именден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/imenden/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Dec 2022 22:01:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png именден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/imenden/ 32 32 За 20 години не научивме да правиме пиво, а заборавивме вино и ракија: Имендените на времето и имендените сега https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/za-20-godini-ne-nauchivme-da-pravime-pivo-a-zaboravivme-vino-i-rakija-imendenite-na-vremeto-i-imendenite-sega/ Mon, 19 Dec 2022 22:01:32 +0000 https://republika.mk/?p=587831

Именден на времето:
- домашно вино, домашна ракија, да знаевме и пиво да праевме ќе праевме
- немаше посна и мрсна слава пошто масата изгледаше ко президиумот на КПЈ, сите комунисти
- теми на расправа: втора светска војна (секогаш имаше партизан шо одбива да умри, а цела фамилија го чекаат да му јадат боречката пензија), фабричките гиганти на Југославија, Германија и Ватикан дале три милијарди марки да ја растурат Југославија, транзиција
- пошто седевме поделени ко во џамија жените идеа со тефтери "Југометал 90" и менуваа рецепти, а пошто имаше и ageism посебно место имаше за децата
- никој не носеше дрвена лептир машна
- се слушаше музичка програма на локална телевизија дур не запее некој... обично тој шо не знае да пее

Именден сега:
- исти курац од пијачки, за 20 години не научивме уште пиво да прајме, а заборајвме да прајме вино и ракија. Плус има виски за тој роднината од партија шо очекуваш да те вработи, а нема
- масата е ко оригами изложба. Печеница виткана ко ружи, кашкавал во форма на лотосов цвет, салфети ко лебеди, јебем ли га само куленот остана да личи на кулен
- на маса се разговара исклучиво за геоплитика со две струи: прозападна и проруска. Се откриваат сите тајни на ЦИА, КГБ, Мосад без да се пази дека и ѕидовите имаат уши. Како почнува да дејствува алкохолот се спушта нивото на ВМРО, СДСМ дур хипикот на маса не речи "Сите се исти". Никој не го слуша. Дискутираат и жени и деца пошто го победивме и патријархот и ageism-от
- во зависност на примањата на семејството музиката варира од Јутуб до жива музика. Уште се слуша дугме
- од рецепти се разговара само за рецепти за лекови
- има луѓе со дрвени лептир машни, ко да немаат огледала

The post За 20 години не научивме да правиме пиво, а заборавивме вино и ракија: Имендените на времето и имендените сега appeared first on Република.

]]>

Именден на времето: - домашно вино, домашна ракија, да знаевме и пиво да праевме ќе праевме - немаше посна и мрсна слава пошто масата изгледаше ко президиумот на КПЈ, сите комунисти - теми на расправа: втора светска војна (секогаш имаше партизан шо одбива да умри, а цела фамилија го чекаат да му јадат боречката пензија), фабричките гиганти на Југославија, Германија и Ватикан дале три милијарди марки да ја растурат Југославија, транзиција - пошто седевме поделени ко во џамија жените идеа со тефтери "Југометал 90" и менуваа рецепти, а пошто имаше и ageism посебно место имаше за децата - никој не носеше дрвена лептир машна - се слушаше музичка програма на локална телевизија дур не запее некој... обично тој шо не знае да пее Именден сега: - исти курац од пијачки, за 20 години не научивме уште пиво да прајме, а заборајвме да прајме вино и ракија. Плус има виски за тој роднината од партија шо очекуваш да те вработи, а нема - масата е ко оригами изложба. Печеница виткана ко ружи, кашкавал во форма на лотосов цвет, салфети ко лебеди, јебем ли га само куленот остана да личи на кулен - на маса се разговара исклучиво за геоплитика со две струи: прозападна и проруска. Се откриваат сите тајни на ЦИА, КГБ, Мосад без да се пази дека и ѕидовите имаат уши. Како почнува да дејствува алкохолот се спушта нивото на ВМРО, СДСМ дур хипикот на маса не речи "Сите се исти". Никој не го слуша. Дискутираат и жени и деца пошто го победивме и патријархот и ageism-от - во зависност на примањата на семејството музиката варира од Јутуб до жива музика. Уште се слуша дугме - од рецепти се разговара само за рецепти за лекови - има луѓе со дрвени лептир машни, ко да немаат огледала

The post За 20 години не научивме да правиме пиво, а заборавивме вино и ракија: Имендените на времето и имендените сега appeared first on Република.

