Инкубатор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inkubator/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 12:50:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Инкубатор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inkubator/ 32 32 Oва се Србите од Франција кои украдоа бебе од инкубатор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-se-srbite-od-frantsija-koi-ukradoa-bebe-od-inkubator/ Fri, 25 Oct 2024 13:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=830965

Француските истражители најавија дека ќе заминат во Србија поради можноста осомничената мајка со српско потекло Кристина Н.(25), која заедно со партнерот Кевин Д.(23) и го киднапирале детето од болницата во Франција.

Инспекторите кои деноноќно трагаат по сопружниците од Србија, се со цел да го спасат животот на новороденчето, успеале да ги реконструираат движењата на бегалците со бебето, поради што постои реален сомнеж дека тие се упатиле кон Србија. Како што изјавиле, успеале да откријат дека сопружниците прво заминале од Франција во Белгија.

Белгиската полиција забележала автомобил „ауди“ со француски регистарски таблички, а поради сомневање дека е возилото на исчезнатата двојка, полицијата го запленила автомобилот за анализа. Споредувајќи ги регистарските таблички од издадената потерница, утврдено е дека се работи за возилото на сопружниците. Освен тоа, истражителите дошле во хотелот каде родителите престојувале со бебето за време на нивниот престој во Белгија, но кога пристигнала полицијата, ниту таму не биле пронајдени - пишуваат француските медиуми.

Пет лица блиски на ова семејство се во притвор во Франција под сомнение дека им помогнале да избегаат. Според француските медиуми, двајцата уапсени би можеле да одговараат за киднапирање малолетници со оглед на тоа што заедно со бараната двојка и бебето заминале во Белгија.

https://republika.mk/vesti/balkan/srbi-od-frantsija-si-go-kidnapirale-deteto-dodeka-bilo-vo-inkubator/

Двојката и нивното бебе исчезнаа доцна во ноќта на 21 октомври, кога, како што се сомневаат, го киднапирале своето предвремено родено дете од родилиштето „Роберт-Балонг“ во населбата Ални-со-Боа.

The post Oва се Србите од Франција кои украдоа бебе од инкубатор appeared first on Република.

]]>

Француските истражители најавија дека ќе заминат во Србија поради можноста осомничената мајка со српско потекло Кристина Н.(25), која заедно со партнерот Кевин Д.(23) и го киднапирале детето од болницата во Франција. Инспекторите кои деноноќно трагаат по сопружниците од Србија, се со цел да го спасат животот на новороденчето, успеале да ги реконструираат движењата на бегалците со бебето, поради што постои реален сомнеж дека тие се упатиле кон Србија. Како што изјавиле, успеале да откријат дека сопружниците прво заминале од Франција во Белгија.
Белгиската полиција забележала автомобил „ауди“ со француски регистарски таблички, а поради сомневање дека е возилото на исчезнатата двојка, полицијата го запленила автомобилот за анализа. Споредувајќи ги регистарските таблички од издадената потерница, утврдено е дека се работи за возилото на сопружниците. Освен тоа, истражителите дошле во хотелот каде родителите престојувале со бебето за време на нивниот престој во Белгија, но кога пристигнала полицијата, ниту таму не биле пронајдени - пишуваат француските медиуми.
Пет лица блиски на ова семејство се во притвор во Франција под сомнение дека им помогнале да избегаат. Според француските медиуми, двајцата уапсени би можеле да одговараат за киднапирање малолетници со оглед на тоа што заедно со бараната двојка и бебето заминале во Белгија. https://republika.mk/vesti/balkan/srbi-od-frantsija-si-go-kidnapirale-deteto-dodeka-bilo-vo-inkubator/ Двојката и нивното бебе исчезнаа доцна во ноќта на 21 октомври, кога, како што се сомневаат, го киднапирале своето предвремено родено дете од родилиштето „Роберт-Балонг“ во населбата Ални-со-Боа.

The post Oва се Србите од Франција кои украдоа бебе од инкубатор appeared first on Република.

]]>
Срби од Франција си го киднапирале детето додека било во инкубатор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbi-od-frantsija-si-go-kidnapirale-deteto-dodeka-bilo-vo-inkubator/ Fri, 25 Oct 2024 08:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=830710

Кристина Н.(25) и Кевин Д.(23), наводно двајцата по потекло од Србија, кои се осомничени дека пред неколку дена од болница во Франција го грабнале нивното предвремено родено дете, би можеле да завршат во доживотен затвор.

