инспектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inspektor/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 09:49:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инспектор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inspektor/ 32 32 Инспектор фатен како краде струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/inspektor-faten-kako-krade-struja/ Mon, 19 Aug 2024 09:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=807900

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. - инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.

На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Инспектор фатен како краде струја appeared first on Република.

]]>

Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shesnaeset-reshenija-za-zabrana-za-rabota-za-nepochituvane-na-preporakite-za-zashtita-od-toplotniot-bran/ Wed, 14 Aug 2024 12:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=806501

Државните инспектори за труд вчера и завчера изрекле 16 решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран, откако затекнале активности на работници директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, информираа за МИА од Државниот инспекторат за труд (ДИТ).

Во тек на инспекциските надзори спроведени на 12 и 13 август, деновите за кои Владата донесе препораки, изречени се и 19 решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран.

Согласно прогласената портокалова фаза и препораките за работа во услови на топлотен бран, државните инспектори за труд вчера извршиле вкупно 139 инспекциски надзори, односно 125 вонредни надзори и 14 контроли и во дејностите каде работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови, односно директна изложеност на високи температури на отворено или каде во текот на работењето се изложени на топлинско зрачење.

Притоа на работодавачите им издале 11 решенија со наредба за почитување на препораките, како и седум решенија за забрана за работа за затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот.

Од ДИТ информираа дека завчера се спроведени 145 инспекциски надзори од кои 129 вонредни и 15 контролни надзори кои резултирале со осум решенија со наредба за почитување на препораките и девет решенија за забрана за работа.

Во тек на претходните топлотни бранови летово во тек на 1140 инспекциски надзори на ДИТ биле изрешени 95 решенија со наредба за почитување на препораките, како и 79 решенија за забрана за работа.

Во сите случаи каде е изречена забрана за работа во наведениот временски интервал, како што информираат од Инспекторатот, работодавачите ја почитувале забраната за работа односно прекинале со работни активности.

Со владините препораки за намалување на ризиците од високите температури беа ослободени од работни обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а работодавачите добија обврска да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Препорака имаше и за почитвање на законските прописи со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници.

The post Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран appeared first on Република.

]]>

Државните инспектори за труд вчера и завчера изрекле 16 решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран, откако затекнале активности на работници директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, информираа за МИА од Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Во тек на инспекциските надзори спроведени на 12 и 13 август, деновите за кои Владата донесе препораки, изречени се и 19 решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран. Согласно прогласената портокалова фаза и препораките за работа во услови на топлотен бран, државните инспектори за труд вчера извршиле вкупно 139 инспекциски надзори, односно 125 вонредни надзори и 14 контроли и во дејностите каде работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови, односно директна изложеност на високи температури на отворено или каде во текот на работењето се изложени на топлинско зрачење. Притоа на работодавачите им издале 11 решенија со наредба за почитување на препораките, како и седум решенија за забрана за работа за затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот. Од ДИТ информираа дека завчера се спроведени 145 инспекциски надзори од кои 129 вонредни и 15 контролни надзори кои резултирале со осум решенија со наредба за почитување на препораките и девет решенија за забрана за работа. Во тек на претходните топлотни бранови летово во тек на 1140 инспекциски надзори на ДИТ биле изрешени 95 решенија со наредба за почитување на препораките, како и 79 решенија за забрана за работа. Во сите случаи каде е изречена забрана за работа во наведениот временски интервал, како што информираат од Инспекторатот, работодавачите ја почитувале забраната за работа односно прекинале со работни активности. Со владините препораки за намалување на ризиците од високите температури беа ослободени од работни обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години, а работодавачите добија обврска да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Препорака имаше и за почитвање на законските прописи со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници.  

The post Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран appeared first on Република.

]]>
Млад инспектор се насобрал мито од цел Исток https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mlad-inspektor-se-nasobral-mito-od-tsel-istok/ Sun, 10 Dec 2023 16:28:20 +0000 https://republika.mk/?p=721506

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(34) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Како што информира МВР, пријавениот, вработен во Државен пазарен инспекторат - инспектор во Одделение за инспекциски надзор Струмица во Гевгелија, Валандово и Радовиш, во периодот од јуни до ноември 2023 година, во шест наврати од шест лица примил вкупно 21.000 денари и 150 евра за да не изврши службени дејствија.

The post Млад инспектор се насобрал мито од цел Исток appeared first on Република.

