име Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ime/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 07:34:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png име Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ime/ 32 32 Немам јас тука што да направам – вели Додик за иницијативата за промена на името на Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nemam-jas-tuka-shto-da-napravam-veli-dodik-za-initsijativata-za-promena-na-imeto-na-srebrenitsa/ Mon, 03 Jun 2024 07:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=784262

Претседателот на Република Српска(РС), Милорад Додик, рече дека идејата за промена на името на градот е иницирана во Сребреница, а доколку општинското собрание донесе одлука за промена на името, РС ќе донесе закон и ќе го прогласи за валиден, пишува Кликс.ба.

– На луѓето што живеат таму им е доста од етикетите поврзани со тој топоним. Верувам дека луѓето имаат право да се изразат за тоа. Според процедурата утврдена со закон, доколку Собранието на општина Сребреница донесе одлука за промена на тоа име на нешто друго, тогаш Република Српска ќе донесе закон и ќе го прогласи за валиден, јас немам што да правам, без разлика дали тоа им се допаѓа на Бошњаците – изјави Додик за ТВ Прва, пренесува Кликс.

Како што рече, судејќи по реакциите на Бошњаците, ова сигурно сега ќе биде топ тема. Додик изјави дека долго време се настојувало да се додаде префиксот „босански“ на што повеќе имиња, вклучително и Александровац каде што живее.

И кога ги укинавме тие префикси пред десет години, беше лудост. Тие постојано го злоупотребуваат тој префикс – рече Додик.

Додик рече дека Србите ги боли што српските општини Дрвар, Грахово, Гламоч и Петровац останаа во Федерацијата на Босна и Херцеговина, но дека РС ќе ги почитува границите и нема да ги премине ниту политички ниту во која било друга смисла. Тој додаде дека границата на Дрина постои само како административна, пренесува Кликс.

The post Немам јас тука што да направам – вели Додик за иницијативата за промена на името на Сребреница appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Српска(РС), Милорад Додик, рече дека идејата за промена на името на градот е иницирана во Сребреница, а доколку општинското собрание донесе одлука за промена на името, РС ќе донесе закон и ќе го прогласи за валиден, пишува Кликс.ба. – На луѓето што живеат таму им е доста од етикетите поврзани со тој топоним. Верувам дека луѓето имаат право да се изразат за тоа. Според процедурата утврдена со закон, доколку Собранието на општина Сребреница донесе одлука за промена на тоа име на нешто друго, тогаш Република Српска ќе донесе закон и ќе го прогласи за валиден, јас немам што да правам, без разлика дали тоа им се допаѓа на Бошњаците – изјави Додик за ТВ Прва, пренесува Кликс. Како што рече, судејќи по реакциите на Бошњаците, ова сигурно сега ќе биде топ тема. Додик изјави дека долго време се настојувало да се додаде префиксот „босански“ на што повеќе имиња, вклучително и Александровац каде што живее. И кога ги укинавме тие префикси пред десет години, беше лудост. Тие постојано го злоупотребуваат тој префикс – рече Додик. Додик рече дека Србите ги боли што српските општини Дрвар, Грахово, Гламоч и Петровац останаа во Федерацијата на Босна и Херцеговина, но дека РС ќе ги почитува границите и нема да ги премине ниту политички ниту во која било друга смисла. Тој додаде дека границата на Дрина постои само како административна, пренесува Кликс.

The post Немам јас тука што да направам – вели Додик за иницијативата за промена на името на Сребреница appeared first on Република.

]]>
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, поднела барање да го отстрани татковото презиме https://arhiva3.republika.mk/scena/kerkata-na-andhelina-dholi-i-bred-pit-shajlo-podnela-barane-da-go-otstrani-tatkovoto-prezime/ Sat, 01 Jun 2024 13:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=783884

Ќерката на актерите Анџелина Џоли и Бред Пит поднела документи за легално отстранување на „Пит“ од нејзиното име на денот кога наполнила 18 години.

