инциденти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/incidenti/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Aug 2024 10:30:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png инциденти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/incidenti/ 32 32 Немирна ноќ со повеќе инциденти во Тиквешко https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nemirna-nok-so-poveke-intsidenti-vo-tikveshko/ Sun, 11 Aug 2024 10:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=805413

Физички напади и нарушување на јавен ред и мир се дел од инцидентите во Тиквешијата кои биле пријавени синоќа и рано утринава, информираат од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Во полициската станица во Кавадарци, вчера во 20:20 часот било пријавено дека на излез од градот, кај „Полигон 15 Јануари“, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу З.Р од Кавадарци и К.К. од Неготино. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што констатирале дека К.К. бил под дејство на алкохол. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во 20:25 часот, З.Р., на возраст од 43 години од демиркаписко село, на полициски службеници од полициската станица во Неготино им пријавил дека бил физички нападнат од страна на К.К, 34-годишно лице од Неготино, додека во 20:30 часот во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека во близина на основно училиште во градот, лицата Н.Н.(23), неговата мајка Д.Н. (47) и неговата братучетка И.В. (30), сите од Росоман, биле физички нападнати од страна на неколку лица.

Рано утрово во 02:30 часот во полициската станица во Кавадарци, С.П., на возраст од 47 години, пријавил дека во дворот од семејната куќа во кавадаречко село, дошле лицата А.Ѓ и В. С. од Кавадарци и физички го нападнале.

Денеска во 04:20 часот, од страна на полициски службеници од ОВР - Неготино, на градскиот плоштад во градот, било затекнато лицето Ј.Н., на возраст од 22 години од Неготино, кое, во видно алкохолизирана состојба, го нарушило јавниот ред и мир.

Од Миистерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

The post Немирна ноќ со повеќе инциденти во Тиквешко appeared first on Република.

]]>

Физички напади и нарушување на јавен ред и мир се дел од инцидентите во Тиквешијата кои биле пријавени синоќа и рано утринава, информираат од Секторот за внатрешни работи - Велес. Во полициската станица во Кавадарци, вчера во 20:20 часот било пријавено дека на излез од градот, кај „Полигон 15 Јануари“, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу З.Р од Кавадарци и К.К. од Неготино. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што констатирале дека К.К. бил под дејство на алкохол. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во 20:25 часот, З.Р., на возраст од 43 години од демиркаписко село, на полициски службеници од полициската станица во Неготино им пријавил дека бил физички нападнат од страна на К.К, 34-годишно лице од Неготино, додека во 20:30 часот во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека во близина на основно училиште во градот, лицата Н.Н.(23), неговата мајка Д.Н. (47) и неговата братучетка И.В. (30), сите од Росоман, биле физички нападнати од страна на неколку лица. Рано утрово во 02:30 часот во полициската станица во Кавадарци, С.П., на возраст од 47 години, пријавил дека во дворот од семејната куќа во кавадаречко село, дошле лицата А.Ѓ и В. С. од Кавадарци и физички го нападнале. Денеска во 04:20 часот, од страна на полициски службеници од ОВР - Неготино, на градскиот плоштад во градот, било затекнато лицето Ј.Н., на возраст од 22 години од Неготино, кое, во видно алкохолизирана состојба, го нарушило јавниот ред и мир. Од Миистерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

The post Немирна ноќ со повеќе инциденти во Тиквешко appeared first on Република.

]]>
Во Брисел две лица загинаа во два одвоени инцидента https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-brisel-dve-litsa-zaginaa-vo-dva-odvoeni-intsidenta/ Sun, 24 Mar 2024 17:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=758239

Две лица се убиени во Брисел во текот на ноќта во два одвоени инцидента во услови на пораст на криминалот поврзан со дрога, соопштија извори блиски до белгиската полиција.

Првиот вооружен напад во кој загина едно лице се случи на северот на Брисел, соопшти полицијата, додавајќи дека неколку часа подоцна се случил уште еден вооружен инцидент во близина на центарот на градот.

Насилството во Брисел е зголемено од почетокот на февруари поради улична продажба на дрога.

Пристаништето Антверпен, главното пристаниште за влез на кокаин во Европа, редовно е цел на вооружено насилство од банди, но Брисел досега беше главно поштеден.

The post Во Брисел две лица загинаа во два одвоени инцидента appeared first on Република.

