инфраструктура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infrastruktura/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Apr 2024 15:09:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инфраструктура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infrastruktura/ 32 32 Ковачки: Фокусот ќе ни биде изградба на инфраструктурата, многу нови патишта во Македонска Каменица и нејзино поврзување со Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-fokusot-ke-ni-bide-izgradba-na-infrastrukturata-mnogu-novi-patishta-vo-makedonska-kamenitsa-i-nejzino-povrzuvane-so-kriva-palanka/ Sat, 20 Apr 2024 15:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=768509

„Во изминатиот период каде и да одевме се чувствуваше енергијата и желбата на луѓето за промени. Во изминатите денови се среќавав со пензионери, лекари, млади лица, со војници со полицајци и секаде каде што разговарав со луѓето сите кажуваат дека состојбата е претешка, сите беа разочарани од животот кој што го живеат и животниот стандард кој што е намален и од понижувањата и газењето на македонските национални интереси. Македонија ги живее најтешките години, но желбата за промени е толку голема, што силно ќе ги победиме“, посочи Драган Ковачки, носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на митингот во Македонска Каменица.

Тој посочи дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ја нуди програмата „Платформа 1198“, а ВМРО-ДПМНЕ се што ветува и реализира и затоа ја бара поддршката од граѓаните.

„За земјоделците ветуваме 800 милиони евра директна поддршка за 4 години, ги ставивме луѓето на прво место. Затоа ги ставивме и економијата и инфраструктурата во фокусот. За инфраструктура планираме околу 2 милијарди евра да инвестираме во 4 годишниот мандат. Македонска Каменица ќе ја поврземе со асфалтен пат со Крива Паланка, дополнително локален пат од Косевица до Моштица, локален пат од Тодоровци до Луковица, реконструкција на локалниот пат до Луковица, изградба на локален пат од Саса до Цера, изградба на повеќе патишта во Саса и Костин Дол, изградба на повеќе улици во Каменица како ул. „Питу Гули“, ул. „Карпошова“ и ул. „Миле Јаневски Џингар“. Реконструкција на улица „Илинденска“ и изградба на пешачки мост на Каменичка Река, изградба на фекална канализација во Моштива, Косевица и колектор од Моштица до Македонска Каменица и многу други проекти“, истакна Ковачки.

 

The post Ковачки: Фокусот ќе ни биде изградба на инфраструктурата, многу нови патишта во Македонска Каменица и нејзино поврзување со Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

„Во изминатиот период каде и да одевме се чувствуваше енергијата и желбата на луѓето за промени. Во изминатите денови се среќавав со пензионери, лекари, млади лица, со војници со полицајци и секаде каде што разговарав со луѓето сите кажуваат дека состојбата е претешка, сите беа разочарани од животот кој што го живеат и животниот стандард кој што е намален и од понижувањата и газењето на македонските национални интереси. Македонија ги живее најтешките години, но желбата за промени е толку голема, што силно ќе ги победиме“, посочи Драган Ковачки, носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на митингот во Македонска Каменица. Тој посочи дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ја нуди програмата „Платформа 1198“, а ВМРО-ДПМНЕ се што ветува и реализира и затоа ја бара поддршката од граѓаните. „За земјоделците ветуваме 800 милиони евра директна поддршка за 4 години, ги ставивме луѓето на прво место. Затоа ги ставивме и економијата и инфраструктурата во фокусот. За инфраструктура планираме околу 2 милијарди евра да инвестираме во 4 годишниот мандат. Македонска Каменица ќе ја поврземе со асфалтен пат со Крива Паланка, дополнително локален пат од Косевица до Моштица, локален пат од Тодоровци до Луковица, реконструкција на локалниот пат до Луковица, изградба на локален пат од Саса до Цера, изградба на повеќе патишта во Саса и Костин Дол, изградба на повеќе улици во Каменица како ул. „Питу Гули“, ул. „Карпошова“ и ул. „Миле Јаневски Џингар“. Реконструкција на улица „Илинденска“ и изградба на пешачки мост на Каменичка Река, изградба на фекална канализација во Моштива, Косевица и колектор од Моштица до Македонска Каменица и многу други проекти“, истакна Ковачки.  

The post Ковачки: Фокусот ќе ни биде изградба на инфраструктурата, многу нови патишта во Македонска Каменица и нејзино поврзување со Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
МЖ-Инфраструктура за напукнатиот столб на мостот на Црна Река: По увидот ќе се одлучи како ќе се постапи за непречено да функционира железничкиот сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mzh-infrastruktura-za-napuknatiot-stolb-na-mostot-na-tsrna-reka-po-uvidot-ke-se-odluchi-kako-ke-se-postapi-za-neprecheno-da-funktsionira-zheleznichkiot-soobrakaj/ Wed, 15 Nov 2023 14:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=701888

Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес.

Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај.

Во однос на настанатата ситуација со железничкиот мост на Црна Река кај локалитетот Стоби, Ве информираме дека на терен се излезени екипи на ЈП ЖРМ Инфраструктура, професори од Градежен факултет, експерти и стручни лица од областа и истите вршат увид на моменталната ситуација по што ќе се одлучи како најсоодветно и најбрзо да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај, се наведува во изјавата.

Од МЖ Транспорт за МИА велат дека патниците кои ги користат железничките услуги на релација Скопје – Гевгелија – Скопје и понатаму ќе бидат превезувани до крајните дестинации, со тоа што возовите од Скопје ќе сообраќаат до станицата Градско, а возовите од Гевгелија ќе сообраќаат до станицата Неготино Вардар.

На делот Неготино Вардар – Градско – Неготино Вардар, патниците ќе се превезуваат со автобус.

Утринскиот воз, број 630 ,што досега од Гевгелија поаѓаше во 04.40 часот, а од 15.11.2023 година ќе поаѓа во 06.15 часот, велат од МЖ Транспорт за МИА.

The post МЖ-Инфраструктура за напукнатиот столб на мостот на Црна Река: По увидот ќе се одлучи како ќе се постапи за непречено да функционира железничкиот сообраќај appeared first on Република.

