имоти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/imoti/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 12:29:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png имоти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/imoti/ 32 32 Петрушевски до Ковачевски: Зошто ги штитите функционерите кои кријат имот или и самите криете имот стекнат преку аферата „Броило“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrushevski-do-kovachevski-zoshto-gi-shtitite-funkcionerite-koi-krijat-imot-ili-i-samite-kriete-imot-steknat-preku-aferata-broilo/ Thu, 27 Oct 2022 12:24:35 +0000 https://republika.mk/?p=566376

123 функционери кријат 30 милиони евра вреден имот со месеци, а дел од нив и со години, односно не поднеле анкетни листови иако за тоа имаат законска обврска. Со месеци па дури и со години ДКСК не покренала постапка.  Дали со ова се праќа порака дека може да се прави криминал и доколку си член на СДС И ДУИ нема да одговараш.  Што се крие и кој се крие во аферата Тајни имоти, па власта се спрегна во релативизирање, пуштајќи дури и тези дека не се работело за првиот ешалон на власта, туку за вториот или третиот”, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Според него криењето на имот од над сто функционери не може никако да е случајност, туку тука постои основано сомнение дека се работи за системско криење на имот.

И веќе четврти ден наместо одговорност и оставки  од функционерите, гледаме бледи соопштенија и обиди за маргинализирање на случајот.  Доколку не станува збор за системско криење, тогаш Ковачевски треба да побара пресек од Антикорупциска комисија на сите функционери кои не пријавиле имот и истите да ги разреши веднаш затоа што не го почитуваат законот”, рече Петрушевски.

Пратеникот посочи дека доколку не го направи тоа Ковачевски фрла само поголем сомнеж дека се работи за системско криење на имот.

Едноставно не може да не знаеле дека имаат законска обврска да го пријават имотот”, рече Петрушевски кој упати едно прашање до премиерот Димитар Ковачевски кое гласи „зошто ги штитите функционерите кои кријат имот или и самите криете имот стекнат преку аферата „Броило”. Второ прашање го упати до претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, „колку вкупно функционери по стапување на функција, или во рок од 30 дена по стапување на истата немаат поднесено анкетни листови”.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски имот стекнат врз грбот на граѓаните истакна премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.

Со судска пресуда од предметот Талир 2 е докажано  дека  дворецот што вреди седум милиони  евра е незаконски и криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. Тоа значи дека тие кои тогаш биле на власт, краделе од граѓаните, граделе имот, се луксузирале, и на незаконски начин изградиле објект додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, во време кога минималната плата беше 9.000 денари двојно помалку од денес, кога социјалната помош беше три пати помала од денес.

Се злоупотребувале милионски суми на пари, се злоупотребувале процедурите, Деталниот урбанистички план за таа зграда е три пати менуван за да може ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Таа шема е докажана на суд.

Затоа кога се зборува имот, прво треба да се погледне во сопствениот двор, посочи Ковачевски.

Ковачевски порача дека секој државен функционер мора да го пријави до Државната комисија за спречување корупција и за тоа отстапка нема.

Секој функционер, без разлика од која политичка партија доаѓа, без разлика на која државна позиција е должен согласно закон, да поднесе анкетен лист за се она што го поседува до Државната комисија за спречување корупција. Сите оние кои не го сториле тоа во законскиот рок треба да бидат санкционирани согласно законот. И од тоа никој никогаш не добил заштита ниту од мене, ниту од кој било друг член на Владата.

Се што јас поседувам сум го стекнал низ 22 годишната кариера и сето тоа е пријавено во ДКСК и секоја промена навремено е доставена до ДКСК.

Вие фабрикувавте афера која нема никаква основа, а ја фабрикувавте затоа што вашата партија, вашиот претседател и вашата градоначалничка на Град Скопје се најдовте во средиште на огромна афера која сами си ја отворивте и себе си се обвинувавте кој какви тендери местел во Водовод Скопје, кој какви вработувања правел, бидејќи тоа беше единственото нешто за кое се зборуваше, вие решивте да фабрикувате афера, порача Ковачевски.

The post Петрушевски до Ковачевски: Зошто ги штитите функционерите кои кријат имот или и самите криете имот стекнат преку аферата „Броило“ appeared first on Република.

]]>

123 функционери кријат 30 милиони евра вреден имот со месеци, а дел од нив и со години, односно не поднеле анкетни листови иако за тоа имаат законска обврска. Со месеци па дури и со години ДКСК не покренала постапка.  Дали со ова се праќа порака дека може да се прави криминал и доколку си член на СДС И ДУИ нема да одговараш.  Што се крие и кој се крие во аферата Тајни имоти, па власта се спрегна во релативизирање, пуштајќи дури и тези дека не се работело за првиот ешалон на власта, туку за вториот или третиот”, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Според него криењето на имот од над сто функционери не може никако да е случајност, туку тука постои основано сомнение дека се работи за системско криење на имот.

