Инфективна клиника Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infektivna-klinika/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 12:48:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Инфективна клиника Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infektivna-klinika/ 32 32 На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-detska-i-na-infektivna-klinika-nema-zgrizheno-detsa-od-gorgija-pulevski-poradi-truene-so-hrana/ Fri, 27 Sep 2024 12:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=820281

На Детската клиника и на Инфективната клиника нема згрижено деца од основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кои имаат симптоми на труење со храна. Информацијата за МИА ја потврдија од двете јавни установи.

Деца кои учат во ова училиште во скопската општина Аеродром, се пожалиле на стомачни тегоби со дијареа и повраќање.

Директорот на училиштето Александар Филипчев попладнево изјави дека од 360 ученици кои добиваат храна во целодневна настава, околу 140 се со исти или слични симптоми.

Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк, појасни Филипчев во изјава за медиуми.

Случајот, како што изјави, е пријавен до сите надлежни институции и извршен е вонреден инспекциски надзор.

Ќе постапиме согласно законската регулатива, подвлече тој.

Од Институтот за јавно здравје засега нема информација.

The post На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна appeared first on Република.

]]>

На Детската клиника и на Инфективната клиника нема згрижено деца од основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кои имаат симптоми на труење со храна. Информацијата за МИА ја потврдија од двете јавни установи. Деца кои учат во ова училиште во скопската општина Аеродром, се пожалиле на стомачни тегоби со дијареа и повраќање. Директорот на училиштето Александар Филипчев попладнево изјави дека од 360 ученици кои добиваат храна во целодневна настава, околу 140 се со исти или слични симптоми.
Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк, појасни Филипчев во изјава за медиуми.
Случајот, како што изјави, е пријавен до сите надлежни институции и извршен е вонреден инспекциски надзор.
Ќе постапиме согласно законската регулатива, подвлече тој.
Од Институтот за јавно здравје засега нема информација.  

The post На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна appeared first on Република.

]]>
Дваесет питомци и двајца офицери од Воената академија се пожалиле на мачнина, биле пренесени на Инфективната клиника https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvaeset-pitomtsi-i-dvajtsa-ofitseri-od-voenata-akademija-se-pozhalile-na-machnina-bile-preneseni-na-infektivnata-klinika/ Fri, 13 Sep 2024 07:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=815863

Министерството за одбрана ја информира јавноста дека вчера во раните утрински часови дваесет питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се пожалиле на мачнина проследена со повраќање.

Најнапред тројца питомци се пожалиле на мачнина проследена со повраќање по што итно биле пренесени на Инфективната клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде од страна на дежурниот доктор биле прегледани и двајца биле вратени назад во единица без конкретна дијагноза, а еден питомец е хоспитализиран и кој се очекува во текот на денешниот ден да биде вратен во единица.

Подоцна уште седумнаесет питомци и двајца офицери се пожалиле со истите симптоми, по што сите биле однесени на Инфективната клиника, каде биле третирани од страна на медицинскиот персонал и откако им била констатирана стабилна состојба биле пуштени назад во единицата.

По добиената информација од страна на министерството веднаш е побарано Воено медицинскиот центар заедно со инспекторите од Центарот за Јавно здравје и од Агенцијата за храна и ветерина да истражат на што се должи овој случај.

Во текот на вчерашниот ден е направен вонреден хигиенски епидемиолошки надзор од страна на екипи од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Агенцијата за храна во касарната „Гоце Делчев“ каде се наоѓа Воената академија, и од страна на Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде исто така 4 лица се пожалиле на стомачни тегоби, при што се земени контролни примероци за испитување. Целта на овие вонредни надзори е намалат или целосно да се отстранат сите ризици кои може да се одразат по здравјето на луѓето.

По добиените резултати од испитувањата кои ги очекуваме во текот на денешниот ден, ќе се преземат натамошни чекори согласно препораките на надлежните институции, информираат од Министерството за одбрана.

The post Дваесет питомци и двајца офицери од Воената академија се пожалиле на мачнина, биле пренесени на Инфективната клиника appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана ја информира јавноста дека вчера во раните утрински часови дваесет питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се пожалиле на мачнина проследена со повраќање. Најнапред тројца питомци се пожалиле на мачнина проследена со повраќање по што итно биле пренесени на Инфективната клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде од страна на дежурниот доктор биле прегледани и двајца биле вратени назад во единица без конкретна дијагноза, а еден питомец е хоспитализиран и кој се очекува во текот на денешниот ден да биде вратен во единица. Подоцна уште седумнаесет питомци и двајца офицери се пожалиле со истите симптоми, по што сите биле однесени на Инфективната клиника, каде биле третирани од страна на медицинскиот персонал и откако им била констатирана стабилна состојба биле пуштени назад во единицата. По добиената информација од страна на министерството веднаш е побарано Воено медицинскиот центар заедно со инспекторите од Центарот за Јавно здравје и од Агенцијата за храна и ветерина да истражат на што се должи овој случај. Во текот на вчерашниот ден е направен вонреден хигиенски епидемиолошки надзор од страна на екипи од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Агенцијата за храна во касарната „Гоце Делчев“ каде се наоѓа Воената академија, и од страна на Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде исто така 4 лица се пожалиле на стомачни тегоби, при што се земени контролни примероци за испитување. Целта на овие вонредни надзори е намалат или целосно да се отстранат сите ризици кои може да се одразат по здравјето на луѓето.
По добиените резултати од испитувањата кои ги очекуваме во текот на денешниот ден, ќе се преземат натамошни чекори согласно препораките на надлежните институции, информираат од Министерството за одбрана.
 