]]>

Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес. Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај. Во однос на настанатата ситуација со железничкиот мост на Црна Река кај локалитетот Стоби, Ве информираме дека на терен се излезени екипи на ЈП ЖРМ Инфраструктура, професори од Градежен факултет, експерти и стручни лица од областа и истите вршат увид на моменталната ситуација по што ќе се одлучи како најсоодветно и најбрзо да се постапи за да се воспостави непречено функционирање на железничкиот сообраќај, се наведува во изјавата. Од МЖ Транспорт за МИА велат дека патниците кои ги користат железничките услуги на релација Скопје – Гевгелија – Скопје и понатаму ќе бидат превезувани до крајните дестинации, со тоа што возовите од Скопје ќе сообраќаат до станицата Градско, а возовите од Гевгелија ќе сообраќаат до станицата Неготино Вардар. На делот Неготино Вардар – Градско – Неготино Вардар, патниците ќе се превезуваат со автобус. Утринскиот воз, број 630 ,што досега од Гевгелија поаѓаше во 04.40 часот, а од 15.11.2023 година ќе поаѓа во 06.15 часот, велат од МЖ Транспорт за МИА.

The post МЖ-Инфраструктура за напукнатиот столб на мостот на Црна Река: По увидот ќе се одлучи како ќе се постапи за непречено да функционира железничкиот сообраќај appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Инвестираме во модерна патна инфраструктура – Пробиена десната цевка на тунелот Фариш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-investirame-vo-moderna-patna-infrastruktura-probiena-desnata-tsevka-na-tunelot-farish/ Wed, 19 Jul 2023 16:11:47 +0000 https://republika.mk/?p=663240

Претседателот на Владата на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, утрово присуствуваше на изведба на пробивање на десна цевка на тунелот Фариш, кој се наоѓа на делницата Фариш-Дреново на новиот експресен пат Градско-Прилеп.

Бележиме уште еден успешен градежен зафат како дел од нашиот голем инвестициски циклус на градење на модерни делници и автопатишта низ целата наша држава.
Денеска, со пробивањето на десната цевка на тунелот Фариш, ја динамизираме изведбата на патниот правец Фариш-Дреново, како дел од експресниот пат Градско-Прилеп.
Вложуваме во инфраструктурата и инсистираме на ефикасност во изведбата бидејќи сакаме да обезбедиме квалитетен живот за нашите граѓани и со тоа што побрзо да го трасираме нашиот пат кон ЕУ.
Градиме модерни и безбедни автопати, градиме магистрални, регионални, експресни патишта со кои ги поврзуваме селата и градовите во регионите, регионите со други региони, а државата со светот.
Република Македонија станува светска сообраќајна и трговска крстосница. Нашите граѓани заслужуваат европски живот овде, во својата земја!

The post Ковачевски: Инвестираме во модерна патна инфраструктура – Пробиена десната цевка на тунелот Фариш appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, утрово присуствуваше на изведба на пробивање на десна цевка на тунелот Фариш, кој се наоѓа на делницата Фариш-Дреново на новиот експресен пат Градско-Прилеп.
Бележиме уште еден успешен градежен зафат како дел од нашиот голем инвестициски циклус на градење на модерни делници и автопатишта низ целата наша држава. Денеска, со пробивањето на десната цевка на тунелот Фариш, ја динамизираме изведбата на патниот правец Фариш-Дреново, како дел од експресниот пат Градско-Прилеп. Вложуваме во инфраструктурата и инсистираме на ефикасност во изведбата бидејќи сакаме да обезбедиме квалитетен живот за нашите граѓани и со тоа што побрзо да го трасираме нашиот пат кон ЕУ. Градиме модерни и безбедни автопати, градиме магистрални, регионални, експресни патишта со кои ги поврзуваме селата и градовите во регионите, регионите со други региони, а државата со светот. Република Македонија станува светска сообраќајна и трговска крстосница. Нашите граѓани заслужуваат европски живот овде, во својата земја!

The post Ковачевски: Инвестираме во модерна патна инфраструктура – Пробиена десната цевка на тунелот Фариш appeared first on Република.

]]>
Несериозно е да се зборува за реализација на било каков процент на капитални инвестиции во држава во која 6 години ништо не е изградено https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/neseriozno-e-da-se-zboruva-za-realizatsija-na-bilo-kakov-protsent-na-kapitalni-investitsii-vo-drzhava-vo-koja-6-godini-nishto-ne-e-izgradeno/ Mon, 29 May 2023 19:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=645898

Многу е несериозно да зборуваме дека се реализираат било каков процент на капитални инвестиции во држава во која 6 години ништо капитално не се реализира. Има одредени трикови кои тие ги прават за да сега еве престават највисоко ниво, историско на реализација на капитални инвестиции, преку тоа што во оној процент на капитални инвестиции ги вкалкулираат сите средства кои што ги префрлаат до ЕСМ или до македонските развојни банки за докапитализирање преку кредити, но најмногу и најлесно се објаснува тоа како се реализираат капиталните инвестиции преку тоа дали граѓаните гледаат дека на терен се гради нешто од тоа што тие го плаќаат во буџетот. Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, на тема „Политики за развој на инфраструктурата“.

Тој исто така преку пример објасни дека власта безосетно лаже за тоа колку километри патишта се направени.

„Еве да го земеме првиот пример со онаа една нивна трибина дека направиле 1.300 километри патишта. Тоа беше пред четири недели и вчера ги слушам од Битола министерот вели не 1.300, туку 1.400 километри направивме. Па основно се поставува прашањето дали овие нашиве што работат треба да се некакви чудни инженери кои што успеваат за четири недели 100 километри нови да испроектираат, да пробијат, да изградат и да асфалтираат“, потенцираше Стојаноски.

Стојаноски меѓу другото истакна и дека непочнатиот автопат кој треба да го гради Бехтел и Енка до овој момент ја чини државата 200 милиони евра, пари со кои веднаш би можело да се пристапи кон решавање на проблемите од комунална природа во повеќе општини.

„До овој момент непочнатиот автопат Бехтел и Енка ја чини оваа држава 200 милиони евра. Тоа значи дека ние тие 200 милиони евра да не ги дадевме на овие кои што немаат ни почнато, ниту заковано една шајка, ниту фрлена една лопата, ќе можевме сите овие општини коишто гравитираат околу Делчево и во овој дел од државата веднаш да пристапиме кон решавање на проблемите од комунална природа. Е токму затоа велам дека оваа влада не може да се каже дека реализира капитални инвестиции кога и не реализира“, рече Стојаноски и додаде:

„Сакам да ѝ порачам на македонската јавност една многу директна работа дека сите овие прашања, сите овие проблеми имаат одговор и сите овие проблеми може да се решат“, заклучи Стојаноски.

