импичмент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/impichment/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jul 2023 12:52:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png импичмент Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/impichment/ 32 32 Стотици граѓани протестираа во Софија и повикаа на импичмент на Румен Радев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/stotitsi-gragani-protestiraa-vo-sofija-i-povikaa-na-impichment-na-rumen-radev/ Thu, 20 Jul 2023 12:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=663550

Во центарот на Софија синоќа стотици граѓани повикаа на импичмент на Румен Радев, по неговата изјава дека  „Украина инсистира да ја води оваа војна“ , која ги налути граѓаните.

Луѓето скандираа „Ова не е Москва“ и „Радев е срам“.

На протестот се приклучи и граѓанското здружение БОЕЦ кое веќе собрало 10.000 потписи за импичмент на Радев.

The post Стотици граѓани протестираа во Софија и повикаа на импичмент на Румен Радев appeared first on Република.

]]>

Во центарот на Софија синоќа стотици граѓани повикаа на импичмент на Румен Радев, по неговата изјава дека  „Украина инсистира да ја води оваа војна“ , која ги налути граѓаните. Луѓето скандираа „Ова не е Москва“ и „Радев е срам“. На протестот се приклучи и граѓанското здружение БОЕЦ кое веќе собрало 10.000 потписи за импичмент на Радев.

The post Стотици граѓани протестираа во Софија и повикаа на импичмент на Румен Радев appeared first on Република.

]]>
Бугарија има двотретинско мнозинство за смена на Румен Радев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-ima-dvotretinsko-mnozinstvo-za-smena-na-rumen-radev/ Thu, 08 Jun 2023 14:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=649300

Двотретинско мнозинство за импичмент врз актуелниот бугарски претседател во Бугарија веќе постои, а оваа иницијатива потекнува од поранешниот шеф на бугарската тајна служба Атанас Атанасов, пренесува ДојчеВеле. Според информациите кои ги објави „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ постапката би можела да биде покрената поради фактот што претседателот Румен Радев ја запре испораката на оружје за Украина која беше одобрена лани во ноември.

Прашањето дали оваа одлука може биде спорна лежи во фактот дека испораката на оружје била изгласана со мнозинство, но во време кога Бугарија имаше техничка, а не стандардна влада.

Радев бил воен пилот во времето на Варшавскиот пакт и според некои аналитичари е под влијание на размислувањата од времето на комунизмот во Бугарија. Како аргумент за тоа се наведува дека тој повеќе пати досега се изјасни против воената помош за Украина.

The post Бугарија има двотретинско мнозинство за смена на Румен Радев appeared first on Република.

]]>

Двотретинско мнозинство за импичмент врз актуелниот бугарски претседател во Бугарија веќе постои, а оваа иницијатива потекнува од поранешниот шеф на бугарската тајна служба Атанас Атанасов, пренесува ДојчеВеле. Според информациите кои ги објави „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ постапката би можела да биде покрената поради фактот што претседателот Румен Радев ја запре испораката на оружје за Украина која беше одобрена лани во ноември. Прашањето дали оваа одлука може биде спорна лежи во фактот дека испораката на оружје била изгласана со мнозинство, но во време кога Бугарија имаше техничка, а не стандардна влада. Радев бил воен пилот во времето на Варшавскиот пакт и според некои аналитичари е под влијание на размислувањата од времето на комунизмот во Бугарија. Како аргумент за тоа се наведува дека тој повеќе пати досега се изјасни против воената помош за Украина.

The post Бугарија има двотретинско мнозинство за смена на Румен Радев appeared first on Република.

]]>
ФАЦ: Се подготвува импичмент за Радев? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fats-se-podgotvuva-impichment-za-radev/ Thu, 08 Jun 2023 08:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=649095

Новата бугарска влада би можела да отпочне постапка за отповикување на претседателот Румен Радев поради запрената испорака на оружје за Украина, пишува весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, а пренесува DW. Неопходното двотретинско мнозинство во парламентот за тој потег веќе постои, а потоа во рок од еден месец ќе треба да се изјасни и Уставниот суд на Бугарија. Доколку Судот пресуди дека претседателот го прекршил Уставот или извршил велепредавство, тој ќе биде отповикан.

Иницијативата доаѓа од поранешниот шеф на бугарската тајна служба Атанас Атанасов, кој предводи една мала прозападна партија во новата владина коалиција. Тој укажува на заклучок на парламентот од ноември 2022 година, во кој, со големо мнозинство, беше одобрена испорака на оружје за Украина.

Но, одлуката имаше една специфика: парламентарното мнозинство кое ја донесе одлуката, не беше владино мнозинство. Во моментот на гласањето немаше избрана мнозинска влада, туку техничка, која ја именуваше претседателот Румен Радев. Тој е поранешен воен пилот од времето на Варшавскиот пакт, кој со својата реторика, меѓу другото и во спорот со Македонија, постојано покажува колку времето на Советскиот Сојуз и бугарскиот комунизам го обликувале неговото размислување. Радев одлучно се изјаснува против воена помош за Украина.

The post ФАЦ: Се подготвува импичмент за Радев? appeared first on Република.

]]>

Новата бугарска влада би можела да отпочне постапка за отповикување на претседателот Румен Радев поради запрената испорака на оружје за Украина, пишува весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, а пренесува DW. Неопходното двотретинско мнозинство во парламентот за тој потег веќе постои, а потоа во рок од еден месец ќе треба да се изјасни и Уставниот суд на Бугарија. Доколку Судот пресуди дека претседателот го прекршил Уставот или извршил велепредавство, тој ќе биде отповикан. Иницијативата доаѓа од поранешниот шеф на бугарската тајна служба Атанас Атанасов, кој предводи една мала прозападна партија во новата владина коалиција. Тој укажува на заклучок на парламентот од ноември 2022 година, во кој, со големо мнозинство, беше одобрена испорака на оружје за Украина. Но, одлуката имаше една специфика: парламентарното мнозинство кое ја донесе одлуката, не беше владино мнозинство. Во моментот на гласањето немаше избрана мнозинска влада, туку техничка, која ја именуваше претседателот Румен Радев. Тој е поранешен воен пилот од времето на Варшавскиот пакт, кој со својата реторика, меѓу другото и во спорот со Македонија, постојано покажува колку времето на Советскиот Сојуз и бугарскиот комунизам го обликувале неговото размислување. Радев одлучно се изјаснува против воена помош за Украина.

The post ФАЦ: Се подготвува импичмент за Радев? appeared first on Република.

]]>