]]>

Две лица се убиени во Брисел во текот на ноќта во два одвоени инцидента во услови на пораст на криминалот поврзан со дрога, соопштија извори блиски до белгиската полиција. Првиот вооружен напад во кој загина едно лице се случи на северот на Брисел, соопшти полицијата, додавајќи дека неколку часа подоцна се случил уште еден вооружен инцидент во близина на центарот на градот. Насилството во Брисел е зголемено од почетокот на февруари поради улична продажба на дрога. Пристаништето Антверпен, главното пристаниште за влез на кокаин во Европа, редовно е цел на вооружено насилство од банди, но Брисел досега беше главно поштеден.

The post Во Брисел две лица загинаа во два одвоени инцидента appeared first on Република.

]]>
Еден убиен и осум повредени во крвави инциденти меѓу навивачи на Динамо Загреб и АЕК во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eden-ubien-i-osum-povredeni-vo-krvavi-intsidenti-megu-navivachi-na-dinamo-zagreb-i-aek-vo-atina/ Tue, 08 Aug 2023 06:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=669798

Едно лице, веројатно навивач на АЕК, беше убиено во инцидентите во Атина што доцна синоќа ги предизвикаа навивачите на Динамо Загреб во пресрет на денешниот натпревар на грчкиот и хрватскиот фудбалски тим, а повредени се осум и уапсени над 90 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според неофицијалните информации, група од околу 150-200 навивачи на Динамо Загреб и покрај забраната за присуство на навивачи на гостинскиот тим на натпреварот, сепак со автомобили и автобуси дошле во Атина и кусо пред полноќ стигнале до стадионот на АЕК, кој бил затворен и предизвикале сериозни инциденти.

Грчките медиуми пишуваат дека навивачите на хрватскиот тим ги нападнале навивачите на АЕК, но и обични граѓани кои биле во кафулињата во близина на стадионот во атинската населба Неа Филаделфија, при што 22-годишно момче, било избодено со нож од хрватските хулигани и им подлегнал на повредите.

Полицијата, неофицијално уапсила 96 лица, меѓу кои осум, петмина Хрвати и тројца Грци се повредени и пренесени во болница.

Од уапсените, според истите информации, 82 се Хрвати.

Засега во Грција не постои официјално соопштение за инцидентите.

The post Еден убиен и осум повредени во крвави инциденти меѓу навивачи на Динамо Загреб и АЕК во Атина appeared first on Република.

]]>

Едно лице, веројатно навивач на АЕК, беше убиено во инцидентите во Атина што доцна синоќа ги предизвикаа навивачите на Динамо Загреб во пресрет на денешниот натпревар на грчкиот и хрватскиот фудбалски тим, а повредени се осум и уапсени над 90 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според неофицијалните информации, група од околу 150-200 навивачи на Динамо Загреб и покрај забраната за присуство на навивачи на гостинскиот тим на натпреварот, сепак со автомобили и автобуси дошле во Атина и кусо пред полноќ стигнале до стадионот на АЕК, кој бил затворен и предизвикале сериозни инциденти. Грчките медиуми пишуваат дека навивачите на хрватскиот тим ги нападнале навивачите на АЕК, но и обични граѓани кои биле во кафулињата во близина на стадионот во атинската населба Неа Филаделфија, при што 22-годишно момче, било избодено со нож од хрватските хулигани и им подлегнал на повредите. Полицијата, неофицијално уапсила 96 лица, меѓу кои осум, петмина Хрвати и тројца Грци се повредени и пренесени во болница. Од уапсените, според истите информации, 82 се Хрвати. Засега во Грција не постои официјално соопштение за инцидентите.

The post Еден убиен и осум повредени во крвави инциденти меѓу навивачи на Динамо Загреб и АЕК во Атина appeared first on Република.

]]>
Инциденти по школите во Белград по вчерашниот масакр https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/intsidenti-po-shkolite-vo-belgrad-po-vcherashniot-masakr/ Thu, 04 May 2023 18:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=637047

Ден по масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во централната населба Врачар, медиумите во четвртокот известуваат за три засебни инцидента во три училишта на подрачјето на српската престолнина Белград поврзани со врсничко насилство и оружје, што по вчерашната трагедија предизвика нови стравови од имитарање на привлече големо внимание.

Девојче идентификувано како 15-годишната Л.И денеска во белградската приватна гимназија „Руџер Бошковиќ“ со кујнски нож го повредила врсникот и соученик А.Р. и наставничката којашто се обидувала да го спречи инцидентот.