The post Дваесет питомци и двајца офицери од Воената академија се пожалиле на мачнина, биле пренесени на Инфективната клиника appeared first on Република.

]]>
Вработен на Инфективна хоспитализиран поради конго-кримска хеморагична треска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vraboten-na-infektivna-hospitaliziran-poradi-kongo-krimska-hemoragichna-treska/ Mon, 07 Aug 2023 14:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=669688

По потврдување на случај на Конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, еден од вработените на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), кој беше идентификуван како контакт со среден ризик, на деветиот ден од надзорот пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста.

По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична (ККХТ) треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка Болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството.

Од Министерството посочуваат дека на сите овие локации, епидемиолозите направија пребарување на контактите нивно соодветно класифицирање на лица со висок ризик, лица со среден ризик и лица со низок ризик и лица без ризик. На сите идентификувани контакти проценети со ризик, им беа издадени решенија од ДСЗИ и ставени под 14-дневен здравствен надзор, спроведуван од надлежен Центар за јавно здравје.

Еден од вработените на КИБФС кој беше како идентификуван контакт со среден ризик, на 9-тиот ден од надзорот, пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска. Пациентот е хоспитализиран на КИБФС, а ЕПИ Одделот на ЦЈЗ Скопје, веднаш формираше екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот, ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста, велат од Министерството.

Оттаму потенцираат дека здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10.08.2023 година.

Како што потенцираат во соопштение, должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена.

Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

The post Вработен на Инфективна хоспитализиран поради конго-кримска хеморагична треска appeared first on Република.

]]>

По потврдување на случај на Конго-кримска хеморагична треска кај жена на 27-годишна возраст, еден од вработените на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), кој беше идентификуван како контакт со среден ризик, на деветиот ден од надзорот пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска, соопштија од Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека пациентот е хоспитализиран на Клиниката, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формирал екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста.
По потврдување на случај на конго-кримска хеморагична (ККХТ) треска кај жена на 27-годишна возраст, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО. Стручен тим од Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје на Македонија во соработка со надлежни епидемиолози од Центрите за јавно здравје на Штип и Скопје, направија теренско истражување во Клиничка Болница Штип, Итна медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Стручен тим епидемиолози направија теренски увид и на КИБФС во Скопје, соопштија од Министерството.
Од Министерството посочуваат дека на сите овие локации, епидемиолозите направија пребарување на контактите нивно соодветно класифицирање на лица со висок ризик, лица со среден ризик и лица со низок ризик и лица без ризик. На сите идентификувани контакти проценети со ризик, им беа издадени решенија од ДСЗИ и ставени под 14-дневен здравствен надзор, спроведуван од надлежен Центар за јавно здравје.
Еден од вработените на КИБФС кој беше како идентификуван контакт со среден ризик, на 9-тиот ден од надзорот, пројави симптоми, и согласно добиените резултати од страна на ЕПИ Одделот на ИЈЗ, е утврден позитивен случај на Конго-кримска хеморагична треска. Пациентот е хоспитализиран на КИБФС, а ЕПИ Одделот на ЦЈЗ Скопје, веднаш формираше екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот, ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста, велат од Министерството.
Оттаму потенцираат дека здравствениот надзор трае 14 дена од последниот контакт со пациентот. Контактите од првиот позитивен случај се под надзор до 10.08.2023 година. Како што потенцираат во соопштение, должината на периодот од заразување до појава на симптоми зависи од начинот на стекнување на вирусот. По инфекцијата со каснување од крлеж, периодот е обично еден до три дена, со максимум од девет дена. Периодот по контакт со заразена крв или ткива е обично пет до шест дена, со документирани максимум 14 дена.
Почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

The post Вработен на Инфективна хоспитализиран поради конго-кримска хеморагична треска appeared first on Република.

]]>
Едно лице загина во пожар во зграда во кругот на инфективната клиника во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/edno-lice-zagina-vo-pozar-vo-zgrada-vo-krugot-na-infektivnata-klinika-vo-belgrad/ Mon, 07 Feb 2022 12:52:23 +0000 https://republika.mk/?p=455141

Нешто по полноќ бил пријавен пожар во станбена зграда во кругот на инфективната клиника во Белград, при што едно 60-годишно лице го загубило животот, додека уште едно пренесено во болница.

