инклузија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inkluzija/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 07:14:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инклузија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inkluzija/ 32 32 Томи Стефановски пливаше за инклузија на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tomi-stefanovski-plivashe-za-inkluzija-na-detsata-so-atipichen-razvoj-i-invalidiziranite-litsa/ Thu, 15 Aug 2024 07:14:44 +0000 https://republika.mk/?p=806662

Македонската пливачка легенда Томи Стефановски 4 часа пливаше во Охридското езеро за инклузија на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица во рамки на хуманитарниот настан „Пливање за инклузија“.

Повод за овој подвиг, пливање 15 километри од хотел Десарет во месноста Пештани, до Црквата Св. Јован Канео и назад до охридското пристаниште, е 15 годишнината од препливување на каналот Ла Манш.

Оваа соработка која настана и ме мотивираше да го поставам овој предизвик, сакам да прерасне во традиција. Секоја година на 14-ти август да се потсетуваме дека треба да се грижиме за сите деца кои, поради различни причини, не добиваат можност да бидат дел од спортот и општествените настани“, рече Томи по завршување на пливањето на Охридското пристаниште.

Хуманитарниот настан Стефановски го организира со невладината организација ИТК Македонија – Скопје и Охридскиот Пливачки Маратон. Според Мартин Мојсовски од ИТК Македонија - Скопје, овој настан претставува обид за уште поголемо вклучување на лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование.

Заедно со мојот колега Радован Вељановски се бориме за поголема инклузија во спортот и професионализирање на професијата тренер во адаптивни спортови. Полека, но сигурно добиваме се поголема поддршка од заедницата и овој потфат на Томи е од огромно значење за подигнување на свеста за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и нивна интеграција во системот, објасни Мојсовски.

Ристе Јанкоски, претседател на организациониот одбор на Охридскиот Пливачки Маратон, рече дека овој хуманитарен настан ќе прерасне во традиција за да се помогне онаму каде што е најпотребно.

Само со заедништво може да им пристапиме на вакви социјални предизвици и инклузијата не само во спортот, туку и во секојдневниот живот, да е нешто нормално. Со овие чекори сакаме на многу поединци и групи да им дадеме шанса да бидат дел од спортот и од општествените збиднувања“, рече Јанкоски.

Стефановски го преплива каналот Ла Манш по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Македонецот Нико Нестор (1958) и 40- годишнината од препливување на првата Македонка, Атина Бојаџи (1969). Тогаш, потфатот на Стефановски траеше цели 7 часа и 42 минути, резултат кој е 13-ти на вечната листа во 149 годишната историја на препливување на каналот.

The post Томи Стефановски пливаше за инклузија на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица appeared first on Република.

]]>

Македонската пливачка легенда Томи Стефановски 4 часа пливаше во Охридското езеро за инклузија на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица во рамки на хуманитарниот настан „Пливање за инклузија“. Повод за овој подвиг, пливање 15 километри од хотел Десарет во месноста Пештани, до Црквата Св. Јован Канео и назад до охридското пристаниште, е 15 годишнината од препливување на каналот Ла Манш.
Оваа соработка која настана и ме мотивираше да го поставам овој предизвик, сакам да прерасне во традиција. Секоја година на 14-ти август да се потсетуваме дека треба да се грижиме за сите деца кои, поради различни причини, не добиваат можност да бидат дел од спортот и општествените настани“, рече Томи по завршување на пливањето на Охридското пристаниште.
Хуманитарниот настан Стефановски го организира со невладината организација ИТК Македонија – Скопје и Охридскиот Пливачки Маратон. Според Мартин Мојсовски од ИТК Македонија - Скопје, овој настан претставува обид за уште поголемо вклучување на лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование.
Заедно со мојот колега Радован Вељановски се бориме за поголема инклузија во спортот и професионализирање на професијата тренер во адаптивни спортови. Полека, но сигурно добиваме се поголема поддршка од заедницата и овој потфат на Томи е од огромно значење за подигнување на свеста за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и нивна интеграција во системот, објасни Мојсовски.
Ристе Јанкоски, претседател на организациониот одбор на Охридскиот Пливачки Маратон, рече дека овој хуманитарен настан ќе прерасне во традиција за да се помогне онаму каде што е најпотребно.
Само со заедништво може да им пристапиме на вакви социјални предизвици и инклузијата не само во спортот, туку и во секојдневниот живот, да е нешто нормално. Со овие чекори сакаме на многу поединци и групи да им дадеме шанса да бидат дел од спортот и од општествените збиднувања“, рече Јанкоски.
Стефановски го преплива каналот Ла Манш по повод 50-годишниот јубилеј од првото препливување на каналот од страна на Македонецот Нико Нестор (1958) и 40- годишнината од препливување на првата Македонка, Атина Бојаџи (1969). Тогаш, потфатот на Стефановски траеше цели 7 часа и 42 минути, резултат кој е 13-ти на вечната листа во 149 годишната историја на препливување на каналот.

The post Томи Стефановски пливаше за инклузија на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица appeared first on Република.