Девојчето, како што пренесува порталот Блиц, е поранешна ученика којашто самоиницијативно се отпишала од училиштето. Нападнатите не се тешко повредени, а полицијата промптно реагирала.

Родителите на учениците се собрале пред гимназијата откако една мајка известила дека синот преплашен ѝ се јавил и ја молел што побрзо да дојде.

Белградската полиција интервенирала и претходно во четвртокот во утрото, по повикот дека 9-годишен ученик од трето одделение на белградското основно училиште „Десанка Максимовиќ“ правел список со имиња, а со детето е направен разговор.

Во повеќе училишта утрово се случуваше децата под влијание на вчерашниот настан од шега да почнат да ја симулираат истата работа. Во нашето училиште, момченце од трето одделение симулирале пукање, немало никаков пиштол и сите и сето тоа го сметал за шега. Кога го прашавме какви му се намерите, рече дека сѐ правел од шега, изјавила за медиумите помошничката директор на училиштето Биљана Кнежевиќ.

Претходно утрото полицијата во белградската приградска општина Обреновац привела татко на малолетен ученик кој истото утро во основното училиште „Јефтимија“ во Обреновац, по минутата молк по повод вчерашната трагедија извадил пластичен пиштол. На разговор во полицијата заедно со таткото отишол и синот.

Момченцето, според медиумите, го донел пластичниот пиштол во училиштето, го извадил и го свртел кон соучениците, а полицијата веднаш реагирала на повик на вработен во училиштето.

Српските медиуми во четвртокот емитуваа снимка од социјалната мрежа за размена на видео-материјали Tik-Tok, за која не се знае кога и каде е направена, на која се гледа како ученици симулираат како еден од нив со рацете собрани како да држи пиштол пука во своите соученици кои паѓаат низ училницата како покосени.

Овие инциденти коишто ја растревожија јавноста следеа само ден откако 13-годишник во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград усмрти осум соученици и обезбедувач, а рани уште шест ученици и наставничка. Во Србија од петок поради оваа трагедија прогласена е тридневна жалост.

 

The post Инциденти по школите во Белград по вчерашниот масакр appeared first on Република.

]]>

Ден по масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ во централната населба Врачар, медиумите во четвртокот известуваат за три засебни инцидента во три училишта на подрачјето на српската престолнина Белград поврзани со врсничко насилство и оружје, што по вчерашната трагедија предизвика нови стравови од имитарање на привлече големо внимание. Девојче идентификувано како 15-годишната Л.И денеска во белградската приватна гимназија „Руџер Бошковиќ“ со кујнски нож го повредила врсникот и соученик А.Р. и наставничката којашто се обидувала да го спречи инцидентот. Девојчето, како што пренесува порталот Блиц, е поранешна ученика којашто самоиницијативно се отпишала од училиштето. Нападнатите не се тешко повредени, а полицијата промптно реагирала. Родителите на учениците се собрале пред гимназијата откако една мајка известила дека синот преплашен ѝ се јавил и ја молел што побрзо да дојде. Белградската полиција интервенирала и претходно во четвртокот во утрото, по повикот дека 9-годишен ученик од трето одделение на белградското основно училиште „Десанка Максимовиќ“ правел список со имиња, а со детето е направен разговор.
Во повеќе училишта утрово се случуваше децата под влијание на вчерашниот настан од шега да почнат да ја симулираат истата работа. Во нашето училиште, момченце од трето одделение симулирале пукање, немало никаков пиштол и сите и сето тоа го сметал за шега. Кога го прашавме какви му се намерите, рече дека сѐ правел од шега, изјавила за медиумите помошничката директор на училиштето Биљана Кнежевиќ.
Претходно утрото полицијата во белградската приградска општина Обреновац привела татко на малолетен ученик кој истото утро во основното училиште „Јефтимија“ во Обреновац, по минутата молк по повод вчерашната трагедија извадил пластичен пиштол. На разговор во полицијата заедно со таткото отишол и синот. Момченцето, според медиумите, го донел пластичниот пиштол во училиштето, го извадил и го свртел кон соучениците, а полицијата веднаш реагирала на повик на вработен во училиштето. Српските медиуми во четвртокот емитуваа снимка од социјалната мрежа за размена на видео-материјали Tik-Tok, за која не се знае кога и каде е направена, на која се гледа како ученици симулираат како еден од нив со рацете собрани како да држи пиштол пука во своите соученици кои паѓаат низ училницата како покосени. Овие инциденти коишто ја растревожија јавноста следеа само ден откако 13-годишник во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград усмрти осум соученици и обезбедувач, а рани уште шест ученици и наставничка. Во Србија од петок поради оваа трагедија прогласена е тридневна жалост.  

