Ина Многуфина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ina-mnogufina/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jul 2023 18:26:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ина Многуфина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ina-mnogufina/ 32 32 Дајте да видиме незамаглена снимка од „госпоѓата“, бара јавноста по инцидентот во парк со „резервираниот“ видиковец https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dajte-da-vidime-nezamaglena-snimka-od-gospogata-bara-javnosta-po-intsidentot-vo-park-so-rezerviraniot-vidikovets/ Mon, 17 Jul 2023 18:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=662434

Додека репортерката на „Алфа“ Анастасија Богданоска во летниковец во Градски парк снима сторија за маките на семејството Младеноски, чија ќеркичка Бисера боледува од дијабет, снимањето безобразно го прекинува жена која ги брка оттаму, тврдејќи дека го резервирала тоа место за роденденската прослава на нејзиното дете и дека тие ѝ сметаат во подготовките.

Богданоска го објавува целото виде, а граѓаните на социјалните мрежи бараат замаглениот лик на жената да биде прикажан, за „сите да ја видат“:

Емоции од една до друга крајност. Благодарам до цела екипа што остана професионална, иако се препотивме ама не само од пекол жешкото. Зоки зад камера, Борче зад компјутер со монтажа. А најмногу благодарам за семејството Младеновски, што ми дозволија да ја пренесам нивната приказна и приказната на преслатката Бисера, пишува Богданоска.

Меѓу реакциите на јавноста е и онаа на инфлуенсерката Ина Многуфина, која вели - Мене у полициски билтен ќе ме имаше денес.

The post Дајте да видиме незамаглена снимка од „госпоѓата“, бара јавноста по инцидентот во парк со „резервираниот“ видиковец appeared first on Република.

]]>

Додека репортерката на „Алфа“ Анастасија Богданоска во летниковец во Градски парк снима сторија за маките на семејството Младеноски, чија ќеркичка Бисера боледува од дијабет, снимањето безобразно го прекинува жена која ги брка оттаму, тврдејќи дека го резервирала тоа место за роденденската прослава на нејзиното дете и дека тие ѝ сметаат во подготовките. Богданоска го објавува целото виде, а граѓаните на социјалните мрежи бараат замаглениот лик на жената да биде прикажан, за „сите да ја видат“: Емоции од една до друга крајност. Благодарам до цела екипа што остана професионална, иако се препотивме ама не само од пекол жешкото. Зоки зад камера, Борче зад компјутер со монтажа. А најмногу благодарам за семејството Младеновски, што ми дозволија да ја пренесам нивната приказна и приказната на преслатката Бисера, пишува Богданоска. Меѓу реакциите на јавноста е и онаа на инфлуенсерката Ина Многуфина, која вели - Мене у полициски билтен ќе ме имаше денес.

The post Дајте да видиме незамаглена снимка од „госпоѓата“, бара јавноста по инцидентот во парк со „резервираниот“ видиковец appeared first on Република.

]]>
По случајот со казнетиот инвалид во Скопје, може да се самораспуштиме како држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-sluchajot-so-kaznetiot-invalid-vo-skopje-mozhe-da-se-samoraspushtime-kako-drzhava/ Sun, 19 Mar 2023 10:05:26 +0000 https://republika.mk/?p=621189

Билјана Гаврилова Станковска од Велес објави статус на Фејсбук зашто беше револтирана од дискриминацијата која како лице со посебни потреби, ја доживеала во Скопје, по што со свој став излезе и „Ина Многуфина“.

После искуството на инвалид казнет дека се паркирал на место за инвалиди иако платил паркинг ама не му важи дека не е од Скопје, како да на влезот во Скопје инвалидите од другите градови престануваат да бидат инвалиди, можеме слободно да се самораспуштиме и како систем и како општество и како локална самоуправа и како држава. Ако стигнавме да ги малтретираме немоќните, болните и луѓето со посебни потреби, сме го допреле дното другари, напиша „Ина Многуфина“.

