инспекторка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inspektorka/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 17:37:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инспекторка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inspektorka/ 32 32 Определен притвор за градежната инспекторка од Куманово фатена за примање поткуп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/opredelen-pritvor-za-gradezhnata-inspektorka-od-kumanovo-fatena-za-primane-potkup/ Sat, 02 Nov 2024 17:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=833589

Основниот суд Куманово, по предлог на обвинителството, определи притвор во траење од триесет дена на градежната инспекторка која вчера беше уапсена при примање мито, соопшти денеска ЈОРСМ.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишна осомничена, за која постои основано сомнение дека во својство на службено лице, градежен инспектор сторила кривично дело „Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик“. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судот со решение и определи притвор во траење од 30 дена.

Истрагата е поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице, градежен инспектор во Општина Куманово, сектор за градежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши со што прибавила поголема имотна корист. Уште во текот на август годинава таа извршила увид на самото место на градба лоцирана на улицата „Доне Божинов“ и констатирала отстапување од одобрението за реконструкција на објект. Наместо согласно своето службено овластување да изготви записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на доградените делови на објектот, од оштетениот изведувач на градбата директно побарала да и даде поткуп во износ од 1.500 евра, велат од обвинителството.

Во соопштението на обвинителството се наведува дека откако во септември, пријавената била разрешена од функцијата,  раководител на градежна инспекција и била назначена за овластен инспектор отишла во контрола на друг објект во изградба каде управител на фирмата изведувач повторно бил  оштетениот.

И таму констатирала неправилности во фаза на градба-отстапување на одобрение за градење, но повторно не составила записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на констатираните недостатоци на градбата, туку се сретнала со оштетениот и побарала поткуп дополнително уште 2.500 евра или вкупно 4.000 евра за двата објекти. Парите и биле исплатени во целост во готовина на рака на 1 ноември, годинава, со што пријавената се стекнала со противправна имотна корист, велат од обвинителството.

Полицијата вчера ја уапси инспекторка од Куманово при примање мито.

На 25 септември, годинава граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31 октомври, годинава ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра. По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово, информираа вчера од полицијата.

The post Определен притвор за градежната инспекторка од Куманово фатена за примање поткуп appeared first on Република.

]]>

Основниот суд Куманово, по предлог на обвинителството, определи притвор во траење од триесет дена на градежната инспекторка која вчера беше уапсена при примање мито, соопшти денеска ЈОРСМ. Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишна осомничена, за која постои основано сомнение дека во својство на службено лице, градежен инспектор сторила кривично дело „Примање поткуп од член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик“. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и предлог за определување мерка притвор за осомничената. Предлогот е прифатен и судот со решение и определи притвор во траење од 30 дена.
Истрагата е поведена бидејќи осомничената на 1 ноември, во еден ресторан во Куманово, во својство на службено лице, градежен инспектор во Општина Куманово, сектор за градежен инспекциски надзор, побарала и примила подарок за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши со што прибавила поголема имотна корист. Уште во текот на август годинава таа извршила увид на самото место на градба лоцирана на улицата „Доне Божинов“ и констатирала отстапување од одобрението за реконструкција на објект. Наместо согласно своето службено овластување да изготви записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на доградените делови на објектот, од оштетениот изведувач на градбата директно побарала да и даде поткуп во износ од 1.500 евра, велат од обвинителството.
Во соопштението на обвинителството се наведува дека откако во септември, пријавената била разрешена од функцијата,  раководител на градежна инспекција и била назначена за овластен инспектор отишла во контрола на друг објект во изградба каде управител на фирмата изведувач повторно бил  оштетениот.
И таму констатирала неправилности во фаза на градба-отстапување на одобрение за градење, но повторно не составила записник за извршен инспекциски надзор и решение за отстранување на констатираните недостатоци на градбата, туку се сретнала со оштетениот и побарала поткуп дополнително уште 2.500 евра или вкупно 4.000 евра за двата објекти. Парите и биле исплатени во целост во готовина на рака на 1 ноември, годинава, со што пријавената се стекнала со противправна имотна корист, велат од обвинителството.
Полицијата вчера ја уапси инспекторка од Куманово при примање мито.
На 25 септември, годинава граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31 октомври, годинава ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра. По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово, информираа вчера од полицијата.

The post Определен притвор за градежната инспекторка од Куманово фатена за примање поткуп appeared first on Република.

]]>
Прилепска инспекторка фатена со мито од 1.000 евра напикани во кутија за Д-витамин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prilepska-inspektorka-fatena-so-mito-od-1-000-evra-napikani-vo-kutija-za-d-vitamin/ Mon, 21 Mar 2022 14:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=476151

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Прилеп.

