иницијатива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inicijativa/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 11:25:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иницијатива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inicijativa/ 32 32 ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-bara-ponishtuvane-na-odlukite-za-naznachuvane-na-chlenovi-na-uo-na-asjo-od-sudski-sovet-i-sovet-na-javni-obviniteli/ Fri, 08 Nov 2024 11:25:03 +0000 https://republika.mk/?p=835508

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), порача Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО.

Оттаму истакнаа дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не смеат да вршат функции во органи на управување кои располагаат со државен капитал. Судирот на интереси се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалби на кандидатите за судии и јавни обвинители.

– ДКСК согласно член 40 од деловник предлага да побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки за надминување на начин што пред отпочнување на мандатот членови на АСЈО, а најдоцна до истекот на мандатот на сегашните членови на АСЈО, ќе ги стават вон сила своите одлуки кои се спротивни на Закон за судир на интереси и Закон за АСЈО, порачаа од Комисијата на денешната седница.

The post ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), порача Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК). Според нив, одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Закон за АСЈО. Оттаму истакнаа дека согласно членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители не смеат да вршат функции во органи на управување кои располагаат со државен капитал. Судирот на интереси се јавува бидејќи Управниот одбор на Академијата одлучува по жалби на кандидатите за судии и јавни обвинители. – ДКСК согласно член 40 од деловник предлага да побара од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки за надминување на начин што пред отпочнување на мандатот членови на АСЈО, а најдоцна до истекот на мандатот на сегашните членови на АСЈО, ќе ги стават вон сила своите одлуки кои се спротивни на Закон за судир на интереси и Закон за АСЈО, порачаа од Комисијата на денешната седница.

The post ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители appeared first on Република.

]]>
Здружението на инженери достави иницијатива до Владата и Собранието за изградба на ПАХЕ Чебрен со сопствени средства https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zdruzhenieto-na-inzheneri-dostavi-initsijativa-do-vladata-i-sobranieto-za-izgradba-na-pahe-chebren-so-sopstveni-sredstva/ Thu, 11 Jan 2024 10:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=731889

Здружението на инженери на Република Македонија денеска до Владата и до Собранието достави Иницијатива за донесување на Закон за изградба на ПАХЕ Чебрен со, како што велат, македонски сили.

Здружението на инженери во изминатиот период реагираше до надлежните институции во врска со 14. тендер за изградба на хидроцентралата Чебрен кој пропадна откако грчката компанија „ППЦ Архиродон“, која лани на 14 септември беше избрана за најдобар понудувач, не ја продолжи банкарската гаранција што и важеше до 31 декември 2023 година . При тоа од Здружението порачаа дека Чебрен треба да се гради со сопствени средства од државата, а не по пат на јавно–приватно партнерство, бидејќи станува збор пред се за водостопански, а потоа за енергетски проект. Изразија сомневање дека се направени суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци во постапката при подготовка и реализација на тендерот за доделување концесија за користење вода за производство на струја со изградба на хидроелектраните на Црна Река.

-Бидејќи премиерот јавно нѐ повика да ги доставиме забелешките за проектот Чебрен, по што во јавноста најавивме дека ќе покренеме соодветна иницијатива, Ве известуваме дека денес до Владата и Собранието ја доставивме Иницијативата за донесување на Закон за изградба на Чебрен со македонски сили, посочуваат од Здружението на инженери.

Во прилог е предлог-иницијативата што ја доставија до Владата и до Собранието:

-Врз основа на членовите 24 и 71 од Уставот на Република Македонија и членовите 3, 4 и 5 од Законот за постапување по претставки и предлози, а согласно одредбите од Деловникот на Собранието на Република Македонија и Деловникот за работа на Владата на Република Македонија, ја поднесуваме следната

ПРЕДЛОГ - ИНИЦИЈАТИВА

за донесување Закон за финансирање на изградбата на водостопанско-енергетските објекти со име “Проект Чебрен“, како интегрално решение по должината на сливот на Црна Река, а е составен дела од Стратегија за развој на енергетиката во Република Македонија до 2040 година со која бараме пратениците во Собранието или Владата користејќи го своето право и должност да ја прифатат оваа иницијатива за донесување на овој Закон.

Целта на оваа ИНИЦИЈАТИВА е активностите на државните институции кои ќе бидат делегирани за спроведување на овој капитален проект од стратегиски интерес за државата, да се стават во законски рамки за да се овозможи непречена реализација, без обѕир која политичка партија ја формира Владата.

Некои од основните прашања и одговори, кои ја поткрепуваат потребата за донесување на овој Закон се:

Дали е потребно овој капитален проект да се изгради? ДА!

Дали Македонија може да раководи со реализацијата на овој проект? ДА!

Дали е лесно да се реализира овој проект? НЕ!

Дали реализацијата на овој проект е Проблем ? НЕ, таа е ПРЕДИЗВИК за македонското општество.

Дали Македонија може финансиски да го поднесе овој проект? ДА, преку интелигентно финансиско управување (Financial Management).

Изградбата на капиталниот објект со препознатливото име “Проект Чебрен“ е тема за која има спротивставени мислења околу тоа: кој да го гради и на кој начин. Досегашното искуство со 14 Јавни повици за партнерство со инвеститори од други земји се покажа дека не е функционално. Причините се различни, затоа што и условите кога тие беа објавени беа различни. Битно е дека ПРОЕКТОТ Е ЕКОНОМСКИ ИСПЛАТЛИВ И ОПШТЕСТВЕНО КОРИСЕН од енергетски водостопански и социјален аспект. Проектот е проследен со ризици поради стохастичката природа на водата како природен обновлив ресурс. Единствено е прашањето за колку години ќе се отплати инвестицијата. Ако Проектот не е исплатлив, не би се јавил ниту еден учесник на јавниот повик.

При денешна состојба, евидентна е брзата изградба на голем број сончеви фотоволтаични централи. Во определени периоди, може да се добие (купи) евтина електрична енергија, која не може да се пласира на берзата за трговија со електрична енергија. Со тоа се зголемува оправданоста за реализацијата на пумпно-акумулациониот хидроенергетски објект и може да се скуси периодот за враќање на инвестираните средства (Simple Payback Period).

Водата е со голема вредност денес, а во наредните десетлетија таа ќе станува сѐ поценета како стратегиски ресурс на секоја држава, но и во светски рамки. При носењето на одлуките, мора да се води сметка за суверенитетот и територијалната целина на државата како и уредувањето на територијата за потребите на одбраната предвидени со Планот за одбрана на Републиката. А во определувањето на економската оправданост на овој Проект потребно е да се анализираат многу важните придобивки кои се постигнуваат и тоа:

· Наводнување на земјоделските површини во Пелагонискиот и Тиквешкиот регион;

· Работа на домашните градежни и други компании во реализацијата на проектот;

· Обука во реални услови на припадниците на армијата од родот Инженерија во процесот на минирање и уредување на непристапниот терен;

· Внесување на современо Know-how во македонското стопанство;

· Надградба на македонски стручен кадар, неопходен за нашето стопанство и

· Позитивниот социјален ефект во однос на бруто-домашниот производ.

