инспектори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inspektori/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Oct 2024 16:06:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инспектори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inspektori/ 32 32 Инспектори го фатија на дело како исфрла големи количини отпад во Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/inspektori-go-fatija-na-delo-kako-isfrla-golemi-kolichini-otpad-vo-karposh/ Sun, 13 Oct 2024 16:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=826185

Инспектори за животна средина на Град Скопје, денеска, затекнале жител на Општина Бутел како исфрла големи количини отпад на територијата на општина Карпош кон Визбегово, соопштија од Град Скопје.

Во соопштението наведуваат дека против лицето З.М. ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело кое што е казниво со затвор од четири до десет години.

Инспекторите за животна средина на Град Скопје пред еден час затекнаа и евидентираа во тек на исфрлање големи количини отпад, правење дива депонија и нејзино палење на територијата на општина Карпош кон Визбегово. Град Скопје за извршено кривично дело од страна на лицeто З.М жител на општина Бутел, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години, стои во соопштението.

Од Град Скопје велат дека на територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што имаат надлежност и обврска да постапуваат во вакви ситуации, нагласувајќи дека за време на викендот инспекторите за животна средина на Град Скопје, како и комуналните инспектори имаат санкционирано над 20 сторители.

Досега единствено Град Скопје реагира, додека останатите не постапуваат, иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на Град Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано над 20 сторители, наведуваат во соопштението.

Додаваат дека годинава имаат поднесено повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад.

Како пример од Градот го посочуваат случајот во општина Бутел, каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас, со што, велат, се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани.

Град Скопје годинава поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на Град Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите, наведуваат во соопштението.

The post Инспектори го фатија на дело како исфрла големи количини отпад во Карпош appeared first on Република.

]]>

Инспектори за животна средина на Град Скопје, денеска, затекнале жител на Општина Бутел како исфрла големи количини отпад на територијата на општина Карпош кон Визбегово, соопштија од Град Скопје. Во соопштението наведуваат дека против лицето З.М. ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело кое што е казниво со затвор од четири до десет години.
Инспекторите за животна средина на Град Скопје пред еден час затекнаа и евидентираа во тек на исфрлање големи количини отпад, правење дива депонија и нејзино палење на територијата на општина Карпош кон Визбегово. Град Скопје за извршено кривично дело од страна на лицeто З.М жител на општина Бутел, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години, стои во соопштението.
Од Град Скопје велат дека на територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што имаат надлежност и обврска да постапуваат во вакви ситуации, нагласувајќи дека за време на викендот инспекторите за животна средина на Град Скопје, како и комуналните инспектори имаат санкционирано над 20 сторители.
Досега единствено Град Скопје реагира, додека останатите не постапуваат, иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на Град Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано над 20 сторители, наведуваат во соопштението.
Додаваат дека годинава имаат поднесено повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад. Како пример од Градот го посочуваат случајот во општина Бутел, каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас, со што, велат, се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани.
Град Скопје годинава поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на Град Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите, наведуваат во соопштението.

The post Инспектори го фатија на дело како исфрла големи количини отпад во Карпош appeared first on Република.

]]>
Таравари: Инспектори од ДЗСИ ги испитуваат причините за смртта на 14-месечното бебе https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-inspektori-od-dzsi-gi-ispituvaat-prichinite-za-smrtta-na-14-mesechnoto-bebe/ Mon, 07 Oct 2024 13:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=823860

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) од утрово се на терен и вршат инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје и на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари коментирајќи го случајот со 14-месечното бебе што завчера почина на Детската клиника во Скопје, каде што било хоспитализирано со тешка респираторна инфекција.

Утрово имав состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Нивните екипи веќе се на терен. Фирмирана е и комисија што ќе ги испита сите факти и аргументи за случајот“, рече тој во изјава за медиумите по повод Денот на органодарителството.

Министерот вчера потврди дека 14-месечното бебе претходно било одбиено да се хоспитализира, но посочи дека без разлика каков ќе биде исходот од истрагата на инспекцијата треба да има одговорност за случајот.

Бебето почина на 5 октомври на Детската клиника, а дел од медиумите пренесоа дека претходно неколкупати било одбивано да се хоспитализира иако неговите родители трипати го носеле на преглед на оваа клиника.

The post Таравари: Инспектори од ДЗСИ ги испитуваат причините за смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

]]>

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) од утрово се на терен и вршат инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје и на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари коментирајќи го случајот со 14-месечното бебе што завчера почина на Детската клиника во Скопје, каде што било хоспитализирано со тешка респираторна инфекција.
Утрово имав состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Нивните екипи веќе се на терен. Фирмирана е и комисија што ќе ги испита сите факти и аргументи за случајот“, рече тој во изјава за медиумите по повод Денот на органодарителството.
Министерот вчера потврди дека 14-месечното бебе претходно било одбиено да се хоспитализира, но посочи дека без разлика каков ќе биде исходот од истрагата на инспекцијата треба да има одговорност за случајот. Бебето почина на 5 октомври на Детската клиника, а дел од медиумите пренесоа дека претходно неколкупати било одбивано да се хоспитализира иако неговите родители трипати го носеле на преглед на оваа клиника.  

