Индонезија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/indonezija/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 17:54:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Индонезија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/indonezija/ 32 32 Вулканот во Индонезија продолжи да еруптира и денеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vulkanot-vo-indonezija-prodolzhi-da-eruptira-i-deneska/ Sat, 09 Nov 2024 17:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=835929

Индонезискиот вулкан на планината Левотоби Лаки Лаки денеска исфрли „високи столбови врела пепел“, неколку дена по големата ерупција во која загинаа девет лица, а десетици беа повредени.

Активноста на вулканот на островот Флорес се интензивира по првичната ерупција во понеделникот.

Властите во четвртокот ја проширија опасната зона бидејќи вулканот повторно еруптираше.

Вулканот вчера исфрли голем столб пепел висок околу 10 километри, изјави Хади Виџаја, шеф на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи.

Виџаја додаде дека лава и чакал паднале во радиус од околу осум километри од кратерот.

Нема информации за жртви во последната ерупција, соопшти агенцијата за следење на вулканите.

The post Вулканот во Индонезија продолжи да еруптира и денеска appeared first on Република.

]]>

Индонезискиот вулкан на планината Левотоби Лаки Лаки денеска исфрли „високи столбови врела пепел“, неколку дена по големата ерупција во која загинаа девет лица, а десетици беа повредени. Активноста на вулканот на островот Флорес се интензивира по првичната ерупција во понеделникот. Властите во четвртокот ја проширија опасната зона бидејќи вулканот повторно еруптираше. Вулканот вчера исфрли голем столб пепел висок околу 10 километри, изјави Хади Виџаја, шеф на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи. Виџаја додаде дека лава и чакал паднале во радиус од околу осум километри од кратерот. Нема информации за жртви во последната ерупција, соопшти агенцијата за следење на вулканите.

The post Вулканот во Индонезија продолжи да еруптира и денеска appeared first on Република.

]]>
Папата Франциско пристигна во Индонезија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisko-pristigna-vo-indonezija/ Tue, 03 Sep 2024 08:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=812554

Папата Франциско пристигна во Индонезија, првата станица од неговото најдолго патување надвор од Ватикан, при што во следните 12 дена ќе посети четири земји во Југоисточна Азија и Океанија, јавуваат агенциите.

87-годишниот поглавар на Римокатоличката црква пристигна во Џакарта по повеќе од 13 часа патување од Рим со специјален лет на италијанската компанија ИТА Ервејс.

Со повеќе од 240 милиони муслимани, Индонезија е најнаселената муслиманска земја во светот, а по Џакарта следуваат посети на Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, а од четирите земји што ќе ги посети папата, само во Источен Тимор мнозинството од населението се изјаснуваат како католици.

45-тото патување на папата во странство во текот на 11-те години од неговиот понтификат ќе биде особено посветено на афирмацијата на мирниот соживот меѓу различните религии, објави претходно Ватикан.

На оваа турнеја папата Франциско ќе помине вкупно повеќе од 30.000 километри со авион, а се очекува да се врати во Рим на 13 септември.

Со оглед на возраста и здравјето на папата, кој сега често користи инвалидска количка, паузите меѓу неговите патувања во странство станаа подолги.

Последното големо патување на папата во странство беше пред една година, кога ја посети Монголија.

Посетата на Луксембург и Белгија е негово следно патување во странство кон крајот на овој месец.

 

The post Папата Франциско пристигна во Индонезија appeared first on Република.

]]>

Папата Франциско пристигна во Индонезија, првата станица од неговото најдолго патување надвор од Ватикан, при што во следните 12 дена ќе посети четири земји во Југоисточна Азија и Океанија, јавуваат агенциите. 87-годишниот поглавар на Римокатоличката црква пристигна во Џакарта по повеќе од 13 часа патување од Рим со специјален лет на италијанската компанија ИТА Ервејс. Со повеќе од 240 милиони муслимани, Индонезија е најнаселената муслиманска земја во светот, а по Џакарта следуваат посети на Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, а од четирите земји што ќе ги посети папата, само во Источен Тимор мнозинството од населението се изјаснуваат како католици. 45-тото патување на папата во странство во текот на 11-те години од неговиот понтификат ќе биде особено посветено на афирмацијата на мирниот соживот меѓу различните религии, објави претходно Ватикан. На оваа турнеја папата Франциско ќе помине вкупно повеќе од 30.000 километри со авион, а се очекува да се врати во Рим на 13 септември. Со оглед на возраста и здравјето на папата, кој сега често користи инвалидска количка, паузите меѓу неговите патувања во странство станаа подолги. Последното големо патување на папата во странство беше пред една година, кога ја посети Монголија. Посетата на Луксембург и Белгија е негово следно патување во странство кон крајот на овој месец.  

The post Папата Франциско пристигна во Индонезија appeared first on Република.

]]>
Питон од пет метри проголтал жена во Индонезија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/piton-od-pet-metri-progoltal-zhena-vo-indonezija/ Sat, 08 Jun 2024 16:39:41 +0000 https://republika.mk/?p=785782

Питон долг пет метри проголтал жена во централниот дел на Индонезија. Жената била пронајдена мртва во стомакот на питонот, соопштија денеска локалните власти.

Сопругот на 45 годишната жена и жителите на селото Калемпанг во провинцијата Јужен Сулавеси ја откриле во петокот во телото на мрежест питон, пренесува Бета.

Жената, мајка на четири деца, исчезнала во четвртокот вечерта и по неа е започната потрага. Локалните жители ја пребарале областа и брзо забележале „питон со голем стомак“. Одлучиле да и го отворат стомакот на змијата и внатре ја нашле мртвата жена.

