ин мемориам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/in-memoriam/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 06:39:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ин мемориам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/in-memoriam/ 32 32 Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-novinarkata-i-urednik-valentina-marjanovik-od-vecher/ Fri, 22 Nov 2024 15:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=840890

По долго боледување, во Скопје, почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“.

Си замина нашата драга колешка, истакната новинарка, посветен и врвен професионалец, препознатливо име во весникот ВЕЧЕР, во кој го помина целиот работен век. Се бореше храбро до последен здив, беше пример за јака волја, силна верба и позитива, за борба и одлучност за живот и победа над подмолната болест. Но, за жал, последната битка не успеа да ја извојува. Нејзината посветеност и визионерски дух ќе останат трајна инспирација на сите нас, велат во последниот поздрав колегите од редакцијата на „Вечер“.

Марјановиќ беше дел од весникот „Вечер“ од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.

Валентина беше почитувана како голем професионалец и уште поголем пријател. Ќе ни недостасува нејзината блага насмевка и секогаш добар збор, совет. Изгубивме посебен човек, блескава душа каква ретко се раѓа. Вале, секогаш ќе останеш во нашите срца, велат нејзините колеги.

The post Почина новинарката и уредник Валентина Марјановиќ од „Вечер“ appeared first on Република.

]]>

Почина професорката Наде Проева, специјалист по историјата на Античка Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-profesorkata-nade-proeva-spetsijalist-po-istorijata-na-antichka-makedonija/ Thu, 07 Nov 2024 19:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=835303

Вчеравечер, на 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја.

Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда. Нејзините студенти ја паметат како професорка која целосно одговора на описот „строг, но правичен учител“. Нејзината книга „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата на античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја.

Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година каде завршува средно образование – гимназија. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“.На Филозофскиот факултет во Белград, во 1978 година ја брани магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“.

Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија.Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), Француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др.

Учествувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска држела предавања во Хрватска Словенија, Франција, Холандија. Исто така учествувала во ископувањата на антички и средновековни локалитети во Македонија, Србија, Полска и Грција; во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академинја на науките. Како визитинг – професор има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Paris X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките МакедонциПрофесорката Наде Проева, до последните денови од својот живот беше ангажирана преку свои критички текстови и публикации за праведно решение, за како што велеше – „неправдите што современата политика ги нанесува на Македонија, Македонците и македонскиот национален идентитет“.

The post Почина професорката Наде Проева, специјалист по историјата на Античка Македонија appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер, на 6 ноември 2024 година почина Наде Проева, историчарка, универитетска професорка од Институтот по историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, експертка по античка историја. Нејзина особена професионална специјалност беа Историјата на стариот век и Историјата на античките Македонци, предмети што до пензионирањето им ги предавала на студентите по историја. Професорката Проева важеше за бескомпромисно принципиелен научник, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда. Нејзините студенти ја паметат како професорка која целосно одговора на описот „строг, но правичен учител“. Нејзината книга „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата на античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја. Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година каде завршува средно образование – гимназија. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“.На Филозофскиот факултет во Белград, во 1978 година ја брани магистерската тема: „Типологија на надгробните споменици во југословенскиот дел во римската провинција Македонија“, а во декември 1992 на групата за историја и докторската теза: „Влијание на доселениците на развојот на културните прилики во римската провинција Македонија“. Од 1979 до 1981 била на специјализација во Париз, на Универзитетот Сорбона, каде што се здобила со диплома за продлабочени студии од областите епиграфика, нумизматика и религија.Повеќе пати била на студиски престои во странство: Полска (1977), Француска археолошка школа во Грција (од 1992 речиси секоја година), Француски институт во Истанбул (1993), Австриска академија на науките (1998), Универзитети во Нанси и во Нантер-Paris X и др. Учествувала на меѓународни научни собири во Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска држела предавања во Хрватска Словенија, Франција, Холандија. Исто така учествувала во ископувањата на антички и средновековни локалитети во Македонија, Србија, Полска и Грција; во проекти на Археолошки институт во Белград, на МАНУ, на САНУ и на Берлинската академинја на науките. Како визитинг – професор има одржано предавања на универзитетите во Франција (Нанси, Нантер-Paris X), како и низа јавни предавања за разни прашања за античките МакедонциПрофесорката Наде Проева, до последните денови од својот живот беше ангажирана преку свои критички текстови и публикации за праведно решение, за како што велеше – „неправдите што современата политика ги нанесува на Македонија, Македонците и македонскиот национален идентитет“.

The post Почина професорката Наде Проева, специјалист по историјата на Античка Македонија appeared first on Република.

]]>
Сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sakam-da-veruvam-deka-postoi-shansa-da-go-zasakate-toa-shto-sum-go-sozdala-i-vo-moite-iskustva-da-pronajdete-odgovori-i-za-sebe/ Mon, 04 Nov 2024 14:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=834066

Навистина сум возбудена вечерва особено од повишениот тон на пофалбите. Се прашувам дали тоа навистина го заслужувам, рече писателката Оливера Николова во март 2022 година кога издавачката куќа „Арс Ламина“ го реобјави нејзиното целокупно творештво за возрасни. Десетте тома со 12 реобјавени книги се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“. Тие се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. 

Оливера Николова, најпозната како авторка на книгата за деца „Зоки Поки“ почина на 88-годишна возраст во Скопје.

Фоајето во Националната опера и балет беше претесно да ги прими сите кои сакаа присустуваат на промоцијата. Ви го пренесуваме говорот на Оливера Николова, објавен во „Република“.