И веќе четврти ден наместо одговорност и оставки  од функционерите, гледаме бледи соопштенија и обиди за маргинализирање на случајот.  Доколку не станува збор за системско криење, тогаш Ковачевски треба да побара пресек од Антикорупциска комисија на сите функционери кои не пријавиле имот и истите да ги разреши веднаш затоа што не го почитуваат законот”, рече Петрушевски.

Пратеникот посочи дека доколку не го направи тоа Ковачевски фрла само поголем сомнеж дека се работи за системско криење на имот.

Едноставно не може да не знаеле дека имаат законска обврска да го пријават имотот”, рече Петрушевски кој упати едно прашање до премиерот Димитар Ковачевски кое гласи „зошто ги штитите функционерите кои кријат имот или и самите криете имот стекнат преку аферата „Броило”. Второ прашање го упати до претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска, „колку вкупно функционери по стапување на функција, или во рок од 30 дена по стапување на истата немаат поднесено анкетни листови”.

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски имот стекнат врз грбот на граѓаните истакна премиерот Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.
Со судска пресуда од предметот Талир 2 е докажано  дека  дворецот што вреди седум милиони  евра е незаконски и криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните. Тоа значи дека тие кои тогаш биле на власт, краделе од граѓаните, граделе имот, се луксузирале, и на незаконски начин изградиле објект додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, во време кога минималната плата беше 9.000 денари двојно помалку од денес, кога социјалната помош беше три пати помала од денес. Се злоупотребувале милионски суми на пари, се злоупотребувале процедурите, Деталниот урбанистички план за таа зграда е три пати менуван за да може ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел. Таа шема е докажана на суд. Затоа кога се зборува имот, прво треба да се погледне во сопствениот двор, посочи Ковачевски.
Ковачевски порача дека секој државен функционер мора да го пријави до Државната комисија за спречување корупција и за тоа отстапка нема.
Секој функционер, без разлика од која политичка партија доаѓа, без разлика на која државна позиција е должен согласно закон, да поднесе анкетен лист за се она што го поседува до Државната комисија за спречување корупција. Сите оние кои не го сториле тоа во законскиот рок треба да бидат санкционирани согласно законот. И од тоа никој никогаш не добил заштита ниту од мене, ниту од кој било друг член на Владата. Се што јас поседувам сум го стекнал низ 22 годишната кариера и сето тоа е пријавено во ДКСК и секоја промена навремено е доставена до ДКСК. Вие фабрикувавте афера која нема никаква основа, а ја фабрикувавте затоа што вашата партија, вашиот претседател и вашата градоначалничка на Град Скопје се најдовте во средиште на огромна афера која сами си ја отворивте и себе си се обвинувавте кој какви тендери местел во Водовод Скопје, кој какви вработувања правел, бидејќи тоа беше единственото нешто за кое се зборуваше, вие решивте да фабрикувате афера, порача Ковачевски.

The post Петрушевски до Ковачевски: Зошто ги штитите функционерите кои кријат имот или и самите криете имот стекнат преку аферата „Броило“ appeared first on Република.

]]>
123 функционери од СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/123-funkcioneri-od-sdsm-i-dui-krijat-imot-od-30-milioni-evra/ Mon, 24 Oct 2022 11:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=564953

Државни функционери, избрани и именувани лица, директори, раководители, истовремено и партиски функционери на СДСМ и на ДУИ, 123 на број, иако имале обврска да го пријават имотот што го поседуваат, тоа не го сториле. Според наша проценка станува збор за имот вреден 30 милиони евра. Сите тие од денеска имаат рок од 24 часа да го пријават имотот во Државаната комисија за спречување на корупцијата, во спротивно после овој рок ние ќе почнеме со објавување на имињата и на имотите на овие функционери, изјави на конференцијата за медиумите пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

Петрушевски потсетува дека законскиот рок за пријавување на приватниот имот за државните функционери е 30 дена, а во овие 123 случаи станува збор за со месеци и години непочитување на овој рок.

На списокот кој го поседуваме има куќи, станови, викендици, деловни простории кои се скриени од очите на јавноста. На овој список се државни функционери, претседатели на комисии, директори, раководни луѓе на институции. Поголемиот дел од нив директно поставени од владата и функционери во партиите на власт.

Пет години власт на СДС, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра. Ги поседуваме сите детали.

Новата афера 'Тајни имоти', е уште еден показател како власта функционира надвор од законите, заштитувајќи ги прекршителите на истите, кои во овој случај се избрани и именувани функционери, а чија обврска е да служат на граѓаните на Македонија.

Со СДС на власт, овие функционери, очигледно служат само на нивната партија и на човекот кој ги именува преку седници на влада.

Овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција. Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ но не помалку важно кон криење на своите имоти. Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити.

Воедно институциите како Државната комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, кои се формирани за спречување на ваквите дејства, практично се соучесници во шемата која ја креира власта и се нивни заштитници.