Ваквите инциденти се исклучително ретки, но во изминатите години се регистрирани и други случаи Индонезија на луѓе проголтани од питони. Минатата година жителите на областа Тинангеа во југоисточниот дел на Сулавеси убиле осумметарски питон кој задавил и изел локален жител.

Во 2018 година, 54-годишна жена била пронајдена мртва во стомакот на седумметарски питон во градот Муна, во југоисточниот дел на Сулавеси. Во Западен Сулавеси, пак, во 2017 година, питон долг четири метри проголтал селанец на плантажа со палмово масло.

The post Питон од пет метри проголтал жена во Индонезија appeared first on Република.

]]>

Питон долг пет метри проголтал жена во централниот дел на Индонезија. Жената била пронајдена мртва во стомакот на питонот, соопштија денеска локалните власти. Сопругот на 45 годишната жена и жителите на селото Калемпанг во провинцијата Јужен Сулавеси ја откриле во петокот во телото на мрежест питон, пренесува Бета. Жената, мајка на четири деца, исчезнала во четвртокот вечерта и по неа е започната потрага. Локалните жители ја пребарале областа и брзо забележале „питон со голем стомак“. Одлучиле да и го отворат стомакот на змијата и внатре ја нашле мртвата жена. Ваквите инциденти се исклучително ретки, но во изминатите години се регистрирани и други случаи Индонезија на луѓе проголтани од питони. Минатата година жителите на областа Тинангеа во југоисточниот дел на Сулавеси убиле осумметарски питон кој задавил и изел локален жител. Во 2018 година, 54-годишна жена била пронајдена мртва во стомакот на седумметарски питон во градот Муна, во југоисточниот дел на Сулавеси. Во Западен Сулавеси, пак, во 2017 година, питон долг четири метри проголтал селанец на плантажа со палмово масло.

The post Питон од пет метри проголтал жена во Индонезија appeared first on Република.

]]>
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjotres-so-jachina-od-5-6-stepeni-ja-pogodi-indonezija/ Mon, 06 May 2024 07:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=774631

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

The post Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

The post Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија appeared first on Република.

]]>
Силен земјотрес во Индонезија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/silen-zemjotres-vo-indonezija-2/ Sat, 30 Dec 2023 19:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=728308

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а погоди индонезиската провинција Папуа, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот се случил на длабочина од 46 километри, а епицентарот бил на 179 километри западно-југозападно од градот Џајапур на островот Нова Гвинеја.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

The post Силен земјотрес во Индонезија appeared first on Република.

]]>

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, а погоди индонезиската провинција Папуа, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил на длабочина од 46 километри, а епицентарот бил на 179 километри западно-југозападно од градот Џајапур на островот Нова Гвинеја. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

The post Силен земјотрес во Индонезија appeared first on Република.

]]>
Во експлозија во фабрика за преработка на никел во Индонезија загинаа 13 работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-eksplozija-vo-fabrika-za-prerabotka-na-nikel-vo-indonezija-zaginaa-13-rabotnitsi/ Sun, 24 Dec 2023 10:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=726136

Најмалку 13 работници загинаа, а десетици се повредени во експлозија на висока печка во фабрика за преработка на никел во кинеска сопственост на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија полицијата и официјални лица.

Несреќата се случила утринава во фабриката на компанијата PT Indonesia Tsigshan Stainless Steel, во индустрискиот парк Моровали на индонезискиот остров Сулавеси, соопшти портпаролот на таа индустриска зона Деди Курнијаван.

– Најмалку пет кинески и осум индонезиски работници загинаа кога печка експлодирала додека ја поправале, изјави началникот на полицијата во Централен Сулавеси.

Тој рече дека експлозијата била толку силна што ја уништила печката и ги оштетила ѕидовите на зградата

Според него, 38 работници се пренесени во болници, од кои некои се во критична состојба.

– Властите работат на утврдување дали несреќата е предизвикана од невнимание, рече началникот Сулавеси.

Ова е една од серијата смртоносни несреќи во топилниците на никел во Индонезија, кои се дел од кинеската амбициозна програма за транснационален развој, познат како „Појас и пат“.

Никелот е клучна состојка во глобалното производство на батерии за електрични возила.

The post Во експлозија во фабрика за преработка на никел во Индонезија загинаа 13 работници appeared first on Република.

]]>

Најмалку 13 работници загинаа, а десетици се повредени во експлозија на висока печка во фабрика за преработка на никел во кинеска сопственост на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија полицијата и официјални лица. Несреќата се случила утринава во фабриката на компанијата PT Indonesia Tsigshan Stainless Steel, во индустрискиот парк Моровали на индонезискиот остров Сулавеси, соопшти портпаролот на таа индустриска зона Деди Курнијаван. – Најмалку пет кинески и осум индонезиски работници загинаа кога печка експлодирала додека ја поправале, изјави началникот на полицијата во Централен Сулавеси. Тој рече дека експлозијата била толку силна што ја уништила печката и ги оштетила ѕидовите на зградата Според него, 38 работници се пренесени во болници, од кои некои се во критична состојба. – Властите работат на утврдување дали несреќата е предизвикана од невнимание, рече началникот Сулавеси. Ова е една од серијата смртоносни несреќи во топилниците на никел во Индонезија, кои се дел од кинеската амбициозна програма за транснационален развој, познат како „Појас и пат“. Никелот е клучна состојка во глобалното производство на батерии за електрични возила.

The post Во експлозија во фабрика за преработка на никел во Индонезија загинаа 13 работници appeared first on Република.

]]>
Тиктокерка се снимаше како кажува исламска молитва, па јаде свинско – осудена е на две години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tiktokerka-se-snimashe-kako-kazhuva-islamska-molitva-pa-jade-svinsko-osudena-e-na-dve-godini-zatvor/ Sat, 23 Sep 2023 18:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=684439

ТикТокерката Лина Муккерџи е осудена на две години затвор во Индонезија поради објавено видео на кое рецитира исламска молитва, а потоа јаде свинско место. Таквата нејзина постапка наиде на остра осуда во оваа муслиманска земја. Снимката станала вирална и собрала милиони прегледи.