Ние сме тука поради моите книги од кои некои сум ги пишувала речиси пред половина век. Ви благодарам, и благодарам, како што реков, на повишениот тон на пофалбите и искажувањата. Благодарност и за „Арс Ламина“ која ми овозможи да ги видам моите дела за возрасни заедно во вакво убаво издание. Гест, кој во суштина претставува можност за преоценка од една нова генерација на она што сум го создала. Му благодарам и на моето пишување за многу важни заеднички споделувања во мојот живот. Во пишувањето влегов не само млада, туку и несвесна за сопствената незрелост. „Зоки Поки“ е плод на таа невиност. Невиност за незнаење на стапиците на зборовите, а тоа што следуваше потоа, пишувано не само со интуиција и спонтано, туку и со подготовка и со одговорност на тоа што го пренесувам, да кажам тежок збор, ме очовечи. Го прошири и го збогати до невидени размери моето битие, извлекувајќи ги на виделине неговите скриени потенцијали. Пишувањето стана, можам да речам, мој ориентир во животот. И тоа е тежок збор. Го кажувам со голема одговорност. Ориентир. Тоа ми овозможи да ги запознавам луѓето одвнатре за да знам како да ги опишам, а притоа можеби и поважно, како да научам да живеам со нив во реалноста, како да ги прифатам, да ги оправдам и да ги засакам. Ука што во најраната младост секако ми недостасуваше потполно, а која се покажа дека ми е недоволна за личностите за кои пишував и кои морав длабоко да ги запознаам пред да пишувам за нив. Како за која нова книга се определував, како се ширеше и моето тематско интересирање, така се ширеше и опсегот на моите познавања од животот, неговата многусрдност, а потоа и моето однесување меѓу луѓето. Така пополека ја освојував сопствената зрелост, со тоа и сигурноста меѓу зборивите кои ги искажуваат нашите мисли. Се разбира, им благодарам и на моите долги години што ми дадоа шанса за поправање на грешките. Многу сакам овие зборови, како што гледате, да не се однесуваат за моите дела, туку за мене. И многу сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе, кажа тогаш Николова во обраќањето.

Оливера Николова е раскажувачка, романсиерка и драмска писателка родена во Скопје во 1936 година. Се школувала во Струга и во Велес, а дипломирала на Филолошкиот факултет, група Југословенска книжевност, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како драматург-уредник во емисиите за деца и во драмските програми за возрасни на Радио и на ТВ Скопје. Пишува за деца и за возрасни. Има објавено десет романи и три збирки раскази за возрасни, 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Зоки Поки“, „Девојките на Марко“, „Мојот звук“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“ и други, како и многубројни театарски, телевизиски и радио-игри.

За својата работа има освоено многубројни награди, меѓу кои: Наградата на РТВ Скопје и Струшките вечери на поезијата во 1966, 1975 и во 1978 година, наградата „Младо поколење“ (1978), Змаевата награда за 1983 г. за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија во 1983, 1998 и 2015, „Рациново признание“ за 2000 г. за „Адамовото ребро“, роман на годината на „Утрински весник“ за 2004 г. за „Куклите на Росица“, роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 г. за „Песот со тажен поглед“.

На промоцијата се обратија академик Катица Ќулавкова („Вежби за Ибн Пајко“), Јелена Лужина („Збогум Вано, Ванке…“), Никола Гелевски („Белиот чад“), Елизабета Баковска (поговор за „Куклите на Росица“), Гоце Смилевски („Пешаци по црни полиња“), Румена Бужаровска („Куќичка“), Владимир Мартиновски („Тромбот“), Калина Малеска („Адамовото ребро“), Владимир Јанковски („Лева комора“), а видеообраќање имаа: Кица Колбе (поговор кон „Тесна врата“) и Давор Стојановски („Песот со тажен поглед“).

Модератор на настанот беше уредничката на едицијата, Оливера Ќорвезироска, која го напиша и поговорот за „Кадифената покривка“.

The post Сакам да верувам дека постои шанса да го засакате тоа што сум го создала и во моите искуства да пронајдете одговори и за себе appeared first on Република.

Нè напушти Слободан Трајковски – Касандар, големиот вљубеник во природата и промотор на убавините на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ne-napushti-slobodan-trajkovski-kasandar-golemiot-vlubenik-vo-prirodata-i-promotor-na-ubavinite-na-makedonija/ Mon, 04 Nov 2024 10:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=833938

Со голема тага дознаваме дека нè напушти Слободан Трајковски - Касандар.

Познат во пошироката заедница по својата огромна љубов кон природата и планините, кон спортот, кон велосипедизмот, промотер на овие активности и убавини. Почитувач на Ехо и учесник во програмата, кој во 2015 година со нас го сподели и својот филм „Слобода на 2 тркала“.

Познат по својата огромна љубов кон Македонија, посетувајќи и уживајќи со своите пријатели и семејството во многу краишта на нашата земја, познати и непознати за нас - што ни беше многу инспиративно и можеме само да ветиме дека како Фестивал секогаш ќе останеме платформа посветена на „Македонствувањето“...
Длабоко сочувство кон семејството- објави ЕХО Фестивал на планински филм.

Професорот по историја, омилен кај учениците беше голем вљубеник во природата, подвижна енциклопедија за Македонија, земјата која ја сакаше со цело срце. Секој викенд откриваше ново место од татковината. Слободан Трајковски - Касандар. сценарист на документарниот филм „Слобода на две тркала“, снимен во 2015 година, во кој и лично се појавуваше.

Трајковски не напушти по тешка операција од која не се разбудил.

Нека почива во мир!

The post Нè напушти Слободан Трајковски – Касандар, големиот вљубеник во природата и промотор на убавините на Македонија appeared first on Република.

]]>

Со голема тага дознаваме дека нè напушти Слободан Трајковски - Касандар. Познат во пошироката заедница по својата огромна љубов кон природата и планините, кон спортот, кон велосипедизмот, промотер на овие активности и убавини. Почитувач на Ехо и учесник во програмата, кој во 2015 година со нас го сподели и својот филм „Слобода на 2 тркала“. Познат по својата огромна љубов кон Македонија, посетувајќи и уживајќи со своите пријатели и семејството во многу краишта на нашата земја, познати и непознати за нас - што ни беше многу инспиративно и можеме само да ветиме дека како Фестивал секогаш ќе останеме платформа посветена на „Македонствувањето“... Длабоко сочувство кон семејството- објави ЕХО Фестивал на планински филм.
Професорот по историја, омилен кај учениците беше голем вљубеник во природата, подвижна енциклопедија за Македонија, земјата која ја сакаше со цело срце. Секој викенд откриваше ново место од татковината. Слободан Трајковски - Касандар. сценарист на документарниот филм „Слобода на две тркала“, снимен во 2015 година, во кој и лично се појавуваше. Трајковски не напушти по тешка операција од која не се разбудил. Нека почива во мир!

The post Нè напушти Слободан Трајковски – Касандар, големиот вљубеник во природата и промотор на убавините на Македонија appeared first on Република.

]]>
Почина поранешниот голман на Вардар Дејан Костуранов (1986 – 2024) https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pochina-poraneshniot-golman-na-vardar-dejan-kosturanov-1986-2024/ Sun, 20 Oct 2024 09:43:44 +0000 https://republika.mk/?p=829045

Некогашниот голман на Вардар, Силекс, Скопје, Македонија ЃП, Охрид, Еуромилк, Дејан Костуранов, почина денеска во Србија на само 38 години.