The post Таравари: Инспектори од ДЗСИ ги испитуваат причините за смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

]]>
Трговците несериозни, нема да има толеранција за никого и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет: Над 120 инспектори се на терен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trgovtsite-neseriozni-nema-da-ima-tolerantsija-za-nikogo-i-sekoj-koj-ke-se-ogreshi-ke-bide-kaznet-nad-120-inspektori-se-na-teren/ Wed, 25 Sep 2024 14:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=819588

Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе е на терен на цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори, ротирани во различни градови, и врши проверка дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи, порача денеска директорот на ДПИ Горан Трајковски.

Денеска, како што кажа, тимовите на ДПИ ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, од утре ќе ги контролираат малите маркети и бурекчилниците, а од задутре трговците на големо. Ќе проверат и дали во изминатиот период намерно биле покачени цените на производите.

Апелирам до трговците на мало и на големо да ја почитуваат одлуката на Владата и да не се обидуваат на било каков начин да ја заобиколуваат. Вчера бев на терен и видов дека трговците на мало не си ја сфатиле сериозно одлуката и нејзината примена. Затоа денеска сме на терен и ќе постапуваме по законските прописи и секој што не ја почитува одлуката денеска ќе биде казнет, а доколку има потреба во иднина ќе затвориме и дел од објектите што не ја почитуваат одлуката. Трговците на мало сега имаат залихи по влезните фактури кои ги земале од трговците на големо претходно и треба да ги потрошат тие залихи, па од новите залихи што ќе ги земат за време на важењето на одлуката да видиме дали и трговците на големо ги почитуваат одредбите за заработка до 10 проценти - рече Трајковски на денешната прес-конференција.

Прецизира дека одлуката на Владата се базира на ограничување на бруто профитна маржа на 10 проценти кај трговците на мало и на големо и посочи дека со неа се опфатени и бурекчилниците, но според Законот за трговија, член 3.

Тоа значи дека доколку трговецот на мало претходно одел со бруто профитна маржа од шест проценти нема обврска да го намали дополнително производот зошто е во рамките до 10 проценти. Има трговци кои ги зголемиле над 10 проценти, но има и кои ги задржале цените. Затоа граѓаните може да видат дека одредени продукти се со иста цена од пред донесување на одлуката. Претходно се одеше со замрзнување на цени од датум од пред три месеци со намалување на цените за 10 проценти. Затоа тогаш граѓаните можеа да видат дека секој производ е намален, но сега има 10 до 20 проценти на производи кои не се намалени. Сепак, јасно мора да бидат означени со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ за потрошувачот и граѓанинот точно да знае кој производ е опфатен со одлуката - појасни Трајковски.

Нагласи дека вчера во маркетите не видел никаков обид да се означат производите со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

За мене тоа е несериозно. Вчера не се потрудиле маркетите да стават ознака на 20 до 30 отсто од производите. Во моментов инспекторите контролираат и тие ќе кажат дали денеска поставиле или не и дали биле поставени делумно или целосно. Насоката од ДПИ е да има јасно видлива ознака и да се прегледа дали се во рамките на ограничената бруто профитна маржа од 10 проценти сите производи кои се опфатени со одлуката - рече Трајковски.

По донесувањето на одлуката за ограничување на профитните маржи на прехранбените продукти ДПИ е задолжен да ги контролира трговците на мало и на големо дали ја почитуваат одлуката што ја донесе Владата.

Одлуката е соопштена во петокот, во Службен весник е излезена во понеделникот со важност од вторник. Со тоа трговците на големо и на мало имаа доволно време да ги прилагодат цените. ДПИ постапува по Законот за трговија каде казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, а доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики ќе постапуваме по Законот за потрошувачи по кој има можност за затворање на објекти. Сме затворале претходно секој што се обидел да примени нечесна трговска практика ќе затвораме и сега - потенцира Трајковски.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“

The post Трговците несериозни, нема да има толеранција за никого и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет: Над 120 инспектори се на терен appeared first on Република.

