инфлација во европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inflacija-vo-evropa/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Dec 2022 08:02:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инфлација во европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inflacija-vo-evropa/ 32 32 Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот, во Турција трипати повисока од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-ima-najvisoka-stapka-na-inflacija-vo-regionot-vo-turcija-tripati-povisoka-od-ukraina/ Mon, 12 Dec 2022 07:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=584469

На прсти можат да се избројат земјите во Европа кои успеаја да го издржат притисокот и да не преминат во зоната на двоцифрена инфлација.

Статистиката на „Вижуал капиталист“ илустрира што се случува во Европа и покажува кои земји најмногу страдаат од инфлација, a кои држави одржуваат финансиска рамнотежа.

Најлоша е ситуацијата во Турција каде што во последниот период вредноста на парите алармантно се намалува. Стапката на инфлација таму достигна 88,5 отсто, а во следната земја на листата, според овој показател, инфлацијата е помала за трипати. Станува збор за Украина каде што инфлацијата, од очигледни причини, достигна 26,6%. Горивото таму, на пример, бележи зголемување од над 90% оваа година во споредба со минатата, и така, ако литар бензин во 2021 година се продаваше по цена од околу 25-27 гривни, денес скокна на 50-55 гривни.

По Украина веднаш се Литванија (23,6%), Естонија (22,5%), Летонија (21,8%) и Унгарија (21,1%). Ова се земјите каде што инфлацијата е далеку над европскиот просек и се движи околу 10%.

Секако, има и добри примери под или околу овие проценти, иако многу малку. Станува збор за Данска и Португалија (10,1%), како и Норвешка (7,5) и апсолутниот шампион Франција – 6,2%. Италија и Австрија се блиску до европскиот просек со 11,8% и 11% соодветно.

Македонија, пак, според стапката на инфлација е на врвот на листата споредено со земјите од регионот. Кај нас, како што објави објави Државниот завод за статистика, стапката на инфлација, мерена преку порастот на трошоците на живот, во октомври изнесуваше 19,8 проценти во споредба со истиот месец лани.

Земјите од опкружувањето изгледаат подобро на картата на инфлација. Во Бугарија е 18%, Романија може да се „пофали“ со 15,3%, Грција – меѓу 5 и 10%, во Србија изнесува околу 15%, Хрватска – 13,5.

The post Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот, во Турција трипати повисока од Украина appeared first on Република.

]]>

На прсти можат да се избројат земјите во Европа кои успеаја да го издржат притисокот и да не преминат во зоната на двоцифрена инфлација. Статистиката на „Вижуал капиталист“ илустрира што се случува во Европа и покажува кои земји најмногу страдаат од инфлација, a кои држави одржуваат финансиска рамнотежа. Најлоша е ситуацијата во Турција каде што во последниот период вредноста на парите алармантно се намалува. Стапката на инфлација таму достигна 88,5 отсто, а во следната земја на листата, според овој показател, инфлацијата е помала за трипати. Станува збор за Украина каде што инфлацијата, од очигледни причини, достигна 26,6%. Горивото таму, на пример, бележи зголемување од над 90% оваа година во споредба со минатата, и така, ако литар бензин во 2021 година се продаваше по цена од околу 25-27 гривни, денес скокна на 50-55 гривни. По Украина веднаш се Литванија (23,6%), Естонија (22,5%), Летонија (21,8%) и Унгарија (21,1%). Ова се земјите каде што инфлацијата е далеку над европскиот просек и се движи околу 10%. Секако, има и добри примери под или околу овие проценти, иако многу малку. Станува збор за Данска и Португалија (10,1%), како и Норвешка (7,5) и апсолутниот шампион Франција – 6,2%. Италија и Австрија се блиску до европскиот просек со 11,8% и 11% соодветно. Македонија, пак, според стапката на инфлација е на врвот на листата споредено со земјите од регионот. Кај нас, како што објави објави Државниот завод за статистика, стапката на инфлација, мерена преку порастот на трошоците на живот, во октомври изнесуваше 19,8 проценти во споредба со истиот месец лани. Земјите од опкружувањето изгледаат подобро на картата на инфлација. Во Бугарија е 18%, Романија може да се „пофали“ со 15,3%, Грција – меѓу 5 и 10%, во Србија изнесува околу 15%, Хрватска – 13,5.

The post Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот, во Турција трипати повисока од Украина appeared first on Република.

]]>
Претседателката на Европската централна банка: Путин е виновен за инфлацијата во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-evropskata-centralna-banka-putin-e-vinoven-za-inflacijata-vo-evropa/ Sat, 29 Oct 2022 16:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=567213

Европската централна банка мора да ги зголеми каматните стапки поради инфлацијата предизвикана од војната што рускиот претседател Владимир Путин ја води во Украина, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, пренесува „N1“, јавува Политико.

-Тоа е она што се обидува да го направи, да предизвика хаос и да ја уништи Европа што е можно повеќе. Енергетската криза предизвикува огромна инфлација која мораме да ја надминеме, изјави Лагард за ирската телевизија „RTE“.

Секој што се однесува така мора да биде воден од зли сили, рече Лагард и оцени дека „болниот руски претседател е застрашувачка личност“.

Зголемената инфлација во Европа дојде „од никаде“, посочи таа, а одлуката на ЕЦБ уште еднаш да ги зголеми каматните стапки ја објасни со борбата против инфлацијата.

Во септември инфлацијата низ еврозоната достигна 10 отсто, потсетува порталот Политико.

The post Претседателката на Европската централна банка: Путин е виновен за инфлацијата во Европа appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка мора да ги зголеми каматните стапки поради инфлацијата предизвикана од војната што рускиот претседател Владимир Путин ја води во Украина, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, пренесува „N1“, јавува Политико.
-Тоа е она што се обидува да го направи, да предизвика хаос и да ја уништи Европа што е можно повеќе. Енергетската криза предизвикува огромна инфлација која мораме да ја надминеме, изјави Лагард за ирската телевизија „RTE“.
Секој што се однесува така мора да биде воден од зли сили, рече Лагард и оцени дека „болниот руски претседател е застрашувачка личност“. Зголемената инфлација во Европа дојде „од никаде“, посочи таа, а одлуката на ЕЦБ уште еднаш да ги зголеми каматните стапки ја објасни со борбата против инфлацијата. Во септември инфлацијата низ еврозоната достигна 10 отсто, потсетува порталот Политико.

The post Претседателката на Европската централна банка: Путин е виновен за инфлацијата во Европа appeared first on Република.

]]>