На видеото Лина прави гримаси додека ја изговара муслиманската молтива пред да ја изеде крцкавата свинска кожа. Некој ја пријавил, па инфлуенсерктата на суд била обвинета за „ширење информации со цел поттикнување омраза против верските поединци и одредени групи“.

@selebvirallterkini #artisviral #makanbabi #linamukherjee #fyp #fypシ ♬ suara asli - SELEBVIRALL

Мукерџи, која и самата е муслиманка, исто така била казнета за видеото - наредено ѝ е да плати 250 милиони рупии (15.000 евра). Индонезија е најголемата нација со муслиманско мнозинство во светот и има строги закони за богохулење.

Според исламот, свинското месо се смета за харам, односно е забрането. Лина по судењето пред новинарите изјави дека е изненадена од пресудата.

Знам дека згрешив, но не ја очекував оваа казна“, изјавила Лина за локалната станица „Метро ТВ“.

Највисокото муслиманско свештено тело во Индонезија, Советот на индонезиските улеми, одлучило дека нејзиното видео е богохулење. Популарната креаторка на содржина на социјалните мрежи има повеќе од 2,2 милиони следбеници на ТикТок. Нејзиниот случај е најновиот со висок профил во низата пресуди за богохулење во последниве години.

Минатата година шест лица беа уапсени откако синџир барови им промовирал бесплатен алкохол на патроните по име Мохамед. И во 2017 година, христијанскиот поранешен гувернер на Џакарта бил фрлен зад решетки бидејќи бил обвинет за навреда на исламот.

The post Тиктокерка се снимаше како кажува исламска молитва, па јаде свинско – осудена е на две години затвор appeared first on Република.

]]>

ТикТокерката Лина Муккерџи е осудена на две години затвор во Индонезија поради објавено видео на кое рецитира исламска молитва, а потоа јаде свинско место. Таквата нејзина постапка наиде на остра осуда во оваа муслиманска земја. Снимката станала вирална и собрала милиони прегледи. На видеото Лина прави гримаси додека ја изговара муслиманската молтива пред да ја изеде крцкавата свинска кожа. Некој ја пријавил, па инфлуенсерктата на суд била обвинета за „ширење информации со цел поттикнување омраза против верските поединци и одредени групи“.
@selebvirallterkini #artisviral #makanbabi #linamukherjee #fyp #fypシ ♬ suara asli - SELEBVIRALL
Мукерџи, која и самата е муслиманка, исто така била казнета за видеото - наредено ѝ е да плати 250 милиони рупии (15.000 евра). Индонезија е најголемата нација со муслиманско мнозинство во светот и има строги закони за богохулење. Според исламот, свинското месо се смета за харам, односно е забрането. Лина по судењето пред новинарите изјави дека е изненадена од пресудата.
Знам дека згрешив, но не ја очекував оваа казна“, изјавила Лина за локалната станица „Метро ТВ“.
Највисокото муслиманско свештено тело во Индонезија, Советот на индонезиските улеми, одлучило дека нејзиното видео е богохулење. Популарната креаторка на содржина на социјалните мрежи има повеќе од 2,2 милиони следбеници на ТикТок. Нејзиниот случај е најновиот со висок профил во низата пресуди за богохулење во последниве години. Минатата година шест лица беа уапсени откако синџир барови им промовирал бесплатен алкохол на патроните по име Мохамед. И во 2017 година, христијанскиот поранешен гувернер на Џакарта бил фрлен зад решетки бидејќи бил обвинет за навреда на исламот.

The post Тиктокерка се снимаше како кажува исламска молитва, па јаде свинско – осудена е на две години затвор appeared first on Република.

]]>
Разорен земјотрес во близина на брегот на Индонезија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/razoren-zemjotres-vo-blizina-na-bregot-na-indonezija/ Sun, 04 Jun 2023 07:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=647537

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во морето, недалеку од брегот на Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот се наоѓал на 282 километри југозападно од градот Туал, кој има околу 40.000 жители, а бил на длабочина од 112 километри, јави агенцијата Тас.

Засега нема информации дали земјотресот предизвикал материјална штета или има повредени, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

 

The post Разорен земјотрес во близина на брегот на Индонезија appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во морето, недалеку од брегот на Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот се наоѓал на 282 километри југозападно од градот Туал, кој има околу 40.000 жители, а бил на длабочина од 112 километри, јави агенцијата Тас. Засега нема информации дали земјотресот предизвикал материјална штета или има повредени, а не е издадено ниту предупредување за цунами.  

The post Разорен земјотрес во близина на брегот на Индонезија appeared first on Република.

]]>
Во Индонезија пак се игра фудбал по стампедото https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vo-indonezija-pak-se-igra-fudbal-po-stampedoto/ Thu, 13 Apr 2023 09:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=630498

Без присуство на публика и под силни мерки за безбедност, индонезиските прволигашки екипи Аремa и Персебаја за прв пат одиграа меѓусебен дуел од октомври лани кога натпреварот заврши со смртоносно стампедо.

Двата ривалски клуба последен пат се сретнаа на 1 октомври лани во Маланга, кога смртно настрадаа 135 луѓе, меѓу кои и над 40 деца.

Натпреварот во вторникот се одигра во Јужна Џакарта на стадион во сопственост на полицијата и заврши со победа на Персебаја од 1-0, а не беше забележан ниту еден инцидент.

„Ривалството трае 90 минути. Сите сме браќа, хуманоста е над сè“, соопшти Персебаја на својот Инстаграм профил.