]]>

Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе е на терен на цела територија на Македонија со повеќе од 40 тимови или повеќе од 120 инспектори, ротирани во различни градови, и врши проверка дали се почитува одлуката на Владата за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи, порача денеска директорот на ДПИ Горан Трајковски. Денеска, како што кажа, тимовите на ДПИ ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, од утре ќе ги контролираат малите маркети и бурекчилниците, а од задутре трговците на големо. Ќе проверат и дали во изминатиот период намерно биле покачени цените на производите.
Апелирам до трговците на мало и на големо да ја почитуваат одлуката на Владата и да не се обидуваат на било каков начин да ја заобиколуваат. Вчера бев на терен и видов дека трговците на мало не си ја сфатиле сериозно одлуката и нејзината примена. Затоа денеска сме на терен и ќе постапуваме по законските прописи и секој што не ја почитува одлуката денеска ќе биде казнет, а доколку има потреба во иднина ќе затвориме и дел од објектите што не ја почитуваат одлуката. Трговците на мало сега имаат залихи по влезните фактури кои ги земале од трговците на големо претходно и треба да ги потрошат тие залихи, па од новите залихи што ќе ги земат за време на важењето на одлуката да видиме дали и трговците на големо ги почитуваат одредбите за заработка до 10 проценти - рече Трајковски на денешната прес-конференција.
Прецизира дека одлуката на Владата се базира на ограничување на бруто профитна маржа на 10 проценти кај трговците на мало и на големо и посочи дека со неа се опфатени и бурекчилниците, но според Законот за трговија, член 3.
Тоа значи дека доколку трговецот на мало претходно одел со бруто профитна маржа од шест проценти нема обврска да го намали дополнително производот зошто е во рамките до 10 проценти. Има трговци кои ги зголемиле над 10 проценти, но има и кои ги задржале цените. Затоа граѓаните може да видат дека одредени продукти се со иста цена од пред донесување на одлуката. Претходно се одеше со замрзнување на цени од датум од пред три месеци со намалување на цените за 10 проценти. Затоа тогаш граѓаните можеа да видат дека секој производ е намален, но сега има 10 до 20 проценти на производи кои не се намалени. Сепак, јасно мора да бидат означени со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ за потрошувачот и граѓанинот точно да знае кој производ е опфатен со одлуката - појасни Трајковски.
Нагласи дека вчера во маркетите не видел никаков обид да се означат производите со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
За мене тоа е несериозно. Вчера не се потрудиле маркетите да стават ознака на 20 до 30 отсто од производите. Во моментов инспекторите контролираат и тие ќе кажат дали денеска поставиле или не и дали биле поставени делумно или целосно. Насоката од ДПИ е да има јасно видлива ознака и да се прегледа дали се во рамките на ограничената бруто профитна маржа од 10 проценти сите производи кои се опфатени со одлуката - рече Трајковски.
По донесувањето на одлуката за ограничување на профитните маржи на прехранбените продукти ДПИ е задолжен да ги контролира трговците на мало и на големо дали ја почитуваат одлуката што ја донесе Владата.
Одлуката е соопштена во петокот, во Службен весник е излезена во понеделникот со важност од вторник. Со тоа трговците на големо и на мало имаа доволно време да ги прилагодат цените. ДПИ постапува по Законот за трговија каде казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, а доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики ќе постапуваме по Законот за потрошувачи по кој има можност за затворање на објекти. Сме затворале претходно секој што се обидел да примени нечесна трговска практика ќе затвораме и сега - потенцира Трајковски.
Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“

The post Трговците несериозни, нема да има толеранција за никого и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет: Над 120 инспектори се на терен appeared first on Република.

]]>
Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/inspektorite-od-deneska-so-kazni-za-trgovtsite-koi-ne-gi-namalile-profitnite-marzhi/ Wed, 25 Sep 2024 09:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=819474

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-troshotsi-poveke-za-tebe-kako-da-gi-prepoznaete-proizvodite-chija-tsena-treba-da-e-namalena/

Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.

Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската, изјави Трајковски за МИА и додаде дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

The post Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи appeared first on Република.

]]>

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски. https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-troshotsi-poveke-za-tebe-kako-da-gi-prepoznaete-proizvodite-chija-tsena-treba-da-e-namalena/ Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.
Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската, изјави Трајковски за МИА и додаде дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

The post Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи appeared first on Република.

]]>
Внимателно со саламите од Албанија: Месо што требало да се уништи инспектори го дале во фабрики за сувомеснати производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vnimatelno-so-salamite-od-albanija-meso-shto-trebalo-da-se-unishti-inspektori-go-dale-vo-fabriki-za-suvomesnati-proizvodi/ Fri, 05 Jul 2024 18:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=793909

Државна висока контрола на Албанија (КЛШ), по извршената ревизија во Регионалната дирекција на Националната агенцијата за храна, за округот Тирана, открила скандал во работата на инспекторите, кои одземено месо, што треба да се уништи, го „донирале“ во фабрики за сувомеснати производи, јави Ора њуз.

