ингеренции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ingerencii/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 05:16:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ингеренции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ingerencii/ 32 32 Ако оваа недела нема подобрување во хигиената, можно е одземање ингеренции на Град Скопје од страна на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ako-ovaa-nedela-nema-podobruvane-vo-higienata-mozhno-e-odzemane-ingerentsii-na-grad-skopje-od-strana-na-vladata/ Wed, 14 Aug 2024 05:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=806301

Aлармантни повици пристигнуваaт до Владата во врска со институции под ингеренции на Градот Скопје, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски и нагласи да си ја вршат работата за што се платени, оти, инаку, ќе се разгледаат можностите за одземање на тие ингеренции. Според него, Скопје во моментот не личи на главен град на земја што е во НАТО и што е кандидат за членка на Европската Унија.

Алармантна е ситуацијата и секој ден имаме повици од граѓани. Се поставува прашањето дали можеби треба и како држава и како Влада, да направиме и некои дополнителни чекори за друг тип ингеренции и обврски што ги има Градот Скопје, а коишто гледаме дека не ги извршува навремено, посебно во делот на хигиената. Секојдневно граѓаните реагираат до Владата и затоа јас ова прашање ќе го отворам на наредната владина седница. Ова што денеска се случува во Град Скопје личи на сè, само не на главен град на земја која е дел од НАТО Алијансата и земја кандидат за членство во ЕУ, кажа Мицкоски.

Тој рече и дека можеби треба да се размисли за идејата, секоја од општините да добие право да формира свое комунално претпријатие, па да ги наследи основните средства од ЈП „Комунална хигиена“ и слично.

Нагласи дека граѓаните секојдневно реагирале до Владата и најави оти ова прашање ќе го отвори на следната седница. Ги повика надлежните во „Комунална хигиена“ во градот Скопје да работат за тоа што се платени, за што ги плаќаат граѓаните.

Се надевам дека со домаќинско работење во периодот што следи, ако воопшто можат тоа официјалните да го направат, ќе можат да си ги сервисираат обврските во периодот што следи и повикувам и апелирам, да се работи за интересот на граѓаните во главниот град, во сите општини, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат, настрана политичките тези, политичките фрустрации од едната или другата или од третата или од петта страна, тоа не е битно, граѓаните не ги интересира тоа. И ако видиме дека во оваа недела дена нема прогрес поврзан со ова прашање, на следната владина седница планирам отворено да зборувам и да одиме чекор понатаму она што е обврска на народна влада да го направи, а тоа е да дејствува во името на повиците коишто ги добиваме на дневна основа од скопјани, смета Мицкоски.

The post Ако оваа недела нема подобрување во хигиената, можно е одземање ингеренции на Град Скопје од страна на Владата appeared first on Република.

]]>

Aлармантни повици пристигнуваaт до Владата во врска со институции под ингеренции на Градот Скопје, рече вчера премиерот Христијан Мицкоски и нагласи да си ја вршат работата за што се платени, оти, инаку, ќе се разгледаат можностите за одземање на тие ингеренции. Според него, Скопје во моментот не личи на главен град на земја што е во НАТО и што е кандидат за членка на Европската Унија.
Алармантна е ситуацијата и секој ден имаме повици од граѓани. Се поставува прашањето дали можеби треба и како држава и како Влада, да направиме и некои дополнителни чекори за друг тип ингеренции и обврски што ги има Градот Скопје, а коишто гледаме дека не ги извршува навремено, посебно во делот на хигиената. Секојдневно граѓаните реагираат до Владата и затоа јас ова прашање ќе го отворам на наредната владина седница. Ова што денеска се случува во Град Скопје личи на сè, само не на главен град на земја која е дел од НАТО Алијансата и земја кандидат за членство во ЕУ, кажа Мицкоски.
Тој рече и дека можеби треба да се размисли за идејата, секоја од општините да добие право да формира свое комунално претпријатие, па да ги наследи основните средства од ЈП „Комунална хигиена“ и слично. Нагласи дека граѓаните секојдневно реагирале до Владата и најави оти ова прашање ќе го отвори на следната седница. Ги повика надлежните во „Комунална хигиена“ во градот Скопје да работат за тоа што се платени, за што ги плаќаат граѓаните.
Се надевам дека со домаќинско работење во периодот што следи, ако воопшто можат тоа официјалните да го направат, ќе можат да си ги сервисираат обврските во периодот што следи и повикувам и апелирам, да се работи за интересот на граѓаните во главниот град, во сите општини, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат, настрана политичките тези, политичките фрустрации од едната или другата или од третата или од петта страна, тоа не е битно, граѓаните не ги интересира тоа. И ако видиме дека во оваа недела дена нема прогрес поврзан со ова прашање, на следната владина седница планирам отворено да зборувам и да одиме чекор понатаму она што е обврска на народна влада да го направи, а тоа е да дејствува во името на повиците коишто ги добиваме на дневна основа од скопјани, смета Мицкоски.