Овој натпревар од индонезиската лига првично требаше да се одигра во март, но беше по одложен и преместен на неутрален терен поради ризик од навивачки инциденти

The post Во Индонезија пак се игра фудбал по стампедото appeared first on Република.

]]>

Без присуство на публика и под силни мерки за безбедност, индонезиските прволигашки екипи Аремa и Персебаја за прв пат одиграа меѓусебен дуел од октомври лани кога натпреварот заврши со смртоносно стампедо.

Двата ривалски клуба последен пат се сретнаа на 1 октомври лани во Маланга, кога смртно настрадаа 135 луѓе, меѓу кои и над 40 деца.

Натпреварот во вторникот се одигра во Јужна Џакарта на стадион во сопственост на полицијата и заврши со победа на Персебаја од 1-0, а не беше забележан ниту еден инцидент.

„Ривалството трае 90 минути. Сите сме браќа, хуманоста е над сè“, соопшти Персебаја на својот Инстаграм профил.

Овој натпревар од индонезиската лига првично требаше да се одигра во март, но беше по одложен и преместен на неутрален терен поради ризик од навивачки инциденти

The post Во Индонезија пак се игра фудбал по стампедото appeared first on Република.

]]>
Силен земјотрес во Индонезија, има мртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/silen-zemjotres-vo-indonezija-ima-mrtvi/ Thu, 09 Feb 2023 11:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=606851

Најмалку четири лица загинаа и неколку згради се оштетени во земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рухтер што денеска ја погоди Индонезија.

Четирите жртви биле во кафуле во време на земјотресот кој предизвика уривање на зградата, наведуваат агенциите. Земјотресот се почувствувал две-три секунди и предизвикал паника кај населението.

Снимка на социјалните мрежи прикажува брег во пристаништето каде се урнала зградата во морето. Малку се оштетени трговскиот центар и болницата во градот, пренесе Ројтерс.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар денеска забележа земјотрес и во Папуа, со јачина од 5,5 степени според Рихтер. Епицентарот бил на еден километар од Џајапур, главниот град на Папуа, на длабочина од 10 км, според индонезиската агенција за геофизика.

 

The post Силен земјотрес во Индонезија, има мртви appeared first on Република.

]]>

Најмалку четири лица загинаа и неколку згради се оштетени во земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рухтер што денеска ја погоди Индонезија. Четирите жртви биле во кафуле во време на земјотресот кој предизвика уривање на зградата, наведуваат агенциите. Земјотресот се почувствувал две-три секунди и предизвикал паника кај населението. Снимка на социјалните мрежи прикажува брег во пристаништето каде се урнала зградата во морето. Малку се оштетени трговскиот центар и болницата во градот, пренесе Ројтерс. Европскиот медитерански сеизмолошки центар денеска забележа земјотрес и во Папуа, со јачина од 5,5 степени според Рихтер. Епицентарот бил на еден километар од Џајапур, главниот град на Папуа, на длабочина од 10 км, според индонезиската агенција за геофизика.  

The post Силен земјотрес во Индонезија, има мртви appeared first on Република.

]]>
Терористички напад во Индонезија: Екстремист се разнесе во полициска станица, има жртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teroristichki-napad-vo-indonezija-ekstremist-se-raznese-vo-policiska-stanica-ima-zrtvi/ Wed, 07 Dec 2022 08:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=582791

Индонезиската полиција денеска соопшти дека две лица загинале, а осум се ранети кога маж осомничен дека е исламистички екстремист се разнел во полициска станица во Бандунг.

Официјален претставник на индонезиската антитерористичка агенција БНПТ изјави за ТВ Метро дека екстремистичката група Џама Аншарут Даулах (ЈАД), која е блиска до Исламската држава, можеби стои зад нападот, пренесе „Ројтерс“.

Тој наведе дека ЈАД е одговорен за слични претходни напади во Индонезија.

Во нападот загинаа напаѓачот и еден полицаец, а повредени се еден цивил и седум полицајци, изјави за ТВ Метро, ​​Ибрахим Томпо, портпарол на полицијата во Западна Јава.

Претходните години исламските екстремисти извршија неколку терористички напади во најголемата муслиманска земја во светот, а дел од целите беа цркви, полициски станици и места што ги посетуваат странци, потсетува британската агенција.

The post Терористички напад во Индонезија: Екстремист се разнесе во полициска станица, има жртви appeared first on Република.

]]>

Индонезиската полиција денеска соопшти дека две лица загинале, а осум се ранети кога маж осомничен дека е исламистички екстремист се разнел во полициска станица во Бандунг. Официјален претставник на индонезиската антитерористичка агенција БНПТ изјави за ТВ Метро дека екстремистичката група Џама Аншарут Даулах (ЈАД), која е блиска до Исламската држава, можеби стои зад нападот, пренесе „Ројтерс“. Тој наведе дека ЈАД е одговорен за слични претходни напади во Индонезија. Во нападот загинаа напаѓачот и еден полицаец, а повредени се еден цивил и седум полицајци, изјави за ТВ Метро, ​​Ибрахим Томпо, портпарол на полицијата во Западна Јава. Претходните години исламските екстремисти извршија неколку терористички напади во најголемата муслиманска земја во светот, а дел од целите беа цркви, полициски станици и места што ги посетуваат странци, потсетува британската агенција.

The post Терористички напад во Индонезија: Екстремист се разнесе во полициска станица, има жртви appeared first on Република.