За Националната агенција за храна (АКУ) се тврди дека ја гарантира безбедноста на храната во земјава, но токму инспекторите на оваа институција, спротивно на секој протокол на нивната работа, ја нарушуваат безбедноста на потрошувачите. Поконкретно, при увидот што го извршиле инспекторите на АКУ во продавниците за месо и маркетите, одземале месо што се тргувало надвор од потребните хигиенски услови, неспакувано и несертифицирано, наведува телевизијата.

Според КЛШ, инспекторите месото го испраќале во две фабрики за преработка на месо, кои исто така се предмет на проверка.

Скандалот се продлабочува бидејќи во блокираната фабрика за месо не постоел никаков формулар, а освен тоа, нема документ со кој се докажува дека месото наменето за уништување е отстрането. Алармот го вклучи и самата КЛШ, која наведува дека по испораката на месото до фабриките, постои можност то месо да било преработено и пуштено на пазарот, посочува Ора њуз.

Контролата продолжува и во други делови во државата.

The post Внимателно со саламите од Албанија: Месо што требало да се уништи инспектори го дале во фабрики за сувомеснати производи appeared first on Република.

Двајца тетовци се заканувале на општински инспектори и ги попречувале во работата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-tetovtsi-se-zakanuvale-na-opshtinski-inspektori-i-gi-poprechuvale-vo-rabotata/ Fri, 22 Mar 2024 12:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=757427

Вчера, во 16 и 17 часот, во СВР Тетово на службен разговор биле повикани С. З. (66) и И. З. (36) од тетовска Брвеница.

Двајцата биле пријавени од Д. С. (60) од тетовско Милетино и од А. Д. (45) од тетовски Челопек дека се однесувале агресивно кон нив и ги спречиле во извршување службени дејства во нивниот склад за дрва во Брвеница.

Според пријавеното, двајцата на општинските инспектори не им дозволиле да извршат мерење бучава, а потоа и им се заканувале во складот и во нивните деловни канцеларии.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Двајца тетовци се заканувале на општински инспектори и ги попречувале во работата appeared first on Република.

]]>

Вчера, во 16 и 17 часот, во СВР Тетово на службен разговор биле повикани С. З. (66) и И. З. (36) од тетовска Брвеница. Двајцата биле пријавени од Д. С. (60) од тетовско Милетино и од А. Д. (45) од тетовски Челопек дека се однесувале агресивно кон нив и ги спречиле во извршување службени дејства во нивниот склад за дрва во Брвеница. Според пријавеното, двајцата на општинските инспектори не им дозволиле да извршат мерење бучава, а потоа и им се заканувале во складот и во нивните деловни канцеларии.   Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Двајца тетовци се заканувале на општински инспектори и ги попречувале во работата appeared first on Република.

]]>
Татко и син од Брвеница им се заканувале на инспектори https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatko-i-sin-od-brvenitsa-im-se-zakanuvale-na-inspektori/ Fri, 22 Mar 2024 10:52:36 +0000 https://republika.mk/?p=757361

Вчера во 16 и 17 часот во СВР Тетово на службен разговор биле повикани С.З.(66) и И.З.(36) од тетовска Брвеница. Двајцата биле пријавени од Д.С.(60) од тетовско Милетино и од А.Д.(45) од тетовски Челопек дека се однесувале агресивно кон нив и ги спречиле во извршување на службени дејствија во нивниот склад за дрва во Брвеница.

Според пријавеното, двајцата на општинските инспектори не им дозволиле да извршат мерење на бучава, а потоа и им се заканувале во складот и во нивните деловни канцеларии.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Татко и син од Брвеница им се заканувале на инспектори appeared first on Република.

]]>

Вчера во 16 и 17 часот во СВР Тетово на службен разговор биле повикани С.З.(66) и И.З.(36) од тетовска Брвеница. Двајцата биле пријавени од Д.С.(60) од тетовско Милетино и од А.Д.(45) од тетовски Челопек дека се однесувале агресивно кон нив и ги спречиле во извршување на службени дејствија во нивниот склад за дрва во Брвеница. Според пријавеното, двајцата на општинските инспектори не им дозволиле да извршат мерење на бучава, а потоа и им се заканувале во складот и во нивните деловни канцеларии. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

The post Татко и син од Брвеница им се заканувале на инспектори appeared first on Република.

]]>
Инспекторите од денеска излегуваат на терен и вршат контроли на цените во маркетите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/inspektorite-od-deneska-izleguvaat-na-teren-i-vrshat-kontroli-na-tsenite-vo-marketite/ Thu, 29 Feb 2024 13:07:47 +0000 https://republika.mk/?p=749650

Државниот пазарен инспекторат нема да го чека утрешниот ден, односно целосното ивршување на одлуките, туку како и досега, така и денеска, излегуваме на терен и ќе извршуваме надзори во сите големи маркети во државава, по сите закони по кои постапува пазарниот инспекторат, изјавии директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

Тој додава дека во изминатиот период, инспекторатот беше на ниво на својата задача и во интерес на сите засегнати страни, а најмногу на граѓаните.