Фудбалскиот клуб Вардар со длабоко жалење ја информира јавноста дека денес, на 38-годишна возраст почина Дејан Костуранов. Својата долгогодишна успешна кариера како голман Дејан Костуранов ја започна токму во Вардар, каде што беше дел првенствено од младинските категории.

Миленик на навивачите, засекогаш ќе остане препознатлив по посветеноста, како и професионализмот кој го красеше во текот на целата играчка и тренерска кариера. Во името на клубот изразуваме сочувство до семејството, како и до сите останати блиски пријатели на Дејан“, објави Вардар на социјалните мрежи.

Оваа вест ја потврдуваат од Фудбалскиот Сојуз на Војводина.

По завршувањето на професионалната кариера во 2016 година, Костуранов се преселил во Србија со своето семејство.

Последниот ангажман го имаше пред два дена кога на квлаификацискиот турнир во Стара Пазова, со аматерската селекција на Србија обезбеди палсман меѓу осумте најдобри селекции.

Беше и тренер на Раднички 1918 од Ратково.

The post Почина поранешниот голман на Вардар Дејан Костуранов (1986 – 2024) appeared first on Република.

]]>

Некогашниот голман на Вардар, Силекс, Скопје, Македонија ЃП, Охрид, Еуромилк, Дејан Костуранов, почина денеска во Србија на само 38 години.
Фудбалскиот клуб Вардар со длабоко жалење ја информира јавноста дека денес, на 38-годишна возраст почина Дејан Костуранов. Својата долгогодишна успешна кариера како голман Дејан Костуранов ја започна токму во Вардар, каде што беше дел првенствено од младинските категории. Миленик на навивачите, засекогаш ќе остане препознатлив по посветеноста, како и професионализмот кој го красеше во текот на целата играчка и тренерска кариера. Во името на клубот изразуваме сочувство до семејството, како и до сите останати блиски пријатели на Дејан“, објави Вардар на социјалните мрежи.
Оваа вест ја потврдуваат од Фудбалскиот Сојуз на Војводина. По завршувањето на професионалната кариера во 2016 година, Костуранов се преселил во Србија со своето семејство. Последниот ангажман го имаше пред два дена кога на квлаификацискиот турнир во Стара Пазова, со аматерската селекција на Србија обезбеди палсман меѓу осумте најдобри селекции. Беше и тренер на Раднички 1918 од Ратково.

The post Почина поранешниот голман на Вардар Дејан Костуранов (1986 – 2024) appeared first on Република.

]]>
Почина Анка Гиева, доајенот на македонската народна песна https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/pochina-anka-gieva-doajenot-na-makedonskata-narodna-pesna/ Sun, 08 Sep 2024 19:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=814489

Почина пејачката Анка Гиева, една од легендарните пејачки на народни песни и доајен на македонската народна музика. Имаше 86 години.

Родена во Скопје, Гиева била професионално вработена во Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“.

За Радио Скопје снимила голем број антологиски народни песни, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, „Да сум бистра вода”, „Отвори ми бело Ленче” и други.

Анка Гиева беше меѓу 13 легендарни музичари од областа на македонската народна музика кои во 2022 беа одликувани со Медал за заслуги од претседателот Стево Пендаровски. Одликувањето беше доделено за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.

Семејството соопшти дека таа починала на 7 септември, а ќе биде погребана на 9 септември на градските гробишта во Бутел во Скопје.

The post Почина Анка Гиева, доајенот на македонската народна песна appeared first on Република.

]]>

Почина пејачката Анка Гиева, една од легендарните пејачки на народни песни и доајен на македонската народна музика. Имаше 86 години. Родена во Скопје, Гиева била професионално вработена во Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. За Радио Скопје снимила голем број антологиски народни песни, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, „Да сум бистра вода”, „Отвори ми бело Ленче” и други. Анка Гиева беше меѓу 13 легендарни музичари од областа на македонската народна музика кои во 2022 беа одликувани со Медал за заслуги од претседателот Стево Пендаровски. Одликувањето беше доделено за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки. Семејството соопшти дека таа починала на 7 септември, а ќе биде погребана на 9 септември на градските гробишта во Бутел во Скопје.

The post Почина Анка Гиева, доајенот на македонската народна песна appeared first on Република.

]]>
Почина прим. д-р Илија Антоновски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-prim-d-r-ilija-antonovski-eden-od-osnovopolozhnitsite-na-sovremenata-meditsinska-biohemija-vo-makedonija/ Fri, 21 Jun 2024 10:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=789510

По кратко боледување почина примариус д-р Илија Антоновски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија.

Антоновски беше роден во 1942 година во Прилеп. Високото образование го имаше стекнато на Медицинскиот факултет во Белград, како првенец на генерацијата. Тој беше вториот лекар во Македонија, кој по ослободувањето има остварено специјализација по медицинска биохемија.

По стекнатото искуство ширум просторите на поранешна Југославија, Антоновски во целост се имаше посветено на здравствениот систем во Македонија, остварувајќи значаен придонес во развивањето на современата медицинска биохемија со примена на современите методи во македонското здравство. Најголемиот дел од работниот век, по сопствена желба, д-р Антоновски го мина во родниот град каде што долг период беше и раководител на лабораторијата на Медицинскиот центар.

Потоа, во самостојна Македонија, Антоновски беше основач, сопственик и раководител на една од првите приватни медицински установи во државата – „Медика“, воедно една и од првите приватни установи што овозможуваа здравствени услуги со договор со Фондот за здравствeно осигурување.

Д-р Антоновски е автор на голем број научни и стручни трудови, како и на учебници од областа на медицинската биохемија. Беше и професор во средното медицинско училиште во Прилеп.

Тој беше член на Македонското лекарско друштво, при што во текот на работниот век особено се залагаше за активностите во неговиот роден град – Прилеп.

Погребот на д-р Антоновски е закажан за утре, 22 јуни 2024 година (сабота), во Прилеп. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на новите градски гробишта во Прилеп, од 9:30 до 10:30 часот.

The post Почина прим. д-р Илија Антоновски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија appeared first on Република.