]]>
Ангелова: Со тоталната инклузија власта направи проблем за децата со предизвици https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/angelova-so-totalnata-inkluzija-vlasta-napravi-problem-za-detsata-so-predizvitsi/ Sun, 12 Nov 2023 12:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=700727

За системот на тотална инклузија кој го наметна власта не проверија на терен каква е состојбата, не се прашани тие кои се во праксата, не се консултирале со ниту еден професор од катедрата за специјална едукација и рехабилитација, изјави Катерина Ангелова, магистер по специјална едукација и рехабилитација од областа на специфични тешкотии во учењето, на дебатата во Македонски Брод насловена „Во Македонија мора да има достоинствено место за лицата со предизвици“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“

Едноставно директно го имплементираа во образованието без да извршат подготовка. Нема доволно кадар во редовните училишта, за да бидеме во тотална инклузија треба да се вработи комплетна стручна служба, медицинско лице и негувател. Асистентите се од различни профили и тие не се обучени, имаат кратка обука од 3 до 5 дена. Воопшто не се спремни да им помогнат на учениците за да следат образование по нивна мерка, истакна таа.

Ангелова додаде дека инклузијата како инклузија треба да постои, но треба да се постават граници кои ученици може да се инклузираат во зависност од нивната интелектуална способност.

До лесна интелектуална попреченост и некои други состојби да, но од умерена и тешка на тие ученици им е потребно посебно училиште. Јас сум дефектолог во основно училиште, ние како луѓе хумани ги прифаќаме децата, но тие не често се исполнети, не се стекнуваат со знаења и вештини потребни за животот, проблемот настанува кога доаѓа до предметна настава која е апстрактна за нив, немаат препознавања, изјави Ангелова.

Ангелова вели дека таквите деца може се да речеме на возраст од 11, но менталната им е на 5-6 години и тука се губи смислата на тоталната инклузија.

Воедно посочи дека наставниот кадар не е обучен, со обуки од 3 саати не може да бидеш спремен на тие деца да можеш соодветно да им пренесеш знаење.

- Жално е што акцентот е ставен само на основното образование, инклузијата претставува грижа од самото детектирање до старост, низ целиот животен процес. Во средни училишта пред се нема дефектолози и не може да им се објасни дека треба да има, а децата се запишуваат. Жално е што се направи овој проблем со тотална инклузија. Јас сум за инклузија, но сега има изгубени деца, експерименти, што ништо нема да се случи понатаму да имаат квалитетен живот за нив, истакна таа.

Ангелова нагласи дека сега меѓународната комисија за функционалност во Македонија се наоѓа само во Скопје, родители закажуваат по 6 месеци и добиваат 4-5 реченици со цели кои треба да се постигнат за две години, вон тие цели ништо не може да се менува, а може детето побрзо да напредува.

Според неа треба да се почне од почеток, да се вратат посебните училишта во функција да се инклузираат целите семејства затоа што нивниот живот се разликува, да се отворат сервиси кои ќе се на располагање на тие семејства, тим да работи со цело семејства,  системот да се смени.

The post Ангелова: Со тоталната инклузија власта направи проблем за децата со предизвици appeared first on Република.

Општина Гази Баба дел од проектот за инклузија на деца Роми во детските градинки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-gazi-baba-del-od-proektot-za-inkluzija-na-detsa-romi-vo-detskite-gradinki/ Mon, 27 Feb 2023 10:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=613688

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, утрово во Клубот на Пратеници учествуваше на настанот на кој се презентираа постигнатите резултати од реализацијата на проектот „Инклузија на деца Роми во Јавните општински установи и Детските градинки“.

Општина Гази Баба заедно со ЈУДГ 25 Мај беше дел од проектот во рамки на кои се инклузираа 20 дечиња Роми во рамки на детската градинка.

Секое дете е важно и токму затоа општина Гази Баба се приклучи на овој проект со цел инклузија на децата Роми во воспитувачкиот процес уште од најмали нозе, а потоа истото да продолжи и низ образовниот процес, посочи Стефковски.

The post Општина Гази Баба дел од проектот за инклузија на деца Роми во детските градинки appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, утрово во Клубот на Пратеници учествуваше на настанот на кој се презентираа постигнатите резултати од реализацијата на проектот „Инклузија на деца Роми во Јавните општински установи и Детските градинки“. Општина Гази Баба заедно со ЈУДГ 25 Мај беше дел од проектот во рамки на кои се инклузираа 20 дечиња Роми во рамки на детската градинка.
Секое дете е важно и токму затоа општина Гази Баба се приклучи на овој проект со цел инклузија на децата Роми во воспитувачкиот процес уште од најмали нозе, а потоа истото да продолжи и низ образовниот процес, посочи Стефковски.

The post Општина Гази Баба дел од проектот за инклузија на деца Роми во детските градинки appeared first on Република.

]]>
Инклузивна танцова претстава „Рефлексија“ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/inkluzivna-tancova-pretstava-refleksija-po-povod-megjunarodniot-den-na-licata-so-poprechenost/ Sat, 03 Dec 2022 14:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=581377

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска на големата сцена во Националната опера и балет во Скопје ќе се одигра инклузивната танцова претстава „Рефлексија“.