The post Несериозно е да се зборува за реализација на било каков процент на капитални инвестиции во држава во која 6 години ништо не е изградено appeared first on Република.

]]>

Многу е несериозно да зборуваме дека се реализираат било каков процент на капитални инвестиции во држава во која 6 години ништо капитално не се реализира. Има одредени трикови кои тие ги прават за да сега еве престават највисоко ниво, историско на реализација на капитални инвестиции, преку тоа што во оној процент на капитални инвестиции ги вкалкулираат сите средства кои што ги префрлаат до ЕСМ или до македонските развојни банки за докапитализирање преку кредити, но најмногу и најлесно се објаснува тоа како се реализираат капиталните инвестиции преку тоа дали граѓаните гледаат дека на терен се гради нешто од тоа што тие го плаќаат во буџетот. Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, на тема „Политики за развој на инфраструктурата“. Тој исто така преку пример објасни дека власта безосетно лаже за тоа колку километри патишта се направени. „Еве да го земеме првиот пример со онаа една нивна трибина дека направиле 1.300 километри патишта. Тоа беше пред четири недели и вчера ги слушам од Битола министерот вели не 1.300, туку 1.400 километри направивме. Па основно се поставува прашањето дали овие нашиве што работат треба да се некакви чудни инженери кои што успеваат за четири недели 100 километри нови да испроектираат, да пробијат, да изградат и да асфалтираат“, потенцираше Стојаноски. Стојаноски меѓу другото истакна и дека непочнатиот автопат кој треба да го гради Бехтел и Енка до овој момент ја чини државата 200 милиони евра, пари со кои веднаш би можело да се пристапи кон решавање на проблемите од комунална природа во повеќе општини. „До овој момент непочнатиот автопат Бехтел и Енка ја чини оваа држава 200 милиони евра. Тоа значи дека ние тие 200 милиони евра да не ги дадевме на овие кои што немаат ни почнато, ниту заковано една шајка, ниту фрлена една лопата, ќе можевме сите овие општини коишто гравитираат околу Делчево и во овој дел од државата веднаш да пристапиме кон решавање на проблемите од комунална природа. Е токму затоа велам дека оваа влада не може да се каже дека реализира капитални инвестиции кога и не реализира“, рече Стојаноски и додаде: „Сакам да ѝ порачам на македонската јавност една многу директна работа дека сите овие прашања, сите овие проблеми имаат одговор и сите овие проблеми може да се решат“, заклучи Стојаноски.

The post Несериозно е да се зборува за реализација на било каков процент на капитални инвестиции во држава во која 6 години ништо не е изградено appeared first on Република.

]]>
Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата: Со инвестиции во нови лабаратории и технологии за подобар квалитет и заштита на потрошувачите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-na-odbelezhuvaneto-na-denot-na-metrologijata-so-investitsii-vo-novi-labaratorii-i-tehnologii-za-podobar-kvalitet-i-zashtita-na-potroshuvachite/ Fri, 19 May 2023 14:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=642702

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се обрати на настан по повод одбележување на Светскиот ден на метрологијата 20 мај, кој го организираше Бирото за метрологија.

Министерот им честиташе на вработените и на директорот, Абдил Селам Селами  и им посака успех во работата.

„Бирото за метрологија, како орган во состав на Министерството за економија е државна национална метролошка институција, која ги спроведува тие мерења, точни и прецизни, еднакви со мерењата во светот.  Како најважна алка во инфраструктурата за квалитет, Бирото за метрологија дава суштински придонес кон надминување на техничките бариери, кон фер трговијата како и кон грижата за потрошувачите. Верувам дека ќе се согласите со мене дека фер трговијата и заштитата на потрошувачите не е возможна без развиен метролошки систем.

Метрологијата е многу важна и би било многу тешко да се замисли модерниот свет на трговијата и на индустријата без ваков Институт. Потребна е современа опрема за извршување на работата во делот на метрологијата“ кажа министерот Бектеши во своето обраќање.

Министерот потсети за достигнувањата на Бирото за метрологија со поддршка на Министерството за економија и Владата

„Во 2019 година беше набавена мобилната лабараторија за тестирање на квалитетот на горивата која беше акредитрана на почетокот на 2020 година. Акредитирана е за 16 методи за тестирање на бензин и дизел. Од акредитацијата, па се до денес, Државниот пазарен инспекторат константно ја користи оваа лабораторија при контрола на домашниот пазар на течни горива. И во најкус можен рок, на лице место се добиваат резултати од тестирањето на квалитетот на нафтата и нафтените деривати, што е од круцијално значење при вршење на увоз и надзор на домашниот пазар. Поради неможноста на Државниот пазарен инспекторат да го контролира квалитетот на увезениот мазут во земјава, откако беше утврдено дека неквалитетен и опасен мазут се увезува во земјава, во 2021 година Владата го задолжи Бирото за метрологија да набави опрема за испитување на квалитетот на мазутот. Опремата беше набавена и акредитирана во рок од три месеци со седум мерни инструменти за тестирање на повеќе од 10 параметри на мазутот, а согласно сите  барања на стандардот МКС Б.Х2.430, за тестирање на квалитетот на мазутот и маслата за горење“ кажа министерот

Во однос на следните проекти кои работи Бирото за метрологија министерот Бектеши кажа дека паралелно со развојот на гасоводните мрежи, се јави и потребата за испитување и верификација на гасомери и електронски коректори на зафатнина на гас.

„Поради фактот што во Република Македонија не постои лабораторија за испитување и верификација на гасомерите и електронските коректори на зафатнина на гас,  Бирото за метрологија, направи напори за формирање на лабораторија за оцена на сообразност и верификација на наведените типови на мерила. Имено, заради непостоење на ваква лабораторија за испитување и верификација на гасомерите и електронските коректори на зафатнина на гас, сите мерни инструменти (гасомери) се верификуваа надвор од Република Македонија во соодветни  опремени и акредитирани лаборатории. Овие денови, мерната опрема за верификација на гасомери се поставува во лабораторискиот центар на Бирото за метрологија и истата во целост ќе ги исполнува барањата на европските стандарди за оцена на сообразност и верификација на гасомери“ кажа министерот.

