ингеренции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ingerencii/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Sep 2023 14:04:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ингеренции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ingerencii/ 32 32 За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-drugite-gradonachalnitsi-krivichni-za-merko-vtora-shansa-od-shakiri/ Sun, 17 Sep 2023 14:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=682621

Министерот за образование, Јетон Шаќири нема намера да му ги одземе ингеренциите на струшкиот градоначлалник Рамиз Мерко, поради незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко иако индиректно признава дека имало прекршувања на законот, пренесува „Алсат“ додавајќи дека Мерко добива уште една „шанса“ со распишувањето на нови пет огласи за директори.

Според нашите информации кои ги имаме во повеќе од пет училишта има нови постапки за избор на нови директори. Ако и во овие постапки за избор на нови директори, Просветен инспекторат утврди после сите насоки кои ги има добиено општината тогаш..Но и постапка за одземање на ингеренцитие подразбира взаемна соработка меѓу училиштето, раководството, општината, да може некој од внатре министерството да го назначи за директор, вели Шаќири.

Антикорупциска дури поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконското поставување на директор во училиштето во селото Велешта. Тоа значи дека за вас одлуките на Антикорупциска на Обивнителство немаат тежина?, го прашаа новинарите.

Немате конечни одлуки, имате препораки. Знаете дека ДКСК ги дава препораките во Обвинителство. Немате затворени предмети, вели Шаќири.

Од Основното јавно обвинителство велат дека предметите се во предистражна постапка и оти ОЈО Струга презема дејствија и обезбедува докази неопходни за проверка на наводите. Од Алијанса за Албанците бараа на Мерко да му се одземат ингеренциите за именување на директори, откако Антикорупциска, но и поранешен инспектор за образование утврдија дека во училиштата во Велешта, Подгорци, Лабуништа, Радолишта и во основното училиште Браќа Миладиновци во Струга биле поставени директори кои не ги исполнувале условите за да бидат избрани. За самоволието да биде уште поголемо, Мерко истите овие директори ги избрал и по втор пат.

Во истовреме, заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на „Алсат“ се закани со кривични пријави за директорите на гимназиите, како и кон градоначалниците на Гази Баба и во Велес.

Размислуваме да ги користиме инструментите од кривична и правна природа. Токму членот 137 од Кривичниот законик што го санкционира прашањето на еднаквост и недискриминација. Секој градоначалник, вклучително и оној на Гази Баба, кога ќе биде обвинет за кривично дело, кога ќе му бидат ставени лисици за ова кривично дело, дали знаете дека е казниво кривично дело, од 6 месеци до 5 години затвор, рече тој зборувајќи за проблемот кој министерството го наметна во велешката гимназија, каде за да отвори уште една албанска паралелка испрати допис со барање да се намалат поените потребни за упис.

Шаќири, пак, се закани дека ќе ги одземе ингеренциите за поставување на директори од градоначалниците.

