Имагинариум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/imaginarium/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Aug 2023 07:51:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Имагинариум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/imaginarium/ 32 32 Изложба „Имагинариум“ со илустрации за деца од Христина Мазнеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-imaginarium-so-ilustratsii-za-detsa-od-hristina-mazneska/ Mon, 21 Aug 2023 07:51:08 +0000 https://republika.mk/?p=674043

Во Галерија МКЦ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Имагинариум“ – илустрации за деца на академскиот уметник Христина Мазнеска. На изложбата, која ќе може да се посети до 30 август, ќе бидат претставеи 50-ина креативни колоритни илустрации за деца изработени од 2018 до 2022 година.

Ингениозноста и сестраниот креативен потенцијал на Мазнеска најдобро се одразуваат преку нејзиниот разновиден сликарски и илустраторски творечки опус. Многубројните илустрации за деца се изработени во дигитален медиум (таблет за цртање и дигитален софтвер). Како резултат на успешната и плодна соработка меѓу авторите од разни земји (САД, Канада, Австралија, Велика Британија и Бугарија) и Мазнеска, произлегуваат многубројни раскошни и разиграни дигитални илустрации коишто на невините детски умови визуелно им ја пренесуваат убавината на светот и ги подучуваат на моралните доблести – идни водилки кои треба да ги применуваат во текот на животот, соопшти МКЦ.

Христина Мазнеска (Прилеп, 1995) е сестрана уметница која работи во доменот на визуелните и применетите уметности. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на УКИМ во класата на проф. Жанета Вангели на отсекот сликарство со модул графички дизајн. Имала четири самостојни изложби во земјава и учествувала на повеќе од триесет групни изложби и креативни работилници.

Од 2018 година работи како илустратор на многубројни креативни проекти. Досега има илустрирано и дизајнирано десетина странски книги за деца, меѓу кои се: „Before It’s Too Late”, „Mother Earth why are you crying?”, „Superhero Identity: Your Quest To Discovering Your Superpowers and Forming an Unstoppable You”, „Molly’s Song” и „Осмото Кралство”. Како уметник работела и на четири видеоигри.

The post Изложба „Имагинариум“ со илустрации за деца од Христина Мазнеска appeared first on Република.

]]>

Во Галерија МКЦ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Имагинариум“ – илустрации за деца на академскиот уметник Христина Мазнеска. На изложбата, која ќе може да се посети до 30 август, ќе бидат претставеи 50-ина креативни колоритни илустрации за деца изработени од 2018 до 2022 година.
Ингениозноста и сестраниот креативен потенцијал на Мазнеска најдобро се одразуваат преку нејзиниот разновиден сликарски и илустраторски творечки опус. Многубројните илустрации за деца се изработени во дигитален медиум (таблет за цртање и дигитален софтвер). Како резултат на успешната и плодна соработка меѓу авторите од разни земји (САД, Канада, Австралија, Велика Британија и Бугарија) и Мазнеска, произлегуваат многубројни раскошни и разиграни дигитални илустрации коишто на невините детски умови визуелно им ја пренесуваат убавината на светот и ги подучуваат на моралните доблести – идни водилки кои треба да ги применуваат во текот на животот, соопшти МКЦ.
Христина Мазнеска (Прилеп, 1995) е сестрана уметница која работи во доменот на визуелните и применетите уметности. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на УКИМ во класата на проф. Жанета Вангели на отсекот сликарство со модул графички дизајн. Имала четири самостојни изложби во земјава и учествувала на повеќе од триесет групни изложби и креативни работилници. Од 2018 година работи како илустратор на многубројни креативни проекти. Досега има илустрирано и дизајнирано десетина странски книги за деца, меѓу кои се: „Before It’s Too Late”, „Mother Earth why are you crying?”, „Superhero Identity: Your Quest To Discovering Your Superpowers and Forming an Unstoppable You”, „Molly’s Song” и „Осмото Кралство”. Како уметник работела и на четири видеоигри.

The post Изложба „Имагинариум“ со илустрации за деца од Христина Мазнеска appeared first on Република.

]]>
„Имагинариум“ – изложба на илустрации за деца на Христина Мазнеска во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/imaginarium-izlozhba-na-ilustratsii-za-detsa-na-hristina-mazneska-vo-mkts/ Fri, 18 Aug 2023 07:13:44 +0000 https://republika.mk/?p=673213

Во понеделник, на 21 август, во 20 часот ќе се отвори изложбата „Имагинариум“, илустрации за деца на академскиот уметник Христина Мазнеска.

„Имагинариум“ претставува самостојна изложба на академскиот уметник Христина Мазнеска, која ја сочинуваат 50-тина креативни колоритни илустрации за деца изработени во периодот меѓу 2018 и 2022 година. Ингениозноста и сестраниот креативен потенцијал на Мазнеска најдобро се одразуваат преку нејзиниот разновиден сликарски и илустраторски творечки опус. Многубројните илустрации за деца се изработени во дигитален медиум (таблет за цртање и дигитален софтвер). Како резултат на успешната и плодна соработка меѓу авторите од разни земји (САД, Канада, Австралија, Велика Британија и Бугарија) и Мазнеска, произлегуваат многубројни раскошни и разиграни дигитални илустрации коишто на невините детски умови визуелно им ја пренесуваат убавината на светот и ги поддучуваат на моралните доблести – идни водилки кои треба да ги применуваат во текот на животот.