Од решенијата на овој Проект многу зависат одговорите и на следниве прашања: Колкаво е учеството на секој метар кубен вода во зголемување на приносот на земјоделските култури? Какво е влијанието на климатските промени во однос на очекуваниот годишен просек на врнежи? Кои количини вода се потребни за денешното ниво на индустријата и кои се очекувањата во блиската иднина од 10-20 години? Од каде ќе се обезбеди наводнувањето на Пелагонија и Тиквешко Поле, покрај другите извори и сл.

Постојат поголем број предлог-решенија кои се на ниво на идеја, пред-фисибилити или фисибилити студија. Во нив во суштина доминираат две насоки:

· Неколку брани во каскада со помала височина (Скочивир, Чебрен, Галиште, Орлов Камен) или

· Голем Чебрен (брана од 192 метри) придружен со мала брана Орлов Камен, за да се овозможи реверзибилна работа на постројките.

Потребно е целата досегашна инвестициско-техничка документација од секторите на електростопанство, земјоделие, животна средина, академските институции да се собере на едно место. Врз основа на длабинска анализа (Due Diligence), експертска работна група ќе дефинира најдобро прифатливо решение во однос на националните интереси на Република Македонија за кое ќе се изработи соодветна проектна документација (Идеен проект). Идејниот проект треба да биде ревидиран од реномирана ревизорска компанија. Следува изработката на главни проекти со кој ќе се дефинира РЕАЛНАТА ЦЕНА ЗА ИЗГРАДБАТА НА ОВОЈ ПРОЕКТ. После тоа може да се пристапи кон изработка на План за реализација на Проектот во сите негови фази (BIM - Building information modeling) во кој е вклучен и начинот на финансирањето и протокот на паричните средства (Business Plan).

Креирањето на соодветната правна рамка, која јасно ќе ги дефинира основите врз кои ќе се врши реализацијата и ќе се уредуваат внатрешните односи, претставува приоритетна задача сама по себе од највисоко ниво. Законот треба да биде подготвен со јасни и прецизни законски и подзаконски норми, без простор за толкување на законските решенија, со што се постигнува целта при спроведување на законот во практиката.

Политиката за наградување на изработувачите на целокупната документација треба да е соодветна и да одговара на оптовареноста и на одговорноста на учесниците за да може да се привлечат компетентни и искусни професионалци со цел да им се овозможи да вложат доволно време и енергија за извршување на своите задачи на одговорен и независен начин.

Доколку не биде донесен овој Закон, реализацијата на овој капитален проект ќе биде зависен единствено од политичката гарнитура која е на власт, нејзиниот капацитет и приоритет со повеќегодишно одложување на решавањето и повторно отворање на дилемата: Јавно приватно партнерство или изградба на овој капацитет со сопствени сили.

Со донесување на Законот, дел од придобивките кои ќе бидат овозможени се:

· Формирање на компанија, акционерско друштво, во 100% сопственост на Македонија, со однапред дефиниран годишен буџет, кој не зависи од моменталната политичка гарнитура во Владата.

· Средствата кои ќе се издвојат од буџетот ќе се вратат назад на ангажираните компании од поедините сектори на стопанството (градежништво, машинство, автоматика, електроенергетика и др.). Се зголемува БДП.

· Ќе се отворат нови работни места за невработените и млади кадри, преквалификуваните работници од термоцентралите кои ќе се затворат и нашите работници и експерти од странство.

· Учесниците во реализацијата, по потреба ќе се здружуваат, ќе се стекнат со дополнително искуство и референци за да настапат и на пазарот на труд надвор од Македонија.

· Армиските припадници од родот Инженерија ќе се стекнат со многу потребните практични знаења и искуства истовремено влијаејќи на намалување на трошоците за реализација на Проектот.

· Ќе се доделат стипендии на студенти од соодветните Технички факултети, со вработување на најдобрите поединци.

· Ќе се намали одливот на високо стручен кадар надвор од државата.

· Ќе заживее и ќе се рехабилитира македонската градежна оператива.

· Ние како држава ќе решаваме кој ќе ја испорача опремата, со можност дел да се произведува кај нас, а нашите млади инженери да бидат кај нив на пракса.

· Ние како држава ќе решаваме кои експерти ќе ги ангажираме за да учествуваат во проектирањето на деликатните делови, придружувани од наши млади инженери.

· Ќе се овозможи учество на домашни и странски инвеститори, со право на дел од добивката после реализацијата на проектот.

· Можност да се добијат средства од Европската Унија за енергетската транзиција (гаснење на термоцентралите) во согласност со Зелениот договор (Green Deal).

· При анализите на проектот ќе се усогласат перформансите со проектот Вардарска долина.

Во Владата има доволен број советници, кои можат да го изготват или барем да придонесат при изработката на овој Закон, а со неговото објавување на страницата на ЕНЕР, јавноста ќе може да ги достави и своите коментари.

Имајќи го сето ова предвид, оваа Иницијатива за донесување Закон за финансирање на изградбата на водостопанско-енергетските објекти со име “Проект Чебрен“ очекуваме да биде доставена до Претседателот на Владата, Претседателот на парламентот и сите пратеници, како би можеле истата со должно внимание да ја разгледаат. Воедно, очекуваме да нè известите за вашето понатамошно постапување.

Скопје, 11.01.2024 година

Подносители:

Проф. д-р Константин. Димитров

Проф. д-р. Атанаско Тунески

Проф. д-р. Дејан Трајковски

Проф. д-р. Вангел Фуштиќ

Проф. д-р Арсен Арсенов

Проф. д-р. Ана Лазаревска

МБА, Јасминка Димитрова Капац дипл.инж.

генерал потполковник Методија Величковски

Проф. д-р Благица Новковска

адвокат Тони Менкиноски

Петар Трајков инж.арх.

м-р Панзо Андонов дипл.ел.инж.

Јордан Ставров дипл.инж.

Илија Бендевски дипл.инж.

амбасадор Ивица Боцевски

полковник Душко Несторов

Цветко Милошевски дипл.инж.

м-р. Михајло Дранговски инж.арх.

Владимир Пандовски - менаџер

Дејан Димовски дипл.ел.инж.

Христо Ивановски - новинар

Владимир Дунговски дипл.ел.инж.

Златко Поповски дипл.ел.инж.

м-р. Дениз Мустафаоглу дипл.инж.

The post Здружението на инженери достави иницијатива до Владата и Собранието за изградба на ПАХЕ Чебрен со сопствени средства appeared first on Република.

