индекс на трошоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/indeks-na-troshotsi/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Mar 2023 18:33:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png индекс на трошоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/indeks-na-troshotsi/ 32 32 За една година храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 25,3 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-edna-godina-hranata-i-bezalkoholnite-pijalatsi-poskapele-za-25-3-otsto/ Tue, 07 Mar 2023 18:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=617034

Индексот на трошоците на животот во февруари годинава, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 16,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 12,4 проценти, укажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

За период од една година, храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за 25,3 отсто.

Во однос на претходниот месец, пораст на цените е забележан кај пивото за 5,8 проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 4,9 отсто, кафето, чајот, какаото за 2,3 проценти, жестоките пијалаци за 1,4 отсто, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1,3 отсто, лебот и житата за 1,2 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1 посто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, виното за 0,9 отсто и месото за 0,7 проценти.

Во февруари, споредено со претходниот месец, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај средното образование за 14,8 отсто, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 13,1 отсто, медиумите за снимање за 3,7 отсто и другите медицински производи за 3,3 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во споредба со претходниот месец има кај маслото и маснотиите за 1,1 отсто, свежото и разладеното овошје за 0,8 отсто, млекото за 0,4, рибата и морските плодови за 0,2 отсто. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 5,9 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 3,9 отсто, услугите за сместување за 3,0 проценти, течните горива за домаќинствата за 2,7 отсто, моторните возила за 1,1 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,8 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,6 проценти.

The post За една година храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 25,3 отсто appeared first on Република.

]]>

Индексот на трошоците на животот во февруари годинава, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 16,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 12,4 проценти, укажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. За период од една година, храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за 25,3 отсто. Во однос на претходниот месец, пораст на цените е забележан кај пивото за 5,8 проценти, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 4,9 отсто, кафето, чајот, какаото за 2,3 проценти, жестоките пијалаци за 1,4 отсто, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 1,3 отсто, лебот и житата за 1,2 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1 посто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, виното за 0,9 отсто и месото за 0,7 проценти. Во февруари, споредено со претходниот месец, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај средното образование за 14,8 отсто, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици за 13,1 отсто, медиумите за снимање за 3,7 отсто и другите медицински производи за 3,3 отсто. Намалување на индексите на трошоците на животот во споредба со претходниот месец има кај маслото и маснотиите за 1,1 отсто, свежото и разладеното овошје за 0,8 отсто, млекото за 0,4, рибата и морските плодови за 0,2 отсто. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 5,9 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 3,9 отсто, услугите за сместување за 3,0 проценти, течните горива за домаќинствата за 2,7 отсто, моторните возила за 1,1 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0,8 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,6 проценти.

The post За една година храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 25,3 отсто appeared first on Република.

]]>