На крајот министерот кажа дека поддршката за понатамошниот развој на Бирото за метрологија, а воедно и метролошкиот систем во Република Македонија и натаму ќе биде приоритет на Министерството за економија, се со цел да се подобри конкурентноста, производството, трговијата, како и квалитетот на животот на сите нас.

The post Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата: Со инвестиции во нови лабаратории и технологии за подобар квалитет и заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се обрати на настан по повод одбележување на Светскиот ден на метрологијата 20 мај, кој го организираше Бирото за метрологија. Министерот им честиташе на вработените и на директорот, Абдил Селам Селами  и им посака успех во работата. „Бирото за метрологија, како орган во состав на Министерството за економија е државна национална метролошка институција, која ги спроведува тие мерења, точни и прецизни, еднакви со мерењата во светот.  Како најважна алка во инфраструктурата за квалитет, Бирото за метрологија дава суштински придонес кон надминување на техничките бариери, кон фер трговијата како и кон грижата за потрошувачите. Верувам дека ќе се согласите со мене дека фер трговијата и заштитата на потрошувачите не е возможна без развиен метролошки систем. Метрологијата е многу важна и би било многу тешко да се замисли модерниот свет на трговијата и на индустријата без ваков Институт. Потребна е современа опрема за извршување на работата во делот на метрологијата“ кажа министерот Бектеши во своето обраќање. Министерот потсети за достигнувањата на Бирото за метрологија со поддршка на Министерството за економија и Владата „Во 2019 година беше набавена мобилната лабараторија за тестирање на квалитетот на горивата која беше акредитрана на почетокот на 2020 година. Акредитирана е за 16 методи за тестирање на бензин и дизел. Од акредитацијата, па се до денес, Државниот пазарен инспекторат константно ја користи оваа лабораторија при контрола на домашниот пазар на течни горива. И во најкус можен рок, на лице место се добиваат резултати од тестирањето на квалитетот на нафтата и нафтените деривати, што е од круцијално значење при вршење на увоз и надзор на домашниот пазар. Поради неможноста на Државниот пазарен инспекторат да го контролира квалитетот на увезениот мазут во земјава, откако беше утврдено дека неквалитетен и опасен мазут се увезува во земјава, во 2021 година Владата го задолжи Бирото за метрологија да набави опрема за испитување на квалитетот на мазутот. Опремата беше набавена и акредитирана во рок од три месеци со седум мерни инструменти за тестирање на повеќе од 10 параметри на мазутот, а согласно сите  барања на стандардот МКС Б.Х2.430, за тестирање на квалитетот на мазутот и маслата за горење“ кажа министерот Во однос на следните проекти кои работи Бирото за метрологија министерот Бектеши кажа дека паралелно со развојот на гасоводните мрежи, се јави и потребата за испитување и верификација на гасомери и електронски коректори на зафатнина на гас. „Поради фактот што во Република Македонија не постои лабораторија за испитување и верификација на гасомерите и електронските коректори на зафатнина на гас,  Бирото за метрологија, направи напори за формирање на лабораторија за оцена на сообразност и верификација на наведените типови на мерила. Имено, заради непостоење на ваква лабораторија за испитување и верификација на гасомерите и електронските коректори на зафатнина на гас, сите мерни инструменти (гасомери) се верификуваа надвор од Република Македонија во соодветни  опремени и акредитирани лаборатории. Овие денови, мерната опрема за верификација на гасомери се поставува во лабораторискиот центар на Бирото за метрологија и истата во целост ќе ги исполнува барањата на европските стандарди за оцена на сообразност и верификација на гасомери“ кажа министерот. На крајот министерот кажа дека поддршката за понатамошниот развој на Бирото за метрологија, а воедно и метролошкиот систем во Република Македонија и натаму ќе биде приоритет на Министерството за економија, се со цел да се подобри конкурентноста, производството, трговијата, како и квалитетот на животот на сите нас.

The post Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата: Со инвестиции во нови лабаратории и технологии за подобар квалитет и заштита на потрошувачите appeared first on Република.

]]>
Не седнуваме по кафеани за да решаваме инфраструктурни проблеми, вели Битиќи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-sednuvame-po-kafeani-za-da-reshavame-infrastrukturni-problemi-veli-bitiki/ Tue, 07 Feb 2023 07:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=605744

За првпат системски ги поставуваме работите за да се решат проблемите во инфраструктурата, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „24 анализа“.

Жалам што некој што во минатото држел функции и не направил систем за непречено да течат инфраструктурните проблеми. Се надевам преку правосудниот систем ќе излезе зошто ништо не се правело. Клучниот одговор е „изборна година“, очигледно политичарите гледаат од избори до избори… односно што ќе направам сега за да ги добијам следните избори. Затоа не се направил систем. Претходната власт имаше направено паралелен систем и адресата не беше на Илинденска, рече Битиќи.

Прашан за автопатот Кичево-Охрид тој кажа дека на овој автопат имало 130 неодобрени инфраструктурни проекти.

Тоа е практично секој метар од автопатот. За косините на граѓаните не им е важно. Тука станува збор за 50 километри, а тие проекти не биле нацртани, земјиштето немало експропријација. Се почнало да се гради без нацртани проекти. На 31.12.2023 сите изведувачи имаат краен рок за завршување. Некој ќе сноси сериозна одговорност ако не е така, тоа е системско решавање на овој проблем. Завршено е времето на седнување во кафани и добивање по уште година. Сакал некој тоа од изведувачи да го постигне или не, нека се откаже утре, ќе најдеме друг изведувач, кажа Битиќи.

The post Не седнуваме по кафеани за да решаваме инфраструктурни проблеми, вели Битиќи appeared first on Република.

