Инфективно одделение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infektivno-oddelenie/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 08:55:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Инфективно одделение Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infektivno-oddelenie/ 32 32 Битолската болница до СДСМ: Инфективно се затвора зошто вие го оставивте без кадар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitolskata-bolnitsa-do-sdsm-infektivno-se-zatvora-zoshto-vie-go-ostavivte-bez-kadar/ Thu, 03 Oct 2024 08:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=822102

Со затворени одделенија и без кадар, еве вака ВМРО ДПМНЕ менаџира со институцијата што е камен-темелник на здравјето на Битолчани, рече на прес-конференција Анета Сердарова од битолската СДСМ.

Само два месеци работа ѝ беа потребни на новата директорка на Клиничката болница- Битола – кадар на ВМРО ДПМНЕ – да почне да затвора одделенија. Од денес, благодарение на нејзиното успешно менаџирање, Битолчани, но и сите пациенти од регионот не можат да се обратат во Инфективното одделение – одделение што постоеше и работеше од 1958 година! Како КБ Битола ќе работи без Инфективен оддел? Почитувана директорке, Ве повикуваме да ни одговорите: Каде ќе се лекуваат пациентите доколку ни се случи нов бран на КОВИД? Каде да одат оние со сезонски грип или, на пример, вирус на мајмунски сипаници – вирус кој е вистинска опасност и веќе се шири во Грција? Кој ќе ги лекува? Затворањето на Инфективното одделение е само почеток на крајот. Состојбата во КБ Битола е алармантна и доколку не се обезбеди кадар час поскоро, извесно е дека ќе се затворат и други оддели на болницата, па затоа ја повикуваме директорката на КБ кадар на ВМРО ДПМНЕ Битола да ја прифати одговорноста кон граѓаните и нивното здравје и да го отвори инфективно одделение повторно. Почитувани, вака владее ВМРО ДПМНЕ – вака се грижи за здравјето на граѓаните, рече Сердарова.

Со остра реакција денеска се огласија од Клиничката болница, од каде соопштението „Во име на ВИСТИНАТА, која, веруваме, на сите Вас, Ви е повеќе од јасна“ ви го пренесуваме во целост:

За да се затвори одделение, треба да нема кадар, а за да има кадар, истиот се создава минимум 6 години, колку што трае една специјализација, точно толку години колку што СДС беа на власт. Ако имаа план и визија, досега ќе имаше и специјалисти и функционални одделенија. Во време на претходната власт, пациентите со заразни заболувања, беа третирани и хоспитализирани на интерно одд, ЗАЕДНО со другите пациенти, што е едноставно, недопустливо. Инфективното одделение не функционира одамна, односно, во последниот период , работеше амбулантски, итоа САМО 2 пати неделно со ангажиран САМО ЕДЕН доктор од друга ЈЗУ, без хоспитализација. Специјалисти не се губат, а уште помалку се создаваат за само 2 месеци. Беспредметно е да се коментира затворањето и на други оддели, односно, неспособноста на СДС. Задоволството да се сликаат на неиздржани и срамни пресови од некомпетентни личности им остана единствената активност, за која очигледно се и единствено способни! ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија, со план, способност и визија да го врати сјајот и местото кое го имаше и ќе го има Клиничка болница Битола. Тоа ќе биде и единствената патека по која ќе се движиме.

The post Битолската болница до СДСМ: Инфективно се затвора зошто вие го оставивте без кадар appeared first on Република.

]]>

Сопругот раскажа низ што поминал: Сопругата ми почина на Инфективно со негативен тест, ѝ го украдоа златниот накит и мобилниот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-raskaza-niz-shto-pominal-soprugata-mi-pochina-na-infektivno-so-negativen-test-i-go-ukradoa-zlatniot-nakit-i-mobilniot/ Thu, 27 Jan 2022 08:59:31 +0000 https://republika.mk/?p=450095

Во каква состојба е македонското здравство и оти луѓето се оставени буквално да умираат раскажа и гледач во емисијата „Јади бурек“. Гледач ја раскажа ништо поминал со неговата сопруга и како таа починала.

Никој не те гледа, не дај боже да одиш во болница, оставени се луѓето само на себе - рече сопругот.

Голготата започнала откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но да лежи со пациент позитивен на Ковид 19 по што била пуштена дома.

Во домашни услови ѝ се влошила здравствената состојба и веднаш била сместена во Ковид болницата на инфективното одделение.

Но за жал, кратко потоа таа починала, а притоа ѝ бил украден златниот накит и мобилниот телефон.

Водителот Јанко Илковски на Фејсбук истакна дека тој неговиот тим се длабоко потресени од сведоштвото на сопругот.