]]>

По кратко боледување почина примариус д-р Илија Антоновски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија. Антоновски беше роден во 1942 година во Прилеп. Високото образование го имаше стекнато на Медицинскиот факултет во Белград, како првенец на генерацијата. Тој беше вториот лекар во Македонија, кој по ослободувањето има остварено специјализација по медицинска биохемија. По стекнатото искуство ширум просторите на поранешна Југославија, Антоновски во целост се имаше посветено на здравствениот систем во Македонија, остварувајќи значаен придонес во развивањето на современата медицинска биохемија со примена на современите методи во македонското здравство. Најголемиот дел од работниот век, по сопствена желба, д-р Антоновски го мина во родниот град каде што долг период беше и раководител на лабораторијата на Медицинскиот центар. Потоа, во самостојна Македонија, Антоновски беше основач, сопственик и раководител на една од првите приватни медицински установи во државата – „Медика“, воедно една и од првите приватни установи што овозможуваа здравствени услуги со договор со Фондот за здравствeно осигурување. Д-р Антоновски е автор на голем број научни и стручни трудови, како и на учебници од областа на медицинската биохемија. Беше и професор во средното медицинско училиште во Прилеп. Тој беше член на Македонското лекарско друштво, при што во текот на работниот век особено се залагаше за активностите во неговиот роден град – Прилеп. Погребот на д-р Антоновски е закажан за утре, 22 јуни 2024 година (сабота), во Прилеп. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на новите градски гробишта во Прилеп, од 9:30 до 10:30 часот.

The post Почина прим. д-р Илија Антоновски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија appeared first on Република.

]]>
Ненадејно почина Дашмир Беари, селектор на У-17 репрезентацијата на Македонија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nenadejno-pochina-dashmir-beari-selektor-na-u-17-reprezentatsijata-na-makedonija/ Thu, 11 Apr 2024 21:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=765151

На 50-годишна возраст почина фудбалскиот тренер Дашмир Беари, актуелен селектор на македонската репрезентација за играчи до 17 години.

Веста за неговата смрт на „Фејсбук“ ја објавија колеги и пријатели на починатиот, пишувајќи дека неговото ненадејно заминување во вечноста ги шокирало и растажило. Неофицијално, станува збор за смрт од срцев удар.

Беари беше екс тренер на неколку македонски клубови (Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими), а работеше и како помошник тренер во Ал Раед, Саудиска Арабија. Ги имаше водено и У-15 и У-19 селекциите, а смртта го затекна како актуелен селектор на националниот тим за фудбалери до 17 години.

The post Ненадејно почина Дашмир Беари, селектор на У-17 репрезентацијата на Македонија appeared first on Република.

]]>

На 50-годишна возраст почина фудбалскиот тренер Дашмир Беари, актуелен селектор на македонската репрезентација за играчи до 17 години. Веста за неговата смрт на „Фејсбук“ ја објавија колеги и пријатели на починатиот, пишувајќи дека неговото ненадејно заминување во вечноста ги шокирало и растажило. Неофицијално, станува збор за смрт од срцев удар. Беари беше екс тренер на неколку македонски клубови (Ренова, Гостивар, Дрита, Влазерими), а работеше и како помошник тренер во Ал Раед, Саудиска Арабија. Ги имаше водено и У-15 и У-19 селекциите, а смртта го затекна како актуелен селектор на националниот тим за фудбалери до 17 години.

The post Ненадејно почина Дашмир Беари, селектор на У-17 репрезентацијата на Македонија appeared first on Република.

]]>
Беше ѕвезда на „The Full Monty“: Почина британскиот актер Том Вилкинсон https://arhiva3.republika.mk/scena/film/beshe-zvezda-na-the-full-monty-pochina-britanskiot-akter-tom-vilkinson/ Sat, 30 Dec 2023 20:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=728338

Британскиот актер, Том Вилкинсон, ѕвездата на комедијата „До гола кожа“ (The Full Monty) кој двапати беше номиниран за Оскар, ненадејно починал на 75 години. Вилкинсон ја освои наградата Бафта за „До гола кожа“ од 1997 и 26 години подоцна ја повтори улогата на Џералд во серијата на „Дизни+“.

Тој исто така беше номиниран за Оскар за „Во стапица“ (In the Bedroom) во 2002 и за „Мајкл Клејтон“ во 2008, а освои Еми за улогата на Бенџамин Френклин во минисеријата „Џон Адамс“.

Семејството на Вилкинсон објави дека тој починал дома, без да изнесе повеќе детали.

Со повеќе од 130 филмски и телевизиски улоги во кариерата, Вилкинсон одлично се снаоѓаше во разни жанрови, од историски драми преку комедии до акциони филмови.

Роден во Лидс, Вилкинсон влегол во театарскиот свет на 18-годишна возраст, по што се обучувал на Кралската академија за драмски уметности. Првата голема улога на телевизија ја добил во 1986 година.

Во 1997 ја доби улогата на својот живот, на поранешен надзорник во фабрика кој им се придружува на свои невработени колеги во стриптиз шоу во „До гола кожа“. Нискобуџетниот филм стана британски филм со најголема заработка во тој момент, а на Вилкинсон му ги отвори и вратите на Холивуд, глумејќи во низа блокбастери и фалени филмови.

https://www.youtube.com/watch?v=tJUP1_Kndc4

The post Беше ѕвезда на „The Full Monty“: Почина британскиот актер Том Вилкинсон appeared first on Република.

]]>

Британскиот актер, Том Вилкинсон, ѕвездата на комедијата „До гола кожа“ (The Full Monty) кој двапати беше номиниран за Оскар, ненадејно починал на 75 години. Вилкинсон ја освои наградата Бафта за „До гола кожа“ од 1997 и 26 години подоцна ја повтори улогата на Џералд во серијата на „Дизни+“. Тој исто така беше номиниран за Оскар за „Во стапица“ (In the Bedroom) во 2002 и за „Мајкл Клејтон“ во 2008, а освои Еми за улогата на Бенџамин Френклин во минисеријата „Џон Адамс“. Семејството на Вилкинсон објави дека тој починал дома, без да изнесе повеќе детали. Со повеќе од 130 филмски и телевизиски улоги во кариерата, Вилкинсон одлично се снаоѓаше во разни жанрови, од историски драми преку комедии до акциони филмови. Роден во Лидс, Вилкинсон влегол во театарскиот свет на 18-годишна возраст, по што се обучувал на Кралската академија за драмски уметности. Првата голема улога на телевизија ја добил во 1986 година. Во 1997 ја доби улогата на својот живот, на поранешен надзорник во фабрика кој им се придружува на свои невработени колеги во стриптиз шоу во „До гола кожа“. Нискобуџетниот филм стана британски филм со најголема заработка во тој момент, а на Вилкинсон му ги отвори и вратите на Холивуд, глумејќи во низа блокбастери и фалени филмови. https://www.youtube.com/watch?v=tJUP1_Kndc4

The post Беше ѕвезда на „The Full Monty“: Почина британскиот актер Том Вилкинсон appeared first on Република.

