои ги користат. Бројката која што ја обезбедивме се однесува на 1 500 државни институции, кои располагаат со скоро 12 илјади службени возила. Заклучно со 24 февруари сите институции имаа обврска да ги достават овие податоци, согласно кои ДКСК има право во рок од 15 дена да покрене прекршочна постапка пред надлежен орган за оние институции кои што немаат доставено податоци, изјави Димитровска во интервју за МРТВ.

Димитровска нагласи дека ќе покренат постапка за утврдување на одговорност за ова и ќе побараат одговорност од органите кои вршат избор и именување на овие лица.

Откако се распишани изборите, Димитровска, посочи дека се оформени вкупно 13 предмети поврзани со изборните процеси.

Димитровска, исто така, нагласи дека денеска на колегиуми, оформиле и два предмети кои се однесуваат на постапката за јавната набавка на медицинските возила преку Министерство за здравство и за јавната набавка на хеликоптери преку Министерството за одбрана и по обезбедувањето на фактичката состојба и докази соодветно ќе донесат одлука.

 

The post Само 25 отсто од институциите доставиле податоци за службените возила кои ги користат appeared first on Република.

]]>

Само 25 проценти или 300 институции од вкупно 1 500 ја исполниле законската обврска и доставиле податоци за службените возила кои ги користат до Државната комисија за спречување на корупцијата, вели новата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска. Димитровска, во интервју за МРТВ, посочува дека има слабост на Изборниот законик кој предвидува прекршочна постапка, но не предвидува санкција. Согласно надлежностите уредени во Изборниот законик, Димитровска појасни дека ДКСК е надлежна да води регистар на службени возила, кои содржи податоци за институцијата која ги користи, бројот и таблицата на возилото.
Новиот состав на ДКСК воспостави соработка со МВР и побара за 1 500 државни институции да достават податоци за службените возила кои ги користат. Бројката која што ја обезбедивме се однесува на 1 500 државни институции, кои располагаат со скоро 12 илјади службени возила. Заклучно со 24 февруари сите институции имаа обврска да ги достават овие податоци, согласно кои ДКСК има право во рок од 15 дена да покрене прекршочна постапка пред надлежен орган за оние институции кои што немаат доставено податоци, изјави Димитровска во интервју за МРТВ.
Димитровска нагласи дека ќе покренат постапка за утврдување на одговорност за ова и ќе побараат одговорност од органите кои вршат избор и именување на овие лица. Откако се распишани изборите, Димитровска, посочи дека се оформени вкупно 13 предмети поврзани со изборните процеси. Димитровска, исто така, нагласи дека денеска на колегиуми, оформиле и два предмети кои се однесуваат на постапката за јавната набавка на медицинските возила преку Министерство за здравство и за јавната набавка на хеликоптери преку Министерството за одбрана и по обезбедувањето на фактичката состојба и докази соодветно ќе донесат одлука.  

The post Само 25 отсто од институциите доставиле податоци за службените возила кои ги користат appeared first on Република.

]]>
Шаќири: За врсничкото насилство треба да се вклучат сите институции и родителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-za-vrsnichkoto-nasilstvo-treba-da-se-vkluchat-site-institutsii-i-roditelite/ Mon, 19 Feb 2024 10:52:57 +0000 https://republika.mk/?p=745668

Врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава, изјави министерот Јетон Шаќири и апелираше до сите институции да се посветат на овој проблем согласно нивните надлежности и до родителите да соработуваат за да има што помалку случаи на булинг.

Откако го отворивме мејлот, многу случаи од таква проблематика се решени со добра комуникација помеѓу родителите, директорите, претставниците на институциите. Во одредени ситуации не е одговорност само на Министерството за образование и наука, без разлика на моментите кога се случува, туку сите институции треба да се вклучиме во оваа проблематика“, изјави Шаќири откако денеска заедно со техничкиот премиер Талат Џафери го посети новоизградениот Студентски дом во Тетово.

Тој порача Бирото за образование и наука да продолжи со обуки на наставниците на таа тема, општините, како што рече, да бидат повнимателни во менаџирањето на училиштата, а стручните служби во училиштата повнимателно и попосветено да работат на оваа проблематика.

Но јас ги повикувам и родителите на добра соработка за да имаме што помалку такви случаи. Затоа што сите се во контакт со учениците, почнувајќи од училиштата, но исто така и родителите. Секогаш да пријавуваат тоа што треба да се пријави во училиште, а исто така и во другите институции“, додаде министерот за образование и наука.