Кристина и Кевин се обвинети дека го киднапирале нивниот предвремено роден син, кој имал само 17 дена. Според медиумите, тие се товарат за организирано киднапирање на лице кое не наполнило 15 години, за што потенцијално им се заканува доживотен затвор.

Детето било киднапирано од болница во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, а се сомневаат дека родителите со бебето побегнале во Белгија. Бидејќи животот на малиот Сантијаго е во опасност, поради сложената здравствена состојба поради предвремено породување, доколку детето умре, ќе се променат деталите од обвинението, но не и висината на казната, бидејќи веќе им се заканува доживотен затвор поради киднапирање на малолетници.

Француските медиуми пишуваат дека казната би можела да биде сменета доколку родителите го вратат детето во рок од седум дена од киднапирањето.

Дали родителите можат да „киднапираат дете“?
Се поставува и прашањето дали може да бидат обвинети за киднапирање деца, бидејќи тоа е нивно дете. Сепак, постојат индиции дека престанокот на родителското право било планирано поради минатото на двајцата родители, бидејќи таткото има криминално досие, а мајката наводно е позната по употреба на наркотици.

Но, наводно, оваа мерка само била разгледана и во ниту еден момент не била покрената постапка за отстранување на детето.

Исто така, по апсењето може да се преиспита и квалификацијата на делото како „киднапирање од организирана банда“. Овде, околноста „организирана банда“ има предност што на правосудниот систем му дава рамка која отстапува од обичајното право, давајќи им на властите поголема слобода, пишува BFMTV.

Доколку родителите бидат уапсени, тие би можеле да бидат обвинети за „одбивање нега и храна на малолетник под 15 години од страна на надлежно лице или старател“. Во тој случај би се соочиле со казна затвор до седум години. Меѓутоа, доколку бебето умре, таа казна може да биде зголемена на 30 години.

Соучесниците во киднапирањето сепак ризикуваат доживотен затвор за „организираното“ киднапирање. Да потсетиме, досега се приведени повеќе лица на возраст од 16 до 29 години, поради сомнение дека имале клучна улога во организацијата и самото киднапирање.

Според последните информации, Кевин и Кристина биле забележани во хотел во Белгија. Тие беа фатени на надзорните камери во Монс во вторникот наутро, а автомобилот беше пронајден во Шарлроа во средата навечер.

The post Срби од Франција си го киднапирале детето додека било во инкубатор appeared first on Република.

]]>

Кристина Н.(25) и Кевин Д.(23), наводно двајцата по потекло од Србија, кои се осомничени дека пред неколку дена од болница во Франција го грабнале нивното предвремено родено дете, би можеле да завршат во доживотен затвор. Кристина и Кевин се обвинети дека го киднапирале нивниот предвремено роден син, кој имал само 17 дена. Според медиумите, тие се товарат за организирано киднапирање на лице кое не наполнило 15 години, за што потенцијално им се заканува доживотен затвор. Детето било киднапирано од болница во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, а се сомневаат дека родителите со бебето побегнале во Белгија. Бидејќи животот на малиот Сантијаго е во опасност, поради сложената здравствена состојба поради предвремено породување, доколку детето умре, ќе се променат деталите од обвинението, но не и висината на казната, бидејќи веќе им се заканува доживотен затвор поради киднапирање на малолетници. Француските медиуми пишуваат дека казната би можела да биде сменета доколку родителите го вратат детето во рок од седум дена од киднапирањето. Дали родителите можат да „киднапираат дете“? Се поставува и прашањето дали може да бидат обвинети за киднапирање деца, бидејќи тоа е нивно дете. Сепак, постојат индиции дека престанокот на родителското право било планирано поради минатото на двајцата родители, бидејќи таткото има криминално досие, а мајката наводно е позната по употреба на наркотици. Но, наводно, оваа мерка само била разгледана и во ниту еден момент не била покрената постапка за отстранување на детето.
Исто така, по апсењето може да се преиспита и квалификацијата на делото како „киднапирање од организирана банда“. Овде, околноста „организирана банда“ има предност што на правосудниот систем му дава рамка која отстапува од обичајното право, давајќи им на властите поголема слобода, пишува BFMTV.
Доколку родителите бидат уапсени, тие би можеле да бидат обвинети за „одбивање нега и храна на малолетник под 15 години од страна на надлежно лице или старател“. Во тој случај би се соочиле со казна затвор до седум години. Меѓутоа, доколку бебето умре, таа казна може да биде зголемена на 30 години. Соучесниците во киднапирањето сепак ризикуваат доживотен затвор за „организираното“ киднапирање. Да потсетиме, досега се приведени повеќе лица на возраст од 16 до 29 години, поради сомнение дека имале клучна улога во организацијата и самото киднапирање. Според последните информации, Кевин и Кристина биле забележани во хотел во Белгија. Тие беа фатени на надзорните камери во Монс во вторникот наутро, а автомобилот беше пронајден во Шарлроа во средата навечер.