]]>
Почина доктор Александра Лазарова од Клиниката за гинекологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-doktor-aleksandra-lazarova-od-klinikata-za-ginekologija/ Thu, 31 Aug 2023 12:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=677622

Почина доцент доктор Александра Лазарова, специјалист по гинекологија и акушерство на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Искрено сочувство до семејството, пријателите, колегите и многубројните пациенти. Ќе ве паметиме по вашата човечност и отвореност за помош и едукација на помладите колеги во секое време, велат од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ.

The post Почина доктор Александра Лазарова од Клиниката за гинекологија appeared first on Република.

Почина актерот Владимир Ендровски – Љац https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-akterot-vladimir-endrovski-lats/ Sun, 20 Aug 2023 15:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=673925

Македонскиот народен театар сподели дека денеска почина актерот Владимир Ендровски (1963 – 2023).

Замина нашиот колега Владимир, нашиот пријател Љац, ненадминливиот актер и препознатлив лик на театарската сцена и телевизискиот/филмски екран - единствениот Владимир Ендровски. На сцената на НУ РСМ МНТ и воопшто во театарот, телевизијата и филмот кај нас остана огромна празнина која Ендровски ја исполнуваше со својот карактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, и умешноста и огромна експлозија на енергија која ја пренесуваше од сцената кон публиката, велат од МНТ.

Дипломира на Факултетот за драмски уметности, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Геогиевски, во 1991 г. На сцената на МНТ официјално е од 1993 г., иако како актер се појавува во претстави и пред дипломирањето. На сцената на МНТ ги оживеа и ги направи незаборавни: Далавера змејот во „Рекламна бајка“ (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни“ (1989), Уплавот во „Мир“ (1993), Целе Бумба во „Женски прилог за ноќта“ (1993), Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души“ (1994), Јован Ангел во „Лепа Ангелина“ (1995), Спасе во „МКС“ (1995), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви“ (1996), Макрото во „Едмонд“ (1997), Младичот во „Маме му ебам кој прв почна“ (1997), Брајан во „Шопинг анд факинг“ (1998), Антоан во „Мисија“ (1998), Ботар во „Носорог“ (1999), Арнолд Кримп во „Бетмен враќањето на црниот витез“ (1999), Капетан Лебјаткин во „Демони“ (2001), Крадецот во „Павилјони“ (2001), Трајан во „Балканот не е мртов“ (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје“ (2002), „Црна дупка“ (2003), Булдог во „Доле влада“ (2004), „Хамлет во транзиција“ (2004), Вадиус во „Една вечер со ..“ (2006), „Троил и Кресида“ (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови“ (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето“ (2013).

Остана да сведочат филмовите и сериите за неговиот талент, ѕвездата која ја носеше и разбирливоста и лесното пренесување на ликовите кои ги имаше во себе. Останаа ненадминливите и секогаш препознатливи ликови: Дино во серијата „Трст виа Скопје (1990) (за која ја има добиено и награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување), Трајче во „Пред дождот“ (1994), Доре во „Преку езерото“ (1997), Безимениот во „Збогум на 20-от век“ (1998), Андарт во „Прашина (2001), Стипе Прикачин во „Бал-кан-кан“ (2005), Затвореникот Варден во „Контакт“ (2005), Коки Лабуд во „Некои поинакви приказни, сегмент: Македонска приказна“ (2010) и многу други.

За времето и датумот на погребот дополнително ќе биде објавено.

The post Почина актерот Владимир Ендровски – Љац appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар сподели дека денеска почина актерот Владимир Ендровски (1963 – 2023).
Замина нашиот колега Владимир, нашиот пријател Љац, ненадминливиот актер и препознатлив лик на театарската сцена и телевизискиот/филмски екран - единствениот Владимир Ендровски. На сцената на НУ РСМ МНТ и воопшто во театарот, телевизијата и филмот кај нас остана огромна празнина која Ендровски ја исполнуваше со својот карактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, и умешноста и огромна експлозија на енергија која ја пренесуваше од сцената кон публиката, велат од МНТ.
Дипломира на Факултетот за драмски уметности, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Геогиевски, во 1991 г. На сцената на МНТ официјално е од 1993 г., иако како актер се појавува во претстави и пред дипломирањето. На сцената на МНТ ги оживеа и ги направи незаборавни: Далавера змејот во „Рекламна бајка“ (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни“ (1989), Уплавот во „Мир“ (1993), Целе Бумба во „Женски прилог за ноќта“ (1993), Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души“ (1994), Јован Ангел во „Лепа Ангелина“ (1995), Спасе во „МКС“ (1995), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви“ (1996), Макрото во „Едмонд“ (1997), Младичот во „Маме му ебам кој прв почна“ (1997), Брајан во „Шопинг анд факинг“ (1998), Антоан во „Мисија“ (1998), Ботар во „Носорог“ (1999), Арнолд Кримп во „Бетмен враќањето на црниот витез“ (1999), Капетан Лебјаткин во „Демони“ (2001), Крадецот во „Павилјони“ (2001), Трајан во „Балканот не е мртов“ (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје“ (2002), „Црна дупка“ (2003), Булдог во „Доле влада“ (2004), „Хамлет во транзиција“ (2004), Вадиус во „Една вечер со ..“ (2006), „Троил и Кресида“ (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови“ (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето“ (2013). Остана да сведочат филмовите и сериите за неговиот талент, ѕвездата која ја носеше и разбирливоста и лесното пренесување на ликовите кои ги имаше во себе. Останаа ненадминливите и секогаш препознатливи ликови: Дино во серијата „Трст виа Скопје (1990) (за која ја има добиено и награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување), Трајче во „Пред дождот“ (1994), Доре во „Преку езерото“ (1997), Безимениот во „Збогум на 20-от век“ (1998), Андарт во „Прашина (2001), Стипе Прикачин во „Бал-кан-кан“ (2005), Затвореникот Варден во „Контакт“ (2005), Коки Лабуд во „Некои поинакви приказни, сегмент: Македонска приказна“ (2010) и многу други. За времето и датумот на погребот дополнително ќе биде објавено.

The post Почина актерот Владимир Ендровски – Љац appeared first on Република.

]]>
Почина маестро Кире Костов https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochina-maestro-kire-kostov/ Thu, 27 Jul 2023 15:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=665954

Почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов.

Тажната вест на социјалните мрежи ја споделиja неговите семејни пријатели, Мирјана и Драган Даниловски.

Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970 до 1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа.

Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор - „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори. Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си - до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година. Бил уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика. Добитник е на бројни награди и признанија. Моментално е диригент на Бигбендот на МРТ, а на Факултетот за музичка уметност предава на отсекот за камерна музика - оркестар.

The post Почина маестро Кире Костов appeared first on Република.

]]>

Почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов. Тажната вест на социјалните мрежи ја споделиja неговите семејни пријатели, Мирјана и Драган Даниловски. Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970 до 1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа. Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор - „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори. Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си - до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година. Бил уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика. Добитник е на бројни награди и признанија. Моментално е диригент на Бигбендот на МРТ, а на Факултетот за музичка уметност предава на отсекот за камерна музика - оркестар.

The post Почина маестро Кире Костов appeared first on Република.

]]>
Почина Љубомир Бранѓолица, композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-lubomir-brangolitsa-kompozitor-koj-tvoreshe-vo-razlichni-zhanrovi-a-osobeno-se-istakna-so-muzikata-za-balet/ Mon, 24 Jul 2023 14:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=664815

На 90 годишна возраст, почина Љубомир Бранѓолица, најплоден домашен композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет, со творби за 18 целовечерни претстави.

Роден 1932 во Херцег Нови, Љубомир Бранѓолица, потекнува од музичко семејство и од дете посетувал часови по пијано, во Дубровник. Во Военото музичко училиште во Загреб се запишал 1946, а средното музичко образование го стекнал во Ријека. Откако не го примиле на отсекот за пијано, туку на теоретскиот смер, кусо се задржал на Музичката академија во Белград и 1950 почнал да работи во Салонскиот оркестар при Домот на ЈНА , со кој ја извел првата композиција „ Интермецо“. 1954 дошол да работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје, а од 1957 бил ангажиран во нашиот Балетскиот ансамбал, за кој напишал музика за 18 целовечерни претстави, меѓу кои е и неговото монументално дело „ Дубровничка легенда“, дополнува Џипунова.

Покрај музиката за балет, во богатиот опус на Бранѓолица има опери, камерни и хорски композиции, но и популарни песни и аранжмани на творби од наши и странски автори. Како композитор на филмска музика започнал 1964 година, со музиката за документарецот „ Кеј 13 Ноември“. За својата работа од Сојузот на композитори во 2006 година ја добил наградата за животно дело „ Трајко Прокопиев“.

Љубомир Бранѓолица ќе биде погребан утре во 09 часот, на гробиштата во Бутел. По него за вечноста останува дигитализираниот опус.

The post Почина Љубомир Бранѓолица, композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет appeared first on Република.

]]>

На 90 годишна возраст, почина Љубомир Бранѓолица, најплоден домашен композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет, со творби за 18 целовечерни претстави. Роден 1932 во Херцег Нови, Љубомир Бранѓолица, потекнува од музичко семејство и од дете посетувал часови по пијано, во Дубровник. Во Военото музичко училиште во Загреб се запишал 1946, а средното музичко образование го стекнал во Ријека. Откако не го примиле на отсекот за пијано, туку на теоретскиот смер, кусо се задржал на Музичката академија во Белград и 1950 почнал да работи во Салонскиот оркестар при Домот на ЈНА , со кој ја извел првата композиција „ Интермецо“. 1954 дошол да работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје, а од 1957 бил ангажиран во нашиот Балетскиот ансамбал, за кој напишал музика за 18 целовечерни претстави, меѓу кои е и неговото монументално дело „ Дубровничка легенда“, дополнува Џипунова. Покрај музиката за балет, во богатиот опус на Бранѓолица има опери, камерни и хорски композиции, но и популарни песни и аранжмани на творби од наши и странски автори. Како композитор на филмска музика започнал 1964 година, со музиката за документарецот „ Кеј 13 Ноември“. За својата работа од Сојузот на композитори во 2006 година ја добил наградата за животно дело „ Трајко Прокопиев“. Љубомир Бранѓолица ќе биде погребан утре во 09 часот, на гробиштата во Бутел. По него за вечноста останува дигитализираниот опус.  

The post Почина Љубомир Бранѓолица, композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет appeared first on Република.

]]>
Почина славниот холивудски актер кој доби Оскар и Тони https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pochina-slavniot-holivudski-akter-koj-dobi-oskar-i-toni/ Fri, 30 Jun 2023 15:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=656937

Познатиот американски актер, Алан Аркин, почина на 89-годишна возраст. Неговите синови Адам, Метју и Ентони ја потврдија смртта на нивниот татко во изјава за магазинот „Пипл“.

Нашиот татко беше уникатно талентирана сила на природата и како уметник и како човек. Вљубен сопруг, татко, дедо и прадедо, тој беше обожаван и длабоко ќе му недостасува“, се вели во соопштението.

Според „Вараети“, актерот починал во својот дом во Карлсбад, Калифорнија.

За време на неговата плодна кариера, Аркин, меѓу другото, освои и Оскар за улогата во мрачната комедија „Малата госпоѓица Саншајн“ од 2006 година, како и награда Тони во 1963 година за „Влези во смеење“.

The post Почина славниот холивудски актер кој доби Оскар и Тони appeared first on Република.

]]>

Познатиот американски актер, Алан Аркин, почина на 89-годишна возраст. Неговите синови Адам, Метју и Ентони ја потврдија смртта на нивниот татко во изјава за магазинот „Пипл“.
Нашиот татко беше уникатно талентирана сила на природата и како уметник и како човек. Вљубен сопруг, татко, дедо и прадедо, тој беше обожаван и длабоко ќе му недостасува“, се вели во соопштението.
Според „Вараети“, актерот починал во својот дом во Карлсбад, Калифорнија. За време на неговата плодна кариера, Аркин, меѓу другото, освои и Оскар за улогата во мрачната комедија „Малата госпоѓица Саншајн“ од 2006 година, како и награда Тони во 1963 година за „Влези во смеење“.

The post Почина славниот холивудски актер кој доби Оскар и Тони appeared first on Република.

]]>
Ин меморијам: Почина академскиот сликар Таки Павловски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/in-memorijam-pochina-akademskiot-slikar-taki-pavlovski/ Fri, 19 May 2023 16:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=642751

На 84 години, почина академскиот сликар Таки М. Павловски.

Павловски е роден во 1939 година во костурското село Желино. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Во 1975 г. престојувал во Париз како стипендист на француската Влада, а во 1995 и 1990 г. престојувал во Македонското ателје во Париз.

Член е на ДЛУМ од 1967 година. Има реализирано многубројни самостојни изложби во земјава и во странство, учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии и е добитник на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и „Гран при“ на ДЛУМ и „Зимски салон“ (1992), како и награда за сликарство „11 Октомври“ (1998).

