имотен лист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/imoten-list/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Feb 2024 11:20:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png имотен лист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/imoten-list/ 32 32 Поскапеа и катастарските услуги: Имотен лист ќе чини три пати повеќе https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poskapea-i-katastarskite-uslugi-imoten-list-ke-chini-tri-pati-poveke/ Tue, 20 Feb 2024 11:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=746063

Катастарските услуги со промена на тарифниците во Службен весник ќе поскапат значително, а некои ќе чинат и до три пати повеќе.

За упис на новокупен стан во Агенцијата за катастар на недвижнини, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба посебен упис на квадратурата на станот,дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата.

Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари.

Со новиот тарифник поскапуваат и услугите на самите геодети.Значително поскапување има и кај премерот што го прават геодетите, како и за самото изготвување на планот.  Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а Тарифникот стапи на сила на 15-ти февруари.

Значително е поскапувањето за самите инвеститори.

https://republika.mk/vesti/makedonija/poskapea-geodetskite-uslugi-na-sila-e-nov-tarifnik/

The post Поскапеа и катастарските услуги: Имотен лист ќе чини три пати повеќе appeared first on Република.

]]>

Катастарските услуги со промена на тарифниците во Службен весник ќе поскапат значително, а некои ќе чинат и до три пати повеќе. За упис на новокупен стан во Агенцијата за катастар на недвижнини, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари, затоа што при промена на сопственост ќе треба посебен упис на квадратурата на станот,дел од заедничките простории, како и дел од земјиштето под зградата. Сега, ќе треба да се плати за секој имотен лист посебно, што значи граѓаните ќе ги чини 3,750 денари, плус 600 денари за нотарски услуги. Ако купуваат и гаража, ќе треба да платат за уште еден имотен лист, односно дополнителни 1.250 денари. Со новиот тарифник поскапуваат и услугите на самите геодети.Значително поскапување има и кај премерот што го прават геодетите, како и за самото изготвување на планот.  Согласност за поскaпувањата дала Владата на 30 јануари, а Тарифникот стапи на сила на 15-ти февруари. Значително е поскапувањето за самите инвеститори. https://republika.mk/vesti/makedonija/poskapea-geodetskite-uslugi-na-sila-e-nov-tarifnik/

The post Поскапеа и катастарските услуги: Имотен лист ќе чини три пати повеќе appeared first on Република.

]]>
„Сиромаштија“: Имотната состојба на Ахмети не е промената – куќа во Зајас, земјиште во Албанија, 11.000 евра во банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siromashtija-imotnata-sostojba-na-ahmeti-ne-e-promenata-kuka-vo-zajas-zemjishte-vo-albanija-11-000-evra-vo-banka/ Mon, 26 Jun 2023 10:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=655252

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема извршено промена во анкетниот лист уште од претходниот мандат, односно ниту купил нов имот, ниту сменил автомобил…

Али Ахмети како личен имот пријавил куќа од 254 метри квадратни во кичевското село Зајас, а куќата е  проценета на 100.000 долари, за која не дал податок како ја стекнал.

Во Албанија пријавил земјиште од 700 метри квадратни кое вреди 30.000 долари. И за него не дал податок како го стекнал. Нема сопствено возило, но затоа неговата сопруга вози Фолксваген поло, од 7.000 евра.

На трансакциската сметка, пак, има 758.482 денари.

The post „Сиромаштија“: Имотната состојба на Ахмети не е промената – куќа во Зајас, земјиште во Албанија, 11.000 евра во банка appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нема извршено промена во анкетниот лист уште од претходниот мандат, односно ниту купил нов имот, ниту сменил автомобил…

Али Ахмети како личен имот пријавил куќа од 254 метри квадратни во кичевското село Зајас, а куќата е  проценета на 100.000 долари, за која не дал податок како ја стекнал. Во Албанија пријавил земјиште од 700 метри квадратни кое вреди 30.000 долари. И за него не дал податок како го стекнал. Нема сопствено возило, но затоа неговата сопруга вози Фолксваген поло, од 7.000 евра. На трансакциската сметка, пак, има 758.482 денари.

The post „Сиромаштија“: Имотната состојба на Ахмети не е промената – куќа во Зајас, земјиште во Албанија, 11.000 евра во банка appeared first on Република.

]]>
Koлку е богата Арсовска: Два мали стана, еден деловен простор, два депозита во банка, гаража https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kolku-e-bogata-arsovska-dva-mali-stana-eden-deloven-prostor-dva-depozita-vo-banka-garaza/ Mon, 03 Jan 2022 17:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=440124

Два мали стана, еден деловен простор, два депозита во банка, кои се прилично солидни и се всушност нешто највредно во нејзината пријавена имотна состојба, два кредита, акции и една гаража.