The post Срби од Франција си го киднапирале детето додека било во инкубатор appeared first on Република.

]]>
Вечерва во МКЦ премиера на проектот „Showcase“ во продукција на „Инкубатор“ – платформа за млади уметници https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-mkts-premiera-na-proektot-showcase-vo-produktsija-na-inkubator-platforma-za-mladi-umetnitsi/ Mon, 30 Oct 2023 10:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=696221

Во продукција на „Инкубатор“ – платформа за млади уметници, на 30 октомври, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар премиерно ќе биде изведен проектот „Showcase“. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Автор на проектот е Матеа Мијановиќ, а го создава во соработка со уметниците Анастасија Данчевска, Дејан Битровски. Во проектот учествуваат млади уметници, музичарот Теодор Јаневски и танчерките Сара Димоска, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Моника Шолевска, Илина Костова, Теона Ѓуровска, Нина Петрушевска, Надја Лукановска, Ивона Маневска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Микаела Колцункова (Словачка), Сара Крковиќ (Црна Гора), Марија Андовска, кои се дел од Катедрата за современ атнц при универзитетот „Гоце Делчев“.

Идејата врз која се базира продукцијата е соработка на млади уметници од категориите музика, танц и визуелни уметности, со цел создавање на продукција, чии резултати се презентираат пред јавноста и овие млади уметници ги поставува на мапата на културната сцена кај нас. Проектите „Деконструкција/Котел“ и „Bounce With Me“ се резултат на повеќедневни работилници со младите уметници. Првата кореографија се бави со готова кореографија, која низ процес настражување се деконструира и се прилагодува на нов контекст во интерпретацијата. Во втората кореографија Битровски поминува процес на создавање со малдите уметници од импровизација до кореографија. Тргнувајќи од едно физичко дејство создаваме нарација. Како да ги поврземе сите елементи за да создадеме кореграфски текст?

Дејан Битровски е современ уметник, танчер и кореограф чија позадина е хип хоп и урбаните танцови стилови. Како короеграф соработува со млади уметници, а од 2014 година е дел од Скопје танцовиот театар. Во своите кореографии обработува современи теми. Битровски е асистент на Катедраат за современ танц при УГД. Како танчер гостува на светски фестсивали и театарски сцени во Хаг и Ротердам, Холандија; Братислава,Словачка; Чуанжо, Кина; Њујорк, САД, Париз, Франција, Рига, Латвија, Загреб, Хрватска, Белград, Србија.

Анастасија Данчевска е современ танчер и педагог. Таа е дел од продукциите на Скопеј танцовиот театар, и асистент на Катедрата за современ танц при УГД. Како танчар настапува на светски Амстердам, Хаг и Ротердам, Холандија; Братислава, Словачка; Пекинг и Чуанжо, Кина; Њујорк, САД; Париз, Франција, Рига, Латвија, Загреб, Хрватска.

Теодор Јанески има повеќегодишно искуство во настапи на музичката сцена, како солист и Добитник е на повеќе награди: Трето место за натпревар по гитара во основно училиште и четири награди за прво место во Хармонија во натпревари во средно училиште. Учествува на Лузер фест Скопје во 2019 година, каде добива награда како млад уметник и учествува како дел од бенд на фестивалот Џез Фабрика во Битола. Со бендот настапува по клубови и фестивали низ цела Македонија; Косово (Феризај), Србија (Нови Сад, Белград, Суботица), Бугарија (Софија).

Матеa Мијановиќ е скулптор и продуцент. Со свои дела учествува во повеќе изложби. Во периодот од 2014 до 2020 година работи како асистент на проектите на академскиот скулптор Жарко Башески. Во 2018 година го создава и менаџира проектот „Инкубатор – Платформа за млади уметници“, првично поддржан од Швајцарската амбасада во Скопје, кој се одржува до денес. Во 2018 и 2019 година го создава и менаџира проектот „Современ Стар Град“. Во 2020 и 2021 го создава проектот „Протоген – Прва колонија за применета уметност. Во 2021 работи како координатор на реставрација на „Куќата на Соколови“, проект во рамките на ПЛРК-програмата водена од Светска Банка, со кој комплетно се реставрира и санира традиционална куќа, изградена во 1812 год, која како дел на кратовското градско јадро е заштитена како споменик на културното наследство на Македонија. Матеа Мијановиќ работи и како сценограф и продуцент во повеќе танцови продукции и нивни меѓународни претставувања.