The post По случајот со казнетиот инвалид во Скопје, може да се самораспуштиме како држава appeared first on Република.

]]>

Билјана Гаврилова Станковска од Велес објави статус на Фејсбук зашто беше револтирана од дискриминацијата која како лице со посебни потреби, ја доживеала во Скопје, по што со свој став излезе и „Ина Многуфина“. После искуството на инвалид казнет дека се паркирал на место за инвалиди иако платил паркинг ама не му важи дека не е од Скопје, како да на влезот во Скопје инвалидите од другите градови престануваат да бидат инвалиди, можеме слободно да се самораспуштиме и како систем и како општество и како локална самоуправа и како држава. Ако стигнавме да ги малтретираме немоќните, болните и луѓето со посебни потреби, сме го допреле дното другари, напиша „Ина Многуфина“.

The post По случајот со казнетиот инвалид во Скопје, може да се самораспуштиме како држава appeared first on Република.

]]>
Не купуваме лекови за 130 болни од цистична фиброза, плаќаме милиони евра за километар пат и службени коли! https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/ne-kupuvame-lekovi-za-130-bolni-od-tsistichna-fibroza-plakame-milioni-evra-za-kilometar-pat-i-sluzhbeni-koli/ Wed, 08 Feb 2023 14:41:06 +0000 https://republika.mk/?p=606580

The post Не купуваме лекови за 130 болни од цистична фиброза, плаќаме милиони евра за километар пат и службени коли! appeared first on Република.

]]>

The post Не купуваме лекови за 130 болни од цистична фиброза, плаќаме милиони евра за километар пат и службени коли! appeared first on Република.

]]>
„Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – задолжително четиво за родителите на предвремено родените деца од Ина Многуфина https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/koja-nedela-beshe-ti-28-aaaa-ne-se-nadevaj-mnogu-spremi-se-na-najloshto-zadolzitelno-chetivo-za-roditelite-na-predvremeno-rodenite-deca-od-ina-mnogufina/ Fri, 18 Nov 2022 11:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=575387

Како да не е доволен стресот од самото породување кое започнало месец два порано и борбата која што ги чека, наместо да бидат подготвени за тоа, мајките за почеток се соочуваат со недостаток на емпатија од болничкиот персонал (секоја чест на исклучоците).

Вака во текстот посветен на децата борци и родителите херои активистката Ина Многуфина на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за предвремено родените бебиња раскажува со што сѐ се соочуваат родителите на овие бебиња и прашува - дали Македонија може подобро?

Зошто плачеш, знаеш дека те осеќа?“ – Фино да ѝ се набие грижа на совест на мајката зошто е исплашена и дека сега со плачењето уште повеќе си го стресира бебето…права немајка, место да стисне заби седнала плаче.

Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – Како да можеш навистина да се спремиш дека детето ќе ти почине и да кажеш ок тоа е сеа ајде идеме даље, дајте ново дете ова не го бива.

Тууу како не издржа уште малку“ – Пошто така ти текнало да го родиш порано, а не дека дошло до компликација во бременост.

Чекај да го видиме глушецот каде е“ – додека те ставаат на ЦТГ за да се видат тоновите на бебето и еден куп слични примери секако нема да ја окуражат мајката и да ѝ пружат утеха во моментите кога има илјада и едно прашање во глава, кога си го преиспитува буквално секој момент од бременоста да не случајно таа придонела до предвремено породување и додека си ја јаде душата зошто не издржав бар уште една недела…уште 10 дена.

Потоа следи безнадежниот поглед на докторите кои проаѓаат на визита или кога си предаваат смена, а кој говори погласно од зборови дека за да ти преживее бебето родено во Македонија во 26, 27, 28, 29 недела е рамно на чудо. Најверојатно затоа што знаат со какви капацитети на опрема и персонал располага државата и колкав е степенот на смртност на овие бебиња кај нас. Ако во западните земји скоро сите овие бебиња преживуваат, Македонија мака мачи со намалување на процентите на смртност.