Постапувавме и не дозволивме никој да примени нечесни трговски практики, а со тоа и да не ги почитува антикризните мерки на Владата. Вака ќе продолжиме да постапуваме и во иднина, а секое постапување спротивно од законите кои се во наша надлежност ќе биде казнето“, рече тој.

Додаде: „Апелирам и до трговците на мало, но и до трговците на големо, да бидат општествено одговорни и да ги прилагодат цените во согласност со стандардот на граѓаните“.

Пазарниот инспекторат при надзорите ќе опфати поширок обем на закони за постапување, како што се Законот за заштита на потрошувачите, Законот за трговија, Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, Закон за инспекциски надзор, Закон за државен пазарен инспекторат итн.

Ќе повторам и сега, никој не е над законот, а оној кој ќе применува нечесни трговски практики и ќе ги прекрши законите, ќе биде санкциониран. Во зависност од сторениот прекршок, заклучно со денес, постои можност и за затворање на објекти за вршење дејност на определен временски период“, кажа Трајковски.

The post Инспекторите од денеска излегуваат на терен и вршат контроли на цените во маркетите appeared first on Република.

]]>

Државниот пазарен инспекторат нема да го чека утрешниот ден, односно целосното ивршување на одлуките, туку како и досега, така и денеска, излегуваме на терен и ќе извршуваме надзори во сите големи маркети во државава, по сите закони по кои постапува пазарниот инспекторат, изјавии директорот на ДПИ, Горан Трајковски. Тој додава дека во изминатиот период, инспекторатот беше на ниво на својата задача и во интерес на сите засегнати страни, а најмногу на граѓаните.
Постапувавме и не дозволивме никој да примени нечесни трговски практики, а со тоа и да не ги почитува антикризните мерки на Владата. Вака ќе продолжиме да постапуваме и во иднина, а секое постапување спротивно од законите кои се во наша надлежност ќе биде казнето“, рече тој.
Додаде: „Апелирам и до трговците на мало, но и до трговците на големо, да бидат општествено одговорни и да ги прилагодат цените во согласност со стандардот на граѓаните“. Пазарниот инспекторат при надзорите ќе опфати поширок обем на закони за постапување, како што се Законот за заштита на потрошувачите, Законот за трговија, Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, Закон за инспекциски надзор, Закон за државен пазарен инспекторат итн.
Ќе повторам и сега, никој не е над законот, а оној кој ќе применува нечесни трговски практики и ќе ги прекрши законите, ќе биде санкциониран. Во зависност од сторениот прекршок, заклучно со денес, постои можност и за затворање на објекти за вршење дејност на определен временски период“, кажа Трајковски.
 
The post Инспекторите од денеска излегуваат на терен и вршат контроли на цените во маркетите appeared first on Република.

]]>
Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство влегоа во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/inspektori-od-agentsijata-za-tsivilno-vozduhoplovstvo-vlegoa-vo-m-nav/ Fri, 05 Jan 2024 12:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=730029

Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство од сабајлево вршат вонреден надзор во Македонска навигација (М-НАВ) по физичкиот напад што се случи вчера кон еден од контролорите на летање во зградата на оваа институција.

Директорот на АЦВ, Томислав Тунтев во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека испратени се инспектори од делот за обезбедување и од делот за безбедност со цел да се соберат сознанија што точно се случило и дали евентуално настанало загрозување на безбедноста од било кој аспект.

Струковиот Синдикат на Контролорите на Летање – ССКЛ денеска извести за безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на Контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица кои го нападнале контролорот.

The post Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство влегоа во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство од сабајлево вршат вонреден надзор во Македонска навигација (М-НАВ) по физичкиот напад што се случи вчера кон еден од контролорите на летање во зградата на оваа институција. Директорот на АЦВ, Томислав Тунтев во изјава за весникот ВЕЧЕР вели дека испратени се инспектори од делот за обезбедување и од делот за безбедност со цел да се соберат сознанија што точно се случило и дали евентуално настанало загрозување на безбедноста од било кој аспект. Струковиот Синдикат на Контролорите на Летање – ССКЛ денеска извести за безбедносни пропусти во службите кои се задолжени за обезбедување на објектот и лицата вработени во објектот на Контролата на летање, како и соучесништво од страна на лица кои се вработени во македонската навигација кои го потпомогнале влезот на неовластените лица кои го нападнале контролорот.  

