имран кан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/imran-kan/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jan 2024 13:59:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png имран кан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/imran-kan/ 32 32 Врховниот суд на Пакистан и забрани на партијата на поранешниот премиер Имран Кан да учествува на изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vrhovniot-sud-na-pakistan-i-zabrani-na-partijata-na-poraneshniot-premier-imran-kan-da-uchestvuva-na-izborite/ Sun, 14 Jan 2024 13:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=732918

Врховниот суд на Пакистан и забрани на партијата на поранешниот премиер, Имран Кан, да учествува на изборите и одлуката е голем удар за партијата која сè уште е популарна меѓу народот.

Во одлуката се наведува дека Врховниот суд и забранува на партијата на Кан да го користи партискиот симбол - палката за крикет, на гласачките ливчиња поради неодржување задолжителни внатрепартиски избори. Одлуката значи дека стотици кандидати од пакистанскиот Техрик-е-Инсааф (ПТИ) ќе се натпреваруваат на изборите како независни и ќе им бидат доделени различни изборни симболи.

Овој потег веројатно ќе им отежне на повеќе од 100 милиони граѓани со право на глас да ги најдат своите фаворити на општите избори закажани за 8 февруари.

Членовите на партијата ја осудија одлуката.

Одлуката на највисокиот суд уште повеќе ги извалка овие лажни избори, изјави Зулфи Бухари, функционер на ПТИ и близок соработник на поранешниот премиер.

Минатиот месец, изборните власти ја отфрлија кандидатурата на Кан за претстојните избори. Кан е во затвор од август, соочен со десетина обвиненија, од корупција до објавување тајна дипломатска кореспонденција.

Од друга страна, одлуката на највисокиот суд во земјата минатата недела му го отвори патот на поранешниот премиер Наваз Шариф да се кандидира за рекорден четврти мандат.

Шариф, кој трипати владееше со Пакистан, но никогаш не можеше да го заврши мандатот поради несогласувањата со војската, повторно е фаворит.

И Кан и Шариф доживеаја политички неуспеси откако паднаа во немилост кај моќните воени фигури.

Од основањето на државата во 1947 година, јужноазиската земја, која се наоѓа меѓу Индија и Авганистан, постојано доживува немири и нестабилност, а можната армија повеќе од половина од тоа време владееше со земјата.

The post Врховниот суд на Пакистан и забрани на партијата на поранешниот премиер Имран Кан да учествува на изборите appeared first on Република.

]]>

Врховниот суд на Пакистан и забрани на партијата на поранешниот премиер, Имран Кан, да учествува на изборите и одлуката е голем удар за партијата која сè уште е популарна меѓу народот. Во одлуката се наведува дека Врховниот суд и забранува на партијата на Кан да го користи партискиот симбол - палката за крикет, на гласачките ливчиња поради неодржување задолжителни внатрепартиски избори. Одлуката значи дека стотици кандидати од пакистанскиот Техрик-е-Инсааф (ПТИ) ќе се натпреваруваат на изборите како независни и ќе им бидат доделени различни изборни симболи. Овој потег веројатно ќе им отежне на повеќе од 100 милиони граѓани со право на глас да ги најдат своите фаворити на општите избори закажани за 8 февруари. Членовите на партијата ја осудија одлуката.
Одлуката на највисокиот суд уште повеќе ги извалка овие лажни избори, изјави Зулфи Бухари, функционер на ПТИ и близок соработник на поранешниот премиер.
Минатиот месец, изборните власти ја отфрлија кандидатурата на Кан за претстојните избори. Кан е во затвор од август, соочен со десетина обвиненија, од корупција до објавување тајна дипломатска кореспонденција. Од друга страна, одлуката на највисокиот суд во земјата минатата недела му го отвори патот на поранешниот премиер Наваз Шариф да се кандидира за рекорден четврти мандат. Шариф, кој трипати владееше со Пакистан, но никогаш не можеше да го заврши мандатот поради несогласувањата со војската, повторно е фаворит. И Кан и Шариф доживеаја политички неуспеси откако паднаа во немилост кај моќните воени фигури. Од основањето на државата во 1947 година, јужноазиската земја, која се наоѓа меѓу Индија и Авганистан, постојано доживува немири и нестабилност, а можната армија повеќе од половина од тоа време владееше со земјата.

The post Врховниот суд на Пакистан и забрани на партијата на поранешниот премиер Имран Кан да учествува на изборите appeared first on Република.

]]>
Пакистанскиот премиер предупреди дека има странски заговор за соборување на неговата Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pakistanskiot-premier-predupredi-deka-ima-stranski-zagovor-za-soboruvanje-na-negovata-vlada/ Sun, 27 Mar 2022 17:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=479431

Пакистанскиот премиер, Имран Кан, на митинг изјави дека има луѓе во земјата кои заговараат соборување на неговата влада и дека заговорот има странска поддршка.

Добивме закана во писмена форма и јас за тоа имам докази - истакна Кан за време на обраќањето на митингот на приврзаниците на неговата партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) во главниот град.

Во внимателно формулираната изјава што ја прочита на крајот од неговото двочасовно обраќање, Кан соопшти дека од него било побарано да се повлече поради „национален интерес“, но не даде дополнителни детали за понудата.

Нема да правиме компромиси за националните интереси - порача пакистанскиот премиер.

Кан додаде дека знаел дека луѓето кои дејствуваат по налог на странски сили сакаат да ја соборат неговата влада и дека е свесен за сите детали и дека наскоро ќе ги објави во јавноста.