]]>

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(34) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. Како што информира МВР, пријавениот, вработен во Државен пазарен инспекторат - инспектор во Одделение за инспекциски надзор Струмица во Гевгелија, Валандово и Радовиш, во периодот од јуни до ноември 2023 година, во шест наврати од шест лица примил вкупно 21.000 денари и 150 евра за да не изврши службени дејствија.

The post Млад инспектор се насобрал мито од цел Исток appeared first on Република.

]]>
За 50 евра мито падна инспектор од Пазарна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-50-evra-mito-padna-inspektor-od-pazarna/ Wed, 22 Nov 2023 08:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=714973

Лишен од слобода е 33-годишниот К.Ѓ. од село Подареш, радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен вчера во 12 часот, откако во текот на вчерашниот ден, осомничениот од двајца жители на радовишко примил 3.000 денари, што претходно ги побарал од нив за да не констатира прекршок, согласно Законот за изменување и дополнување на законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност. Односно, за да не преземе службено дејствие кое бил должен да го изврши. Во моментот кога е лишен од слобода, кај него биле пронајдени парите што ги примил како поткуп.

Од дополнително преземените мерки и активности, било утврдено дека К.Ѓ. во периодот од јуни до ноември годинава во повеќе наврати од жители на Радовиш и радовишко, примил пари во вкупен износ од 18.000 денари и 150 евра како поткуп. Во еден случај, примил поткуп за да не констатира прекршок по извршен надзор, а во останатите случаи, поткупот го примил со цел да не изврши надзор што бил должен да го изврши, се појаснува во соопштението на МВР.

Лицето било задржано во полициската станица Радовиш и ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.

The post За 50 евра мито падна инспектор од Пазарна appeared first on Република.

]]>

Лишен од слобода е 33-годишниот К.Ѓ. од село Подареш, радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Тој бил приведен вчера во 12 часот, откако во текот на вчерашниот ден, осомничениот од двајца жители на радовишко примил 3.000 денари, што претходно ги побарал од нив за да не констатира прекршок, согласно Законот за изменување и дополнување на законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност. Односно, за да не преземе службено дејствие кое бил должен да го изврши. Во моментот кога е лишен од слобода, кај него биле пронајдени парите што ги примил како поткуп.
Од дополнително преземените мерки и активности, било утврдено дека К.Ѓ. во периодот од јуни до ноември годинава во повеќе наврати од жители на Радовиш и радовишко, примил пари во вкупен износ од 18.000 денари и 150 евра како поткуп. Во еден случај, примил поткуп за да не констатира прекршок по извршен надзор, а во останатите случаи, поткупот го примил со цел да не изврши надзор што бил должен да го изврши, се појаснува во соопштението на МВР.
Лицето било задржано во полициската станица Радовиш и ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.

The post За 50 евра мито падна инспектор од Пазарна appeared first on Република.

]]>
Уапсени тетовци кои биле агресивни и му попречувале на инспектор на УЈП https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapseni-tetovtsi-koi-bile-agresivni-i-mu-poprechuvale-na-inspektor-na-ujp/ Tue, 06 Jun 2023 11:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=648359

Вчера  во 20.10 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(52) и А.А.(24), двајцата од Тетово, затоа што се однесувале агресивно
и попречувале инспектор од УЈП при вршење службени дејствија.

Од СВР Тетово велат дека лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање.

The post Уапсени тетовци кои биле агресивни и му попречувале на инспектор на УЈП appeared first on Република.

]]>

Вчера  во 20.10 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(52) и А.А.(24), двајцата од Тетово, затоа што се однесувале агресивно и попречувале инспектор од УЈП при вршење службени дејствија. Од СВР Тетово велат дека лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање.

The post Уапсени тетовци кои биле агресивни и му попречувале на инспектор на УЈП appeared first on Република.

]]>
Двојкаш со средно за плата од 5.600 евра месечно ќе врши надзор на изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvojkash-so-sredno-za-plata-od-5-600-evra-mesechno-ke-vrshi-nadzor-na-izgradbata-na-avtopatot-gostivar-bukojchani/ Tue, 04 Apr 2023 11:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=627102

Од експерти никогаш доста, дали се тоа во железница, или одредени инспекторати, односно се експерти во надзор од коридорите 8 и 10д од „Бехтел и Енка“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ако се анализира документацијата од тендерот за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d, ќе се увиди дека недостасуваат податоци за дел од експертите. Односно недостасуваат потпишани договори на дел од тие експерти со економските оператори што го имаат добиено тендерот или нивни подизведувачи.
Од другите податоци кои се достапни, наведени се имиња и презимиња на експерти, нивното образование и работно искуство.
Така за позицијата С4. ИСПЕКТОР за објекти и конструкции од персонал за автопатска делница Гостивар-Букојчани е наведен извесен Никола Ч. Истиот е со средно образование градежен техничар со успех ДОВОЛЕН (2).
За ова работно место е предвидена нето плата од 344.844 денари, односно 5.600 евра месечно.
Секојдневно надзорот на изградба на патните коридори ги вади своите сомнителни аномалии на површина.
Избори веднаш, за да запре ова соголување на државниот буџет, велат од партијата.