The post Ако оваа недела нема подобрување во хигиената, можно е одземање ингеренции на Град Скопје од страна на Владата appeared first on Република.

]]>
МОН му ги врати ингеренциите на градоначалникот Тони Коњановски за трите битолски училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-mu-gi-vrati-ingerentsiite-na-gradonachalnikot-toni-konanovski-za-trite-bitolski-uchilishta/ Tue, 06 Aug 2024 13:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=803917

Министерството за образование и наука ги укина решенијата за одземање на надлежностите на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за именување и разрешување на директори на основните училишта „Александар Турунџев“ во селото Кукуречани и „Свети Климент Охридски“ во Битола, како и на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола.

Од Општина Битола соопштија дека Министерството за образование ги укинало решенијата за одземање на вршење работи од надлежност на градоначалникот на Општина Битола, по барање на Коњановски, за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес и на работите во областа на образованието, како и за успешно започнување на учебната 2024/2025 година.

Ингеренциите на градоначалникот беа одземени од поранешната централна власт, само во делот на ангажирањето наставен кадар, именувањето и разрешувањето в.д. директори, додека материјалните трошоци за гориво, превоз на ученици и друго, за кои Општината годишно издвојува околу еден милион евра само за основните училишта, не беа во интерес на поранешниот министер за образование и тие остануваат во надлежност на Општината и во училиштата каде што се одзедоа ингеренциите, нагласуваат од Општина Битола.

The post МОН му ги врати ингеренциите на градоначалникот Тони Коњановски за трите битолски училишта appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука ги укина решенијата за одземање на надлежностите на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, за именување и разрешување на директори на основните училишта „Александар Турунџев“ во селото Кукуречани и „Свети Климент Охридски“ во Битола, како и на средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола. Од Општина Битола соопштија дека Министерството за образование ги укинало решенијата за одземање на вршење работи од надлежност на градоначалникот на Општина Битола, по барање на Коњановски, за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес и на работите во областа на образованието, како и за успешно започнување на учебната 2024/2025 година.
Ингеренциите на градоначалникот беа одземени од поранешната централна власт, само во делот на ангажирањето наставен кадар, именувањето и разрешувањето в.д. директори, додека материјалните трошоци за гориво, превоз на ученици и друго, за кои Општината годишно издвојува околу еден милион евра само за основните училишта, не беа во интерес на поранешниот министер за образование и тие остануваат во надлежност на Општината и во училиштата каде што се одзедоа ингеренциите, нагласуваат од Општина Битола.

The post МОН му ги врати ингеренциите на градоначалникот Тони Коњановски за трите битолски училишта appeared first on Република.

]]>
Ингеренции на шефот на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ingerentsii-na-shefot-na-drzhavata/ Sun, 12 May 2024 08:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=777170

Претседателот на Република Македонија ја претставува државата. Тој е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години.

Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

За претседател исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот мора да биде државјанин на Република Македонија. За претседател може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република  Македонија најмалку десет години во последните 15 години.

Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд по службена должност.

Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Претседателот го определува мандатот за состав на Владата, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на државата во странство, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници, предлага двајца судии на Уставниот суд, предлага двајца членови на Републичкиот судски совет, именува тројца членови на Советот за безбедност, ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи, именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Устав и со закон, доделува одликувања и признанија, дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот.

Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.

Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност, а него го сочинуваат: претседателот, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката.

Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата.

Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот

The post Ингеренции на шефот на државата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Македонија ја претставува државата. Тој е врховен командант на вооружените сили. Своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите, а се бира на општи и непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. Изборот за претседател на Републиката се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот. За претседател исто лице може да биде избрано најмногу два пати. Претседателот мора да биде државјанин на Република Македонија. За претседател може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот. За претседател не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Република  Македонија најмалку десет години во последните 15 години. Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието со која се обврзува на почитување на Уставот и законите. Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието. Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд по службена должност. Должноста претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија. Претседателот на Републиката ужива имунитет. За одземање на имунитетот на претседателот на одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Претседателот го определува мандатот за состав на Владата, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на државата во странство, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници, предлага двајца судии на Уставниот суд, предлага двајца членови на Републичкиот судски совет, именува тројца членови на Советот за безбедност, ги предлага членовите на Советот за меѓунационални односи, именува и разрешува и други носители на државни и јавни функции утврдени со Устав и со закон, доделува одликувања и признанија, дава помилување во согласност со закон и врши други функции утврдени со Уставот. Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност. Претседателот на Републиката е претседател на Советот за безбедност, а него го сочинуваат: претседателот, претседателот на Собранието, претседателот на Владата, министрите кои раководат со органите на државната управа во областите на безбедноста, одбраната и надворешните работи и тројца членови кои ги именува претседателот на Републиката. Советот ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и Владата. Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности. Постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката покренува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот

The post Ингеренции на шефот на државата appeared first on Република.