]]>

Здружението на инженери на Република Македонија денеска до Владата и до Собранието достави Иницијатива за донесување на Закон за изградба на ПАХЕ Чебрен со, како што велат, македонски сили. Здружението на инженери во изминатиот период реагираше до надлежните институции во врска со 14. тендер за изградба на хидроцентралата Чебрен кој пропадна откако грчката компанија „ППЦ Архиродон“, која лани на 14 септември беше избрана за најдобар понудувач, не ја продолжи банкарската гаранција што и важеше до 31 декември 2023 година . При тоа од Здружението порачаа дека Чебрен треба да се гради со сопствени средства од државата, а не по пат на јавно–приватно партнерство, бидејќи станува збор пред се за водостопански, а потоа за енергетски проект. Изразија сомневање дека се направени суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци во постапката при подготовка и реализација на тендерот за доделување концесија за користење вода за производство на струја со изградба на хидроелектраните на Црна Река. -Бидејќи премиерот јавно нѐ повика да ги доставиме забелешките за проектот Чебрен, по што во јавноста најавивме дека ќе покренеме соодветна иницијатива, Ве известуваме дека денес до Владата и Собранието ја доставивме Иницијативата за донесување на Закон за изградба на Чебрен со македонски сили, посочуваат од Здружението на инженери. Во прилог е предлог-иницијативата што ја доставија до Владата и до Собранието: -Врз основа на членовите 24 и 71 од Уставот на Република Македонија и членовите 3, 4 и 5 од Законот за постапување по претставки и предлози, а согласно одредбите од Деловникот на Собранието на Република Македонија и Деловникот за работа на Владата на Република Македонија, ја поднесуваме следната ПРЕДЛОГ - ИНИЦИЈАТИВА за донесување Закон за финансирање на изградбата на водостопанско-енергетските објекти со име “Проект Чебрен“, како интегрално решение по должината на сливот на Црна Река, а е составен дела од Стратегија за развој на енергетиката во Република Македонија до 2040 година со која бараме пратениците во Собранието или Владата користејќи го своето право и должност да ја прифатат оваа иницијатива за донесување на овој Закон. Целта на оваа ИНИЦИЈАТИВА е активностите на државните институции кои ќе бидат делегирани за спроведување на овој капитален проект од стратегиски интерес за државата, да се стават во законски рамки за да се овозможи непречена реализација, без обѕир која политичка партија ја формира Владата. Некои од основните прашања и одговори, кои ја поткрепуваат потребата за донесување на овој Закон се: Дали е потребно овој капитален проект да се изгради? ДА! Дали Македонија може да раководи со реализацијата на овој проект? ДА! Дали е лесно да се реализира овој проект? НЕ! Дали реализацијата на овој проект е Проблем ? НЕ, таа е ПРЕДИЗВИК за македонското општество. Дали Македонија може финансиски да го поднесе овој проект? ДА, преку интелигентно финансиско управување (Financial Management). Изградбата на капиталниот објект со препознатливото име “Проект Чебрен“ е тема за која има спротивставени мислења околу тоа: кој да го гради и на кој начин. Досегашното искуство со 14 Јавни повици за партнерство со инвеститори од други земји се покажа дека не е функционално. Причините се различни, затоа што и условите кога тие беа објавени беа различни. Битно е дека ПРОЕКТОТ Е ЕКОНОМСКИ ИСПЛАТЛИВ И ОПШТЕСТВЕНО КОРИСЕН од енергетски водостопански и социјален аспект. Проектот е проследен со ризици поради стохастичката природа на водата како природен обновлив ресурс. Единствено е прашањето за колку години ќе се отплати инвестицијата. Ако Проектот не е исплатлив, не би се јавил ниту еден учесник на јавниот повик. При денешна состојба, евидентна е брзата изградба на голем број сончеви фотоволтаични централи. Во определени периоди, може да се добие (купи) евтина електрична енергија, која не може да се пласира на берзата за трговија со електрична енергија. Со тоа се зголемува оправданоста за реализацијата на пумпно-акумулациониот хидроенергетски објект и може да се скуси периодот за враќање на инвестираните средства (Simple Payback Period). Водата е со голема вредност денес, а во наредните десетлетија таа ќе станува сѐ поценета како стратегиски ресурс на секоја држава, но и во светски рамки. При носењето на одлуките, мора да се води сметка за суверенитетот и територијалната целина на државата како и уредувањето на територијата за потребите на одбраната предвидени со Планот за одбрана на Републиката. А во определувањето на економската оправданост на овој Проект потребно е да се анализираат многу важните придобивки кои се постигнуваат и тоа: · Наводнување на земјоделските површини во Пелагонискиот и Тиквешкиот регион; · Работа на домашните градежни и други компании во реализацијата на проектот; · Обука во реални услови на припадниците на армијата од родот Инженерија во процесот на минирање и уредување на непристапниот терен; · Внесување на современо Know-how во македонското стопанство; · Надградба на македонски стручен кадар, неопходен за нашето стопанство и · Позитивниот социјален ефект во однос на бруто-домашниот производ. Од решенијата на овој Проект многу зависат одговорите и на следниве прашања: Колкаво е учеството на секој метар кубен вода во зголемување на приносот на земјоделските култури? Какво е влијанието на климатските промени во однос на очекуваниот годишен просек на врнежи? Кои количини вода се потребни за денешното ниво на индустријата и кои се очекувањата во блиската иднина од 10-20 години? Од каде ќе се обезбеди наводнувањето на Пелагонија и Тиквешко Поле, покрај другите извори и сл. Постојат поголем број предлог-решенија кои се на ниво на идеја, пред-фисибилити или фисибилити студија. Во нив во суштина доминираат две насоки: · Неколку брани во каскада со помала височина (Скочивир, Чебрен, Галиште, Орлов Камен) или · Голем Чебрен (брана од 192 метри) придружен со мала брана Орлов Камен, за да се овозможи реверзибилна работа на постројките. Потребно е целата досегашна инвестициско-техничка документација од секторите на електростопанство, земјоделие, животна средина, академските институции да се собере на едно место. Врз основа на длабинска анализа (Due Diligence), експертска работна група ќе дефинира најдобро прифатливо решение во однос на националните интереси на Република Македонија за кое ќе се изработи соодветна проектна документација (Идеен проект). Идејниот проект треба да биде ревидиран од реномирана ревизорска компанија. Следува изработката на главни проекти со кој ќе се дефинира РЕАЛНАТА ЦЕНА ЗА ИЗГРАДБАТА НА ОВОЈ ПРОЕКТ. После тоа може да се пристапи кон изработка на План за реализација на Проектот во сите негови фази (BIM - Building information modeling) во кој е вклучен и начинот на финансирањето и протокот на паричните средства (Business Plan). Креирањето на соодветната правна рамка, која јасно ќе ги дефинира основите врз кои ќе се врши реализацијата и ќе се уредуваат внатрешните односи, претставува приоритетна задача сама по себе од највисоко ниво. Законот треба да биде подготвен со јасни и прецизни законски и подзаконски норми, без простор за толкување на законските решенија, со што се постигнува целта при спроведување на законот во практиката. Политиката за наградување на изработувачите на целокупната документација треба да е соодветна и да одговара на оптовареноста и на одговорноста на учесниците за да може да се привлечат компетентни и искусни професионалци со цел да им се овозможи да вложат доволно време и енергија за извршување на своите задачи на одговорен и независен начин. Доколку не биде донесен овој Закон, реализацијата на овој капитален проект ќе биде зависен единствено од политичката гарнитура која е на власт, нејзиниот капацитет и приоритет со повеќегодишно одложување на решавањето и повторно отворање на дилемата: Јавно приватно партнерство или изградба на овој капацитет со сопствени сили. Со донесување на Законот, дел од придобивките кои ќе бидат овозможени се: · Формирање на компанија, акционерско друштво, во 100% сопственост на Македонија, со однапред дефиниран годишен буџет, кој не зависи од моменталната политичка гарнитура во Владата. · Средствата кои ќе се издвојат од буџетот ќе се вратат назад на ангажираните компании од поедините сектори на стопанството (градежништво, машинство, автоматика, електроенергетика и др.). Се зголемува БДП. · Ќе се отворат нови работни места за невработените и млади кадри, преквалификуваните работници од термоцентралите кои ќе се затворат и нашите работници и експерти од странство. · Учесниците во реализацијата, по потреба ќе се здружуваат, ќе се стекнат со дополнително искуство и референци за да настапат и на пазарот на труд надвор од Македонија. · Армиските припадници од родот Инженерија ќе се стекнат со многу потребните практични знаења и искуства истовремено влијаејќи на намалување на трошоците за реализација на Проектот. · Ќе се доделат стипендии на студенти од соодветните Технички факултети, со вработување на најдобрите поединци. · Ќе се намали одливот на високо стручен кадар надвор од државата. · Ќе заживее и ќе се рехабилитира македонската градежна оператива. · Ние како држава ќе решаваме кој ќе ја испорача опремата, со можност дел да се произведува кај нас, а нашите млади инженери да бидат кај нив на пракса. · Ние како држава ќе решаваме кои експерти ќе ги ангажираме за да учествуваат во проектирањето на деликатните делови, придружувани од наши млади инженери. · Ќе се овозможи учество на домашни и странски инвеститори, со право на дел од добивката после реализацијата на проектот. · Можност да се добијат средства од Европската Унија за енергетската транзиција (гаснење на термоцентралите) во согласност со Зелениот договор (Green Deal). · При анализите на проектот ќе се усогласат перформансите со проектот Вардарска долина. Во Владата има доволен број советници, кои можат да го изготват или барем да придонесат при изработката на овој Закон, а со неговото објавување на страницата на ЕНЕР, јавноста ќе може да ги достави и своите коментари. Имајќи го сето ова предвид, оваа Иницијатива за донесување Закон за финансирање на изградбата на водостопанско-енергетските објекти со име “Проект Чебрен“ очекуваме да биде доставена до Претседателот на Владата, Претседателот на парламентот и сите пратеници, како би можеле истата со должно внимание да ја разгледаат. Воедно, очекуваме да нè известите за вашето понатамошно постапување. Скопје, 11.01.2024 година Подносители: Проф. д-р Константин. Димитров Проф. д-р. Атанаско Тунески Проф. д-р. Дејан Трајковски Проф. д-р. Вангел Фуштиќ Проф. д-р Арсен Арсенов Проф. д-р. Ана Лазаревска МБА, Јасминка Димитрова Капац дипл.инж. генерал потполковник Методија Величковски Проф. д-р Благица Новковска адвокат Тони Менкиноски Петар Трајков инж.арх. м-р Панзо Андонов дипл.ел.инж. Јордан Ставров дипл.инж. Илија Бендевски дипл.инж. амбасадор Ивица Боцевски полковник Душко Несторов Цветко Милошевски дипл.инж. м-р. Михајло Дранговски инж.арх. Владимир Пандовски - менаџер Дејан Димовски дипл.ел.инж. Христо Ивановски - новинар Владимир Дунговски дипл.ел.инж. Златко Поповски дипл.ел.инж. м-р. Дениз Мустафаоглу дипл.инж.