Шајло Нувел Џоли-Пит поднела петиција до Вишиот суд на округот Лос Анџелес на 27 мај за промена на нејзиното име во Шајло Нувел Џоли, објави „Лос Анџелес тајмс“.

Шајло, кој настапува како гласовен актер во филмот „Кунг фу панда 3“, е првата од браќата и сестрите што поднеле петиција за законска промена на името, но некои од другите деца се откажале од јавната употреба на презимето на нивниот татко во последните години, објави ЛАТ.

 

The post Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, поднела барање да го отстрани татковото презиме appeared first on Република.

]]>

Ќерката на актерите Анџелина Џоли и Бред Пит поднела документи за легално отстранување на „Пит“ од нејзиното име на денот кога наполнила 18 години. Шајло Нувел Џоли-Пит поднела петиција до Вишиот суд на округот Лос Анџелес на 27 мај за промена на нејзиното име во Шајло Нувел Џоли, објави „Лос Анџелес тајмс“. Шајло, кој настапува како гласовен актер во филмот „Кунг фу панда 3“, е првата од браќата и сестрите што поднеле петиција за законска промена на името, но некои од другите деца се откажале од јавната употреба на презимето на нивниот татко во последните години, објави ЛАТ.  

The post Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, поднела барање да го отстрани татковото презиме appeared first on Република.

]]>
Бевме лабави и за пасошите, па еве што нè снајде: Македонија има обврска да ги смени и денарите на кои ја нема „Cеверна“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bevme-labavi-i-za-pasoshite-pa-eve-shto-ne-snajde-makedonija-ima-obvrska-da-gi-smeni-i-denarite-na-koi-ja-nema-ceverna/ Fri, 16 Feb 2024 19:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=744984

Според Договорот од Преспа Македонија има обврска за промена на книжните и кованите пари, но крајниот рок зависи од отворањето на ЕУ поглавјето – економска и монетарна унија.

Како што за ТВ Канал 5 појаснува вицегувернерката Емилија Нацевска, со оглед на фактот дека Македонија се уште го нема отворено тоа поглавје во моментов не може да се прецизира и крајниот рок за целосна замена на парите.

Законска обврска согласно Преспанскиот договор има да и за замена на парите, со тоа што крајниот рок е пред истекот на 5 години од отворањето на релевантното поглавје со ЕУ по ова прашање во рамки на преговарчкиот процес, со оглед на тоа дека ова поглавје се уште не е отворено и крајниот рок не е познат не можеме сега да го прецизираме крајниот рок за целосна замена на парите - изјави Нацевска.

Промената на парите ќе се врши постепено бидејќи станува збор за долг и скап процес, за што е потребно и навремено планирање на залихите, вели Нацевска и додева дека Народната банка замената на парите ја започнала уште во 2020 година со изданијата на парите од оние апоени каде имало потреба за надополнување на залихите.

Граѓаните ќе може да вршат замена на парите и по истекот на овој рок непречено и временски неограничено кај централната банка и од тие причини нема потреба од било каква загриженост - изјави Нацевска, вицегувернерка во НБРМ.

Извор: Канал 5

The post Бевме лабави и за пасошите, па еве што нè снајде: Македонија има обврска да ги смени и денарите на кои ја нема „Cеверна“ appeared first on Република.