The post Двојкаш со средно за плата од 5.600 евра месечно ќе врши надзор на изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани appeared first on Република.

]]>

Од експерти никогаш доста, дали се тоа во железница, или одредени инспекторати, односно се експерти во надзор од коридорите 8 и 10д од „Бехтел и Енка“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ако се анализира документацијата од тендерот за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d, ќе се увиди дека недостасуваат податоци за дел од експертите. Односно недостасуваат потпишани договори на дел од тие експерти со економските оператори што го имаат добиено тендерот или нивни подизведувачи. Од другите податоци кои се достапни, наведени се имиња и презимиња на експерти, нивното образование и работно искуство. Така за позицијата С4. ИСПЕКТОР за објекти и конструкции од персонал за автопатска делница Гостивар-Букојчани е наведен извесен Никола Ч. Истиот е со средно образование градежен техничар со успех ДОВОЛЕН (2). За ова работно место е предвидена нето плата од 344.844 денари, односно 5.600 евра месечно. Секојдневно надзорот на изградба на патните коридори ги вади своите сомнителни аномалии на површина. Избори веднаш, за да запре ова соголување на државниот буџет, велат од партијата.

The post Двојкаш со средно за плата од 5.600 евра месечно ќе врши надзор на изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани appeared first on Република.

]]>
Разрешениот насилник директор од ОУ „Лазо Ангеловски“ сега е инспектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/razresheniot-nasilnik-direktor-od-ou-lazo-angelovski-sega-e-inspektor/ Fri, 07 Oct 2022 07:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=558200

Перо Арсеновски, откако беше разрешен од функцијата директор на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром „поради недолично однесување“, сега е вратен на своето претходно работно место кое му било ставено во мирување.

Тој сега повторно е советник државен-инспектор за надзор во високото образование во Државниот просветен инспекторат.

https://republika.mk/vesti/skopje/osuden-za-semejno-nasilstvo-konflikten-na-rabota-pod-itno-da-se-istrazi-odnesuvanjeto-na-direktorot-na-ou-lazo-angelovski/

Раководителот на секторот Африм Саљиу за Плусинфо ја потврди оваа информација, велејќи дека до оваа институција нема пристигнато никаков допис или правен акт за да се спречи Арсеновски и натаму да ја врши функцијата инспектор.

Како што знаете, според законската регулатива работното место се става во мирување за избрано или именувано лице, а откако ќе заврши на мандатот, лицето е вратено на претходното работно место. Арсеновски пред повеќе од четири години беше избран да ја врши функцијата во ОУ „Лазо Ангеловски“, па по завршувањето на мандатот, тој беше вратен повторно во Државниот инспекторат, рече Саљиу.

Тој додава дека ниту до него, ниту до директорот на институцијата нема пристигнато никаков допис за ова лице кое претходно беше поврзувано со наводно негово недолично однесување, па поради тоа што поседува лиценца за инспектор, а и ги исполнува законските услови, во моментов е на работно место инспектор во oдделение за инспекциски надзор во високото образование, научните институти и студентските домови.

The post Разрешениот насилник директор од ОУ „Лазо Ангеловски“ сега е инспектор appeared first on Република.

]]>

Перо Арсеновски, откако беше разрешен од функцијата директор на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром „поради недолично однесување“, сега е вратен на своето претходно работно место кое му било ставено во мирување. Тој сега повторно е советник државен-инспектор за надзор во високото образование во Државниот просветен инспекторат. https://republika.mk/vesti/skopje/osuden-za-semejno-nasilstvo-konflikten-na-rabota-pod-itno-da-se-istrazi-odnesuvanjeto-na-direktorot-na-ou-lazo-angelovski/ Раководителот на секторот Африм Саљиу за Плусинфо ја потврди оваа информација, велејќи дека до оваа институција нема пристигнато никаков допис или правен акт за да се спречи Арсеновски и натаму да ја врши функцијата инспектор.
Како што знаете, според законската регулатива работното место се става во мирување за избрано или именувано лице, а откако ќе заврши на мандатот, лицето е вратено на претходното работно место. Арсеновски пред повеќе од четири години беше избран да ја врши функцијата во ОУ „Лазо Ангеловски“, па по завршувањето на мандатот, тој беше вратен повторно во Државниот инспекторат, рече Саљиу.
Тој додава дека ниту до него, ниту до директорот на институцијата нема пристигнато никаков допис за ова лице кое претходно беше поврзувано со наводно негово недолично однесување, па поради тоа што поседува лиценца за инспектор, а и ги исполнува законските услови, во моментов е на работно место инспектор во oдделение за инспекциски надзор во високото образование, научните институти и студентските домови.  