The post Здружението на инженери достави иницијатива до Владата и Собранието за изградба на ПАХЕ Чебрен со сопствени средства appeared first on Република.

]]>
Кумановски пензионер поднесе иницијатива до Уставниот суд за одвојување на членарина од солидарниот фонд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kumanovski-penzioner-podnese-initsijativa-do-ustavniot-sud-za-odvojuvane-na-chlenarina-od-solidarniot-fond/ Sat, 30 Sep 2023 12:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=686605

Кумановскиот пензионер Мирослав Трлин поднесе иницијатива до Уставниот суд за член од Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој се регулира плаќање на солидарниот фонд и плаќањето членарина.

Во изјавата за медиумите Трлин посочува дека солидарниот фонд премина во ПИОМ кој ги исплаќа средствата. Тој бара да се разделат овие средства, Здружението на пензионери да функционира со плаќање членарина на оние вистински сакаат да членуваат.

Условување да се наплаќа членарина е само по мене пирамидална организација за да се соберат огромен број на средства, се работи за некаде 315.000 членови на годишно ниво. Тоа е прилично голема сума пари, кои за жал не ги користат сите пензионери. Би кажал само пет проценти, останатите се само фиктивни членови кои имаат обврска да уплаќаат, а не и да ги трошат тие пари за кои не знаат ниту каде одат, што нуди тоа здружение, што добиваат за таа членарина - изјави Трлин.

За него необјасниво е што во државата сè уште функционира овој начин, споредувајќи ја со Хрватска во која од 1, 2 милиони пензионери само 120.000 се членови на здружение. Во земјава како што наведе од 335.000 пензионери дури 315.000 се членови. Тој очекува Уставниот суд да ја прифати иницијативата и додава дека здруженијата можат поинаку да функционираат.

Самите членови на здруженијата сегашни и фиктивни кои знаат дека им се одбива да се освестат да знаат - изјави Трлин.

Тој потсети дека група пензионери од Куманово поднесе иницијатива до сојузот на пензионери во Скопје со барање членарината да се плаќа на поинаков начин, наместо сегашниот начин, линеарно 30 денари. Во барањето на пензионерите било наведено дека членарината треба да се плаќа еден процент согласно висината на пензија, а оние со пензија до 10.000 денари да членуваат, без да плаќаат.

Но до денес не ни одговорија, си гледаат само за свој интерес - вели Трлин.

The post Кумановски пензионер поднесе иницијатива до Уставниот суд за одвојување на членарина од солидарниот фонд appeared first on Република.

]]>

Кумановскиот пензионер Мирослав Трлин поднесе иницијатива до Уставниот суд за член од Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој се регулира плаќање на солидарниот фонд и плаќањето членарина. Во изјавата за медиумите Трлин посочува дека солидарниот фонд премина во ПИОМ кој ги исплаќа средствата. Тој бара да се разделат овие средства, Здружението на пензионери да функционира со плаќање членарина на оние вистински сакаат да членуваат.
Условување да се наплаќа членарина е само по мене пирамидална организација за да се соберат огромен број на средства, се работи за некаде 315.000 членови на годишно ниво. Тоа е прилично голема сума пари, кои за жал не ги користат сите пензионери. Би кажал само пет проценти, останатите се само фиктивни членови кои имаат обврска да уплаќаат, а не и да ги трошат тие пари за кои не знаат ниту каде одат, што нуди тоа здружение, што добиваат за таа членарина - изјави Трлин.
За него необјасниво е што во државата сè уште функционира овој начин, споредувајќи ја со Хрватска во која од 1, 2 милиони пензионери само 120.000 се членови на здружение. Во земјава како што наведе од 335.000 пензионери дури 315.000 се членови. Тој очекува Уставниот суд да ја прифати иницијативата и додава дека здруженијата можат поинаку да функционираат.
Самите членови на здруженијата сегашни и фиктивни кои знаат дека им се одбива да се освестат да знаат - изјави Трлин.
Тој потсети дека група пензионери од Куманово поднесе иницијатива до сојузот на пензионери во Скопје со барање членарината да се плаќа на поинаков начин, наместо сегашниот начин, линеарно 30 денари. Во барањето на пензионерите било наведено дека членарината треба да се плаќа еден процент согласно висината на пензија, а оние со пензија до 10.000 денари да членуваат, без да плаќаат.
Но до денес не ни одговорија, си гледаат само за свој интерес - вели Трлин.