The post За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование, Јетон Шаќири нема намера да му ги одземе ингеренциите на струшкиот градоначлалник Рамиз Мерко, поради незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко иако индиректно признава дека имало прекршувања на законот, пренесува „Алсат“ додавајќи дека Мерко добива уште една „шанса“ со распишувањето на нови пет огласи за директори.
Според нашите информации кои ги имаме во повеќе од пет училишта има нови постапки за избор на нови директори. Ако и во овие постапки за избор на нови директори, Просветен инспекторат утврди после сите насоки кои ги има добиено општината тогаш..Но и постапка за одземање на ингеренцитие подразбира взаемна соработка меѓу училиштето, раководството, општината, да може некој од внатре министерството да го назначи за директор, вели Шаќири.
Антикорупциска дури поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконското поставување на директор во училиштето во селото Велешта. Тоа значи дека за вас одлуките на Антикорупциска на Обивнителство немаат тежина?, го прашаа новинарите.
Немате конечни одлуки, имате препораки. Знаете дека ДКСК ги дава препораките во Обвинителство. Немате затворени предмети, вели Шаќири.
Од Основното јавно обвинителство велат дека предметите се во предистражна постапка и оти ОЈО Струга презема дејствија и обезбедува докази неопходни за проверка на наводите. Од Алијанса за Албанците бараа на Мерко да му се одземат ингеренциите за именување на директори, откако Антикорупциска, но и поранешен инспектор за образование утврдија дека во училиштата во Велешта, Подгорци, Лабуништа, Радолишта и во основното училиште Браќа Миладиновци во Струга биле поставени директори кои не ги исполнувале условите за да бидат избрани. За самоволието да биде уште поголемо, Мерко истите овие директори ги избрал и по втор пат. Во истовреме, заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на „Алсат“ се закани со кривични пријави за директорите на гимназиите, како и кон градоначалниците на Гази Баба и во Велес. Размислуваме да ги користиме инструментите од кривична и правна природа. Токму членот 137 од Кривичниот законик што го санкционира прашањето на еднаквост и недискриминација. Секој градоначалник, вклучително и оној на Гази Баба, кога ќе биде обвинет за кривично дело, кога ќе му бидат ставени лисици за ова кривично дело, дали знаете дека е казниво кривично дело, од 6 месеци до 5 години затвор, рече тој зборувајќи за проблемот кој министерството го наметна во велешката гимназија, каде за да отвори уште една албанска паралелка испрати допис со барање да се намалат поените потребни за упис. Шаќири, пак, се закани дека ќе ги одземе ингеренциите за поставување на директори од градоначалниците.

The post За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-ovaa-tsentralna-vlast-ne-se-soglasuva-so-neistomislenitsite-sekogash-mora-da-se-raboti-po-niven-diktat/ Wed, 31 May 2023 13:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=646488

Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите на општина Куманово за поставување директор на градинката „Ангел Шајче“, соопшти на денешната прес-конференција кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Тој најави дека решението ќе го обжали пред надлежен суд.

Во текот на вчерашниот ден до Општина Куманово пристигна решение од Министерството за труд и социјална политика на коешто е потпишана ресорната министерка дека се одземаат ингеренциите на Општина Куманово за поставување и разрешување на директор во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ и исто така за поставување и разрешување на в.д. директор во оваа институција, изјави Димитриевски.

Тој кажа дека е разочаран и според него се повторува историјата.

Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат и ова е најгрубо кршење на децентрализацијата во државата. Со ова само потврдуваат уште еднаш дека имаат за намера спротивно статутот на оваа институција да постават директор во истата институција која веќе незаконски е околу 20 години директор на ЈОУ Детската градинка Ангел Шајче, кажа Димитриевски.

На прес-конференцијата кажа дека ќе ги искористи сите правни средства, решението ќе го обжали пред надлежен суд и дополни дека ќе се залага за поголема децентрализација.

Сметаме дека оваа јавна институција заслужува да има подеднаков третман како и останатите и да излезе од партиските пранги кои во моментот сè се поцврсти, изјави Димитриевски

The post Димитриевски: Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат appeared first on Република.

ВМРО ДПМНЕ: Централната власт му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Виница за именување директори на училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-centralnata-vlast-mu-gi-odzede-ingerenciite-na-gradonachalnikot-na-vinica-za-imenuvanje-direktori-na-uchilishta/ Tue, 07 Jun 2022 08:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=512066

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека централната власт предводена од СДСМ и ДУИ им прави опструкции на градоначалниците од нејзините редови, а како последен пример наведува дека му биле одземени ингеренциите на градоначалникот на Виница за именување директори на школи.

Централната власт на СДСМ и ДУИ продолжува со притисоците и опструкциите на градоначалниците кои не се од нивните редови. Последен пример за тоа е Општина Виница, каде централната власт му ги одземаат ингеренциите на градоначалникот во делот на именување и разрешување на директори на училишта. Патем во меѓувреме бидејќи бил истечен мандатот на претходниот директор согласно Закон, градоначалникот именувал вршител на должност директор, а Министерството за образование и наука именува друго лице за директор, без да донесе решение за разрешување на в.д. директорот. Така во исто време има две лица назначени за директор на едно училиште во Виница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, според опозициската партија, е самоволие на централната власт, а штетите ги трпи образованието.

The post ВМРО ДПМНЕ: Централната власт му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Виница за именување директори на училишта appeared first on Република.