 

The post Вечерва во МКЦ премиера на проектот „Showcase“ во продукција на „Инкубатор“ – платформа за млади уметници appeared first on Република.

]]>

Во продукција на „Инкубатор“ – платформа за млади уметници, на 30 октомври, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар премиерно ќе биде изведен проектот „Showcase“. Проектот е поддржан од Министерството за култура. Автор на проектот е Матеа Мијановиќ, а го создава во соработка со уметниците Анастасија Данчевска, Дејан Битровски. Во проектот учествуваат млади уметници, музичарот Теодор Јаневски и танчерките Сара Димоска, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Моника Шолевска, Илина Костова, Теона Ѓуровска, Нина Петрушевска, Надја Лукановска, Ивона Маневска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Микаела Колцункова (Словачка), Сара Крковиќ (Црна Гора), Марија Андовска, кои се дел од Катедрата за современ атнц при универзитетот „Гоце Делчев“. Идејата врз која се базира продукцијата е соработка на млади уметници од категориите музика, танц и визуелни уметности, со цел создавање на продукција, чии резултати се презентираат пред јавноста и овие млади уметници ги поставува на мапата на културната сцена кај нас. Проектите „Деконструкција/Котел“ и „Bounce With Me“ се резултат на повеќедневни работилници со младите уметници. Првата кореографија се бави со готова кореографија, која низ процес настражување се деконструира и се прилагодува на нов контекст во интерпретацијата. Во втората кореографија Битровски поминува процес на создавање со малдите уметници од импровизација до кореографија. Тргнувајќи од едно физичко дејство создаваме нарација. Како да ги поврземе сите елементи за да создадеме кореграфски текст? Дејан Битровски е современ уметник, танчер и кореограф чија позадина е хип хоп и урбаните танцови стилови. Како короеграф соработува со млади уметници, а од 2014 година е дел од Скопје танцовиот театар. Во своите кореографии обработува современи теми. Битровски е асистент на Катедраат за современ танц при УГД. Како танчер гостува на светски фестсивали и театарски сцени во Хаг и Ротердам, Холандија; Братислава,Словачка; Чуанжо, Кина; Њујорк, САД, Париз, Франција, Рига, Латвија, Загреб, Хрватска, Белград, Србија. Анастасија Данчевска е современ танчер и педагог. Таа е дел од продукциите на Скопеј танцовиот театар, и асистент на Катедрата за современ танц при УГД. Како танчар настапува на светски Амстердам, Хаг и Ротердам, Холандија; Братислава, Словачка; Пекинг и Чуанжо, Кина; Њујорк, САД; Париз, Франција, Рига, Латвија, Загреб, Хрватска. Теодор Јанески има повеќегодишно искуство во настапи на музичката сцена, како солист и Добитник е на повеќе награди: Трето место за натпревар по гитара во основно училиште и четири награди за прво место во Хармонија во натпревари во средно училиште. Учествува на Лузер фест Скопје во 2019 година, каде добива награда како млад уметник и учествува како дел од бенд на фестивалот Џез Фабрика во Битола. Со бендот настапува по клубови и фестивали низ цела Македонија; Косово (Феризај), Србија (Нови Сад, Белград, Суботица), Бугарија (Софија). Матеa Мијановиќ е скулптор и продуцент. Со свои дела учествува во повеќе изложби. Во периодот од 2014 до 2020 година работи како асистент на проектите на академскиот скулптор Жарко Башески. Во 2018 година го создава и менаџира проектот „Инкубатор – Платформа за млади уметници“, првично поддржан од Швајцарската амбасада во Скопје, кој се одржува до денес. Во 2018 и 2019 година го создава и менаџира проектот „Современ Стар Град“. Во 2020 и 2021 го создава проектот „Протоген – Прва колонија за применета уметност. Во 2021 работи како координатор на реставрација на „Куќата на Соколови“, проект во рамките на ПЛРК-програмата водена од Светска Банка, со кој комплетно се реставрира и санира традиционална куќа, изградена во 1812 год, која како дел на кратовското градско јадро е заштитена како споменик на културното наследство на Македонија. Матеа Мијановиќ работи и како сценограф и продуцент во повеќе танцови продукции и нивни меѓународни претставувања.  

The post Вечерва во МКЦ премиера на проектот „Showcase“ во продукција на „Инкубатор“ – платформа за млади уметници appeared first on Република.

]]>