Е сега ако мислите дека агонијата завршила со раѓањето на бебето и неговото згрижување на Интензивна нега, сте се излажале. Тука, баш тука сагата на родителите почнува да се развива пред да ја достигне својата кулминација со одењето дома без бебе.

Додека во светот се инсистира мајката да е со бебето до инкубатор, таа да се грижи за него, да се практицира кенгуринг за бебенцето да се „насади“ со нејзини бактерии, во Македонија овие мајки не ни можат да ги видат своите деца. Имаат само 5 минути да ги ѕирнат додека лежат во болница АМА само од страна без никако да го допрат инкубаторот каде се наоѓа нивното чедо. Па затоа наместо со бактерии од мајката, кај нас се насадуваат со болнички бактерии па се малтене скоро сите септични и колку помали покревки толку помала шанса имаат да се изборат со сепса.

Целиот текст на Ина Многуфина

The post „Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – задолжително четиво за родителите на предвремено родените деца од Ина Многуфина appeared first on Република.

]]>

Како да не е доволен стресот од самото породување кое започнало месец два порано и борбата која што ги чека, наместо да бидат подготвени за тоа, мајките за почеток се соочуваат со недостаток на емпатија од болничкиот персонал (секоја чест на исклучоците). Вака во текстот посветен на децата борци и родителите херои активистката Ина Многуфина на Меѓународниот ден за подигнување на свеста за предвремено родените бебиња раскажува со што сѐ се соочуваат родителите на овие бебиња и прашува - дали Македонија може подобро? „Зошто плачеш, знаеш дека те осеќа?“ – Фино да ѝ се набие грижа на совест на мајката зошто е исплашена и дека сега со плачењето уште повеќе си го стресира бебето…права немајка, место да стисне заби седнала плаче. „Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – Како да можеш навистина да се спремиш дека детето ќе ти почине и да кажеш ок тоа е сеа ајде идеме даље, дајте ново дете ова не го бива. „Тууу како не издржа уште малку“ – Пошто така ти текнало да го родиш порано, а не дека дошло до компликација во бременост. „Чекај да го видиме глушецот каде е“ – додека те ставаат на ЦТГ за да се видат тоновите на бебето и еден куп слични примери секако нема да ја окуражат мајката и да ѝ пружат утеха во моментите кога има илјада и едно прашање во глава, кога си го преиспитува буквално секој момент од бременоста да не случајно таа придонела до предвремено породување и додека си ја јаде душата зошто не издржав бар уште една недела…уште 10 дена. Потоа следи безнадежниот поглед на докторите кои проаѓаат на визита или кога си предаваат смена, а кој говори погласно од зборови дека за да ти преживее бебето родено во Македонија во 26, 27, 28, 29 недела е рамно на чудо. Најверојатно затоа што знаат со какви капацитети на опрема и персонал располага државата и колкав е степенот на смртност на овие бебиња кај нас. Ако во западните земји скоро сите овие бебиња преживуваат, Македонија мака мачи со намалување на процентите на смртност. Е сега ако мислите дека агонијата завршила со раѓањето на бебето и неговото згрижување на Интензивна нега, сте се излажале. Тука, баш тука сагата на родителите почнува да се развива пред да ја достигне својата кулминација со одењето дома без бебе. Додека во светот се инсистира мајката да е со бебето до инкубатор, таа да се грижи за него, да се практицира кенгуринг за бебенцето да се „насади“ со нејзини бактерии, во Македонија овие мајки не ни можат да ги видат своите деца. Имаат само 5 минути да ги ѕирнат додека лежат во болница АМА само од страна без никако да го допрат инкубаторот каде се наоѓа нивното чедо. Па затоа наместо со бактерии од мајката, кај нас се насадуваат со болнички бактерии па се малтене скоро сите септични и колку помали покревки толку помала шанса имаат да се изборат со сепса. Целиот текст на Ина Многуфина

The post „Која недела беше ти? 28? Аааа не се надевај многу, спреми се на најлошто“ – задолжително четиво за родителите на предвремено родените деца од Ина Многуфина appeared first on Република.