The post Инциденти по школите во Белград по вчерашниот масакр appeared first on Република.

]]>
Дали избеганите затвореници можеби се оставени да предизвикаат, исценираат или организираат инцидент на 4 февруари? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-izbeganite-zatvorenitsi-mozhebi-se-ostaveni-da-predizvikaat-istseniraat-ili-organiziraat-intsident-na-4-fevruari/ Tue, 31 Jan 2023 11:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=602930

Затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДС, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој додаде дека за тоа одговорни се затворските управи и служби поставени од СДСМ, во чија што хиерархија, како што вели тој, доминираат „луѓе од таканареченото обезбедување на партиските собири на СДС“.

Потсети дека во само еден месец најмалку три бегања се случија на територија на Скопје.

Се посочува на врски меѓу избеганите и СДС, а молкот и немањето санкции упатува на сомнеж за намерни системски пропусти. Македонија е во еден многу тежок период во којшто СДС ја втурна и период во којшто и од најмал инцидент единствен бенефит ќе има токму СДС на сметка на длабоки сериозни последици за државата. Оттука, од јавен интерес е СДС и владата да одговорат дали станува збор за смислено сценарио во коешто побегнатите се пуштени да предизвикаат инциденти во државата? Дали бегствата на човек, член на СДС, со фотоалбум со половина Влада, претседател на држава и цело раководство на СДС, како и на поранешен полицаец- насилник и наркодилер, двајцата од затворот во Шутка, што мина без никаква јавна одговорност или санкција, не се намерни пропусти, за теснопартиски интереси на СДС, дали не се побегнати за да можеби предизвикаат, исценираат или организираат инцидент на 4 февруари?
Дали бегството без последици за затворската служба и администрација, без одговорност со можност за организирање на инцидент, значи награда и за избеганите и за затворските службеници?
Уште еднаш, дали бегањата од затвор се сценарио на СДС за инциденти од што ќе профитира само СДС на штета на Македонија?, праша тој.

Стоилковски  уште еднаш укажува на сериозноста на моментот, како и на сериозноста од опасност од предизвикан инцидент, како и на јавниот интерес СДСМ да одговори на овие прашања.

МВР мора сериозно да пристапи и избеганите да ги врати зад решетки, а министерот Тупанчевски да преземе сериозни мерки и санкции во затворската администрација. СДС, Спасовски и Тупанчевски не смеат да одмолчат на овие прашања. Состојбата којашто ја креираше СДС е пресериозна за да се тераат теснопартиските интереси.

Одговорноста за спречување на инциденти има само и само власта, вели Стоилковски.

https://youtube.com/watch?v=Wa1Yz8wyQI8&feature=shares

The post Дали избеганите затвореници можеби се оставени да предизвикаат, исценираат или организираат инцидент на 4 февруари? appeared first on Република.

]]>

Затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДС, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој додаде дека за тоа одговорни се затворските управи и служби поставени од СДСМ, во чија што хиерархија, како што вели тој, доминираат „луѓе од таканареченото обезбедување на партиските собири на СДС“. Потсети дека во само еден месец најмалку три бегања се случија на територија на Скопје.
Се посочува на врски меѓу избеганите и СДС, а молкот и немањето санкции упатува на сомнеж за намерни системски пропусти. Македонија е во еден многу тежок период во којшто СДС ја втурна и период во којшто и од најмал инцидент единствен бенефит ќе има токму СДС на сметка на длабоки сериозни последици за државата. Оттука, од јавен интерес е СДС и владата да одговорат дали станува збор за смислено сценарио во коешто побегнатите се пуштени да предизвикаат инциденти во државата? Дали бегствата на човек, член на СДС, со фотоалбум со половина Влада, претседател на држава и цело раководство на СДС, како и на поранешен полицаец- насилник и наркодилер, двајцата од затворот во Шутка, што мина без никаква јавна одговорност или санкција, не се намерни пропусти, за теснопартиски интереси на СДС, дали не се побегнати за да можеби предизвикаат, исценираат или организираат инцидент на 4 февруари? Дали бегството без последици за затворската служба и администрација, без одговорност со можност за организирање на инцидент, значи награда и за избеганите и за затворските службеници? Уште еднаш, дали бегањата од затвор се сценарио на СДС за инциденти од што ќе профитира само СДС на штета на Македонија?, праша тој.
Стоилковски  уште еднаш укажува на сериозноста на моментот, како и на сериозноста од опасност од предизвикан инцидент, како и на јавниот интерес СДСМ да одговори на овие прашања.
МВР мора сериозно да пристапи и избеганите да ги врати зад решетки, а министерот Тупанчевски да преземе сериозни мерки и санкции во затворската администрација. СДС, Спасовски и Тупанчевски не смеат да одмолчат на овие прашања. Состојбата којашто ја креираше СДС е пресериозна за да се тераат теснопартиските интереси. Одговорноста за спречување на инциденти има само и само власта, вели Стоилковски.
https://youtube.com/watch?v=Wa1Yz8wyQI8&feature=shares