]]>
За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-drugite-gradonachalnitsi-krivichni-za-merko-vtora-shansa-od-shakiri/ Sun, 17 Sep 2023 14:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=682621

Министерот за образование, Јетон Шаќири нема намера да му ги одземе ингеренциите на струшкиот градоначлалник Рамиз Мерко, поради незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко иако индиректно признава дека имало прекршувања на законот, пренесува „Алсат“ додавајќи дека Мерко добива уште една „шанса“ со распишувањето на нови пет огласи за директори.

Според нашите информации кои ги имаме во повеќе од пет училишта има нови постапки за избор на нови директори. Ако и во овие постапки за избор на нови директори, Просветен инспекторат утврди после сите насоки кои ги има добиено општината тогаш..Но и постапка за одземање на ингеренцитие подразбира взаемна соработка меѓу училиштето, раководството, општината, да може некој од внатре министерството да го назначи за директор, вели Шаќири.

Антикорупциска дури поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконското поставување на директор во училиштето во селото Велешта. Тоа значи дека за вас одлуките на Антикорупциска на Обивнителство немаат тежина?, го прашаа новинарите.

Немате конечни одлуки, имате препораки. Знаете дека ДКСК ги дава препораките во Обвинителство. Немате затворени предмети, вели Шаќири.

Од Основното јавно обвинителство велат дека предметите се во предистражна постапка и оти ОЈО Струга презема дејствија и обезбедува докази неопходни за проверка на наводите. Од Алијанса за Албанците бараа на Мерко да му се одземат ингеренциите за именување на директори, откако Антикорупциска, но и поранешен инспектор за образование утврдија дека во училиштата во Велешта, Подгорци, Лабуништа, Радолишта и во основното училиште Браќа Миладиновци во Струга биле поставени директори кои не ги исполнувале условите за да бидат избрани. За самоволието да биде уште поголемо, Мерко истите овие директори ги избрал и по втор пат.

Во истовреме, заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на „Алсат“ се закани со кривични пријави за директорите на гимназиите, како и кон градоначалниците на Гази Баба и во Велес.

Размислуваме да ги користиме инструментите од кривична и правна природа. Токму членот 137 од Кривичниот законик што го санкционира прашањето на еднаквост и недискриминација. Секој градоначалник, вклучително и оној на Гази Баба, кога ќе биде обвинет за кривично дело, кога ќе му бидат ставени лисици за ова кривично дело, дали знаете дека е казниво кривично дело, од 6 месеци до 5 години затвор, рече тој зборувајќи за проблемот кој министерството го наметна во велешката гимназија, каде за да отвори уште една албанска паралелка испрати допис со барање да се намалат поените потребни за упис.

Шаќири, пак, се закани дека ќе ги одземе ингеренциите за поставување на директори од градоначалниците.

