информатичари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/informatichari/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 11:22:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png информатичари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/informatichari/ 32 32 Три бронзени медали за македонските информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Молдавија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/tri-bronzeni-medali-za-makedonskite-informatichari-na-evropskata-juniorska-olimpijada-po-informatika-vo-moldavija/ Thu, 22 Aug 2024 11:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=809050

Македонските ученици Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Марко Кренков од Струмица освоија три бронзени медали на осмата Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2024), која од 16 август до 22 август 2024 година се одржува во Кишињев, Молдавија.

Како што информира денеска Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), се работи за најпрестижен интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години.

Четврт член на македонскиот тим е Бисера Илиева од Скопје, која како и Марко Кренков првпат учествува на интернационален натпревар по информатика. Тимот беше раководен од лидерите Владислав Бидиков и Иван Занов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Овие ученици, како што се наведува, беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 35-ти пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.

Ако се вклучат и овие три медали, македонските ученици на досегашните осум изданија на Европската олимпијада имаат освоено вкупно еден златен и шест бронзени медали, што претставува резултат со кој можат да се пофалат релативно мал број на земји-учеснички на олимпијадата, се вели во соопштението.

Претседателот на ЗИМ д-р Миле Јованов изјави дека ова е многу висок резултат за нашата држава.

И покрај редовните системски пречки кои ни се случуваат од страна на државните институции, намерни, ненамерни или како спореден ефект од други активности, со волонтерско залагање на членовите на ЗИМ, истакнати професионалци информатичари успеваме да постигнеме крајно високо ново на знаења на учениците. Три медали за Македонија е многу висок резултат, ако се земе предвид и големината на нашата земја. Дополнително, годинава и на Јуниорската балканска олимпијада нашите натпреварувачи освоија три медали, а Македонија беше меѓу првите четири најдобри земји. Се уште чекаме одговор на барањето до МОН за покривање на трошоците за ова патување до Молдавија, како законска обврска на МОН која произлегува од Законот за основно образование, појаснува Јованов.

Тој информира дека се подготвуваат за учество на Интернационалната олимпијада во Египет.

Најголем дел од нашите напори се за организирање Балканската олимпијада по информатика на која ние ќе бидеме домаќини од 20-ти до 26 септември во Охрид. Бидејќи покривањето на сите трошоци за Балканијадата за над 100 учесници од 15 земји се трудиме да го обезбедиме само со спонзорства, упатувам јавен апел до македонските компании да ни помогнат во организацијата на овој настан, порача Јованов.

Официјален домаќин на ЕЈОИ 2024 е Република Молдавија, а главен организатор е Министерството за образование и истражување, заедно со Националната агенција за наставна програма и евалуација на Република Молдавија. Примарна цел на ЕЈОИ како значаен и елитен образовен настан е да се поттикне интересот за информатиката кај децата од помала возраст (до 15,5 години) во сите земји од Европа, како и да се овозможи на најдобрите европски млади таленти на оваа возраст да ги покажат знаењата и вештините кои што веќе ги стекнале во оваа област, а поконкретно во програмирањето. Секоја земја на ЕЈОИ учествува со тим кој се состои од четворица натпреварувачи, лидер и заменик лидер на тимот. Учениците се натпреваруваат во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена.

На ЕЈОИ годинава учествуваат вкупно 98 ученици од 26 европски земји. Следната, деветта Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025) ќе се одржи идната година во Азербејџан.

Македонските ученици – информатичари ќе учествуваат на Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2024), која ќе се одржи од 1 септември до 8 септември 2024 во Александрија, Египет.

The post Три бронзени медали за македонските информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Молдавија appeared first on Република.