]]>

Според Договорот од Преспа Македонија има обврска за промена на книжните и кованите пари, но крајниот рок зависи од отворањето на ЕУ поглавјето – економска и монетарна унија. Како што за ТВ Канал 5 појаснува вицегувернерката Емилија Нацевска, со оглед на фактот дека Македонија се уште го нема отворено тоа поглавје во моментов не може да се прецизира и крајниот рок за целосна замена на парите.
Законска обврска согласно Преспанскиот договор има да и за замена на парите, со тоа што крајниот рок е пред истекот на 5 години од отворањето на релевантното поглавје со ЕУ по ова прашање во рамки на преговарчкиот процес, со оглед на тоа дека ова поглавје се уште не е отворено и крајниот рок не е познат не можеме сега да го прецизираме крајниот рок за целосна замена на парите - изјави Нацевска.
Промената на парите ќе се врши постепено бидејќи станува збор за долг и скап процес, за што е потребно и навремено планирање на залихите, вели Нацевска и додева дека Народната банка замената на парите ја започнала уште во 2020 година со изданијата на парите од оние апоени каде имало потреба за надополнување на залихите.
Граѓаните ќе може да вршат замена на парите и по истекот на овој рок непречено и временски неограничено кај централната банка и од тие причини нема потреба од било каква загриженост - изјави Нацевска, вицегувернерка во НБРМ.
Извор: Канал 5

The post Бевме лабави и за пасошите, па еве што нè снајде: Македонија има обврска да ги смени и денарите на кои ја нема „Cеверна“ appeared first on Република.

]]>
Како руската престолнина го добила името Москва https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/kako-ruskata-prestolnina-go-dobila-imeto-moskva/ Sun, 31 Dec 2023 19:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=727017

Постојат неколку верзии зошто рускиот главен град се нарекува Москва. Според една од нив, името на градот имало два корени - „моск“ (камен) и „ков“ (крие). Затоа, зборот „Москва“ може да се преведе како „камено засолниште“ и ова име на градот потоа било префрлено на реката што минува низ него.

Сепак, повеќето историчари веруваат дека реката, а не градот, прва го добила името и има причини за тоа.

Според една легенда, зборот „Москва“ воопшто не е руски, туку фински, а во Русија е дојден од древни времиња кога на бреговите на истоимената река сè уште живееле бројни фински племиња. „Моск“ се преведува како крава или мечка (не се знае со сигурност), а „ва“ значи вода.

Друга легенда, пак, вели дека името на реката, преведено од старословенски, значи мочурлива област или влажност. И двете верзии имаат веројатност, затоа што главниот град на Русија навистина е основан на мочурливо место.

The post Како руската престолнина го добила името Москва appeared first on Република.

]]>

Постојат неколку верзии зошто рускиот главен град се нарекува Москва. Според една од нив, името на градот имало два корени - „моск“ (камен) и „ков“ (крие). Затоа, зборот „Москва“ може да се преведе како „камено засолниште“ и ова име на градот потоа било префрлено на реката што минува низ него. Сепак, повеќето историчари веруваат дека реката, а не градот, прва го добила името и има причини за тоа. Според една легенда, зборот „Москва“ воопшто не е руски, туку фински, а во Русија е дојден од древни времиња кога на бреговите на истоимената река сè уште живееле бројни фински племиња. „Моск“ се преведува како крава или мечка (не се знае со сигурност), а „ва“ значи вода. Друга легенда, пак, вели дека името на реката, преведено од старословенски, значи мочурлива област или влажност. И двете верзии имаат веројатност, затоа што главниот град на Русија навистина е основан на мочурливо место.

The post Како руската престолнина го добила името Москва appeared first on Република.

]]>
Фамилија Мицкоски со молитва и погача во црква: Вечно име и среќен роденден синко! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/familija-mitskoski-so-molitva-i-pogacha-vo-tsrkva-vechno-ime-i-sreken-rodenden-sinko/ Mon, 30 Jan 2023 13:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=602655

Семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска го прослави празникот Св. Антониј, воедно и роденден на најмладиот член, синот Антониј.

Семејството е најважниот темел. Традицијата продолжува и истата треба да се негува и почитува. Антониј денес го слави своето име и родениот ден. Погача во црква и молитва, традиција која и Јован и Антониј ќе продолжат да ја негуваат.
Вечно име и среќен роденден синко!
Среќно име на сите кои го слават Св Антониј!, порача Мицкоски.