The post Инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство влегоа во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Ноќва инспекторите шетаа по кафани и кафулиња, акцијата ќе продолжи целиот викенд https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nokva-inspektorite-shetaa-po-kafani-i-kafulina-aktsijata-ke-prodolzhi-tseliot-vikend/ Sat, 18 Feb 2023 09:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=610429

Секторите за внатрешни работи и патролните тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција во координација со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, ноќеска, од 00.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава. При контролата, како што соопшти МВР, констатирано е едно кривично дело по член 215 и едно кривично дело по член 204 од Кривичниот законик.

Во угостителски објект во Неготино, кај М.А.(32) од демиркапиското село Корешница било пронајдено шише со течност и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, во угостителски објект во Тетово биле затекнати двајца малолетници при консумирање алкохол за што против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава и притоа биле констатирани 31 прекршок по член 21 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – присуство на малолетници во угостителски објект по 00.00 часот.

Акциските контроли во угостителските објекти продолжуваат и во наредните денови, најавува МВР.

The post Ноќва инспекторите шетаа по кафани и кафулиња, акцијата ќе продолжи целиот викенд appeared first on Република.

]]>

Секторите за внатрешни работи и патролните тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција во координација со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, ноќеска, од 00.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава. При контролата, како што соопшти МВР, констатирано е едно кривично дело по член 215 и едно кривично дело по член 204 од Кривичниот законик. Во угостителски објект во Неготино, кај М.А.(32) од демиркапиското село Корешница било пронајдено шише со течност и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, во угостителски објект во Тетово биле затекнати двајца малолетници при консумирање алкохол за што против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава и притоа биле констатирани 31 прекршок по член 21 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – присуство на малолетници во угостителски објект по 00.00 часот.
Акциските контроли во угостителските објекти продолжуваат и во наредните денови, најавува МВР.

The post Ноќва инспекторите шетаа по кафани и кафулиња, акцијата ќе продолжи целиот викенд appeared first on Република.

]]>
Инспекциите на Град Скопје утврдија стотици непријавени имоти https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/inspekciite-na-grad-skopje-utvrdija-stotici-neprijaveni-imoti/ Wed, 30 Mar 2022 19:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=481107

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли, соопштуваат од Град Скопје.

Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, при што е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот, се вели во соопштението.

Додаваат дека Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво.

Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.

The post Инспекциите на Град Скопје утврдија стотици непријавени имоти appeared first on Република.

]]>

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли, соопштуваат од Град Скопје.
Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, при што е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот, се вели во соопштението.
Додаваат дека Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво. Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.

The post Инспекциите на Град Скопје утврдија стотици непријавени имоти appeared first on Република.

]]>
Инспектори на УЈП во контрола на „КАМ“, маркетите биле запечатени бидејќи синоќа е прекинат пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/inspektori-na-ujp-vo-kontrola-na-kam-marketite-bile-zapechateni-bidejkji-sinokja-e-prekinat-popisot/ Tue, 22 Mar 2022 16:12:16 +0000 https://republika.mk/?p=476791

UJOИнспектори на Управата за јавни приходи вршат контрола во маркетите на „КАМ“ која е насочена кон утврдување на фактичката состојба на залихите во магацин со книговодствената евиденција.

Од Управата за јавни приходи денеска ги демантираа информациите дека маркетите се запечатени поради прекршочни санкции. Запечатувањето на маркетите, како што наведуваат, е направено синоќа заради прекин на пописот со цел да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините.

Сите објекти во раните утрински часови на 22/03/2022 година се отворени, односно службениците од УЈП ги отстранија пломбите во присуство на вработените на даночниот обврзник и со пописот се продолжува во текот на денешниот ден и се планира да заврши денес, велат од УЈП.

Додаваат дека контролата произлегува од низата неправилности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територија на цела држава по однос на примената на даночната стапка.

Управата за јавни приходи кај даночниот обврзник КАМ ДОО, Илинден започна со извршување на надворешна контрола согласно Законот за даночна постапка за увид во состојба на залихите на трговска стока во магацин и продавници со цел констатирање на фактичката состојба на залихите и споредба со книговодствената евиденција. Контролата произлегува од низа нерегуларности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територијата на цела држава по однос на примена на даночна стапка, наведуваат од УЈП.

За исходот од извршените контроли, како што посочуваат од УЈП, не може да информираат од причина што согласно член 9 став 1 од Законот за даночна постапка, службените лица на Управата за јавни приходи се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци и други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночната, прекршочната или судската постапка.

Се огласија и од КАМ маркети од каде информираа дека се работи за редовна инспекциска контрола и дека во текот на денот се очекува маркетите да продолжат со редовна работа.

Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, стои во соопштението од КАМ маркет.

The post Инспектори на УЈП во контрола на „КАМ“, маркетите биле запечатени бидејќи синоќа е прекинат пописот appeared first on Република.