The post Кумановски пензионер поднесе иницијатива до Уставниот суд за одвојување на членарина од солидарниот фонд appeared first on Република.

]]>
Иницијатива до Уставен: Да се укине апанажата на разрешените и оние кои дале оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/initsijativa-do-ustaven-da-se-ukine-apanazhata-na-razreshenite-i-onie-koi-dale-ostavka/ Sat, 28 Jan 2023 21:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=602076

Уставен суд ќе го преиспитува законот за апанажа на разрешени јавни функционери и оние кои поднеле оставка. Иницијатива за преиспитување и оспорување  на уставноста и законитоста на одредбите од законот за плата и други надоместоци на избрании именувани лица пред десет месеци ја поднесоа правници од Струга. Тие бараа целосно укинување на апанажата, како класна привилегија , но Уставен суд одби.

Принципот на еднаквост пред законот во конкретниот случај е целосно занемарен посочува Ќатоски . За каква еднаквост пред законот може да стане збор кога во еден правен поредок едни (носителите на законодавна и извршна функција) имаат право на исплата на плата и по завршување на нивниот работен ангажман, а други (обичниот работник) такво право немаат.

Нееднаквоста на слободите и правата помеѓу граѓаните во нашата држава од различна општествена положба негативно влијае и на правната сигурност. Правниците сметаат дека на овој начин се прави дискриминација по општествениот статус .

Законот за работни односи предвидува исплата на плата за извршена работа,  а именуваните функционери добиваат исплата на плата по завршување на работен однос.

The post Иницијатива до Уставен: Да се укине апанажата на разрешените и оние кои дале оставка appeared first on Република.

]]>

Уставен суд ќе го преиспитува законот за апанажа на разрешени јавни функционери и оние кои поднеле оставка. Иницијатива за преиспитување и оспорување  на уставноста и законитоста на одредбите од законот за плата и други надоместоци на избрании именувани лица пред десет месеци ја поднесоа правници од Струга. Тие бараа целосно укинување на апанажата, како класна привилегија , но Уставен суд одби. Принципот на еднаквост пред законот во конкретниот случај е целосно занемарен посочува Ќатоски . За каква еднаквост пред законот може да стане збор кога во еден правен поредок едни (носителите на законодавна и извршна функција) имаат право на исплата на плата и по завршување на нивниот работен ангажман, а други (обичниот работник) такво право немаат. Нееднаквоста на слободите и правата помеѓу граѓаните во нашата држава од различна општествена положба негативно влијае и на правната сигурност. Правниците сметаат дека на овој начин се прави дискриминација по општествениот статус . Законот за работни односи предвидува исплата на плата за извршена работа,  а именуваните функционери добиваат исплата на плата по завршување на работен однос.

The post Иницијатива до Уставен: Да се укине апанажата на разрешените и оние кои дале оставка appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kje-podnese-dva-amandmani-na-predlog-zakon-za-subvencioniran-studentski-obrok/ Thu, 17 Nov 2022 11:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=574870

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк, предложен од страна на владејачкото мнозинство, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот на оваа партија Бојан Стојаноски.

Првиот амандман е за зголемување на средствата за студентски оброк од 120 денари, како што предлага мнозинството, на 160 денари, додека пак вториот е за продолжување на рокот до крајот на учебната година, наместо до март 2023 година, како што предлага мнозинството - рече Стојаноски, кој воедно е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет на која на дневен ред е ставен овој предлог-закон.

Тој посочи дека јавноста и студентите мора да знаат дека овие нивни предлози, пратеници од мнозинството ги одбија во изминативе денови.

Но, еве уште една можност власта да се вразуми и да ги прифати нашите амандмански интервенции на Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк. Доста е од разно-разни лажни работни групи, средби, преговори, договори и преддоговори. Сега е време власта да покаже на дело дали за нив студентите се на врвот на приоритетната листа или пак се наоѓаат на самото дно заедно со останатите групи и категории на граѓани - рече Стојановски.

Опозицискиот пратеник најави „жестока дискусија и аргументирана расправа“ од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „за одбрана на интересите и потребите на студентите“.

Власта барем денеска, на Меѓународниот ден на студентите, мора да сфати дека студентите се темелот на иднината на државата. Власта барем денеска, мора да покаже дали заложбите и намерите им се искрени и вистински или пак празни и лажни - рече Стојаноски.

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк appeared first on Република.

ВМРО ДПМНЕ: Џафери да не се дрзнува да ја отфрли иницијативата за референдум, да се почитува членот 67 став 1 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-dzaferi-da-ne-se-drznuva-da-ja-otfrli-inicijativata-za-referendum-da-se-pochituva-chlenot-67-stav-1/ Sun, 11 Sep 2022 12:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=549717

Најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ бара од претседателот на Собранието Талат Џафери да не се дрзнува да ја отфрли иницијативата за референдум, да се почитува член 67 став1 и да се дозволи негово одржување.

Согласно чл.67 ст.1 од Законот за референдум, Иницијативата се предава до претседателот на Собранието, како што е и направено со оваа Иницијатива за распишување на референдум со цел престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија. Потенцираме дека власта нема правен основ да го отфрли барањето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.

Доколку се впуштат во било какви обиди за опструкции, тоа ќе биде само показател дека се свесни дека на Референдумот нивните политики ќе доживеат дебакл и дека огромно мнозинство од народот ќе бара поништување на Договорот со Бугарија.

Власта да не се обидува да опструира, туку да смогне демократски капацитет и да дозволи народот да се изјасни, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: Џафери да не се дрзнува да ја отфрли иницијативата за референдум, да се почитува членот 67 став 1 appeared first on Република.

Лефков: Антимакедонската СДС подготвува план да ја отфрли иницијативата за референдум https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-antimakedonskata-sds-podgotvuva-plan-da-ja-otfrli-inicijativata-za-referendum/ Sun, 11 Sep 2022 12:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=549707

Антимакедонската СДС подготвува план и тоа исплашени од народот, да ја отфрлат Иницијативата за Референдум. Свесни се дека над 60% од Македонците го поддржуваат Референдумот и би излегле на истиот, тие подготвуваат сценарио тој воопшто и да не се случи, ова денеска преку прес-конференција го истакна Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Во таквото сценарио главна улога треба да одигра Талат Џафери, кој само ќе го спроведе даденото од Ковачевски. Власта знае дека огромно мнозинство од народот кој ќе излезе на Референдум ќе гласа за поништување на договорот со Бугарија, и затоа бега. Народот ќе излезе на Референдум затоа што знае дека договорот со Бугарија е коренот на сите негации на македонскиот јазик, историја, идентитет. Референдум мора да има, затоа што тој е највисока форма на демократија. Апелираме до антимакедонската СДС и Ковачевски, да не се дрзне да го помножи народот со нула. Дополнително, ако власта верува дека договорот со Бугарија е добар и тој наоѓа на поддршка кај народот, тогаш зошто се плаши да го стави истиот на Референдум? Или пак признаваат дека лажат и манипулираат целиот овој период, и потпишале договор кој не е согласно волјата на народот, вели Лефков.

Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ даде уште една понуда до власта, ако е уверена во своите политики, и поддршката кај народот, тогаш ајде заедно со Референдумот да излеземе и на предвремени парламентарни и претседателски избори.

На еден трошок да се организираат тројни избори. За државата да добие власт, која што ќе работи во нејзин интерес, рече Лефков.

https://youtu.be/sUZB8H4mWGo

The post Лефков: Антимакедонската СДС подготвува план да ја отфрли иницијативата за референдум appeared first on Република.

Трајко Вељаноски тврди дека иницијативата за референдум на ВМРО ДПМНЕ е чиста како солза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajko-veljanoski-tvrdi-deka-inicijativata-za-referendum-na-vmro-dpmne-e-chista-kako-solza/ Sat, 10 Sep 2022 09:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=549368

Дали е дома или е во странство, собранискиот спикер Талат Џафери најдоцна до среда следнава недела мора да го прими мислењето за иницијативата за референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, тврди поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Тој во разговор за Плусинфо објаснува дека Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем се должни во рок од два работни дена да се произнесат дали иницијативата е уредна или е неуредна, а со оглед на тоа што иницијативата беше вчера поднесена во Собранието, крајниот рок кога треба да пристигне мислењето кај собранискиот спикер истекува во првите два дена по викендот, односно во вторник на полноќ.

– Воопшто не држи вода оправдувањето дека иницијативата за референдум сѐ уште не стасала кај собранискиот спикер, оти тој бил во странство. Тој, доколку сака, може да биде и цел месец отсутен од земјава, но тоа не значи дека собраниските служби не работат и дека не можат да ја достават иницијативата до комисиите. Член 191 став 1 од собранискиот Деловник вели дека иницијативата треба веднаш да се достави до собраниските комисии. А тој термин „веднаш“ всушност значи „сега“, или уште попрецизно: „денеска“. Но со оглед на тоа што иницијативата беше поднесена во петокот, тоа значи таа уште истиот ден треба да биде доставена до комисиите. Значи, претседателот на Собранието сега не се произнесува дали иницијативата е исправна или не е исправна, туку само ја доставува. Член 191 став 2 од Деловникот, пак, ги обврзува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во рок од два работни дена да му достават мислење на претседателот на Собранието, односно да се произнесат дали иницијативата е уредна или не е уредна. А штом иницијативата беше поднесена во текот на вчерашниот ден, тоа значи дека комисиите најдоцна до среда имаат време да му достават мислење на спикерот. И откако претседателот на Собранието најдоцна до среда ќе го добие мислењето, ако тоа мислење е позитивно, тогаш тој согласно член 192 од Деловникот ги известува предлагачите дека е иницијативата е уредна. Ако мислењето е негативно, тогаш согласно член 67 став 5 Законот за референдум во рок од 15 дена закажува пленарна седница на која Собранието се произнесува за неуредноста на иницијативата, објаснува Вељаноски.

Тој смета дека ако се почитува Деловникот на Собранието, мислењето на собраниските комисии во поглед на иницијативата за референдум со сигурност ќе биде позитивно, оти, како посочува, сите услови се исполнети.

Нема што овде да е негативно. Сѐ е чисто и сите услови се исполнети. Прво, собрани се минимум 100 потписи и референдумското прашање е формулирано согласно Законот за референдум и не е спротивно на Член 28 став 3 од Законот за референдум, кој вели дека не може да се распише референдум за прашања кои се гласаат со Бадентерово мнозинство. Овој закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, согласно стенограмите, изгласан на седницата број 30 одржана на 15 јануари 2018 година, не се гласал со Бадентерово мнозинство. Тоа значи дека иницијативата за референдум е чиста како солза. Затоа, доколку се почитува Деловникот, најдоцна до среда следнава недела треба да има позитивно мислење во Собранието – објаснува Вељаноски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера официјално ја поднесе иницијативата до Собранието, а координаторот Никола Мицевски изјави дека успеале да соберат повеќе од 650 потписи за помалку од половина час.

Сепак, собраниските служби вчера ги информираа новинарите дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, сѐ уште ја нема примено иницијативата, оти се наоѓал надвор од државата.

Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време – посочија оттаму.

The post Трајко Вељаноски тврди дека иницијативата за референдум на ВМРО ДПМНЕ е чиста како солза appeared first on Република.

]]>

Дали е дома или е во странство, собранискиот спикер Талат Џафери најдоцна до среда следнава недела мора да го прими мислењето за иницијативата за референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, тврди поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Тој во разговор за Плусинфо објаснува дека Законодавно-правната комисија и Комисијата за политички систем се должни во рок од два работни дена да се произнесат дали иницијативата е уредна или е неуредна, а со оглед на тоа што иницијативата беше вчера поднесена во Собранието, крајниот рок кога треба да пристигне мислењето кај собранискиот спикер истекува во првите два дена по викендот, односно во вторник на полноќ.
– Воопшто не држи вода оправдувањето дека иницијативата за референдум сѐ уште не стасала кај собранискиот спикер, оти тој бил во странство. Тој, доколку сака, може да биде и цел месец отсутен од земјава, но тоа не значи дека собраниските служби не работат и дека не можат да ја достават иницијативата до комисиите. Член 191 став 1 од собранискиот Деловник вели дека иницијативата треба веднаш да се достави до собраниските комисии. А тој термин „веднаш“ всушност значи „сега“, или уште попрецизно: „денеска“. Но со оглед на тоа што иницијативата беше поднесена во петокот, тоа значи таа уште истиот ден треба да биде доставена до комисиите. Значи, претседателот на Собранието сега не се произнесува дали иницијативата е исправна или не е исправна, туку само ја доставува. Член 191 став 2 од Деловникот, пак, ги обврзува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во рок од два работни дена да му достават мислење на претседателот на Собранието, односно да се произнесат дали иницијативата е уредна или не е уредна. А штом иницијативата беше поднесена во текот на вчерашниот ден, тоа значи дека комисиите најдоцна до среда имаат време да му достават мислење на спикерот. И откако претседателот на Собранието најдоцна до среда ќе го добие мислењето, ако тоа мислење е позитивно, тогаш тој согласно член 192 од Деловникот ги известува предлагачите дека е иницијативата е уредна. Ако мислењето е негативно, тогаш согласно член 67 став 5 Законот за референдум во рок од 15 дена закажува пленарна седница на која Собранието се произнесува за неуредноста на иницијативата, објаснува Вељаноски.
Тој смета дека ако се почитува Деловникот на Собранието, мислењето на собраниските комисии во поглед на иницијативата за референдум со сигурност ќе биде позитивно, оти, како посочува, сите услови се исполнети.
Нема што овде да е негативно. Сѐ е чисто и сите услови се исполнети. Прво, собрани се минимум 100 потписи и референдумското прашање е формулирано согласно Законот за референдум и не е спротивно на Член 28 став 3 од Законот за референдум, кој вели дека не може да се распише референдум за прашања кои се гласаат со Бадентерово мнозинство. Овој закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија, согласно стенограмите, изгласан на седницата број 30 одржана на 15 јануари 2018 година, не се гласал со Бадентерово мнозинство. Тоа значи дека иницијативата за референдум е чиста како солза. Затоа, доколку се почитува Деловникот, најдоцна до среда следнава недела треба да има позитивно мислење во Собранието – објаснува Вељаноски.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера официјално ја поднесе иницијативата до Собранието, а координаторот Никола Мицевски изјави дека успеале да соберат повеќе од 650 потписи за помалку од половина час. Сепак, собраниските служби вчера ги информираа новинарите дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, сѐ уште ја нема примено иницијативата, оти се наоѓал надвор од државата.
Џафери е надвор од државата. Во моментот кога ќе ја прими ќе бидете информирани на време – посочија оттаму.
 
