индекс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/indeks/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Jan 2023 12:17:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png индекс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/indeks/ 32 32 Стоилковски: Дури Ахмети живее ко султанот од Брунеи, Македонија во друштво со Суринам, Индија и Тунис https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-duri-ahmeti-zhivee-ko-sultanot-od-brunei-makedonija-vo-drushtvo-so-surinam-indija-i-tunis/ Tue, 31 Jan 2023 12:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=602962

Со Ковачевски и Ахмети наместо во ЕУ, Македонија отиде во друштво со Суринам, Индија и со Тунис, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на медиумско прашање за новиот Индекс за перцепција на корупција на Транспаренси, каде што Македонија има само два бода повеќе од лани и е на дното во регионот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tuka-sme-so-indija-surinam-tunis-makedonija-povtorno-so-losh-rang-na-listata-za-indeks-na-pertseptsija-na-koruptsijata/

Тоа е така зошто криминалот и корупцијата станаа заштитен знак за премиерот со бизниси во енергетика и фирми чие броило се зголемува додека салдото на граѓаните на намалува и народот осиромашува, истакна Стоилковски.

Портпаролот додаде дека со Ковачевски и Ахмети наместо во ЕУ, Македонија отиде во друштво со Суринам, Индија и Тунис. Додека народот во Македонија осиромашува и гладува, Ахмети живее како султанот од Брунеи во тврдина со ѕидови и капии.

Тоа е така зошто додека народот гладува, Ахмети од Зајас живее како султанот од Брунеи во тврдина со ѕидови и капии од каде што не се гледа колку народот е сиромашен. Ова е брука за владата за која е сигурно дека е најлошата и која што треба да си замине час поскоро, рече тој.

The post Стоилковски: Дури Ахмети живее ко султанот од Брунеи, Македонија во друштво со Суринам, Индија и Тунис appeared first on Република.

]]>

Со Ковачевски и Ахмети наместо во ЕУ, Македонија отиде во друштво со Суринам, Индија и со Тунис, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на медиумско прашање за новиот Индекс за перцепција на корупција на Транспаренси, каде што Македонија има само два бода повеќе од лани и е на дното во регионот. https://republika.mk/vesti/makedonija/tuka-sme-so-indija-surinam-tunis-makedonija-povtorno-so-losh-rang-na-listata-za-indeks-na-pertseptsija-na-koruptsijata/
Тоа е така зошто криминалот и корупцијата станаа заштитен знак за премиерот со бизниси во енергетика и фирми чие броило се зголемува додека салдото на граѓаните на намалува и народот осиромашува, истакна Стоилковски.
Портпаролот додаде дека со Ковачевски и Ахмети наместо во ЕУ, Македонија отиде во друштво со Суринам, Индија и Тунис. Додека народот во Македонија осиромашува и гладува, Ахмети живее како султанот од Брунеи во тврдина со ѕидови и капии.
Тоа е така зошто додека народот гладува, Ахмети од Зајас живее како султанот од Брунеи во тврдина со ѕидови и капии од каде што не се гледа колку народот е сиромашен. Ова е брука за владата за која е сигурно дека е најлошата и која што треба да си замине час поскоро, рече тој.

The post Стоилковски: Дури Ахмети живее ко султанот од Брунеи, Македонија во друштво со Суринам, Индија и Тунис appeared first on Република.

]]>
Македонија на 63-то место според индексот за владеење на правото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-na-63-to-mesto-spored-indeksot-za-vladeenje-na-pravoto/ Wed, 26 Oct 2022 12:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=565930

Земјава е на 63. место според  „Индексот на владеење на правото“, на вашингтонската невладина организација World Justice Project.

Извештајот е објавен денеска, а предводник на листата е Данска. За земјите кои се во Европската Унија, Бугарија и Унгарија се наведуваат како најслабо рангирани кога е во прашање владеењето на правото.

Меѓу земјите од Западен Балкан, најдобро пласирано е Косово (57), потоа Македонија (63, на ланската листа 64 – скок за едно место) и Босна и Херцеговина (70). Црна Гора не е спомената на листата. Србија, која бележи пад во однос на лани, годинава е на 83. место, додека Албанија е на 87. место од вкупно 140 рангирани земји.

Од 2009 година, индексот на вашингтонската невладина организација „World Justice Project“ го мери развојот на владеењето на правото, врз основа на осум фактори: Ограничувања на владините овластувања, Отсуство на корупција, Отворена влада, Фундаментални права, Ред и безбедност, Регулаторно спроведување, Граѓанска правда и Кривична правда. За овогодинешниот Индекс на владеење на правото беа анкетирани повеќе од 154.000 домаќинства и 3.600 правни експерти.

Како примери за владеење на правото се издвојуваат Данска, Норвешка, Финска, Шведска и Холандија. Тие ги заземаат првите пет места во рангирањето на владеењето на правото. Германија е на шестото место, бидејќи не добила најдобри оценки за транспарентноста на владините и административните активности. Меѓу другото, затоа што услугите не се доволно достапни за новинарите.

На самото дно на листата се Хаити, Демократска Република Конго, Авганистан, Камбоџа, а на последното место е Венецуела.

The post Македонија на 63-то место според индексот за владеење на правото appeared first on Република.

]]>

Земјава е на 63. место според  „Индексот на владеење на правото“, на вашингтонската невладина организација World Justice Project.
Извештајот е објавен денеска, а предводник на листата е Данска. За земјите кои се во Европската Унија, Бугарија и Унгарија се наведуваат како најслабо рангирани кога е во прашање владеењето на правото. Меѓу земјите од Западен Балкан, најдобро пласирано е Косово (57), потоа Македонија (63, на ланската листа 64 – скок за едно место) и Босна и Херцеговина (70). Црна Гора не е спомената на листата. Србија, која бележи пад во однос на лани, годинава е на 83. место, додека Албанија е на 87. место од вкупно 140 рангирани земји. Од 2009 година, индексот на вашингтонската невладина организација „World Justice Project“ го мери развојот на владеењето на правото, врз основа на осум фактори: Ограничувања на владините овластувања, Отсуство на корупција, Отворена влада, Фундаментални права, Ред и безбедност, Регулаторно спроведување, Граѓанска правда и Кривична правда. За овогодинешниот Индекс на владеење на правото беа анкетирани повеќе од 154.000 домаќинства и 3.600 правни експерти. Како примери за владеење на правото се издвојуваат Данска, Норвешка, Финска, Шведска и Холандија. Тие ги заземаат првите пет места во рангирањето на владеењето на правото. Германија е на шестото место, бидејќи не добила најдобри оценки за транспарентноста на владините и административните активности. Меѓу другото, затоа што услугите не се доволно достапни за новинарите. На самото дно на листата се Хаити, Демократска Република Конго, Авганистан, Камбоџа, а на последното место е Венецуела.

The post Македонија на 63-то место според индексот за владеење на правото appeared first on Република.

]]>