The post Дали избеганите затвореници можеби се оставени да предизвикаат, исценираат или организираат инцидент на 4 февруари? appeared first on Република.

]]>
Два инциденти со претепани скопјани, гневот го истуриле и врз нивните возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dva-incidenti-so-pretepani-skopjani-gnevot-go-isturile-i-vrz-nivnite-vozila/ Sat, 20 Aug 2022 15:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=542355

Синоќа во 23:40 часот на патот за с.Горно Нерези од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода С.Ј.(26) и М.С.(23) двајцата од Скопје, кои, според пријавеното, истиот ден околу 23.00 часот во близина на с.Горно Нерези физички го нападнале Ф.Д.(26) и му го оштетиле возилото. Притоа, Ф.Д. испукал еден проектил во воздух. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Во 00:25 часот, пак, на подрачјето на Центар од полициски службеници од Полициската станица Центар биле лишени од слобода Х.А.(20), Г.М.(41) двајцата од с.Арачиново-скопско и С.Ф.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 18.08.2022 околу 22:00 часот со тврд предмет физички ги нападнале И.Ј.(24) од с.Блаце и Ј.Р. и му го оштетиле возилото на И.Ј. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

The post Два инциденти со претепани скопјани, гневот го истуриле и врз нивните возила appeared first on Република.

]]>

Синоќа во 23:40 часот на патот за с.Горно Нерези од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода С.Ј.(26) и М.С.(23) двајцата од Скопје, кои, според пријавеното, истиот ден околу 23.00 часот во близина на с.Горно Нерези физички го нападнале Ф.Д.(26) и му го оштетиле возилото. Притоа, Ф.Д. испукал еден проектил во воздух. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во 00:25 часот, пак, на подрачјето на Центар од полициски службеници од Полициската станица Центар биле лишени од слобода Х.А.(20), Г.М.(41) двајцата од с.Арачиново-скопско и С.Ф.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 18.08.2022 околу 22:00 часот со тврд предмет физички ги нападнале И.Ј.(24) од с.Блаце и Ј.Р. и му го оштетиле возилото на И.Ј. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

The post Два инциденти со претепани скопјани, гневот го истуриле и врз нивните возила appeared first on Република.

]]>
Oбвиненија против 12 лица за инцидентите на протестите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenija-protiv-12-lica-za-incidentite-na-protestite/ Tue, 12 Jul 2022 12:23:52 +0000 https://republika.mk/?p=527544

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот Суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица за учество во инцидентите за време на протестите во Скопје против францускиот предлог за отпочнување преговори со Европската унија, од кои девет се обвинети за кривично дело „учество во толпа“, а три лица се гонат за „предизвикување општа опасност“.

За седум од обвинетите, Судот во текот на претходна постапка определи мерка куќен притвор, додека за петмина беше определена мерка притвор. Со цел да се обезбеди присуството на обвинетите во текот на постапката, надлежните јавни обвинители денеска до Судот доставија и предлози за продолжување на вака определените мерки.​

Како што информира ЈО, за време на јавен собир на граѓани, на 5 и 6 јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело „насилство“ пред Собранието.

Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието. Притоа, на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а 26 полицајци се здобиле со телесни повреди. Обвинетите причиниле штета на Собранието во вкупен износ од 576.665 денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило „Шкода Јети“, соопшти ЈО.