Сметаме дека се работи за ново злосторничко здружување и организирано криење на имоти. Антикорупциската комисија е должна да води точна прецизна и навремена евиденција за поднесување на анкетните листови од страна на функционерите, кои имаат обврска во рок од 30 дена од нивното именување да поднесат анкетни листови. Треба да се постави и прашањето зошто антикорупциската постои ако точно 123 лица функционери го кријат својот имот“, рече Петрушевски.

https://youtu.be/Ph3YUOFp6NE

The post 123 функционери од СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Државни функционери, избрани и именувани лица, директори, раководители, истовремено и партиски функционери на СДСМ и на ДУИ, 123 на број, иако имале обврска да го пријават имотот што го поседуваат, тоа не го сториле. Според наша проценка станува збор за имот вреден 30 милиони евра. Сите тие од денеска имаат рок од 24 часа да го пријават имотот во Државаната комисија за спречување на корупцијата, во спротивно после овој рок ние ќе почнеме со објавување на имињата и на имотите на овие функционери, изјави на конференцијата за медиумите пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Петрушевски потсетува дека законскиот рок за пријавување на приватниот имот за државните функционери е 30 дена, а во овие 123 случаи станува збор за со месеци и години непочитување на овој рок.
На списокот кој го поседуваме има куќи, станови, викендици, деловни простории кои се скриени од очите на јавноста. На овој список се државни функционери, претседатели на комисии, директори, раководни луѓе на институции. Поголемиот дел од нив директно поставени од владата и функционери во партиите на власт. Пет години власт на СДС, 123 именувани функционери на државни позиции кријат имот вреден 30 милиони евра. Ги поседуваме сите детали.
Новата афера 'Тајни имоти', е уште еден показател како власта функционира надвор од законите, заштитувајќи ги прекршителите на истите, кои во овој случај се избрани и именувани функционери, а чија обврска е да служат на граѓаните на Македонија. Со СДС на власт, овие функционери, очигледно служат само на нивната партија и на човекот кој ги именува преку седници на влада.
Овие имоти се тајни и истите не се евидентирани од Државната комисија за спречување на корупција. Овие 123 функционери придонеле, прво кон кршење и непочитување на законите и второ но не помалку важно кон криење на своите имоти. Не веруваме дека се работи за системски пропуст, туку за системско прикривање на станови, куќи, деловни простори, удели во фирми и депозити.
Воедно институциите како Државната комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, кои се формирани за спречување на ваквите дејства, практично се соучесници во шемата која ја креира власта и се нивни заштитници.
Сметаме дека се работи за ново злосторничко здружување и организирано криење на имоти. Антикорупциската комисија е должна да води точна прецизна и навремена евиденција за поднесување на анкетните листови од страна на функционерите, кои имаат обврска во рок од 30 дена од нивното именување да поднесат анкетни листови. Треба да се постави и прашањето зошто антикорупциската постои ако точно 123 лица функционери го кријат својот имот“, рече Петрушевски.
https://youtu.be/Ph3YUOFp6NE

The post 123 функционери од СДСМ и ДУИ кријат имот од 30 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Со нов закон Украина ќе ги запленува имотите на „руски поддржувачи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-nov-zakon-ukraina-kje-gi-zaplenuva-imotite-na-ruski-poddrzuvachi/ Mon, 23 May 2022 11:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=505923

Украинскиот Парламент денеска најави донесување нов закон, што ќе овозможи државата да заплени имот на лица, кои ја поддржуваат руската инвазија, јавија странски медиуми.

Според законот, секој кој ја поддржува војната, може да заврши во украинскиот Врховен антикорупциски суд, чии службеници ќе можат да го запленат имотот на лицето и да го префрлат во државниот буџет, се наведува во соопштението на украинскиот Парламент.

Процедурата за идентификација и конфискација на имот на лица под санкции, кои на еден или на друг начин ја поддржуваат агресијата на окупаторот против Украина, ќе овозможи украинскиот буџет да се пополни брзо и ефикасно на сметка на непријателот, пишува во соопштението.

Украинската економија тешко настрада за време на руската инвазија. Во петокот лидерите на Г7, најмоќните економии во светот, ветија помош за Украина во вредност од 19.8 милијарди американски долари за закрепнување на економијата, но и набавка на оружје за одбрана, пишуваат медиуми.

The post Со нов закон Украина ќе ги запленува имотите на „руски поддржувачи“ appeared first on Република.

]]>

Украинскиот Парламент денеска најави донесување нов закон, што ќе овозможи државата да заплени имот на лица, кои ја поддржуваат руската инвазија, јавија странски медиуми. Според законот, секој кој ја поддржува војната, може да заврши во украинскиот Врховен антикорупциски суд, чии службеници ќе можат да го запленат имотот на лицето и да го префрлат во државниот буџет, се наведува во соопштението на украинскиот Парламент.