инфаркт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infarkt/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jun 2024 09:44:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инфаркт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/infarkt/ 32 32 Најголем број срцеви удари се случуваат во сон во утринските часови https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/najgolem-broj-srtsevi-udari-se-sluchuvaat-vo-son-vo-utrinskite-chasovi/ Wed, 12 Jun 2024 19:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=786868

Најмногу срцеви удари се бележат во утринските часови, особено во последната, тн. РЕМ-фаза на спиењето, покажува истражување на научниците од Харвард. РЕМ-спиењето, т.е. „рапидно мрдање на очите“, е фазата во којашто двете очи синхронизирано и брзо се движат при што активноста на автономниот нервен систем е нерегулиран и забрзан.

Новите сознанија и податоци покажуваат дека 40 отсто од сите срцеви удари воопшто, се случуваат меѓу шест часот наутро и пладнето, а првите три часа по будењето ризикот од срцев удар е тројно зголемен.

Научниците тоа го објаснуваат со присуството на голем број фактори поврзани со зголемената активност на автономниот нервен систем коишто доведуваат до стегање на крвните садови и зголемено трошење кислород во телото во утринските часови, што предизвикува и намалено снабдување на срцето со кислород.

Исто така, наутро се зголемуваат и опасностите за појава на згрутчување на крвта, што дополнително ја отежнува циркулацијата и може да го зголеми ризикот од мозочен удар, пишува „Стетоскоп“ (Stethoscope).

Сите овие фактори не претставуваат голема закана за здравите луѓе, но може да бидат ризични за луѓето со атеросклероза.

The post Најголем број срцеви удари се случуваат во сон во утринските часови appeared first on Република.

]]>

Најмногу срцеви удари се бележат во утринските часови, особено во последната, тн. РЕМ-фаза на спиењето, покажува истражување на научниците од Харвард. РЕМ-спиењето, т.е. „рапидно мрдање на очите“, е фазата во којашто двете очи синхронизирано и брзо се движат при што активноста на автономниот нервен систем е нерегулиран и забрзан. Новите сознанија и податоци покажуваат дека 40 отсто од сите срцеви удари воопшто, се случуваат меѓу шест часот наутро и пладнето, а првите три часа по будењето ризикот од срцев удар е тројно зголемен. Научниците тоа го објаснуваат со присуството на голем број фактори поврзани со зголемената активност на автономниот нервен систем коишто доведуваат до стегање на крвните садови и зголемено трошење кислород во телото во утринските часови, што предизвикува и намалено снабдување на срцето со кислород. Исто така, наутро се зголемуваат и опасностите за појава на згрутчување на крвта, што дополнително ја отежнува циркулацијата и може да го зголеми ризикот од мозочен удар, пишува „Стетоскоп“ (Stethoscope). Сите овие фактори не претставуваат голема закана за здравите луѓе, но може да бидат ризични за луѓето со атеросклероза.

The post Најголем број срцеви удари се случуваат во сон во утринските часови appeared first on Република.

]]>
Инфаркт! Сигнали за паника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/infarkt-signali-za-panika/ Mon, 01 May 2023 19:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=635821

Најчестиот симптом на инфаркт, и кај мажите и кај жените, е интензивна болка и чувство на тежина во градите. Сепак, кај жените, како што веќе кажавме, има помалку типични и помалку изразени симптоми.

Болки во горниот дел на телото. Може да имате болка во едната или двете раце, вратот, рамената, вилицата или стомакот, областа помеѓу лопатките. Болката се јавува ненадејно или се шири од еден дел до друг.

Силен умор, слабост без одредена причина. Ви се чини дека малку по малку паѓате од умор, иако пред тоа не сте имале тешки оптоварувања.

Отежнато дишење, чувство на недостиг од воздух. Би требало да бидат предупредување ако покрај тоа чувствувате умор и болка во градите.

Прекумерно потење. Чувство на студ и „лепливост“ по целото тело.

Проблеми со спиењето. Долго ви треба да заспиете, често се будите во текот на ноќта, уморни сте наутро.

Проблеми со желудникот. Понекогаш пред инфаркт жените чувствуваат симптоми на лошо варење, а кај некои може да дојде до мачнина и повраќање.

Текст: Руски доктор

The post Инфаркт! Сигнали за паника appeared first on Република.

]]>

Најчестиот симптом на инфаркт, и кај мажите и кај жените, е интензивна болка и чувство на тежина во градите. Сепак, кај жените, како што веќе кажавме, има помалку типични и помалку изразени симптоми. Болки во горниот дел на телото. Може да имате болка во едната или двете раце, вратот, рамената, вилицата или стомакот, областа помеѓу лопатките. Болката се јавува ненадејно или се шири од еден дел до друг. Силен умор, слабост без одредена причина. Ви се чини дека малку по малку паѓате од умор, иако пред тоа не сте имале тешки оптоварувања. Отежнато дишење, чувство на недостиг од воздух. Би требало да бидат предупредување ако покрај тоа чувствувате умор и болка во градите. Прекумерно потење. Чувство на студ и „лепливост“ по целото тело. Проблеми со спиењето. Долго ви треба да заспиете, често се будите во текот на ноќта, уморни сте наутро. Проблеми со желудникот. Понекогаш пред инфаркт жените чувствуваат симптоми на лошо варење, а кај некои може да дојде до мачнина и повраќање.
Текст: Руски доктор

The post Инфаркт! Сигнали за паника appeared first on Република.

]]>
Почина од инфаркт сопругот на наставничката убиена во нападот во Тексас https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-od-infarkt-soprugot-na-nastavnichkata-ubiena-vo-napadot-vo-teksas/ Fri, 27 May 2022 10:38:54 +0000 https://republika.mk/?p=507576

Сопругот на Ирма Гарсија, учителката во основното училиште во Увалде, убиена додека со своето тело ги штитеше нејзините ученици, почина вчера од срцев удар, два дена по масакрот  кој се случи во Тексас.

Џо и Ирма беа во брак 24 години и имаа четири деца, а најстарото штотуку им се придружи на маринците, најмладото пак, оди во средно училиште.

На интернет имаше повик за помош на семејството со цел да собере 10.000 долари, а до синоќа имаше собрано 1,6 милиони долари.

„Навистина мислам дека Џои почина од скршено срце“, напиша на веб страницата за донации роднина на Ирма Гарсија.

На Твитер, внук на Ирма на Гарсија напиша дека Џои почина од тага.

По пукањето, „Њујорк Тајмс“ објави дека наставничката Гарсија била најдена од полиција како ги држела децата во прегратка до последниот здив.

 

The post Почина од инфаркт сопругот на наставничката убиена во нападот во Тексас appeared first on Република.

]]>

Сопругот на Ирма Гарсија, учителката во основното училиште во Увалде, убиена додека со своето тело ги штитеше нејзините ученици, почина вчера од срцев удар, два дена по масакрот  кој се случи во Тексас. Џо и Ирма беа во брак 24 години и имаа четири деца, а најстарото штотуку им се придружи на маринците, најмладото пак, оди во средно училиште. На интернет имаше повик за помош на семејството со цел да собере 10.000 долари, а до синоќа имаше собрано 1,6 милиони долари. „Навистина мислам дека Џои почина од скршено срце“, напиша на веб страницата за донации роднина на Ирма Гарсија. На Твитер, внук на Ирма на Гарсија напиша дека Џои почина од тага. По пукањето, „Њујорк Тајмс“ објави дека наставничката Гарсија била најдена од полиција како ги држела децата во прегратка до последниот здив.  

The post Почина од инфаркт сопругот на наставничката убиена во нападот во Тексас appeared first on Република.

]]>