The post Трајко Вељаноски тврди дека иницијативата за референдум на ВМРО ДПМНЕ е чиста како солза appeared first on Република.

]]>
„Аудиција сега“ со барање: Транспарентни конкурси за вработување и невработен актер во секоја претстава! https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/audicija-sega-so-baranje-transparentni-konkursi-za-vrabotuvanje-i-nevraboten-akter-vo-sekoja-pretstava/ Tue, 31 May 2022 20:50:11 +0000 https://republika.mk/?p=509477

На средбата со министерката за култура на 5 април, дел од барањата беа прифатени и наши претставници од иницијативата се во редовна комуникација и соработка со Министерството за култура, со цел спроведување и применување на барањата во пракса. Во меѓувреме станавме сведоци на неколку јавни огласи за вработувања во неколку национални установи, но никако да посведочиме на целосно транспарентно споделување на огласите“, велат од иницијативата „Аудиција сега“, покрената од повеќе од 120 невработени актери, режисери, драматурзи и продуценти

„Ангажирање на минимум еден невработен актер во секоја претстава и минимум еден невработен режисер за некоја од претставите од годишната програма, како и објавување на секој конкурс за вработување на веб-страницата на институцијата“, се  барањата кои иницијативата „Аудиција сега“, покрената од 120 невработени актери, режисери, драматурзи и продуценти, преку отворено писмо ги упати до директорите на националните установи, центри за култура и театри. Од „Аудиција сега“ посочуваат дека стојат и на своето претходно барање за отворање на нови работни места.

„На Светскиот ден на театарот, 27 март, иницијативата првпат јавно се обрати до Министерството за култура со пет барања чија цел беше да се изнајде решение за нашиот статус и бројка на невработеност; остварување на редовен и еднаков пристап до ангажмани; повисоки буџети за независната сцена, како и потранспарентно работење на националните установи при вработувања, спроведувања аудиции итн. На средбата со министерката за култура на 5 април, дел од барањата беа прифатени и наши претставници од иницијативата се во редовна комуникација и соработка со Министерството за култура, со цел спроведување и применување на барањата во пракса. Во меѓувреме, станавме сведоци на неколку јавни огласи за вработувања во неколку национални установи, но никако да посведочиме на целосно транспарентно споделување на огласите“, велат од иницијативата „Аудиција сега“.

The post „Аудиција сега“ со барање: Транспарентни конкурси за вработување и невработен актер во секоја претстава! appeared first on Република.

]]>

На средбата со министерката за култура на 5 април, дел од барањата беа прифатени и наши претставници од иницијативата се во редовна комуникација и соработка со Министерството за култура, со цел спроведување и применување на барањата во пракса. Во меѓувреме станавме сведоци на неколку јавни огласи за вработувања во неколку национални установи, но никако да посведочиме на целосно транспарентно споделување на огласите“, велат од иницијативата „Аудиција сега“, покрената од повеќе од 120 невработени актери, режисери, драматурзи и продуценти „Ангажирање на минимум еден невработен актер во секоја претстава и минимум еден невработен режисер за некоја од претставите од годишната програма, како и објавување на секој конкурс за вработување на веб-страницата на институцијата“, се  барањата кои иницијативата „Аудиција сега“, покрената од 120 невработени актери, режисери, драматурзи и продуценти, преку отворено писмо ги упати до директорите на националните установи, центри за култура и театри. Од „Аудиција сега“ посочуваат дека стојат и на своето претходно барање за отворање на нови работни места. „На Светскиот ден на театарот, 27 март, иницијативата првпат јавно се обрати до Министерството за култура со пет барања чија цел беше да се изнајде решение за нашиот статус и бројка на невработеност; остварување на редовен и еднаков пристап до ангажмани; повисоки буџети за независната сцена, како и потранспарентно работење на националните установи при вработувања, спроведувања аудиции итн. На средбата со министерката за култура на 5 април, дел од барањата беа прифатени и наши претставници од иницијативата се во редовна комуникација и соработка со Министерството за култура, со цел спроведување и применување на барањата во пракса. Во меѓувреме, станавме сведоци на неколку јавни огласи за вработувања во неколку национални установи, но никако да посведочиме на целосно транспарентно споделување на огласите“, велат од иницијативата „Аудиција сега“.  

The post „Аудиција сега“ со барање: Транспарентни конкурси за вработување и невработен актер во секоја претстава! appeared first on Република.

]]>
Министерката за култура се сретна со претставници на Иницијативата „Аудиција СЕГА!“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerkata-za-kultura-se-sretna-so-pretstavnici-na-inicijativata-audicija-sega/ Tue, 05 Apr 2022 12:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=483605

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претставниците на „Аудиција СЕГА!“, во која членуваат невработени актери, режисери, драматурзи, продуценти, на денешната средба се договорија Министерството за култура да формира работна група составена од професори од државни и приватни факултети и академии, членови на СКРМ,  националните театри и центрите за култура за изготвување стратегија за отворање нови работни места, поголема транспарентност и креирање електронска база на дипломирани театарски работници.

Министерството за култура изразува подготвеност да учествува во подготовката на документите на националните установи со кои ќе се овозможи ангажирање на минимум еден невработен актер во зависност од обемот на претставата, на отворени кастинзи за секоја претстава, како и минимум еден режисер во годишните програми на институциите.

Претставниците на Иницијативата „Аудиција СЕГА!“ со министерката Костадиновска-Стојчевска ја отворија и темата по барањето за вработување на најмалку 60 % од дипломираните кадри.  Беше договорено Иницијативата  да се вклучи во процесот на изготвување на следниот Годишен конкурс во делот на ревидирање на  критериумите и приоритетите за бодување и оценување на проектите. Беше договорено, Иницијативата „Аудиција СЕГА!“ да е дел и од работните групи што ќе работат на претстојната 4-годишна Стратегија за култура, како и на Законот за јавен интерес во културата.