]]>
Една година затвор за вонбрачни врски во Индонезија, предвидува новиот Закон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/edna-godina-zatvor-za-vonbrachni-vrski-vo-indonezija-predviduva-noviot-zakon/ Tue, 06 Dec 2022 09:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=582420

Индонезискиот парламент усвои кривичен законик кој забранува сексуални односи надвор од бракот и предвидува затворска казна до една година. Законот е дел од законските измени за кои критичарите велат дека ги поткопуваат граѓанските слободи во третата по големина демократија во светот, пренесува Ројтерс.

Новите одредби, кои ќе важат за Индонезијците и странците, исто така им забрануваат на паровите да живеат заедно пред брак.

Сепак, законот нема да стапи во сила три години за да се овозможи изработка на прописи.

Во моментов Индонезија забранува прељуба, но не и предбрачен секс.

Законот вклучува забрани за црна магија, навреда на претседателот или државните институции, ширење ставови против државната идеологија и организирање протести без најава.

Ревидирањето на кривичниот законик се разгледува од 1945 година, кога Индонезија прогласи независност од Холандија.

 

The post Една година затвор за вонбрачни врски во Индонезија, предвидува новиот Закон appeared first on Република.

]]>

Индонезискиот парламент усвои кривичен законик кој забранува сексуални односи надвор од бракот и предвидува затворска казна до една година. Законот е дел од законските измени за кои критичарите велат дека ги поткопуваат граѓанските слободи во третата по големина демократија во светот, пренесува Ројтерс. Новите одредби, кои ќе важат за Индонезијците и странците, исто така им забрануваат на паровите да живеат заедно пред брак. Сепак, законот нема да стапи во сила три години за да се овозможи изработка на прописи. Во моментов Индонезија забранува прељуба, но не и предбрачен секс. Законот вклучува забрани за црна магија, навреда на претседателот или државните институции, ширење ставови против државната идеологија и организирање протести без најава. Ревидирањето на кривичниот законик се разгледува од 1945 година, кога Индонезија прогласи независност од Холандија.  

The post Една година затвор за вонбрачни врски во Индонезија, предвидува новиот Закон appeared first on Република.

]]>
Вонбрачниот секс ќе биде кривично дело во Индонезија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vonbrachniot-seks-kje-bide-krivichno-delo-vo-indonezija/ Fri, 02 Dec 2022 09:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=580769

Индонезискиот парламент ќе донесе нов кривичен закон со кој вонбрачниот секс биде казниво дело. Според законот, кој се очекува да биде донесен овој месец, казната ќе изнесува до една година затвор, потврдија официјални лица.

Со ревизијата на законот ќе се забрани и навреда на претседателот и државните институции и искажување ставови спротивни на државната идеологија на Индонезија. Забрането е и живеење заедно пред брак.

Овој закон се работи со децении, а новиот кривичен закон се очекува да биде усвоен на 15 декември, изјави индонезискиот заменик министер за правда Едвард Омар Шариф Хиариеј.

Горди сме што имаме казнен законик во согласност со индонезиските вредности, изјави тој.

Бамбанг Вурјанто, пратеник вклучен во изготвување на нацртот, рече дека новиот закон би можел да биде усвоен веќе следната недела.

Законот, доколку биде усвоен, ќе важи и за индонезиските државјани и за странците.

Претходниот предлог-закон требаше да биде усвоен во 2019 година, но тој предизвика протести низ целата земја. Десетици илјади луѓе протестираа во тоа време против низа закони, особено оние за кои се смета дека го регулираат моралот и слободата на говорот, за кои рекоа дека ќе ги намалат граѓанските слободи.

The post Вонбрачниот секс ќе биде кривично дело во Индонезија appeared first on Република.

]]>

Индонезискиот парламент ќе донесе нов кривичен закон со кој вонбрачниот секс биде казниво дело. Според законот, кој се очекува да биде донесен овој месец, казната ќе изнесува до една година затвор, потврдија официјални лица. Со ревизијата на законот ќе се забрани и навреда на претседателот и државните институции и искажување ставови спротивни на државната идеологија на Индонезија. Забрането е и живеење заедно пред брак. Овој закон се работи со децении, а новиот кривичен закон се очекува да биде усвоен на 15 декември, изјави индонезискиот заменик министер за правда Едвард Омар Шариф Хиариеј.
Горди сме што имаме казнен законик во согласност со индонезиските вредности, изјави тој.
Бамбанг Вурјанто, пратеник вклучен во изготвување на нацртот, рече дека новиот закон би можел да биде усвоен веќе следната недела. Законот, доколку биде усвоен, ќе важи и за индонезиските државјани и за странците. Претходниот предлог-закон требаше да биде усвоен во 2019 година, но тој предизвика протести низ целата земја. Десетици илјади луѓе протестираа во тоа време против низа закони, особено оние за кои се смета дека го регулираат моралот и слободата на говорот, за кои рекоа дека ќе ги намалат граѓанските слободи.

The post Вонбрачниот секс ќе биде кривично дело во Индонезија appeared first on Република.

]]>
Починаа 99 деца во Индонезија, биле лекувани со сируп на база на парацетамол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochinaa-99-deca-vo-indonezija-bile-lekuvani-so-sirup-na-baza-na-paracetamol/ Wed, 19 Oct 2022 07:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=562772

Речиси 100 деца починаа од акутна бубрежна инсуфициенција од почетокот на годинава во Индонезија, информираше денеска претставник на Министерството за здравство.

Здравствени претставници во Гамбија неодамна соопштија дека деца починале од акутна бубрежна инсуфициенција, откако биле лекувани со сируп на база на парацетамол, што се користи за намалување на треската, јавија дел од британските медиуми.

Откриено е прекумерно ниво на диетилен гликол и етилен гликол во четири сирупи произведени од Мајден фармацеутикалс од Њу Делхи, што се продаваат во Гамбија.

Тие лекарства, според претставници на индонезиската Агенција за храна и лекови, не се достапни во Индонезија. Но, оттогаш забранета е употребата на овие состојки во сите медицински сирупи наменети за деца.