]]>
10 гости кои никој не ги сака по слави, ама на секоја ги има https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/10-gosti-koi-nikoj-ne-gi-saka-po-slavi-ama-na-sekoja-gi-ima/ Sat, 26 Nov 2022 17:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=574793

Дојде времето за слави и имендени, а кај секој домаќин сигурно ќе помине и по еден ваков гостин:

1. Коментатор

Неговата улога е да води полемики, да пренасочува теми, да воведува соговорници, да дава и одзема збор. Вистински модератор на славата. Тој има мислење за сè и доволно е еден од учесниците во дебатата да започне со тема и гостите ќе ја добијат честа да го слушнат неговото мислење: „Чекај, чекај, јас да ти објаснам...“

2. Во гужва е

Доаѓа, и уште од првиот момент ти дава до знаење дека си само попатна станица: „Среќна да е славата домаќине, ама имаме уште три за обиколување, хехе, само да кажам едно живели дојдовме".

Тие седат како на игли. „Не можам веќе ни залак, ќе пукна, јадев кај кумот, а и за брзо си одиме! Кафе? Ајде, ама брзинско едно“.

3. Провладин

Подгответе се да бидете просветлени. Не е важно во кое време од годината ви е слава - за Провладиниот секогаш е време на избори. Ќе го препознаете по неговиот рапав глас зарипнат од викање на фрази како „Чекај, јас ќе ти кажам“, „А, да те прашам јас нешто тебе..“ и злогласното „Јас мислам...“

Иако никогаш не добил ниту еден денар од дотичната партија, но смета дека е негова света должност да ја промовира. Особено ако никој не ја ни спомнал. Без разлика дали зборувате за Нова Година, издавање на викендица или зимски гуми, провладиниот секогаш ќе најде начин да ја претвори темата во политика.

4. Опозиционер

Секогаш оди во пакет-аранжман со Провладиниот. Зачинот на секоја квалитетна слава. Апсолутно не е важно за која и каква влада станува збор. Провладиниот секогаш ќе ја фали, а Опозиционерот ќе се обиде да го надвика. Загарантирано шоу за останатиот дел од масата.

5. Миротворец

Доаѓа на слава само со една цел. Да касне сарма, да ги праша децата како е на училиште и да обезбеди космичка хармонија. При најмал знак на било каков конфликт, Миротворецот ќе доживее благ шок и со полуплачлив глас ќе ги замоли сите присутни да не се караат. Три пати.
Со уплашен поглед, со солзи во очите, ќе гледа час кон Провладиниот, час кон Опозиционерот, час кон домаќинот.

6. Тинејџерот што не сака да биде тука

Од сите негови пријатели, само тој е принуден да оди по слави! Можеше раат да си седи дома, да игра игри или да виси со пријателите во паркот. Барем престанаа да го прашуваат дали има девојка и дали положи математика.

7. Дегустатор

Тоа се луѓето кои се фокусирани на храната и сè околу неа. Пробуваат од сè, прашуваат како се прави, што има во десертот и даваат свое мислење, најчесто позитивно од учтивост.

„Па ова е најдобрата сарма што сум ја пробал. И тоа ова е мојата трета слава! Ајде да видиме како сте ја смешале руската...“

Но, нив никој не им замерува, зошто најлош гостин, пак, е оној што ништо не пробува.

8. Презентер

Тоа се обично тетки и сосетки кои сакаат да ги запознаваат гостирњ едни со други.

„Ова е ќерката на Јана, ја знаеш? Таа студира тука, убавица“. Потоа се врти на другата страна на масата.