Ова е трета по ред инклузивна танцова претстава која има за цел да ја подигне свеста за лицата со попреченост и да поттикне нивно инволвирање во сите сфери од животот, вклучително и уметностите, истакнаа од танцовото студио „Еурека“.

Настанот е поддржан и остварен во соработка со Министерство за култура.

Како што најавија од „Еурека“, настанот ќе биде проследен од сопругата на претседателот на државата господинот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска. Поканети се претставници од амбасадите, бизнис заедницата, музичката сцена и други личности

The post Инклузивна танцова претстава „Рефлексија“ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост appeared first on Република.

]]>

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска на големата сцена во Националната опера и балет во Скопје ќе се одигра инклузивната танцова претстава „Рефлексија“.
Ова е трета по ред инклузивна танцова претстава која има за цел да ја подигне свеста за лицата со попреченост и да поттикне нивно инволвирање во сите сфери од животот, вклучително и уметностите, истакнаа од танцовото студио „Еурека“.
Настанот е поддржан и остварен во соработка со Министерство за култура. Како што најавија од „Еурека“, настанот ќе биде проследен од сопругата на претседателот на државата господинот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска. Поканети се претставници од амбасадите, бизнис заедницата, музичката сцена и други личности

The post Инклузивна танцова претстава „Рефлексија“ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост appeared first on Република.

]]>
Фестивал на инклузија и уметност во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/festival-na-inkluzija-i-umetnost-vo-aerodrom/ Mon, 24 Oct 2022 08:08:12 +0000 https://republika.mk/?p=564831

Во општина Аеродром денеска, Здружението за афирмација на правата на лицата со попреченост – Икуалити го организира првиот фестивал на инклузија и уметност.

Фестивалот има за цел да внесе нова културно-уметничката содржина на Скопје и да ја запознае публиката со креативноста и уметноста на лицата со попреченост, а на сите заинтересирани изведувачи и излагачи да им обезбеди платформа каде што ќе можат да ја претстават својата креативност во сите уметнички форми: од уметност и музика до перформанс и применета уметност.

Основната цел на оваа манифестација е социјална интеграција на лицата со попреченост преку промоција на нивните можности, како и намалување на општествениот јаз и одржување кохезија.

Програмата на фестивалот почнува во 12 часот со „Интеграциска работилница за креативно изразување за лица со и без попреченост“. Работилницата ќе трае 3 часа, а од 16 часот започнува „Работилница за развивање на комуникациски вештини низ дружење со лица со оштетен вид и слух“.

Истот така предвидено е од 19 до 20 часот да има инклузивна танцова претстава – „Рефлексија“ во изведба на „Еурека“ студиото за танц. Веднаш после претставата, треба да започне музичката програма поддржана од страна на пијанистката Ема Ананиевска, а потоа следува настап на инклузивниот хор „Трисомија 21“ и „Колектив Ветерница“.

Поддршка на овој прв и единствен „Фестивал на инклузија“ ќе даде Игор Џамбазов и уште многу музички ѕвезди.

„Фестивалот на инклузија“ има за цел да прерасне во традиција преку промовирање на еден од начините за создавање инклузивна атмосфера и учество во креирањето на инклузивна културна политика на нашата заедница, во потрагата по нови стратегии за инклузија и интеграција на различни маргинални групи деца и млади.

The post Фестивал на инклузија и уметност во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Во општина Аеродром денеска, Здружението за афирмација на правата на лицата со попреченост – Икуалити го организира првиот фестивал на инклузија и уметност. Фестивалот има за цел да внесе нова културно-уметничката содржина на Скопје и да ја запознае публиката со креативноста и уметноста на лицата со попреченост, а на сите заинтересирани изведувачи и излагачи да им обезбеди платформа каде што ќе можат да ја претстават својата креативност во сите уметнички форми: од уметност и музика до перформанс и применета уметност. Основната цел на оваа манифестација е социјална интеграција на лицата со попреченост преку промоција на нивните можности, како и намалување на општествениот јаз и одржување кохезија. Програмата на фестивалот почнува во 12 часот со „Интеграциска работилница за креативно изразување за лица со и без попреченост“. Работилницата ќе трае 3 часа, а од 16 часот започнува „Работилница за развивање на комуникациски вештини низ дружење со лица со оштетен вид и слух“. Истот така предвидено е од 19 до 20 часот да има инклузивна танцова претстава – „Рефлексија“ во изведба на „Еурека“ студиото за танц. Веднаш после претставата, треба да започне музичката програма поддржана од страна на пијанистката Ема Ананиевска, а потоа следува настап на инклузивниот хор „Трисомија 21“ и „Колектив Ветерница“. Поддршка на овој прв и единствен „Фестивал на инклузија“ ќе даде Игор Џамбазов и уште многу музички ѕвезди. „Фестивалот на инклузија“ има за цел да прерасне во традиција преку промовирање на еден од начините за создавање инклузивна атмосфера и учество во креирањето на инклузивна културна политика на нашата заедница, во потрагата по нови стратегии за инклузија и интеграција на различни маргинални групи деца и млади.