]]>

Македонските ученици Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Марко Кренков од Струмица освоија три бронзени медали на осмата Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2024), која од 16 август до 22 август 2024 година се одржува во Кишињев, Молдавија. Како што информира денеска Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), се работи за најпрестижен интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години. Четврт член на македонскиот тим е Бисера Илиева од Скопје, која како и Марко Кренков првпат учествува на интернационален натпревар по информатика. Тимот беше раководен од лидерите Владислав Бидиков и Иван Занов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Овие ученици, како што се наведува, беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 35-ти пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.
Ако се вклучат и овие три медали, македонските ученици на досегашните осум изданија на Европската олимпијада имаат освоено вкупно еден златен и шест бронзени медали, што претставува резултат со кој можат да се пофалат релативно мал број на земји-учеснички на олимпијадата, се вели во соопштението.
Претседателот на ЗИМ д-р Миле Јованов изјави дека ова е многу висок резултат за нашата држава.
И покрај редовните системски пречки кои ни се случуваат од страна на државните институции, намерни, ненамерни или како спореден ефект од други активности, со волонтерско залагање на членовите на ЗИМ, истакнати професионалци информатичари успеваме да постигнеме крајно високо ново на знаења на учениците. Три медали за Македонија е многу висок резултат, ако се земе предвид и големината на нашата земја. Дополнително, годинава и на Јуниорската балканска олимпијада нашите натпреварувачи освоија три медали, а Македонија беше меѓу првите четири најдобри земји. Се уште чекаме одговор на барањето до МОН за покривање на трошоците за ова патување до Молдавија, како законска обврска на МОН која произлегува од Законот за основно образование, појаснува Јованов.
Тој информира дека се подготвуваат за учество на Интернационалната олимпијада во Египет.
Најголем дел од нашите напори се за организирање Балканската олимпијада по информатика на која ние ќе бидеме домаќини од 20-ти до 26 септември во Охрид. Бидејќи покривањето на сите трошоци за Балканијадата за над 100 учесници од 15 земји се трудиме да го обезбедиме само со спонзорства, упатувам јавен апел до македонските компании да ни помогнат во организацијата на овој настан, порача Јованов.
Официјален домаќин на ЕЈОИ 2024 е Република Молдавија, а главен организатор е Министерството за образование и истражување, заедно со Националната агенција за наставна програма и евалуација на Република Молдавија. Примарна цел на ЕЈОИ како значаен и елитен образовен настан е да се поттикне интересот за информатиката кај децата од помала возраст (до 15,5 години) во сите земји од Европа, како и да се овозможи на најдобрите европски млади таленти на оваа возраст да ги покажат знаењата и вештините кои што веќе ги стекнале во оваа област, а поконкретно во програмирањето. Секоја земја на ЕЈОИ учествува со тим кој се состои од четворица натпреварувачи, лидер и заменик лидер на тимот. Учениците се натпреваруваат во решавање на алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена. На ЕЈОИ годинава учествуваат вкупно 98 ученици од 26 европски земји. Следната, деветта Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025) ќе се одржи идната година во Азербејџан. Македонските ученици – информатичари ќе учествуваат на Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2024), која ќе се одржи од 1 септември до 8 септември 2024 во Александрија, Египет.

The post Три бронзени медали за македонските информатичари на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Молдавија appeared first on Република.

]]>
Млади македонски информатичари се закитија со сребрен и бронзен медал на Балканска олимпијада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mladi-makedonski-informatichari-se-zakitija-so-srebren-i-bronzen-medal-na-balkanska-olimpijada/ Sat, 08 Oct 2022 09:33:36 +0000 https://republika.mk/?p=557782

Македонски средношколци - информатичари на 29. Балканска олимпијада по информатика БОИ 2022 што се одржува од 3 до 8 октомври во Букурешт, Романија, за програмирање се закитија со сребрен и бронзен медал.

Сребрениот медал за Македонија го освои Благојче Павлески од Прилеп, додека бронзениот медал го освои Тео Китановски од Скопје.

Дополнително, на паралелно организираниот РМИ-интернационален турнир кој вклучи 168 натпреварувачи од тимови од 16 различни земји Благојче Павлески беше награден со златен медал, а Тео Китановски со бронзен.

Учениците Благојче Павлески, Тео Китановски, Петар Ковачовски и Адриан Михајловски, беа предводени од лидерите Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

По една година пауза и една година онлајн натпреварување, годинава БОИ се одржува регуларно, а главен организатор е Здружението за извонредност и изведба во информатиката (Society of Excellence and Performance in Informatics), заедно со Министерството за образование на Република Романија.

На натпреварот официјално учествуваа вкупно 42 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. Како претставници на земји-гости на БОИ, во неофицијална конкуренција учествуваа и ученици од Италија, Унгарија, Украина и Швајцарија.

Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), Миле Јованов изјави дека успесите не доаѓаат сами од себе.