The post Фамилија Мицкоски со молитва и погача во црква: Вечно име и среќен роденден синко! appeared first on Република.

]]>

Семејството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска го прослави празникот Св. Антониј, воедно и роденден на најмладиот член, синот Антониј.
Семејството е најважниот темел. Традицијата продолжува и истата треба да се негува и почитува. Антониј денес го слави своето име и родениот ден. Погача во црква и молитва, традиција која и Јован и Антониј ќе продолжат да ја негуваат. Вечно име и среќен роденден синко! Среќно име на сите кои го слават Св Антониј!, порача Мицкоски.

The post Фамилија Мицкоски со молитва и погача во црква: Вечно име и среќен роденден синко! appeared first on Република.

]]>
Италијански новинар го открива вистинското име на Зинедин Зидан https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/italijanski-novinar-go-otkriva-vistinskoto-ime-na-zinedin-zidan/ Tue, 28 Jun 2022 09:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=520607

Италијанскиот спортски новинар и писател, Федерико Буфа, во една од своите емисии, објави еден податок, познат за малкумина луѓе ширум светот.

Иако Зинедин Зидан е еден од најславните фудбалери во историјата, Буфа го соопшти неговото вистинско име, кое гласи Заџид Алдид Ал Јазид.

Тоа што е познато за Зидан е дека е по потекло од Алжир, а израснал во сиромашно семејство. Неговиот татко Смаил бил негов ноќен чувар и магационер, а мајка му Малика била домаќинка.

Имам афинитет кон арапскиот свет. Го имам во крвта, преку моите родители. Многу сум горд што сум Французин, но исто така сум многу горд на моите корени и различности - изјави Зидан во една пригода.

The post Италијански новинар го открива вистинското име на Зинедин Зидан appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот спортски новинар и писател, Федерико Буфа, во една од своите емисии, објави еден податок, познат за малкумина луѓе ширум светот. Иако Зинедин Зидан е еден од најславните фудбалери во историјата, Буфа го соопшти неговото вистинско име, кое гласи Заџид Алдид Ал Јазид. Тоа што е познато за Зидан е дека е по потекло од Алжир, а израснал во сиромашно семејство. Неговиот татко Смаил бил негов ноќен чувар и магационер, а мајка му Малика била домаќинка.
Имам афинитет кон арапскиот свет. Го имам во крвта, преку моите родители. Многу сум горд што сум Французин, но исто така сум многу горд на моите корени и различности - изјави Зидан во една пригода.

The post Италијански новинар го открива вистинското име на Зинедин Зидан appeared first on Република.

]]>
Скандал од невидени размери: Рама не нарече идната „западна Бугарија“, на што Ковачевски слатко се изнасмеа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skandal-od-nevideni-razmeri-rama-ne-nareche-idnata-zapadna-bugarija-na-shto-kovachevski-slatko-se-iznasmea/ Sat, 11 Jun 2022 12:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=513821

Со недипломатска и недуховита шега која во Македонија не може да предизвика насмевки туку чувство на навреда, албанскиот премиер Еди Рама се вмеша во ракувањето на германскиот канцелар Олаф Шолц со премиерот Димитар Ковачевски на самитот на ЈИЕ во Солун вчера.

Имено, додека домаќинот-грчкиот премиер Мицотакис на Шолц му ги претставуваше албанскиот премиер и Димитар Ковачевски како премиер на Македонија, Рама се приклучи на разговорот со забаелешка, „идната, идна западна Бугарија“ по што сите се насмеаја дипломатски, за да не пропадне несоодветната шега на албанскиот премиер.

The post Скандал од невидени размери: Рама не нарече идната „западна Бугарија“, на што Ковачевски слатко се изнасмеа appeared first on Република.