Претставничката на Министерството за здравје, Сити Надја Тармизи изјави дека идентификувани се 189 случаи на акутна бубрежна инсуфициенција меѓу индонезиските деца, мнозинството под пет години. Од почетокот на годината регистрирани се 99 смртни случаи.

Здравствените власти минатата недела појаснија дека формиран е стручен тим за истражување на порастот на случаи на акутна бубрежна инсуфициенција кај децата. Во него има претставници на Министерството за здравство, Индонезиската педијатриска асоцијација и на Светската здравствена организација.

Министерството за здравство тврди дека разговара со експерти на СЗО, кои ги истражуваат случаите во Гамбија.

 

The post Починаа 99 деца во Индонезија, биле лекувани со сируп на база на парацетамол appeared first on Република.

]]>

Речиси 100 деца починаа од акутна бубрежна инсуфициенција од почетокот на годинава во Индонезија, информираше денеска претставник на Министерството за здравство. Здравствени претставници во Гамбија неодамна соопштија дека деца починале од акутна бубрежна инсуфициенција, откако биле лекувани со сируп на база на парацетамол, што се користи за намалување на треската, јавија дел од британските медиуми. Откриено е прекумерно ниво на диетилен гликол и етилен гликол во четири сирупи произведени од Мајден фармацеутикалс од Њу Делхи, што се продаваат во Гамбија. Тие лекарства, според претставници на индонезиската Агенција за храна и лекови, не се достапни во Индонезија. Но, оттогаш забранета е употребата на овие состојки во сите медицински сирупи наменети за деца. Претставничката на Министерството за здравје, Сити Надја Тармизи изјави дека идентификувани се 189 случаи на акутна бубрежна инсуфициенција меѓу индонезиските деца, мнозинството под пет години. Од почетокот на годината регистрирани се 99 смртни случаи. Здравствените власти минатата недела појаснија дека формиран е стручен тим за истражување на порастот на случаи на акутна бубрежна инсуфициенција кај децата. Во него има претставници на Министерството за здравство, Индонезиската педијатриска асоцијација и на Светската здравствена организација. Министерството за здравство тврди дека разговара со експерти на СЗО, кои ги истражуваат случаите во Гамбија.  

The post Починаа 99 деца во Индонезија, биле лекувани со сируп на база на парацетамол appeared first on Република.

]]>
Од меч до невидена трагедија: 174 мртви во стампедо и немири на фудбалски стадион https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-mech-do-nevidena-tragedija-174-mrtvi-vo-stampedo-i-nemiri-na-fudbalski-stadion/ Sun, 02 Oct 2022 11:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=556500

Најмалку 174 лица загинаа, а 180 се повредени во стампедото и немирите на фудбалски натпревар во Индонезија, соопштија денеска локалните власти, давајќи појаснувања за една од најтешките катастрофи на стадионите ширум светот.

Кога гневните навивачи на поразената домашна екипа синоќа упаднаа на теренот во Маланг, во провинцијата Источна Јава, полицијата употреби солзавец во обид да ја ставии ситуацијата под контролира, што, меѓутоа, предизвика стампедо во кое многумина се задушиле, изјави началникот на полицијата во Источна Јава, Нико Афинта.

Стана анархично. Навивачите почнаа да ја напаѓаат полицијата, да уништуваат автомобили, изјави Афинта, додавајќи дека турканиците настанале кога навивачите тргнале со трчање кон излезот.

На видео снимка од локален медиум се гледа како навивачите упаѓаат на теренот околу 22 часот по локално време, откако нивниот домашен клуб ФК „Арема“ загуби со 3-2 од „Персебаја Сурабаја“.

На видеото се гледа тепачка и нешто што се чени дека е солзавец во воздухот, како и навивачи кои носат луѓе во бесознание.

Директорот на една од болниците каде се пренесени повредените за ТВ Метро изјави дека некои од жртвите се здобиле со повреди на мозокот и дека меѓу загинатите има и петгодишно дете.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави дека властите мора темелно да ја проценат безбедноста на натпреварите и додаде дека се надева оти ова е „последната фудбалска трагедија во земјата“.

Џокови, како што го нарекуваат претседателот, му нареди на Фудбалскиот сојуз на Индонезија да ги прекине сите натпревари од националната врвна лига БРИ Лига 1 додека не заврши истрагата.

ФИФА во своите безбедносни прописи наведува дека редарите и полицијата не смеат да користат оружје, ниту „гас за контрола на толпата“.

Комисијата за човекови права на Индонезија, исто така, има намера да ја испита безбедноста на теренот, вклучително и употребата на солзавец, изјави нејзиниот комесар.

Индонезискиот огранок на Амнести интернешенел остро ги осуди безбедносните мерки и рече дека „воопшто не може да се оправда државата да користи прекумерна сила… при задржување и контролирање на такви толпи“.

Индонезискиот министер за безбедност Махмуд М.Д. во објава на Инстаграм тврди дека стадионот бил исполнет над неговиот капацитет. Тој напиша дека биле издадени 42.000 билети за стадионот кој може да прими само 38.000 лица.

The post Од меч до невидена трагедија: 174 мртви во стампедо и немири на фудбалски стадион appeared first on Република.