]]>

За првпат системски ги поставуваме работите за да се решат проблемите во инфраструктурата, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „24 анализа“.
Жалам што некој што во минатото држел функции и не направил систем за непречено да течат инфраструктурните проблеми. Се надевам преку правосудниот систем ќе излезе зошто ништо не се правело. Клучниот одговор е „изборна година“, очигледно политичарите гледаат од избори до избори… односно што ќе направам сега за да ги добијам следните избори. Затоа не се направил систем. Претходната власт имаше направено паралелен систем и адресата не беше на Илинденска, рече Битиќи.
Прашан за автопатот Кичево-Охрид тој кажа дека на овој автопат имало 130 неодобрени инфраструктурни проекти.
Тоа е практично секој метар од автопатот. За косините на граѓаните не им е важно. Тука станува збор за 50 километри, а тие проекти не биле нацртани, земјиштето немало експропријација. Се почнало да се гради без нацртани проекти. На 31.12.2023 сите изведувачи имаат краен рок за завршување. Некој ќе сноси сериозна одговорност ако не е така, тоа е системско решавање на овој проблем. Завршено е времето на седнување во кафани и добивање по уште година. Сакал некој тоа од изведувачи да го постигне или не, нека се откаже утре, ќе најдеме друг изведувач, кажа Битиќи.

The post Не седнуваме по кафеани за да решаваме инфраструктурни проблеми, вели Битиќи appeared first on Република.

]]>
Ковачевски од Куманово потсети дека се градат мостови, локални и регионални патишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-od-kumanovo-potseti-deka-se-gradat-mostovi-lokalni-i-regionalni-patishta/ Thu, 22 Dec 2022 14:41:00 +0000 https://republika.mk/?p=588921

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми извршија увид во работите на изградба на мостот во населба Проевце на Реката Кумановка, кој е во завршна фаза.

Премиерот Ковачевски истакна дека пред предвидениот рок завршува реконструкцијата на мостот кај Проевце, кој е своевидна обиколница на Куманово, но и значајна врска, за автопат А1 спој со Република Србија, како и со магистралниот пат А2 преку кој Република Македонија е поврзана со Република Бугарија.

„Овој мост исто така го канализира сообраќајот, кон регионите на Општините Свети Николе, Штип, Кочани и други градови и населени места во источниот дел на нашата држава. Сега овој мост кој поврзува делница со голем проток на возила, од кои голем дел тешки товарни, е повторно безбеден за сообраќај. Како што ветивме, го одржавме ветувањето - пред почетокот на зимата на нашите граѓани им овозможуваме нов рехабилитиран мост безбеден за сообраќај. Владата што ја предводам има јасен смер, а тоа е европска иднина и квалитетен и безбеден живот за сите наши граѓани и генерациите што доаѓаат по нас. Вложуваме во модерна патна инфраструктура. Ги обновуваме старите и градиме нови патишта, бидејќи тоа е важно за граѓаните, важно е за бизнис секторот, важно е за инвеститорите, за туристите. Приоритет е граѓаните без разлика дали живеат во урбани средини, градови, населени места или села да имаат безбедни и сигурни патишта. Изминативе пет години, Владата предводена од СДСМ изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, што е двојно повеќе од претходните десет години, кога биле направени само околу 650 километри“, рече Ковачевски.

Министерот Бочварски рече дека инвестициите во капитални проекти значат подобрување на животот на граѓаните, развој на економијата и подобра иднина за сите.

„Неслучајно сме фокусирани на целокупната инфраструктура насекаде низ државата, сé со цел да овозможиме рамномерен регионален развој, да создадеме услови за поволна бизнис клима за стопанството, да им помогнеме на граѓаните во овие услови на економска и енергетска криза.

За граѓаните од другите региони рехабилитацијата на овој мост можеби и не значи ништо, но за граѓаните на Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, другите општини од регионот, па и странските патници кои транзитираат низ оваа обиколница, ова значи поголема безбедност во сообраќајот, подобри услови за комуникација, подобра инфраструктура, развој на оваа индустриска зона.

Слободно можам да кажам дека овде во Куманово речиси и да нема правец што не е рехабилитиран:

-    го завршивме патниот правец кон Свети Николе,

-    патот кон Никуштак,

-    патот кон Опае,

-    кон Липково,

-    патот кон Сопот,

-    завршуваме со рехабилитацијата на магистралата од Куманово до Страцин,

-    завршиме со рехабилитација и на Искрин мост,

-    следната година ќе започнеме со рехабилитација на клучката Табановце.

Во делот на локалните улици, за Општина Куманово ставени се на располагање речиси 2 милиони евра.

Инвестиравме 3,3 милиони евра за водоснабдувањето во општината" рече Бочварски.

Директорот на ЈПДП Рустеми рече дека мостот е со челични главни носачи на пет распони со должина од 172.5 метри и ширина на коловоз од 6.5 метри и тротоари од двете страни од по 1 метар.

„Санацијата ги опфати овие челични носачи како и зајакнување на сите столбни места, менување на старите и оштетени лежишта, санација и зајакнување на нова коловозна плоча, нови тротоари, нова мостовска ограда, нова хидроизолација и асфалтна конструкција. Изведувач на работите е СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ – СКОПЈЕ, надзор е Геинг-Скопје, а предвидените средства за санацијата на мостот се во висина од 59.7 милиони денари (околу еден милион евра). Работите се во завршна фаза и во моментов се изведуваат работи на последното поле и на крајниот столб од страната на Куманово“, рече Рустеми.