Осомничената 37-годишна жителка на Прилеп, како што известија од обвинителство, во својство на службено лице – советник во Државниот инспекторат за земјоделие – Подрачна единица Прилеп, на 16 март директно побарала парични средства од оштетениот раководител во подружница на земјоделска аптека во селото Кривогаштани за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши.

При вршење инспекциски надзор во објектот таа пронашла два артикла со поминат рок на важење и оштетениот го известила дека треба да му напише парична казна за прекршокот во висина до 32.000 евра. Бидејќи оштетениот изреагирал на висината на казната, за да не му напише прекршочна казна за него како физичко лице и за фирмата, обвинетата побарала да и даде пари во износ од 63.000 денари, велат од прилепското обвинителство.

Од обвинителство објаснуваат дека оштетениот и кажал дека во моментот нема пари кај себе и побарал од неа време да размисли.

Попладнето истиот ден таа повторно се јавила кај оштетениот и го прашала што одлучил, па тој побарал да се сретнат следниот ден во угостителски објект во Прилеп за да и ги предаде парите. На средбата тој извадил кутија од таблетки од Д3 витамин во која биле спакувани парите и ги предал, а таа ги ставила во чантата. По лишување од слобода, кај осомничената биле пронајдени 32-те обележани банкноти во апоени од 2.000 денари, информираат од обвинителство.

Против осомничената надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка. Судот го прифати предлогот и со решение на осомничената и определи мерка притвор во траење до 30 дена.​​

The post Прилепска инспекторка фатена со мито од 1.000 евра напикани во кутија за Д-витамин appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Прилеп. Осомничената 37-годишна жителка на Прилеп, како што известија од обвинителство, во својство на службено лице – советник во Државниот инспекторат за земјоделие – Подрачна единица Прилеп, на 16 март директно побарала парични средства од оштетениот раководител во подружница на земјоделска аптека во селото Кривогаштани за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши.
При вршење инспекциски надзор во објектот таа пронашла два артикла со поминат рок на важење и оштетениот го известила дека треба да му напише парична казна за прекршокот во висина до 32.000 евра. Бидејќи оштетениот изреагирал на висината на казната, за да не му напише прекршочна казна за него како физичко лице и за фирмата, обвинетата побарала да и даде пари во износ од 63.000 денари, велат од прилепското обвинителство.
Од обвинителство објаснуваат дека оштетениот и кажал дека во моментот нема пари кај себе и побарал од неа време да размисли.
Попладнето истиот ден таа повторно се јавила кај оштетениот и го прашала што одлучил, па тој побарал да се сретнат следниот ден во угостителски објект во Прилеп за да и ги предаде парите. На средбата тој извадил кутија од таблетки од Д3 витамин во која биле спакувани парите и ги предал, а таа ги ставила во чантата. По лишување од слобода, кај осомничената биле пронајдени 32-те обележани банкноти во апоени од 2.000 денари, информираат од обвинителство.
Против осомничената надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка. Судот го прифати предлогот и со решение на осомничената и определи мерка притвор во траење до 30 дена.​​

The post Прилепска инспекторка фатена со мито од 1.000 евра напикани во кутија за Д-витамин appeared first on Република.

]]>
Поранешна полициска инспекторка пронајдена мртва во стан во Охрид, била отпуштена од службата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshna-policiska-inspektorka-pronajdena-mrtva-vo-stan-vo-ohrid-bila-otpushtena-od-sluzbata/ Thu, 13 Jan 2022 19:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=444329

Поранешна полициска инспекторка попладнево е пронајдена мртва во стан во Охрид.

Безживотното тело е пронајдено во стан на улица Сирма Војвода во Охрид - потврдува за „Охрид 1“ портпаролот на ДВР Охрид, Стефан Димоски.

Станува збор за Марија М. која до пред четири години работела како инспекторка во СВР Охрид, а беше отпуштена од службата поради објавување на недолични содржини на социјалните мрежи.

Во моментов се очекуваат резултатите од обдукцијата. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

The post Поранешна полициска инспекторка пронајдена мртва во стан во Охрид, била отпуштена од службата appeared first on Република.

]]>

Поранешна полициска инспекторка попладнево е пронајдена мртва во стан во Охрид.
Безживотното тело е пронајдено во стан на улица Сирма Војвода во Охрид - потврдува за „Охрид 1“ портпаролот на ДВР Охрид, Стефан Димоски.
Станува збор за Марија М. која до пред четири години работела како инспекторка во СВР Охрид, а беше отпуштена од службата поради објавување на недолични содржини на социјалните мрежи. Во моментов се очекуваат резултатите од обдукцијата. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.