]]>

Со недипломатска и недуховита шега која во Македонија не може да предизвика насмевки туку чувство на навреда, албанскиот премиер Еди Рама се вмеша во ракувањето на германскиот канцелар Олаф Шолц со премиерот Димитар Ковачевски на самитот на ЈИЕ во Солун вчера. Имено, додека домаќинот-грчкиот премиер Мицотакис на Шолц му ги претставуваше албанскиот премиер и Димитар Ковачевски како премиер на Македонија, Рама се приклучи на разговорот со забаелешка, „идната, идна западна Бугарија“ по што сите се насмеаја дипломатски, за да не пропадне несоодветната шега на албанскиот премиер.

The post Скандал од невидени размери: Рама не нарече идната „западна Бугарија“, на што Ковачевски слатко се изнасмеа appeared first on Република.

]]>
Турција бара официјално да си го смени името во ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/turcija-bara-oficijalno-da-si-go-smeni-imeto-vo-on/ Tue, 31 May 2022 15:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=509359

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, соопшти дека Турција и официјално побарала Обединетите нации и другите меѓународни организации да го променат името на неговата земја во Туркије.

Анкара денеска ќе испрати официјално писмо до сите меѓународни актери и очекува промената на името да стане официјална веќе неделава - изјави Чавушоглу за агенцијата Анадолу.

ОН се подготвени за промената, а официјална Анкара ја поттикнува промената во Туркије од англиската верзија „Туркеу“ во поголемиот дел од својата меѓународна кореспонденција, вклучувајќи го и пренесувањето на вестите од надворешната политика, додаде министерот.

Потегот за ребрендирање уследува по декретот издаден во декември од претседателот Реџеп Тајип Ердоган на англиски, француски и германски, да се промени името на неговата земја во Туркије (Türkiye), вклучително и при етикетирање на извозните производи.

Името Туркије на најдобар начин ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација - се наведува во декретот на Ердоган.

Меѓутоа, останува нејасна точната причина за промена на името на државата и времето во кое се случува. Државната телевизија ТРТ во декември цитираше напис за „непосакуваната“ конотација на името Турција на англиски, наведувајќи дека тоа или се однесува на „големата птица родена во Cеверна Америка“ или „кога нешто ќе тргне многу на лошо“.

The post Турција бара официјално да си го смени името во ОН appeared first on Република.

]]>

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, соопшти дека Турција и официјално побарала Обединетите нации и другите меѓународни организации да го променат името на неговата земја во Туркије.
Анкара денеска ќе испрати официјално писмо до сите меѓународни актери и очекува промената на името да стане официјална веќе неделава - изјави Чавушоглу за агенцијата Анадолу.
ОН се подготвени за промената, а официјална Анкара ја поттикнува промената во Туркије од англиската верзија „Туркеу“ во поголемиот дел од својата меѓународна кореспонденција, вклучувајќи го и пренесувањето на вестите од надворешната политика, додаде министерот. Потегот за ребрендирање уследува по декретот издаден во декември од претседателот Реџеп Тајип Ердоган на англиски, француски и германски, да се промени името на неговата земја во Туркије (Türkiye), вклучително и при етикетирање на извозните производи.
Името Туркије на најдобар начин ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација - се наведува во декретот на Ердоган.
Меѓутоа, останува нејасна точната причина за промена на името на државата и времето во кое се случува. Државната телевизија ТРТ во декември цитираше напис за „непосакуваната“ конотација на името Турција на англиски, наведувајќи дека тоа или се однесува на „големата птица родена во Cеверна Америка“ или „кога нешто ќе тргне многу на лошо“.

The post Турција бара официјално да си го смени името во ОН appeared first on Република.

]]>
Името кое го одбраа Грашо и Хана, Даниела го сакаше за нивното неродено дете https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/imeto-koe-go-odbraa-grasho-i-hana-daniela-go-sakashe-za-nivnoto-nerodeno-dete/ Sun, 22 May 2022 18:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=505422

Моментално најпопуларниот брачен пар во Хрватска, Петар Грашо и Хана Хуљиќ, чекаaт девојче, а како што дознава „РТЛ Ексклузив“, малечката ќе се вика Алба.