The post Ковачевски од Куманово потсети дека се градат мостови, локални и регионални патишта appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми извршија увид во работите на изградба на мостот во населба Проевце на Реката Кумановка, кој е во завршна фаза. Премиерот Ковачевски истакна дека пред предвидениот рок завршува реконструкцијата на мостот кај Проевце, кој е своевидна обиколница на Куманово, но и значајна врска, за автопат А1 спој со Република Србија, како и со магистралниот пат А2 преку кој Република Македонија е поврзана со Република Бугарија. „Овој мост исто така го канализира сообраќајот, кон регионите на Општините Свети Николе, Штип, Кочани и други градови и населени места во источниот дел на нашата држава. Сега овој мост кој поврзува делница со голем проток на возила, од кои голем дел тешки товарни, е повторно безбеден за сообраќај. Како што ветивме, го одржавме ветувањето - пред почетокот на зимата на нашите граѓани им овозможуваме нов рехабилитиран мост безбеден за сообраќај. Владата што ја предводам има јасен смер, а тоа е европска иднина и квалитетен и безбеден живот за сите наши граѓани и генерациите што доаѓаат по нас. Вложуваме во модерна патна инфраструктура. Ги обновуваме старите и градиме нови патишта, бидејќи тоа е важно за граѓаните, важно е за бизнис секторот, важно е за инвеститорите, за туристите. Приоритет е граѓаните без разлика дали живеат во урбани средини, градови, населени места или села да имаат безбедни и сигурни патишта. Изминативе пет години, Владата предводена од СДСМ изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, што е двојно повеќе од претходните десет години, кога биле направени само околу 650 километри“, рече Ковачевски. Министерот Бочварски рече дека инвестициите во капитални проекти значат подобрување на животот на граѓаните, развој на економијата и подобра иднина за сите. „Неслучајно сме фокусирани на целокупната инфраструктура насекаде низ државата, сé со цел да овозможиме рамномерен регионален развој, да создадеме услови за поволна бизнис клима за стопанството, да им помогнеме на граѓаните во овие услови на економска и енергетска криза. За граѓаните од другите региони рехабилитацијата на овој мост можеби и не значи ништо, но за граѓаните на Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, другите општини од регионот, па и странските патници кои транзитираат низ оваа обиколница, ова значи поголема безбедност во сообраќајот, подобри услови за комуникација, подобра инфраструктура, развој на оваа индустриска зона. Слободно можам да кажам дека овде во Куманово речиси и да нема правец што не е рехабилитиран: -    го завршивме патниот правец кон Свети Николе, -    патот кон Никуштак, -    патот кон Опае, -    кон Липково, -    патот кон Сопот, -    завршуваме со рехабилитацијата на магистралата од Куманово до Страцин, -    завршиме со рехабилитација и на Искрин мост, -    следната година ќе започнеме со рехабилитација на клучката Табановце. Во делот на локалните улици, за Општина Куманово ставени се на располагање речиси 2 милиони евра. Инвестиравме 3,3 милиони евра за водоснабдувањето во општината" рече Бочварски. Директорот на ЈПДП Рустеми рече дека мостот е со челични главни носачи на пет распони со должина од 172.5 метри и ширина на коловоз од 6.5 метри и тротоари од двете страни од по 1 метар. „Санацијата ги опфати овие челични носачи како и зајакнување на сите столбни места, менување на старите и оштетени лежишта, санација и зајакнување на нова коловозна плоча, нови тротоари, нова мостовска ограда, нова хидроизолација и асфалтна конструкција. Изведувач на работите е СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ – СКОПЈЕ, надзор е Геинг-Скопје, а предвидените средства за санацијата на мостот се во висина од 59.7 милиони денари (околу еден милион евра). Работите се во завршна фаза и во моментов се изведуваат работи на последното поле и на крајниот столб од страната на Куманово“, рече Рустеми.

The post Ковачевски од Куманово потсети дека се градат мостови, локални и регионални патишта appeared first on Република.

]]>
Инфраструктурните врски со Бугарија се уште се само во најава и чекаат конечна реализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/infrastrukturnite-vrski-so-bugarija-se-ushte-se-samo-vo-najava-i-chekaat-konechna-realizacija/ Sat, 15 Jan 2022 09:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=444873

Скопје и Софија немаат ниту железничко, ниту авионско, ниту автопатско поврзување. Во најава или во тек се неколку проекти од наша страна што треба да обезбедат подобро поврзување на луѓето и бизнисот и зголемен обем на трговска размена.

Во предлог програмата на Владата е наведено дека во првата половина на годинава ќе продолжи изградбата на првата и втора делница од источниот крак на железничкиот Коридор 8 ( Куманово – Бељаковце) и (Бељаковце – Крива Паланка) од пругата кон Бугарија. Тоа е еден од клучните инфраструктурни проекти за поврзување со соседна Бугарија, чиј нов премиер Кирил Петков неодамна најави дека ќе се формираат работни групи со нашата држава, меѓу останатото за инфраструктура и за економија.

Напролет се очекува да продолжат работите на пругата кон Бугарија, како и да биде објавен тендер за третата делница. Активностите се во координација со Бугарските железници и се следи во целост динамиката од бугарската страна за финализација на проектот во 2027 година - вели за МИА Хари Локвенец, директор на Железници Инфраструктура.

Во финална фаза е евалуацијата на понудите за првите две делници од наша страна Куманово-Белјаковце и Белјаковце – Крива Паланка.

Во моментов сме во финална фаза на евалуација на понудите за првите две делници Куманово-Белјаковце-Крива Паланка. Понудените цени се на ниво од 200 милиони евра. Во нив користиме грант од 68 милиони евра од WBIF-Western Balkan Investment Framework,  додека останатиот дел е финансиран од ЕБРД. Предвидениот рок за реализација на првата делница е 24, додека за втората е 36 месеци. Градбата се очекува да започне оваа пролет - посочува Локвенец.

Третата фаза Крива Паланка – граница со Бугарија, во должина од 24 километри, е најтешката делница. На 24 километри проектирани се 25 тунели и 51 мост, што значи дека на секој километар ќе има по еден тунел и два моста. Проектантската вредност од 2016 година е 405 милиони евра, која, според Локвенец, заради светската инфлација можно е да биде и повисока.

За оваа делница користиме ИПА 2 грант од 60,75 милиони евра. Важно е да се истакне дека во февруари лани кај ВБИФ аплициравме 153 милиони евра инвестициски грант за оваа делница за кој позитивен одговор очекуваме овој месец. Остатокот од парите ќе биде финансиран од ЕИБ и ЕБРД по половина, со што водечка финансиска институција ќе биде ЕИБ. Подготовката на тендерската документација е во завршна фаза и очекуваме оваа пролет тендерот да биде објавен, а на почетокот на 2023 година да се почне со градба. Времето на реализација е четири години - наведува Локвенец.

Сите овие активности, дополнува тој,  се координирани и планирани со директорот на Бугарските железници Папукчиски и ја следат во целост динамиката од бугарска страна за финализација на севкупниот проект во текот на 2027 година.

