индитекс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inditeks/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Feb 2023 09:50:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png индитекс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/inditeks/ 32 32 Сопственикот на Зара ги зголемува платите во шпанските продавници во просек за 20 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sopstvenikot-na-zara-gi-zgolemuva-platite-vo-shpanskite-prodavnitsi-vo-prosek-za-20-otsto/ Sun, 12 Feb 2023 10:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=607937

Компанијата „Индитекс“ (Inditex), која меѓу другото е сопственик на синџирот продавници за облека Зара, постигна договор за зголемување на платите во своите шпански продавници во просек за 20 отсто, објавија двата најголеми шпански синдикати.

Зголемувањето на платите достигнува и до 40 отсто во областите на Шпанија каде што платите беа најниски, се вели во соопштението на синдикатот УГТ.

Зголемувањето значи дека минималната месечна плата во Индитекс во Шпанија ќе биде 1.500 евра за продавачите и минимум 2.041 евро за работниците во продавниците со повисоки одговорности, се вели во посебната изјава на синдикатот ЦЦОО.

Синдикатите соопштија и дека Индитекс се согласил да го прилагоди растот на платите на инфлацијата во следните три години, со чиј силен раст се соочува и Шпанија.

Од Индитекс не одговориле веднаш на барањето на агенцијата Ројтерс за коментар.

Откако работниците во продавниците во градот Ла Коруња, каде што е седиштето на Индитекс, добија зголемување на платите за 25 отсто во декември, синдикатите ЦЦОО и УГТ, кои претставуваат повеќе од половина од работната сила во продавниците на Зара во Шпанија, преговараа со водството на Индитекс за зголемување на платите и бенефициите за трговците кои работат за компанијата низ цела Шпанија.

Во ноември Индитекс се договори со УГТ и ЦЦОО да исплати еднократен бонус од 1.000 евра во февруари на сите продавачи со полно работно време вработени ширум Шпанија, а сега се согласи да го плати истиот бонус следната година.

Индитекс вработува околу 165.000 работници во 177 земји во светот, од кои околу една третина во Шпанија. Околу 86 отсто од работниците работат во 6.477 продавници, а повеќето од нив се жени. Меѓу другите брендови Индитекс ги поседува и Масимо Дути, Пул-и-Беар и Бершка.

 

The post Сопственикот на Зара ги зголемува платите во шпанските продавници во просек за 20 отсто appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Индитекс“ (Inditex), која меѓу другото е сопственик на синџирот продавници за облека Зара, постигна договор за зголемување на платите во своите шпански продавници во просек за 20 отсто, објавија двата најголеми шпански синдикати. Зголемувањето на платите достигнува и до 40 отсто во областите на Шпанија каде што платите беа најниски, се вели во соопштението на синдикатот УГТ.
Зголемувањето значи дека минималната месечна плата во Индитекс во Шпанија ќе биде 1.500 евра за продавачите и минимум 2.041 евро за работниците во продавниците со повисоки одговорности, се вели во посебната изјава на синдикатот ЦЦОО.
Синдикатите соопштија и дека Индитекс се согласил да го прилагоди растот на платите на инфлацијата во следните три години, со чиј силен раст се соочува и Шпанија. Од Индитекс не одговориле веднаш на барањето на агенцијата Ројтерс за коментар. Откако работниците во продавниците во градот Ла Коруња, каде што е седиштето на Индитекс, добија зголемување на платите за 25 отсто во декември, синдикатите ЦЦОО и УГТ, кои претставуваат повеќе од половина од работната сила во продавниците на Зара во Шпанија, преговараа со водството на Индитекс за зголемување на платите и бенефициите за трговците кои работат за компанијата низ цела Шпанија. Во ноември Индитекс се договори со УГТ и ЦЦОО да исплати еднократен бонус од 1.000 евра во февруари на сите продавачи со полно работно време вработени ширум Шпанија, а сега се согласи да го плати истиот бонус следната година. Индитекс вработува околу 165.000 работници во 177 земји во светот, од кои околу една третина во Шпанија. Околу 86 отсто од работниците работат во 6.477 продавници, а повеќето од нив се жени. Меѓу другите брендови Индитекс ги поседува и Масимо Дути, Пул-и-Беар и Бершка.  

The post Сопственикот на Зара ги зголемува платите во шпанските продавници во просек за 20 отсто appeared first on Република.

]]>