инспекциски надзор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inspekciski-nadzor/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Nov 2023 11:35:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инспекциски надзор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inspekciski-nadzor/ 32 32 Извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош каде се појавија случаи на салмонела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/izvrshen-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-uchilishtata-vo-karposh-kade-se-pojavija-sluchai-na-salmonela/ Thu, 09 Nov 2023 11:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=699853

Во кујните на училиштата „Димо Хаџи Димов“ и „Владо Тасевски“ и во магацинскиот простор со кој стопанисува „Ванила фуд“ е извршен вонреден инспекциски надзор откако се регистрирани случаи на ученици заболени од салмонела. Во текот на денешниот ден ќе биде извршен инспекциски надзор и во училишните кујни во „Војдан Чернодрински“ и „Јан Амос Коменски“.

Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје и ЈЗУ Институт за јавно здравје. Согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисеви од работните површини, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните. Посетените објекти се времено затворени, информираа денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Од Општина Карпош вчера информираа за случајот. Оттаму посочија дека се заболени девет ученици и дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко. Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош, како што информираа од Општината, сама побарала вонреден преглед.

The post Извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош каде се појавија случаи на салмонела appeared first on Република.

]]>

Во кујните на училиштата „Димо Хаџи Димов“ и „Владо Тасевски“ и во магацинскиот простор со кој стопанисува „Ванила фуд“ е извршен вонреден инспекциски надзор откако се регистрирани случаи на ученици заболени од салмонела. Во текот на денешниот ден ќе биде извршен инспекциски надзор и во училишните кујни во „Војдан Чернодрински“ и „Јан Амос Коменски“. Вонредниот инспекциски надзор е извршен во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈЗУ Центар за јавно здравје и ЈЗУ Институт за јавно здравје. Согласно надлежностите на ДСЗИ земени се брисеви од работните површини, а од страна на АХВ примероци од храна од централниот магацин и кујните. Посетените објекти се времено затворени, информираа денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Од Општина Карпош вчера информираа за случајот. Оттаму посочија дека се заболени девет ученици и дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко. Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош, како што информираа од Општината, сама побарала вонреден преглед.

The post Извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата во Карпош каде се појавија случаи на салмонела appeared first on Република.

]]>
Вонреден инспекциски надзор на ДСЗИ на Клиниката за гинекологија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vonreden-inspektsiski-nadzor-na-dszi-na-klinikata-za-ginekologija/ Tue, 04 Jul 2023 11:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=657993

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во тек е вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитаренн и здраввствен инспекторат (ДСЗИ), соопшти Министерството за здравство.

Вонредниот инспекциски надзор е поради обидот за самоубиство на 39-годишна родилка.

Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, соопшти Министерството за здравство.

 

The post Вонреден инспекциски надзор на ДСЗИ на Клиниката за гинекологија appeared first on Република.

]]>

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во тек е вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитаренн и здраввствен инспекторат (ДСЗИ), соопшти Министерството за здравство. Вонредниот инспекциски надзор е поради обидот за самоубиство на 39-годишна родилка.
Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, соопшти Министерството за здравство.
 

The post Вонреден инспекциски надзор на ДСЗИ на Клиниката за гинекологија appeared first on Република.

]]>