Изградбата на пругата во државава е почната во 1994 година. За таа намена се одвојувани пари од државниот Буџет се до 2004 година, кога беше стопирана изградбата. По речиси децениски застој на градежните работи, во март 2014 година почна обновата на изградените тунели и мостови и градба на новите делови согласно проектот. Тогаш беше поставен рок за завршување на работите во 2016 година, но проблемите на терен од имотно-правен карактер го оддолжија работите.

Тој проект предвидува целосна реконструкција на постојната пруга во должина од околу 31 километар, изградба на три железнички станици, шест стојалишта, повеќе надвозници и подвозници, изградба на мост над Пчиња, обновување на постојните мостови, инсталирање на кабелски водови, огради, заштитни бариери и нови сигнално сигурносни уреди. На оваа делница сега се завршени 54 проценти од градежните работи, кои беа прекинати откако германски „Вибе” во јуни 2020 година еднострано го раскина Договорот за изведба. Со тековната тендерска постапка треба да се избере изведувач што ќе ја заокружи оваа делница и ќе ја изгради втората во должина од 34 километри.

Замена на автопатско поврзување помеѓу Скопје и Софија, според сегашните состојби, од наша страна е експресниот пат во изградба и проширувањето и обновата на постојните делници.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, на прашање на МИА кога ќе имаме подобро патно поврзување со оваа соседна држава, посочи дека поради економското и политичкото значење на Коридорот 8 и патното поврзување со Бугарија и со поширокиот регион, се инвестира во модернизација и доизградбата на паневропскиот коридор и патните правци опфатени со него.

Имаме неколку значајни проекти отпочнати во тој дел на државата како што е рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово-Страцин кој е од витално значење не само за регионот, туку и за целата држава. Проектот е поделен на два дела. Првата фаза е од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 4,7 милиони евра средства обезбедени од ИПА 2 фондовите. Рехабилитацијата на оваа фаза завршува во јуни следната година. Втората фаза е од село Војник до Страцин, во должина од 16,6 километри, во вредност од 7,2 милиони евра, пари обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта. Овој дел е веќе во завршна фаза и очекуваме набргу да биде комплетно завршена рехабилитацијата - наведе Рустеми во новогодишното интервју за МИА.

Минатата година беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар. Со почнатите други рехабилитации, санации и изградби во овој регион, посочи Рустеми, сакаме да добиеме комплетен Коридор 8 кој ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот.

Течат работите и на новиот експресен пат Страцин–Длабочица–Крива Паланка кој е финансиран од Светска Банка, очекуваме делницата да биде комплетирана и пуштена во сообраќај до крајот на 2022 година, а за делницата Крива Паланка–Деве Баир финансирана од ЕБОР и WBIF, се очекува градежните работи да бидат комплетирани до средина на 2022 година. Исто така, во изработка е проектната програма за проектирање на нов експресен пат Романовце–Страцин кој што е планиран да се финансира од ИПА 3 - информираше Рустеми.

Во однос на директното авионско поврзување на Скопје и Софија, како што велат од нашата Агенција за цивилно воздухопловство, не постојат никакви правни или регулаторни пречки за воведување летови. Но, посочуваат, иницијативата треба да потекне од воздушните превозници врз основа на нивните комерцијални потреби и барања.

Според министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев, се работи на можностите за воведување авиолинија Софија-Скопје. Премиерот на Бугарија Кирил Петков, како што изјави на 6-ти месецов Сабев, побарал да види какви се можностите за воведување на летот Софија-Скопје, што ќе биде манифестација на добра волја. Сабев рече дека бил поканет од премиерот Петков да го придружува за време на неговата посета на државава и дека ќе преговара со колеги „за да имаме лесна и брза транзиција“. Бугарскиот министер за транспорт наведе дека се преговара со конкретни авиокомпании кои би биле заинтересирани да вршат летови од Софија до Скопје и обратно.

Република Бугарија е наш шести трговски партнер во првите десет месеци од 2021 година. Во периодот јануари-октомври 2021 вкупната трговска размена  со оваа соседна држаа изнесува 709,1 милион долари, со раст од 30 проценти споредено со истиот период од минатата година. Извозот изнесува 328,64 милиони долари и бележи зголемување од 30,5 проценти. Износот на увозот е 380.46 милиони долари, исто така со зголемување од 29,5 проценти. Остварениот дефицит е 51,8 милиони долари. Во 2020 година, пак, трговската размена изнесувала 664,8 милиони долари, за седум проценти помалку споредено со 2019 година. Кај извозот тогаш е регистриран пад од 12 проценти, а кај увозот од три проценти.

Во 2020 година државава ја посетиле 10.443 туристи од Бугарија, во 2019 година нивниот број изнесувал  55.880, а во 2018 година 52.659.

The post Инфраструктурните врски со Бугарија се уште се само во најава и чекаат конечна реализација appeared first on Република.