Министерството минатата учебна година отвори службена е-адреса за пријавување врсничко насилство: prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик.

Како што МОН соопшти тогаш, со отворањето на електронската адреса, се воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти.

МОН тогаш нагласи дека ваквиот начин на комуникација е „дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања“ и дека „секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“.

 

The post Шаќири: За врсничкото насилство треба да се вклучат сите институции и родителите appeared first on Република.

]]>

Врсничкото насилство не е одговорност само на Министерството за образование и наука, туку сите институции треба да се вклучат во превенција на оваа појава, изјави министерот Јетон Шаќири и апелираше до сите институции да се посветат на овој проблем согласно нивните надлежности и до родителите да соработуваат за да има што помалку случаи на булинг.
Откако го отворивме мејлот, многу случаи од таква проблематика се решени со добра комуникација помеѓу родителите, директорите, претставниците на институциите. Во одредени ситуации не е одговорност само на Министерството за образование и наука, без разлика на моментите кога се случува, туку сите институции треба да се вклучиме во оваа проблематика“, изјави Шаќири откако денеска заедно со техничкиот премиер Талат Џафери го посети новоизградениот Студентски дом во Тетово.
Тој порача Бирото за образование и наука да продолжи со обуки на наставниците на таа тема, општините, како што рече, да бидат повнимателни во менаџирањето на училиштата, а стручните служби во училиштата повнимателно и попосветено да работат на оваа проблематика.
Но јас ги повикувам и родителите на добра соработка за да имаме што помалку такви случаи. Затоа што сите се во контакт со учениците, почнувајќи од училиштата, но исто така и родителите. Секогаш да пријавуваат тоа што треба да се пријави во училиште, а исто така и во другите институции“, додаде министерот за образование и наука.
Министерството минатата учебна година отвори службена е-адреса за пријавување врсничко насилство: prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик. Како што МОН соопшти тогаш, со отворањето на електронската адреса, се воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти. МОН тогаш нагласи дека ваквиот начин на комуникација е „дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања“ и дека „секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“.  

The post Шаќири: За врсничкото насилство треба да се вклучат сите институции и родителите appeared first on Република.

]]>
Скандинавците недоволнo застапени, а Балканците презастапени во институциите на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/skandinavtsite-nedovolno-zastapeni-a-balkantsite-prezastapeni-vo-institutsiite-na-eu/ Wed, 23 Aug 2023 09:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=674887

Иако се релативно добро застапени на повиски нивоа во администрацијата на ЕУ, граѓаните на скандинвските земји се помалубројни помеѓу пониските слоеви на бриселската бирократија, како резултат на фактот што овие работни места не се премногу привлчени за Скандинавците, пред се за помладите генерации.

Токму затоа, скандинавската тројка во ЕУ - Данска, Шведска и Финска, сметаат дека Европската Унија мора да ги промени своите правила за вработување или ризикува практично да ги елиминира Скандинавците од Европската комисија.

Според нив, причини за ваквиот слаб интерес на Скандинавците за работа во Брисел се долгиот процес на регрутирање кадри, лошо дизајнираните испити за проверка на знаењето за одредени земји и за работни места, како и пониските плати во споредба со оние во скандинавските земји.

Да се биде „еврократ“ со почетна месечна плата од 5.000 евра изгледа финансиски привлечно за граѓаните на земји како Грција и Романија, каде просечни годишни плати изнесуваат 15.897, односно околу 13.000 евра, но ни и за Швеѓаните или Данците во чии држави платите на годишно ниво изнесуваат во просек 46.934, односно 63.261 евро.

За сега нема потврдени случаи од заболени од кинескиот коронавирус во земјите на Европската Унија, но Комисијата од блиску го следи развојот на настаните, изјавија денес прес службите на ЕК.

Тоа е видливо и според статистичките податоци за вработените во Европската комисија, кои покажуваат дека Грците и Романците се презастапени меѓу пониските и средните нивоа на администартивците, додека од друга страна Швеѓаните, Данците и Финците се недоволно застапени на истите нивоа.

Како што посочува неименуван дипломат од една од скандинавските земји за бриселскиот портал „Политико“, Скандинавците речиси и да ги нема во Европската комисија.

- Не нарекуваат панди, затоа што не има толку малку во Комисијата, вели дипломатот, кој е ангажиран за привлекување на неговите сонародници на работни места во ЕУ.

Според најавите, во следните недели, овие три скандинавски земји заедно со десетина други членки на ЕУ ќе иницираат склучање договор со Еврокомисијата за спроведување промени со цел да се спречи „растечката географска нерамнотежа“.