Обвинителен предлог е поднесен и против двајца скопјани, на возраст од 18 и 26 години, кои, посочуваат од ЈО, со општо опасно дејствие предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето на место каде што биле собрани поголем број луѓе.

Едниот обвинет подготвил „молотов коктел“, ставајќи бензин и парче ткаенина во стаклено шише, по што општо опасното средство го подал на другиот обвинет кој го фрлил кон поставениот кордон од полициски службеници, прецизира ЈО.

За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето.

За време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух, посочуваат од ЈО.

The post Oбвиненија против 12 лица за инцидентите на протестите appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведената претходна постапка, денеска до надлежниот Суд поднесе обвинителни предлози против вкупно 12 лица за учество во инцидентите за време на протестите во Скопје против францускиот предлог за отпочнување преговори со Европската унија, од кои девет се обвинети за кривично дело „учество во толпа“, а три лица се гонат за „предизвикување општа опасност“. За седум од обвинетите, Судот во текот на претходна постапка определи мерка куќен притвор, додека за петмина беше определена мерка притвор. Со цел да се обезбеди присуството на обвинетите во текот на постапката, надлежните јавни обвинители денеска до Судот доставија и предлози за продолжување на вака определените мерки.​ Како што информира ЈО, за време на јавен собир на граѓани, на 5 и 6 јули, деветмина обвинети учествувале во толпата што изврши кривично дело „насилство“ пред Собранието.
Тие со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници распоредени во полициски кордон за заштита на зградата на Собранието. Притоа, на еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а 26 полицајци се здобиле со телесни повреди. Обвинетите причиниле штета на Собранието во вкупен износ од 576.665 денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило „Шкода Јети“, соопшти ЈО.
Обвинителен предлог е поднесен и против двајца скопјани, на возраст од 18 и 26 години, кои, посочуваат од ЈО, со општо опасно дејствие предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето на место каде што биле собрани поголем број луѓе.
Едниот обвинет подготвил „молотов коктел“, ставајќи бензин и парче ткаенина во стаклено шише, по што општо опасното средство го подал на другиот обвинет кој го фрлил кон поставениот кордон од полициски службеници, прецизира ЈО.
За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето.
За време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух, посочуваат од ЈО.

The post Oбвиненија против 12 лица за инцидентите на протестите appeared first on Република.

]]>
„Почувствував болка, па омалаксав…“: Страшен тренд се шири низ франсцуските дискотеки, десетици напади со инекции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochuvstvuvav-bolka-pa-omalaksav-strashen-trend-se-shiri-niz-franscuskite-diskoteki-desetici-napadi-so-inekcii/ Sat, 30 Apr 2022 08:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=495628

Најмалку 53 лица тврдат дека имале гадење, вртоглавица, несвестица и дека не можеле да одат откако биле избодени со инјекција на подиумот во неколку француски дискотеки. Обвинителите во голем број градови, вклучувајќи ги Рен, Нант, Тулуз и Гренобл, започнале истрага за инјектирање на штетни материи, иако не нашле докази за да ги потврдат тие тврдења.

Франција го вклучила алармот откако слични случаи биле пријавени и во Британија и во Ирска. Тврдењата дека силувачите сега користат нов метод на зашеметување жртви сè уште се под истрага во овие земји. Вообичаена е претпоставката дека дрогата се става во пијалоци. Но, во овие случаи, дрогата се инјектирала во нозете, рацете, грбот или рамената.

Лекарите во Франција забележале дека на телата на жртвите се видливи црвени траги што укажуваат на тоа дека биле избодени со инекција. На жртвите им се советува да преземат превентивни третмани за ХИВ во случај иглите да се користат неколку пати.

Имало неколку извештаи во медиумите за убоди од игли. Зое Стопиља, 20-годишна студентка од Гренобл, била во ноќен клуб претходно овој месец. Испила чаша алкохол, а откако отишла да дише свеж воздух, почувствувала дека повеќе не може да зборува, да се движи или да гледа.

Тоа траеше 10 минути. Испив една чаша кога пристигнав и веднаш сфатив дека тоа не е алкохол.

Пријателите ја однеле во болница и лекар од брзата помош открил црвена дамка на нејзината нога што докажува дека добила убод од инекција. Таа сега зема терапија за превенција на ХИВ.

