инфекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infekcija/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 13:33:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инфекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infekcija/ 32 32 Царскиот орел во Скопската Зоолошка Градина угинал како последица на инфекција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tsarskiot-orel-vo-skopskata-zooloshka-gradina-uginal-kako-posleditsa-na-infektsija/ Thu, 22 Aug 2024 13:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=809126

Царскиот орел во Скопската Зоолошка Градина, угинал како последица на инфекција, покажала обдукцијата извршена во Факултетот за ветеринарна медицина.

Обдукцијата покажала дека царскиот орел кој угина во Зоолошката градина – Скопје бил со слабо развиена мускулатура.

Од лешот биле земени материјали за патохистолошко испитување, кое покажало дека царскиот орел угинал од како последица на инфективна етиологија. Рентген снимките не покажале присуство на видливо страно тело.

The post Царскиот орел во Скопската Зоолошка Градина угинал како последица на инфекција appeared first on Република.

]]>

Царскиот орел во Скопската Зоолошка Градина, угинал како последица на инфекција, покажала обдукцијата извршена во Факултетот за ветеринарна медицина. Обдукцијата покажала дека царскиот орел кој угина во Зоолошката градина – Скопје бил со слабо развиена мускулатура. Од лешот биле земени материјали за патохистолошко испитување, кое покажало дека царскиот орел угинал од како последица на инфективна етиологија. Рентген снимките не покажале присуство на видливо страно тело.

The post Царскиот орел во Скопската Зоолошка Градина угинал како последица на инфекција appeared first on Република.

]]>
Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zakachija-infektsija-gnasnite-vodi-na-sena-prerano-go-zavrshija-olimpiskiot-son-za-dvajtsa-triatlontsi-od-shvajtsarija/ Mon, 05 Aug 2024 06:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=803358

Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман нема да учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет.

Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се откажал од натпреварот.

Натпреварите во триатлон на Олимпијадата започнаа на 31 јули. Поради квалитетот на водата во Сена, беа одложени неколку тренинзи. По првиот тренинг пливање, двајца учесници повраќаа. Канаѓанецот Тајлер Миславчук и репрезентативката на Казахстан Екатерина Шабалина се чувствуваа лошо, додека шведската триатлонка Тилда Монсон, пак, се пожали на бојата и „одвратниот мирис“ на водата во Сена.

На 3 август, тренинзите за пливање на триатлонците беа повторно откажани на Олимпијадата во Париз. Претпладнево треба да се одржи мешаната штафета.

The post Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија appeared first on Република.

]]>

Швајцарските триатлонци Адриен Брифо и Сајмон Вестерман нема да учествуваат во мешаната штафета на Олимписките игри во Париз поради цревна инфекција, соопшти прес-службата на швајцарскиот олимписки комитет. Првично, Брифо кој беше 49-ти во поединечна конкуренција, беше пријавен за трката, но поради здравствени проблеми беше заменет од Вестерман. Но, подоцна и Вестерман пријавил цревна инфекција и се откажал од натпреварот. Натпреварите во триатлон на Олимпијадата започнаа на 31 јули. Поради квалитетот на водата во Сена, беа одложени неколку тренинзи. По првиот тренинг пливање, двајца учесници повраќаа. Канаѓанецот Тајлер Миславчук и репрезентативката на Казахстан Екатерина Шабалина се чувствуваа лошо, додека шведската триатлонка Тилда Монсон, пак, се пожали на бојата и „одвратниот мирис“ на водата во Сена. На 3 август, тренинзите за пливање на триатлонците беа повторно откажани на Олимпијадата во Париз. Претпладнево треба да се одржи мешаната штафета.

The post Закачија инфекција: Гнасните води на Сена прерано го завршија олимпискиот сон за двајца триатлонци од Швајцарија appeared first on Република.

]]>
Во САД починаа три лица по инфекција со ретка бактерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sad-pochinaa-tri-litsa-po-infektsija-so-retka-bakterija/ Thu, 17 Aug 2023 20:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=673167

Најмалку три лица починаа во Конектикат и Њујорк откако се заразиле со ретка бактерија што јаде месо, која може да се најде во топлите води или суровите школки, потврди денеска американското Министерство за јавно здравје.

Сите три лица биле на возраст меѓу 60 и 80 години, објави Ен-Би-Си Њуз.

Директорот за комуникации во Одделот за јавно здравје Кристофер Бојл изјави дека две лица во Конектикат биле заразени со вирусот Vibrio vulnificus и починале откако пливале на две одделни локации во Лонг Ајленд Саунд.

Се додава дека трето лице било заразено во јули откако јадело сурови остриги.

Вирусот бил откриен и кај лице кое починало на Лонг Ајленд, соопшти гувернерката Кети Хочул.

Официјалните лица сè уште ја истражуваат смртта во округот Сафолк за да утврдат дали бактеријата влегла и во водите на Њујорк или на друго место.

Vibrio vulnificus потекнува од исто семејство како и бактеријата која предизвикува колера.

Благ случај на бактериска инфекција може да предизвика кожни рани, плускавци, апсцеси и чиреви и обично вклучува треска, дијареа, болки во стомакот и можно повраќање. Во потешки случаи, луѓето може да развијат септикемија, сериозна инфекција на крвотокот, што е почеста кај оние со попроблематични здравствени состојби, особено заболување на црниот дроб, рак, дијабетес, ХИВ или други болести кои го компромитираат имунолошкиот систем.

The post Во САД починаа три лица по инфекција со ретка бактерија appeared first on Република.

]]>

Најмалку три лица починаа во Конектикат и Њујорк откако се заразиле со ретка бактерија што јаде месо, која може да се најде во топлите води или суровите школки, потврди денеска американското Министерство за јавно здравје. Сите три лица биле на возраст меѓу 60 и 80 години, објави Ен-Би-Си Њуз. Директорот за комуникации во Одделот за јавно здравје Кристофер Бојл изјави дека две лица во Конектикат биле заразени со вирусот Vibrio vulnificus и починале откако пливале на две одделни локации во Лонг Ајленд Саунд. Се додава дека трето лице било заразено во јули откако јадело сурови остриги. Вирусот бил откриен и кај лице кое починало на Лонг Ајленд, соопшти гувернерката Кети Хочул. Официјалните лица сè уште ја истражуваат смртта во округот Сафолк за да утврдат дали бактеријата влегла и во водите на Њујорк или на друго место. Vibrio vulnificus потекнува од исто семејство како и бактеријата која предизвикува колера. Благ случај на бактериска инфекција може да предизвика кожни рани, плускавци, апсцеси и чиреви и обично вклучува треска, дијареа, болки во стомакот и можно повраќање. Во потешки случаи, луѓето може да развијат септикемија, сериозна инфекција на крвотокот, што е почеста кај оние со попроблематични здравствени состојби, особено заболување на црниот дроб, рак, дијабетес, ХИВ или други болести кои го компромитираат имунолошкиот систем.

The post Во САД починаа три лица по инфекција со ретка бактерија appeared first on Република.

]]>