Инонден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inonden/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Jul 2022 16:22:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Инонден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inonden/ 32 32 Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба ќе пеат во Крушево за Илинден https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tamara-todevska-nade-taleska-viktor-apostolovski-i-viktorija-loba-kje-peat-vo-krushevo-za-ilinden/ Sat, 30 Jul 2022 16:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=535163

Богата програма ќе понуди годинашново издание на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република” која ќе биде отворена во 20 часот на први август на споменикот Илинден на Гумење во Крушево.

Отворањето е со настапот на македонската филхармонија и на Македонската опера и балет. Вечерта ќе настапат и Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба, информираат од Манифестацијата.

Тоа значи, објаснуваат од Научно-културните средби „Десет дена крушевска република” дека на први август ќе настапат два оркестри и четворица македонски изведувачи.

Во текот на манифестацијата, која трае до 10 август, ќе има програма за деца, изложба на Зоран Кардула, настап на Дац и Александар како и проекција на македонски филмови.

Еден од настаните кој привлекува големо внимание е изложбата на Зоран Кардула која ќе се одржи на 4-ти август во споменик Илинден. Изложбата ќе биде „зачинета” со ди џеј сет на Томи Бојаџи.

На впечатлив начин ќе биде претставена изложбата на илустрации инспирирани од серијалот „Star Wars”, насловена како „Star Wars & Makedonium и ќе понуди вонвременскиот изглед на Македониумот.

Отворањето на изложбата ќе биде придружено и од музички дел за кој ќе биде задолжен Томи Бојаџи.

The post Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба ќе пеат во Крушево за Илинден appeared first on Република.

]]>

Богата програма ќе понуди годинашново издание на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република” која ќе биде отворена во 20 часот на први август на споменикот Илинден на Гумење во Крушево. Отворањето е со настапот на македонската филхармонија и на Македонската опера и балет. Вечерта ќе настапат и Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба, информираат од Манифестацијата. Тоа значи, објаснуваат од Научно-културните средби „Десет дена крушевска република” дека на први август ќе настапат два оркестри и четворица македонски изведувачи. Во текот на манифестацијата, која трае до 10 август, ќе има програма за деца, изложба на Зоран Кардула, настап на Дац и Александар како и проекција на македонски филмови. Еден од настаните кој привлекува големо внимание е изложбата на Зоран Кардула која ќе се одржи на 4-ти август во споменик Илинден. Изложбата ќе биде „зачинета” со ди џеј сет на Томи Бојаџи. На впечатлив начин ќе биде претставена изложбата на илустрации инспирирани од серијалот „Star Wars”, насловена како „Star Wars & Makedonium и ќе понуди вонвременскиот изглед на Македониумот. Отворањето на изложбата ќе биде придружено и од музички дел за кој ќе биде задолжен Томи Бојаџи.

The post Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба ќе пеат во Крушево за Илинден appeared first on Република.

]]>