]]>
Ина Многуфина за „краткото туширање“ кое ни го препорачува Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ina-mnogufina-za-kratkoto-tushiranje-koe-ni-go-preporachuva-vladata/ Thu, 17 Nov 2022 08:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=574757

Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја, велат оттаму, додавајќи дека ќе презентираат „корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат“.

Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски наведувајќи примери со кои преку едукативните активности планираат да поттикнат штедење струја.

Според некои експертски анализи, наведе Арсовски, доколку се почитуваат овие и други препораки, може да се заштеди струја и до 50 проценти.

Препораките предизвикаа многу реакции во јавноста, а меѓу нив е одговорот и на познатата активистка Ина Многуфина.

Штедиме заедно денес за да имаме утре, е слоганот со кој Владата од денеска со едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. "Кратко туширање ќе ве освежи и ќе ви заштеди струја, вода и пари, а од тоа сите ќе имаме корист". Ок до тука. Сега јас имам нешто нејасно, ако излезете надвор ноќе ќе водите дека сите објекти се со уклучени реклами, бензиските се ко Лас Вегас уште касата не им шљашти, салони и продавници затворени светат цела ноќ, реклами на згради светат 24/7, банки исто. Иде нова година ќе се кити ќе свети секој локал... па не може краткото туширање да заштеди толку колку што овие можат да потрошат. Ако важи штедење нека важи за сите, се што не е нужно нека не свети. Не може само домаќинствата да штедат со кратко туширање и мало тенџерче додека реклама или име на фирма свети цело време. Што е нужно у време на криза да го видам името на банка или осигурителна компанија? Па знам кај се, затворени се и не можам да завршам ништо ноќе кај нив. Нека се тушираат и они кратко, пишува Ина Многуфина.

The post Ина Многуфина за „краткото туширање“ кое ни го препорачува Владата appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја, велат оттаму, додавајќи дека ќе презентираат „корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат“.
Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски наведувајќи примери со кои преку едукативните активности планираат да поттикнат штедење струја.
Според некои експертски анализи, наведе Арсовски, доколку се почитуваат овие и други препораки, може да се заштеди струја и до 50 проценти. Препораките предизвикаа многу реакции во јавноста, а меѓу нив е одговорот и на познатата активистка Ина Многуфина.
Штедиме заедно денес за да имаме утре, е слоганот со кој Владата од денеска со едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. "Кратко туширање ќе ве освежи и ќе ви заштеди струја, вода и пари, а од тоа сите ќе имаме корист". Ок до тука. Сега јас имам нешто нејасно, ако излезете надвор ноќе ќе водите дека сите објекти се со уклучени реклами, бензиските се ко Лас Вегас уште касата не им шљашти, салони и продавници затворени светат цела ноќ, реклами на згради светат 24/7, банки исто. Иде нова година ќе се кити ќе свети секој локал... па не може краткото туширање да заштеди толку колку што овие можат да потрошат. Ако важи штедење нека важи за сите, се што не е нужно нека не свети. Не може само домаќинствата да штедат со кратко туширање и мало тенџерче додека реклама или име на фирма свети цело време. Што е нужно у време на криза да го видам името на банка или осигурителна компанија? Па знам кај се, затворени се и не можам да завршам ништо ноќе кај нив. Нека се тушираат и они кратко, пишува Ина Многуфина.

The post Ина Многуфина за „краткото туширање“ кое ни го препорачува Владата appeared first on Република.

]]>
Е, па, ај со среќа нов станбен блок https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/e-pa-aj-so-srekja-nov-stanben-blok/ Thu, 14 Apr 2022 13:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=488504

Во моментов силен пожар беснее во кругот на поранешната фабрика „Треска“, место за кое со години трае борбата меѓу активистите и градежниците. На социјалните мрежи веќе се коментира дека секој пожар во Скопје значи подготвување терен за нова градба.

The post Е, па, ај со среќа нов станбен блок appeared first on Република.