]]>

Скопје и Софија немаат ниту железничко, ниту авионско, ниту автопатско поврзување. Во најава или во тек се неколку проекти од наша страна што треба да обезбедат подобро поврзување на луѓето и бизнисот и зголемен обем на трговска размена. Во предлог програмата на Владата е наведено дека во првата половина на годинава ќе продолжи изградбата на првата и втора делница од источниот крак на железничкиот Коридор 8 ( Куманово – Бељаковце) и (Бељаковце – Крива Паланка) од пругата кон Бугарија. Тоа е еден од клучните инфраструктурни проекти за поврзување со соседна Бугарија, чиј нов премиер Кирил Петков неодамна најави дека ќе се формираат работни групи со нашата држава, меѓу останатото за инфраструктура и за економија.
Напролет се очекува да продолжат работите на пругата кон Бугарија, како и да биде објавен тендер за третата делница. Активностите се во координација со Бугарските железници и се следи во целост динамиката од бугарската страна за финализација на проектот во 2027 година - вели за МИА Хари Локвенец, директор на Железници Инфраструктура.
Во финална фаза е евалуацијата на понудите за првите две делници од наша страна Куманово-Белјаковце и Белјаковце – Крива Паланка.
Во моментов сме во финална фаза на евалуација на понудите за првите две делници Куманово-Белјаковце-Крива Паланка. Понудените цени се на ниво од 200 милиони евра. Во нив користиме грант од 68 милиони евра од WBIF-Western Balkan Investment Framework,  додека останатиот дел е финансиран од ЕБРД. Предвидениот рок за реализација на првата делница е 24, додека за втората е 36 месеци. Градбата се очекува да започне оваа пролет - посочува Локвенец.
Третата фаза Крива Паланка – граница со Бугарија, во должина од 24 километри, е најтешката делница. На 24 километри проектирани се 25 тунели и 51 мост, што значи дека на секој километар ќе има по еден тунел и два моста. Проектантската вредност од 2016 година е 405 милиони евра, која, според Локвенец, заради светската инфлација можно е да биде и повисока.
За оваа делница користиме ИПА 2 грант од 60,75 милиони евра. Важно е да се истакне дека во февруари лани кај ВБИФ аплициравме 153 милиони евра инвестициски грант за оваа делница за кој позитивен одговор очекуваме овој месец. Остатокот од парите ќе биде финансиран од ЕИБ и ЕБРД по половина, со што водечка финансиска институција ќе биде ЕИБ. Подготовката на тендерската документација е во завршна фаза и очекуваме оваа пролет тендерот да биде објавен, а на почетокот на 2023 година да се почне со градба. Времето на реализација е четири години - наведува Локвенец.
Сите овие активности, дополнува тој,  се координирани и планирани со директорот на Бугарските железници Папукчиски и ја следат во целост динамиката од бугарска страна за финализација на севкупниот проект во текот на 2027 година. Изградбата на пругата во државава е почната во 1994 година. За таа намена се одвојувани пари од државниот Буџет се до 2004 година, кога беше стопирана изградбата. По речиси децениски застој на градежните работи, во март 2014 година почна обновата на изградените тунели и мостови и градба на новите делови согласно проектот. Тогаш беше поставен рок за завршување на работите во 2016 година, но проблемите на терен од имотно-правен карактер го оддолжија работите. Тој проект предвидува целосна реконструкција на постојната пруга во должина од околу 31 километар, изградба на три железнички станици, шест стојалишта, повеќе надвозници и подвозници, изградба на мост над Пчиња, обновување на постојните мостови, инсталирање на кабелски водови, огради, заштитни бариери и нови сигнално сигурносни уреди. На оваа делница сега се завршени 54 проценти од градежните работи, кои беа прекинати откако германски „Вибе” во јуни 2020 година еднострано го раскина Договорот за изведба. Со тековната тендерска постапка треба да се избере изведувач што ќе ја заокружи оваа делница и ќе ја изгради втората во должина од 34 километри. Замена на автопатско поврзување помеѓу Скопје и Софија, според сегашните состојби, од наша страна е експресниот пат во изградба и проширувањето и обновата на постојните делници. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, на прашање на МИА кога ќе имаме подобро патно поврзување со оваа соседна држава, посочи дека поради економското и политичкото значење на Коридорот 8 и патното поврзување со Бугарија и со поширокиот регион, се инвестира во модернизација и доизградбата на паневропскиот коридор и патните правци опфатени со него.
Имаме неколку значајни проекти отпочнати во тој дел на државата како што е рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово-Страцин кој е од витално значење не само за регионот, туку и за целата држава. Проектот е поделен на два дела. Првата фаза е од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 4,7 милиони евра средства обезбедени од ИПА 2 фондовите. Рехабилитацијата на оваа фаза завршува во јуни следната година. Втората фаза е од село Војник до Страцин, во должина од 16,6 километри, во вредност од 7,2 милиони евра, пари обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта. Овој дел е веќе во завршна фаза и очекуваме набргу да биде комплетно завршена рехабилитацијата - наведе Рустеми во новогодишното интервју за МИА.
Минатата година беше рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар. Со почнатите други рехабилитации, санации и изградби во овој регион, посочи Рустеми, сакаме да добиеме комплетен Коридор 8 кој ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот.
Течат работите и на новиот експресен пат Страцин–Длабочица–Крива Паланка кој е финансиран од Светска Банка, очекуваме делницата да биде комплетирана и пуштена во сообраќај до крајот на 2022 година, а за делницата Крива Паланка–Деве Баир финансирана од ЕБОР и WBIF, се очекува градежните работи да бидат комплетирани до средина на 2022 година. Исто така, во изработка е проектната програма за проектирање на нов експресен пат Романовце–Страцин кој што е планиран да се финансира од ИПА 3 - информираше Рустеми.
Во однос на директното авионско поврзување на Скопје и Софија, како што велат од нашата Агенција за цивилно воздухопловство, не постојат никакви правни или регулаторни пречки за воведување летови. Но, посочуваат, иницијативата треба да потекне од воздушните превозници врз основа на нивните комерцијални потреби и барања. Според министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев, се работи на можностите за воведување авиолинија Софија-Скопје. Премиерот на Бугарија Кирил Петков, како што изјави на 6-ти месецов Сабев, побарал да види какви се можностите за воведување на летот Софија-Скопје, што ќе биде манифестација на добра волја. Сабев рече дека бил поканет од премиерот Петков да го придружува за време на неговата посета на државава и дека ќе преговара со колеги „за да имаме лесна и брза транзиција“. Бугарскиот министер за транспорт наведе дека се преговара со конкретни авиокомпании кои би биле заинтересирани да вршат летови од Софија до Скопје и обратно. Република Бугарија е наш шести трговски партнер во првите десет месеци од 2021 година. Во периодот јануари-октомври 2021 вкупната трговска размена  со оваа соседна држаа изнесува 709,1 милион долари, со раст од 30 проценти споредено со истиот период од минатата година. Извозот изнесува 328,64 милиони долари и бележи зголемување од 30,5 проценти. Износот на увозот е 380.46 милиони долари, исто така со зголемување од 29,5 проценти. Остварениот дефицит е 51,8 милиони долари. Во 2020 година, пак, трговската размена изнесувала 664,8 милиони долари, за седум проценти помалку споредено со 2019 година. Кај извозот тогаш е регистриран пад од 12 проценти, а кај увозот од три проценти. Во 2020 година државава ја посетиле 10.443 туристи од Бугарија, во 2019 година нивниот број изнесувал  55.880, а во 2018 година 52.659.

The post Инфраструктурните врски со Бугарија се уште се само во најава и чекаат конечна реализација appeared first on Република.

]]>