]]>

UJOИнспектори на Управата за јавни приходи вршат контрола во маркетите на „КАМ“ која е насочена кон утврдување на фактичката состојба на залихите во магацин со книговодствената евиденција. Од Управата за јавни приходи денеска ги демантираа информациите дека маркетите се запечатени поради прекршочни санкции. Запечатувањето на маркетите, како што наведуваат, е направено синоќа заради прекин на пописот со цел да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините.
Сите објекти во раните утрински часови на 22/03/2022 година се отворени, односно службениците од УЈП ги отстранија пломбите во присуство на вработените на даночниот обврзник и со пописот се продолжува во текот на денешниот ден и се планира да заврши денес, велат од УЈП.
Додаваат дека контролата произлегува од низата неправилности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територија на цела држава по однос на примената на даночната стапка.
Управата за јавни приходи кај даночниот обврзник КАМ ДОО, Илинден започна со извршување на надворешна контрола согласно Законот за даночна постапка за увид во состојба на залихите на трговска стока во магацин и продавници со цел констатирање на фактичката состојба на залихите и споредба со книговодствената евиденција. Контролата произлегува од низа нерегуларности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територијата на цела држава по однос на примена на даночна стапка, наведуваат од УЈП.
За исходот од извршените контроли, како што посочуваат од УЈП, не може да информираат од причина што согласно член 9 став 1 од Законот за даночна постапка, службените лица на Управата за јавни приходи се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци и други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночната, прекршочната или судската постапка. Се огласија и од КАМ маркети од каде информираа дека се работи за редовна инспекциска контрола и дека во текот на денот се очекува маркетите да продолжат со редовна работа.
Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, стои во соопштението од КАМ маркет.

The post Инспектори на УЈП во контрола на „КАМ“, маркетите биле запечатени бидејќи синоќа е прекинат пописот appeared first on Република.

]]>
Инспекторите за животна средина на Град Скопје заедно со колегите од општините ќе откриваат каде се создаваат депонии https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/inspektorite-za-zivotna-sredina-na-grad-skopje-zaedno-so-kolegite-od-opshtinite-kje-otkrivaat-kade-se-sozdavaat-deponii/ Thu, 03 Mar 2022 09:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=466899

Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите за животна средина од скопските општини започнаа координирана акција за депонии и сметилишта на приватен имот. Акцијата опфаќа евидентирање, пронаоѓање на сопствениците на имотот, задолжување со записник и решение за чистење на имотот во даден временски рок. Доколку субјектите не постапат по решенијата, имотот ќе го исчистат јавните комунални претпријатија на трошок на сопственикот.

Заедничката акција на градските и општинските инспектори за животна средина на терен се спроведува во општина Центар во населба Крњево, каде што со помош на механизација се чисти депонија составена од оштетени автомобилски гуми оставени на приватен незаграден имот, при што подигнати се околу 700 гуми, со што е спречено нивно потенцијално палење и загадување на воздухот и животната средина.

The post Инспекторите за животна средина на Град Скопје заедно со колегите од општините ќе откриваат каде се создаваат депонии appeared first on Република.

]]>

Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите за животна средина од скопските општини започнаа координирана акција за депонии и сметилишта на приватен имот. Акцијата опфаќа евидентирање, пронаоѓање на сопствениците на имотот, задолжување со записник и решение за чистење на имотот во даден временски рок. Доколку субјектите не постапат по решенијата, имотот ќе го исчистат јавните комунални претпријатија на трошок на сопственикот. Заедничката акција на градските и општинските инспектори за животна средина на терен се спроведува во општина Центар во населба Крњево, каде што со помош на механизација се чисти депонија составена од оштетени автомобилски гуми оставени на приватен незаграден имот, при што подигнати се околу 700 гуми, со што е спречено нивно потенцијално палење и загадување на воздухот и животната средина.

The post Инспекторите за животна средина на Град Скопје заедно со колегите од општините ќе откриваат каде се создаваат депонии appeared first on Република.

]]>
Акциска контрола во Гостивар и Струга, санкции за 14 угостителски објекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/akciska-kontrola-vo-gostivar-i-struga-sankcii-za-14-ugostitelski-objekti/ Sun, 20 Feb 2022 16:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=461110

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност и инспектори од СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи на 18 февруари спроведоа акциска контрола во 25 угостителски објекти во Гостивар и во Струга при што констатирале низа неправилности во 14 објекти, кои се законски санкционирани.

Од страна на Управата за јавни приходи се изречени санкции кон седум објекти во Струга и седум објекти во Гостивар, во кои се констатирани различни неправилности: неиздавање фискални сметки, немање резервен фискален апарат,… Државниот пазарен инспекторат изрече санкции за седум објекти во Гостивар поради разни видови непарвилности кои биле констатирани при контролите, соопшти МВР и најави дека акциските контроли ќе продолжат.

The post Акциска контрола во Гостивар и Струга, санкции за 14 угостителски објекти appeared first on Република.