Една екипа згрижи еден пациент и го пренесе во Воено медицинската академија, а друга екипа остана на местото на пожарот за време на гаснењето и на крајот само констатиравме смрт на едно лице – изјави докторката Ивана Стефановиќ.

Како што пренесуваат српските медиуми, пожарот избил поради маслен радијатор, при што биле уништени пет станови.

Пожарникарите брзо реагирале, но не е познато дали пожарот претставувал закана да се префрли на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар.

Според информациите, интервенирале две екипи на Брза помош при што на лице место било пронајдено едно јагленосано тело, додека една жена е пренесена во ВМА.

Беше електричар и постар човек. Претходно тој има работено во техничката служба на Клиничкиот центар – велат соседите на починатиот.

Дури 38 пожарникари синоќа се бореле со стихијата која ја голтала зградата. Во моментов во зградата има две екипи пожарникари кои ја следат состојбата на терен.

The post Едно лице загина во пожар во зграда во кругот на инфективната клиника во Белград appeared first on Република.

]]>

Нешто по полноќ бил пријавен пожар во станбена зграда во кругот на инфективната клиника во Белград, при што едно 60-годишно лице го загубило животот, додека уште едно пренесено во болница.
Една екипа згрижи еден пациент и го пренесе во Воено медицинската академија, а друга екипа остана на местото на пожарот за време на гаснењето и на крајот само констатиравме смрт на едно лице – изјави докторката Ивана Стефановиќ.
Како што пренесуваат српските медиуми, пожарот избил поради маслен радијатор, при што биле уништени пет станови. Пожарникарите брзо реагирале, но не е познато дали пожарот претставувал закана да се префрли на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар. Според информациите, интервенирале две екипи на Брза помош при што на лице место било пронајдено едно јагленосано тело, додека една жена е пренесена во ВМА.
Беше електричар и постар човек. Претходно тој има работено во техничката служба на Клиничкиот центар – велат соседите на починатиот.
Дури 38 пожарникари синоќа се бореле со стихијата која ја голтала зградата. Во моментов во зградата има две екипи пожарникари кои ја следат состојбата на терен.

The post Едно лице загина во пожар во зграда во кругот на инфективната клиника во Белград appeared first on Република.

]]>
Сопругот раскажа низ што поминал: Сопругата ми почина на Инфективно со негативен тест, ѝ го украдоа златниот накит и мобилниот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/soprugot-raskaza-niz-shto-pominal-soprugata-mi-pochina-na-infektivno-so-negativen-test-i-go-ukradoa-zlatniot-nakit-i-mobilniot/ Thu, 27 Jan 2022 08:59:31 +0000 https://republika.mk/?p=450095

Во каква состојба е македонското здравство и оти луѓето се оставени буквално да умираат раскажа и гледач во емисијата „Јади бурек“. Гледач ја раскажа ништо поминал со неговата сопруга и како таа починала.

Никој не те гледа, не дај боже да одиш во болница, оставени се луѓето само на себе - рече сопругот.

Голготата започнала откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но да лежи со пациент позитивен на Ковид 19 по што била пуштена дома.

Во домашни услови ѝ се влошила здравствената состојба и веднаш била сместена во Ковид болницата на инфективното одделение.

Но за жал, кратко потоа таа починала, а притоа ѝ бил украден златниот накит и мобилниот телефон.

Водителот Јанко Илковски на Фејсбук истакна дека тој неговиот тим се длабоко потресени од сведоштвото на сопругот.

Целата екипа, заедно со мене, бевме силно и длабоко потресени од траорното и искрено сведоштво на човекот кој неутешно липаше и плачење додека говореше за загубата на сопствената сопруга. Кога ќе соберам сили, неговото јавување ќе го издвојам и ќе објавам да биде сведоштво што преживувал народов. Не можам да споделам како се чувствував, најмногу поради фактот што не очекував, беше релативно забавна емисија и не се надевав дека ваков крај може да се случи, како бокс во плексус … уште сум потресен, пишува Јанко.

The post Сопругот раскажа низ што поминал: Сопругата ми почина на Инфективно со негативен тест, ѝ го украдоа златниот накит и мобилниот appeared first on Република.

]]>

Во каква состојба е македонското здравство и оти луѓето се оставени буквално да умираат раскажа и гледач во емисијата „Јади бурек“. Гледач ја раскажа ништо поминал со неговата сопруга и како таа починала.
Никој не те гледа, не дај боже да одиш во болница, оставени се луѓето само на себе - рече сопругот.
Голготата започнала откако неговата сопруга имала проблеми со срцето и бубрезите за да биде примена во болница, но да лежи со пациент позитивен на Ковид 19 по што била пуштена дома. Во домашни услови ѝ се влошила здравствената состојба и веднаш била сместена во Ковид болницата на инфективното одделение. Но за жал, кратко потоа таа починала, а притоа ѝ бил украден златниот накит и мобилниот телефон. Водителот Јанко Илковски на Фејсбук истакна дека тој неговиот тим се длабоко потресени од сведоштвото на сопругот.