The post Разрешениот насилник директор од ОУ „Лазо Ангеловски“ сега е инспектор appeared first on Република.

]]>
Приведен инспектор на УЈП https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-inspektor-na-ujp/ Wed, 06 Jul 2022 13:26:37 +0000 https://republika.mk/?p=524815

Приведен е Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи.

По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, тој денеска е лишен од слобода затоа што во својство на службено лице, во текот на мај и почетокот на јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.

Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен. По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, се појаснува во соопштението од МВР.

The post Приведен инспектор на УЈП appeared first on Република.

]]>

Приведен е Ј.К.(63) од Скопје, вработен како инспектор во Управата за јавни приходи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, тој денеска е лишен од слобода затоа што во својство на службено лице, во текот на мај и почетокот на јуни, постапувајќи по налог за контрола на ДДВ, од сопственик на правно лице од Скопје, побарал парична награда-поткуп во износ од 700 евра за да преземе службено дејствие што не би смеело да го преземе, односно да изготви Записник со помал наод, кој по негово кажување требало да изнесува 600.000 денари.
Ј.К., по претходен телефонски разговор и договор за средба, во текот на денешниот ден во Скопје ги побара и прими паричните средства во побараниот износ, по што од страна на полициски службеници е приведен. По претходна наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес кај лицето, при што се пронајдени паричните средства кои беа дадени од страна на правното лице. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, се појаснува во соопштението од МВР.

The post Приведен инспектор на УЈП appeared first on Република.

]]>
Советник на Левица го откри идентитетот на инспекторот: Ова е човекот кој го казни со 7 илјади евра угостителот во Гевгелија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetnik-na-levica-go-otkri-identitetot-na-inspektorot-ova-e-chovekot-koj-go-kazni-so-7-iljadi-evra-ugostitelot-vo-gevgelija/ Tue, 15 Feb 2022 18:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=459013

Саше Јанчев е Советник од Левица во општина Гевгелија, тој на својот Фејсбук го откри идентитетот на инспекторот кој го казни угостителот градот со казна од 7 илјади евра, казна која најверојатно ќе го примора да го затвори својот ресторан.

-Ова од лево на првата слика е инспекторот по чиј налог за сертификати беше напишана казна од 7 000 евра и забрана за работа 10 дена на ресторан во Гевгелија-напиша Јанчев.

„Ми го уништија бизнисот, не можам да платам 7,000 евра казна за Ковид сертификати“, рече Илија Митрев, сопственик на ресторанот „Крим“ од Гевгелија, кој бил казнет од инспекцијата поради неколку гости кои седеле во локалот со лажни сертификати за вакцинација против ковид-19.

„Две години се боревме да преживееме. Две години не можеме два денара да извадиме. Позајмици правам да платиме струја, плати. Ова е катастрофа. Дали сум јас или некој друг, вака не бива. Јас не сум убиец. Идат гости, во време кога има 100,000 лажни сертификати, кога економијата е нула, ова ни го прават, знаете ли колку пара е седум илјади евра?, изјави сопственикот Ице на собирот на граѓани пред неговиот ресторан кои дојдоа да му изразат поддршка против неправедната одлука на гевгелиската инспекција“, рече Митрев вчера пред неколку десетици луѓе собрани пред неговиот локал.

The post Советник на Левица го откри идентитетот на инспекторот: Ова е човекот кој го казни со 7 илјади евра угостителот во Гевгелија appeared first on Република.

]]>

Саше Јанчев е Советник од Левица во општина Гевгелија, тој на својот Фејсбук го откри идентитетот на инспекторот кој го казни угостителот градот со казна од 7 илјади евра, казна која најверојатно ќе го примора да го затвори својот ресторан. -Ова од лево на првата слика е инспекторот по чиј налог за сертификати беше напишана казна од 7 000 евра и забрана за работа 10 дена на ресторан во Гевгелија-напиша Јанчев.  