Се оценува дека испреплетувањето на деловните и политичките интереси продолжило да ја попречува независноста на медиумите и квалитетот на новинарството

Ваквите барања може да наидат на отпор од некои други членки на ЕУ, како што се Италија, Романија или Грција, кои се многу поуспешни во вклопувањето на своите сонародници во бриселската машинерија и не се наклонети кон сериозни промени во системот.

Вработувањето на „свои луѓе“ во администрацијата во Брисел не е само прашање на човечки ресурси, па членките на ЕУ се заинтересирани да имаат што е можно повеќе свои граѓани на местата на кои се донесуваат одлуки, кои би ги штителе нивните интереси.

Сржта на бриселската бирократија се околу 14.000 највисоко рангирани службеници во блокот, познати како „администратори“, кои се одговорни за спроведување на донесените политички одлуки, но учествуваат и во изработката на правилата што регулираат се во Унијата - од загадувањето на автомобилите, па до надоместокот за донации на оружје за Украина.

Според дипломатка во Шведската мисија во ЕУ недоволната застапеност на Скандинавците во европските институции се повеќе станува политички проблем.

- Ако не се реши овој проблем, тоа може да придонеси се ширење анти-ЕУ ставови во земјите членки, заклучува шведската дипломатка.

The post Скандинавците недоволнo застапени, а Балканците презастапени во институциите на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Иако се релативно добро застапени на повиски нивоа во администрацијата на ЕУ, граѓаните на скандинвските земји се помалубројни помеѓу пониските слоеви на бриселската бирократија, како резултат на фактот што овие работни места не се премногу привлчени за Скандинавците, пред се за помладите генерации. Токму затоа, скандинавската тројка во ЕУ - Данска, Шведска и Финска, сметаат дека Европската Унија мора да ги промени своите правила за вработување или ризикува практично да ги елиминира Скандинавците од Европската комисија. Според нив, причини за ваквиот слаб интерес на Скандинавците за работа во Брисел се долгиот процес на регрутирање кадри, лошо дизајнираните испити за проверка на знаењето за одредени земји и за работни места, како и пониските плати во споредба со оние во скандинавските земји. Да се биде „еврократ“ со почетна месечна плата од 5.000 евра изгледа финансиски привлечно за граѓаните на земји како Грција и Романија, каде просечни годишни плати изнесуваат 15.897, односно околу 13.000 евра, но ни и за Швеѓаните или Данците во чии држави платите на годишно ниво изнесуваат во просек 46.934, односно 63.261 евро. За сега нема потврдени случаи од заболени од кинескиот коронавирус во земјите на Европската Унија, но Комисијата од блиску го следи развојот на настаните, изјавија денес прес службите на ЕК. Тоа е видливо и според статистичките податоци за вработените во Европската комисија, кои покажуваат дека Грците и Романците се презастапени меѓу пониските и средните нивоа на администартивците, додека од друга страна Швеѓаните, Данците и Финците се недоволно застапени на истите нивоа. Како што посочува неименуван дипломат од една од скандинавските земји за бриселскиот портал „Политико“, Скандинавците речиси и да ги нема во Европската комисија. - Не нарекуваат панди, затоа што не има толку малку во Комисијата, вели дипломатот, кој е ангажиран за привлекување на неговите сонародници на работни места во ЕУ. Според најавите, во следните недели, овие три скандинавски земји заедно со десетина други членки на ЕУ ќе иницираат склучање договор со Еврокомисијата за спроведување промени со цел да се спречи „растечката географска нерамнотежа“. Се оценува дека испреплетувањето на деловните и политичките интереси продолжило да ја попречува независноста на медиумите и квалитетот на новинарството Ваквите барања може да наидат на отпор од некои други членки на ЕУ, како што се Италија, Романија или Грција, кои се многу поуспешни во вклопувањето на своите сонародници во бриселската машинерија и не се наклонети кон сериозни промени во системот. Вработувањето на „свои луѓе“ во администрацијата во Брисел не е само прашање на човечки ресурси, па членките на ЕУ се заинтересирани да имаат што е можно повеќе свои граѓани на местата на кои се донесуваат одлуки, кои би ги штителе нивните интереси. Сржта на бриселската бирократија се околу 14.000 највисоко рангирани службеници во блокот, познати како „администратори“, кои се одговорни за спроведување на донесените политички одлуки, но учествуваат и во изработката на правилата што регулираат се во Унијата - од загадувањето на автомобилите, па до надоместокот за донации на оружје за Украина. Според дипломатка во Шведската мисија во ЕУ недоволната застапеност на Скандинавците во европските институции се повеќе станува политички проблем. - Ако не се реши овој проблем, тоа може да придонеси се ширење анти-ЕУ ставови во земјите членки, заклучува шведската дипломатка.