„Ова ми уништи добар дел од животот.“, вели Лу-Ан Ле Ру, 16-годишна од Лориен, Бретања, која вели дека почувствувала остра болка во рамото во еден момент за време на музички фестивал. „Почнав да чувствувам напад на паника. Не се чувствував добро. Се грчев, а главата ме болеше сѐ повеќе и повеќе.

Извештаите за напади се широко распространети. Во еден клуб во Монтобан, во југозападниот дел на земјата, две девојки се онесвестиле во неделата наутро, откако околу 50 луѓе истрчале кон излезот од ноќен клуб кога маж на шега извикал: „Избоден сум!“.

Француските истражители во моментов се обидуваат да одговорат на тешкото прашање зошто луѓето биле прободени во клубовите. Тестовите на крв и урина не покажале траги од дрогата што ја користеле силувачите. GHB, психоактивна супстанца позната како дрога за силување, останува во крвта на жртвите само неколку часа, што го отежнува утврдувањето на можноста за нејзино инјектирање. Во клубовите не се пронајдени шприцеви. Исто така, снимките од видео надзор не покажале убоди. Она што уште повеќе ги збунува истражителите е фактот што досега не се пронајдени докази дека боцкањето со игла е поврзано со сексуален напад или кражба.

The post „Почувствував болка, па омалаксав…“: Страшен тренд се шири низ франсцуските дискотеки, десетици напади со инекции appeared first on Република.

]]>

Најмалку 53 лица тврдат дека имале гадење, вртоглавица, несвестица и дека не можеле да одат откако биле избодени со инјекција на подиумот во неколку француски дискотеки. Обвинителите во голем број градови, вклучувајќи ги Рен, Нант, Тулуз и Гренобл, започнале истрага за инјектирање на штетни материи, иако не нашле докази за да ги потврдат тие тврдења. Франција го вклучила алармот откако слични случаи биле пријавени и во Британија и во Ирска. Тврдењата дека силувачите сега користат нов метод на зашеметување жртви сè уште се под истрага во овие земји. Вообичаена е претпоставката дека дрогата се става во пијалоци. Но, во овие случаи, дрогата се инјектирала во нозете, рацете, грбот или рамената. Лекарите во Франција забележале дека на телата на жртвите се видливи црвени траги што укажуваат на тоа дека биле избодени со инекција. На жртвите им се советува да преземат превентивни третмани за ХИВ во случај иглите да се користат неколку пати. Имало неколку извештаи во медиумите за убоди од игли. Зое Стопиља, 20-годишна студентка од Гренобл, била во ноќен клуб претходно овој месец. Испила чаша алкохол, а откако отишла да дише свеж воздух, почувствувала дека повеќе не може да зборува, да се движи или да гледа. Тоа траеше 10 минути. Испив една чаша кога пристигнав и веднаш сфатив дека тоа не е алкохол. Пријателите ја однеле во болница и лекар од брзата помош открил црвена дамка на нејзината нога што докажува дека добила убод од инекција. Таа сега зема терапија за превенција на ХИВ. „Ова ми уништи добар дел од животот.“, вели Лу-Ан Ле Ру, 16-годишна од Лориен, Бретања, која вели дека почувствувала остра болка во рамото во еден момент за време на музички фестивал. „Почнав да чувствувам напад на паника. Не се чувствував добро. Се грчев, а главата ме болеше сѐ повеќе и повеќе. Извештаите за напади се широко распространети. Во еден клуб во Монтобан, во југозападниот дел на земјата, две девојки се онесвестиле во неделата наутро, откако околу 50 луѓе истрчале кон излезот од ноќен клуб кога маж на шега извикал: „Избоден сум!“. Француските истражители во моментов се обидуваат да одговорат на тешкото прашање зошто луѓето биле прободени во клубовите. Тестовите на крв и урина не покажале траги од дрогата што ја користеле силувачите. GHB, психоактивна супстанца позната како дрога за силување, останува во крвта на жртвите само неколку часа, што го отежнува утврдувањето на можноста за нејзино инјектирање. Во клубовите не се пронајдени шприцеви. Исто така, снимките од видео надзор не покажале убоди. Она што уште повеќе ги збунува истражителите е фактот што досега не се пронајдени докази дека боцкањето со игла е поврзано со сексуален напад или кражба.

The post „Почувствував болка, па омалаксав…“: Страшен тренд се шири низ франсцуските дискотеки, десетици напади со инекции appeared first on Република.

]]>