Во меѓувреме, десетици илјади активисти од неговата партија маршираа низ Исламабад во знак на поддршка, пред гласањето за недоверба на владата, што се очекува следната недела.

Кан, кој во моментов се соочува со пребегнување на членови на неговата партија, кажа дека се надева дека ќе победи на гласањето.

Опозицискиот сојуз предводен од партијата на поранешниот премиер Наваз Шариф го обвинува Кан за лошо владеење и затоа против него на 8 март почна парламентарен процес што може да доведе до негово соборување преку изгласување недоверба на владата.

Ниту еден пакистански премиер досега не го завршил својот мандат. Мандатот на Кан треба да трае до август 2023 година. Тој дојде на власт во 2018 година на националните избори што беа заматени со наводите дека бил поддржан од моќната војска во земјата.

The post Пакистанскиот премиер предупреди дека има странски заговор за соборување на неговата Влада appeared first on Република.

]]>

Пакистанскиот премиер, Имран Кан, на митинг изјави дека има луѓе во земјата кои заговараат соборување на неговата влада и дека заговорот има странска поддршка.
Добивме закана во писмена форма и јас за тоа имам докази - истакна Кан за време на обраќањето на митингот на приврзаниците на неговата партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) во главниот град.
Во внимателно формулираната изјава што ја прочита на крајот од неговото двочасовно обраќање, Кан соопшти дека од него било побарано да се повлече поради „национален интерес“, но не даде дополнителни детали за понудата.
Нема да правиме компромиси за националните интереси - порача пакистанскиот премиер.
Кан додаде дека знаел дека луѓето кои дејствуваат по налог на странски сили сакаат да ја соборат неговата влада и дека е свесен за сите детали и дека наскоро ќе ги објави во јавноста. Во меѓувреме, десетици илјади активисти од неговата партија маршираа низ Исламабад во знак на поддршка, пред гласањето за недоверба на владата, што се очекува следната недела. Кан, кој во моментов се соочува со пребегнување на членови на неговата партија, кажа дека се надева дека ќе победи на гласањето. Опозицискиот сојуз предводен од партијата на поранешниот премиер Наваз Шариф го обвинува Кан за лошо владеење и затоа против него на 8 март почна парламентарен процес што може да доведе до негово соборување преку изгласување недоверба на владата. Ниту еден пакистански премиер досега не го завршил својот мандат. Мандатот на Кан треба да трае до август 2023 година. Тој дојде на власт во 2018 година на националните избори што беа заматени со наводите дека бил поддржан од моќната војска во земјата.

The post Пакистанскиот премиер предупреди дека има странски заговор за соборување на неговата Влада appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Пакистан и одговори на ЕУ на барањето за санкции против Русија: Не сме ваши робови за да правиме се што ќе кажете https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/premierot-na-pakistan-i-odgovori-na-eu-na-baranjeto-za-sankcii-protiv-rusija-ne-sme-vashi-robovi-za-da-pravime-se-shto-kje-kazete/ Sat, 12 Mar 2022 19:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=471831

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, ги нападна земјите на Европската Унија поради нивните барања Пакистан да гласа против Русија за време на неодамна одржаната седница на Генералното собрание на Обединетите Нации. Во својата реакција, Кан ги праша Европјаните дали тие можеби ги сметаат Пакистанците за свои „робови“.

Говорејќи на јавен собир, Кан се осврна на писмото коештона 1 март го објавија шефовите на 22 дипломатски мисии, вклучувајќи ги  тие на земјите членки на ЕУ, во кое го повикуваат Пакистан да ја поддржи резолуцијата во Генералното собрание на ОН со која се осудува руската воена акција во Украина.

Пакистан, кој е традиционален сојузник на Западот, беше воздржан на гласањето.

Дали го испративте ова исто писмо на Индија? Кога Индија ги прекрши меѓународните закониво окупираниот Кашмир, дали некој од вас ги прекина врските со Индија или ја прекина трговијата. Дали ние сме ваши робови па да треба да правиме се што вие ќе кажете - порача Кан.

Тој додаде дека нема да поддржи ниту една земја во војна, но дека „ќе направи исчекор во поддршката за сите коишто сакаат мир.

Имаме пријателства со САД, Русија, Кина и Европа. Не сме во ниту еден табор. Затоа што сме неутрални ќе се обидеме да соработуваме со овие земји во обид да ја завршиме оваа војна во Украина - изјави Кан.

Кан и неговата влада се најдоа во центарот на вниманието откако тој замина во посета на Москва кон крајот на февруари. Тој се сретна со рускиот претседател, Владимир Путин, неколку часа откако то ја издаде наредбата руските трупи да ја почнат воената акција.

The post Премиерот на Пакистан и одговори на ЕУ на барањето за санкции против Русија: Не сме ваши робови за да правиме се што ќе кажете appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, ги нападна земјите на Европската Унија поради нивните барања Пакистан да гласа против Русија за време на неодамна одржаната седница на Генералното собрание на Обединетите Нации. Во својата реакција, Кан ги праша Европјаните дали тие можеби ги сметаат Пакистанците за свои „робови“. Говорејќи на јавен собир, Кан се осврна на писмото коештона 1 март го објавија шефовите на 22 дипломатски мисии, вклучувајќи ги  тие на земјите членки на ЕУ, во кое го повикуваат Пакистан да ја поддржи резолуцијата во Генералното собрание на ОН со која се осудува руската воена акција во Украина. Пакистан, кој е традиционален сојузник на Западот, беше воздржан на гласањето.