инфузија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infuzija/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 09:04:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инфузија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infuzija/ 32 32 Македонската фолк пејачка заврши во болница https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/makedonskata-folk-pejachka-zavrshi-vo-bolnitsa/ Tue, 05 Nov 2024 19:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=834379

Македонската фолк пејачка Адријана Ацевска - Кеш заврши во болница. Пејачката ги загрижи нејзините фанови со фотографија од болница додека прима инфузија.

Како изгледа совршена жена? Слика има тон нема, ете така јас во наредниот месец. Не ми ѕвонете на телефон, буквално ми забранија да зборувам ама затоа можам да пишувам. Следниот месец продолжуваме каде што застанавме и уште појако, до тогаш… јас сум на пауза. Посакајте ми среќа, напиша Ацевска во првата објава.

The post Македонската фолк пејачка заврши во болница appeared first on Република.

]]>

Срцев удар ама не од инфузијата: Обдукцискиот наод исклучи лекарска грешка за смртта на малата Јана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srtsev-udar-ama-ne-od-infuzijata-obduktsiskiot-naod-iskluchi-lekarska-greshka-za-smrtta-na-malata-jana/ Tue, 20 Jun 2023 19:09:50 +0000 https://republika.mk/?p=653497

Пневмонија по прележан ковид-19 предизвикала воспаление на срцевиот мускул од што потоа настанал инфаркт кај 5-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, стои во извештајот на Судска медицина доставен до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола како причина за смртта на девојчето. Не е пронајден пропуст на лекарите ниту причинско-последична врска меѓу примената инфузија во Битолската болница и смртта на девојчето.

Јана почина на 22 март во Битолската болница откако претходно ѝ беше ставена инфузија, па родителите обвинија дека по ваквиот лекарски третман ѝ се покачил шеќерот од 9 на 19 единици.

Ние остануваме на ставот дека се работи за лекарска грешка. Го добивме наодот од судска медицина. Чекаме да се изјасни обвинителството, потоа ќе видиме што ќе преземеме понатаму, дали ќе бараме странска експертиза, ќе одиме до крај колку што ни се можностите. Девојчето немаше симптоми на бронхопневмонија, доколку беше така ќе имаше константна температура, кашлица, тешко дишење, а ние го однесовме на нозе на болница. Откако ја прими инфузијата крвта се направи партал – вели мајката Кристина Христовска.

Адвокатот на семејството Христовски, Јанаки Митровски, вели дека не се совпаѓаат податоците за прележан ковид и за времето кога настанала смртта кај девојчето. Па, денес побара од Основното јавно обвинителство во Битола да се заплени и вештачи компјутерот во Детското одделение во болницата каде биле внесени податоци при лекувањето на Јана.

The post Срцев удар ама не од инфузијата: Обдукцискиот наод исклучи лекарска грешка за смртта на малата Јана appeared first on Република.

]]>

Пневмонија по прележан ковид-19 предизвикала воспаление на срцевиот мускул од што потоа настанал инфаркт кај 5-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, стои во извештајот на Судска медицина доставен до Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Битола како причина за смртта на девојчето. Не е пронајден пропуст на лекарите ниту причинско-последична врска меѓу примената инфузија во Битолската болница и смртта на девојчето. Јана почина на 22 март во Битолската болница откако претходно ѝ беше ставена инфузија, па родителите обвинија дека по ваквиот лекарски третман ѝ се покачил шеќерот од 9 на 19 единици.
Ние остануваме на ставот дека се работи за лекарска грешка. Го добивме наодот од судска медицина. Чекаме да се изјасни обвинителството, потоа ќе видиме што ќе преземеме понатаму, дали ќе бараме странска експертиза, ќе одиме до крај колку што ни се можностите. Девојчето немаше симптоми на бронхопневмонија, доколку беше така ќе имаше константна температура, кашлица, тешко дишење, а ние го однесовме на нозе на болница. Откако ја прими инфузијата крвта се направи партал – вели мајката Кристина Христовска.
Адвокатот на семејството Христовски, Јанаки Митровски, вели дека не се совпаѓаат податоците за прележан ковид и за времето кога настанала смртта кај девојчето. Па, денес побара од Основното јавно обвинителство во Битола да се заплени и вештачи компјутерот во Детското одделение во болницата каде биле внесени податоци при лекувањето на Јана.

The post Срцев удар ама не од инфузијата: Обдукцискиот наод исклучи лекарска грешка за смртта на малата Јана appeared first on Република.

]]>
Шестгодишно девојче почина додека примало инфузија во Битола, се чека обдукција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shestgodishno-devojche-pochina-dodeka-primalo-infuzija-vo-bitola-se-cheka-obduktsija/ Thu, 23 Mar 2023 11:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=622847

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница.

Според извори на „Независен“ од блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало.

Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано.

Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски за „Независен“ потврди дека има починато дете,и врз телото на девојчето се врши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

The post Шестгодишно девојче почина додека примало инфузија во Битола, се чека обдукција appeared first on Република.

]]>

Шестгодишно девојче од битолското село Кравари вчера попладне починало на Детското одделение во Битолската клиничка болница. Според извори на „Независен“ од блиски на семејството на починатото девојче, тоа со симптоми на настинка, покачена температура и дијареа било однесено од родителите на Педијатрија, и, како што кажуваат, во текот на примањето на инфузија починало. Роднините на семејството се сомневаат дека детето не било соодветно третирано. Директорот на Битолската клиничка болница, Александар Обедниковски за „Независен“ потврди дека има починато дете,и врз телото на девојчето се врши обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

The post Шестгодишно девојче почина додека примало инфузија во Битола, се чека обдукција appeared first on Република.

]]>