]]>

Најмалку 174 лица загинаа, а 180 се повредени во стампедото и немирите на фудбалски натпревар во Индонезија, соопштија денеска локалните власти, давајќи појаснувања за една од најтешките катастрофи на стадионите ширум светот. Кога гневните навивачи на поразената домашна екипа синоќа упаднаа на теренот во Маланг, во провинцијата Источна Јава, полицијата употреби солзавец во обид да ја ставии ситуацијата под контролира, што, меѓутоа, предизвика стампедо во кое многумина се задушиле, изјави началникот на полицијата во Источна Јава, Нико Афинта.
Стана анархично. Навивачите почнаа да ја напаѓаат полицијата, да уништуваат автомобили, изјави Афинта, додавајќи дека турканиците настанале кога навивачите тргнале со трчање кон излезот.
На видео снимка од локален медиум се гледа како навивачите упаѓаат на теренот околу 22 часот по локално време, откако нивниот домашен клуб ФК „Арема“ загуби со 3-2 од „Персебаја Сурабаја“. На видеото се гледа тепачка и нешто што се чени дека е солзавец во воздухот, како и навивачи кои носат луѓе во бесознание. Директорот на една од болниците каде се пренесени повредените за ТВ Метро изјави дека некои од жртвите се здобиле со повреди на мозокот и дека меѓу загинатите има и петгодишно дете. Индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави дека властите мора темелно да ја проценат безбедноста на натпреварите и додаде дека се надева оти ова е „последната фудбалска трагедија во земјата“. Џокови, како што го нарекуваат претседателот, му нареди на Фудбалскиот сојуз на Индонезија да ги прекине сите натпревари од националната врвна лига БРИ Лига 1 додека не заврши истрагата. ФИФА во своите безбедносни прописи наведува дека редарите и полицијата не смеат да користат оружје, ниту „гас за контрола на толпата“. Комисијата за човекови права на Индонезија, исто така, има намера да ја испита безбедноста на теренот, вклучително и употребата на солзавец, изјави нејзиниот комесар. Индонезискиот огранок на Амнести интернешенел остро ги осуди безбедносните мерки и рече дека „воопшто не може да се оправда државата да користи прекумерна сила… при задржување и контролирање на такви толпи“. Индонезискиот министер за безбедност Махмуд М.Д. во објава на Инстаграм тврди дека стадионот бил исполнет над неговиот капацитет. Тој напиша дека биле издадени 42.000 билети за стадионот кој може да прими само 38.000 лица.

The post Од меч до невидена трагедија: 174 мртви во стампедо и немири на фудбалски стадион appeared first on Република.

]]>
Лавров им се налути на западните колеги на самитот Г-20 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-im-se-naluti-na-zapadnite-kolegi-na-samitot-g-20/ Fri, 08 Jul 2022 09:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=525810

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, остро ги критикуваше изјавите на неговите колеги од Запад на Самитот Г-20 во Индонезија, обвинувајќи ги дека „ја оттргнуваат темата од дискусијата за глобалната економија“ нарекувајќи ги Русите „агресори, окупатори и освојувачи”.

Во текот на дискусијата западните партнери ја избегнуваа задачата на групата Г-20, а тоа е глобалната економија. Разговорот отстапи од темата кога западните дипломати почнаа со налудничави критики кон Руската Федерација поврзани со ситуацијата во Украина - изјави Лавров.

 

The post Лавров им се налути на западните колеги на самитот Г-20 appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, остро ги критикуваше изјавите на неговите колеги од Запад на Самитот Г-20 во Индонезија, обвинувајќи ги дека „ја оттргнуваат темата од дискусијата за глобалната економија“ нарекувајќи ги Русите „агресори, окупатори и освојувачи”.
Во текот на дискусијата западните партнери ја избегнуваа задачата на групата Г-20, а тоа е глобалната економија. Разговорот отстапи од темата кога западните дипломати почнаа со налудничави критики кон Руската Федерација поврзани со ситуацијата во Украина - изјави Лавров.
 

The post Лавров им се налути на западните колеги на самитот Г-20 appeared first on Република.

]]>
Путин потврди дека ќе учествува на самитот на Г-20 во Индонезија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-potvrdi-deka-kje-uchestvuva-na-samitot-na-g-20-vo-indonezija/ Mon, 27 Jun 2022 15:41:45 +0000 https://republika.mk/?p=520384

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на Индонезија да учествува на самитот Г-20, но форматот на учество сè уште се разјаснува, изјави советникот на Путин, Јуриј Ушаков, цитиран од Тасс.

Да, потврдивме дека нашето учество е планирано- изјави Ушаков.

Тој, сепак, не можеше да одговори на прашањето дали рускиот претседател ќе учествува лично или преку видео врска.

Не знам, засега е поканет за лично да учествува, но има уште многу време, се надевам дека пандемијата ќе дозволи овој важен форум да се одржи лично, но едноставно се плашам да нагаѓам - кажа советникот на Путин.

The post Путин потврди дека ќе учествува на самитот на Г-20 во Индонезија appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на Индонезија да учествува на самитот Г-20, но форматот на учество сè уште се разјаснува, изјави советникот на Путин, Јуриј Ушаков, цитиран од Тасс.
Да, потврдивме дека нашето учество е планирано- изјави Ушаков.
Тој, сепак, не можеше да одговори на прашањето дали рускиот претседател ќе учествува лично или преку видео врска.
Не знам, засега е поканет за лично да учествува, но има уште многу време, се надевам дека пандемијата ќе дозволи овој важен форум да се одржи лично, но едноставно се плашам да нагаѓам - кажа советникот на Путин.

The post Путин потврди дека ќе учествува на самитот на Г-20 во Индонезија appeared first on Република.

]]>
Претседавачот на Г-20 следната недела ќе отпатува во Киев и во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedavachot-na-g-20-slednata-nedela-kje-otpatuva-vo-kiev-i-vo-moskva/ Wed, 22 Jun 2022 11:09:26 +0000 https://republika.mk/?p=518418

Индонезискиот претседател и актуелен претседавач на групата Г-20, Џоко Видодо, следната недела ќе ги посети Киев и Москва, со цел да придонесе за мирно решение на нивниот конфликт, објави министерот за надворешни работи на Индонезија, Ретно Марсуди.