Христина Мазнеска преку живописен и детален приказ на разни мотиви умешно ја воведува детската имагинација и љубопитност во невообичаен свет во којшто добрината и доблестите се наградуваат. Со ликовното визуализирање и толкување на личната бујна имагинација уметникот создава личен замислен универзум – имагинариум, составен од многубројни разиграни илустрации коишто ја поттикнуваат и збогатуваат фантазијата на детските умови, вели м-р Викторијата Димеска, историчарка на уметност, која е и автор на текстот.

Христина Мазнеска е сестрана уметница која работи во доменот на визуелните и применетите уметности. Родена во Прилеп во 1995 г. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2018 г. во класата на проф. Жанета Вангели на отсекот сликарство со модул графички дизајн.

Имала четири самостојни изложби во земјава, а била учесничка на повеќе од триесет групни изложби и креативни работилници. Од 2018 г. работи како илустратор на многубројни креативни проекти. Освен тоа како уметник работела и на четири видео игри. Живее и работи во Скопје. Има дневник за цртање каде што доловува моменти од секојдневието и убавините на природата. Изложбата трае до 3о август

 

The post „Имагинариум“ – изложба на илустрации за деца на Христина Мазнеска во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во понеделник, на 21 август, во 20 часот ќе се отвори изложбата „Имагинариум“, илустрации за деца на академскиот уметник Христина Мазнеска. „Имагинариум“ претставува самостојна изложба на академскиот уметник Христина Мазнеска, која ја сочинуваат 50-тина креативни колоритни илустрации за деца изработени во периодот меѓу 2018 и 2022 година. Ингениозноста и сестраниот креативен потенцијал на Мазнеска најдобро се одразуваат преку нејзиниот разновиден сликарски и илустраторски творечки опус. Многубројните илустрации за деца се изработени во дигитален медиум (таблет за цртање и дигитален софтвер). Како резултат на успешната и плодна соработка меѓу авторите од разни земји (САД, Канада, Австралија, Велика Британија и Бугарија) и Мазнеска, произлегуваат многубројни раскошни и разиграни дигитални илустрации коишто на невините детски умови визуелно им ја пренесуваат убавината на светот и ги поддучуваат на моралните доблести – идни водилки кои треба да ги применуваат во текот на животот. Христина Мазнеска преку живописен и детален приказ на разни мотиви умешно ја воведува детската имагинација и љубопитност во невообичаен свет во којшто добрината и доблестите се наградуваат. Со ликовното визуализирање и толкување на личната бујна имагинација уметникот создава личен замислен универзум – имагинариум, составен од многубројни разиграни илустрации коишто ја поттикнуваат и збогатуваат фантазијата на детските умови, вели м-р Викторијата Димеска, историчарка на уметност, која е и автор на текстот. Христина Мазнеска е сестрана уметница која работи во доменот на визуелните и применетите уметности. Родена во Прилеп во 1995 г. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2018 г. во класата на проф. Жанета Вангели на отсекот сликарство со модул графички дизајн. Имала четири самостојни изложби во земјава, а била учесничка на повеќе од триесет групни изложби и креативни работилници. Од 2018 г. работи како илустратор на многубројни креативни проекти. Освен тоа како уметник работела и на четири видео игри. Живее и работи во Скопје. Има дневник за цртање каде што доловува моменти од секојдневието и убавините на природата. Изложбата трае до 3о август  

The post „Имагинариум“ – изложба на илустрации за деца на Христина Мазнеска во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Изложба со дела на студенти од графички, моден и ентериер дизајн во поранешната печатница во просториите на Европскиот Универзитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-so-dela-na-studenti-od-grafichki-moden-i-enterier-dizajn-vo-poraneshnata-pechatnica-vo-prostoriite-na-evropskiot-univerzitet/ Tue, 31 May 2022 07:49:41 +0000 https://republika.mk/?p=509052

Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет по повод одбележувањето на шеснаесеттата година од своето постоење, организира изложба на дела на студентите од графички, моден и ентериер дизајн под наслов „Имагинариум“.

Изложбата ќе биде поставена вечер во 20.00 во големата хала на поранешната печатница, во просториите на Европскиот Универзитет

Идејата е преку делата на студентите да се покаже процесот на креативен развој и создавање на професионалните кадри од областа на дизајнот. И оваа година, студентите од првиот и вториот циклус ќе прикажат нови трудови и свежи креативни достигнувања од редовните наставни активности, но и од учествата на конкурси за дизајн, проектите, изложбите, модните ревии. По две изданија на годишната изложба во дигитална форма заради глобалната пандемија, овој пат се организира со физичко присуство.

 

The post Изложба со дела на студенти од графички, моден и ентериер дизајн во поранешната печатница во просториите на Европскиот Универзитет appeared first on Република.

]]>

Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет по повод одбележувањето на шеснаесеттата година од своето постоење, организира изложба на дела на студентите од графички, моден и ентериер дизајн под наслов „Имагинариум“. Изложбата ќе биде поставена вечер во 20.00 во големата хала на поранешната печатница, во просториите на Европскиот Универзитет Идејата е преку делата на студентите да се покаже процесот на креативен развој и создавање на професионалните кадри од областа на дизајнот. И оваа година, студентите од првиот и вториот циклус ќе прикажат нови трудови и свежи креативни достигнувања од редовните наставни активности, но и од учествата на конкурси за дизајн, проектите, изложбите, модните ревии. По две изданија на годишната изложба во дигитална форма заради глобалната пандемија, овој пат се организира со физичко присуство.  

The post Изложба со дела на студенти од графички, моден и ентериер дизајн во поранешната печатница во просториите на Европскиот Универзитет appeared first on Република.

]]>