The post Министерката за култура се сретна со претставници на Иницијативата „Аудиција СЕГА!“ appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претставниците на „Аудиција СЕГА!“, во која членуваат невработени актери, режисери, драматурзи, продуценти, на денешната средба се договорија Министерството за култура да формира работна група составена од професори од државни и приватни факултети и академии, членови на СКРМ,  националните театри и центрите за култура за изготвување стратегија за отворање нови работни места, поголема транспарентност и креирање електронска база на дипломирани театарски работници. Министерството за култура изразува подготвеност да учествува во подготовката на документите на националните установи со кои ќе се овозможи ангажирање на минимум еден невработен актер во зависност од обемот на претставата, на отворени кастинзи за секоја претстава, како и минимум еден режисер во годишните програми на институциите. Претставниците на Иницијативата „Аудиција СЕГА!“ со министерката Костадиновска-Стојчевска ја отворија и темата по барањето за вработување на најмалку 60 % од дипломираните кадри.  Беше договорено Иницијативата  да се вклучи во процесот на изготвување на следниот Годишен конкурс во делот на ревидирање на  критериумите и приоритетите за бодување и оценување на проектите. Беше договорено, Иницијативата „Аудиција СЕГА!“ да е дел и од работните групи што ќе работат на претстојната 4-годишна Стратегија за култура, како и на Законот за јавен интерес во културата.

The post Министерката за култура се сретна со претставници на Иницијативата „Аудиција СЕГА!“ appeared first on Република.

]]>
Коњановски ја поддржа иницијативата посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун да се донесат во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konjanovski-ja-poddrza-inicijativata-posmrtnite-ostanki-na-janaki-manaki-od-solun-da-se-donesat-vo-bitola/ Mon, 07 Mar 2022 15:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=469084

Општина Битола ја поддржа иницијативата на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клуб „Студио Милтон Манаки“, да бидат донесени посмртаните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола.

Иницијативата беше промовирана на денешното одбележување на 58 – годишнината од смртта на неговиот брат, филмски снимател, Милтон Манаки во Битола.

Разговаравме за иницијативата на комуната и студиото „МИЛТОН МАНАКИ“, во Битола да се донесат посмртните останки на братот на Милтон Манаки, Јанаки, кој е упокоен во Солун. Дојдовме до заедничка идеја, во соработка со Република Грација, односно градоначалникот на Солун да се иницира идејата и доколку е можно таа да се реализира. Ќе се обидеме да го направиме тоа, рече градоначалникот Коњановски.

Според востановената традиција, денеска на Влашките гробишта во Битола, во организација на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“ се одржа чествување по повод годишнина од смртта на Милтон Манаки.

Во чест на првиот филмски снимател на Балканот и неговото големо дело, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, Културно-информативниот центар, НУ Центар за култура, Меѓународниот Фестивал Камера 300, Кинотеката, Државниот архив, како и претставници на политички партии и дипломатскиот кор.

Претставниците на Кинотеката најавија дека филмски снимки на браќата Манаки наскоро ќе бидат емитувани во Љубљана, во словенечката Кинотека, а се прават напори за нивно прикажување и на фестивал во Турција.

The post Коњановски ја поддржа иницијативата посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун да се донесат во Битола appeared first on Република.

]]>

Општина Битола ја поддржа иницијативата на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клуб „Студио Милтон Манаки“, да бидат донесени посмртаните останки на Јанаки Манаки од Солун во Битола. Иницијативата беше промовирана на денешното одбележување на 58 – годишнината од смртта на неговиот брат, филмски снимател, Милтон Манаки во Битола.
Разговаравме за иницијативата на комуната и студиото „МИЛТОН МАНАКИ“, во Битола да се донесат посмртните останки на братот на Милтон Манаки, Јанаки, кој е упокоен во Солун. Дојдовме до заедничка идеја, во соработка со Република Грација, односно градоначалникот на Солун да се иницира идејата и доколку е можно таа да се реализира. Ќе се обидеме да го направиме тоа, рече градоначалникот Коњановски.
Според востановената традиција, денеска на Влашките гробишта во Битола, во организација на Комуна на Власите „Браќа Манаки“ и кино клубот „Студио Милтон Манаки“ се одржа чествување по повод годишнина од смртта на Милтон Манаки. Во чест на првиот филмски снимател на Балканот и неговото големо дело, цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општината, Културно-информативниот центар, НУ Центар за култура, Меѓународниот Фестивал Камера 300, Кинотеката, Државниот архив, како и претставници на политички партии и дипломатскиот кор. Претставниците на Кинотеката најавија дека филмски снимки на браќата Манаки наскоро ќе бидат емитувани во Љубљана, во словенечката Кинотека, а се прават напори за нивно прикажување и на фестивал во Турција.

The post Коњановски ја поддржа иницијативата посмртните останки на Јанаки Манаки од Солун да се донесат во Битола appeared first on Република.

]]>
Членови на Комисијата за избори и именувања бараат Џафери веднаш да свика седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chlenovi-na-komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-baraat-dzaferi-vednash-da-svika-sednica/ Mon, 21 Feb 2022 12:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=461453

Пратеници од повеќе политички партии во Собранието денеска почнале постапка и поднеле барање до претседателот на Парламентот Талат Џафери за итно свикување седница на Комисијата за прашања и изборите и именувањата, затоа што Комисијата нема претседател откако претходниот беше избран за градоначалник на локалните избори лани во октомври, поради што нејзината работа е закочена. Работата на Комисијата треба да се откочи, сметаат пратениците, и за да може да се изберат нови уставни судии.

Врз основа на член 120 став (2) од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, ние како пратеници бараме да се закаже второто продолжение на 13-тата седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Ова барање го поднесуваме со потписи на седум од вкупно 13 членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата - рече на денешната прес-конференција пратеникот и координатор на ВМРО-ДПМНе Никола Мицевски.

Тој додаде дека бидејќи владејачкото мнозинство постојано ја обвинува опозицијата за блокада на работата на Собранието, а, како што рече, од друга страна повеќе месеци не назначува нов претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратениците согласно членот 120 став 2 од Деловникот, ја превзеле оваа иницијатива со цел откочување и продолжување со работа на оваа Комисија.

Ова е шансата на власта да покаже дали има искрена намера за откочување на работата на оваа Комисија или само напразно ја обвинува опозицијата. Како одговорни пратеници, водејќи се од итноста, потребата и барањето од Уставниот суд на Република Македонија, ние предлагаме да се свика седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата веднаш и уште во текот на утрешниот ден да се одржи седницата и да се изберат уставните судии на Уставниот суд на Република Македонија - рече Мицевски.

Тој додаде дека нивна цел е ефикасност и подобрување на правосудниот систем во целост, и, како што нагласи, токму затоа бараат и ги повикуваат колегите пратеници од мнозинството да го поддржат ова барање и час поскоро да се одржи седницата и конечно по повеќемесечно чекање да се изберат уставните судии.

The post Членови на Комисијата за избори и именувања бараат Џафери веднаш да свика седница appeared first on Република.