The post За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование, Јетон Шаќири нема намера да му ги одземе ингеренциите на струшкиот градоначлалник Рамиз Мерко, поради незаконското поставување на директори во неколку основни училишта во Струга и струшко иако индиректно признава дека имало прекршувања на законот, пренесува „Алсат“ додавајќи дека Мерко добива уште една „шанса“ со распишувањето на нови пет огласи за директори.
Според нашите информации кои ги имаме во повеќе од пет училишта има нови постапки за избор на нови директори. Ако и во овие постапки за избор на нови директори, Просветен инспекторат утврди после сите насоки кои ги има добиено општината тогаш..Но и постапка за одземање на ингеренцитие подразбира взаемна соработка меѓу училиштето, раководството, општината, да може некој од внатре министерството да го назначи за директор, вели Шаќири.
Антикорупциска дури поднесе и кривична пријава против Мерко, за незаконското поставување на директор во училиштето во селото Велешта. Тоа значи дека за вас одлуките на Антикорупциска на Обивнителство немаат тежина?, го прашаа новинарите.
Немате конечни одлуки, имате препораки. Знаете дека ДКСК ги дава препораките во Обвинителство. Немате затворени предмети, вели Шаќири.
Од Основното јавно обвинителство велат дека предметите се во предистражна постапка и оти ОЈО Струга презема дејствија и обезбедува докази неопходни за проверка на наводите. Од Алијанса за Албанците бараа на Мерко да му се одземат ингеренциите за именување на директори, откако Антикорупциска, но и поранешен инспектор за образование утврдија дека во училиштата во Велешта, Подгорци, Лабуништа, Радолишта и во основното училиште Браќа Миладиновци во Струга биле поставени директори кои не ги исполнувале условите за да бидат избрани. За самоволието да биде уште поголемо, Мерко истите овие директори ги избрал и по втор пат. Во истовреме, заменик министерот за образование, Агим Нухиу во интервју на „Алсат“ се закани со кривични пријави за директорите на гимназиите, како и кон градоначалниците на Гази Баба и во Велес. Размислуваме да ги користиме инструментите од кривична и правна природа. Токму членот 137 од Кривичниот законик што го санкционира прашањето на еднаквост и недискриминација. Секој градоначалник, вклучително и оној на Гази Баба, кога ќе биде обвинет за кривично дело, кога ќе му бидат ставени лисици за ова кривично дело, дали знаете дека е казниво кривично дело, од 6 месеци до 5 години затвор, рече тој зборувајќи за проблемот кој министерството го наметна во велешката гимназија, каде за да отвори уште една албанска паралелка испрати допис со барање да се намалат поените потребни за упис. Шаќири, пак, се закани дека ќе ги одземе ингеренциите за поставување на директори од градоначалниците.

The post За другите градоначалници кривични, за Мерко „втора шанса“ од Шаќири appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-ovaa-tsentralna-vlast-ne-se-soglasuva-so-neistomislenitsite-sekogash-mora-da-se-raboti-po-niven-diktat/ Wed, 31 May 2023 13:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=646488

Министерството за труд и социјална политика ги одзеде ингеренциите на општина Куманово за поставување директор на градинката „Ангел Шајче“, соопшти на денешната прес-конференција кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Тој најави дека решението ќе го обжали пред надлежен суд.

Во текот на вчерашниот ден до Општина Куманово пристигна решение од Министерството за труд и социјална политика на коешто е потпишана ресорната министерка дека се одземаат ингеренциите на Општина Куманово за поставување и разрешување на директор во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ и исто така за поставување и разрешување на в.д. директор во оваа институција, изјави Димитриевски.

Тој кажа дека е разочаран и според него се повторува историјата.

Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат и ова е најгрубо кршење на децентрализацијата во државата. Со ова само потврдуваат уште еднаш дека имаат за намера спротивно статутот на оваа институција да постават директор во истата институција која веќе незаконски е околу 20 години директор на ЈОУ Детската градинка Ангел Шајче, кажа Димитриевски.

На прес-конференцијата кажа дека ќе ги искористи сите правни средства, решението ќе го обжали пред надлежен суд и дополни дека ќе се залага за поголема децентрализација.

Сметаме дека оваа јавна институција заслужува да има подеднаков третман како и останатите и да излезе од партиските пранги кои во моментот сè се поцврсти, изјави Димитриевски

The post Димитриевски: Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат appeared first on Република.

ВМРО ДПМНЕ: Централната власт му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Виница за именување директори на училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-centralnata-vlast-mu-gi-odzede-ingerenciite-na-gradonachalnikot-na-vinica-za-imenuvanje-direktori-na-uchilishta/ Tue, 07 Jun 2022 08:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=512066

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека централната власт предводена од СДСМ и ДУИ им прави опструкции на градоначалниците од нејзините редови, а како последен пример наведува дека му биле одземени ингеренциите на градоначалникот на Виница за именување директори на школи.

Централната власт на СДСМ и ДУИ продолжува со притисоците и опструкциите на градоначалниците кои не се од нивните редови. Последен пример за тоа е Општина Виница, каде централната власт му ги одземаат ингеренциите на градоначалникот во делот на именување и разрешување на директори на училишта. Патем во меѓувреме бидејќи бил истечен мандатот на претходниот директор согласно Закон, градоначалникот именувал вршител на должност директор, а Министерството за образование и наука именува друго лице за директор, без да донесе решение за разрешување на в.д. директорот. Така во исто време има две лица назначени за директор на едно училиште во Виница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, според опозициската партија, е самоволие на централната власт, а штетите ги трпи образованието.

The post ВМРО ДПМНЕ: Централната власт му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Виница за именување директори на училишта appeared first on Република.