Просветни инспектори влегоа во основното училиште „Љубен Лапе“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prosvetni-inspektori-vlegoa-vo-osnovnoto-uchilishte-ljuben-lape/ Thu, 03 Feb 2022 14:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=453669

Просветни инспектори денес влегоа во основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром, откако ученици и родители на вториот ден од второто полугодие ја бојкотираа наставата незадоволни од односот на наставничка по математика кон децата.

Родителите на шестоодделенците од три класа од ова училиште тврдат дека наставничката ги омаловажувала, навредувала и психички малтретирала учениците. Тие бараат разрешување на наставничката, а во спротивно нема да дозволат нивните деца да одат на училиште.

Од Министерството за образование и наука ни одговорија дека согласно информациите од Државниот просветен инспекторат, врз основа на доставена претставка за работата на наставник во посоченото училиште, денес ќе биде извршен инспекциски надзор, по што ќе бидат споделени повеќе информации во јавноста.

Според претседателот на Советот на родители, пак, прекршени се сите професионални стандарди и кодексот за држење настава.

Прекршени се сите правилници и професионални страндарди за наставници и етички кодекс. Но сожалувањето и колегијалноста се ставаат пред интересот на децата и квалитетот на нивната настава. Она што сите треба да го сфатат е дека образованието во настава почнува со квалитетен однос на наставниците, а тоа тука се игнорира“.

Инаку, сега веќе поранешната директорка на училиштето Марјана Панчевска поради овој случај поднесе оставка до градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, кој именуваше в.д. директор.

Според Муцунски, тоа што се случувало досега е недозволиво, а првиот приоритет на новиот в.д. директор ќе му биде да ја разреши оваа состојба во училиштето за наставниот процес да се нормализира. Тој додаде дека децата мора да имаат редовна и квалитетна настава.

The post Просветни инспектори влегоа во основното училиште „Љубен Лапе“ appeared first on Република.

]]>

Просветни инспектори денес влегоа во основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром, откако ученици и родители на вториот ден од второто полугодие ја бојкотираа наставата незадоволни од односот на наставничка по математика кон децата. Родителите на шестоодделенците од три класа од ова училиште тврдат дека наставничката ги омаловажувала, навредувала и психички малтретирала учениците. Тие бараат разрешување на наставничката, а во спротивно нема да дозволат нивните деца да одат на училиште. Од Министерството за образование и наука ни одговорија дека согласно информациите од Државниот просветен инспекторат, врз основа на доставена претставка за работата на наставник во посоченото училиште, денес ќе биде извршен инспекциски надзор, по што ќе бидат споделени повеќе информации во јавноста. Според претседателот на Советот на родители, пак, прекршени се сите професионални стандарди и кодексот за држење настава.
Прекршени се сите правилници и професионални страндарди за наставници и етички кодекс. Но сожалувањето и колегијалноста се ставаат пред интересот на децата и квалитетот на нивната настава. Она што сите треба да го сфатат е дека образованието во настава почнува со квалитетен однос на наставниците, а тоа тука се игнорира“.
Инаку, сега веќе поранешната директорка на училиштето Марјана Панчевска поради овој случај поднесе оставка до градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, кој именуваше в.д. директор. Според Муцунски, тоа што се случувало досега е недозволиво, а првиот приоритет на новиот в.д. директор ќе му биде да ја разреши оваа состојба во училиштето за наставниот процес да се нормализира. Тој додаде дека децата мора да имаат редовна и квалитетна настава.

The post Просветни инспектори влегоа во основното училиште „Љубен Лапе“ appeared first on Република.

]]>
Комунални инспектори и инспектори за животна средина изрекоа казни за палење оган на отворено и за недозволено фрлање отпад https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/komunalni-inspektori-i-inspektori-za-zivotna-sredina-izrekoa-kazni-za-palenje-ogan-na-otvoreno-i-za-nedozvoleno-frlanje-otpad/ Mon, 17 Jan 2022 12:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=445802

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје, составени од комунални инспектори и инспектори за животна средина, изминатиов викенд изрекоа казни за палење оган на отворено, како и за недозволено фрлање отпад, соопштија од Град Скопје.

Затекнати и санкционирани се лица кои палеле оган на отворено во Шуто Оризари за што се изречени две казни. Во општината Бутел, пак, во близина на последната автобуска станица на линијата број 57, фатено е лице како незаконски фрла отпад, за што истото е казнето.

Изминатиов викенд комуналните редари од Град Скопје изрекоа 11 казни на физички лица за непочитување на законските прописи и фрлале ѓубре на јавна површина во Градскиот парк.

Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор на јавните површини. Неселективно ќе се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

The post Комунални инспектори и инспектори за животна средина изрекоа казни за палење оган на отворено и за недозволено фрлање отпад appeared first on Република.