Ина Многуфина не е многу фина со Симовски: Немој да ни ја вреѓаш интелигенцијата! https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/ina-mnogufina-ne-e-mnogu-fina-so-simovski-nemoj-da-ni-ja-vregjash-inteligencijata/ Thu, 31 Mar 2022 18:55:34 +0000 https://republika.mk/?p=481603

The post Ина Многуфина не е многу фина со Симовски: Немој да ни ја вреѓаш интелигенцијата! appeared first on Република.

]]>

The post Ина Многуфина не е многу фина со Симовски: Немој да ни ја вреѓаш интелигенцијата! appeared first on Република.

]]>
Дали полицијата го заштитувала колегата?, прашува Ина Многуфина за случајот на Пале Илоска чие судење почна денес https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dali-policijata-go-zashtituvala-kolegata-prashuva-ina-mnogufina-za-sluchajot-na-pale-iloska-chie-sudenje-pochna-denes/ Mon, 14 Feb 2022 17:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=458523

Утрово во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска - Пале која се товари за кривично дело „убиство во миг“, за убиството на нејзиниот долгогодишен насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-pale-kje-se-sudi-za-ubistvo-na-mig-ojo-objavi-kako-aleksandar-ja-pretepal-pred-da-mu-presudi/

Правните експерти и граѓански организации алармираат дека 23-годишната велешанка не треба да се гони за дело „убиство во миг“, туку за убиство од самоодбрана, зошто и во самото обвинение пишува дека таа му го задала смртоносниот убод со нож откако тој ја нападнал, а потоа и ја давел.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/

Јавноста будно го следи целиот случај со малтретираната Пале, а свое видување има и познатата твитерџика Ина Многуфина, според која ова судење отвори Пандорина кутија во македонскиот правосуден систем.

Денес почна судењето на Пале и како да се отвори пандорина кутија. Сведочењата потврдија дека починатиот во многу наврати бил пријавуван за насилство, од страна на членови на нивните семејства и од соседите, но полицијата никогаш не дошла, ниту постапила. И само што мислите дека не може да е полошо, на дописот на Хелсиншкиот комитет до СВР Велес, со кои беа побарани информации поврзани со случајот, беше добиен одговор дека воопшто немало пријави за насилство. Дали полицијата го заштитувала колегата? Ќе видиме, случајот ќе се шири и ќе се бара одговорност и за тоа, бидејќи доколку било така тогаш придонеле за трагичниот исход. Да потсетам, ја судат за убиство во миг иако е самоодбрана. Дали случајов ќе го отвори системот ко пупка за да дознаеме дека тие што треба да ја бранат жртвата, го бранат напаѓачот? И што судот прави, дали стварно има правда за жртвите? Целото мое внимание е кон судењево. Јас лично очекувам ослободителна пресуда, пишува Ина Многуфина, барајќи правда за Пале.

The post Дали полицијата го заштитувала колегата?, прашува Ина Многуфина за случајот на Пале Илоска чие судење почна денес appeared first on Република.

]]>

Утрово во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска - Пале која се товари за кривично дело „убиство во миг“, за убиството на нејзиниот долгогодишен насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-pale-kje-se-sudi-za-ubistvo-na-mig-ojo-objavi-kako-aleksandar-ja-pretepal-pred-da-mu-presudi/ Правните експерти и граѓански организации алармираат дека 23-годишната велешанка не треба да се гони за дело „убиство во миг“, туку за убиство од самоодбрана, зошто и во самото обвинение пишува дека таа му го задала смртоносниот убод со нож откако тој ја нападнал, а потоа и ја давел. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-iskluchena-struja-se-topli-so-plinska-boca-i-gaziena-lamba-pale-vo-kukjata-na-zlostorstvoto-go-cheka-sudenjeto/ Јавноста будно го следи целиот случај со малтретираната Пале, а свое видување има и познатата твитерџика Ина Многуфина, според која ова судење отвори Пандорина кутија во македонскиот правосуден систем.