Нивното прво дете треба да дојде на свет на 23 јули, а според хрватскиот магазин, Грашо нема да присуствува на породувањето зошто има закажан настап на „Фјужн“ фестивалот во Сплит.

Хрватските медиуми потсетуваат дека и Данијела Мартиновиќ, поранешната партнерка на Грашо, сакала да го крсти нивното дете Алба.

Синот ќе биде Тони, тоа се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојче имаме две имиња. Прво мислев Луце, бидејќи тоа ми е вистинско далматинско, наше име, а така се викаше и мојата покојна баба, но кога го слушнав името Алба, бев многу возбудена бидејќи Алба на италијански значи зора, ми е убаво и необично, и блиско до нас и различно име, изјави Данијела пред осум години за „Ин Магазин“.

The post Името кое го одбраа Грашо и Хана, Даниела го сакаше за нивното неродено дете appeared first on Република.

]]>

Моментално најпопуларниот брачен пар во Хрватска, Петар Грашо и Хана Хуљиќ, чекаaт девојче, а како што дознава „РТЛ Ексклузив“, малечката ќе се вика Алба. Нивното прво дете треба да дојде на свет на 23 јули, а според хрватскиот магазин, Грашо нема да присуствува на породувањето зошто има закажан настап на „Фјужн“ фестивалот во Сплит. Хрватските медиуми потсетуваат дека и Данијела Мартиновиќ, поранешната партнерка на Грашо, сакала да го крсти нивното дете Алба.
Синот ќе биде Тони, тоа се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојче имаме две имиња. Прво мислев Луце, бидејќи тоа ми е вистинско далматинско, наше име, а така се викаше и мојата покојна баба, но кога го слушнав името Алба, бев многу возбудена бидејќи Алба на италијански значи зора, ми е убаво и необично, и блиско до нас и различно име, изјави Данијела пред осум години за „Ин Магазин“.

The post Името кое го одбраа Грашо и Хана, Даниела го сакаше за нивното неродено дете appeared first on Република.

]]>
Ќерката на Роналдо ќе се вика Бела Есмералда https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/kjerkata-na-ronaldo-kje-se-vika-bela-esmeralda/ Sat, 07 May 2022 20:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=499263

Џорџина Родригез објави фотографија од ќеркичката која ја роди на 18 април и го откри нејзиното име.

Бела Есмералда 18.4.2022, напишала Џорџина покрај фотографијата од заспаното бебе.

Родригез на истиот ден роди и син, но тој за жал не преживеа.

Таа и Кристијано Роналдо кратко по породувањето потврдија дека нивниот син починал, а неколку дена подоцна фудбалерот објави семејна фотографија со новороденото девојче, сестра близначка на момчето.

На фотографијата Роналдо го држи детето во раце и е друштво на Џорџина и четирите деца кои заедно ги одгледуваат.

Доме, слатки доме. Џио и нашето девојче се конечно заедно со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови. Вашата поддршка нѝ е многу важна и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот кој го дочекавме, напишал Роналдо на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

The post Ќерката на Роналдо ќе се вика Бела Есмералда appeared first on Република.

]]>

Џорџина Родригез објави фотографија од ќеркичката која ја роди на 18 април и го откри нејзиното име.
Бела Есмералда 18.4.2022, напишала Џорџина покрај фотографијата од заспаното бебе.
Родригез на истиот ден роди и син, но тој за жал не преживеа. Таа и Кристијано Роналдо кратко по породувањето потврдија дека нивниот син починал, а неколку дена подоцна фудбалерот објави семејна фотографија со новороденото девојче, сестра близначка на момчето. На фотографијата Роналдо го држи детето во раце и е друштво на Џорџина и четирите деца кои заедно ги одгледуваат.
Доме, слатки доме. Џио и нашето девојче се конечно заедно со нас. Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите зборови и гестови. Вашата поддршка нѝ е многу важна и сите ја почувствувавме љубовта и почитта што ја имате кон нашето семејство. Сега е време да бидеме благодарни за животот кој го дочекавме, напишал Роналдо на Инстаграм.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

The post Ќерката на Роналдо ќе се вика Бела Есмералда appeared first on Република.