Ова што го постигнуваме е благодарение на личното залагање и труд на секој од нашите учесници, како и на неколкуте професори од ЗИМ со кои го вложуваме нашето слободно време и знаење за да може да ги насочиме нашите ученици. Среќен сум што со повеќегодишна упорна работа успеавме да го издигнеме квалитетот на македонските претставници на престижните интернационални натпреварувања на ниво да се рамо до рамо со најдобрите репрезентации, особено земајќи ја предвид големината на нашата земја. Препознавањето на успехот и на личниот ангажман изгледа е полесно во странство, па веројатно затоа, по два мандата, повторно бев избран за претседател на Балканската олимпијада по информатика за нов тригодишен мандат – вели Јованов, пренесува МИА.

The post Млади македонски информатичари се закитија со сребрен и бронзен медал на Балканска олимпијада appeared first on Република.

]]>

Македонски средношколци - информатичари на 29. Балканска олимпијада по информатика БОИ 2022 што се одржува од 3 до 8 октомври во Букурешт, Романија, за програмирање се закитија со сребрен и бронзен медал. Сребрениот медал за Македонија го освои Благојче Павлески од Прилеп, додека бронзениот медал го освои Тео Китановски од Скопје. Дополнително, на паралелно организираниот РМИ-интернационален турнир кој вклучи 168 натпреварувачи од тимови од 16 различни земји Благојче Павлески беше награден со златен медал, а Тео Китановски со бронзен. Учениците Благојче Павлески, Тео Китановски, Петар Ковачовски и Адриан Михајловски, беа предводени од лидерите Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). По една година пауза и една година онлајн натпреварување, годинава БОИ се одржува регуларно, а главен организатор е Здружението за извонредност и изведба во информатиката (Society of Excellence and Performance in Informatics), заедно со Министерството за образование на Република Романија. На натпреварот официјално учествуваа вкупно 42 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. Како претставници на земји-гости на БОИ, во неофицијална конкуренција учествуваа и ученици од Италија, Унгарија, Украина и Швајцарија. Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), Миле Јованов изјави дека успесите не доаѓаат сами од себе.
Ова што го постигнуваме е благодарение на личното залагање и труд на секој од нашите учесници, како и на неколкуте професори од ЗИМ со кои го вложуваме нашето слободно време и знаење за да може да ги насочиме нашите ученици. Среќен сум што со повеќегодишна упорна работа успеавме да го издигнеме квалитетот на македонските претставници на престижните интернационални натпреварувања на ниво да се рамо до рамо со најдобрите репрезентации, особено земајќи ја предвид големината на нашата земја. Препознавањето на успехот и на личниот ангажман изгледа е полесно во странство, па веројатно затоа, по два мандата, повторно бев избран за претседател на Балканската олимпијада по информатика за нов тригодишен мандат – вели Јованов, пренесува МИА.
 
The post Млади македонски информатичари се закитија со сребрен и бронзен медал на Балканска олимпијада appeared first on Република.

]]>
Сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srebren-medal-i-dve-olimpiski-pofalbi-za-makedonskiot-tim-na-evropskata-juniorska-olimpijada-po-informatika/ Sat, 24 Sep 2022 12:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=553786

Еден сребрен медал и две олимписки пофалби добија учесниците на македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува онлајн под домаќинство на Украина.

Дамјан Давков од Штип со освојување на сребрениот медал влезе во историјата како првиот добитник на оваа награда за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика која се одржува веќе шест години по ред.

Македонските тимови при досегашните учества на оваа олимпијада имаат освоено 3 бронзени медали, а успехот на јуниорите ветува дека во иднина ќе имаме и одлични натпреварувачи за интернационалните натпревари на средношколско ниво, велат од Здружението на информатичарите на Македонија.

Покрај сребрениот медал за Дамјан, одличје олимписка пофалба освоија и Никола Стојковски и Владимир Грчев.

Тимот кој ја претставува нашата земја е составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), информираат од здружението.

Годинава пред македонските информатичари се и Балканска олимпијада по информатика, на почеток на октомври, во Букурешт, Романија и Европската олимпијада за девојки во Анталија, Турција во втората половина на октомври.

The post Сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика appeared first on Република.

]]>

Еден сребрен медал и две олимписки пофалби добија учесниците на македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува онлајн под домаќинство на Украина. Дамјан Давков од Штип со освојување на сребрениот медал влезе во историјата како првиот добитник на оваа награда за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика која се одржува веќе шест години по ред.