„Мислам и вас ве знам, доктор сте во Мириево? Драган, така?"

Или ќе те прашаат кој си или ќе те запознаат со почесните гости - нема друго.

9. Раскажувач

Ова се луѓето кои (мислат дека) имаат што да кажат, па слушате неверојатни приказни „од нивното време“.

Може да слушнете како „оделе со километри пешки до училиште“, како „во нивно време девојка се наоѓала на улица, а не на Фејсбук“...

10. Вечен шегаџија

Од моментот кога ќе влезе, до моментот кога ќе реши да си замине, вечниот шегаџија мора да биде во центарот на вниманието! Тој е вистинска мала енциклопедија од приказни, шеги, анегдоти и ласкави коментари. Единствената достојна конкуренција за Провладиниот и Опозиционерот.

Иако сите веќе напамет ги знаат неговите приказни од војска, не им пречи повторно да ги слушаат. Никој не ги лажува како него!

Извор: Жена Блиц

The post 10 гости кои никој не ги сака по слави, ама на секоја ги има appeared first on Република.

]]>

Дојде времето за слави и имендени, а кај секој домаќин сигурно ќе помине и по еден ваков гостин:

1. Коментатор

Неговата улога е да води полемики, да пренасочува теми, да воведува соговорници, да дава и одзема збор. Вистински модератор на славата. Тој има мислење за сè и доволно е еден од учесниците во дебатата да започне со тема и гостите ќе ја добијат честа да го слушнат неговото мислење: „Чекај, чекај, јас да ти објаснам...“

2. Во гужва е

Доаѓа, и уште од првиот момент ти дава до знаење дека си само попатна станица: „Среќна да е славата домаќине, ама имаме уште три за обиколување, хехе, само да кажам едно живели дојдовме". Тие седат како на игли. „Не можам веќе ни залак, ќе пукна, јадев кај кумот, а и за брзо си одиме! Кафе? Ајде, ама брзинско едно“.

3. Провладин

Подгответе се да бидете просветлени. Не е важно во кое време од годината ви е слава - за Провладиниот секогаш е време на избори. Ќе го препознаете по неговиот рапав глас зарипнат од викање на фрази како „Чекај, јас ќе ти кажам“, „А, да те прашам јас нешто тебе..“ и злогласното „Јас мислам...“ Иако никогаш не добил ниту еден денар од дотичната партија, но смета дека е негова света должност да ја промовира. Особено ако никој не ја ни спомнал. Без разлика дали зборувате за Нова Година, издавање на викендица или зимски гуми, провладиниот секогаш ќе најде начин да ја претвори темата во политика.

4. Опозиционер

Секогаш оди во пакет-аранжман со Провладиниот. Зачинот на секоја квалитетна слава. Апсолутно не е важно за која и каква влада станува збор. Провладиниот секогаш ќе ја фали, а Опозиционерот ќе се обиде да го надвика. Загарантирано шоу за останатиот дел од масата.

5. Миротворец

Доаѓа на слава само со една цел. Да касне сарма, да ги праша децата како е на училиште и да обезбеди космичка хармонија. При најмал знак на било каков конфликт, Миротворецот ќе доживее благ шок и со полуплачлив глас ќе ги замоли сите присутни да не се караат. Три пати. Со уплашен поглед, со солзи во очите, ќе гледа час кон Провладиниот, час кон Опозиционерот, час кон домаќинот.

6. Тинејџерот што не сака да биде тука

Од сите негови пријатели, само тој е принуден да оди по слави! Можеше раат да си седи дома, да игра игри или да виси со пријателите во паркот. Барем престанаа да го прашуваат дали има девојка и дали положи математика.

7. Дегустатор

Тоа се луѓето кои се фокусирани на храната и сè околу неа. Пробуваат од сè, прашуваат како се прави, што има во десертот и даваат свое мислење, најчесто позитивно од учтивост. „Па ова е најдобрата сарма што сум ја пробал. И тоа ова е мојата трета слава! Ајде да видиме како сте ја смешале руската...“ Но, нив никој не им замерува, зошто најлош гостин, пак, е оној што ништо не пробува.