]]>
Турција станува Туркије: Ердоган ја ребрендира земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/turcija-stanuva-turkije-erdogan-ja-rebrendira-zemjata/ Tue, 18 Jan 2022 09:27:23 +0000 https://republika.mk/?p=446205

Турските власти одлучија да го ребрендираат имиџот на земјата во светот, објави турската телевизија ТРТ.

Претходно овој месец турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави соопштение во кое се наведува дека меѓународно признатото име на земјата се менува од „Турција“ во „Туркије“ („Turkey“ u „Turkiye), појасни телевизијата.

„Зборот ‘Туркије’ на најдобар начин ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација“, се вели во соопштението.

На турски земјата се нарекува Туркије.

Земјата го прифати името по стекнувањето независност од западните сили во 1923 година, кои привремено ја окупираа.

Низ историјата, Европејците ја знаеле како османлиска држава, а потоа ја познавале под многу варијации на зборот „Турција“. Името што остана најмногу беше на латински „Turquia“, а најприсутно беше „Turkey“.

Според речникот на Кембриџ, зборот „Турција“ се дефинира како „нешто што лошо паѓа“, или „глупава“ или „смешна личност“.

Огромното мнозинство луѓе во Турција веруваат дека именување на земја според нејзината локална варијација има смисла и е во согласност со целите на земјата да одреди како другите треба да ја идентификуваат.

Во согласност со тоа, неодамнешното соопштение јасно стави до знаење дека во контекст на зајакнување на брендот „Turkiye“, во сите видови активности и кореспонденции, особено во официјалните односи со други земји и меѓународни институции и организации, ќе се користи терминот „Türkiye“ наместо изрази како што се „‘Turkey’, ‘Turkei“, ‘Turquie’ и така натаму“.

The post Турција станува Туркије: Ердоган ја ребрендира земјата appeared first on Република.

]]>

Турските власти одлучија да го ребрендираат имиџот на земјата во светот, објави турската телевизија ТРТ. Претходно овој месец турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави соопштение во кое се наведува дека меѓународно признатото име на земјата се менува од „Турција“ во „Туркије“ („Turkey“ u „Turkiye), појасни телевизијата. „Зборот ‘Туркије’ на најдобар начин ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација“, се вели во соопштението. На турски земјата се нарекува Туркије. Земјата го прифати името по стекнувањето независност од западните сили во 1923 година, кои привремено ја окупираа. Низ историјата, Европејците ја знаеле како османлиска држава, а потоа ја познавале под многу варијации на зборот „Турција“. Името што остана најмногу беше на латински „Turquia“, а најприсутно беше „Turkey“. Според речникот на Кембриџ, зборот „Турција“ се дефинира како „нешто што лошо паѓа“, или „глупава“ или „смешна личност“. Огромното мнозинство луѓе во Турција веруваат дека именување на земја според нејзината локална варијација има смисла и е во согласност со целите на земјата да одреди како другите треба да ја идентификуваат. Во согласност со тоа, неодамнешното соопштение јасно стави до знаење дека во контекст на зајакнување на брендот „Turkiye“, во сите видови активности и кореспонденции, особено во официјалните односи со други земји и меѓународни институции и организации, ќе се користи терминот „Türkiye“ наместо изрази како што се „‘Turkey’, ‘Turkei“, ‘Turquie’ и така натаму“.

The post Турција станува Туркије: Ердоган ја ребрендира земјата appeared first on Република.

]]>