The post Скандинавците недоволнo застапени, а Балканците презастапени во институциите на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Најголемата партија на косовските Срби одлучи да ги повлече своите членови од институциите на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/najgolemata-partija-na-kosovskite-srbi-odluchi-da-gi-povleche-svoite-chlenovi-od-instituciite-na-kosovo/ Sat, 05 Nov 2022 13:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=570039

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) одлучи денеска да ги повлече своите членови од институциите на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој беше единствен министер Србин во владата на Албин Курти, поднесе оставка од челната функција во Министерството за заедници и враќање.

По денешната седница на партиското раководство, одржана во Звечане во северно Косово, Ракиќ изјави дека е одлучено Србите да се повлечат од сите политички институции – Собранието, Владата и четирите општини кои таа партија ги води, како и од правните институции, полицијата и администрацијата на Косово.

Одлуката уследи по разрешувањето на директорот на полицијата на Косово за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја спроведе одлуката на владата за пререгистрација на возилата со таблички издадени од Србија и опремување со таблички со ознаката РКС – Република Косово.

The post Најголемата партија на косовските Срби одлучи да ги повлече своите членови од институциите на Косово appeared first on Република.

]]>

Најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) одлучи денеска да ги повлече своите членови од институциите на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Лидерот на СЛ, Горан Ракиќ, кој беше единствен министер Србин во владата на Албин Курти, поднесе оставка од челната функција во Министерството за заедници и враќање. По денешната седница на партиското раководство, одржана во Звечане во северно Косово, Ракиќ изјави дека е одлучено Србите да се повлечат од сите политички институции – Собранието, Владата и четирите општини кои таа партија ги води, како и од правните институции, полицијата и администрацијата на Косово. Одлуката уследи по разрешувањето на директорот на полицијата на Косово за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја спроведе одлуката на владата за пререгистрација на возилата со таблички издадени од Србија и опремување со таблички со ознаката РКС – Република Косово.

The post Најголемата партија на косовските Срби одлучи да ги повлече своите членови од институциите на Косово appeared first on Република.

]]>
Извештајот на ЕК пред собраниските комисии, Гир ги истакна слабостите на институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izveshtajot-na-ek-pred-sobraniskite-komisii-gir-gi-istakna-slabostite-na-instituciite/ Mon, 31 Oct 2022 21:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=567965

Две различни тела на Собранието, едното предводено од власта, а другото од опозицијата, на едно место дебатираа за последниот извештај за напредокот на Европската комисија. Овој факт позитивно го истакна во својот говор евроамбасадорот Дејвид Гир, кој ги повтори критиките и оценките за извештајот. Гир ја спомена политичката поларизација во  Собранието, злоупотребата на скратените процедури за одобрување закони, застојот на Жан Моне процесот, опасноста од политички влијанија и корупција во правниот систем, во судовите и обвинителството, како и  ограничен напредок на слободата на изразување, пишува Алсат.

Заедничките и стимулативни напори на сите партии се неопходни како приоритетно прашање за зајакнување на клучната улога на Собранието, како форум за конструктивен политички дијалог, особено во реформската агенда на ЕУ, што ги надминува политичките поделби. Сакам да ја истакнам извонредната соработка меѓу коалицијата на власт и опозицијата, при донесувањето на законот за буџет. Тоа е модел што треба да се следи во европските реформи во различни сектори, и исто така во денешниот тежок економски контекст“, рече Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ.

 Вицепремиерот Бојан Маричиќ, ги истакна позитивните оценки на извештајот, и побара поддршка од опозицијата.

Како пример, Маричиќ ја посочи Хрватска, која го забрза процесот на интеграција со одобрување иницијативи и реформи со национален консензус. Сепак, опозицијата вели дека актуелната власт е далеку од примерот на Хрватска.

Милошоски нагласи дека ова е прв извештај од сите извештаи на ЕК во кои Собранието е оценето полошо во однос на другите институции.

The post Извештајот на ЕК пред собраниските комисии, Гир ги истакна слабостите на институциите appeared first on Република.