The post Ин меморијам: Почина академскиот сликар Таки Павловски appeared first on Република.

]]>

На 84 години, почина академскиот сликар Таки М. Павловски. Павловски е роден во 1939 година во костурското село Желино. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Бил на студиски патувања во Будимпешта, Москва, Киев и Ленинград. Во 1975 г. престојувал во Париз како стипендист на француската Влада, а во 1995 и 1990 г. престојувал во Македонското ателје во Париз. Член е на ДЛУМ од 1967 година. Има реализирано многубројни самостојни изложби во земјава и во странство, учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии и е добитник на повеќе награди за сликарство, меѓу кои и „Гран при“ на ДЛУМ и „Зимски салон“ (1992), како и награда за сликарство „11 Октомври“ (1998).

The post Ин меморијам: Почина академскиот сликар Таки Павловски appeared first on Република.

]]>
На 47 години почина поетот и актер Марко Петрушевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-47-godini-pochina-poetot-i-akter-marko-petrushevski/ Wed, 17 May 2023 19:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=641915

Актерот и поет, филмски творец, критичар, есеист, радио водител и преведувач Марко Петрушевски, починал пред неколку дена во Скопје, на 47 години. Веста за неговата прераната смрт ја пренесе порталот „Окно“.

Марко Петрушевски беше истакнат детски актер, познат по улогите во сериите на ТВ Скопје „Бушава абука“, „Втората смена“ и „До-ре-ми“… Тој дипломирал на Драмскиот факултет во Скопје, а го завршил и Филолошкиот факултет, на отсекот за Општа и компаративна книжевност, каде подоцна и магистрирал.

Петрушевски во 2001 година објавил збирка поезија „Еден млад збунет човек“ и ја добил наградата за дебитантска поетска книга на Струшките вечери на поезијата.

Пишувал кратки раскази и записи, а три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ. Преведувал раскази од Чарлс Буковски, снимал видеа, кратки филмови и скечеви, пишувал филмска критика, а работел и како водител во радиото „Канал 103“.

The post На 47 години почина поетот и актер Марко Петрушевски appeared first on Република.

]]>

Актерот и поет, филмски творец, критичар, есеист, радио водител и преведувач Марко Петрушевски, починал пред неколку дена во Скопје, на 47 години. Веста за неговата прераната смрт ја пренесе порталот „Окно“. Марко Петрушевски беше истакнат детски актер, познат по улогите во сериите на ТВ Скопје „Бушава абука“, „Втората смена“ и „До-ре-ми“… Тој дипломирал на Драмскиот факултет во Скопје, а го завршил и Филолошкиот факултет, на отсекот за Општа и компаративна книжевност, каде подоцна и магистрирал. Петрушевски во 2001 година објавил збирка поезија „Еден млад збунет човек“ и ја добил наградата за дебитантска поетска книга на Струшките вечери на поезијата. Пишувал кратки раскази и записи, а три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ. Преведувал раскази од Чарлс Буковски, снимал видеа, кратки филмови и скечеви, пишувал филмска критика, а работел и како водител во радиото „Канал 103“.

The post На 47 години почина поетот и актер Марко Петрушевски appeared first on Република.

]]>
Почина отец Јован Таковски, професор кој ги преведе сите богослужбени книги од црковнословенски на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-otets-jovan-takovski-profesor-koj-gi-prevede-site-bogosluzhbeni-knigi-od-tsrkovnoslovenski-na-makedonski-jazik/ Thu, 20 Apr 2023 20:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=632638

На 82 години, на 19 април, почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски. Тој ги преведе сите богослужбени книги на МПЦ-ОА од црковно-словенски на македонски јазик, со што ги направи разбирливи за својот македонски народ и остави непроценливо богослужбено наследство.

Отец Јован Таковски – теолог, свештеник, професор, преведувач, завршил богословија во Приштина, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а постдипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Работел во Богословијата и на Богословскиот факултет во Скопје. Бил декан (2001–2004) на Факултетот и визитинг професор (2006) при Мелбурншкиот универзитет во Австралија. Ракоположен за ѓакон (1973) и во свештенички чин (1993). Член на литературните преведувачи на Македонија. Автор е на повеќе преводи и на научни прилози и одделни публикации.

Проројереј-ставрофор, проф д-р Јован Таковски целиот свој живот го има посветено на едукацијата на идните свештенослужители во црковно-просветните институции на Македонската православна црква, но истовремено има оставено значаен прилог во македонската научна и преведувачка дејност.

Непосредно веднаш по отворањето во 1969 година станува професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“, а на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ е од неговото основање, се до заминувањето во пензија. За време на наставничката дејност станува автор на некои од првите богословски учебници и граматики, а истовремено активно се ангажира на преводи на значајни богословски дела.

Во богатата научна и преведувачка дејност, посебно се истакнува со преводите на делата на свети Климент Охридски (слова, поуки и житија) од досега најстарите пронајдени ракописи од XII и XIII век на старословенски јазик, кои на тој начин за првпат стануваат достапни за македонската јавност, како и преводите од црковнословенски јазик на сите богослужбени книги (посен и цветен триод, октоих, двотомното издание на избор од минеи, потоа минеи за сите дванаесет месеци, ирмологиј). Станува збор за веројатно единствените комплетни преводи на сите богослужбени книги на некој современ словенски јазик! Теологијата на свети Климент Охридски, пак, е предмет и на неговото научно истражување за докторската теза, со посебен осврт врз просвештението во неговите дела.

За постигнатите исклучителни резултати од долгогодишната научна, образовна и книжевна дејност од областа на богословските науки, добитник е на државното признание „Медал за заслуги за Македонија“. Беше почесен претседател на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.