8. Презентер

Тоа се обично тетки и сосетки кои сакаат да ги запознаваат гостирњ едни со други. „Ова е ќерката на Јана, ја знаеш? Таа студира тука, убавица“. Потоа се врти на другата страна на масата. „Мислам и вас ве знам, доктор сте во Мириево? Драган, така?" Или ќе те прашаат кој си или ќе те запознаат со почесните гости - нема друго.

9. Раскажувач

Ова се луѓето кои (мислат дека) имаат што да кажат, па слушате неверојатни приказни „од нивното време“. Може да слушнете како „оделе со километри пешки до училиште“, како „во нивно време девојка се наоѓала на улица, а не на Фејсбук“... 10. Вечен шегаџија Од моментот кога ќе влезе, до моментот кога ќе реши да си замине, вечниот шегаџија мора да биде во центарот на вниманието! Тој е вистинска мала енциклопедија од приказни, шеги, анегдоти и ласкави коментари. Единствената достојна конкуренција за Провладиниот и Опозиционерот. Иако сите веќе напамет ги знаат неговите приказни од војска, не им пречи повторно да ги слушаат. Никој не ги лажува како него! Извор: Жена Блиц

The post 10 гости кои никој не ги сака по слави, ама на секоја ги има appeared first on Република.

]]>
Денеска го славиме Благовец: Среќен именден Благоја, Блаже, Благица https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-go-slavime-blagovec-srekjen-imenden-blagoja-blaze-blagica/ Thu, 07 Apr 2022 07:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=484519

Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот.

Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта.

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…

 

The post Денеска го славиме Благовец: Среќен именден Благоја, Блаже, Благица appeared first on Република.

]]>

Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта. Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица…  

The post Денеска го славиме Благовец: Среќен именден Благоја, Блаже, Благица appeared first on Република.

]]>
Денес им е именден: Што значат имињата Антонио и Антонија? https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/denes-im-e-imenden-shto-znachat-iminjata-antonio-i-antonija-2/ Sun, 30 Jan 2022 07:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=451403

Денеска е Св. Антониј Велики. Именден празнуваат: Антонио, Антонија.

Оригиналната форма на ова име е Antonius. Името има латинско потекло. Името го означува оној што е од родот на Антониите и има етрурско потекло. Според други толкувања името значи „скапоцен“, „бесценет“.

„Антониј“ всушност е римски назив на оригиналното потекло на грчкиот збор „антео, антао“ што во превод значи „подготвен за борба, конкуренција“.

Женската верзија од ова име е Антонина, Антонија. Таа означува бесценета, скапоцена. Има повеќе варијанти од ова име: Антонина, Антоанина, Антоанета.

Светецот Преподобен Антониј Велики се празнува на 30 јануари. Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра.

Еден ден во црква ги слушна зборовите: Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот. Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови.

The post Денес им е именден: Што значат имињата Антонио и Антонија? appeared first on Република.

]]>

Денеска е Св. Антониј Велики. Именден празнуваат: Антонио, Антонија. Оригиналната форма на ова име е Antonius. Името има латинско потекло. Името го означува оној што е од родот на Антониите и има етрурско потекло. Според други толкувања името значи „скапоцен“, „бесценет“. „Антониј“ всушност е римски назив на оригиналното потекло на грчкиот збор „антео, антао“ што во превод значи „подготвен за борба, конкуренција“. Женската верзија од ова име е Антонина, Антонија. Таа означува бесценета, скапоцена. Има повеќе варијанти од ова име: Антонина, Антоанина, Антоанета. Светецот Преподобен Антониј Велики се празнува на 30 јануари. Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра. Еден ден во црква ги слушна зборовите: Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот. Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови.

The post Денес им е именден: Што значат имињата Антонио и Антонија? appeared first on Република.

]]>