Војната во Украина го стави состанокот на Групата 20 (Г-20) на најголемите светски економии во Џакарта оваа година во втор план. Индонезија се обидува да ги обедини членките, при што се спротивставува на притисокот од западните земји кои се закануваат со бојкот на самитот во ноември и повикуваат и се залагаат за исклучување на Русија - порача Марсуди, пренесува „Ројтерс“.

The post Претседавачот на Г-20 следната недела ќе отпатува во Киев и во Москва appeared first on Република.

]]>

Индонезискиот претседател и актуелен претседавач на групата Г-20, Џоко Видодо, следната недела ќе ги посети Киев и Москва, со цел да придонесе за мирно решение на нивниот конфликт, објави министерот за надворешни работи на Индонезија, Ретно Марсуди.
Војната во Украина го стави состанокот на Групата 20 (Г-20) на најголемите светски економии во Џакарта оваа година во втор план. Индонезија се обидува да ги обедини членките, при што се спротивставува на притисокот од западните земји кои се закануваат со бојкот на самитот во ноември и повикуваат и се залагаат за исклучување на Русија - порача Марсуди, пренесува „Ројтерс“.

The post Претседавачот на Г-20 следната недела ќе отпатува во Киев и во Москва appeared first on Република.

]]>
Москва го најави првото патување на Путин по нападите, ова е земјата што планира да ја посети https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/moskva-go-najavi-prvoto-patuvanje-na-putin-po-napadite-ova-e-zemjata-shto-planira-da-ja-poseti/ Wed, 23 Mar 2022 09:55:50 +0000 https://republika.mk/?p=477028

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да присуствува на овогодинешниот Г20 самит во Индонезија, изјави во средата рускиот амбасадор во островската држава, спротивно на тврдењата на некои земји дека Русија ќе биде исфрлена од оваа група

САД и западните сојузници проценуваат дали Русија треба да остане дел од форматот што ги обединува дваесетте најголеми економии во светот по нападот на Украина. Обидот за исфрлање на Русија може да наиде на вето од другите членови на групата и да резултира со неприсуство и на други држави, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на свои извори.

Амбасадорот на Русија во Индонезија, актуелен претседавач на Г20, рече дека Путин планира да пристигне на индонезискиот остров Бали на самитот во ноември.

The post Москва го најави првото патување на Путин по нападите, ова е земјата што планира да ја посети appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да присуствува на овогодинешниот Г20 самит во Индонезија, изјави во средата рускиот амбасадор во островската држава, спротивно на тврдењата на некои земји дека Русија ќе биде исфрлена од оваа група САД и западните сојузници проценуваат дали Русија треба да остане дел од форматот што ги обединува дваесетте најголеми економии во светот по нападот на Украина. Обидот за исфрлање на Русија може да наиде на вето од другите членови на групата и да резултира со неприсуство и на други држави, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на свои извори. Амбасадорот на Русија во Индонезија, актуелен претседавач на Г20, рече дека Путин планира да пристигне на индонезискиот остров Бали на самитот во ноември.

The post Москва го најави првото патување на Путин по нападите, ова е земјата што планира да ја посети appeared first on Република.

]]>
Земјотрес во Индонезија, има загинати и повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjotres-vo-indonezija-ima-zaginati-i-povredeni/ Fri, 25 Feb 2022 08:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=463643

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала го погоди индонезискиот остров Суматра, при што две лица загинаа, а најмалку 20 се повредени.

Потресот бил почувствуван дури во Сингапур и Малезија.

Не било објавено предупредување за појава на цунами, но земјотресот ги принудил луѓето да бегаат од станбените згради во западна Суматра, а предизвикал и евакуација на луѓето во Малезија.

Индонезиските власти ги предупредија своите граѓани да бидат на готовност. Шефот на државната агенција за ублажување на катастрофи изјави дека најмалку две лица загинале.

Исплашени од земјотресот, луѓето ги напуштале домовите и работните места.

Противпожарната служба во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, соопшти дека добила бројни повици и покрај големата оддалеченост од епицентарот на земјотресот. Нема извештаи за причинета материјална штета или повредени лица во Малезија. Идентична е ситуацијата и во Сингапур.

Во 2009 година, силен земјотрес во овој регион предизвика сериозни штети и загинаа повеќе од 1.000 луѓе. Во 2004 година, земјотрес со интензитет од 9,1 степен и цунами ги погодија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, при што животот го загубија над 200.000 лица.

The post Земјотрес во Индонезија, има загинати и повредени appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтерова скала го погоди индонезискиот остров Суматра, при што две лица загинаа, а најмалку 20 се повредени. Потресот бил почувствуван дури во Сингапур и Малезија. Не било објавено предупредување за појава на цунами, но земјотресот ги принудил луѓето да бегаат од станбените згради во западна Суматра, а предизвикал и евакуација на луѓето во Малезија. Индонезиските власти ги предупредија своите граѓани да бидат на готовност. Шефот на државната агенција за ублажување на катастрофи изјави дека најмалку две лица загинале. Исплашени од земјотресот, луѓето ги напуштале домовите и работните места. Противпожарната служба во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, соопшти дека добила бројни повици и покрај големата оддалеченост од епицентарот на земјотресот. Нема извештаи за причинета материјална штета или повредени лица во Малезија. Идентична е ситуацијата и во Сингапур. Во 2009 година, силен земјотрес во овој регион предизвика сериозни штети и загинаа повеќе од 1.000 луѓе. Во 2004 година, земјотрес со интензитет од 9,1 степен и цунами ги погодија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, при што животот го загубија над 200.000 лица.

The post Земјотрес во Индонезија, има загинати и повредени appeared first on Република.

]]>