The post Почина отец Јован Таковски, професор кој ги преведе сите богослужбени книги од црковнословенски на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

На 82 години, на 19 април, почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски. Тој ги преведе сите богослужбени книги на МПЦ-ОА од црковно-словенски на македонски јазик, со што ги направи разбирливи за својот македонски народ и остави непроценливо богослужбено наследство. Отец Јован Таковски – теолог, свештеник, професор, преведувач, завршил богословија во Приштина, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а постдипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Работел во Богословијата и на Богословскиот факултет во Скопје. Бил декан (2001–2004) на Факултетот и визитинг професор (2006) при Мелбурншкиот универзитет во Австралија. Ракоположен за ѓакон (1973) и во свештенички чин (1993). Член на литературните преведувачи на Македонија. Автор е на повеќе преводи и на научни прилози и одделни публикации. Проројереј-ставрофор, проф д-р Јован Таковски целиот свој живот го има посветено на едукацијата на идните свештенослужители во црковно-просветните институции на Македонската православна црква, но истовремено има оставено значаен прилог во македонската научна и преведувачка дејност. Непосредно веднаш по отворањето во 1969 година станува професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“, а на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ е од неговото основање, се до заминувањето во пензија. За време на наставничката дејност станува автор на некои од првите богословски учебници и граматики, а истовремено активно се ангажира на преводи на значајни богословски дела. Во богатата научна и преведувачка дејност, посебно се истакнува со преводите на делата на свети Климент Охридски (слова, поуки и житија) од досега најстарите пронајдени ракописи од XII и XIII век на старословенски јазик, кои на тој начин за првпат стануваат достапни за македонската јавност, како и преводите од црковнословенски јазик на сите богослужбени книги (посен и цветен триод, октоих, двотомното издание на избор од минеи, потоа минеи за сите дванаесет месеци, ирмологиј). Станува збор за веројатно единствените комплетни преводи на сите богослужбени книги на некој современ словенски јазик! Теологијата на свети Климент Охридски, пак, е предмет и на неговото научно истражување за докторската теза, со посебен осврт врз просвештението во неговите дела. За постигнатите исклучителни резултати од долгогодишната научна, образовна и книжевна дејност од областа на богословските науки, добитник е на државното признание „Медал за заслуги за Македонија“. Беше почесен претседател на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.  

The post Почина отец Јован Таковски, професор кој ги преведе сите богослужбени книги од црковнословенски на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Почина новинарот Љупчо Јакимовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-novinarot-lupcho-jakimovski/ Tue, 07 Mar 2023 07:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=616645

По кратко боледување на 61 година во Скопје почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ.

Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година во охридското село Велестово. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.

Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио-телевизија, функција која ја извршува до 2002 година.

Во 2006 година е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, на која функција е 11 години, се до 2017.

Љупчо Јакимоски ќе биде погребан в среда, 8 март, во родното Велестово.

The post Почина новинарот Љупчо Јакимовски appeared first on Република.

]]>

По кратко боледување на 61 година во Скопје почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ. Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година во охридското село Велестово. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ. Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио-телевизија, функција која ја извршува до 2002 година. Во 2006 година е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, на која функција е 11 години, се до 2017. Љупчо Јакимоски ќе биде погребан в среда, 8 март, во родното Велестово.

The post Почина новинарот Љупчо Јакимовски appeared first on Република.

]]>
На 27 години почина актерот Остин Мејџорс од „Како ја запознав мајка ви“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/na-27-godini-pochina-akterot-ostin-mejdhors-od-kako-ja-zapoznav-majka-vi/ Thu, 16 Feb 2023 15:30:17 +0000 https://republika.mk/?p=609851

Поранешниот холивудски детски актер Остин Мејџорс, најпознат по улогата во серијата „NYPD Blue“, почина на 27-годишна возраст.

Полицијата соопшти дека поранешниот актер починал во дом за бездомници откако најверојатно проголтал поголема количина фентанил, пренесува „ТМЗ“.

Денеска треба да биде завршена обдукцијата на неговото тело, а конечните резултати од токсикологијата се очекуваат за неколку месеци.

Тажната вест ја соопшти неговото семејство.

Остин беше уметничко, брилијантно и љубезно човечко суштествоБеше многу горд и уживаше во својата актерска кариера. Дипломирал на УСЦ школата за филмска уметност, сакал режија и музичка продукција. Неговата цел во животот беше да ги направи луѓето среќни, се вели во соопштението.

Освен во улогата во горенаведената серија, тој глумеше и во многу други серии кога беше дете. Неговата последна улога беше во епизодата од серијата „Како ја запознав мајка ви“ во 2009 година.

The post На 27 години почина актерот Остин Мејџорс од „Како ја запознав мајка ви“ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот холивудски детски актер Остин Мејџорс, најпознат по улогата во серијата „NYPD Blue“, почина на 27-годишна возраст. Полицијата соопшти дека поранешниот актер починал во дом за бездомници откако најверојатно проголтал поголема количина фентанил, пренесува „ТМЗ“. Денеска треба да биде завршена обдукцијата на неговото тело, а конечните резултати од токсикологијата се очекуваат за неколку месеци. Тажната вест ја соопшти неговото семејство.
Остин беше уметничко, брилијантно и љубезно човечко суштествоБеше многу горд и уживаше во својата актерска кариера. Дипломирал на УСЦ школата за филмска уметност, сакал режија и музичка продукција. Неговата цел во животот беше да ги направи луѓето среќни, се вели во соопштението.
Освен во улогата во горенаведената серија, тој глумеше и во многу други серии кога беше дете. Неговата последна улога беше во епизодата од серијата „Како ја запознав мајка ви“ во 2009 година.

The post На 27 години почина актерот Остин Мејџорс од „Како ја запознав мајка ви“ appeared first on Република.

]]>
Почина Милан Завков https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochina-milan-zavkov/ Tue, 07 Feb 2023 07:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=605734

Ненадејно, во 61-та година од животот почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков.

Почитувани, со голема тага и во неверување ви ја пренесуваме жалната вест дека ненадејно, во 61-та година од животот, почина врвниот инструменталист и композитор, првенецот на „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, Милан Завков, објави утрово Националната установа - ансамбл за народни игри и песни „Танец“ - Скопје на својот официјален Фејсбук профил.

Од „Танец“ потсетуваат дека љубовта кон музиката на Милан Завков почнува од детството. Тој почнал да свири хармоника од осумгодишна возраст, а веќе на четиринаесет години станува член на оркестарот на тогашниот „Млад Танец“ со кој раководел Ѓорѓи Димчевски. Потоа, неговите младински денови ги поминува свирејќи во Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“, уште тогаш знаејќи дека музиката ќе стане негова животна и професионална определба. Во тоа време на Факултетот за музичка уметност во Скопје сè уште не постоеле студии по хармоника и така Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти.

Но, без разлика на видот на дипломата, Милан Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор - хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера. Во 1970-та година, со популарниот „Октет Македонија“ ја снима својата прва плоча, а во својата натчетиридецениска кариера на полето на народната музика, самостојно, во различни соработки, како и со познатата група „Македонски мерак“ остварува врвни музички интерпретации и сигнификатен опус на композиции и аранжмани за бројни изведувачи, соопшти „Танец“.

The post Почина Милан Завков appeared first on Република.