Тоа е имотот кој го поседува новата градоначалничка на главниот град на државава, Скопје, чија состојба конечно излезе на веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Како што е познато, 30 дена по завршувањето на изборите, новоименуваните функционери се должни да го пријават својот имот во Антикорупциската комисија. Но, како што објаснија оттаму, иако имотните состојби стигнале, нив се досега ДКСК ги немаше објавено, а образложението беше дека стигнал имотот на голем број функционери и дека е потребен подолг период за обработка.

Инаку, од анкетниот лист на градоначалничката на Скопје може да се забележи дека целиот имот што таа го пријавила, фигурира како заеднички имот.

Па така, од анкетниот лист на Арсовска може да се види дека таа има гаража од 15 метри квадратни, а како локација е наведено Македонија, како впрочем и за целиот нејзин имот. Гаражата вреди 248 илјади денари, а е стекната со договор за купопродажба.

Арсовска поседува и деловен простор, исто така стекнат со договор за купопродажба, вреден 1,5 милиони денари или околу 24 и пол илјади евра. Деловниот простор има 22 метри квадратни.

Истата вредност од 24 и пол илјади евра ја има и едниот од становите на Арсовска, кој има 38 метри квадратни и е стекнат со договор за продажба.

Вториот стан има 42 метри квадратни и вреди 1,91 милиони денари, или 31 илјада евра. Тој е лоциран во Македонија, и е стекнат исто така со договор за купопродажба.

Арсовска пријавила и моторно возило Хјундаи од 153 илјади денари, како и акции од 200 илјади денари. Не се наведува од која компанија се нејзините акции, но се знае дека се 200 и дека се купени во 2009 година.

Градоначалничката има и девизен депозит од 78.800, а не е наведено дали се долари, евра или франци.

Арсовска во банка располага и со денарски депозит од 4.165 милиони денари, што е рамно на 67.723 евра.

Првата дама на Скопје има и два кредити, едниот од два милиони, а другиот од 200 илјади денари.

The post Koлку е богата Арсовска: Два мали стана, еден деловен простор, два депозита во банка, гаража appeared first on Република.

]]>

Два мали стана, еден деловен простор, два депозита во банка, кои се прилично солидни и се всушност нешто највредно во нејзината пријавена имотна состојба, два кредита, акции и една гаража. Тоа е имотот кој го поседува новата градоначалничка на главниот град на државава, Скопје, чија состојба конечно излезе на веб страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Како што е познато, 30 дена по завршувањето на изборите, новоименуваните функционери се должни да го пријават својот имот во Антикорупциската комисија. Но, како што објаснија оттаму, иако имотните состојби стигнале, нив се досега ДКСК ги немаше објавено, а образложението беше дека стигнал имотот на голем број функционери и дека е потребен подолг период за обработка. Инаку, од анкетниот лист на градоначалничката на Скопје може да се забележи дека целиот имот што таа го пријавила, фигурира како заеднички имот. Па така, од анкетниот лист на Арсовска може да се види дека таа има гаража од 15 метри квадратни, а како локација е наведено Македонија, како впрочем и за целиот нејзин имот. Гаражата вреди 248 илјади денари, а е стекната со договор за купопродажба.
Арсовска поседува и деловен простор, исто така стекнат со договор за купопродажба, вреден 1,5 милиони денари или околу 24 и пол илјади евра. Деловниот простор има 22 метри квадратни. Истата вредност од 24 и пол илјади евра ја има и едниот од становите на Арсовска, кој има 38 метри квадратни и е стекнат со договор за продажба. Вториот стан има 42 метри квадратни и вреди 1,91 милиони денари, или 31 илјада евра. Тој е лоциран во Македонија, и е стекнат исто така со договор за купопродажба.
Арсовска пријавила и моторно возило Хјундаи од 153 илјади денари, како и акции од 200 илјади денари. Не се наведува од која компанија се нејзините акции, но се знае дека се 200 и дека се купени во 2009 година.
Градоначалничката има и девизен депозит од 78.800, а не е наведено дали се долари, евра или франци. Арсовска во банка располага и со денарски депозит од 4.165 милиони денари, што е рамно на 67.723 евра. Првата дама на Скопје има и два кредити, едниот од два милиони, а другиот од 200 илјади денари.

The post Koлку е богата Арсовска: Два мали стана, еден деловен простор, два депозита во банка, гаража appeared first on Република.

]]>