Целата екипа, заедно со мене, бевме силно и длабоко потресени од траорното и искрено сведоштво на човекот кој неутешно липаше и плачење додека говореше за загубата на сопствената сопруга. Кога ќе соберам сили, неговото јавување ќе го издвојам и ќе објавам да биде сведоштво што преживувал народов. Не можам да споделам како се чувствував, најмногу поради фактот што не очекував, беше релативно забавна емисија и не се надевав дека ваков крај може да се случи, како бокс во плексус … уште сум потресен, пишува Јанко.

The post Сопругот раскажа низ што поминал: Сопругата ми почина на Инфективно со негативен тест, ѝ го украдоа златниот накит и мобилниот appeared first on Република.

]]>

Во каква состојба е македонското здравство и оти луѓето се оставени буквално да умираат раскажа и гледач во емисијата „Јади бурек“. Гледач ја раскажа ништо поминал со неговата сопруга и како таа починала.
Никој не те гледа, не дај боже да одиш во болница, оставени се луѓето само на себе - рече сопругот.
Голготата започнала откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но да лежи со пациент позитивен на Ковид 19 по што била пуштена дома. Во домашни услови ѝ се влошила здравствената состојба и веднаш била сместена во Ковид болницата на инфективното одделение. Но за жал, кратко потоа таа починала, а притоа ѝ бил украден златниот накит и мобилниот телефон. Водителот Јанко Илковски на Фејсбук истакна дека тој неговиот тим се длабоко потресени од сведоштвото на сопругот.
Целата екипа, заедно со мене, бевме силно и длабоко потресени од траорното и искрено сведоштво на човекот кој неутешно липаше и плачење додека говореше за загубата на сопствената сопруга. Кога ќе соберам сили, неговото јавување ќе го издвојам и ќе објавам да биде сведоштво што преживувал народов. Не можам да споделам како се чувствував, најмногу поради фактот што не очекував, беше релативно забавна емисија и не се надевав дека ваков крај може да се случи, како бокс во плексус … уште сум потресен, пишува Јанко.

The post Сопругот раскажа низ што поминал: Сопругата ми почина на Инфективно со негативен тест, ѝ го украдоа златниот накит и мобилниот appeared first on Република.

]]>
Наплив од пациенти болни со ковид-19: Уште два слободни кревети во штипското Инфективно одделение https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/napliv-od-pacienti-bolni-so-kovid-19-ushte-dva-slobodni-kreveti-vo-shtipskoto-infektivno-oddelenie/ Tue, 25 Jan 2022 15:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=449341

Два слободни кревети за ковид пациентите има во штипското Инфективно одделение. Според здравствениот билтен на Клиничка болница-Штип во последните 24 часа бројот на новопримени е за три пати поголем од бројот на оздравени пациенти.

Во изминатото деноноќие новопримени се девет пациенти, а дома си заминале само тројца. Со ова бројот на хоспитализирани на Инфективното одделение во Штип е 56, од кои 44 се на постојана кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 16 пациенти. Нема починати лица во изминатите 24 часа, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Со полнење на капацитетите на Инфективното одделение, се размислува и за отворање и на модуларната ковид болница во Кочани. Ковид пациентите од Кочани се препраќаат на болничко лекување во Штип, но капацитетите веќа се речиси полни, а кадар за отворање на модуларната болница во Штип нема, бидејќи околу 20 здравствени работници се заразени со коронавирусот и се во изолација.

Во општините од источниот регион активни се 915 ковид случаи, најмногу во Штип 317, во Кочани 210 и во Делчево 151. Во останатите општини од истокот бројката е двоцифрена, највисока е во Берово каде активни се 86 ковид случаи, а во Македонска Каменица 41, а во Пехчево 25 ковид пациенти.

The post Наплив од пациенти болни со ковид-19: Уште два слободни кревети во штипското Инфективно одделение appeared first on Република.

]]>

Два слободни кревети за ковид пациентите има во штипското Инфективно одделение. Според здравствениот билтен на Клиничка болница-Штип во последните 24 часа бројот на новопримени е за три пати поголем од бројот на оздравени пациенти. Во изминатото деноноќие новопримени се девет пациенти, а дома си заминале само тројца. Со ова бројот на хоспитализирани на Инфективното одделение во Штип е 56, од кои 44 се на постојана кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 16 пациенти. Нема починати лица во изминатите 24 часа, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Со полнење на капацитетите на Инфективното одделение, се размислува и за отворање и на модуларната ковид болница во Кочани. Ковид пациентите од Кочани се препраќаат на болничко лекување во Штип, но капацитетите веќа се речиси полни, а кадар за отворање на модуларната болница во Штип нема, бидејќи околу 20 здравствени работници се заразени со коронавирусот и се во изолација. Во општините од источниот регион активни се 915 ковид случаи, најмногу во Штип 317, во Кочани 210 и во Делчево 151. Во останатите општини од истокот бројката е двоцифрена, највисока е во Берово каде активни се 86 ковид случаи, а во Македонска Каменица 41, а во Пехчево 25 ковид пациенти.