]]>

Две различни тела на Собранието, едното предводено од власта, а другото од опозицијата, на едно место дебатираа за последниот извештај за напредокот на Европската комисија. Овој факт позитивно го истакна во својот говор евроамбасадорот Дејвид Гир, кој ги повтори критиките и оценките за извештајот. Гир ја спомена политичката поларизација во  Собранието, злоупотребата на скратените процедури за одобрување закони, застојот на Жан Моне процесот, опасноста од политички влијанија и корупција во правниот систем, во судовите и обвинителството, како и  ограничен напредок на слободата на изразување, пишува Алсат.
Заедничките и стимулативни напори на сите партии се неопходни како приоритетно прашање за зајакнување на клучната улога на Собранието, како форум за конструктивен политички дијалог, особено во реформската агенда на ЕУ, што ги надминува политичките поделби. Сакам да ја истакнам извонредната соработка меѓу коалицијата на власт и опозицијата, при донесувањето на законот за буџет. Тоа е модел што треба да се следи во европските реформи во различни сектори, и исто така во денешниот тежок економски контекст“, рече Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ.
 Вицепремиерот Бојан Маричиќ, ги истакна позитивните оценки на извештајот, и побара поддршка од опозицијата. Како пример, Маричиќ ја посочи Хрватска, која го забрза процесот на интеграција со одобрување иницијативи и реформи со национален консензус. Сепак, опозицијата вели дека актуелната власт е далеку од примерот на Хрватска. Милошоски нагласи дека ова е прв извештај од сите извештаи на ЕК во кои Собранието е оценето полошо во однос на другите институции.

The post Извештајот на ЕК пред собраниските комисии, Гир ги истакна слабостите на институциите appeared first on Република.

]]>
Арсовски: Владата изминатите пет години ја врати вербата во институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-vladata-izminatite-pet-godini-ja-vrati-verbata-vo-instituciite/ Wed, 20 Apr 2022 13:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=491197

Во изминатите пет години Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакне меѓусебната граѓанска почит, изјави на денешната прес-конфереција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за најновиот извештај на „Фридом хаус“ за напредокот на нашата држава.

Република Cеверна Македонија продолжува да гради слободно и демократско општество, во кое на прво место се почитувањето и заштитата на правата на секој граѓанин, додаде Арсовски.

Тој нагласи дека овој Извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа и дел од периодот пред 2017 година, пред формирањето на Владата предводена од СДСМ, кога, како што рече, сите бевме сведоци дека имавме сериозни назадувања во политичките процеси, предавањето на власта и во справувањето со корупцијата.

Арсовски посочи на подобрениот рејтинг на владеењето, кој според Извештајот е бележи раст.

Дополнително Република Cеверна Македонија е посочена како земја која го има задржано либерално демократскиот развој во 2021. Остануваме на целта за постигнување подобри резултати и обезбедување на општество во кое се почитуваат граѓанските вредности, права и слободи, нагласи Арсовски.

Невладината организација „Фридом Хаус“ објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/fridom-haus-makedonija-e-rangirana-kako-hibriden-rezim/

The post Арсовски: Владата изминатите пет години ја врати вербата во институциите appeared first on Република.

]]>

Во изминатите пет години Владата успеа да ја врати слободата во општеството, вербата во институциите и да ја зајакне меѓусебната граѓанска почит, изјави на денешната прес-конфереција владиниот портпарол Душко Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање за најновиот извештај на „Фридом хаус“ за напредокот на нашата држава.
Република Cеверна Македонија продолжува да гради слободно и демократско општество, во кое на прво место се почитувањето и заштитата на правата на секој граѓанин, додаде Арсовски.
Тој нагласи дека овој Извештај се однесува на подолг период, односно опфаќа и дел од периодот пред 2017 година, пред формирањето на Владата предводена од СДСМ, кога, како што рече, сите бевме сведоци дека имавме сериозни назадувања во политичките процеси, предавањето на власта и во справувањето со корупцијата. Арсовски посочи на подобрениот рејтинг на владеењето, кој според Извештајот е бележи раст.
Дополнително Република Cеверна Македонија е посочена како земја која го има задржано либерално демократскиот развој во 2021. Остануваме на целта за постигнување подобри резултати и обезбедување на општество во кое се почитуваат граѓанските вредности, права и слободи, нагласи Арсовски.
Невладината организација „Фридом Хаус“ објави извештај за состојбата со демократијата во 29 земји во транзиција насловен „Земји во транзиција – од слабеење на демократијата до авторитарна агресија“. https://republika.mk/vesti/makedonija/fridom-haus-makedonija-e-rangirana-kako-hibriden-rezim/

The post Арсовски: Владата изминатите пет години ја врати вербата во институциите appeared first on Република.

]]>